14 дена патува писмо од судот за Вилма "да се спаси" од одговорноста за лажењето и манипулациите, вели Ременски
Интуицијата и познавањето како функционира организираниот систем за прикривање, штитење и саботажи од страна на инститициите даде уште еден резултат, вели Фросина Ременски во објавата на социјалните мрежи.„За што се работиОткако на 17 февруари ја поднесов тужбата против Вилма Русковска по нејзиното јавно бессрамно лажење и откако не успејаа обидите на Пеливанов и Трајчева да и' обезбедат алиби со блефирање на Суд, за рочиштето за кое за и' порачав подобро да не доаѓа, загрижени да не дојде до почеток на рочиштето сега поштата дојде на ред да излегува во пресрет.Бидејќи знам дека, има рокови во граѓанските постапки по тужби за клевета се заинтересирав зошто Судот чека еден месец за да закаже рочиште.Од службеникот на судијата на шалтер дознав дека, на 7 март (пред 14 дена) Судот пратил писмо по пошта на моја адреса кое до денес уште патува и никако да стигне ..., патува за да не стигне, а со тоа да поминат рокови и Вилма "да се спаси" од одговорноста за лажењето и манипупациите. Можеби и ќе беше така. Ама тончЛично го подигнав писмото од Судот што не требало да стигне до мене и нема спас, ниту за Вилма, ниту за тие што и' помагаа во измамата на правото. Ќе си дојде на рочиштеМе збуни само улогата на поштата од која уредно, некогаш и експресно добивав се' (што требаше да оди во прилог на Вилма). Со ова се покажа дека, "за не дај Боже" се наоѓа некоја "пријателска врска" кога треба да се потруди "на писмо со рок да му помине рокот", или "да нема уредна достава". За среќа конзервансот "за рокови" и за ова конзервирање е кај мене. Од која вистина бега Вилма ќе видите деновиве.П.С. Ќе биде интересно ако побрзаат да ми го достават откако ќе го прочитаат статусот“, вели Ременски
Македонија | пред 3 години