СЕЈФ СИТИ

media-libraryutg66ivd5s6l3sK519Q

„Сејф сити“ регистрира „дивеење“ со 231 км/ч на обиколницата – системот догодина ќе покрива цела Македонија

Возач кој развил неверојатни 231 километар на час на скопската обиколница е досега најекстремниот случај што го регистрирале камерите на системот „Сејф сити“. Информацијата ја откри началничката на Сeктoрот за сообраќај во МВР, Маја Арсовска-Манов, која синоќа потврди дека електронскиот систем за детекција на прекршоците веќе е активен на подрачјето на Скопје, а во наредните месеци ќе се проширува низ целата држава.Планот на МВР е до крајот на месецот „Сејф сити“ да се стави во функција и во Куманово и Тетово, а опотоа системот треба да функционира на целата територија на Македонија.Иако системот е нов, бројките се алармантни. Во првите 24 часа регистрирани се 110.000 прекршоци, а веќе следниот ден бројката паднала на 50.652 – знак дека многу возачи веднаш ја намалиле брзината.Најмногу прекршоци се забележани на:излезот од Скопје кон Тетово – околу 4.300 случаи,булевар „Никола Карев“ – околу 3.000 случаи.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarypeve7cqoqul55gXGKJd

(Видео) Што ако ја криете таблицата од „Сејф сити“ или ви се расипа возилото на булевар кај што не смеете да стоите

„Ако некој има расипано возило и вози со четири трепкачи, сигурно нема да добие казна“, изјави началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, објаснувајќи дека системот „Сејф сити“ не е создаден да санкционира ситуации во кои возачите имаат реален технички проблем.Во однос на можните обиди за сокривање на регистарските таблици со флуоресцентни гелови, лакови или ливчиња, тој рече дека МВР внимателно ги следи сите трикови што кружат на интернет.„Гледаме и ние дека постојат такви финти. Досега не сме забележале таблици со гел или лак. Не можам да предвидам што може да се појави во иднина, но ако се појави – системот е тука и ќе го решаваме“, порача Топаловски.

Студио | пред 2 месеци

media-library72tvbeicqbg661UUKxe

Митева: Со „Сејф сити“ добиваме поголема безбедност во сообраќајот

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во емисијата „Само вистини“ на телевизија Канал 5, зборуваше на темата за имплементацијата на системот „Сејф сити“, кој во моментов е активен од 1 декември, а пробниот период за истиот ќе трае до 1 јануари, за што  како што вели таа, претходно Владата беше транспарентна и го најави истото.„Многу долго зборувавме за овој проект и многу долго го најавуваме, и мислам дека ги кажувавме сите предности од аспект на безбедност во сообраќајот и  помалку жртви. Можевме да видиме натписи од новинари, кои што споредуваа држави од Европа, кои што го имаат имплементирано, каде што немаат во 2025 година смртен случај“, рече Митева.Митева посочи дека Владата била транспарентна, однапред најавувајќи го пробниот период за „Сејф сити“, кој во моментов е активен  од почетокот на месецот до 1 јануари. Според неа, во Скопје веќе се гледа поинаков сообраќај.„Во делот на комуникацијата, се обидовме максимално да бидеме транспарентни и нагласивме многу претходно, дека практично ќе почне примената односно со тест период од 1 декември, кој што ќе трае до 1 јануари“, истакна Митева и додаде:„Целата комуникација, можеби се сведе на тоа дали треба 51 или 52. Верувам дека на секој еден новитет, кога се воспоставува ред едноставно е очекувано да имате бурни реакции. Но она што можеме да го забележиме изминативе денови, е поинаков сообраќај во главниот град. И се надевам дека со текот на времето тоа ќе стане наша навика, односно ќе стане наш принцип на раководење со моторно возило и тоа како се однесуваме во сообраќајот“.Митева додаде дека проектот е имплементиран за само година и неколку месеци.„За година и неколку месеци, доаѓаме до имплементација на проектот. Песимизмот не се решава со зборови. Ние можеме на граѓаните да им зборуваме се најдобро, но на крајот резултатите ги даваат делата кои што ги правите“, посочи Митева.Според неа, промените бараат време за граѓаните да ги почувствуваат, по години апатија и нефункционални институции.„Јас знам дека ова е процес кој што подолго време ќе трае, јас знам дека на граѓаните подолго време ќе им треба да ја видат промената, да ја почувствуваат. Затоа што ние имавме многу долги, тешки години, на апатија на неработење, на лоши вести, на немање систем, на немање функционалност на институциите, на немање на добри проекти“, заклучи Митева.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryd5nt83lagu0qaD0vXXk

Возачите ја сфатија пораката? Познат бројот на прекршоци за вториот ден од активацијата на „Безбеден град“

На вториот ден од тестирањето на „Безбеден град“, Министерството за внатрешни работи бележи значително намалување на сообраќајните прекршоци во Скопје. По хаотичните 110.000 нарушувања во првите 24 часа, кога голем број возачи добиваа автоматски известувања на своите телефони, полицијата вели дека граѓаните ја сфатиле пораката.„Во Скопје за 24 часа се регистрирани вкупно 50.652 прекршоци, од кои 48.861 за брзина, 1.366 за минување на црвено светло и 425 за нерегистрирани возила“, соопштуваат од МВР.Надлежните истакнуваат дека проектот засега се тестира само во главниот град. Во Куманово и Тетово системот ќе се активира во наредните денови, а на автопатските правци – Коридор 10 и Коридор 8 – во текот на неделата.Целта на властите е амбициозна: до средината на 2026 година сите градови во државата да бидат покриени со надзорни камери, а до 2050 година смртноста од сообраќајни несреќи да се сведе на нула.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryu1mdoa04e1iq55TpJT7

„Тему не праи толку пари колку што ќе направи МВР“

Инфлуенсерката и критичарка позната под псевдонимот Ина Многуфина со само неколку статуси успеа да го долови расположението на јавноста по стартот на проектот „Безбеден град“. Низ комбинација од иронија и сурова реалност, таа ја опиша колективната „паника“ што ја зафати државата, но и хаосот во сообраќајните навики што системот само ја оголи.Првиот нејзин статус, објавен уште пред стартот на тест-периодот, стана хит:„Се исфенирав за утре да не се брукам на Сејф сити камерите.“Со едно единствено хумористично вметнување, Многуфина го погоди стравот на возачите дека повеќе никој не може да помине незабележано.Вчера реагираше на бројката од 110.000 регистрирани прекршоци за само 24 часа:„110.000 за 24 часа на неколку улици во Скопје и автопат. Ние ќе си купиме море за една година“.Иронично, но во суштина – пресликано од реалноста која покажува колку длабоко се вкоренети сообраќајните прекршоци.Со уште поостар сарказам, инфлуенсерката го спореди профитот што го очекува МВР со популарната онлајн платформа Тему: „Тему не праи толку пари колку што ќе направи МВР“.Коментар што многумина директно го споделија како политичко-економска анализа замотана во две реченици.А најголем интерес предизвика статусот кој ги отвори прашањата околу системот и начинот на добивање казни: „Убаво ова со Сејф сити, ама каде да провериме кој тел и мејл ми се во МВР за казни? На регистрација ништо не ме прашуваат. Да не се изненадам за 5 месеци од казни со камати, па да треба бубрег да оставам.“Ина Многуфина успеа во нешто што ретко кому му успева: да ја претвори општествената нервоза во хумористична критика без да ја ублажи суштината на потенцијалните проблеми. Нeјзините статуси за „Безбеден град“ не се само шеги – тие се огледало на реалноста која јавноста ја препознава.

Коментари | пред 2 месеци

media-libraryt3c9lt6g3cr6fAPGVxK

(Видео) Оваа апликација веќе ги мапира сите камери за брзина – еве како им помага на возачите

Додека проектот „Безбеден град“ влегува во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе најдоа дигитално решение за да се снајдат во новите правила и масовното мерење на брзина. Апликацијата Waze станува најкористениот сообраќаен асистент, затоа што ги прикажува речиси сите локации на камерите што мерaт брзина.„Waze“ е навигациска апликација која во реално време ги прикажува сите релевантни информации за патот – а од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе мапирана од корисниците.Апликацијата нуди:Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени.Гласовно предупредување кога се приближувате до камера.Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи.Автоматско пресметување на најбезбедна рута, со приказ на сите точки каде треба да се внимава.Можност самите корисници да пријавуваат локации на нови камери, со што мрежата постојано се ажурира. Возачите ја користат за да:го следат ограничувањето на брзината на секој дел од патот,избегнат ненамерни прекршоци,добијат предупредување неколку стотини метри пред камера,ја планираат рутата без страв дека ќе бидат „изненадени“.Апликацијата работи по принцип на заедница – колку повеќе возачи ја користат, толку поточно и побрзо се ажурираат сите податоци, вклучувајќи ги и новите камери на „Безбеден град“.Во првите 48 часа од стартот на тест фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна. Со ова, за многумина апликацијата стана единствената гаранција дека нема да направат прекршок од незнаење.

Македонија | пред 2 месеци

media-library65a9ce1nk8pu7m7a8Ch

Шофери на министри се веќе казнети, за министер за полиција, премиер, претседател важат други правила, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска истакна дека системот „Сејф сити“ ќе функционира исклучиво на принцип на неселективност и дека ниту еден функционер, вработен во институциите или возач на службено возило нема да биде изземен од санкции доколку направи сообраќаен прекршок.Одговарајќи на новинарско прашање дали функционерите ќе бидат казнувани, Тошковски рече дека правилата ќе важат за сите, без исклучок.„Сејф сити единствено може да даде соодветен одговор ако прави до крај неселективност. Никој нема да биде исклучен. Возило на Брза помош кога ќе вози побрзо од јасно пропишани ситуации, нема да биде казнет. Исто и за возило на МВР кое работи. Ќе ја има јасно утврдени процедури. Тоа ќе биде констатирано во рамки на Сејф сити. Никој нема да биде иззмеен, односно ќе биде казнет. Веќе досега, шофери на неколку министри се казнети. Сториле сообраќаен прекршок, било констатирано од полицајци, биле казнети“, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски прашан дали функционерите ќе бидат казнети.Според него, и досега биле казнувани шофери на министри.„Ниту министерот за внатрешни работи во рамки на тековното работење, нема да биде екскулпиран во сообраќаен прекршок. Во рамки на утврдена процедура за министер за внатрешни работи, претседател на држава, премиер, претседател на Собрание, тука важат други правила на игра“ одговори Тошковски на прашање „Колку ве возеа вас додека доаѓавте на настанот“, а кога новинарот посочи „Значи ве возеле повеќе од 50 км/ч, тој додаде „Вие сакате да чуете нешто што би дало шмек и доза дека не важи правилото за министерот. Но тоа не е точно. Министерот нема цел живот да биде министер, еден ден нема. И сега ако министерот управува возило над дозволеното, ќе биде казнет. И досега биле казнети министри“.Прашан, кој министри биле казнети, Тошковски посочи само: „Биле казнети луѓе кои возеле министри, а внатре биле министри. Не сакам да ги специфирам, но најмалку три за кои јас знам“.Министерот информираше дека МВР во изминатиот период работи заедно со сите релевантни институции на ревидирање на постојните патишта каде ќе бидат поставени безбедносните камери. Пробниот период, кој трае околу еден месец, го оцени како „критично важен“ за граѓаните да се запознаат со концептот и за унапредување на самиот систем.„Изминатиов период претставници од МВР со сите институции работат на ревидирање на сите постоечки патишта на кои ќе се лоцираат безбедносните камери. Овој тест период за овие триесетина дена, е навистина одлична можност како граѓаните да се запознаат со тоа што сакаме да го имплементираме. Секоја дебата кога ја отворате, како мисла водилка пред себе да го имате пред себе дека ние сме една од најлошите земји во свет, според бројот на луѓе што ги губиме на улциите. 142 жртви не е само бројка, туку луѓе со родители и семејства. Легитимно е како јавност да отворате прашања од интерес на јавноста, но пред било кое прашање да го поставите, пред себе да имате факт кој нас нѐ става во дното на земји со број на загубени човечки животи“, рече Тошковски.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykgodaioc1j416AxQO6H

И за возење 50,5 км/ч ќе има опомени“, вели Мицкоски за критиките за „Безбеден град“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека цврсто стои зад примената на системот „Безбеден град“ и дека Владата е подготвена да ги издржи сите политички последици, доколку тоа резултира со спасени човечки животи.„Апсолутно ја поддржувам примената на ‘Безбеден град’ како проект и поддржувам да се прошири на целата територија. Некои велат дека ќе донесе политички удар, јас велам дека сме подготвени да го издржиме тој удар, само да спасиме некој живот“, изјави Мицкоски.Тој потсети дека само во последните две недели во главниот град имало три човечки жртви – повредени и загинати пешаци, како резултат на непочитување на сообраќајните правила.„Слушам критики од пратеници на поранешното мнозинство СДСМ–ДУИ, како возеле 52 км/ч, 55 км/ч и добиле опомени. И со 50,5 км/ч ќе добијат опомени, бидејќи има правила што значи прилагодена и неприлагодена брзина“, нагласи премиерот.Мицкоски додаде дека бројката на жртви и тешки несреќи не остава простор за компромиси.„Се губат човечки животи поради неприлагодена брзина. Еве само видете колку луѓе ги загубиле животите затоа што возачи не прилагодиле брзина и поминале на црвено светло“, рече тој, истакнувајќи дека системот има за цел да воведе ред, дисциплина и култура во сообраќајот.Според Мицкоски, сите критики ќе бидат прифатени, но нема да влијаат врз решеноста на Владата да продолжи со модернизацијата на системите за безбедност и намалување на ризиците на улиците.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhcohvp1o16mfdhJ1HHi

Правник алармира: МВР праќа опомени со туѓи лични податоци – ризик по безбедноста на граѓаните

Арбен Мемети, правник во „Цукиќ-Марков“ алармираше за пропуст во функционирањето на Системот „Безбеден град“. До него, како што вели, се јавиле повеќе граѓани кои добиле СМС пораки и електронски опомени за сообраќајни прекршоци – но со туѓи лични податоци.Во пораките што ги примиле граѓаните биле наведени целосни податоци на сосема други лица: име и презиме, единствен матичен број, број на лична карта и детали за возилото. Според Мемети, тоа претставува директно прекршување на Законот за заштита на личните податоци.„Ова не е само техничка грешка, туку системски ризик кој ја загрозува приватноста и безбедноста на граѓаните. МВР со ваквата неажурност ги прекршува законските обврски и ја поткопува довербата во системот,“ предупредува адвокатот.Мемети потсетува дека грешките во испраќањето на опомените отвораат сериозни прашања:– како ќе се гарантира дека казните ќе стигнат до вистинскиот сторител?– дали граѓаните ќе се соочат со неоправдани правни последици за прекршоци што не ги сториле?Според него, јавноста со право чувствува недоверба ако системот веќе испраќа чувствителни податоци на погрешни адреси.„Ако денес стигнуваат туѓи податоци, како да веруваме дека утре нема да стигнат и туѓи казни?“, прашува Мемети.Дополнителен проблем е тоа што МВР нема прецизен механизам за собирање и ажурирање на телефонски броеви и електронски адреси. Често, при регистрација на возило, службениците воопшто не ги бараат овие информации, што доведува до погрешно доставување опомени и создавање дополнителни забуни.Адвокатот бара:– итна проверка на системот за испраќање опомени,– утврдување на причините за пропустите,– корекција на неажурните и погрешни бази на податоци,– воспоставување безбедни процедури за обработка на лични податоци, согласно законот.„Граѓаните имаат право на точни, сигурни и безбедни информации. МВР има обврска тоа да го гарантира – без компромиси,“ порача Мемети.

Коментари | пред 2 месеци

media-libraryhcohvp1o16mfdhJ1HHi

(Фото) Изненадување за возачите: Системот „Безбеден град“ почна денес – првите СМС-пораки веќе пристигнуваат

Иако МВР најави дека системот „Безбеден град, безбедна држава“ ќе стартува утре, 1 декември, дел од возачите денес изненадувачки ги добија првите СМС-известувања за регистрирани сообраќајни прекршоци.Пораките доаѓаат од официјалниот испраќач МВР-СЦ и содржат регистарски ознаки на возилото, како и линк преку кој граѓаните можат да го преземат записникот за констатираниот прекршок. Во документите се наведени сите детали — локација, време, вид на прекршок, измерена брзина, како и техничките податоци од камерите „Tattile“, со датум на бaждарење.Граѓаните кои веќе ги добија овие пораки велат дека системот очигледно е пуштен во функција еден ден пред најавениот старт. Според МВР, периодот до Нова година треба да биде тест-фаза во која се праќаат само предупредувања, но денешните пораки покажуваат дека камерите веќе активно снимаат и регистрираат прекршоци.Од 1 јануари, системот ќе премине во целосна примена и секој сторен прекршок ќе биде казнет без толеранција — и во град, и на автопат. Сопствениците на возилата ќе добиваат СМС и мејл известување со записник и платен налог, а рокот за плаќање половина казна ќе биде осум дена од приемот.Камерите се поставени на повеќе клучни раскрсници во Скопје, како и на автопатите долж коридорите 8 и 10, а целта е намалување на прекумерната брзина, минување на црвено и неправилното паркирање — прекршоци кои во последните години доведоа до серија тешки несреќи со фатални последици.Судејќи по денешниот ден, технологијата веќе ја презеде работата. Камерите снимаат, системот регистрира, а возачите ги добиваат првите пораки — иако „официјално“ стартот беше закажан за утре.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања