СДСМ

filipce

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не глуми загриженост, туку да се извини за здравствени и еколошки катастрофи

ВМРО-ДПМНЕ денеска упати остри критики на адреса на поранешниот министер за здравство Венко Филипче, обвинувајќи го за, како што велат, лажна загриженост за здравјето на граѓаните и барајќи тој да се извини за, според нив, сериозните пропусти направени во неговиот мандат.„Филипче, наместо да глуми лажна загриженост за здравјето на луѓето, треба да им се извини на граѓаните за тоа што во негово време здравствениот систем беше во хаос, за жртвите во корона кризата, за недостатокот на медицинска опрема и за пожарот во модуларната болница“, се наведува во реакцијата на партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека токму Филипче, како министер, не обезбедил кислород во болниците и, според нив, ги оставил граѓаните без заштита во најтешките моменти од пандемијата.„Филипче да им се извини на граѓаните за сите катастрофи и за сето сторено во неговото време – за сите здравствени, еколошки и национални порази“, истакнуваат од партијата.Дополнително, од ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат Филипче дека не презел одговорност ниту за трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, прашувајќи „каде беше и зошто не одговараше“.Од партијата велат дека, за разлика од минатото, денес институциите реагираат одговорно и истрагата за неодамнешниот пожар во Трубарево е во тек.„Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Венко Филипче досега нема дадено изјава по повод обвинувањата.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryamgeuglj77o48oQ8S6K

Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри

„Владата на ВМРО ДПМНЕ  лажеше дека воздухот во Трубарево не е загаден, задоцни со реакција и не презеде никакви итни мерки за заштита на граѓаните, вклучително и евакуација,“ изјави денеска претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Тој потенцираше дека токму поради овие лаги и пропусти, власта е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околните населени места.„Со тие лаги е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околината. Официјалните податоци, кои беа објавени дури шест дена по пожарот, покажуваат алармантни бројки: 12 пати над дозволеното ниво на кадмиум во воздухот (59,1 ng/m³ наспроти дозволени 5), покачени вредности на арсен и олово. Ова е воздухот што го дишеле нашите деца,“ предупреди Филипче.Како што кажа тој, ова претставува врв на нестручност, кукавичлук и непрофесионализам.„Македонија се нема соочено со понеодговорна и кукавичка власт, која наместо да соочи храбро со секоја криза, таа се обидува да си го спасува рејтингот и да минимизира. Со оваа власт, граѓаните се во постојан ризик затоа што не може да бидат сигурно дека ќе бидат заштитени од било која закана“,рече Филипче.При тоа, Филипче порача дека одговорност мора да има и бара  оставки од министерот за внатрешни работи, министерот за здравство и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.„Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов. Барам обвинителството да отвори истрага и да одговараат сите кои дозволија со своето непостапување да се загрози животот и здравјето на луѓето.Итна истрага од Јавното обвинителство и кривична одговорност за сите службени лица кои со своето непостапување дозволија да се загрози животот и здравјето на граѓаните“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-17-at-14.07.59

(Видео) Концепт за дигитално Скопје: унифицирана платформа, бесплатен интернет и паметни решенија

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, го претстави концептот за дигитално Скопје, со кој, како што рече, „со еден клик“ граѓаните ќе можат да пристапат до сите градски услуги.„Младите се срцето на дигиталното Скопје што го градиме. Затоа, токму ним им ја отвораме вратата кон нови можности,“ изјави Шукова. Таа нагласи дека визијата е Скопје да стане паметен, поврзан и достапен град за сите граѓани. „Време е Скопје да го направиме град кој се развива со темпото на современиот свет,“ додаде таа.Во рамки на иницијативата, предвидено е воведување унифицирана дигитална платформа што ќе ги поврзе сите градски претпријатија, образовни и културни институции. „Со еден клик, лесно за граѓаните ќе бидат достапни сите градски услуги,“ истакна Шукова.Планот вклучува и портал со отворени податоци, апликација за јавно мислење (Citizens engagement system), како и бесплатен интернет во автобусите, автобуските станици, на плоштадот и во Градскиот парк.„Со сензори и апликации имаме решение за паметно паркирање, мерење на квалитет на воздух и бучава, следење и управување со отпад, паметно мерење на проток на вода, мониторинг на инфраструктура, загадување и безбедност во реално време,“ појасни Шукова, додавајќи дека ваквите решенија ќе придонесат за намалување на метежот, помало загадување, поголема енергетска ефикасност и современи дигитални услуги достапни за сите.Посебен акцент е ставен на младите, кои ќе имаат можност сами да креираат апликации и АИ-алатки преку новата платформа. „Со тоа ги вклучуваме младите во градењето на дигиталното Скопје,“ рече Шукова. „Ова не е технологија заради технологија, ова е визија за поквалитетен живот, транспарентно управување и иновативен град што расте со своите граѓани.“„Скопје ќе биде подготвено за иднината – дигитално, паметно и хумано,“ заклучи Шукова.

Скопје | пред 4 месеци

pozar-helikopter-

Среде најголемите пожари, 400 пожарникари оставени без плата, обвини СДСМ

СДСМ денеска обвини дека повеќе од 400 пожарникари, ангажирани преку општините со месечен надоместок од 24 илјади денари, сè уште не добиле ниту една плата. На прес-конференција портпаролката на партијата, Богданка Кузеска, истакна дека луѓето кои биле селектирани и вклучени во август останале без примања до 17 септември.Според Кузеска, информациите кои стигнале до СДСМ од различни општини укажуваат дека исплатите се блокирани поради изборниот процес, бидејќи станува збор за „вонредно плаќање“.„Ова значи дека Владата ги излажала овие млади луѓе и граѓаните. Им ветиле ангажман, обуки и трајни вработувања, а потоа ги оставиле без денар, а граѓаните без потребна заштита,“ изјави таа.Кузеска го повика премиерот Христијан Мицкоски да одговори дали овие информации се точни и кој ќе ја преземе одговорноста.„Во време на пожари и еколошки катастрофи, наместо зајакнување на системот за заштита и спасување, добивме евтин ПР. Изгоре 20 отсто од територијата, депониите се палат, граѓаните се гушат. Кој ќе одговара за оваа катастрофа?“ рече Кузеска.

Македонија | пред 4 месеци

BKuzeska3

СДСМ најавува скандал за Владата поврзан со ПР и манипулации

СДСМ најави дека денеска ќе одржи прес-конференција на која ќе објави, како што велат, нови информации и индиции за уште еден скандал на власта.„Секој ден има нов скандал кој ја тресе власта. Дали со евтин ПР и манипулации се крие неспособноста да се справи со пожарите?“ стои во соопштението од партијата, со кое се упатува покана до медиумите.Од СДСМ порачаа дека јавноста ќе биде запознаена со нови детали на денешниот прес.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-23.28.53

СДСМ: Тошковски да поднесе оставка, партизираното МВР не ги штити животите на луѓето

СДСМ денеска обвини дека последниот случај на фемицид во Велес е доказ за, како што велат, целосната неспособност на власта да обезбеди заштита на најважното – човечкиот живот.„За сите пропусти на институциите мора да има политичка и кривична одговорност,“ порачаа од партијата, додавајќи дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски треба веднаш да поднесе оставка. Според нив, тој се покажал како неспособен да ја гарантира сигурноста и безбедноста на граѓаните, особено на жените и децата.Од СДСМ оценија дека наместо институција која треба да штити животи, Тошковски го претворил МВР во „партиски сервис за интересите на власта и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ“. Тие потсетија на измените на Законот за полиција и Законот за внатрешни работи, кои според нив ги истиснале професионалците и ја урнисале полицијата, претворајќи ја во партиски инструмент.„Скандалозните измени претставуваат директен удар врз функционирањето на безбедносниот систем, а последиците граѓаните ги чувствуваат секој ден,“ велат од партијата.СДСМ додаде дека додека МВР се води како партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе продолжат да живеат во страв. „После сите случаи на фемициди, еколошки катастрофи, пожари, убиства, запалени возила и престрелки додека Тошковски е на чело на МВР, неговата оставка е прв чекор кон враќање на безбедноста и спокојот на граѓаните,“ се наведува во соопштението.„Време е полицијата да се врати во служба на народот, а не на партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ,“ порачаа од СДСМ.

Македонија | пред 4 месеци

jovana-mojsoska

Лицемерие на Левица, по Апасиев и Мециновиќ и Мојсоска си инкасирала пари од партијата додека критикувала за патни трошоци, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јована Мојсоска по примерот на нејзините сопартијци, Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ, инкасирала големи суми на пари од партијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Додека од граѓаните бараат и собираат донации, врвот на Левица тие пари ги ставал во нивни џебови.Мојсоска која не престана да ги напаѓа пратениците за патни трошоци, за четири години од Левица си инкасирала над 600 илјади денари.Додека во Собрание Мојсоска ги напаѓа и обвинува колегите пратеници зошто законски добиваат патни трошоци, таа од 2021 година до денес, од својата партија зела стотици илјади денари.Ова лицемерие на Мојсоска и Левица, кога едно зборуваат а друго прават, е целосно разоткриено и демаскирано.Народот виде дека додека во јавност продаваат скромност и неподмитливост, зад нивниот грб, со пари на граѓаните, ги полнат сопствените џебови.Тука се јавуваат и други дилеми, како на пример врз кој основ Мојсоска ги добила овие пари и дали тоа се партиски патни трошоци?Мојсоска и Левица до толку ли може да бидат лицемерни, од една страна да ги напаѓаат колегите пратеници, а од другата страна, од сопствената партија да зема над 600 илјади денари?Левица, Мојсоска и останатите од партискиот врв се прочитани и демаскирани. Народот виде дека се обични профитери загрижени, единствено, за сопствените џебови.

Македонија | пред 4 месеци

slavjanka-petrovska

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

„Росица месеци барала помош. Пријавувала закани, насилство, палење на автомобил. Повторувала повици до институциите да ја заштитат. Наместо заштита добила игнорирање. Наместо санкција насилникот останал слободен. Резултатот? Убиена е Росица. Убиен е и нејзиниот татко“, напиша пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска на социјалните мрежи.Петровска која го изрази револтот по вчерашното свирепо убиство на 21 млада девојка од Велес и нејзиниот татко пишува дека тие не се жртви само на еден убиц туку на сите кои не постапиле по пријавите за малтретирање и насилство.„Убиецот е тој што го изврши злосторството но тој не е единствениот виновен. Виновни се и сите што премолчеле, одбиле да реагираат или свртеле глава. Тие се соучесници“, пишува пратеничката Петровска.Таа пишува дека ова убиство не е изолиран инцидент туку повторување на трагичен образец во кој не потфрла системот, туку луѓето кои избирале да не го спроведуваат.„Додека вината ја префрламе на системот, поединци од системот ќе продолжат да убиваат со своето молчење и непостапување. Избираат да не помогнат. Да не заштитат. И со тоа избираат да бидат дел од проблемот“, оценува Петровска.Пратеничката Петровска исто така пишува дека солзите на Росица и нејзиниот татко засекогаш ќе ги следат оние коишто земале плата за работните задачи кои не ги извршиле. За нив таа бара лична одговорност.„Секое непостапување има име и презиме и мора да биде казнето. Доста е со изговори. Време е за лична одговорност“, напиша Петровска.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-17-at-14.43.59

СДСМ ќе поднесе кривична пријава „за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ“

„Патетеична и разочарувачка е кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои се обидуваат да се претстават како жртви во јавноста“, велат од СДСМ и додаваат:Ваквиот обид само ја покажува слабоста на оваа власт, која ниту има проекти, ниту пак нуди политики - се што понудија досега се лаги, манипулации и гола реторика. И секаде се фатени. Секоја лага им излезе на површина, затоа сега им останува само да се претстават како жртви.Најновата измислица на Мицкоски и ДПМНЕ денес е сеењето на магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“. Имено, веб страницата www.ubijcitenakocani.com е направена на 16.09.2025 и пополнета со содржина непосредно пред прес-конференцијата на партискиот портпарол, односно во 11 часот и 58 минути.Прашувме, дали ова не е доказ дека истата е направена за нивните морбидни ПР потреби? Пред прес-конференцијата, вебстранцата не постоеше, ниту пак некој ја имаше видено.Оттука, бараме ВМРО-ДПМНЕ да се извинат за искажаните лаги и обидот за манипулации, бараме од институциите веднаш да ја проверат сопственоста на интернет страницата. СДСМ ќе поднесе кривична пријава за пронаоѓање и казнување на креаторите на оваа морбидна кампања. СДСМ бара итно извинување од ВМРО-ДПМНЕ во спротив ќе поднесе тужба за клевета.Апелираме до Мицкоски и ДПМНЕ да ги остават да почиваат во мир жртвите од Кочани. Апелираме до Мицкоски да престане со овој морбиден ПР кој ги вознемирува семејствата на загинатите и повредените.[caption id="attachment_348588" align="alignnone" width="856"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-17-at-14.07.59

Шукова: Загадувањето од греењето мора да се намали имам план за почист воздух во Скопје

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, говореше за еден од најгорливите проблеми на главниот град загадувањето на воздухот во сезона на греење.„Убаво е на Видиковец, одовде се гледа цело Скопје. Но, во есен и зима, градот го нема. Се губи под густа магла и сив смог. Тоа не е природна појава, туку слика на едно запуштено, загадено и загушено Скопје. Дали дишеме воздух или отров?“ рече Шукова.Таа потсети дека Скопје е еден од најзагадените градови во светот, а тоа, како што нагласи, не е само статистика, туку сурова реалност што граѓаните ја чувствуваат секој ден во зимските месеци.„Маглата не е само временска појава, туку симбол на четиригодишен институционален неуспех и негрижа на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи општините имаат клучна улога во справувањето со загадувањето,“ истакна таа.Шукова нагласи дека најголемиот дел од загадувањето доаѓа од греењето во домаќинствата со влажни дрва, јаглен и отпадни материјали, додека индустријата веќе започнала со инвестиции во технологии за намалување на емисиите, но потребни се дополнителни вложувања и сериозен мониторинг.„Промена не може да се случи преку ноќ, но не треба граѓаните да се гушат уште 10 години за да ги видат првите резултати. Јас не можам да ви ветам чудо, туку конкретни решенија. Стојам овде пред вас и велам дека имам план,“ додаде Шукова.Во својот план таа најави конкретни мерки:Во првата година забрана за користење на нееколошки горива во подрачја со достапно парно греење, задолжително поврзување на новоизградени станбени згради на системот за централно греење, субвенции за замена на старите системи со еколошки, јавни објекти со еколошки системи за затоплување, засилени инспекции и чистење на градот од отпад. Во првите три години елиминирање на главните извори на загадување, субвенции за енергетска ефикасност за најранливите категории граѓани, модернизација на јавниот превоз и подобрување на велосипедската и пешачката инфраструктура.На долг рок целосна транзиција кон одржлив начин на затоплување во јавните објекти, градска топлинска мрежа со гас и обновливи извори на енергија, зелени коридори за почист воздух и имплементација на BRT-системот.,,Скопје мора да биде град со чист воздух. Ова не е само еколошко прашање овде се работи за здравје и квалитет на живот,“ истакна кандидатката за градоначалник на СДСМ, Каја Шукова.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-16-123432

„Власта се исмева со скопјани - носител на листата е лице поврзано со Дрисла“, реакција на Штерјова

Кандидатката за советничка на СДСМ во Скопје, Кети Штерјова, остро реагираше на одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за носител на советничката листа во Град Скопје да го постави претседателот на Управниот одбор на депонијата „Дрисла“, Даме Димитровски.„Додека скопјани со денови се гушат во канцерогени честички од пожарите во Дрисла, ВМРО-ДПМНЕ го наградува човекот кој носи одговорност за оваа состојба,“ изјави Штерјова, оценувајќи ја одлуката како „невиден скандал и навреда за граѓаните“.Таа потсети дека Димитровски, покрај функцијата во „Дрисла“, е и актуелен советник на премиерот Христијан Мицкоски за животна средина. „Тоа покажува дека власта арогантно се исмева со скопјани и ги понижува,“ додаде таа.Штерјова нагласи дека депониите продолжуваат да горат, воздухот е загаден, а, според неа, власта не презема ефикасни мерки за да ја заштити здравствената состојба на граѓаните.

Скопје | пред 4 месеци

bogdanka-SDSM

СДСМ: Мицкоски да одговара за ширење страв и паника по признанието на Тошковски

Социјалдемократскиот сојуз денеска реагираше на интервјуто на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во емисијата „360 степени“, во кое тој изјави дека нема докази за постоење на домашни или странски центри на моќ кои стојат зад неодамнешните пожари, меѓу кои и оној во Трубарево.Од СДСМ велат дека ова признание директно ги демантира претходните тврдења на премиерот Христијан Мицкоски дека во позадина на пожарите стојат организирани структури. Според партијата, со тоа се потврдува дека јавноста била доведена во заблуда и дека биле ширени неосновани стравови.„Со своите изјави, Мицкоски без факти и докази ја злоупотребил безбедносната состојба во државата и намерно предизвикал страв и паника кај граѓаните,“ наведуваат од СДСМ, додавајќи дека премиерот треба да сноси одговорност.Во реакцијата се посочува и дека „ваква злоупотреба на институциите и нивно користење за политички поени претставува закана по граѓаните и по државата во целина“.Мицкоски досега не се има јавно произнесено по последните изјави на министерот Тошковски.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-22.19.00

СДСМ бара одговорност за еколошките пожари, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со обвинувања за лицемерие

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција предупреди дека пожарот во Трубарево отвора сериозни прашања за кои институциите мора да понудат одговори. Таа нагласи дека граѓаните имаат право да бидат информирани за загадувањето на воздухот и побара одговорност за, како што рече, еколошката катастрофа што ја зафаќа Скопје.Кузеска праша колкаво количество токсичен отпад изгоре, каква е концентрацијата на опасни материи во воздухот и дали престојот на отворено е безбеден за деца, бремени жени и хронично болни лица. Таа го нарече „врв на неодговорност и незаинтересираност“ тоа што, како што наведе, клучните луѓе во државата наместо решенија даваат изговори.„Премиерот Мицкоски вели дека воздухот само изгледа загаден, Стојанче Ангелов зборува за хибриден напад, Панче Тошковски е загубен, Орце Ѓорѓиевски гледа ‘политички пожари’. Граѓаните се гушат, а институционален одговор нема,“ рече Кузеска, додавајќи дека Владата личи на „шатор на циркузантска трупа која прави шоу додека горат депонии и фабрики“.СДСМ побара итна и темелна истрага за сите пожари и политичка и кривична одговорност за сите што го прекршиле законот, но и за институциите кои не постапиле навреме.На изјавите на Кузеска веднаш реагираше ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја СДСМ за лицемерие.„Додека на пресови шират паника и лажна грижа, раководството на СДСМ ужива на забави и заборава на маските и загриженоста што ја прикажуваат пред јавноста,“ стои во партиското соопштение.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните ја препознаваат „дволичноста“ на опозицијата, а како што додаваат, „најтрагично ќе биде ако се докаже дека СДС и ДУИ стојат зад подметнатите пожари пред избори“.

Македонија | пред 4 месеци

bogdanka-SDSM

Кузеска: Имаме циркузантска влада која прави театар додека горат депонии и фабрики, одговорност мора да има

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција предупреди дека пожарот во Трубарево отвора многу прашања на кои институциите мора да одговорат, граѓаните мора да бидат информирани за загаденоста на воздухот и повика на одговорност за еколошката катастрофа.Како што кажа Кузеска, остануваат отворени прашањата за тоа колкаво количество токсичен отпад изгоре вчера, колкава беше концентрацијата на отровни, корозивни и опасни материи за здравјето на луѓето кои се шират низ воздухот.„Дали денеска воздухот во Скопје во кој се уште се чувствува мирис на изгорена пластика содржи отровни и канцерогени честички? Дали е целосно безбедно да се биде на отворено во одредени делови на Скопје и околината, за деца, бремени жени, возрасни, болни?“, изјави Кузеска.Таа посочи дека ова што се случува со пожарите во Трубарево, Дрисла и Вардариште е врв на неодговорност и незаинтересираност, а клучните луѓе во државата наместо да преземат одговорност и решенија измислуваат изговори и се обидуваат својата неспособност да ја префрлат на други.„Премиерот Мицкоски вели дека „воздухот во Скопје само изгледа загаден ама не е алармантен“. Стојанче Ангелов зборува за хибриден напад, како да сме во шпионски филм, а не во реална еколошка катастрофа. Панче Тошковски е целосно загубен помеѓу измислените приказни и префрлање на одговорноста на некој друг и исто како да не постои.Орце Ѓорѓиевски не гледа чад, туку „политички пожари за политички поени“. Граѓаните се гушат а не гледаат институционален одговор на оваа еколошка катастрофа“, рече Кузеска додавајќи дека нема ниту еден институционален план, ниту една мерка, ниту едно решение.На прес-конференцијата Кузеска потенцираше дека целата состојба е резултат на некадарност, безобразие и криминална рамнодушност. Затоа како што кажа Кузеска, СДСМ бара итна и темелна истрага за сите овие случаи и одговорност.„Политичка и кривична одговорност за сите што го прекршиле законот но и за оние од институциите кои не постапиле навреме а имале обврска да го сторат тоа. Одговорност за овој екоцид мора да има. Наместо држава, имаме шатор на циркузантска влада која прави шоу додека горат депонии и фабрики“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Скопје | пред 4 месеци

filipce

Филипче: Срамен е молкот на институциите, граѓаните во Трубарево да носат маски и да не излегуваат без потреба

Претседател на СДСМ, Д-р Венко Филипче, преку својот профил на Фејсбук упати јавна реакција за пожарот во фабрика за акумулатори во Трубарево и за потенцијалната опасност по здравјето на граѓаните.„Институциите итно мора да излезат со точни податоци дали и колку е загаден воздухот во и околината на Трубарево. Страшен е молкот и доцнењето во препораките, особено од здравствените власти“, напиша Филипче.Тој предупреди дека дел од информациите укажуваат на горење на литиумски батерии и друг опасен отпад.„Загрижувачки се дел од информациите кои пристигаат дека горат литиумски батерии и друг отпад кој е исклучително опасен“, рече Филипче.Во исчекување на официјални информации, Филипче упати конкретни совети до граѓаните во погодените подрачја:„Препорачувам граѓаните во Трубарево и околните населби да носат маски, да не престојуваат на отворено без итна потреба и да земаат антиоксиданси за превенција“, истакна тој.Филипче ја осуди и реакцијата на надлежните институции, нарекувајќи ја „неодговорна и апсурдна“.„Апелирам до властите – крајно е неодговорно да се молчи во вакви случаи. Исто така е крајно неодговорно наместо решенија, одговорните да измислуваат приказни за хибридни напади, политички потпалени пожари и слично. Ова е надвор од секој здрав разум“, посочи Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања