„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

сејф сити

media-librarypqdaltr8022k3P0O759

Тошковски: Ако е дозволена брзина од 50км/ч „Безбеден град“ ќе регистрира прекршок од 57км/ч

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде идентична со онаа што важи за останатите полициски радари, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Како што информираше министерот, за возење со брзина до 100 километри на час ќе се применува толеранција од шест километри, за брзини над 100 километри на час – осум километри, додека за брзини над 200 километри на час толеранцијата ќе изнесува 12 километри на час.Во Скопје, каде што максимално дозволената брзина е 50 километри на час, системот „Безбеден град“ ќе регистрира прекршок при возење од 57 километри на час па нагоре. Сепак, Тошковски појасни дека оваа толеранција нема да важи во случаи кога ќе биде сторено кривично дело поврзано со сообраќајот.Во однос на службените возила, министерот нагласи дека и тие ќе бидат предмет на евидентирање и процесуирање доколку не се користат во рамки на оправдани оперативни дејствија. Кога службените возила постапуваат во рамки на нивното оперативно делување, тие нема да бидат дел од системот. Тоа значи дека возилата на Брза помош, Противпожарната служба, МВР и Министерството за одбрана, при извршување службени задачи, нема да бидат регистрирани, доколку тоа е оправдано согласно целисходноста на нивното дејствување, истакна Тошковски.

Македонија | пред 9 часа

media-libraryutg66ivd5s6l3sK519Q

МВР отвора посебен шалтер за „Безбеден град“: Граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од утре, 17 декември 2025 година, ќе биде отворен посебен шалтер за системот „Безбеден град“ во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ во Скопје (приземје).Шалтерот ќе работи секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот, а граѓаните ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците доставени при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или доколку имаат добиено известување со неточни податоци.Ажурирањето на податоците ќе може да се врши и во станиците за технички преглед на возила низ државата, каде што е распореден деташиран референт на МВР.Дополнително, граѓаните ќе имаат можност по електронска пошта на адресата bezbedengrad@moi.gov.mk да достават писмени забелешки, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“. Од МВР информираат дека сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Македонија | пред 1 седмица

media-library5b0gpmjkoiag4nsSTBQ

(Видео) Ќе има толеранција во брзината од „Сејф сити“, но ќе важи само за прекршоци, а не за кривична одговорност

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека системот „Сејф сити“ ќе функционира со јасно утврден праг на толеранција, но исклучиво за прекршоци, додека за потешките случаи ќе следуваат постапки со кривична одговорност. Тој појасни дека правилата за толеранција не ги утврдува МВР, туку институција која сега е во рамки на Министерството за енергетика, во согласност со важечките прописи.Според Тошковски, ваков праг на толеранција постои во голем број земји и се однесува на детектирање на прекршоци преку безбедносниот систем „Сејф сити“. „Ако имаме забрана за управување возило до 50 километри на час, тоа значи дека сè што е над 50, особено ако има повреден пешак или други отежнувачки околности, ќе повлече соодветна постапка со кривична одговорност“, истакна министерот.Тој нагласи дека толеранцијата ќе важи само за полесни прекршоци, додека опасното возење нема да биде предмет на компромис. Како аргумент, Тошковски се повика на светските статистики, кои, според него, јасно ја покажуваат опасноста од пречекорување на брзината.„Статистиката покажува дека кога се вози со 60 километри на час, шансите за преживување се речиси минимални. Од 10 лица, во просек преживуваат само две“, рече Тошковски, потенцирајќи дека целта на „Сејф сити“ е зголемување на безбедноста и намалување на тешките сообраќајни несреќи.

Настани | пред 1 седмица

media-library78l6eg5c2gb51aoQLmj

(Видео) Нов предлог како да се плаќаат казните од „Сејф сити“: треба да се внимава на позиционираноста на камерите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во „Претрес“ говореше за примената на системот „Сејф сити“ и потребата од негово континуирано подобрување. Тој истакна дека првите денови од имплементацијата покажале дека постојат бројни коментари од јавноста, по што е неопходно да се направи детална техничка ревизија.„Треба да се подобрува системот. Имаше доста коментари. Од технички аспект сметам дека треба да се внимава дали камерите се позиционирани како што треба, дали ги снимаат вистинските прекршоците, дали има проблеми со софтверот, како и безбедноста на тој софтвер – дали некој може да упадне во него“, изјави Андоновски.Според него, прецизноста на камерите и софтверската стабилност се клучни за да се избегнат неправилно изречени опомени или евентуални злоупотреби.Андоновски даде и конкретен предлог за начинот на плаќање на казните, со кој би се спречиле можни спам-напади или автоматизирани обиди за злоупотреба на системот.„Ние го користиме националниот портал услуги.гов.мк и сметам дека плаќањето на казните треба да биде преку тој портал. Гарантира кое е лицето, го гарантира начинот на плаќање, поврзани сме со банкарскиот систем на картички, така што не може да има злоупотреби. Тоа е мој совет“, посочи тој.Со оваа препорака, министерот укажува дека централизираното и дигитално плаќање е најсигурниот начин за контрола, транспарентност и спречување лажни трансакции.За многу работи нѐ засегаат, погледнете го разговорот тука:

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryutg66ivd5s6l3sK519Q

МВР ја поместува примeната на „Сејф сити“ – казните ќе стартуваат од февруари!

По неколкуте недели тестирање и испраќање опомени по СМС, Министерството за внатрешни работи сепак реши да ја одложи официјалната примена на системот „Безбеден град“ („Сејф сити“). Наместо како што беше најавено – од 1 јануари – регистрирањето и санкционирањето преку камерите ќе започне на 1 февруари 2026 година, информираат од МВР за „360 степени“.Од Министерството нагласуваат дека од февруари системот ќе биде активен во Скопје, Тетово и Куманово, како и на главните транспортни коридори 8 и 10. Во тест-периодот камерите веќе препознаваат прекршоци, но наместо казни се праќаат само предупредувања, што властите го користат како подготовка за целосната примена.Одложувањето доаѓа во момент кога се разгледуваат и дополнителни корекции – дел од раководството на МВР последниве денови отвори можност за воведување толеранција во ограничувањето на брзината, со опција да не се казнуваат возачи кои возат 52–53 километри на час во зона каде дозволеното е 50.Со новиот датум, институциите добиваат уште еден месец за усогласување на системот, додека возачите – уште малку време за прилагодување пред камерите да почнат да испраќаат вистински казни.

Скопје | пред 1 седмица

media-librarypeve7cqoqul55gXGKJd

Новите црвени таблички тестирани преку „Сејф сити“, откриен проблем со казните

Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Ивица Томовски, во телевизиско гостување на откри дека новите црвени регистарски таблички за службените возила биле претходно тестирани преку системот за видео-надзор „Сејф сити“. По успешната тест-фаза, започнала и нивната изработка.Томовски објасни дека тестирањето открило значителен проблем: прекршочните пораки од системот „Безбеден град“ пристигнуваат директно до лизинг-компаниите од кои Владата ги набавила возилата. Поради тоа, дел од казните најпрво се слеваат кај нив, а потоа се пренасочуваат до СОЗР.„Сметам дека треба да плаќа оној што го направил прекршокот, а не компанијата“, рече Томовски, најавувајќи дека Владата разгледува можни законски измени за да се отстрани ваквиот практичен проблем.Во врска со идејата службените возила да добијат и ГПС-уреди за сателитско следење, тој посочи дека конечната одлука ќе зависи од анализата на резултатите од „Сејф сити“ и реалните потреби на институциите. „Ќе почекаме да видиме дали тоа навистина ќе биде неопходно“, додаде Томовски.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi3r2917s3pk745SqqYP

(Видео) Кога „Сејф сити“ не снима? Ќе има ли казни ако ви се расипе возилото на булевар или поминете на трепкачко жолто

Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, во гостувањето во „Претрес со Ландов“ одговори на низа дилеми поврзани со системот „Безбеден град“. Една од најчестите – дали камерите казнуваат кога семафорите работат во режим на трепкачко-жолто.Според него, кога раскрсница ќе биде ставена под посебен режим – трепкачко-жолто или регулирање од сообраќаец – системот автоматски престанува да регистрира прекршоци.„Кога раскрсницата е во таква фаза, камерите не снимаат. Тие се поврзани со редовниот режим на работа на светлата. Не функционираат кога има трепкачи или кога сообраќајот го регулира полицаец“, објасни Топаловски.Тој се осврна и на дилемата дали возач ќе биде казнет ако мора да застане поради дефект.„Возач што запрел со вклучени четири трепкачи, затоа што има расипано возило, нема да биде казнет. Системот го увидува тоа, а и службениците што работат со него ја проценуваат реалната состојба“, додаде началникот на СВР Скопје.Топаловски потенцира дека нема да се изрекуваат санкции механички и без проценка, туку секогаш ќе се зема предвид дали постоела реална пречка или опасност.Го отвораме најчестото прашање на возачите. Одговорите ви се во разговорот:

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqpfomcjjfi738VD2rEM

(Фото) И Тошковски објави дека добил опомена оти возел 51 км/ч наместо 50 км/ч: Се движев со приватното возило

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, утрово добил смс-порака за сторен сообраќаен прекршок забележан од системот „Безбеден град“, додека со своето приватно возило се движел кон Кавадарци, каде денеска се одржува партискиот конгрес на ВМРО–ДПМНЕ. Како што објави, системот регистрирал движење со брзина што ја надминала дозволената за само 1 километар на час.„Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира прекршок – санкцијата следи, без оглед кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани“, порача Тошковски.Министерот нагласи дека управувањето со возило е обврска, а не привилегија, и дека токму преку личен пример се гради доверба во институциите и безбедност на патиштата. Според него, „Безбеден град“ не е механизам за казнување, туку систем за воведување ред, дисциплина и спречување трагедии.„Со алармантниот број жртви на патиштата што го имаме, мора да покажеме лична одговорност. Државата ќе биде посигурна само ако законите важат подеднакво за сите – вклучувајќи нè и нас, кои сме најодговорни за нивното спроведување“, истакна министерот.ОДГОВОРИ НА СИТЕ ПРАШАЊА И ЗА СИТЕ ДИЛЕМИ:

Македонија | пред 2 седмици

media-librarysisp98otchut5W5JXCG

(Видео) Ќе се казнува ли возење до 51 км/ч или 52 км/ч со „Сејф сити“?

Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје, во гостувањето во подкастот „Претрес со Ландов“ одговори на најчестите дилеми што ги отвори воведувањето на системот „Сејф сити“, особено по реакциите на граѓаните за опомените во тест-периодот, кои ќе бидат казни по активацијата на камерите за возење со 51 или 52 километри на час.Топаловски истакна дека системот функционира согласно европската регулатива, каде прекршок се смета секое надминување на дозволената брзина, без разлика дали станува збор за еден или повеќе километри.„51 км/ч во градска средина, седумдесет во друга средина, и нели ги знаете автопатските делници. И ние мораме да го нивелираме системот со 51 км/ч. Во принцип, ако од сто илјади вчерашни казни, осумдесет илјади беа со 51 км/ч, 52 км/ч. системот самиот ќе ни ја покаже вредноста на која што ние во иднина би можеле да рачунаме да нивелираме согласно европските.Но, ако од сто илјади прекршители вчерашниот ден, ако осумдесет илјади се оние што возеа над седумдесет, за каква нивелација ние зборуваме? Секако дека ќе ги нивелираме границите заедно со граѓаните“, рече Топаловски во „Претрес“.Целиот разговор тука:Тој повтори дека главната цел не е санкционирање по секоја цена, туку намалување на ризикот и спасување човечки животи.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryutg66ivd5s6l3sK519Q

„Сејф сити“ регистрира „дивеење“ со 231 км/ч на обиколницата – системот догодина ќе покрива цела Македонија

Возач кој развил неверојатни 231 километар на час на скопската обиколница е досега најекстремниот случај што го регистрирале камерите на системот „Сејф сити“. Информацијата ја откри началничката на Сeктoрот за сообраќај во МВР, Маја Арсовска-Манов, која синоќа потврди дека електронскиот систем за детекција на прекршоците веќе е активен на подрачјето на Скопје, а во наредните месеци ќе се проширува низ целата држава.Планот на МВР е до крајот на месецот „Сејф сити“ да се стави во функција и во Куманово и Тетово, а опотоа системот треба да функционира на целата територија на Македонија.Иако системот е нов, бројките се алармантни. Во првите 24 часа регистрирани се 110.000 прекршоци, а веќе следниот ден бројката паднала на 50.652 – знак дека многу возачи веднаш ја намалиле брзината.Најмногу прекршоци се забележани на:излезот од Скопје кон Тетово – околу 4.300 случаи,булевар „Никола Карев“ – околу 3.000 случаи.

Скопје | пред 3 седмици

media-librarypeve7cqoqul55gXGKJd

(Видео) Што ако ја криете таблицата од „Сејф сити“ или ви се расипа возилото на булевар кај што не смеете да стоите

„Ако некој има расипано возило и вози со четири трепкачи, сигурно нема да добие казна“, изјави началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, објаснувајќи дека системот „Сејф сити“ не е создаден да санкционира ситуации во кои возачите имаат реален технички проблем.Во однос на можните обиди за сокривање на регистарските таблици со флуоресцентни гелови, лакови или ливчиња, тој рече дека МВР внимателно ги следи сите трикови што кружат на интернет.„Гледаме и ние дека постојат такви финти. Досега не сме забележале таблици со гел или лак. Не можам да предвидам што може да се појави во иднина, но ако се појави – системот е тука и ќе го решаваме“, порача Топаловски.

Студио | пред 3 седмици

media-library72tvbeicqbg661UUKxe

Митева: Со „Сејф сити“ добиваме поголема безбедност во сообраќајот

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во емисијата „Само вистини“ на телевизија Канал 5, зборуваше на темата за имплементацијата на системот „Сејф сити“, кој во моментов е активен од 1 декември, а пробниот период за истиот ќе трае до 1 јануари, за што  како што вели таа, претходно Владата беше транспарентна и го најави истото.„Многу долго зборувавме за овој проект и многу долго го најавуваме, и мислам дека ги кажувавме сите предности од аспект на безбедност во сообраќајот и  помалку жртви. Можевме да видиме натписи од новинари, кои што споредуваа држави од Европа, кои што го имаат имплементирано, каде што немаат во 2025 година смртен случај“, рече Митева.Митева посочи дека Владата била транспарентна, однапред најавувајќи го пробниот период за „Сејф сити“, кој во моментов е активен  од почетокот на месецот до 1 јануари. Според неа, во Скопје веќе се гледа поинаков сообраќај.„Во делот на комуникацијата, се обидовме максимално да бидеме транспарентни и нагласивме многу претходно, дека практично ќе почне примената односно со тест период од 1 декември, кој што ќе трае до 1 јануари“, истакна Митева и додаде:„Целата комуникација, можеби се сведе на тоа дали треба 51 или 52. Верувам дека на секој еден новитет, кога се воспоставува ред едноставно е очекувано да имате бурни реакции. Но она што можеме да го забележиме изминативе денови, е поинаков сообраќај во главниот град. И се надевам дека со текот на времето тоа ќе стане наша навика, односно ќе стане наш принцип на раководење со моторно возило и тоа како се однесуваме во сообраќајот“.Митева додаде дека проектот е имплементиран за само година и неколку месеци.„За година и неколку месеци, доаѓаме до имплементација на проектот. Песимизмот не се решава со зборови. Ние можеме на граѓаните да им зборуваме се најдобро, но на крајот резултатите ги даваат делата кои што ги правите“, посочи Митева.Според неа, промените бараат време за граѓаните да ги почувствуваат, по години апатија и нефункционални институции.„Јас знам дека ова е процес кој што подолго време ќе трае, јас знам дека на граѓаните подолго време ќе им треба да ја видат промената, да ја почувствуваат. Затоа што ние имавме многу долги, тешки години, на апатија на неработење, на лоши вести, на немање систем, на немање функционалност на институциите, на немање на добри проекти“, заклучи Митева.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryd5nt83lagu0qaD0vXXk

Возачите ја сфатија пораката? Познат бројот на прекршоци за вториот ден од активацијата на „Безбеден град“

На вториот ден од тестирањето на „Безбеден град“, Министерството за внатрешни работи бележи значително намалување на сообраќајните прекршоци во Скопје. По хаотичните 110.000 нарушувања во првите 24 часа, кога голем број возачи добиваа автоматски известувања на своите телефони, полицијата вели дека граѓаните ја сфатиле пораката.„Во Скопје за 24 часа се регистрирани вкупно 50.652 прекршоци, од кои 48.861 за брзина, 1.366 за минување на црвено светло и 425 за нерегистрирани возила“, соопштуваат од МВР.Надлежните истакнуваат дека проектот засега се тестира само во главниот град. Во Куманово и Тетово системот ќе се активира во наредните денови, а на автопатските правци – Коридор 10 и Коридор 8 – во текот на неделата.Целта на властите е амбициозна: до средината на 2026 година сите градови во државата да бидат покриени со надзорни камери, а до 2050 година смртноста од сообраќајни несреќи да се сведе на нула.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryu1mdoa04e1iq55TpJT7

„Тему не праи толку пари колку што ќе направи МВР“

Инфлуенсерката и критичарка позната под псевдонимот Ина Многуфина со само неколку статуси успеа да го долови расположението на јавноста по стартот на проектот „Безбеден град“. Низ комбинација од иронија и сурова реалност, таа ја опиша колективната „паника“ што ја зафати државата, но и хаосот во сообраќајните навики што системот само ја оголи.Првиот нејзин статус, објавен уште пред стартот на тест-периодот, стана хит:„Се исфенирав за утре да не се брукам на Сејф сити камерите.“Со едно единствено хумористично вметнување, Многуфина го погоди стравот на возачите дека повеќе никој не може да помине незабележано.Вчера реагираше на бројката од 110.000 регистрирани прекршоци за само 24 часа:„110.000 за 24 часа на неколку улици во Скопје и автопат. Ние ќе си купиме море за една година“.Иронично, но во суштина – пресликано од реалноста која покажува колку длабоко се вкоренети сообраќајните прекршоци.Со уште поостар сарказам, инфлуенсерката го спореди профитот што го очекува МВР со популарната онлајн платформа Тему: „Тему не праи толку пари колку што ќе направи МВР“.Коментар што многумина директно го споделија како политичко-економска анализа замотана во две реченици.А најголем интерес предизвика статусот кој ги отвори прашањата околу системот и начинот на добивање казни: „Убаво ова со Сејф сити, ама каде да провериме кој тел и мејл ми се во МВР за казни? На регистрација ништо не ме прашуваат. Да не се изненадам за 5 месеци од казни со камати, па да треба бубрег да оставам.“Ина Многуфина успеа во нешто што ретко кому му успева: да ја претвори општествената нервоза во хумористична критика без да ја ублажи суштината на потенцијалните проблеми. Нeјзините статуси за „Безбеден град“ не се само шеги – тие се огледало на реалноста која јавноста ја препознава.

Коментари | пред 3 седмици

media-libraryt3c9lt6g3cr6fAPGVxK

(Видео) Оваа апликација веќе ги мапира сите камери за брзина – еве како им помага на возачите

Додека проектот „Безбеден град“ влегува во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе најдоа дигитално решение за да се снајдат во новите правила и масовното мерење на брзина. Апликацијата Waze станува најкористениот сообраќаен асистент, затоа што ги прикажува речиси сите локации на камерите што мерaт брзина.„Waze“ е навигациска апликација која во реално време ги прикажува сите релевантни информации за патот – а од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе мапирана од корисниците.Апликацијата нуди:Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени.Гласовно предупредување кога се приближувате до камера.Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи.Автоматско пресметување на најбезбедна рута, со приказ на сите точки каде треба да се внимава.Можност самите корисници да пријавуваат локации на нови камери, со што мрежата постојано се ажурира. Возачите ја користат за да:го следат ограничувањето на брзината на секој дел од патот,избегнат ненамерни прекршоци,добијат предупредување неколку стотини метри пред камера,ја планираат рутата без страв дека ќе бидат „изненадени“.Апликацијата работи по принцип на заедница – колку повеќе возачи ја користат, толку поточно и побрзо се ажурираат сите податоци, вклучувајќи ги и новите камери на „Безбеден град“.Во првите 48 часа од стартот на тест фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна. Со ова, за многумина апликацијата стана единствената гаранција дека нема да направат прекршок од незнаење.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања