ТОП

pozar-3

Пожарот во Крива Паланка направил најголеми штети, а втор по критичност е тој во Визбегово

Најголема штета направил пожарот во Крива Паланка каде има загинст човек, штети по гасоводот, опасност за куќите.“Овој можеше да направи катастрофални штети. Сега е во ред”, рече Ангелов.Втор по критичност бил пожарот во Визбегово, таму дејствувале пожарникари, но и Армијата.

Македонија | пред 6 месеци

ohridsko-ezero

УНЕСКО даде дополнителна една година за спроведување корективни мерки за Охридскиот Регион

Македонија доби дополнителна една година од УНЕСКО за да ги спроведе неопходните корективни мерки за заштита на Охридскиот Регион и да го зачува неговиот статус на светско природно и културно наследство.Како што посочуваат од Минстерството за култура, одлуката предвидува дополнителна временска рамка од една година за реализација на активностите за заштита на вредностите на регионот, врз основа на препораките од реактивните мисии на УНЕСКО од 2020 и 2024 година и Стратегискиот план за рехабилитација.„Оваа одлука е резултат на заедничките заложби на Владата на Република Македонија и на Владата на Република Албанија, кои беа препознаени од членките на Комитетот и другите надлежни инстанци“, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков на денешната прес-конференција, додавајќи дека станува збор за силна мотивација институциите најсериозно да пристапат кон итна имплементација на мерките.Министерот Љутков потенцираше дека Владата, преку максимален ангажман и координација на сите надлежни институции – Министерството за култура и туризам, Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за заштита на културното наследство, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и домашните експерти – ќе работи на зачувување на статусот на Охридскиот Регион.„Не смееме да дозволиме однос кон светското наследство како во минатото. Последните седум години речиси ништо не беше реализирано од препораките на УНЕСКО. Наместо заштита, бевме сведоци на игнорирање на експертските извештаи и системско разнебитување. Граѓаните имаат право да знаат дека токму претходната власт го доведе Охрид на работ на губење на својот статус“, рече Љутков.Од Министерството за култура изразија голема благодарност до тимот од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и до членовите на делегацијата на Министерството за култура и туризам за успешно спроведената дипломатска мисија на сесијата во Париз.фото:Unsplash

Македонија | пред 6 месеци

pozar-Angelov

Малолетници фатени со бензин и пиротехника кај Ајватовски рид

Во текот на синоќешните активности на полицијата поврзани со зголемената опасност од пожари во скопскиот регион, тројца малолетници биле затекнати со опасни материјали на подрачјето на Гази Баба.Настанот се случил на 9 јули, околу 23:40 часот, во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден. При полициска проверка, кај трите лица – странски државјани – биле пронајдени две пластични шишиња со по 1,5 литри бензин, две петарди, запалка и течен лепак. Полицијата веднаш ги лишила од слобода.Со тројцата малолетници бил спроведен службен разговор во присуство на дежурен тим од Центарот за социјални работи и адвокат. Потоа, тие се предадени на надлежната јавна установа со потврда за предавање на лица.

Скопје | пред 6 месеци

frikom1

Пожар го уништи магацинот на Фриком во Чучер-Сандево

Пожарот што вчера избувна во општина Чучер-Сандево зафати и објекти на компанијата „Фриком“. Магацинот на „Фриком“, кој служи како главен дистрибутивен центар за снабдување низ цела Македонија, целосно изгоре. Благодарение на навремената интервенција на противпожарните служби и вработените во компанијата, нема повредени лица, а сите вработени се безбедни.„Наша првенствена грижа беше безбедноста на сите вработени и луѓето кои учествуваа во гаснењето на пожарот. Сите се неповредени. Нашите тимови веднаш започнаа со проценка на штетата и организација на нови планови за да обезбедиме што побрзо нормализирање на работата и дистрибуцијата. Голема благодарност до сите кои веднаш покажаа подготвеност и одговорност,“ изјавија од „Фриком“.Компанијата истакнува дека во овие тешки времиња не треба да се заборават и другите погодени од пожарите во државата. „Стотици семејства и фирми се погодени од огнените стихии. Нашите мисли се со сите нив, а како компанија и како луѓе, ја преземаме одговорноста да покажеме солидарност и поддршка,“ додадоа од „Фриком“.Кризниот тим на компанијата веќе ја спроведе првата проценка на штетата и ги информира клиентите дека испораките и активностите се привремено прекинати, додека трае организацијата за непречена дистрибуција во иднина.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-Angelov1

Обвинителство изврши увид кај Крива Паланка, наредена обдукција на телото на починатото лице

По вчерашниот пожар во близина на Крива Паланка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово извршил увид на терен, потврдуваат од обвинителството.Според првичните информации, на местото било пронајдено тело на едно починато лице. По наредба на обвинителот, ќе се изврши обдукција за да се утврдат причините за смртта.„Увидните дејствија се делумно завршени, бидејќи на дел од опожарената локација сè уште постои опасност од разгорување и не се создадени безбедносни услови до овој момент“, информираат од обвинителството.Причините за пожарот засега не се соопштени, а надлежните институции продолжуваат со истражните активности.

Македонија | пред 6 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Не носеле кациги, возеле без дозвола, правеле бучава - МВР за шест часа казни 232 мотоциклисти

Во рамки на засилените контроли за поголема безбедност во сообраќајот, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола насочена кон возачите на мотоцикли. Контролата е реализирана на 9 јули 2025 година, во периодот од 16 до 22 часот, на територија на цела држава. Притоа, санкционирани се вкупно 232 возачи на мотоцикли.Како што информираат од МВР, кај 97 од нив е утврдено дека не носеле заштитна кацига, 77 управувале мотоцикл без возачка дозвола, а осум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава. Дополнително, за време на контролата се регистрирани и 164 други видови сообраќајни прекршоци.„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, наведуваат од Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 6 месеци

stojance-angelov-1

„Стојанче ќе им плаќа по пиво, тие ќе јавуваат за пожари – нов модел за заштита и спасување”

Во отсуство на системски одговор и транспарентност за вложувањата во противпожарната опрема и ресурси, јавноста сè почесто реагира со сарказам и револт. Социјалните мрежи се преплавени со коментари, а меѓу нив е и објавата на Ина Многу Фина.-Никој не излезе да објасни зошто не се купува опрема за пожари секоја година. По изјавите на бескрајно харизматичниот и духовит Стојанче во кого некој гледа менаџер ја гледам сериозноста на пристапот. Возила од паркинг на АРМ сочувани левел баба ги возела, пожарникари бараме во јули за 24к плата, пилоти ќе обучуваме од септември веројатно за пожарите во јануари да се спремни и најјакото од се не требало дронови туку Стојанче кој до пред некоја година не го интересирало дали постои ДЗС, сега, пазете ова, ќе им плаќал по едно пиво на селаните пред кооперации и они ќе биле место дронови единица за брзо алармирање за пожари.Демек оние 5 луѓе што се собираат "Кај Миле" на гајбите во Благодарево после 5 пива кога ништо не гледаат ќе го видат пожарот во планината, исто ко дрон, ќе го извадат телефонот и ќе му ѕвонат на Стојанче ваљда да му кажат. И он изгледа ќе дојде со гранката и ќе го истепа огинот кој што го регистрирале кооперација единиците за известување.Ама среќа за пратениците за трошоци и за службени коли немаме ваков проблем. За пожарите нека се засрамат овие што не донирале, буџетот си има свои приоритети. И не треба многу со недоверба да се гледа, треба и вие да им верувате ко тие што му веруваат на народот. Еве во Битола, два месеци стара фирма добила тендер од 2.5 милиони евра од ЕСМ со „жими мајка“ уверување дека има 330 работници на лагер. Келнер не можеш да најдеш за 2 месеци не па 330 работници ама ете му верувале. Значи треба да се има доверба и со Господ напред некој нешто ќе донира и се ќе биде ок. Добро?, пишува во нејзината објава.

Македонија | пред 6 месеци

slika

(Видео) Мажот кој го врзал детето за врат во струмичко е нејзниот татко кој ќе одговара кривично, девојчето е дадено на мајката иако тоа сведочеше дека крадело заради неа

Мажот кој го врзал детето во струмичко за раце и нозе, обесено за цевка во двор е нејзниот татко. “Скопје1” дознава дека станува збор за дисфункционално семејство, каде родителите биле разведени. Тој ќе одговара кривично, а детето го заврзал бидејќи крадело од локален дуќан, а парите ги давало кај мајка и за да јаде.Од МВР за “Скопје1”, велат дека детето било предадено на мајката по насоки на Центарот за социјални работи-Струмица. Останува нејасно како девојчето е безбедно таму, доколку, тоа крадело за парите да ги даде на нејзе.“Во врска со видеото кое се споделува по социјалните мрежи, Ве известуваме дека СВР Струмица веднаш презеде мерки и е откриен идентетот на сторителот и по направените консултации со јавен обвинител против него ќе виде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело "насилство врз дете" по член 201а од Кривичниот закон. Запознаен е и Центар за социјални работи Струмица, по чии насоки детето е предадено на мајката”, велат од МВР за “Скопје1”.

Македонија | пред 6 месеци

disko

Акциска контрола во ноќни клубови во тетовско и гостиварско, приведени седум странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој

На 09/10.07.2025 во времето од 22 часот до 02 часот, врз основа на претходно изготвен план од страна на СВР Тетово и ОВР Гостивар, била извршена акциска контрола во угостителски објект- ноќен бар во с.Желино, сопственост на J.Ф.(47) од с.Желино, за откривање на странски државјани, илегален престој и злоупотреба на туристичкиот престој.При контролата во објектот, затекнати се пет државјанки на Р.Албанија, на возраст од 24 до 50 години. Исто така, во угостителски објект- ноќен клуб во с.Зубовце, гостиварско, сопственост на Р.Б.(50) од с.Добридол, затекнати се две државјанки на Р.Албанија, на возраст од 33 и 36 години. Поради злоупотреба на туристичкиот престој и престојување спротивно на целта, тие биле задржани во Полициските станици Тетово и Гостивар за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-3

Повеќе од педесет пожари веќе се изгаснати, активни има девет

Заклучно со утрово, 10 јули 2025 година, на територијата на државата се регистрирани вкупно 63 пожари на отворен простор. Од нив, девет се сè уште активни, четири се ставени под контрола, еден е локализиран, а дури 49 се изгаснати.Најкритична е состојбата во општина Македонски Брод, каде се води борба со четири активни пожари. Пожарот кај селото Рамне се проширил од фабриката „Самоков“, а се гори и дабова и мешана шума во околината на селата Црешнево, Локвица, Слатина и Ковче. Активни пожари се бележат и во Чучер Сандево кај Блаце, каде гори ниска вегетација, како и во Шуто Оризари, каде што е опожарена депонијата во близина на селото Визбегово.Во Прилеп сè уште е активен пожарот во атарот на селото Бешиште, на потегот Бешишки Рид, каде гори мешана шума. Пожар е пријавен и на планинскиот масив под Солунска Глава во општина Чашка, како и кај селото Николич во Дојран, каде гори нискостеблеста шума.Локализиран е пожарот кај Кочани, на подрачјето меѓу селата Јастребник и Полаки, а под контрола се пожарите во Делчево, Виница, Крива Паланка и Желино.Во текот на изминатите 24 часа изгаснати се вкупно 49 пожари на различни локации ширум државата. Најголем дел од нив се во Куманово, Прилеп, Велес, Пробиштип, Виница и други општини во Скопскиот, Пелагонискиот, Вардарскиот, Источниот и други региони.Пресекот е изготвен врз основа на податоци добиени од регионалните центри за управување со кризи. Од скопскиот регионален центар пристигнати се информации само за ноќниот период од 20:00 до 07:00 часот. Надлежните институции продолжуваат со интензивно след

Македонија | пред 6 месеци

Mickoski-tribina

Мицкоски со порака до опозицијата по критиките за Извештајот на ЕП: Срам да ви е, да не беше вашата криминална и попустлива политика, немаше да биде ова денес

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, зборувајчи за Извештајот на ЕП за Македонија се обрати и до опозицијата, нагласувајќи дека, како што рече, нивните коруптивни политики доведоа Македонија да се соочува со национални компромиси.Мицкоски на крај заклучи дека нивните политики се предавство на македонскиот народ и на Македонија.,,И ние како народ и земја ја имаме таа судбина да ги имаме тие неправди, но барем јасно е сега на сите и во Европа и во целиот свет, дека во суштина, не биле проблем Бугари во Устав, туку нешто многу подлабоко, нешто многу поголемо. А тоа е, македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Но, имам само една порака со СДСМ и од опозицијата, кои не чекаа дури и да заврши гласањето во Европскиот парламент. А тоа е, засрамете се. Треба да ви е срам. Тоа што им го правите на македонскиот народ, на македонските граѓани и на Македонија како држава“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-Angelov1

Мобилизирани медицински тимови и итни протоколи, МЗ подготвен за предизвиците со пожарите

Во контекст на активните пожари кои го зафатија дел од територијата на државата, Министерството за здравство уверува дека здравствениот систем е целосно мобилизиран и подготвен за соодветен одговор на евентуалните здравствени последици кај населението.„Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се дежурства од стручни кадри, како и транспортни капацитети за итни случаи. Сите релевантни здравствени служби се во состојба на зголемена готовност, со јасно дефинирани протоколи за постапување“, информираат од Министерството.Од таму посочуваат дека состојбата на терен внимателно се следи и дека институциите постапуваат согласно развојот на настаните, со примарна цел – заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните.

Македонија | пред 6 месеци

sonce-oblaci-1

Температурите паднаа и за 15 степени, од следната недела ќе има и дождови! Нема веќе топлотни бранови

Во раните утрински часови, во Македонија има разведрување на времето со засилување на ветерот од северен правец, и истиот услови температурите нагло и значително да опаднат дури за околу 15 степени за разлика од оние кои ги имавме до вчера, односно до 9. јули.Како што посочува метеопрогнозерот, Славчо Попоски, на метеоролошката карта може да се види дека рано утринава на многу места низ Македонија температурата се спушти близу 10 степени, а таа во западните планински повисоки места се спушти и под 10 степени.Денеска во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).Максималните дневни темпратури денес ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.Инаку, според прогностичкиот Европски модел, Попоски вели дека следната седмица доаѓаат врнежи и дека се намалуваат шаансите за екстремно топли бранови.„Најново ажурирање на прогностичкиот Европски модел (ECMWF) укажува на тоа дека следната седмица конечно очекуваме врнежи кај нас. Денот станува се помал, а со тоа полека се намалуваат и шансите за екстремно топли бранови кои според овој модел ги нема на повидок“ вели Попоски.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-3

Нов пожар кај Смилковско – активирани противпожарни екипи, се следи состојбата

Попладнево избувна нов пожар во близина на Општина Бутел, на стариот пат кон Смилковско Езеро. Според градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, пожарот е на територија на Општина Гази Баба, но ситуацијата се следи внимателно.„Апелирам до граѓаните да останат смирени и без паника. Веќе разговарав со градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стевковски, и на терен се присутни противпожарни екипи кои работат на неутрализирање на огнот“, соопшти Костовски.Доколку има потреба, ќе биде активиран и кризниот штаб на Општина Бутел. Засега нема информации за евентуална закана по населението или објекти.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-09-at-20.04.14

(Видео) Тошковски: Можно е сценарио на намерно палење – приведени лица за пожарот во Визбегово, активиран ЕУ механизмот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека постои основано сомнение оти дел од пожарите што ја зафатија државата не се случајни, туку намерно предизвикани. Во Чучер Сандево вчера биле најдени запалени гуми.„Морам да напоменам дека можеби се работи за поинакво сценарио, од она сценарио на случајност. Институциите работат на терен. Во текот на вчерашниот ден фативме лице кое со умисла палеше оган. Лицето беше пронајдено и му беше изречена најстрога мерка. Многу е симптоматично како се неутрализира еден пожар, започнува втор, а како се неутрализира втор стартува трет пожар. Од страна на МВР, сум информиран дека се сомневаат дека станува збор за одредено сценарио кое сака да се постигне во Македонија“, изјави Тошковски.Тој потврди дека за големиот пожар кој избувна на приватен отпад во Визбегово, се преземени конкретни дејства: „Сопствениците се приведени и по насока на јавен обвинител ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка“, рече министерот.Според најновите информации, под контрола се ставени пожарите во: Орман и Волково (Скопски регион), Визбегово, Самоков (Македонски Брод), Дојран

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања