(Видео) Страотна тепачка со клоци и крв: „Кандидати за советници од СДС крвнички тепале странски државјани“, тврди Манасиевски
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска излезе со обвинувања против СДСМ во Струмица, тврдејќи дека нивни кандидати за советници биле директни учесници во физички напад врз странски државјани.„Вистинската СДС се покажува на дело – кандидати за советници во Советот на општина Струмица, Христијан Ефтимов, кој е и претседател на младите на СДС, заедно со Илија Стојанов, крвнички тепаа странци во Струмица. Ве замолувам да го проследиме видеото“, изјави Манасиевски на прес-конференција.Тој додаде дека со овој настан, целата јавност може да види на каков начин владее СДС во Струмица – „со страв и терор, наместо со идеи, програма и визија“.Според Манасиевски, дел од останатите кандидати од советничката листа на СДС имаат кривични и прекршочни пријави, што, како што рече, дополнително ја потврдува насилната политика на оваа партија.„МВР веќе има поднесено кривични пријави, но судството – како и во многу други случаи – сè уште нема донесено никаква правна разрешница“, рече Манасиевски, додавајќи дека бара осуда и јасно оградување од страна на СДС и локалното раководство.Според него, насилниците не смеат да бидат иднината на Струмица, а време е, како што истакна, „за вистинска промена во градот“.
Македонија | пред 4 месеци