Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

СЕЈФ СИТИ

04

ВЛЕН: Камерите „Безбеден град“ ќе имаат исти толеранции како полициските радари

ВЛЕН во денешното соопштение нагласува дека толеранциите на камерите од „Безбеден град“ ќе бидат исти како оние на полициските радари: 6 км/ч до 100 км/ч и 8 км/ч над 100 км/ч.Според владиниот коалициски партнер, ова докажува дека фокусот е на превенција, а не на казнување. Толеранцијата важи само за помали прекршоци, додека не важи за кривични сообраќајни прекршоци, додаваат од таму.„Во врска со имплементацијата на системот, нагласуваме дека толеранциите на камерите ќе бидат идентични со оние што веќе ги применуваат полициските радари: толеранција од 6 км/ч за брзини до 100 км/ч и 8 км/ч за брзини над 100 км/ч. Ова јасно покажува дека целта не е казнување, туку спречување на прекршоци што ги загрозуваат животите на луѓето. Толеранцијата се однесува само на помали прекршоци и не се однесува на случаи на кривични сообраќајни прекршоци“, велат од ВЛЕН.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryafnd89a7afcraGn7gCv

Ѓорѓиевски: Ќе воведеме паметен зелен бран со кој ќе се намалат гужвите

Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави дека денес бил одржан координативен состанок со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и експерти од областа на сообраќајот, посветен на финалните подготовки за официјалното пуштање во функција на Сејф Сити системот.„Градот Скопје ќе има силна и активна улога во неговата имплементација, со цел воспоставување ред, дисциплина и многу повисоко ниво на безбедност за сите учесници во сообраќајот“, напиша Ѓорѓиевски. Тој додава дека ова е „суштинска реформа во начинот на кој функционира сообраќајот во нашиот град“ и дека ќе се воведе „паметен зелен бран – модерен, адаптивен и иновативен систем кој во реално време ќе го регулира протокот на возила, ќе ги намали гужвите и ќе овозможи побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ Скопје“.Дополнително, според него, преку Сејф Сити системот ќе се стави крај на „девијантното и неодговорно однесување кое со години наназад го нарушуваше јавниот ред и резултираше со уништување на урбаната опрема и јавниот простор“. „Контролата, превенцијата и брзата реакција ќе станат стандард. Ова ќе значи побезбедни улици, почитување на правилата, заштита на јавниот имот и пред сè, сигурност за секој граѓанин“, истакнува Ѓорѓиевски.Тој заклучува дека со овие мерки Скопје се гради како „современ и функционален град за сите“.

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

МВР ги објави казните што се изрекуваат преку системот „Безбеден град“

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби.Пречекорување на брзина во населено место(дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак)• до 10 km/h над дозволеното – 15 €• од 10 до 30 km/h – 50 €• од 30 до 50 km/h – 300 € + забрана за управување 3–12 месециПречекорување на брзина надвор од населено место(130 km/h автопат • 110 km/h пат за моторни возила • 90 km/h други патишта)• до 30 km/h над дозволеното – 20 €• од 30 до 50 km/h – 50 €• од 50 до 70 km/h – 300 € + забрана за управување 3–12 месециПоминување на црвено светло• 250 € глоба• забрана за управување 3–12 месециНепрописно запирање и паркирање(пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации)• глоби од 25 €, 40 €, 150 € и 180 €(во зависност од видот и тежината на прекршокот) Учество во сообраќај со нерегистрирано возило(без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблици)• 500 € глоба• ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена – 100 €Намалување на санкциите• Плаќање во рок од 8 дена → се плаќа 50% од глобата• Ако има и забрана за управување → се изрекува во половина од пропишаниот рок

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

Алијанса на Таравари ќе го обжали „Безбеден град“ пред Уставен: Не се почитуваат правата на Албанците

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари остро реагира на начинот на кој владејачката коалиција ВМРО-ВЛЕН-ЛЕВИЦА го спроведува проектот „Безбеден град“, оценувајќи дека станува збор за селективна примена што го крши Законот за јазиците и создава сериозен економски товар за граѓаните преку, како што велат, непропорционални казни.Од ова политичко крило посочуваат дека примената на проектот отвора низа правни, социјални и уставни прашања, кои директно се одразуваат врз секојдневниот живот и благосостојбата на граѓаните. Според нив, проблематично е и тоа што официјалната комуникација со јавноста, вклучително и известувањата и санкциите што произлегуваат од системот „Безбеден град“, не се спроведува со почитување на јазичните права на граѓаните Албанци.„Ова претставува директно кршење на Законот за јазиците и на уставните принципи врз кои се темели мултиетничката и демократска држава“, реагираат од таборот на Арбен Таравари, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да обезбедат еднаков и недискриминаторски пристап кон сите граѓани.Крилото на Алијансата за Албанците дополнително бара итно преиспитување на висината на казните и на прагот на толеранција, со цел мерките за сообраќајна безбедност да не се претворат во тежок финансиски притисок за семејствата. Тие сметаат дека селективната примена на проектот само во одредени градови е неправедна и дискриминаторска, поради што најавуваат дека ќе го оспорат Законот за прекршоци пред Уставниот суд, со цел заштита на правата на граѓаните и обезбедување еднаквост пред законот.Во меѓувреме, на неколку дена пред официјалното пуштање во употреба на системот „Безбеден град“, надлежните институции ги спроведуваат последните технички проверки. Денеска, во скопската населба Автокоманда, на излезот од градот кој со години се смета за една од најризичните сообраќајни точки, беше извршено тестирање и верификација на радарите и камерите за мерење на брзината на движење на возилата. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, информираше дека утврдените отстапувања се минимални и дека системот е подготвен за ставање во функција.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarynhpt3n4oh2rjfHXHtLB

Зијадин Села: „Сејф сити“ камерите се против Албанците, за нивна финансиска репресија!

Претседателот на едното крило на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, остро реагираше на имплементацијата на проектот „Безбеден град“, оценувајќи дека станува збор за систем кој, наместо безбедност, има за цел финансиска експлоатација на одредена категорија граѓани, пред сè на Албанците.Села посочи дека е загрижувачки кога, како што рече, дури и проекти што се промовираат како општо добро и како мерки за зголемување на безбедноста, во суштина се користат за „удирање по џебот“ на одредени заедници. Според него, не е тешко да се види каде и врз кого се применува проектот „Безбеден град“, наведувајќи дека камерите се поставени токму во Скопје, Куманово и Тетово, како и во скопските општини Чаир, Сарај и Бутел, каде што живее мнозинско албанско население.Тој оцени дека камерите се концентрирани на влезовите и излезите што ги користат Албанците за движење кон Скопје, како и во делови со застарена или недоволна патна и сообраќајна инфраструктура.„Нема семафори, но има камери за казнување. Нема паркинзи, но има глоби. Нема соодветна сообраќајна сигнализација, но има високи казни“, порача Села, нагласувајќи дека ваквиот пристап претставува класичен пример на експлоатација.Во своето обраќање тој ја поврза оваа политика и со финансиските обврски на државата, посочувајќи дека Северна Македонија годинава треба да врати околу две милијарди евра кредити. Според него, тие средства ќе се обезбедуваат токму од граѓаните во средини каде што најмалку се инвестирало, меѓу кои и преку проектот „Безбеден град“.Села додаде дека е свесен оти ќе биде обвинет дека на секое прашање му дава етничка димензија, но нагласи дека, како што рече, ниту тој ниту Алијанса на Албанците некогаш молчеле или ќе молчат кога, според нив, се прави неправда. „Не ние ги посочуваме етничките разлики, туку тие што владеат и што со прст нè обележуваат. Нашата обврска е да зборуваме и да не молчиме“, порача Села.

Коментари | пред 4 седмици

media-librarycut6gkka4mde9yFxWa5

Тошковски: Системот ‘Безбеден град’ не гледа кој си, туку каков прекршок си направил

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е во тек финалната верификација на камерите за автоматска детекција на сообраќајни прекршоци, кои се дел од проектот „Безбеден град“. Како што објави на својот Фејсбук-профил, станува збор за клучна фаза пред целосното пуштање на системот во функција, со јасна цел – зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и загубени човечки животи.„Денеска бев на терен, на локација каде што се спроведува финалната верификација на камерите за автоматска детекција на сообраќајни прекршоци како дел од проектот ‘Безбеден град’.Овој систем го развиваме со единствена цел за зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди, повредите и загубените човечки животи. Во оваа фаза се врши проверка на точноста на мерењето на брзината, при што утврдените отстапувања се минимални и значително под законски дозволената толеранција, што гарантира сигурност и доверливост на системот.Во првата фаза камерите ќе бидат ставени во функција на локации со зголемен ризик, а во текот на годината системот постепено ќе се проширува на целата територија на државата. Паралелно, ќе бидат активирани и возила на МВР опремени со мобилни камери, особено на т.н. црни точки.Овој систем не гледа кој сте, туку што сте направиле. Тој не познава имиња, функции или позиции туку евидентира исклучиво прекршок. Законот важи еднакво за сите и само на тој начин ќе постигнеме поголема сообраќајна дисциплина и повеќе спасени човечки животи.“, напиша Тошковски.Проектот „Безбеден град“ е еден од клучните безбедносни проекти на МВР, насочен кон системско и технолошко подобрување на сообраќајната култура и превенција на најтешките последици на патиштата.

Македонија | пред 4 седмици

media-library8a44hhthq0pn3VV5H13

Стојаноски: СДСМ и ДУИ гласаа против „Безбеден град“ и безбедноста на граѓаните

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, ги обвини СДСМ и ДУИ за, како што рече, деструктивно однесување при усвојувањето на измените на Законот за прекршоци, со кои официјално започнува функционирањето на системот „Безбеден град“.Стојаноски оцени дека јавноста и пратениците во Собранието биле сведоци на здружено дејствување на СДСМ и ДУИ против законски измени кои, според него, директно ја унапредуваат безбедноста во сообраќајот и ги штитат животите на граѓаните. Тој посочи дека пратениците на Венко Филипче и Али Ахмети и во опозиција продолжуваат да настапуваат заеднички, овојпат, како што рече, спротивно на јавниот интерес.Според Стојаноски, наместо да ги надминат партиските калкулации и да поддржат решение кое носи конкретни придобивки за граѓаните, СДСМ и ДУИ одлучиле да не го поддржат законот, наведувајќи различни забелешки и сомнежи за можни злоупотреби на податоците. Тој во таа насока го постави прашањето што овие партии презеле во изминатите седум години додека биле заедно на власт, доколку сметале дека ваквиот систем е проблематичен.Стојаноски директно го посочи и поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашувајќи зошто во неговиот мандат не биле преземени конкретни чекори за унапредување на сообраќајната безбедност.Како аргумент за ефикасноста на „Безбеден град“, пратеникот се повика на статистичките податоци, според кои првиот ден од тестирањето биле регистрирани околу 110 илјади сообраќајни прекршоци, додека само 24 часа подоцна бројката се намалила на околу 50 илјади. Тој истакна дека тоа, според него, е јасен показател за превентивниот ефект на системот.Во однос на сообраќајната безбедност, Стојаноски посочи дека Македонија има околу 65 жртви во сообраќајот на еден милион жители, што е за околу една четвртина повеќе од европскиот просек од 45 жртви. Како позитивен тренд го наведе податокот дека во декември 2025 и јануари 2026 година бројот на смртни случаи е намален од 11 на 2.На крајот, Стојаноски порача дека СДСМ и ДУИ се спротивставиле на систем кој, според него, директно придонесува за поголема безбедност на граѓаните, додека ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, ќе продолжи да носи мерки и закони во интерес на јавната безбедност и граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhcohvp1o16mfdhJ1HHi

Колку чини секој прекршок: Казните што ги носи „Сејф сити“

Со стапувањето во сила на системот „Сејф сити“, камерите автоматски ќе санкционираат четири конкретни сообраќајни прекршоци, за кои се утврдени јасни и фиксни казни, согласно Законот за прекршоци и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.1. Пречекорување на дозволената брзинаЗа пречекорување на брзината, казните зависат од тоа за колку километри на час е надмината дозволената граница:– до 20 km/h над дозволеното: 20 евра во денарска противвредност– од 20 до 30 km/h: 45 евра– од 30 до 50 km/h: 300 евра, и забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци– над 50 km/h: 400 евра, 4 казнени поени и забрана за управување најмалку 12 месециВо населено место, казните се построги и може да достигнат и 500 евра, со задолжителна забрана за управување.2. Минување на црвено светлоЗа минување на црвено светло, системот автоматски изрекува:– 250 евра парична казна– забрана за управување со моторно возило од 3 до 12 месециДоколку прекршокот предизвика опасност или сообраќајна незгода, следува и кривична одговорност.3. Истечена важност на сообраќајна дозвола/регистрацијаЗа управување со возило со истечена сообраќајна дозвола:– 100 евра казна за возачот– 250 евра казна за сопственикот на возилото, доколку е друго лицеОвој прекршок се регистрира автоматски преку поврзување на системот со регистрите на МВР.4. Непрописно запирање и паркирањеЗа непрописно паркирање или запирање на забрането место:– 30 евра казна за стандардни прекршоци– 45 евра казна доколку возилото го попречува сообраќајот– 50 евра ако е паркирано на место за лица со попреченостВо случаи каде што возилото претставува ризик, следува и подигнување со пајак-служба, со дополнителни трошоци.„Попуст“ за навремено плаќањеДоколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа 50 проценти од износот. По истекот на рокот, казната се наплатува во целост, со можност за присилна наплата.Автоматска забрана и одземање дозволаВозач кој ќе добие три забрани за управување во рок од четири години, автоматски ја губи возачката дозвола. Повторно полагање е можно најрано по една година.Со почетокот на примената на системот „Сејф сити“ од 1 февруари 2026 година, во Македонија стапува на сила нов, значително построг начин на санкционирање на сообраќајните прекршоци. Наместо класични полициски контроли, казните ќе се изрекуваат автоматски, врз основа на видео и електронски докази собрани преку камерите и сензорите на системот „Безбеден град“.

Македонија | пред 1 месец

media-library7uf3j4t4930q7aGtrZz

Тошковски: Собранието покажа политичка храброст – животите на граѓаните над партиските калкулации

Денешното изгласување на Законот за прекршоци е јасна потврда дека кога постои политичка храброст и одговорност, можат да се донесуваат одлуки што директно го штитат животот на граѓаните. Искрена благодарност до сите пратеници кои го поддржаа законот и покажаа дека безбедноста во сообраќајот, заштитата на човечкиот живот и јавниот интерес се поважни од дневната политика. Со оваа одлука, Собранието испрати силна порака дека државата конечно презема системски чекори против сообраќајниот хаос и бесмислените загуби на човечки животи, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.„Посебна благодарност до граѓаните. Во тест периодот тие покажаа дека знаат, можат и сакаат да бидат дел од решението. Со промена на однесувањето во сообраќајот, со почитување на правилата и со зголемена свесност, граѓаните директно придонесоа за поголема безбедност и за намалување на сообраќајните несреќи, повредите и жртвите. „Безбеден град“ не е систем за казнување, туку систем за спасување животи, а токму граѓаните први го препознаа тоа.За жал, денешното гласање уште еднаш покажа дека СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште, во кое партиските калкулации се ставаат над човечките животи. Иако никогаш немаа храброст јавно да ја признаат својата коалиција, денес таа повторно излезе на површина преку заедничкото гласање против систем кој веќе дава резултати и спасува животи. Овој пат не се одлучуваше за функции, договори или политички пазари, туку за безбедноста на граѓаните, а тие наместо да направат чекор напред, свесно избраа да останат заробени во истите шеми, влечејќи ја државата назад. Имаа шанса да бидат дел од решението, но избраа да бидат дел од проблемот. Со тоа го направија својот избор и за тој избор ќе сносат политичка и морална одговорност пред македонските граѓани“, додава Тошковски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryov21403ojavu0iqxqhs

Петрушевски: Проектот „Безбеден град“ дава резултати уште во тест фаза со намален број на сообраќајни несреќи и човечки жртви

Во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за проектот Безбеден Град и изгласувањето на Законот за прекршоци кој отвора пат за санкционирање на прекршоците, а со тоа и намалување на бројката на сообраќајни незгоди и човечки жртви, се со цел поголема безбедност на граѓаните.„Овој потег на ДУИ не е од аспект на овие аномалии на системот или на законот кои што ќе ги образложам дека се спротивно на тоа кое што го зборат, туку е некаков обид за уцена на владејачкото мнозинство користејќи го овој закон. Записниците ќе стигаат на јазикот на кој е заведен граѓанинот во личната карта, тоа е имплементирано во системот, во делот на важењето или неважењето на целата територија, најпрвин Законот за прекршоци важи апсолутно на цела територија на Македонија. Законот важи за сите, дали ќе биде санкциониран прекршок преку камера на Сејф сити или мобилен полицаец апсолутно ќе биде казнет. Во делот на приватноста имаме закони за лични податоци кои ја уредуваат оваа материја, не е ова прва камера што ја поставуваме на територија на Македонија за сега одеднаш, да се појавуваат сомнежи“, рече Петрушевски.Во емисијата пратеникот Петрушевски истакна дека уште во тест фазата проектот Безбеден град дава резултати од аспект на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, потенцирајќи дека ќе биде имплементиран на територијата на цела држава.„Овој проект дава резултати уште во тест фаза, тоа го потврдуваат бројките и она кое што треба да го знаат сите е дека не завршува тука и дека ќе биде имплементиран низ целата територија на Република Македонија. Во периодот од кога функционира без казнување Сејф Сити, во тест период имаме само 2 смртни случаи, за 37% имаме помалку повредени како последица на сообраќајни несреќи или преку 20% помалку незгоди. За мене овие бројки се доволен доказ дека овој проект дава резултати од аспект на безбедноста на граѓаните во сообраќајот. Во Законот за прекршоци никаде не стои дека ќе се казнува само во Тетово, Куманово и Скопје, ќе се казнува на територија на цела Македонија, вели Петрушевски.

Македонија | пред 1 месец

Monika-Zajkova-pretsedatelka-LDP

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во објава на социјалните мрежи изрази целосна поддршка за реализација на проектот „Сејф Сити“.„ЛДП е за целосно спроведување на законите, за сите, без дискриминација и со еднакво третирање на сите граѓани. Кочење на закони кои водат до владеење на правото е неприфатливо, иако многу често го сведочевме и во блиското минато. Потребна ни е безбедна држава, правична држава. Денес, не утре! За 6 месеци ќе иницирам дебата со избирачите, особено во мојата изборна единица да се види како оди спроведувањето на законот и дали треба нешто да се подобри или промени во истиот“, пишува Зајкова во објавата.Во врска со денешното гласање, Зајкова посочува дека начинот на кој функционира Собранието – како пазар, а не како парламент на европска држава со ред и правила – е друга тема.„За тоа граѓаните ќе се изјаснат на избори. Пратениците не смеат да бидат спречени да имаат планирани активности со избирачите, со тие што им го дале мандатот, ниту во вршење на други службени обврски. Не може да има гласање само кога на мнозинството му одговара и кога тие имаат кворум. Дајте барем како Собрание да му покажеме европско однесување на народот ако веќе устата ни е полна за членство во ЕУ“, посочува претседателката Зајкова во објавата.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypeve7cqoqul55gXGKJd

Од 1 февруари стартува „Безбеден град“: ова се четирите прекршоци кои ќе се казнуваат

Од 1 февруари официјално започнува примената на системот „Безбеден град“, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци влегува во полна функција. Во првата фаза, санкции ќе се изрекуваат за четири видови прекршоци, утврдени преку технички средства и уреди за снимање.Станува збор за прекршоците: пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, истечена важност на регистрацијата, како и непрописно запирање и паркирање. Овие прекршоци ќе се детектираат автоматски, без директен контакт со полициски службеник на лице место.По целосното пуштање во употреба на системот, сопствениците на возилата кај кои ќе биде утврден прекршок ќе добиваат СМС-порака и електронска пошта со линк за преземање на записник со платен налог. Плаќањето ќе може да се изврши електронски, а при навремена уплата нема да се пресметуваат дополнителни трошоци.Надлежните институции очекуваат со воведувањето на „Безбеден град“ да се зголеми безбедноста во сообраќајот, да се намали бројот на сообраќајни несреќи и да се зајакне генералната превенција, преку побрзо, поефикасно и транспарентно санкционирање на прекршителите. Во следната фаза е најавено проширување на листата на прекршоци кои ќе бидат опфатени со системот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj2ih1vl1tdin1Tnum3r

Изгласани измените на Законот за прекршоците, „Безбеден град“ стартува од 1 февруари

Со 81 глас „за“, 19 гласа „против“ беа донесени измените на Законот за прекршоците. Станува збор за последниот закон потребен за од 1 февруари да профункционира системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“. За овој закон не гласаа пратениците на СДСМ и ДУИ.Со предложените законски измени се очекува зајакнување на безбедноста во сообраќајот преку воведување посебна постапка за прекршоци утврдени со технички средства и уреди за снимање преку системот „Безбеден град“. Целта е брзо и ефикасно санкционирање на прекршителите и зголемување на генералната превенција.Во првата фаза, системот ќе регистрира брзо возење, минување на црвено светло, истечена важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирање, додека во следната фаза е предвидено проширување на листата на прекршоци.Откако системот целосно ќе биде пуштен во употреба, сопствениците на возилата кај кои е утврден прекршок ќе добиваат СМС-порака и е-пошта со линк за преземање на записник со платен налог. Плаќањето ќе може да се врши електронски, а при навремена уплата нема да се наплатуваат дополнителни трошоци. За прекршоци за кои е предвидена и мерка забрана за управување со возило, МВР ќе поднесува барање за поведување постапка до надлежен суд.

Македонија | пред 1 месец

media-library8a44hhthq0pn3VV5H13

Стојаноски: „Безбеден град“ носи резултати, бројот на жртви и прекршоци е значително намален

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека бројките недвосмислено покажуваат оти проектот „Безбеден град“ придонесува за поголема безбедност на граѓаните во сообраќајот, оценувајќи дека одбивањето на СДС и на Венко Филипче да го поддржат проектот е уште еден доказ за нивниот, како што рече, деструктивен политички пристап.Стојаноски информираше дека денеска пред пратениците е последниот законски акт неопходен за од 1 февруари официјално да започне функционирањето на системот „Безбеден град“. Станува збор за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, со кој се овозможува примена на современи технологии за детектирање сообраќајни прекршоци преку технички средства и уреди за снимање, како алатка за брзо и ефикасно санкционирање.Според него, „Безбеден град“ е проект зад кој застанале сите релевантни политички фактори, а поддршката била потврдена и на лидерската средба иницирана од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Сепак, како што нагласи Стојаноски, СДС и Венко Филипче одлучиле да не го поддржат проектот и потребните законски решенија, со што, според него, покажале дека не се заинтересирани ниту за иницијативи кои директно ја зголемуваат безбедноста на граѓаните.Стојаноски се повика и на податоците од Министерството за внатрешни работи, според кои системот веќе покажува конкретни резултати. Како илустрација, тој наведе дека првиот ден од тест-периодот, на 1 декември, камерите во Скопје регистрирале околу 110.000 сообраќајни прекршоци, од кои 90 проценти биле за пречекорување на брзината. Веќе наредниот ден, на 2 декември, бројот на регистрирани прекршоци се намалил на 50.652.Дополнително, Стојаноски истакна дека во првите осум месеци од 2025 година во сообраќајни несреќи во државата загинале 91 лице, односно во просек по 11,3 лица месечно, додека во текот на 2024 година бројот на жртви изнесувал 142 лица, или просечно 11,8 месечно.Според најновите информации од МВР, бројот на смртни случаи во сообраќајот е намален од просечни 11 на само два случаи во периодот декември 2025 и јануари 2026 година, додека бројот на повредени како последица на непочитување на сообраќајните правила, во споредба со претходните периоди, е намален за 35 проценти.„Граѓаните со овој проект се реално заштитени на улиците, а СДС, со одбивањето да ги поддржи ваквите решенија, останува да тоне во сопствените деструктивни политики“, порача Стојаноски.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

ДУИ се повлекува: Нема поддршка за законот за Сејф сити

Демократската унија за интеграција денеска одлучи да не гласа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоци, со што се доведува во прашање неговото стапување во сила и почетокот на функционирањето на системот „Сејф сити“, најавен за 1 февруари.Координаторката на пратеничката група на Европскиот фронт од редовите на ДУИ, Рина Ајдари, во изјава за ТВ21 истакна дека пратениците на ДУИ нема да го поддржат законот, наведувајќи дека постојат повеќе забелешки и конкретни барања за измени на предложените решенија.Измените на Законот за прекршоци денеска се наоѓаат на дневен ред на пленарната седница во Собранието и се предуслов за целосна примена на системот за автоматска контрола на сообраќајот.Владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, заедно со Левица, најави поддршка за законот, додека СДСМ, слично како и ДУИ, соопшти дека нема да го поддржи.За усвојување на законот е потребно двотретинско мнозинство во Собранието, што ја прави неизвесна неговата судбина и можниот почеток на примената на системот „Сејф сити“ во најавениот рок.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања