ТОП

273808441_1128747191025037_122755999165666650_n

ФОТО: Смачкан “пасат” на влез од Охрид, удрил во бетонска препрека

Сообраќајка денес се случи на патот Кичево-Охрид.Автомобил со кичевски регистарски ознаки марка „Фолксваген Пасат“ удри во парче цементо. Предниот дел од автомобилот e целосно искршен.Очевидци велат дека веројатно сообраќајката настанала откако возачот возел со поголема брзина од пропишаната, не ја видел острата кривина и удрил во бетонската препрека која го двои направениот од ненаправениот дел од автопатот.За сега нема информации за повредени, а во моментов е пристигната полиција која врши увид на местото на настанот.На овој дел од патот често има сообраќајни несреќи, а последната беше со смртен исход.

Македонија | пред 3 години

DSC_0052

Во Скопје се уапсени тројца малолетници за кражби

На 19.03.2022 од полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје лишени од слобода се тројца малолетници осомничени за кривични дела „тешка кражба“.Тие во службен разговор ги признале трите кривични дела за кои постои основано сомнение дека ги направиле на 17.03 и 19.03.2022, а кај нив се пронајдени и разни предмети што потекнуваат од кривичните дела кои се одземени и вратени на сопствениците.Известен е јавен обвинител и тим од Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи. Еден од малолетниците е предаден на полициски службеник од затворска полиција - воспитно поправен дом –Тетово. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

odnosi

Мицкоски за фондацијата на Заев: Имате политичари кои влегуваат како голтари во политиката, а излегуваат како милионери

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека политичари земаат заеми на име на Македонија за да крадат. Тој посочи: „Го полнат буџетот за да крадат. Имате политичари кои влегуваат како голтари во политиката, а излегуваат како милионери. Отвораат фондации и така натака“.„Покрај криминалот и корупцијата, парите и провизиите немаат боја. И тогаш и колнењето – престанува“, додаде Мицкоски.Според него, народот не ја сака Владата.„Малкумина околу власта, мршојадци, кои живеат на товар на народот имаат еден паралелен свет од оној вистинскиот, а тоа е оној кој го живее народот. А тоа е тежок живот, ниски плати, низок стандард, една депересија која го има зафатено општеството, бизнис заедница која е сериозно начната со ова што се случува и многу проблеми. Едноцифрен е бројот на оние кои мислат дека државата оди во вистинска насока“, кажа Мицкоски.Поранешниот премиер Зоран Заев, заедно со ексминистерот заздравство Венко Филипче беа дел од Форумот за дипломатија кој викендов се одржа во Анталија. Тогаш од извори на кабинетот на поранешниот премиер објавено дека Заев работи на формирање на фондација „Едно општество за сите“, и дека на Форумот за дипломатија во Турција била искористена можноста за меѓународна промоција на ваквата идеја, но и опипување на меѓународниот импулс по ова прашање.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-20-at-11.44.03

УЈП влезе во 611 дуќан и казни 114, Лукаревска нема да дозволи да се изигрува законот

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, кажа дека инспекторите изминативе два дена казнувале низ цела Македонија за неприлагодени фискални каси, согласно владините одлуки за намалување на ДДВ-то со цел да се намалат цените. Најмногу неправилности имало кај трговци на мало со храна и пијалоци, трговци на мало со јајца, месо и производи со месо. Најмногу неправилности имало во Тетово поради неиздавање и неусогласени фискални сметки.„Од 611 контроли во цела Македонија, кај 114 даночни обврзници имало неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. Во контролата беа опфатени оние кои вршат трговија со храна и пијалаци на мало, трговија на мало со месо и производство на месо, трговија на мало со моторни горива. Во Скопје се извршени 136 контроли – 13 имале неправилност. Во Битола од 120 контроли – 41 неправилности. Во Прилеп од 93 контроли – 22 имале неправилност. Во Струмица од 85 контроли – 10 имале неправилност. Во Тетово 78 контроли - 26 имале неправилност. Во Штип од 99 само 2 имале неправилност“, кажа Лукаревска.Според неа, овие трговци – лебот, брашното тип 400, јајцата, млекото, месото, шеќерот, оризот и зејтинот ги продаваа со пресметан ДДВ со 5 проценти.„Изрекуваме глоби бидејќи алармиравме и претходно дека ќе одиме на терен. Имаа доволно време даночните обврзници да ги прилагодат своите фискални каси. Меѓутоа сметаа дека можат да го изиграат законот, но тоа не е така“, рече Лукаревска.Таа апелираше, особено до големите маркети, да си ги прилагодат касите.

Македонија | пред 3 години

20220320092623

Во Струга пристигна првото семејство од Украина

Семејство од Украина е сместено во домот на познатиот струшки активист Алберт Хани во Струга.Локалните медиуми пишуваат дека тој им ги отворил вратите и ги угостил во својот дом.Руската инвазија на Украина предизвика милиони Украинци да ги напуштат своите домови, главно жени, постари лица и деца. Повеќето од нив заминале во соседните земји како Полска, Молдавија и Романија, но има значителен број што пребегнале во други европски земји, но и на Балканот, пишува VOX Струга.

Македонија | пред 3 години

276151928_274932861491523_6614731019528206896_n

(ФОТО) Гори куќа во Охрид, тешко се гасне бидејќи газдата чувал муниција

На 20.03.2022 год во 02 и 35 часот во ТППЕ - Охрид примена е дојава за опожарен станбен објект (куќа).„Екипите веднаш се излезени на терен со 4 возила, при што затекнато е големо опожарување на објектот.Веднаш е пристапено со гаснење на објектот и спречено е проширување на соседната куќа која е прилепена до опожарениот објект.Пожарникарите гаснат во отежнати околности,голема количина на муниција и попреченост во извршување на должноста од страна на сопственикот.Храброста и пожртвуваноста на Охридските пожарникари е очигледна.За среќа нема повредени лица.АПЕЛ до СВР-Охрид да ги санкционираат сите чинители кој вршат попречување во извршувањето на нашите должности на терен“, велат од охридската протвипожарна бригада.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Оштетена браната Липа во Неготинско, постои опасност од рушење

Со цел да се утврди состојбата на терен и соодветно превентивно да се реагира, Стојанче Ангелов - директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), изврши увид на оштетената брана Липа во Неготинско, којашто протекува од многу места и има опасност од рушење на дел од насипот.Прво, Ангелов оствари средба со градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов, а потоа со раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи Неготино, Пане Трајков и со мал тим од општината, се упати кон село Липа, близу коешто е лоцирана истоимената оштетена брана.По непосредниот реализиран увид и документирање на состојбата на терен, ќе следат и наредни чекори за превентивно дејствување од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, во координација со субјектите од системот за управувњесо кризи

Македонија | пред 3 години

bolnica-2

Оштетени цевките за медицински гас во болница во Струга

На 18.03.2022 во 10,05 часот во СВР Охрид, Д.Д.(61) од Струга, вработен како анестезиолог во ЈЗУ„Специјализирана болница за нефрологија“-Струга, пријавил дека на 17.03.2022 во временски период од 17,00 часот до моментот на пријавување, непознат сторител со употреба на предмет насилно дејствувал на цевките на централниот довод за гасови на машинската куќа до салата за операција во болницата, така што прво била оштетена надворешната обвивка, потоа во внатрешноста од цевката насилно биле исечени бакарните цевки кои произведувале медицински гас до операционата сала во зградата и потоа го напуштил местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа на Полициската станица Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

kovid-koronavirus-makedonija1001

Осум лица починаа од ковид

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.799 тестови, а регистрирани се 273 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 161, Битола – 21, Прилеп – 16, Кавадарци – 12, Охрид -11, Куманово – 10, Струмица - 6, Тетово и Гостивар – по 5, Кичево – 4, Велес, Штип и Струга – по 3, Кочани, Радовиш и Богданци – по 2, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Валандово, Виница, Крушево и Демир Капија – по 1.Од вкупниот број на позитивни (273), регистрирани се 45 реинфекциии.Регистрирани сe 233 оздравени пациенти од: Скопје – 139, Битола – 15, Велес – 11, Куманово – 10, Прилеп – 9, Охрид – 8, Кавадарци, Гостивар и Гевгелија – по 5, Кичево – 4, Тетово, Сруга и Виница – по 3, Струмица, Штип, Кратово и Демир Хисар – по 2, Кочани, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Дебар – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица: 2 починати лица од Прилеп (68г и 43г) и по едно починато лице од Битола (79г), Куманово (81г) и Охрид (73г). Сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица, од Скопје (1), Струмица (1) и Тетово (1), на возраст од 60 до 78 години. Пријавените лица се починати во период од 18.02. до 05.03.2022 година. Од починатите лица две се починати во болнички услови и едно лице во домашни услови.Кај сите починати лица (8), се регистрирани коморбидитети.Направени се 2.799 тестови преку: ИЈЗ-210, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-81, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово-1, ЦЈЗ Куманово-72, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–137, Жан Митрев (Филип Втори)-29, Авицена-82, Биотек-76, Систина-32, лабораторија Лаор-117, Синлаб-17, Ремедика-16, Плодност-27, Генеа-13, Никоб Лаб-228, ВФВ Медикал-68, Ели Медика Плус-28, Ројал Медика–12, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.401.Досега во земјата се направени вкупно 1.933.837 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.140, бројот на оздравени пациенти е 291.952, на починати е 9.172, а бројот на активни случаи изнесува 2.016.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 141809, Активни 1087Куманово 16455, Активни 75Битола 14555, Активни 129Прилеп 13873, Активни 144Тетово 13398, Активни 43Кавадарци 10341, Активни 82Велес 9621, Активни 40Гостивар 9511, Активни 28Охрид 8643, Активни 93Струмица 7966, Активни 32Штип 7948, Активни 17Кичево 5517, Активни 37Кочани 5016, Активни 23Струга 4677, Активни 18Гевгелија 4327, Активни 28Неготино 3640, Активни 10Ресен 2658, Активни 24Свети Николе 2612, Активни 5Радовиш 2505, Активни 19Крива Паланка 2400, Активни 7Делчево 1904, Активни 4Дебар 1660, Активни 9Берово 1636, Активни 5Валандово 1470, Активни 10Виница 1370, Активни 12Пробиштип 1259, Активни 2Богданци 1015, Активни 9Кратово 956, Активни 11Крушево 916, Активни 6Демир Хисар 821, Активни 1Македонски Брод 732, Активни 0Демир Капија 584, Активни 3Македонска Каменица 521, Активни 2Пехчево 483, Активни 1Дојран 341, Активни 0

пред 3 години

DSC_0052

Приведен крадец за тешка кражба на подрачје на Кисела Вода

Кај Транспортен центар во Скопје од полициски службеници од ЕВР Кисела Вода бил лишен од слобода Т.А.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка кражба“ во патничко моторно возило. Имено на 15.03.2022 во временскиот период од 14.30 до 15.30 часот на подрачјето на Кисела Вода пријавениот со употреба на сила и погоден предмет од патничко моторно возило “мерцедес“ со скопски регистарски ознаки одзел повеќе предмети и документи.По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

73663_jovana-jeremic-instagram_f

Српската водителка Јеремиќ: Политичарите ми се плашат зошто знам со кого ги изневеруваат партнерите

Водителката Јована Јеремиќ открива дека знае за бројни неверства на политичари и влијателни луѓе, како и дека паметно ги користи тие информации и знаење.Таа вели дека се води по докажаниот метод на „услуга за услуга“ и затоа никој не се осмелува да ја одбие кога го бара за гостување во емисијата.– Политичарите се плашат од мене бидејќи ја знам нивната интимност. Знам многу, но молчам, не зборувам. Доаѓаат кај мене наутро и тоа е услуга за услуга. Има многу јавни личности кои имаат љубовници, а во утринската програма ќе продолжам да откривам романси во иднина. Јас прва зборував за Тања Савиќ и Драшко Станивуковиќ, тоа беше јавна тајна. Не е точно дека ѝ го уништив бракот, тогаш беше сама, исто како Драшко – вели Јеремиќ.Таа додаде дека секогаш подобро е добар развод отколку лош брак.– Отсекогаш било фер кон мене луѓето на кои не им оди во бракот убаво и транспарентно да се разведуваат, а не да ја лажат јавноста, туку пред се самите себе. Најголем пораз е кога ќе се изневериш, човекот секогаш треба да биде искрен со своите емоции. Со оглед на тоа дека ги кршам сите предрасуди во новинарството, но и во општеството, успешно ги уривам предрасудите дека е подобро да се биде во лажен брак отколку да се разведе, рече таа.

Магазин | пред 3 години

1x-1-1280x640-1

Македонците на 89. место помеѓу 146 држави на ранг листата за најсреќни нации

Финска петта година по ред е прогласена за најсреќната држава на светот. И овој пат рангирањето го прават Обединетите нации за Меѓународниот ден на среќата кој е на 20 март. Финска, но и другите скандинавски држави доби многу високи оценки за сите параметри од Светскиот извештај за среќата, како очекуван животен век, социјална поддршка и ниска корупција.Зад Финска се Данска и Исланд, а потоа се Швајцарија, Холандија, Луксембург, Шведска, Норвешка, Израел и Нов Зеланд.Македонија е на 89. место според рангирањето кое опфати 146 држави, и ова се скок од пет места во однос на лани. Најдобро котира Словенија, на 22. место од земјит во регионот.Најнесреќна држава на светот е Авганистан, а потоа се Либан, Зимбабве, Руанда и Боцвана.„Истражувањето покажа дека високиот пласман не зависи толку од културата, туку како институциите водат сметка за своите луѓе“, вели Франк Мартела од Универзитетот во Алто.

Магазин | пред 3 години

06

(ВИДЕО) 149 санкционирани возачи во Скопје, 47 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се три мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 47 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

popis-696x522

Пешевски за пописот: Што ќе славите во Филхармонија, ако резултатите се шокантни

Адвокатот Драган Пешевски на социјалните мрежи реагираше во врска со резултатите од пописот кои треба да бидат објавени кон крајот на месецот.„Симовски од статистика, обзнани дека по објавување на резултатите на пописот ќе бил државен непријател број еден, што претпоставува дека резултатите се шокантни, и очигледно ке бидеме несреќни од истите. Од друга страна закажува прослава во македонска филхармонија каде истите резултати ке ги објави...Што славите, кој тоа славите,зошто славите???

Коментари | пред 3 години

grobista-1

(ВИДЕО) И погребите поскапуваат

Нормално е да има покачување на цените на црковните услуги, оти тие не се покачени 7 до 8 години, вели во изјава за Тера телевизија Владиката Петар.Инаку според реакциите до Тера телевизија, за 50 денари поскап е овогодинешниот водосвет, а за 500 денари погребот.„Граѓаните кои ги затекнавме таму зад камерата ни рекоа дека цените за црковните треби биле покачени уште за задушница кога се спеваа починатите. Тогаш граѓаните за ова платиле 200 денари, а претходно плаќале по 150 денари“, пишува Тера телевизија.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања