СДСМ

vmro_dpmne

СДС се обидува да ги спаси организаторите на следењето на опозицијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на најавата на СДС за прес-конференција, обвинувајќи ја партијата за обид да ги „спаси нарачателите и организаторите на следењето на опозицијата“ и да го дефокусира јавното мислење.„Тоа е власт која додека крадела и пљачкала, правела предавства и ги уништувала институциите како што правеа тие и ДУИ, ја држела опозицијата тогашна ВМРО-ДПМНЕ под присмотра и ја следеле базирано на фабрикувани основи,“ соопштија од партијата.Во реакцијата се додава: „Одговорот е, ем шуто ем боде. Македонија нема да ви прости! Македонија памети и нема да ви заборави.“

Македонија | пред 4 месеци

filipce-ck-sdsm-ana-cupevska-martin-kostovski-fani

СДСМ најави објавување на „Вистината за случајот АНБ“

СДСМ соопшти дека започнува со објавување на „Вистината за случајот АНБ“, прашувајќи зошто власта, и по речиси една недела од изнесувањето на наводите за незаконско следење, сè уште не ја започнала процедурата за декласификација на документите.„Зошто самиот Мицкоски не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен? Кои се причините и што се крие зад бегањето на власта од декласификацијата на документите?“, наведуваат од СДСМ.Од партијата информираат дека денеска, со почеток во 10:30 часот, ќе се одржи прес-конференција на која ќе се обрати портпаролката Богданка Кузеска.

Македонија | пред 4 месеци

VenkoFSDSM-1

СДСМ: Христовски го демантираше Мицкоски дека бил прислушуван

СДСМ реагира на тврдењата за наводно прислушкување на премиерот Христијан Мицкоски и побара Агенцијата за национална безбедност (АНБ) веднаш да ја декласифицира целата документација поврзана со случајот.„Власта да не бега од вистината, АНБ веднаш да направи декласификација на целата документација поврзана со случајот кој се обиде да го претстави како наводна афера за прислушкување,“ се наведува во соопштението.Од СДСМ истакнуваат дека не е точно дека е потребна судска постапка за декласификација на документите, туку тоа е само алиби и параван зад кој, како што велат, се крие вистинската намера на власта.„Законот е јасен – ‘тој што класифицира, тој и декласифицира’. Во овој случај тоа е АНБ и тоа треба да се направи веднаш,“ додаваат од партијата.СДСМ обвинува дека се фрлаат обвинувања во јавноста без ниту еден доказ и факти, со што се поткопува довербата во тоа што го кажува власта, а се создаваат сериозни сомнежи за „намерна манипулација и опасна игра на ВМРО-ДПМНЕ“.„Како тоа премиерот Мицкоски тврди дека наводно бил прислушуван, а директорот на АНБ Христовски кажува друго – дека станува збор за прибирање информации за таргетирани лица. Некој тука лаже свесно,“ се наведува во реакцијата.Од СДСМ додаваат дека само преку декласификација јавноста ќе ја види реалноста – дали и кој правел злоупотреби. „Ако не се направи декласификација, власта ќе потврди дека целиот случај е креиран заради политички мотиви и злоупотреба на агенцијата во партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ,“ стои во соопштението.

Македонија | пред 4 месеци

filipce-ck-sdsm

Некој тука лаже, АНБ веднаш да ја декласифицира документацијата за случајот со прислушувањето, бара СДСМ

СДСМ побара Агенцијата за национална безбедност (АНБ) без одлагање да ја изврши декласификацијата на целата документација поврзана со случајот што, како што велат, власта се обидува да го претстави како афера за прислушкување.„Власта да не бега од вистината, АНБ веднаш да направи декласификација. Не е точно дека преку судска постапка треба да се декласифицираат документите, тоа е само алиби и параван зад кој се крие вистинската намера на власта. Законот е јасен – ‘тој што класифицира, тој и декласифицира’. Во овој случај тоа е АНБ и тоа треба да се направи веднаш“, соопштија од СДСМ.Според партијата, недозволиво е во јавноста да се фрлаат обвинувања без факти и докази, бидејќи таквото однесување ја поткопува довербата во институциите и остава сомнеж за манипулација со политички мотиви.„Како е можно премиерот Мицкоски да тврди дека бил прислушуван, а директорот на АНБ Христовски да кажува друго – дека станува збор за прибирање информации за таргетирани лица? Некој тука свесно лаже. Само преку декласификација јавноста ќе ја увиди реалноста и ќе се види дали и кој правел злоупотреби“, истакнаа од СДСМ.Тие предупредија дека доколку не се направи декласификација, ќе се потврди дека целиот случај е креиран за партиски цели и политичка злоупотреба на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 месеци

VenkoFSDSM-2

Филипче: 17.000 помалку вработени, студентите бегаат во странство, младите не гледаат перспектива во Македонија

Младите во Македонија денес живеат во држава која не се развива, држава во која немаат просперитет, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на средбата со студенти. На средбата Филипче нагласи дека немањето стратегија за унапредување на пазарот на труд, растечката сиромаштија, се само дел од причините поради кои младите својата иднина ја гледаат надвор од Македонија.Статиската бележи поразителни бројки кои укажуваат на тоа дека младите ја напуштаат државата."Бројот на вработени лица во државата е намален за над 17.000 луѓе.Бев во Делчево и го кажувам како пример. Во овој град секоја година во просек матуираат околу 100 ученици. Годинава, 90 од нив се запишале на факултети во Бугарија. Зошто? Затоа што кај нас нема универзитет што е на Шангајската листа. Нема сериозно вложување во наука, нема поддршка за истражување, нема квалитет кој ќе ги задржи младите тука“, рече Филипче.Зборувајќи за причините за иселување на младите, Филипче посочи дека сите параметри одат во прилог на тоа дека власта не води сметка за граѓаните најмалку за младите.„Работните места што се отвораат сите се со ниски плати, не се доходовни, тоа е преживување, тоа не е развој. Колку и да кажуваат дека растат платите тоа се толку минимални проценти што однапред е изедена таа сума на пари од растот на плати со инфлацијата којашто не ја контролираат“, рече Филипче.Дополнително, како што кажа Филипче, причина за разочараноста кај младите е фактот што тие гледаат дека регионот оди напред, додека власта свесно ризикува Македонија да остане периферија на Европа."Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос кажа дека Црна Гора може 2028 година, Албанија 2029 година, да станат членки на ЕУ. Отиде регионот напред. И да не бара изговори оваа влада, срамота е тоа што го прават. Се се сведува само на нивни лични и теснопартиски интереси за бизниси итн. Нема развој, нема перспектива", рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

bogdanka

СДСМ: Итна декласификација на документите за случајот со АНБ

СДСМ денеска побара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што, според партијата, власта се обидела да го претстави како наводна афера за прислушкување.Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција истакна дека јавноста мора да ја дознае вистината, особено поради контрадикторните изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и директорот на АНБ, Зоран Христовски.„Мицкоски вели дека бил прислушуван, Христовски тоа го демантира и зборува за прибирање информации за таргетирани лица. Кој овде лаже? Единствен начин да се расчисти е веднаш да се декласифицираат сите документи и да бидат достапни на јавноста,“ рече Кузеска.Таа обвини дека, доколку тоа не се случи, ќе стане јасно дека станува збор за уште еден „неуспешен обид за манипулација“ од страна на власта и предизборна злоупотреба, слично како и во случаите со, како што наведе, „наводни дестабилизации, дронови, обиди за поткуп и други измислени приказни кои завршија без докази“.Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува безбедносната служба за партиски цели, со што, како што рече Кузеска, се обидува да го одвлече вниманието од реалните проблеми.„Власта со години не обезбедува поголеми плати, не ги исполнува ветувањата и секојдневно ја тресат скандали. Граѓаните веќе не веруваат во лажни афери и празни приказни. Само целосна транспарентност ќе покаже дали има реален безбедносен проблем или уште една евтина манипулација,“ изјави портпаролката на СДСМ.

Македонија | пред 4 месеци

8901d99c-8d55-47b6-aaac-e64453b35a21

Шукова: Ќе изградиме Конгресен центар и нови содржини за младите во Скопје

Скопје мора да понуди повеќе можности за младите, но и за сите генерации преку дискотеки, културни и музички настани, и центри за забава, порача Каја Шукова, кандидат за градоначалник на Скопје од СДСМ, во гостување на Сител телевизија.„Градот мора да биде целина која нуди квалитетен живот за сите, за децата, младите, возрасните и пензионерите. Нашата визија е да создадеме град отворен за сите, без политички поделби,“ истакна Шукова.Таа најави дека еден од клучните проекти во нејзината програма е изградба на современ Конгресен центар, кој ќе биде домаќин на културни, спортски и музички настани, какви што во моментов нема каде да се одржуваат во градот.„Овој Конгресен центар ќе понуди и простор со повеќе дискотеки и кафетерии, но нема да се наоѓа во централното градско подрачје туку ќе биде во близина на Скопје, со цел да се избегне дополнителен метеж во градското јадро,“ објасни Шукова.Таа нагласи дека градот ќе работи во партнерство со угостителите и граѓаните за да креира современи решенија кои ќе го вратат културниот и забавниот живот во Скопје.

Скопје | пред 4 месеци

venko

Филипче: Инвестициите во образованието се клучни, секое дете мора да има еднаква шанса

„Вложувањето во образованието е најважната инвестиција која не трпи импровизации“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на почетокот на новата учебна година. Тој нагласи дека во времето на владата предводена од СДСМ бил ставен силен фокус на изградба и реконструкција на училишта, како и на зголемувањето на наставничките плати.„Изградивме и реконструиравме над 80 училишта. Направивме значајна инвестиција во платите на наставниците – зголемување од над 50%, нешто што сега сериозно недостасува“, рече Филипче.Како пример го посочи училиштето „Киро Глигоров“ во Скопје, каде што денеска присуствуваше на настан заедно со градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. „Герасимовски покажа дека знае да менаџира – неколку години по ред за сите првоодделенци има униформи и бесплатни ранци, а од следната година ќе има и бесплатен оброк“, додаде тој.Филипче истакна дека и во програмата за претстојните локални избори СДСМ ќе даде приоритет на обезбедувањето квалитетна настава и поддршка за учениците и родителите. „Програмата се темели на тоа да се обезбеди квалитетна настава, безбедни улици за децата и сè што може да се направи на локално ниво за поддршка на семејствата,“ нагласи тој.На сите ученици, родители и наставници, Филипче им посака успешна и мирна учебна година исполнета со нови знаења, радост и трпение

Скопје | пред 4 месеци

MUCUNSKI

Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати, вели Муцунски и упати критика кон Филипче

„Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати. Тоа е суштината на довербата – да бидеме исти и во зборовите и во делата. Тука е и најголемата противречност кај Венко Филипче: од една страна зборува за уставни измени, од друга страна за откажување од преговорите ако има ново вето. Таков пристап не носи сигурност, туку неизвесност за правецот во кој треба да оди државата,“ изјави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.Тој потсети дека изминатите години се покажало што значат политиките на брзи потези и празни ветувања, оценувајќи дека СДСМ и ДУИ отворале надеж со секое ветување, а ја поништувале со секој притисок. „Заедничките документи што се носеа во Собранието не донесоа сила, туку слабост – беа дерогирани веднаш штом ќе се појавеше предизвик,“ рече Муцунски.Министерот нагласи дека патот на сегашната влада е поинаков и се базира на решенија кои носат траен напредок. „Подобро е да покажеме трпение и мудрост, отколку да направиме потег кој утре ќе биде уште поголем товар за државата. Тоа е државнички пристап: да мислиме на денес, на утре и на задутре,“ истакна тој.Муцунски додаде дека европската иднина за актуелната влада не е празна фраза, туку борба против корупцијата, модерна администрација, дигитализација, инвестиции во патишта, инфраструктура и нови можности за граѓаните. „Ние веруваме дека резултатите дома создаваат почит надвор. Токму затоа сме решени да обезбедиме европска иднина која ќе биде достојна, одржлива и прифатлива за сите. Тоа го заслужува македонскиот народ,“ порача Муцунски.

Македонија | пред 4 месеци

sdsm

Систем, не спектакли и пи-ар: Шукова и Битиќи со граѓаните за чисто и одржливо Скопје, велат од СДСМ

„Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, оствари средба со претставници од ЗИП Институтот и учесници во првото Граѓанско климатско собрание“, информираа од СДСМ и додаваат:Аерозагадувањето во Скопје и реалните, граѓански решенија за негово надминување, се итна тема и од суштинско значење.Шукова ги сослуша приоритетите на граѓаните, и јасно се заложи за нивна имплементација. Таа порача дека препораките кои произлегле од Климатското собрание се основа врз која треба да се гради новата еколошка политика на градот, но не како политички маркетинг, туку како план за опстанок.„Овие препораки не се само листа на желби, тие се мапа за здрава иднина. Она што недостасуваше изминативе четири години е токму ова, дијалог, храброст да се именува проблемот и волја да се постапи. Јас се обврзувам да ги ставам граѓаните и науката во срцето на политиката за Скопје“, рече Шукова.Таа најави реформа на јавниот превоз преку набавка на еколошки автобуси и редизајн на улиците за да станат пристапни за велосипедисти и пешаци. Поддршка ќе добијат домаќинствата за премин кон еколошко греење, со субвенции и долгорочни решенија што ќе ја намалат зависноста од загадувачките извори. „Ако сакаме почист воздух, мора да се справиме со реалниот предизвик, затоплувањето во домаќинствата. Тоа е нешто за кое зборував и пред пет години, и тогаш тоа не беше популарно. Денес е значајно за сите“, истакна Шукова.Таа ја посочи нефункционалноста на јавните претпријатија, предупредувајќи дека без реорганизација и вложување во човечки ресурси, ниту една стратегија нема да даде резултати.,,Имаме документи и стратегии, но немаме имплементација. Сè што треба да направиме, веќе е измислено. Само треба да престанеме да се плашиме од промени и да почнеме да ги применуваме решенијата што постојат”, нагласо Шукова.На средбата учествуваше и Фатмир Битиќи, пратеник и поранешен вицепремиер за економија, кој потенцираше дека вистинските промени не доаѓаат со спектакли, туку со поставување на системи што функционираат.,,Не можеме да очекуваме да имаме инспектор зад секој проблем. Македонија е мала земја, ни требаат дигитални решенија, автоматизирани системи и пред се, ред. И тука ја гледам разликата, Каја не ветува чудо, туку ред и систем“, констатира Битиќи.Тој посочи и примери од други европски градови, каде воведувањето на зони со ограничен сообраќај за загадувачки возила дало мерливи резултати во квалитетот на воздухот.,,Во Скопје, улиците се чистат еднаш на 14 дена, нема техничка вода, опремата е дотраена, а комуналната хигиена е сведена на добрата волја на граѓаните. Тоа не е политика, тоа е хаос. А од хаос, нема напредок”, посочи БитиќиНа средбата заеднички се заклучи дека граѓаните, институциите и стручната јавност мора да работат заедно, а не паралелно. Вистинскиот напредок, според Шукова, нема да дојде преку камери, ПР акции и еднократни спектакли за чистење, туку преку дневна, упорна работа на системот што ќе функционира без разлика кој е на власт.Кандидатката на СДСМ испрати јасна порака дека Скопје не смее повеќе да биде град на пропуштени шанси. Последните четири години, под водство на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска, градот стагнираше. Таа потенцира дека многу беше ветено, малку, ако воопшто и нешто беше испорачано. Институциите беа ослабени, комуналниот сектор занемарен, а граѓаните оставени сами да се борат со загадувањето, сообраќајниот хаос и урбанистичката деградација.„Доаѓа време кога Скопје ќе престане да биде синоним за разочараност. Мојата визија не е базирана на имиџ, туку на суштина. Верувам во град каде воздухот е чист, институциите се достапни, а јавниот интерес стои над приватниот“, заклучи Шукова.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-30-at-14.09.36

„Добар човек, кој прерано заминува“ - политичари и колеги со последни пораки за д-р Виктор Исјановски

Со длабока тага и неверување македонската јавност ја прими веста за прераната смрт на д-р Виктор Исјановски, истакнат психијатар, професор, долгогодишен здравствен работник и поранешен претседател на СДСМ Карпош.Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, а сега пратеник, Димитар Ковачевски, во својата порака истакна дека Исјановски ќе биде паметен како позитивен и професионален човек. „Како лекар, тој се грижеше за менталното здравје на граѓаните, а во најтешко време на пандемија успешно ја водеше најголемата здравствена установа во главниот град. Ќе го паметиме како секогаш позитивен, насмеан и професионален семеен човек, лекар и другар,“ напиша Ковачевски, упатувајќи сочувство до семејството, пријателите и колегите.Од општинската организација на СДСМ – Карпош порачаа дека неговото заминување е ненадоместлива загуба. „Виктор беше пример за човек со визија, знаење и посветеност. Како лекар, тој несебично се грижеше за менталното здравје на граѓаните; како лидер во здравството, со достоинство ги водеше институциите во најтешките времиња, а како партиски активист, беше глас на разумот, единството и напредокот. Почивај во мир, другар Виктор. Твоето дело ќе живее вечно.“Со зборови на почит се обрати и поранешниот министер за внатрешни работи, а сега пратеник, Оливер Спасовски: „Виктор беше човек со визија, знаење и несебична посветеност кон своите пациенти, колегите и пријателите. Со својот професионализам, добрината и човечноста остави длабока трага кај сите што имаа чест да го познаваат. Неговото заминување е голема и ненадоместлива загуба за здравството и за целото наше општество.“„Нека му е лесна земја и вечен спомен...“ напиша поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, а со кратка порака се обрати и Бојан Маричиќ: „Почивај во мир другар. Добар човек, кој прерано заминува.“Исјановски, јавноста најмногу го памети по неговата улога за време на пандемијата на ковид-19, кога го раководеше Здравствениот дом – Скопје и со сите расположливи ресурси ја водеше борбата против вирусот.

Коментари | пред 4 месеци

VenkoFilipceSDSM

Филипче: Платите растеа двојно побрзо во време на СДСМ, денес граѓаните едвај врзуваат крај со крај

„Кога двете ќе ги споредите, растот на платите во времето на СДСМ, индексно гледано, беше 11%, сега е 4%. Ако сакате во номинални бројки – растот на платите тогаш беше 15%, а сега е само 8%,“ изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за телевизија Сител.Тој потсети дека ваквиот раст бил постигнат во услови на глобални кризи, кога државата издвојувала дополнителни 2 милијарди евра за поддршка на граѓаните и компаниите. „Тие средства беа за зачувување на работните места и спас на фирмите,“ рече Филипче.Како пример ги наведе зголемувањата на минималната плата – од 8.000 на 22.000 денари, како и на просечната плата – од 22.000 на над 40.000 денари.Наспроти тоа, денеска, според Филипче, граѓаните се соочуваат со енормни поскапувања без реална помош од владата. „Потрошувачката кошничка, која споредуваме ова лето со минатото, од 60.000 е дојдена до 65.000 денари. Не може да се дозволи повеќе од две минимални плати да бидат потребни за основна кошничка, а сега се потребни три,“ истакна тој.Филипче предупреди дека ваквата состојба најдиректно го удира животниот стандард: „Граѓаните не можат крај со крај да излезат. Што им кажува владата? Да немаат еден оброк во денот? Тоа ли сака владата да каже? Или сака тоа да го изманипулира со некакви ПР трикови? Па во маркет граѓаните плаќаат со недоволните средства што им ги дава владата, а не со ПР-триковите на ВМРО-ДПМНЕ.“На крај, тој подвлече дека власта се обидува да ја прикрие економската немоќ со напади врз опозицијата. „Апсолутно лош перформанс, кој сакаат да го покријат со црни кампањи,“ рече Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

filipce

Јас сум предмет на црна кампања, a оваа Влада во историјата ќе биде запишана како фуснота, немаат ништо направено, вели Филипче

„Јас сум предмет на црна кампања на ВМРО-ДПМНЕ повеќе години наназад,“ изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за телевизија Сител, одговарајќи на нападите на власта околу неговиот приватен одмор.„Прво ми препишуваа некаква куќа во Нерези, па авиокомпанија во Дубаи, па стокатница во Дубаи, па сега еве јахта... Нема да се изненадам ако зимава застанат и се сликаат пред некоја куќа во Сент Мориц и кажат дека е моја,“ рече Филипче.Тој нагласи дека во отсуство на реални резултати, владејачката партија се потпира исклучиво на дезинформации и медиумски спинови.„Немаат што да прават друго, поради тоа што апсолутно нема никаков перформанс во владата. Немаат со што да се пофалат, ги демонтираме во сите мерки и бројки,“ истакна тој.Филипче оцени дека граѓаните веќе ги чувствуваат последиците од, како што ја нарече, неспособноста на власта: раст на цените, поскапени основни трошоци, економски слабости и целосно изостаната визија.„Сметам дека оваа влада ќе оди во историјата како една фуснота, затоа што буквално ништо нема да направат,“ заклучи лидерот на СДСМ.Тој потенцира дека Социјалдемократскиот сојуз останува фокусиран на реалните проблеми и на борбата за економски и социјален напредок, додавајќи дека „црните кампањи нема да го променат фактот дека граѓаните живеат сè потешко – и тоа е директен резултат на неспособна, расипничка и конфузна власт“.

Македонија | пред 5 месеци

Jovica-Jankovik

СДСМ: Наместо лаги за Филипче, Бојан Стојановски да се покаже во Собрание: Нека гласа за минимална плата од 500 евра

„За една година власт ВМРО-ДПМНЕ ја доведе државата во најголема економска несигурност, Македонија се претвора во земја на сиромаштија и неизвесност. “ , вели Јовица Јанковиќ и додава:Инфлацијата е 4,8% основните трошоци се зголемени за 4.300 денари. Цените во Македонија достигнаа 60% од европскиот просек, додека платите остануваат далеку под нивото, само 35% од европскиот просек. Со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните осиромашуваат.Ударот врз куповната моќ на граѓаните е резултат на неспособноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ и дебаклот на сите нивни промашени економски политики. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не испорача никаков резултат а разочарувањето кај граѓаните е огромно штанцаат невистини за Венко Филипче.Очигледно Бојан Стојановски одработува за нечии бизнис интереси штим зборува лаги во кои ниту тој самиот не верува. За катастрофалната економска состојба во која ја доведоа државата се знае кој е крив, тоа е ВМОР-ДПМНЕ и неспособната влада. А Бојан Стојановски може да докаже на дело дека навистина мисли на работниците и на граѓаните, во македонското Собрание.Еве, за почеток нека ги поддржи предлозите на СДСМ за:-зголемување на минималната плата на 500 евра,-укинување на ДДВ за храната и основните прехранбени производи,-континуирано покачување на платите во сите сектори.Понатаму, нека ги повика и неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за овие решенија и да побара од неговата влада да се откаже од луксузирањата со парите на граѓаните за папаја и манго. Ќе го направи ли ова Бојдан Стојановски и зошто не?

Македонија | пред 5 месеци

WhatsApp-Image-2025-08-27-at-20.27.52_fa29a1d7

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници во уште 11 општини

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ, на која партијата донесе одлука и даде согласност за нови кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата.Кандидатите на СДСМ се:1. Бутел – Оливера Ливриниќ2. Велес – Маја Хеско3. Гевгелија – Миле Атанасов4. Делчево – Дејан Глинџарски5. Демир Капија – Лазар Петров6. Конче – Благој Илиев7. Кратово – Влатко Спировски8. Кривогаштани – Игор Каравиловски9. Македонски Брод – Ивица Стојковски10. Ранковце – Даниел Крстевски11. Старо Нагоричане – Далибор ТрајковскиОд партијата порачаа дека и со овие кандидатури се потврдува подготвеноста на СДСМ да понуди „силни, чесни, квалитетни и докажани личности кои ќе работат во интерес на граѓаните и за напредокот на општините“.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања