СДСМ

kaja-sukova

Шукова: Црн чад над Скопје граѓаните бараат одговорност, а не молк

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова остро реагирашеза големиот пожар што попладнево изби во селото Трубарево и беше проследен со серија експлозии.„Скопје повторно под црн чад!Граѓаните пак вдишуваат отров наместо чист воздух. Кој ќе сноси одговорност за труењето на граѓаните?Наместо молк, граѓаните бараат одговори и одговорност. Четири години под раководство на ВМРО-ДПМНЕ во општините сѐ е импровизација. Отпадите и депониите работат без соодветни стандарди за заштита на животната средина и без контрола.ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници им должат одговори на граѓаните и тоа веднаш!Жителите на Скопје имаат право на здрав живот и чист воздух, а не на постојани пожари, чад и труење.Доста е со импровизации и молк. Време е за реални решенија и вистинска грижа за граѓаните"-напиша Шукова на Фејсбук.

Скопје | пред 4 месеци

DJI_20250913161621_0169_D

Додека едни палат, а други пишуваат соопштенија, граѓаните дишат отров

Скопје уште еднаш се гуши во канцероген чад. Во населбата Трубарево избувна огромен пожар во магацини каде што бил складиран опасен отпад – електронски уреди, батерии, пластика, гуми. Наместо итен системски одговор и заштита на граѓаните, јавноста повторно доби партиски соопштенија, пресметки и меѓусебни обвинувања.Од пожарот се ослободуваат тешки метали и токсични супстанци кои во воздухот стигнуваат директно до домовите на скопјани. Граѓаните во Трубарево веќе со години предупредуваат на несовесното управување со отпадот, а сега нивните стравови се потврдија. Политичарите ја користат трагедијата за дневна пропаганда.Мециновиќ: „Колку богатство може да ве насити?“Пратеникот и кандидат за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, на социјалните мрежи остро реагираше на „лицемерието на властите и стручните кругови“ кои со години ја префрлаат вината за загадувањето врз сиромашните.„Одете во Трубарево да видите како изгледа кога гори електронски отпад до градинка,“ порача тој, посочувајќи дека системски регулации и инспекциски надзори воопшто не постојат.Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, пак, предупреди дека државата се соочува со „еколошка и безбедносна катастрофа“.„Скопјани дишат канцерогени материи, а институциите се нефункционални,“ порача тој, нагласувајќи дека ова не се изолирани инциденти, туку системски хаос.Од ВМРО-ДПМНЕ со најостар тон го обвинија владејачкото дуо СДСМ–ДУИ дека свесно ги оставиле депониите без контрола и дека зад пожарите стојат политички интереси. „Граѓаните добро знаат: вистинската еколошка катастрофа се вика СДС–ДУИ,“ порачаа од партијата, барајќи итна истрага.Додека чадот од Трубарево се шири над Скопје, партиите се натпреваруваат во меѓусебни обвинувања.Во меѓувреме, додека едни палат, а други пишуваат соопштенија, граѓаните дишат отров.

Скопје | пред 4 месеци

filipce

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните

„Скопјани повеќе немаат време за чекање и лажни ветувања од ВМРО-ДПМНЕ“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче, кој денеска заедно со кандидатите за градоначалници на Аеродром и Гази Баба, Александар Трајановски и Влатко Митовски, изврши теренска посета на депонијата Вардариште.„Четири години неспособната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ не успева да реши една дива депонија што шири зараза и смрт. Ова е врв на неработење, негрижа и криминална рамнодушност“, рече Филипче.Филипче при теренската посета испорача сет конкретни решенија кои ќе се спроведат веднаш по преземањето на одговорноста во локалната власт:Воведување механизација за покривање на отпадот со земја и глина, компактирање и затворање на жариштата за елиминирање на кислород и влага, систем за извлекување и согорување на метанот и формирање стручен штаб со експерти за управување со отпад.„Мора службите на Град Скопје веднаш да добијат задачи за надминување на проблемот со горење на отпадот. Не може Советот на Градот да биде на страна, а скопјани да се гушат“, порача Филипче.Тој потсети дека токму советничката група на СДСМ побарала итно свикување на седница за Вардариште, но ВМРО-ДПМНЕ молчи.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-15.44.58

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ и ДУИ дека намерно ги палат депониите за да создадат хаос во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека коалицијата СДС–ДУИ стои зад намерното палење на скопските депонии „Дрисла“ и „Вардариште“, со цел да создаде страв и хаос кај граѓаните.„Криминалците од СДС–ДУИ, задушени од народниот пораз, решија да го задушат и Скопје, само за да го спречат доаѓањето на правдата,“ велат од партијата.Во реакцијата се наведува дека „злосторничкото здружение прибегнало кон најопасни и криминални методи“ и дека палењето на депониите претставува свесно уништување на здравјето на скопјани.„Со години СДС и ДУИ управуваа со ‘Дрисла’ и ‘Вардариште’. Тие ги поставуваа директорите, тие ветуваа фабрика за селекција на отпад и чист воздух. Единствено што оставија зад себе е смет, диви депонии и труење на луѓето,“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.Оттаму посочуваат дека скопските градоначалници од нивните редови во изминатите години реализирале проекти за чистење и уредување на јавните површини и за воспоставување систем на селекција на отпад, а Владата започнала ревизија на еколошките политики и подготовка на нови проекти за модернизација на „Дрисла“ и затворање на дивите депонии.„Како тоа баш пред локални избори почнаа да ‘горат’ депониите? Како тоа токму сега ‘Дрисла’ почна да загадува? Дали постои организирана структура зад ова?“ прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Партијата повика Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да спроведат итна истрага и да ја утврдат одговорноста. „Граѓаните добро знаат: вистинската еколошка катастрофа се вика СДС–ДУИ,“ стои во соопштението.

Скопје | пред 4 месеци

filipce-pozari

Филипче: Македонија е претворена во држава на хаос и опасно место за живеење

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро реагираше на серијата пожари и загадувањето кое последните недели ја погоди земјата.„Состојбата апсолутно излегува од контрола. За неколку дена изгореа две фабрики, а две недели власта не може да ги изгасне депониите Дрисла и Вардариште. Скопјани се трујат во канцерогени материи. Сега гори и фабрика за акумулатори во Трубарево,“ напиша Филипче.Тој нагласи дека „државата наместо горда, стана држава во хаос“ и предупреди дека ваквата состојба ја прави Македонија „опасно место за живеење“.„Мора да се стави крај на оваа неодговорност, башибозук и некадарност,“ додаде лидерот на СДСМ.

Коментари | пред 4 месеци

dzonson

Поранешен началник во МВР ќе ја предводи советничката листа на СДСМ во Ѓорче Петров

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од редовите на СДСМ, Костадин Ацевски, го претстави носителот на советничката листа – Дејан Трајковски, познат меѓу ѓорчевци како Џонсон.„Чест ми е да ви го претставам носителот на победничката листа на советници на СДСМ во Ѓорче Петров, Дејан Трајковски - Џонсон. Дејан или попознат меѓу ѓорчевци како Џонсон, е пензиониран началник на сообраќајната полиција во МВР со долгогодишно искуство во безбедноста во сообраќајот. Познат е по својата посветеност, чесност и искрена желба да ги слуша и решава проблемите на граѓаните“, напиша Ацевски.Тој додаде дека заедно со Џонсон и кандидатите на советничката листа ќе работат чесно, одговорно и посветено за подобар живот во општината. „Не ветуваме чуда, ама ветуваме многу работа и упорност за Ѓорче да го направиме подобро место за живеење“, истакна Ацевски.

Скопје | пред 4 месеци

gradonacalnici

СДСМ објави: Игор Христов кандидат за градоначалник на Кочани, Жика Стојановски на Илинден

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници.Со одлука на Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната попладневна седница е дадена согласност за уште четири нови кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори:▫️Едис Хасан – кандидат за градоначалник на Шуто Оризари.▫️Жика Стојановски – кандидат за градоначалник на Илинден.▫️Игор Христов – кандидат за градоначалник на Кочани.▫️Исуф Синани – кандидат за градоначалник на Долнени.Со ова, СДСМ веќе има објавено 64 кандидати за градоначалници од СДСМ во 64 општини ширум државата.Сите кандидати на СДСМ се луѓе со интегритет, докажани кадри со желба за работа и јасна визија за развој на своите општини.Кандидатите на СДСМ ќе бидат гласот на граѓаните, ќе работат за решавање на секојдневните проблеми, за подобрување на квалитетот на живот и развојот на општините.

Македонија | пред 4 месеци

petrusevski

Петрушевски: СДС призна дека преку АНБ и АР го прислушувале и следеле претседателот Мицкоски, попусти се обидите на Виктор Димовски да се извлече

„СДС призна дека преку АНБ и АР го прислушувале и следеле претседателот Мицкоски, попусти се обидите на Виктор Димовски да се извлече“, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски и додаде:СДС призна дека 5 години го следеле претседателот Мицкоски. Тоа значи дека не само тој, туку и неговото семејство биле предмет на следење на тајните служби.Овие служби, наместо да го штитат интегритетот на државата и граѓаните, тие биле маша за политичка борба и притисок на СДС. Главен извршител бил Виктор Димовски и свесен за последиците од признанието на СДС во паника негира и бега од последиците на своето делување.Виктор Димовски многу добро знае што правел, и какви кривично правни последици има тоа.Виктор Димовски да признае што правел и по чија наредба од врвот на политиката.Следењето и прислушкувањето не би било можно без директна дозвола од Зоран Заев, затоа што во целиот систем бил вклучен и Љупчо Коцевски од ЈО, кој подоцна е избран за Републички ЈО и Врховниот суд.Овој скандал на злоупотреба на службите не смее да остане не санкциониран.Одговорност мора да има, за никогаш да не се повтори.

Македонија | пред 4 месеци

sukova

Шукова: ЗОО во Скопје ќе биде модерна и едукативна со хуман третман за животните

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска ја посети Зоолошката градина и ја претстави својата визија за нејзина целосна трансформација во современ, едукативен и хуман јавен простор.„Зоолошката градина треба да биде многу повеќе од место за прошетка. Таа треба да биде простор каде децата учат за животните и природата, каде семејствата се чувствуваат безбедно и пријатно, а животните живеат во достоинствени услови“, изјави Шукова.Шукова истакна дека моменталната состојба на ЗОО не одговара на потребите и потенцијалот што оваа институција го има. Дел од живеалиштата се дотраени, едукативната функција не е доволно развиена, а зеленилото не е соодветно одржувано, хигиената пак е на загрижувачко ниво.Шукова најави, обнова и модернизација на живеалиштата, според највисоки стандарди за благосостојба на животните, како и Еко-центар, во кој децата и младите ќе можат да учат за природата, климатските промени и заштитата на живиот свет. Засилување на зеленилото и инвестиции во чисти, одржливи извори на енергија, Според Шукова, Зоолошката градинатреба да биде на ниво на современа урбана средина која спојува едукација, екологија, заштита на животните и семејни вредности.

Скопје | пред 4 месеци

filipce-ck-sdsm

СДСМ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

“Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се извади од кашата во која самите се ставија, откако се заиграа со наводни шпионски афери за да дефокусираат од сопствената неспособност. Наводната афера која очигледно со месеци ја спремале за пред избори и требаше да биде некакво оружје против СДСМ, им пукна како бомба во раката”, велат од СДСМ и додаваат:Им порачуваме јасно и гласно: Декласифицирајте! Не чекајте ни истрага, ни ништо. Нека видат граѓаните дали бил вистински следен премиерот, кој бил следен, со кого комуницирал тој. Бидете еднаш во вашето 30-годишно постоење храбри и чесни, барем тоа му го должите на овој народ. Па сите кои злоупотребиле – нека одговараат.Ова е чесна понуда од СДСМ и ние немаме од што да се плашиме. Прашањето е, дали имате вие?Неспособноста со која ја водите државата ве бутка секој ден во сѐ поголеми лаги, во сѐ поголеми измислени крими-скандали, жолти комбиња, дронови што го следат премиерот, дестабилизации. Цели 15 месеци не видовме разрешница на ниедно од овие сценарија. Вашите криминални романи никогаш немаат крај.Затоа сега имате шанса – декласифицирајте! Тоа можете да го направите за еден ден, согласно закон. Секако, ако имате храброст.

Македонија | пред 4 месеци

e69b1b68-501b-4594-9831-6782a6becb54

Филипче за Слободен печат: Мицкоски треба да одговори дали комуницирал со групи кои биле следени и зошто?

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервју за Слободен печат, укажа дека можеби една од причините поради кои власта се противи на декласификација на документацијата поврзана со случајот во Агенцијата за национална безбедност е стравот да не излезат на виделина информации за сомнителни странски финансиски извори поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.„Имаше сомнителни извори на унгарскиот кредит, дали се тоа кинески или руски пари, никој не знае. Гледате каков е сојузот помеѓу Русија и Кина на светско ниво. Дел од сознанијата во врска со финансии коишто доаѓаа за време на нашето владеење кон некои структури – исто така. Можеби е тоа една од темите коишто ќе излезат ако се декласифицираат овие податоци сега од АНБ.Мислам дека власта нема да го направи, поради тоа што сметам дека ќе избега од таа тема“, рече Филипче.Во интервјуто, Филипче повторно повика на декласификација на документацијата, велејќи дека тоа е единствениот начин за расчистување на аферата, без потреба од судски одлуки.„Во законот јасно пишува дека дека одговорен за декласификација на документите, доколку постои сомнеж за криминал или злоупотреба, е самата институција, односно АНБ Значи, од Агенцијата за национална безбедност и од директорот зависи дали тие материјали ќе се декласифицираат или не. Ние бараме да се декласифицираат, да видиме кои луѓе биле пратени, кои групации и зошто, да видиме дали имало прекршување од било кој – ако треба некој да понесе одговорност“, рече Филипче.Како што кажа Филипче, постои едно специфично прашање, а тоа е дали со тие групи кои што биле пратени и биле обработувани материјали согласно капацитетот и ингеренциите на Агенцијата за национална безбедност, комуницирал и премиерот и зошто комуницирал.„Дали тој бил директно пратен или комуницирал со некој кои што биле пратени заради сомнителни активности? И тоа е исклучително прашање. Апелирам да во што пократок рок тие документи се декласифицираат и јавноста да знае за што станува збор“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-07-02-at-10.53.27

Катерина Цаневска ќе ја предводи советничката листа на СДСМ во Град Скопје

Новинарката Катерина Цаневска ќе биде носителка на листата на советници во Град Скопје како независен кандидат поддржан од СДСМ, дознава „Скопје1“.Официјална потврда на одлуката се очекува од партиските тела и претседателот Венко Филипче. Кандидат за градоначалник на СДСМ во Скопје, е Каја Шукова.Цаневска беше долгогодишен новинар во МРТВ и А1 телевизија, а потоа работеше како одговорна за односи со јавност и правни работи во Општина Центар, Собрание и кај претседателот Стево Пендаровски.

Скопје | пред 4 месеци

divogradbi

СДСМ: Мицкоски одбива рушење дивоградби во Чаир

СДСМ соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски „уште еднаш го покажале вистинското лице“ – заштита на криминалот со дивоградбите во Чаир и урбаното дивеење.Партијата наведува дека со изјавата оти нема да го следи примерот на албанскиот премиер Еди Рама и нема да руши дивоградби во Чаир, Мицкоски јавно признал дека нема намера да стави ред во хаосот со бесправната градба во Скопје, туку и понатаму ќе ги штити.„Ова е истата матрица која ја гледаме со години: Орце Ѓорѓиевски, Мицкоски и нивните градоначалници се дел од проблемот, а не од решението,“ порачува СДСМ. Наместо да се справат со криминалните дивоградби, тие ги легализирале и охрабрувале, создавајќи уште поголем урбан хаос, уништувајќи паркови и јавни површини и загрозувајќи го квалитетот на живот.„Глас за Орце и ДПМНЕ е глас за претворање на Скопје во дивоградба,“ предупредува партијата, додавајќи дека граѓаните на Скопје и на Македонија заслужуваат ред, закон и контрола над урбанистичкиот хаос, „а не влада и градоначалници кои ги штитат криминалните структури“.СДСМ најавува дека ќе продолжи гласно да се спротивставува на урбаното дивеење, криминалот и дивоградбите што го уништуваат Скопје.

Македонија | пред 4 месеци

Bogdanka-Kuzeska-SDSM-3

„Вистината за случајот АНБ, дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?“, праша пак СДСМ

На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, побара од премиерот Христијан Мицкоски и директорот на АНБ, Бојан Христовски, веднаш да ја започнат процедурата за декласификација на документите поврзани со аферата за наводно прислушкување.„Вистината за случајот АНБ: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ? Зошто после речиси една недела од објавувањето на наводите за следење на Христијан Мицкоски ниту директорот на АНБ, Бојан Христовски, ниту премиерот Христијан Мицкоски не ја отпочнаа процедурата за декласификација на документите кои би ги докажале наводите на власта? Зошто самиот тој не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен? Од што се плаши Христијан Мицкоски?Дали можеби Мицкоски се плаши од декласификација на овие документи затоа што ќе ги потврдат индициите за милионски криминал во случајот со т.н. „Делчевски ниви“? Да ја потсетиме јавноста дека во случајот „Делчевски ниви“ беа инволвирани најблиските соработници на Мицкоски меѓу кои член на неговото лично обезбедување како и тогашниот директор на Белата палата, односно Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Дали овие документи кои Мицкоски одбива да ги декласифицира покажуваат дека шефот на организираната криминална група која се стекнала со корист во илјадници евра е токму Христијан Мицкоски? Дали во овие документи има сериозни индиции за повторно нелегало финансирање на ВМРО-ДПМНЕ како и индиции за организиран криминал и корупција? Постапката за декласификација на овие документи е едноставна и би ги разрешила сите дилеми кои ги има во јавноста. Одбивањето на декласификација на овие документи ќе биде доказ дека Мицкоски како тогаш така и денес не може да излезе од криминалната матрица и негова единстгвена цел е личното богатење“., изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 4 месеци

vmro_dpmne

СДС се обидува да ги спаси организаторите на следењето на опозицијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на најавата на СДС за прес-конференција, обвинувајќи ја партијата за обид да ги „спаси нарачателите и организаторите на следењето на опозицијата“ и да го дефокусира јавното мислење.„Тоа е власт која додека крадела и пљачкала, правела предавства и ги уништувала институциите како што правеа тие и ДУИ, ја држела опозицијата тогашна ВМРО-ДПМНЕ под присмотра и ја следеле базирано на фабрикувани основи,“ соопштија од партијата.Во реакцијата се додава: „Одговорот е, ем шуто ем боде. Македонија нема да ви прости! Македонија памети и нема да ви заборави.“

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања