ТОП

TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

Туфегџиќ: Обвинението против доктор Црвенкова е неосновано, ќе го дискредитираме со нови вештачења, има и пропусти од апсолутен карактер

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на поранешната директорка на Клиниката за онкологија, д-р Симонида Црвенкова, изјави дека одбраната ќе го оспорува обвинението преку темелна анализа и контра-вештачења.„Одбраната за овој обвинет ја градиме врз основа на принципите на медицинското казнено право, кое предвидува одговорност само во случаи на грубо прекршување на медицинските правила и утврдените протоколи. Кај мојата клиентка не постои такво однесување, ниту може да се донесе заклучок дека сторила дело кое е казниво,“ изјави Туфегџиќ.Според него, постојните вештачења се проблематични по својата содржина и карактер, а конкретно за обвинетата не е утврдено дека начинот на лекување довел до влошување на здравствената состојба или смртен исход кај било кој пациент.„Во текот на постапката ќе го дискредитираме обвинението со сопствени, нови вештачења. Работиме темелно, но сѐ уште ни недостасуваат четири медицински истории. Моја клиентка се товари за 16 пациенти,“ нагласи тој.Туфегџиќ особено го оспори едно од клучните вештачења, изработено од стручно лице од Марибор, за кое вели дека не е регистрирано како судски вештак во Словенија.„Сега бараме податоци и од Србија, дали лицето кое ги работело вештачењата е вешто лице таму. Јавниот обвинител мораше да се придржува до македонските закони и да инсистира вештачењето да го изработи лице кое е на официјалната листа на судски вештаци. Обвинението содржи пропусти кои се од апсолутен карактер,“ додаде тој.

Македонија | пред 6 месеци

WhatsApp-Image-2025-07-11-at-11.01.52-AM

Одложено првото рочиште за „Онкологија“, не дојде една од докторките

Поради отсуството на докторката Мери Пешева, не се одржа првото рочиште за предметот „злоупотреби на Онкологија“. На обвинителна клупа седна докторот Нино Васев кој беше медицински директор. Тој се товари за „тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни“.Во обвинителниот акт стои дека со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил очигледно неподобен начин на лекување и спротивно на тековните онколошки упатства, со отстапувања во дозирањето и во фазата на лекување, давал лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија со што тешко го нарушил здравјето на пациентите.Во дел од случаите ова му било овозможено од втората обвинета која му ставила на располагање свој факсимил со кој одобрувал и препишувал терапија и свое корисничко име и лозинка со кои радолжувал терапија во ХИС системот на Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за онкологија и радиотерапија.Другите двајца лекари се товарат за основното кривично дело „несовесно лекување болни“, сторено како продолжено кривично дело.Врз основа на медицинските истории за овие двајца обвинети лекари е утврдено дека одредувале терапија со лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија во фаза на лекувањето кога било многу очигледно дека пациентите од таквиот лек воопшто нема да имаат корист поради лошиот перформанс статус и немањето време да се развие механизмот на дејство, без да биде наведена телесна тежина и висина на пациентите, со отстапувања во дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-05-6070PM

Пукање во скопско Батинци, едно лице е застрелано

Ново пукање ги вознемири утрово жителите на Батинци, дознава „Скопје1“. Едно лице е погодено и пренесено во болница. Извори за „Скопје1“ велат дека станува збор за лицето Африм М.Детали за случајот засега не се познати, како и дали е уапсено лицето кое пукало. Минатата година, во ова село имаше и убиство.По увидот, повеќе детали се очекуваат од МВР.

Скопје | пред 6 месеци

pozar-1-1

МВР: Лишен од слобода 74-годишен маж од тетовско поради палење оган во нива

Министерството за внатрешни работи информира дека во четвртокот (10 јули 2025) во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.С. (74) од село Мала Речица, тетовско.Според пријавата, околу 20 часот С.С. на негова нива во Тетово вршел земјоделски работи и на три различни места запалил сува трева и отпадоци.Веднаш по добиената пријава, полициски службеници се упатиле на местото на настанот и го привеле лицето, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица – Тетово.С.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик – предизвикување општа опасност.

Македонија | пред 6 месеци

ojo-1

Обид за убиство во Битола, поведена истрага: Напаѓачот е приведен

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Настанот се случил на 10 јули во објектот „Новиот пазар“ во Битола, каде 42-годишен битолчанец се обидел да лиши од живот едно лице, напаѓајќи го со кујнски нож од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата.-Му пришол од зад грб додека оштетениот редел роба на тезгата и го нападнал со кујнски нож, при што му задал два удари и убодни рани во грбот и слабината. Двајца сведоци го совладале, па осомничениот се дал во бегство. Бидејќи постојат и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот, доколку биде оставен на слобода, ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и дека би можел да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор, се наведува во соопштението на ОЈО Битола.

Македонија | пред 6 месеци

nino-vasev

Почнува судскиот процес за „Онкологија“, екс директорот, Нино Васев и уште тројца онколози ќе седнат на обвинителната клупа, семејствата очекуваат високи казни

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да започне главната расправа за еден од најтешките случаи што ја потресе јавноста – таканаречениот случај „Онкологија“. На обвинителна клупа ќе седнат поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и тројца лекари онколози, кои се товарат за тешки кривични дела поврзани со несоодветен третман на пациенти со малигни болести.Според обвинителниот акт, Васев, во својство на директор, заедно со еден од колегите од клиниката, се гони за продолжени кривични дела „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“. Медицинските вештачења спроведени во текот на истрагата, кои се направени во Србија и Словенија заради обезбедување непристрасност, покажале дека кај најмалку 29 пациенти бил применет очигледно неподобен начин на лекување – со отстапки од официјалните онколошки упатства, погрешни дозирања и неосновано користење на лекови од нови генерации, вклучително и имунотерапија.Покрај Васев, обвинета е и уште една докторка, која му овозможувала пристап до својот факсимил и кориснички податоци за електронскиот систем на Клиниката, со што Васев несомнено имал целосна контрола врз издавањето и измената на терапиите. Двајцата останати обвинети лекари, пак, се теретат за основното кривично дело „несовесно лекување“, при што одредувале неподобна терапија и во случаи кога пациентите имале многу слаб здравствен статус, без надеж дека терапијата би делувала.Покрај овој предмет, Јавното обвинителство поднесе и второ обвинение против Васев, кое се однесува на економското работење на Клиниката. Во тоа досие, обвинети се и економскиот директор на установата, за злоупотреба на службена положба, измама и проневера. Според обвинувањата, во периодот од 2018 до 2022 година, со нелегални набавки на лекови и фиктивно раздолжување, државниот буџет бил оштетен за повеќе од 2,2 милијарди денари, а само од незаконските исплати преку Фондот за здравствено осигурување добавувачите стекнале противправна корист од околу 430 милиони денари. Обвинителството тврди и дека Васев лично прибавил имотна корист од најмалку 13 милиони денари.Семејствата на пациентите чии животи беа изгубени, скоро две години го чекаат почетокот на судењето. Велат дека нивната болка е немерлива, но единствено што им останува е надежта дека овој пат, макар и во разнишаниот судски систем, ќе има правда.„Татко ми примал терапија која, според експертите, воопшто не била соодветна за неговата состојба. Колку има како такви случаи? Не можам да го вратам, но барам правда, да знаеме дека тоа нема да се повтори“, вели за Скопје1, член на семејство што од денеска внимателно ќе ги следи судските рочишта.Во текот на истрагата, која беше затворена на 22 мај годинава, анализирани беа 65 медицински истории, при што, како што изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кај висок процент од нив биле утврдени сериозни отстапки од протоколите за лекување. За транспарентност и стручност, експертизи биле побарани од медицински институции во Србија и Словенија.Случајот „Онкологија“ беше отворен во јануари оваа година по серија новинарски истражувања и по ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија кој посочи низа сериозни пропусти во работењето на Клиниката за онкологијаСемејствата на починатите велат дека колку и да е доцна, очекуваат високи казни и цврсто веруваат дека барем на суд ќе се воспостави вистината, со цел вакви трагедии никогаш повеќе да не се повторат.Анита Буховски

Македонија | пред 6 месеци

Vankovska

„Добрососедство по мерка на ЕУ: Блискоста со Србија не се дозволува“, професорката Ванковска објасни што и пречи на Европа

Иако Европската унија постојано инсистира на добрососедски односи меѓу земјите од Западен Балкан, од Македонија очекува да се дистанцира од Србија – став што, според професорката Билјана Ванковска, не само што е контрадикторен, туку и опасен по внатрешната стабилност на државата.-Прво, нѐ обвинуваат за блиски односи со нивна полноправна членка (иако не многу популарна) - Унгарија.Второ, од нас бараат “добрососедски односи” ама сакаат да се скараме со Србите, иако тие (божем) го поддржуваат и членството на Србија (и БиХ) во ЕУ.Конечно, треба да се скараме и со Русија и со Кина - а тие развиваат односи на соработка со Кина особено поради царините на Трамп. Руски енергенси купуваат “под рака” со прокси.За нас знам дека имаме власт која колку и да ја понижуваат, таа ќе им бакнува рака. Ама, ЕУ знае ли кај тера? И како мисли да го стабилизира Балканот со негова дестабилизација?Заборавив да додадам нешто за ефектите врз внатрешната стабилност на Македонија: инсистирајќи на наводно влијание на т.н. Српски свет, ЕП директно ги поткопува меѓуетничките односи. Албанската заедница едвај дочека да викне: “фатете го крадецот (Србите ни се непријатели)”. Уставен суверенитет не постои кај нас од 2018, од миксот на европски и балкански методи како што сугерираше еврокомесарот Хан.Балканскиот котел го меша Брисел. Големите европски сили нѐ третираат како парички за поткусурување“, вели таа.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-Angelov1

Пожарите не стивнуваат: 38 пожари на отворено, седум сè уште беснеат

На територијата на цела Македонија, денеска до 07:30 часот, се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои седум се сè уште активни, четири се под контрола, а 27 се изгаснати – информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари во моментов беснеат на неколку критични локации, меѓу кои и помеѓу селата Блаце и Горњани во Чучер Сандево, како и во шумските подрачја во Прилеп, Дојран, Тетово и Македонски Брод, каде се гори деградирана дабова шума и нискостеблеста вегетација.Особено е сериозна состојбата под Солунска Глава, на карпест терен, каде што има задржани огнени џебови и чадење. Пожарите кои се ставени под контрола се регистрирани во општините Македонски Брод и Делчево, вклучително и на градската депонија Острец. Повеќето од нив зафатиле ниска вегетација и мешани шуми, а се прошириле и поради влијанието на човечки фактори, како во случајот со пожарот што се проширил од фабриката Самоков.Во текот на изминатите 24 часа, успешно се изгаснати 27 пожари низ повеќе општини во земјава. Меѓу нив се регистрирани запалени депонии, сува трева, ниска вегетација, како и шумски подрачја – од скопскиот регион, преку источниот и југоисточниот дел на државата, до Пелагонија и Полошкиот регион. Пожар имало и кај Спомен-домот АСНОМ во Кочани, како и долж патот Тетово – Селце.Надлежните апелираат на крајна претпазливост и избегнување на активности што може да предизвикаат пожар, особено во услови на високи температури и суво време. Сите институции се мобилизирани, а на терен се ангажирани пожарникарски единици, припадници на шумска полиција, ЦУК и локалното население.

Македонија | пред 6 месеци

Spas-akademik

„Глушецот Мицко се замислува дека е лавот Мицковиќ“ - не престануваат навредите од Бугрија

Со навредлив и саркастичен речник, бугарскиот академик Спас Ташев преку објава на Фејсбук жестоко реагира на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, во која тој го спореди бугарскиот министер Георг Георгиев со глушец што го задева лавот.Еве што напиша бугарскиот академик во неговата објава на Фејсбук.„Глушецот Мицко, замислувајќи се себеси како лавот Мицковиќ, побара официјално извинување од Бугарија затоа што нашиот министер за надворешни работи Георг Георгиев во интервју за БТВ изјави дека Бугарија станала фактор во ЕУ и во регионот, со идеја дека Северна Македонија треба да го има ова предвид. Зборувајќи за премиерот Мицкоски, тој го нарече „северно- македонски“ премиер.Сепак, тука нема ништо навредливо!1. Бугарија е навистина фактор, судејќи според резултатите од гласањата во ЕП.2. Северна Македонија е Северна затоа што зафаќа само 37% од северните делови од географската област Македонија. Со 37%, не можете да бидете само Македонија и да бидете само македонски премиер. Со 37%, можете да бидете само северно- македонски премиер, затоа што придавката изведена од Северна Македонија е северно- македонски. Многу аналогии: севернокорејски, северновиетнамски, источно-тиморски, западносахарски итн.3. Идентитетот е исто така северно- македонски, затоа што Скопје не може да наметнува идентитет на преостанатите 63% од географската област Македонија. Како што веќе видовме од дебатите во ЕП, грчките европратеници имаат силно изразен регионален македонски идентитет и го оспоруваат правото на Скопјани да имаат монопол врз дефиницијата за „македонски“.4. Официјалниот јазик е исто така северно-македонски, бидејќи нема никаква врска со јазикот на населението во преостанатите 63% од Македонија. Бугарите во Северна Македонија сепак ќе треба да одлучат како да го нарекуваат овој јазик.Во официјалниот северно-македонски јазик, можеби има забрана за зборот „северно-македонски“, но во литературниот бугарски јазик нема таква забрана! Поради оваа причина, не разбирам зошто Мицко се жали на овој бугарски збор, кој можеби нема аналог во северно-македонскиот јазик? Но, за Бугарите во Северна Македонија, секако има. Лично сум ги слушнал како го користат.Некој ќе каже дека мојот јазик е саркастичен и несоодветен да коментирам за премиерот на братска земја. Па, погледнете ја изјавата на премиерот на оваа братска земја во врска со Георг Георгиев: „Мислам дека не треба да му даваме шанса и апелирам до вас, медиумите, оставете го тоа момче таму. Тоа е влада (автентична србизам - влада) која ја води некој друг во позадина, тие луѓе мора да работат и му рекле, му дале задача, ајде сега, вклучи се. Тоа е исто како кога глушецот (бугарски дијалектен збор за стаорец. Го има во Речникот на бугарскиот јазик, 1895 од Најден Геров) го задева лавот“.Мицко се споредува себеси со лав, а за него Георг Георгиев понекогаш е момче, понекогаш стаорец, член на влада која некој ја контролирал одзади и му рекол да се зафркава со Северна Македонија...Сфаќате дека вистинското глувче е Мицко и тој дава уште поглупави изјави. На пример, тој ги нарече мнозинството европратеници кои го исфрлија македонскиот идентитет и македонскиот јазик од извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2025 година „талибанци“.Сето ова е толку идиотско што сите на светот ќе го разберат освен глушецот Мицко, кој замислил дека е лавот Мицко.Но, не заборавајте дека ни Мицко не може да биде лав, тој може да биде само пародија на српските волци Вучиќ, Вуковиќ и Вујовиќ...Еве ја оваа света едноставност што ќе им ја објасниме на нашите европски партнери!“, напиша Ташев.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-09-at-18.54.00

Таткото кој ја врзал ќерката во Струмичко – под истрага за малтретирање на дете

По објавата на вознемирувачката снимка на која се гледа врзано дете во струмичко Ново Село, Основното јавно обвинителство Струмица отвори истрага против таткото. Тој е осомничен за кривично дело запуштање и малтретирање на дете по член 201 од Кривичниот законик.Како што информира Обвинителството, девојчето е згрижено во семејство преку Центарот за социјални работи, додека против таткото ќе бидат предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, одземање на пасош, редовно јавување кај службено лице и забрана за приближување до детето.Истражните органи продолжуваат со прибирање докази за случајот.

Македонија | пред 6 месеци

armija

Фатени на дело: Палеле кабли на дива депонија меѓу Кадино и Миладиновци

На 10 јули околу 15:30 часот, интервентна патрола на СВР Скопје спречила сериозен пожар на потегот меѓу Кадино и Миладиновци. Според информациите од МВР, полициски службеници забележале густ црн чад и на лице место затекнале две лица како палат кабли во близина на сува трева и отпад, на дива депонија.Со брза интервенција огнот бил изгаснат пред да се прошири, а двајцата осомничени – И.Б. (39) од Куманово и А.Б. (31) – се приведени и задржани во Полициска станица Гази Баба. За случајот е известен јавен обвинител, кој треба да поднесе соодветна пријава против нив.

Македонија | пред 6 месеци

ad38ed85-fc1a-4aa7-bada-62fbc0eb2a5c-1

За пожарот кај Стајковци приведени и пуштени на слобода три деца

По избувнувањето на пожарот во близина на селото Стајковци, биле лишени од слобода три деца, странски државјани, соопштија од обвинителството.„Согласно Законот за правда за децата, со нив беше извршен разговор, по што беа пуштени на слобода. Обвинителството продолжува да обезбедува докази во однос на нивната евентуална поврзаност со конкретниот пожар или со намера да извршат друго кривично дело“, велат од Основното јавно обвинителство.Случајот останува под понатамошна истрага, а надлежните институции ги преземаат сите потребни мерки за утврдување на фактите и можната одговорност.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-09-at-18.54.00

Насилниот татко од Ново Село ќе одговара кривично за малтретирање на ќерка му

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Ч.(57) од село Ново Село, општина Ново Село, поради постоење на сомневање за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201а од КЗ.-На 08.07.2025 во дворното место од куќата на пријавениот во село Ново Село, тој насилно се однесувал кон неговата 11- годишна ќерка, која живеела со пријавениот, кој по разводот со неговата сопруга, односно со мајката на детето, е нејзин старател. Тој насилството го снимил со мобилен телефон. Веднаш по објавување на видеозаписот на социјалните мрежи, од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземени мерки, откриен е сторителот и тој е повикан во СВР Струмица, каде во службен разговор го признал делото, се вели во соопштението на СВР Струмица.За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на лекар од Медицински центар Струмица е извршен преглед над детето, при што се констатирани телесни повреди во вид на црвенило на двете раце, кај зглобовите. Известен е и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Струмица, од каде се преземени мерки за понатамошна заштита на детето.

Македонија | пред 6 месеци

shumska-policija

Тешки сообраќајки, пожари, починати и повредени лица - МВР билтен

Во текот на вчерашниот и денеска, полицијата евидентирала низа сериозни настани поврзани со сообраќајни несреќи, пожари, повреди и нарушувања на јавниот ред и мир.Сообраќајки со тешки последициВо неколку одвоени сообраќајни инциденти низ државата има еден загинат и повеќе повредени лица. На магистралниот пат Охрид–Кичево, кај селото Оровник, животот го загубил 83-годишниот В.Б. од Охрид, откако во неговото возило „цитроен“ удрило возило „ауди“ со албански ознаки. Двајца други се здобиле со телесни повреди.Во Битола, мотоцикл без регистарски таблички управуван од 19-годишник удрил во 76-годишен пешак. И двајцата се со тешки повреди, а со полесни поминал сопатникот на мотоциклистот.На патот Гостивар–село Градец, возило удрило 81-годишен пешак од село Неготино, кој е хоспитализиран со тешки повреди. Во Струмица, велосипедист излетал од патот и се здобил со тешки телесни повреди, а во Радовиш, 14-годишно момче управувајќи нерегистриран мотоцикл излетало од патот и исто така е тешко повредено.Во Пробиштип, судир помеѓу две патнички возила завршил со тешки повреди кај 68-годишен сопатник и телесни повреди кај двајцата возачи.Смртен случај, повреден при гаснење и запалено службено возилоВо близина на пожар во село Лозаново, кривопаланечко, полицијата пронашла починато лице. По наредба на јавен обвинител, остатоците од телото се пренесени на обдукција.Во село Рамне, Македонски Брод, 19-годишен маж се здобил со повреди додека помагал во гаснење на пожар. Истиот ден, во Центар – Скопје, настанал пожар во службено возило на МВР за време на полициска интервенција. Двајцата полицајци се јавиле на Клиника за токсикологија поради вдишан чад.Утрово во Скопје било запалено и паркирано возило „бмв“ пред куќа во Сарај. Нема повредени, а случајот се расчистува. Исто така, во стан во Ѓорче Петров било пронајдено починато лице без траги на насилство. Телото е предадено на обдукција.Нарушувања на јавниот ред и нападиВо текот на 9 јули, пријавени се неколку физички напади во Скопје. Во Бит Пазар, Ќојлија и Ѓорче Петров тројца граѓани биле физички нападнати во одвоени инциденти. Пријавени се и две пресметки – една во општина Аеродром каде бил употребен тврд предмет, и друга во Кисела Вода. Полицијата работи на расчистување на сите случаи.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-09-at-18.03.05

Обука и униформи за граѓани – државата вклучува невработени во борба со пожарите: Ако видите некој да носи палети и шишиња, пријавете!

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска изјави дека постојат сериозни сомнежи оти дел од пожарите кои избувнаа деновиве низ државата се намерно подметнати.„Од информациите кои ги имаме досега, се сомневаме дека некои од пожарите се подметнати. Имаше дрвени палети фрлени во грмушки, кај скопската обиколница е најдена гума, а на друго место шишиња со бензин. Вчера се фатија лица кои се обиделе да предизвикаат пожар“, изјави Ангелов.Тој упати апел до граѓаните доколку забележат лица кои носат палети, запаливи материјали или се однесуваат сомнително, веднаш да пријават во Министерството за внатрешни работи.Во однос на новите пожари, Ангелов информира дека кратко време пред неговата изјава избувнал пожар на улицата Трета Македонска бригада, кој бил брзо локализиран.Во меѓувреме, институциите започнаа мобилизација на 400 невработени лица од различни општини кои ќе бидат вклучени во активности за заштита и превенција од пожари. Во Скопје се бараат 80 лица.„Има голем интерес, инбоксот ми е затрупан со пораки. Сите заинтересирани треба да се пријават според информациите објавени во огласите. Ќе поминат обука, ќе добијат заштитна униформа и ќе бидат вклучени во гаснење пожари. Дел од нив, најдобрите, ќе бидат примени во противпожарните бригади и во ДЗС“, додаде Ангелов.Надлежните апелираат на зголемена будност, одговорност и соработка во справувањето со пожарите, особено во услови на високи температури и силен ветер.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања