СДСМ

media-library2c113j8gfnrgeZ8i8zi

Филипче: Власта на ВМРО-ДПМНЕ е неспособна, расипничка и нечесна пред граѓаните

На Конвенцијата за промоција на кандидатите за градоначалници и советници, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче оцени дека државата „живее под последиците на апсолутна власт“ која работи за себе, а граѓаните ги става на последно место. Тој повика на обединување за да се одбрани „заедничкиот дом“ и да се врати достоинството на народот.„Ние денес живееме во држава и општество кои се жртви на прераната изгубеност на една апсолутна власт,“ рече Филипче, опишувајќи ја актуелната власт како „неспособна, расипничка, нечесна и неискрена“ кон луѓето што ѝ го довериле мандатот, а истовремено „арогантна, дистанцирана од народот и лажно самоуверена“.Според него, периодот е доволно долг за реална оценка: „Помина речиси година и пол откако ВМРО-ДПМНЕ има целосна централна власт и четири години откако имаат мнозинска локална власт. Ова е доволно време граѓаните да видат со кого си имаат работа. Наместо резултати, рече тој, „власта продолжи со старите политики на лажен ПР, напади врз опозицијата, партизација на институциите и нејасна стратегија за тоа каде ја водат државата и граѓаните“, рече Филипче.Вo обраќањето Филипче порача дека одговорот на СДСМ ќе биде решителен и обединет.„Наша должност е да ја запреме разулавената власт. Наша должност е да се обединиме и да го спречиме рушењето на нашиот заеднички дом и на сето она што сме го постигнале“, рече Филипче.Тој најави јасен отпор кон авторитарни тенденции, злоупотреби и партизирање на институциите.„Денеска сме тука за да го вратиме достоинството на народот, да ја заштитиме државата од опасноста да стане партиска сопственост и да се спротивставиме на оние што работат само за себе“, рече Филипче.Во обраќањето беа посочени и последиците по стандардот на граѓаните, со порака дека СДСМ ќе се спротивстави на „лажниот патриотизам што служи за манипулација“ и на секоја форма на режим што носи „темнина, застој и угнетување“.

Македонија | пред 4 месеци

jakimovski-stevco

ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски е кандидат на СДС, Филипче и Заев, кој ги излажа карпошани

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, поддржан од СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев, не исполнил ниту едно ветување дадено пред жителите на општината.„Јакимовски е човек кој ги излажа карпошани и не реализираше ниту еден проект. Како по примерот на Заев и Филипче, сè што Јакимовски предизборно вети – се покажа како лага“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата посочуваат дека жителите на Лептокарија биле меѓу најизмамените, бидејќи кандидатот на СДС пред четири години ветувал подземен паркинг, плоштад со фонтана и инвестиции вредни 4 милиони евра, но денес таму има само купишта ѓубре.„Ниту подземен паркинг, ниту фонтана, ниту фасади на зградите. По четири години фасадите се истите стари, а хортикултурно уредување нема. Од ветеното остана само видеото со неговите шарени лаги“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението се додава дека Јакимовски нема капацитет да ја води општината и дека „лажел тогаш, лаже и сега“.„Време е за Вистинскиот избор! Со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarybq1jv9bfc69aatkBDaw

Шукова: Скопје за сите одржливо, паметно, солидарно, се бориме за нашиот дом со реални проекти и знаење

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ Каја Шукова ја презентираше својата конкретна програма и приоритети за подобрување на животот во градот.Шукова, ја претстави својата визија заСкопје за сите – одржливо, паметно, солидарно. Потенцираше дека преку знаење и реални проекти:,,Се бориме за нашиот дом со реални проекти и знаење".Во својот говор, Шукова нагласи дека Скопје мора да биде град со чист воздух, уредени улици, функционален јавен превоз, зелени површини и современо управување со отпадот. Таа истакна дека не ветува чуда, туку чесна и посветена работа, со транспарентна и отчетна власт.„Скопје не е експеримент. Граѓаните не се тука за некој да ‘проба’ уште еднаш. Јас нема да бидам градоначалник на партијата, ќе бидам градоначалник на граѓаните“, рече Шукова.Кандидатката презентираше дел од проекти кои вклучуваат:Воведување на 100 нови еколошки автобуси и БРТ систем за јавен превоз;Изградба на 15 нови паркови и засадување на 10.000 нови дрвја;Модернизација на комуналната хигиена, воведување подземни контејнери и редовно собирање отпад;Технолошки парк на Град Скопје место каде стартапите, иноваторите и претприемачите ќе најдат сè што им треба на едноместо: канцеларии, лаборатории, менторска поддршкаи пристап до инвеститори;Изградба на нови училишта и младински центри;Поддршка на културни настани и уметнички фестивали;Воведување отворен буџет и дигитални услуги за транспарентно управување со јавните средства.Шукова истакна дека нејзиниот тим се состои од експерти за урбанизам, сообраќај, екологија, економија, култура и спорт, младин кои ќе ја спроведуваат визијата за подобрување на животот во Скопје.,,Јас не барам поддршка ‘против некого’, туку поддршка за вас, за вашите семејства, за вашите деца. Ајде заедно да го изградиме Скопје како модерен, европски, зелен и хуман град“, заклучи Шукова.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryl0sghj84ckad2GSR8dF

Филипче: Каја е чесна и работлива, глас за неа е глас за чисто Скопје

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска беше на промоција на изборната програма на кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, и порача таа да остане чесна и работлива затоа што зад неа стои визија за поинакво и поубаво Скопје.„Остани чесна, работлива, отворена, искрена, како што си, среди ги улиците, исчисти ги депониите. Осветли ги и направи ги побезбедни за децата да можат спокојно да одат до училиште. Среди ги и паркинзите да има повеќе паркинзи, среди ги најпотребните раскрсници. Сите знаеме кои се тие. Среди го кејот, да не личи на некоја запуштена џунгла. Кеј на кој што сите ќе одиме и на кој ќе може да спортуваме. Едноставно врати му ја душата на Скопје“, и порача Филипче на кандидатката за градонаалничка Каја Шукова.Притоа тој истакна дека нејзината програма не е само политички документ туку план за чист град и достоинствени граѓани правен на база на анализа од тим  на есперти кои се залагаат за вистинска грижа за градот.„Програмата на Каја не е само политички документ. Ова е резултат на работа, на анализа, на вистинска грижа за град. И Каја не е сама,  со неа се искучителни кандидати за Советот на град Скопје, експерти, активисти, луѓе што знаат, можат и умеат. Се бориш со луѓе и против кандидати во споредба со кои мислам дека имаш инает и многу легитимитет и кредибилитет да излезеш пред граѓаните и да бараш довербата. Ние ќе покажаме дека може поинаку. Ќе покажаме дека постои политика што не почнува и не завршува со прес конференција. Политика што не се плаши од работа. Каја Шукова има јасна визија за Скопје и да ја ќе ја спроведе. А ние сме тука да ја подржиме, не со зборови. Туку со цел тим, со цела платформа и со целата одговорност“, рече Филипче на промоција на исборната програма.На крајот, тој испрати апел до граѓаните на 19 октомври да излезат и гласаат и да не дозволат некој друг да одлучи за судбината на градот.„Гласот за Каја Шукова е глас за модерно, чисто и функционално Скопје“, заврши тој.

Скопје | пред 4 месеци

filipce-ck-sdsm

Филипче: Нудиме чесни кандидати со реална програма – за разлика од противниците кои нудат гола пропаганда

На новинарско прашање за тоа каква кампања очекува и што им препорачува на другите политички чинители, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче ја нагласи подготвеноста на СДСМ за позитивна и одговорна изборна трка, заснована на луѓе со кредибилитет и реална програма.„Имаме добри кандидати, имаме навистина луѓе коишто се признати во своите средини, коишто имаат легитимитет и кредибилитет да излезат да побараат поддршка од граѓаните, луѓе коишто имаат капацитет да ги спроведат тие програми“, рече Филипче.Тој додаде дека СДСМ ќе води чесна и одговорна кампања, со фокус на програмата и довербата кон граѓаните, а не со напади и манипулации. Филипче потенцираше дека токму чесноста и отчетноста во работењето ќе бидат главниот белег на нивните кандидати.„Чесни луѓе коишто чесно ќе работат со буџетите на граѓаните, за што јас лично земам одговорност пред сите граѓани“, рече Филипче.Претседателот на СДСМ, Филипче, повика и останатите политички партии да се приклучат на ваков фер и достоинствен пристап, каде во центарот на вниманието ќе биде граѓанинот и неговите реални потреби.„Ќе имаме една позитивна, фер кампања и очекувам од сите политички други субјекти еднаков таков пристап“, изјави Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarysh7dlfedhb3g5tVMhcj

Филипче: Резолуцијата јасно ги дефинира црвените линии, партиите да покажат зрелост

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска во одговор на  новинарски прашања поврзани со Предлог резолуцијата за заштита на националните интереси и деблокирање на европскиот пат, поднесена од страна на СДСМ, истакна дека станува збор за документ со суштинска вредност кој, како што рече, е можеби „еден од најпатриотските документи коишто биле понудени на оваа политичка сцена изминатите повеќе децении“.Во врска со реакциите од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Филипче изјави дека сите факти во Предлог резолуцијата се прецизни и точни.„Искрено жалам што таква изјава даде премиерот. Прво, сè што е наведено во таа резолуција е точно, и да кажам, многу прецизно. Таму се наведени историски факти, наназад резолуции претходно донесени во Собранието. Точно е наведено што во тие резолуции претходно е веќе заштитено“, рече Филипче.Тој објасни дека Предлог резолуцијата отвара простор за долгорочен национален договор за прашањата за кои, како што рече, никогаш не треба да се преговара.„Ова е еден од најпатриотските документи кои што биле понудени на оваа политичка сцена изминатите повеќе децении, поради тоа што отвора простор и врата конечно да се  постигне национален консензус за нашите црвени линии – за што ние утре нема да преговараме со Европската Унија, доколку се постави такво прашање. Тоа од што луѓето стравуваат во иднина, и тоа се - јазикот, идентитетот, културата и историјата“, изјави Филипче.Во однос на понатамошните чекори, Филипче изрази надеж дека кампањата ќе придонесе за зрелост и одговорност кај сите партии.„Искрено сметам дека ќе се надминат, во следниот период, за време на кампањата, себеси сите политички партии, вклучувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ, дека, ако ништо друго, ќе најдат сила и ќе седнат на маса да дискутираме за овој документ, поради тоа што времето сериозно не гази. Регионот оди напред, а ние тука не гледаме никаков напредок.“Одговарајќи на прашањето дали СДСМ би прифатил резолуција предложена од ВМРО-ДПМНЕ, Филипче одговори:„Апсолутно, и ова е дел од нашата конструктивност. Не знам што може по македонско да биде од ова, но ајде да видиме“, рече Филипче.На новинарско прашање дали по испраќањето на резолуцијата добиле позитивен сигнал од другите партии, претседателот на СДСМ рече дека реакциите допрва се очекуваат:„Не, во текот на вчерашниот ден ја испративме, така што јас верувам дека немале време да ја погледнат. Можеби треба и еден ден да стигне дотаму, така што очекувам во следниот период.“Во однос на тоа зошто СДСМ смета дека е подобро решение да се подготви заедничко писмо до ЕУ наместо да се напуштат преговорите, Филипче изјави:„Прво, ова е решение коешто е поинакво од сите други поради неколку работи. Прво, ја содржи хронологијата на сите претходни резолуции донесени во Собранието. Второ, за првпат е предлог документ којшто треба заеднички да се работи, модифицира и да се поднесе. Значи, вистинско седнување на маса, како сите сериозни држави, постигнување на национален консензус, а не само празни флоскули, најави итн, и после не правење ништо, што всушност се случува. И третата работа е што има јасна временска рамка“, рече Филипче.Тој додаде дека документот вклучува конкретни предлози за тоа кога треба да започне процесот на уставни измени и кога да се отворат поглавјата во преговорите со ЕУ, со јасна комуникација до Брисел што за Македонија претставува црвена линија, а што не.„И ЕУ треба да знае што ние сметаме дека е нешто што загрозува некакви наши црвени линии во текот на преговорите, а што не, и во тој контекст, едно писмо за информирање на сите релевантни структури во рамки на Унијата“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

filipce

Филипче: Резолуцијата на СДСМ е најпатриотскиот документ што некогаш бил поднесен, власта да не го одбива

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на регионалната конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“ во организација на Прогрес Институт со поддршка на Олоф Палме, меѓународниот центар „Олоф Палме“, упати критика кон власта за тоа што го запира европскиот пат на државата и ја одбива резолуцијата за национален консензус околу евроинтеграциите.„Пред три дена го одбија еден од најпатриотските документи кој што бил виден на нашата политичка сцена, а тоа е предлог резолуцијата за национален консензус, заеднички црвени линии и временска рамка за почеток на отворањето на поглавјата и продолжувањето на преговорите со Европска Унија,“ нагласи Филипче.Тој потсети дека политиките на СДСМ секогаш биле во интерес на државата и граѓаните, без политички калкулации и грижа за рејтинг.„Нашите политики беа добри, беа во интерес на државата и на граѓаните. Не водевме сметка, не ставаме на кантар дали ќе изгубиме дел од својот политички рејтинг, затоа што вредеше државата да оди напред, да се реши деценискиот проблем со името, да станеме земја членка на НАТО. Ама сега оваа влада не сака да го продолжи европскиот пат.“Лидерот на СДСМ, д-р Филипче, оцени дека кризата во земјата е дел од пошироката криза на социјал-демократијата во Европа, предупредувајќи дека алтернативата што ја нудат десноцентристичките партии е опасна.„Имаме многу слично сценарио – еден фрагментиран простор на левиот спектар со кој што се соочуваат и другите земји. Кризата во социјал-демократијата е тесно поврзана со кризата во демократијата во светот, каде што доминираат авторитарните режими, исто тоа што се случува и кај нас. Иако партиите од центарот десно се нудат како некаква алтернатива, сепак таа алтернатива е опасна, затоа што тоа приближување на партиите од центарот десно кон авторитарните режими само ги легитимира дополнително и ги прикажува како некој по-благи варијанти.“На крајот во своето обраќање, Филипче пред гостите од сестринските партии на СДСМ од регионот упати порака со апел за единство и визија за заедничка европска иднина.„Прогресивните сили и во земјата, и во регионот, треба да се обединат, да споделиме знаење, искуства и сите заедно да покажеме дека иднината на целиот регион е во Европа”, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryflv9d1spg6754XsDtJp

Скандал во Пробиштип, Ристовска: Синот на Тоневски возел 185 км/ч, СДСМ бара одговор од МВР

Весна Ристовска од СДСМ Пробиштип излезе со обвинувања за, како што рече, „аздисаноста на функционерите од ДПМНЕ и нивните семејства“, откако синот на кандидатот за градоначалник на Пробиштип, Тони Тоневски, бил „фатен како управува возило „ауди“ со брзина од 185 километри на час на место каде дозволената брзина е 110 километри на час“.„Сведоци сме на грубо кршење на Законот и покажување сила и моќ од страна на фамилија Тоневски со години наназад“, изјави Ристовска.аа потсети дека Тоневски, кој е претседател на локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен градоначалник на Пробиштип, по преземањето на власта бил назначен за директор на рудникот „Булмак 2016“ со плата од 5000 евра, при што, според неа, оставил многу семејства на раб на егзистенција поради отпуштања и намалувања на платите на рударите.Ристовска додаде дека рудникот бил доведен на раб на стечај, а сопругата на Тоневски била поставена за директор на Агенцијата за пошти со плата од 3000 евра.„Сега сведоци сме на загрозување на животите на учесниците во сообраќајот од страна на неговиот син. До кога вака?“, праша Ристовска.Таа јавно го повика министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да одговори дали е постапено по случајот согласно законските надлежности, дали било вршено притисок за заташкување поради кандидатурата на Тоневски, како и дали ќе биде одземено возилото и предадено на институција или градинка, „како што постојано зборува министерот“.

Македонија | пред 4 месеци

rosica

Колева: „Спие ли мирно Панче Тошковски? За случајот со Росица мора да има одговорност до највисоко ниво“

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Даниела Колева, изјави дека трагедијата со убиството на младата Росица во Велес ја разголила „целата неспособност и нефункционалност на институциите раководени од ВМРО-ДПМНЕ“.„Не може вината да се сведува само на 11 полицајци. На толку многу пропусти, каде се началниците и командирите, каде се функционерите? Зошто тие се заштитени? Каде е нивната одговорност?“, праша Колева.Таа побара од Јавното обвинителство итно да отвори истрага за сите инволвирани во случајот, а одговорност да понесат не само полициските службеници, туку и нивните раководители и, како што рече, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.„Ако навистина е точно дека Росица лично му се обратила на Тошковски со порака, како што сведочат нејзини пријатели, тогаш станува збор за скандал од највисоки размери. Панче Тошковски мора да поднесе оставка од морални причини,“ истакна Колева.Таа додаде дека институциите не ја заштитиле Росица и дека нејзиниот „крик за помош останал игнориран – што е срам за државата и тежок товар на совеста на сите кои се дел од системот“.„СДСМ ќе продолжи да бара вистинска, институционална и политичка одговорност, затоа што животот на секоја жена мора да биде заштитен, а институциите мора да функционираат за граѓаните, а не против нив“, порача Колева.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryp9hfk6753nqg0owqq2l

Филипче: Тотална дипломатска изолација на државните претставници во ОН, се губи меѓународната позиција на земјата

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната регионална конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“, во организација на Институтот Прогрес,  се осврна и на драматичната состојба со надворешната политика и меѓународниот углед на државата, оценувајќи дека под водство на актуелната власт, се случува досега невиден дипломатски дебакл.„Тотална дипломатска изолација на состанокот во ОН,  претседателката се среќава со најниско рангираниот дипломат од Соединетите Американски држави. Ваков дебакл дипломатијата до сега нема доживеано.“Филипче го опиша ова како симболична, но многу сериозна потврда за тоа каде се наоѓа денеска државата на меѓународната сцена. Според него, Северна Македонија од земја што беше призната и поддржана од клучните стратешки партнери, денес е држава што единствено добива внимание на маргините, без реално политичко влијание, без сериозни разговори и без почит.„Се сѐ сведува на правење селфија со некои дипломати по ходниците на големите светски институции,“, рече Филипче.Тој потсети дека патот кон НАТО и ЕУ не беше лесен и не беше без политичка цена, но дека тој пат вредеше и беше правилен.Во продолжение од обраќањето, Филипче истакна дека разликата меѓу поранешната и сегашната власт е токму во тоа што СДСМ секогаш го ставала интересот на државата пред партиските калкулации.„И сега тоа е само еден дополнителен поттик да се бориме и да им кажеме на граѓаните дека нашите политики беа добри, беа во интерес на државата, на граѓаните, не водевме сметка, не ставаме на кантар дали ќе изгубиме дел од својот политички рејтинг, затоа што вредеше државата да оди напред, да се реши деценискиот проблем со името, да станеме земја членка на НАТО.“Филипче посочи дека со оваа актуелна власт европскиот пат е запрен, институционално и суштински, потенцирајќи дека  оваа  влада не сака да го продолжи европскиот пат.Како што нагласи, недостасуваат лидерство, храброст и визија за иднината на државата, а власта бега од тешките одлуки и ги сведува сите надворешни ангажмани на површна слика за јавноста без реална содржина.

Македонија | пред 4 месеци

mickoski-dokumenti

Мицкоски: Нема црвени линии во предлогот на Филипче, јас познавам и штитам македонски црвени линии

„Вчера дадов еден краток коментар, денес бидејќи ме прашувате ќе дадам одговор на вашето прашање и ќе го поделам одговорот во два дела,“ изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со неговиот став во однос на Резолуцијата и на решението да се донесат уставни измени до февруари поднесена од страна на претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче.„Првиот дел е дека, за жал и ова раководство на СДСМ ја продолжува практиката на претходните раководства на СДСМ да ги руши позициите на македонската Влада и на државата, да ги распродава идентитетските и националните приоритети, од за мене неразбирливи причини. Ако на времето тоа го правеа за да се одржат на власт, за да можат да ги злоупотребуваат институциите и ресурсите на државата, не го оправдував се разбира за тоа има одговорност, но и некако ги разбирав. Сега не ги разбирам од опозиција зошто мора да ги подриваат позициите на Владата којашто грчевито се бори тоа што тие го распродадоа, изминатите 7 години кога беа во влада, да го поправи. И на меѓународен и на домашен план,“ истакна Мицкоски и додаде:„Второ, Резолуцијата, таканаречена, којашто ја видов и текстот внатре ќе се разгледува после изборите, така го разбрав раководството на СДСМ. Трето, таму има историски фалсификати. Во годината кога славиме 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик, тие не убедуваат во Резолуцијата дека тој во Обединетите нации бил прифатен во 19-тата година, мислам, не знам што да кажам. И вчера го кажав фактот дека во 2005-тата година, не доби Северна Македонија дата за почеток на преговори, туку доби Република Македонија. Тоа се историски фалсификати, јас не знам до кога овие луѓе ќе се служат со историски фалсификати“.„И конечно, нашата позиција е јасна. Ние не ги игнорираме обврските што таа влада ги прифатила, за жал. Но, исто така, не гледаме дека нашиот источен сосед прави нешто во насока на испорака на нивните обврски и очекуваме исто така, поробусна акција од страна на Европската комисија и Европската Унија и кај нашиот источен сосед, односно кај нивниот партнер во рамките на европското семејство. Затоа што сме виделе во минатото многу пати дека кога се сакало, се можело.  Ние имаме јасна позиција – гаранции, коишто ги спомена претседателот на Европскиот совет, бидејќи македонскиот народ и граѓаните во Македонија без разлика на етничката припадност, многу дадоа во името на таа европска иднина на државата, многу дадоа, како ниеден друг народ во Европа. Сакате да тргнеме од 18-ти, 19-ти век па наваму да анализираме. Сега веќе да не зборуваме, последниов. Без такви гаранции, на памет не ми паѓа да размислувам за било какви уставни измени,“ истакна премиерот Мицкоски. Тој е дециден дека никогаш нема да се откаже од македонскиот народ во соседството и насекаде во светот.„Второ, што со Македонците од другата страна на таа граница? Што со нив? Ќе се откажуваме ли секогаш како влади од македонскиот народ во соседството и насекаде во светот? Тоа јас нема да го направам. Никогаш. А треба само едноставно да се применат пресудите од Стразбур, ништо повеќе не треба да прават. Тоа е меѓународно право, Бугарија е потписник на тие конвенции. Само треба да го применат она коешто го донел Европскиот суд за човекови права во Стразбур, којшто е европска темелна вредност. Да може ОМО Илинден – Пирин да функционира како здружение на Македонците во Бугарија. И со тоа ќе се стекне ОМО Илинден – Пирин со право да претстави свој човек во Министерскиот совет за малцинства во Бугарија, како што имаат Евреите, Ерменците, Турците, Ромите итн. Заслужиле Македонците коишто, според пописот во 56-та година биле мнозинство во Западна Бугарија, а во 65-та магично 200 илјади исчезнуваат, во следниот попис да имаат свој претставник тамо. И јасно држење до Резолуцијата од јули 2022-та година којашто ја гласаше Парламентот заеднички со 95 гласа. Ништо друго не бараме. Ова е тоа што го бараме. Ова се се факти. Кога ќе видиме подготвеност од другата страна, и ние сме подготвени да седнеме и да разговараме. А за оваа Резолуција, тоа малку што имаме да го кажеме ќе го кажеме после изборите,“ рече Мицкоски.„На новинарското прашање дали ги прифаќа црвените линии на Филипче тој одговори дека не прифатиле негови црвени линии, прифаќа македонски црвени линии: „не би го коментирал тоа, можеме да растураме пердуви колку сакаме, ниту сме прифатиле црвени линии негови, јас прифаќам македонски црвени линии“.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryk4upgm2atanm8bNRG45

СДСМ обвинува: Кандидатот за градоначалник на Виница од ВМРО-ДПМНЕ дел од шумската мафија?

За огромен криминал во Малешевијата уапсени беа 15 лица, меѓу нив и директори, полициски началници и шумски полицајци, осомничени за злосторничко здружување и пустошење на шуми со штета од над 100 милиони евра, истакна денеска на прес-конференција, Маја Борозан.Таа праша зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за овој случај и дали причината е тоа што во „периметарот“ на акцијата се наоѓа и началникот на шумската полиција и воедно кандидат за градоначалник на Виница од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Костадиновски.„Дали како создавачи на ова злосторничко здружение се токму началниците на ОВР Делчево и шумската полиција, партнерите во криминал Блашко и Митко? Дали истите двајца го координирале движењето на незаконски исечената дрвна маса за да заврши во една делчевска компанија од дрвната индустрија?“, праша Борозан.Таа додаде дека ДПМНЕ и Костадиновски должат одговори на овие прашања.„Костадиновски е началник на шумската полиција, има највисока раководна позиција на органот кој е задолжен да ја чува шумата, да ги спречува уништувачите на шумите, бесправните сечи и шумските кражби. Или началникот на шумската полиција Митко Костадиновски е инволвиран, или кандидатот за градоначалник на општина Виница од ВМРО-ДПМНЕ е неспособен соодветно да ја извршува својата функција. Трето нема“, рече Борозан.Таа потсети и дека Костадиновски има судска пресуда од 2012 година за недозволено држење оружје и муниција.„Ете ова е ‘кадарот’ што ВМРО-ДПМНЕ им го нуди на граѓаните. Митко Костадиновски не може и не смее да биде прв човек на Виница. Граѓаните заслужуваат подобро и затоа ќе го казнат ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, ќе покажат дека сакаат промени, чесни и одговорни луѓе“, порача Борозан.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryooa4j82f6m1v7nSTaQ9

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидати за советници на СДС крвнички тепале странски државјани во Струмица

Кандидати за советници на СДС од Струмица крвнички претепале странски државјани, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.„Додека СДС и Венко Филипче продаваат европски вредности, нивни кандидати за советници во Струмица тепаат луѓе. СДС го покажа вистинското лице – партија без програма и визија, но со насилници и тепачи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Од опозицијата посочија дека станува збор за Христијан Ефтимов, претседател на младите на СДС и кандидат за советник во Советот на општина Струмица, и Илија Стојанов, исто така кандидат за советник. „Овие лица, блиски до структурите на СДС, во Струмица крвнички тепале странци“, наведуваат од партијата.Во соопштението се потсетува и на други случаи на насилство поврзани со членови на владејачката партија, меѓу кои градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, кој, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, „во видно алкохолизирана состојба тепал припадник на МВР“.„Низа е долга – од советникот Аки Акимов од Кочани, кој делеше тупаници во Советот и се закануваше, па се до актуелните случаи во Струмица. За сите овие инциденти Филипче не се огради, иако е фотографиран во блиски контакти со Акимов“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Од опозициската партија порачаа дека Венко Филипче мора јавно да се огради од насилниците во редовите на СДС и да го осуди насилството. „Луѓето како Ефтимов и Стојанов не смеат да бидат иднината на државата. На Струмица ѝ се потребни промени, а не насилници кои се служат со примитивни методи“, стои во соопштението.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryrino5u5037me1ao9U0d

Филипче: По седум години раст на платите во здравството, ВМРО-ДПМНЕ го запре

Ова власт секој ден покажува и докажува дека работи само за големите компании, за големите приватни болници, додека здравствениот систем тоне во хаос, а за граѓните ништо не се прави, изјави вечерва од Струмица, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.„Се отвора прашањето кого крои политики министерот за здравсто,за доброто на јавното здравство, на болниците, клиниките, здравствените установи или за доброто на приватните болници под влијање на неговите најблиски советници. Но тоа не не изненадува“, рече Фиипче.Во изјавата за медиуми,Филипче посочи дека во секоја област од здравството има проблем кој директно го чувствуваат на свој грб граѓаните.„Голем проблем во изминатиот период, се закажувањата на термините за различни снимања, хируршки интервенцији на пациентите. За жал, морам да кажам дека во здравствениот систем има огромни проблеми и огромни пропусти“, рече Филипче.Тој додаде дека младите здравствени работници се оставени сами на себе, а здравстениот систем е без контрола.„Се соочуваме со една ситуација во која што млади лекари и специјализанти се оставени сами на себе, без никаква подрошка, без никаква супервизија, и кога тие се впуштаат сами без контрола во работата, а здравствениот систем и министерството не прават ништо да го воспостават тој систем на контрола, се случуваат големи грешки“, рече Филипче.Како што кажа Филипче, Владата на ВМРО ДПМНЕ не направи ништо за подобрување на статусот на здравствените работници, за разлика од времето кога Владата на СДСМ вложуваше и во здравствената инфраструктура и во покачување на платите.„ Жалам што после оние политики во седумте години на владењето на СДСМ  кога направивме се, да ги зголимиме платите, примањата кај лекарите, медицинските сестри, оние коишто деноноќно работат за доброто на пациентите и успеавме да ги дуплираме, некаде да ги зголемиме и два и пол пати, сега овие година и пол власт на ВМРО-ДПМНЕ здравствените работници немаат никакви зголемувања. Тоа е еден доказ дека оваа власт не се грижи за доброто на работниците, ниту пак за државата. Жалам што во Министерството за Здравство, во главниот советнички тим на министерот, има лекари од приватните болници“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

Filipce-2-SDSM-1

СДСМ ја објави целата содржина на Предлог-резолуцијата за дефинирање на црвените линии.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешниот брифинг со медиуми ја презентираше содржината на Предлог-резолуција за дефинирање на заедничките државни и национални позиции за продолжување на процесот на зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања