ТОП

Screenshot-2025-07-09-at-19.52.03-1

48 часа во оган: Тони Пигуловиќ не го брои времето, туку спасеното - знаете ли колку вакви херои имаме?

Тони Пигуловиќ, пожарникар од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, веќе 48 часа е на првата линија од фронтот – таму каде што пламенот е најжесток, а времето – најскапоцено. Без одмор, со трошка вода и уште помалку сон, тој и неговите колеги се борат да спасат што може да се спаси: шума, куќи, објекти, животи.Скопските пожарникари се распоредени на неколку критични точки околу градот, каде што пожарите беснеат низ шумска вегетација, нискостеблести површини, депонии и индустриски зони. Теренот е тежок, огнот – непредвидлив, а ветровите – непријател што не мирува.Според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 18:00 часот на 9 јули 2025 година, во државата се евидентирани 25 пожари на отворен простор, од кои 21 сè уште се активни. Во скопскиот регион има шест жаришта кои постојано се следат, гаснат и повторно се разгоруваат.Но таму, секој ден, секој час – стои Тони. Не прашува колку е ризично, не се жали. Само прашува: „Каде е најпотребно?“Тони Пигуловиќ денес е лице на храброста. Но зад него се десетици други – пожарникари, волонтери, припадници на службите – кои, иако уморни, не се откажуваат. Зашто кога гори татковината, не се брои ниту времето, ниту жртвата.

Коментари | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-09-at-18.54.00

(Видео) Вознемирувачка снимка: Монструозно малтретирање дете – врзано со јаже околу врат и раце, случајот е наводно во струмичко

Дете врзано за врат и раце со јаже, обесено на цевка, снимано и малтретирано оти украло пари од маалски дуќан – ваква снимка е објавена на социјалните мрежи која предизвика голема вознемиреност кај граѓаните. Засега нема детали за случајот, а објавувачот посочува дека истата е направена во струмичко Ново село.На почетокот, лицето кое го врзало детето, го прашува „Зошто си така врзан?“, тоа вика „Земав пари“, тој вика „Зема или украде?“, а тоа одговара „Зема“.Потоа, го прашува детето што им направил на парите, а тоа одговара „земав да јадам“. На потпрашање „каде се другите пари“, тоа одговори...Детето вели дека секојпат крадело, па вели дека нема да краде.„Нема да крадам, пушти ме“, вели детето, а тој одговара „нема пуштање, кажах ти“.Се слуша како детето вика и плаче, додека човекот го снима и испрашува.„Можеш ли малку да ме олабавеш?“, прашува детето, а тој вели „Не“.„Скопје1“ го испрати видеото до полицијата, оттаму чекаме детали. Од објавувачот на видеото, побаравме детали каде било првично споделено и од кое лице, како и кога е снимено.

Македонија | пред 6 месеци

vizbegovo4

25 пожари на отворено – 21 сè уште активен: Најтешка состојба во Македонски Брод, Чучер-Сандево и Ѓорче Петров

На територијата на државата, заклучно со 18:00 часот на 9 јули 2025 година, евидентирани се вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се сè уште активни, а 4 се изгаснати, информираат надлежните служби.Најкритични се локациите во Општина Македонски Брод, каде се гори деградирана дабова шума и ниска вегетација на неколку различни точки, како и во Општина Чучер-Сандево, каде пожарот помеѓу селата Блаце и Чучер зафаќа мешана шума и трева. Сериозна е и состојбата во Ѓорче Петров, каде гореа куќи во селата Орман и Волково, како и гробишта и Стопански двор.Пожар има и во депонијата во Шуто Оризари, во шумскиот предел кај Осогово (Кочани), како и во региони во Дојран, Радишани, Сарај, Крива Паланка, Тетово и Петровец.Според пријавите, неколку од пожарите се прошириле со голема брзина, особено поради комбинацијата од високи температури и ветер.Во меѓувреме, изгаснати се пожарите на следните четири локации:с. Лубанци (Општина Бутел),с. Веселчани (Прилеп),Ново Село (Демир Хисар),дел од територијата на Старо Нагоричане.Надлежните служби продолжуваат со интервенции на терен, додека јавноста бара од институциите активирање на ЕУ механизмот за цивилна заштита и поголема мобилизација на ресурси за справување со кризата.

Македонија | пред 6 месеци

EP

Европарламентот го изгласа извештајот за Македонија, македонскиот идентитет „исчезна“ од текстот

Со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“, Европскиот парламент денеска го усвои Извештајот за напредокот на Македонија за 2023 и 2024 година, изготвен од специјалниот известувач Томас Вајц, европратеник од Австрија.Документот ги опфаќа клучните реформи и предизвици на земјава на патот кон Европската Унија, но вниманието на јавноста го привлече фактот што во неговата конечна форма се отстранети сите конкретни референци на „македонскиот јазик и идентитет“, кои претходно беа присутни во нацрт-верзијата.Овој потег се оценува како резултат на компромисни преговори меѓу европратениците, а за некои претставува и отстапување од принципиелната поддршка на македонските национални обележја во европскиот контекст.Извештајот содржи препораки за натамошен напредок во владеењето на правото, борбата против корупцијата, реформата на јавната администрација и зајакнување на демократијата, но неговото „чистење“ од чувствителни термини отвора прашања за идниот тон на европскиот дискурс кон Македонија.

Свет | пред 6 месеци

vizbegooooo

Чадот почнал пред работното време, сомнежите се дека пожарот во Визбегово е подметнат, институциите ќе истражат кога ќе се изгасне

Пожарот кој избувна во Визбегово од рано утрово, и натаму се гасне. Дел од лицата кои работат во близина и го знаат просторот, зад камерите посочуваат дека се сомневаат дека пожарот е подметнат. Велат дека разговарале со вработени на плацот, кои им кажале дека уште во 08:30 утринава, пред да започнат со работа, имало црн чад, а потоа, сѐ се одвивало брзо.Неофицијалните информации, сѐ дека потпалувањето било од една точка, а бидејќи станува збор за отпад каде имало и акомулатори и боци - лесно се проширил. Се коментираше дека првата Противпожарна бригада успеала да стигне за дваесетина минути по пријавата. Гаснетењето може да потрае со денови, а важно е најпрво да се локализира.Прашани во Обвинителството, дали истражуваат што е причина за пожарот, велат: „Тоа се податоци што МВР или ЦУК може да ви ги дадат во овој момент, додека најголем дел од пожарите уште траат. Обвинителствата постапуваат во сите случаи каде има индиции дека пожарот бил предизвикан или поврзан со кривично дело“.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-09-at-18.03.05

Поради пожар затворен дел од скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради пожар, затворен за сообраќај е делот од скопската обиколница од клучка Радишани кон Тетово.Исто така, ја информираме јавноста дека од 17.20 часот е пуштен сообраќајот кон ГП Блаце, но само за патнички возила, но останува во важност забраната за движење на товарните возила.

Македонија | пред 6 месеци

Kriva-palanka

Пронајдено починато лице во близина на пожар во Лозаново, Крива Паланка

Денеска (09.07.2025), во близина на активен пожар во селото Лозаново, општина Крива Паланка, полициски службеници пронашле починато лице, информираат од МВР.Увидот се врши на лице место во присуство на јавен обвинител, а повеќе детали засега не се соопштуваат. Се истражуваат околностите поврзани со смртта и пожарот.

Македонија | пред 6 месеци

bojko1

Бојко Борисов подава рака на Македонија, Бугарија задоволна од усвоениот Извештај

Откако денеска беше усвоен Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија без да се спомене во него македонскиот јазик и идентитет, официјална Софија веднаш изрази задоволство од документот.,,Со својата резолуција за извештајот за напредокот на Република Северна Македонија, Европскиот парламент не дозволи тој да биде инструментализиран за потребите на внатрешната политичка дебата на земја-кандидат“, коментираше министерот за надворешни работи Георг Георгиев.Реагираше и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.,Драго ми е што гласот на Бугарија беше слушнат.Повторно им подавам рака на нашите пријатели во Северна Македонија да продолжиме напред заедно, врз основа на почитување и спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство. Во мене и во лицето на Бугарија, тие секогаш ќе имаат искрен и близок партнер”, изјави Борисов.

Македонија | пред 6 месеци

Mickoski1

Мицкоски по усвојувањето на извештајот во ЕП: Ова е нашиот Крушевски манифест – нема да дозволиме ново предавство

По изгласувањето на извештајот за напредокот на Македонија во Европскиот парламент, од чии финални формулации беа отстранети споменувањата на македонскиот јазик и идентитет, премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше, нарекувајќи го овој момент „нов Крушевски манифест“ за Македонија.„Македонската историја е втемелена врз предавства и неправди. Тоа не е ексклузивитет на современата Македонија, туку болка која ја носиме низ вековите. Неправдата е составен дел од нашето секојдневие, но нека го чуе секој: денешниот ден не е ништо ново за нас“, порача Мицкоски.Тој оцени дека со гласањето во Европарламентот вистината излегла на површина и дека ЕУ јасно покажала што очекува од Македонија – услови кои не важат за ниту една друга држава-кандидат.„Тоа се политичари од врвен калибар, кои совршено знаат што е суштината на овие барања. Сега сè им е сервирано на тацна. Не сакам никој повеќе да ми зборува дека бугарското малцинство е проблем – уште утре можеме да го внесеме во Уставот. Но суштината е поинаква. Проблемот не е во тоа, туку во триесетгодишната стратегија која ја водат низ европските ходници против македонската нација“, рече тој.Премиерот додаде дека државата, од независноста до денес, направила бројни отстапки и помирувања, но дека вистинскиот проблем е што нејзините лидери со децении не воделе сметка за националниот интерес.„Оваа борба е и ќе биде тешка. Но ќе успееме. Малубројна земја сме со големо срце. Ги почитуваме соседите, дури и кога ќе ги фатиме живи како работат против нас. Но без взаемна почит, нема да постигнат ништо. Кога ќе почнат да не почитуваат – ќе ни бидат најголем пријател“, истакна тој.Најави дека нема да дозволи ново предавство ниту отстапување од македонските национални интереси, нагласувајќи дека неговата функција е минлива, но целта останува.„Јас сум само моментален функционер, но работам ден и ноќ за да ја реализирам целта – достоинствено членство во ЕУ. Тоа не е само цел, туку потреба за нашата држава“, рече Мицкоски.Во својата изјава тој посочи и дека моменталната блокада од Унгарија не е единствената причина за застојот во евроинтеграциите, туку дека проблемите датираат уште од 90-тите години, кога Македонија беше признаена како држава, но не и како нација.„Нашиот источен сосед има поинаква агенда. Работеа против нас повеќе од три децении. Водени се од мислата да ја уништат македонската нација и идентитет“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

helikopteri

Чадот и ветрот ја стопираа воздушната интервенција на полицискиот хеликоптерот во Визбегово

Хеликоптерот „Аугуста Бел 212“ на Министерството за внатрешни работи, кој беше вклучен во гаснењето на пожарот кај отпадот во реонот на Визбегово, е повлечен од теренот поради влошени услови за летање – засилен ветер и густ чад.„Хеликоптерот беше испратен како поддршка во справување со пожарот и изврши неколку фрлања на вода. Но поради засилениот ветер и намалената видливост од чадот, одлучено е да се повлече во базата“, соопштија од МВР.Во акцијата за гаснење на пожарот и натаму учествува еден авион „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, а на терен дејствуваат и противпожарните единици на Град Скопје, како и екипи со возила на „Комунална хигиена“.Од засега достапните информации, во пожарот е повредено едно лице, кое било пренесено на лекарска помош. Дополнително, приведен е сопственикот на отпадот каде што избувна огнената стихија, потврдија надлежните институции.Пожарот, кој избувна вчера, предизвика сериозна загриженост кај жителите поради серијата експлозии од плински боци во хаварисани возила и опасната близина до станбени куќи во реонот на Шуто Оризари.

Скопје | пред 6 месеци

afroditi

„Јас сум вистинска горда Македонка, а не лажна како резидентите во Скопје“ - изјава на грчка европратеничка пред гласањето на извештајот

На вчерашната пленарна дебата во Европскиот парламент, што ѝ претходеше на денешното гласање за Извештајот за напредокот на Македонија, грчката европратеничка Афродити Латинопули изнесе навредлива и провокативна реторика, негирајќи го македонскиот јазик и идентитет.„Јас сум вистинска горда Македонка, а не лажна како резидентите во Скопје“, изјави Латинопули од европската група на крајната десница (ECR), додека ги поддржуваше бугарските ставови за историјата, јазикот и националноста на македонскиот народ.Во нејзиниот говор, таа рече:„Дојдовме до точка каде што честа на Македонија и Грција ја бранат Бугарите. Нивната реакција е исправна бидејќи тие знаат дека моменталниот јазик во Скопје е бугарски дијалект и нивната националност е бугарска. Ако сакате мир и добри односи на Балканот, историјата мора да се обнови, инаку пристапот кон ЕУ нема да се случи ниту во нивните соништа. Македонија е една и таа е грчка.“Изјавата предизвика реакции и на социјалните мрежи, особено поради фактот што дојде во момент – токму во пресрет на денешното гласање за Извештајот за Македонија, кој беше усвоен со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“, но во финалната верзија од текстот беа отстранети референците на „македонскиот јазик и идентитет“.Овој развој на настаните дополнително ги отвори прашањата за рамнотежата меѓу политичкиот дијалог во Европскиот парламент и заштитата на националниот и културниот интегритет на земјите-кандидати, како што е Македонија.

Македонија | пред 6 месеци

vizbegooooo

Детонации од плински боци на депонијата, има повредено лице при интервенција на гаснењето на пожарот

Министерството за внатрешни работи информира дека едно лице е повредено за време на интервенцијата, односно геснењето на пожарот во Визбегово и е пренесено во болница.„Денеска во 09.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо на ул. Б.Буна во Скопје има пожар, односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирани плински уреди и се слушаат детонации од истите. Досега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот. За време на интервенцијата едно лице е повредено и пренесено за укажување лекарска помош“, информираа од МВР.Пожарот избувнал во кругот на отпад што е регистриран на фирмата АСД „Метал груп“. Жителите од околните населби велат дека рано утрово забележале огромни облаци чад, а од местото каде што гори се слушале и силни експлозии.Според досегашните информации, детонациите потекнуваат од плинските уреди монтирани на хаварисани те возила кои се запалиле во рамки на депонијата. За среќа, пожарот сè уште не се проширил кон станбени објекти.Во гаснењето се вклучени екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, а по барање на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, беше ангажирана и воздушна поддршка. На терен дејствува авион Ер Трактор од Дирекцијата за заштита и спасување.Властите апелираат на внимателност, бидејќи се уште постои ризик од ширење на огнот поради материјалот што гори и временските услови.

Скопје | пред 6 месеци

vizbegooooo

Загрижувачка состојбата кај Визбегово – пожарот се шири, можно наредување евакуација!

Пожарот што избувна во близина на дивата депонија меѓу Визбегово и Шуто Оризари брзо се шири и претставува сериозен ризик за околните површини, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Опасноста е уште поголема бидејќи во непосредна близина се наоѓаат станбени објекти.По барање на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, побарана е воздушна поддршка за справување со огнената стихија. ЦУК веднаш го процесуираше барањето до Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата за заштита и спасување, со цел побрза и поефикасна интервенција.Градоначалникот е информиран дека, доколку состојбата го наложи тоа, треба да се пристапи кон евакуација на жителите од најзагрозените подрачја.Во моментов на терен дејствуваат противпожарни екипи на Град Скопје.

Скопје | пред 6 месеци

vizbegovo-pozar1-1

(ФОТО/ВИДЕО) Пожар кај депонијата меѓу Шуто Оризари и Визбегово – чадот ги прекри околните населби

Густ црн чад и силни пламени јазици утринава повторно ја зафатија депонијата што се наоѓа меѓу скопските населби Шуто Оризари и Визбегово. Според информациите од терен, се запалиле стари гуми, а чадот брзо се проширил, прекривајќи делови од околината. Од фотографиите и снимките што ги направи Скопје1, може да се види дека главно горат гуми.На лице место интервенираат четири возила на Противпожарната единица на Град Скопје, а во гаснењето се вклучени и две возила од „Комунална хигиена“.Станува збор за уште еден во серија пожари на оваа проблематична локација, која со години претставува еколошка и безбедносна закана за жителите од околните населби.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

(ВИДЕО) „Ќе ги бомбардирам Москва и Пекинг“: Откриена тајна снимка на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на донаторите на приватен настан во 2024 година дека му се заканил на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ја „бомбардира Москва“ ако ја нападне Украина, според аудио-снимка објавена од Си-Ен-Ен.„Му реков на Путин: „Ако влезеш во Украина, ќе ја бомбардирам Москва. Немам избор“, се слуша Трамп на снимка од настанот.. „И потоа тој рече: „Не ти верувам.“ Но, тој ми веруваше 10 проценти“, додаде Трамп.Американскиот претседател, исто така, тврдеше дека испратил слична порака до кинескиот претседател Си Џинпинг, предупредувајќи го дека САД ќе го бомбардираат Пекинг доколку Кина го нападне Тајван. „Мислеше дека сум луд“, рече Трамп за Си. „Но, никогаш немавме проблем.“Снимки од повеќе настани за собирање средства зад затворени врати во Њујорк и Флорида во 2024 година, добиени од новинарите Џош Дози, Тајлер Пејџер и Исак Арнсдорф, се објавени во нивната нова книга „2024“. Досега тие не се објавени во јавноста. Админситрацијата на Трамп одби да коментира за нивната содржина.

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања