ТОП

maricic-2

Застануваме зад Украина, ќе помогнеме со нашите можности и капацитети, вели Маричиќ

Ние отсекогаш сме биле за дипломатско решение, разговори и против војна. Затоа застануваме со Украина сметајќи дека оваа воена агресија на Русија ќе донесе несреќа, жртви и нестабилност во Европа, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ за Македонското радио.Тој додаде дека Македонија како членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ, во координација со сојузниците застана на страната на Украина и понуди помош.-Ќе помогнеме со нашите можности и капацитети. Нам ни е важен нашиот интерес да опстои безбедноста, сигурноста и стабилноста на Европа и нашиот регион, изјави Маричиќ. Вицепремиерот кажа дека оваа ситуација ќе има импликации врз ресурсите во Европа, но потенцираше дека државните резерви во земјава се во добра состојба.-Сите проблеми околу испораката на електрична и топлинска енергија беа поврзани со овие случување. Но, со преземените чекори од Владата и вложувањата од буџетот за покривање на овие трошоци не дозволивме голем ценовен шок. Оваа криза ја предвидовме и правевме напори. Владата ја следи ситуацијата од ден на ден и презема чекори со директна интервенција од буџетот за граѓаните да не ги почувствуваат последиците, рече Маричиќ.

Македонија | пред 3 години

C0007.MP4.22_53_53_22.Still001

(ВИДЕО) Акциска контрола во Велес, затворен објект од ДПИ

Во текот на изминатата вечер (25/26.02.2022) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во седум угостителски објекти и ноќни клубови во Велес. Притоа, еден објект е затворен од страна на ДПИ затоа што биле затекнати лица пуштени во угостителскиот објект без да поседуваат ковид сертификат, не биле издавани фискални сметки и затекнат бил малолетник по 24 часот, за што ќе следува и соодветна пријава од СВР Велес. При контролата во еден од објектите утврдено е непоседување на фискален апарат при што е сочинет записник од Управата за јавни приходи.Во друг угостителски објект констатирана е поголема сума на пари во каса. Од Државниот пазарен инспекторат во еден објект констатирано е неносење заштитни маски од страна на персоналот за што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 3 години

osmani

Македонските делегати во Киев се евакуирани

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешната прес конференција информираше дека нашите делегати кои беа во Киев се евакуирани и се во конвојот за транспорт.Тој објави дека утрово добил порака од страна на нашиот Амбасадор во Киев кој напишал:„Добор утро министре, тука е пеколно се водат улични битки и постојано има напади. Ние сме во скривница“, напишал нашиот амбасадор на министерот за надворешни работи.

Македонија | пред 3 години

karantin-korona-3

Две години од првиот случај на ковид во Македонија

Две години откако во земјава беше регистриран првиот случај на Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 1.883.560 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 296.229, бројот на оздравени пациенти е 282.604, на починати е 8.981 а бројот на активни случаи изнесува 4.644. Според последната ковид статистика направени се 2.669 тестови, а регистрирани се 517 нови случаи на КОВИД-19:Од вкупниот број на позитивни (517), регистрирани се 72 реинфекции.Регистриран сe 1.022 оздравени пациенти од.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица и сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (1), Струмица (1), Крушево (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 72г. до 79г. Лицата за починати се пријавени во период од 18.02. до 21.02.2022. Од починатите лица, 2 се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети.

пред 3 години

hq_boristrajkovski_1493888704

18 години од смртта на претседателот Борис Трајковски

Денеска ќе биде одбележана 18-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата.На гробот на Трајковски и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата на градските гробишта во Бутел, како што е најавено, цвеќе ќе положи претседателот на државата Стево Пендаровски, а делегации од Кабинетот на Претседателот ќе положат цвеќе и пред спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље, Босна и Херцеговина и на гробот на еден од членовите на делегацијата, во Велес.Борис Трајковски заедно со осумчлената делегација, портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот трагично загина во авионска несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година во Ротимле во близина на Мостар.

Македонија | пред 3 години

mvc-297sl

Исчезна дете во Мариово, семејството бара помош

Во тек е потрага по исчезнато 10-годишно дете во Мариово, а на социјалните мрежи се повикува секој кој може да помогне во потрагата.На пат за Мариово се членови на спасителната служба заедно со група на прилепски ловџии, стои во објавата на фејсбук.Попладнево околу 16 часот во атарот на селото Врпско, во прилепско Мариово е изгубен 10-годишниот Петар Џобески од Прилеп. Неговото семејство апелира за помош секој кој може вечерва да појде во Мариово и доколку го познава теренот да помогне во потрагата која што е во тек.Спасе Чакрески, жител на село Витолиште за „Инфо Компас“ истакнува дека станува збор за екстремно опасен терен и потенцираше дека ситуацијата дополнително ја усложнува тоа што детето е со посебни потреби.„Малиот Петар е загубен околу 16 часот, кога од дворот се упатил во непознат правец. Тие се жители на Прилеп, но во Врпско чуваат пчели. Ние неколку часа сме на терен заедно со полицијата и семејството, но засега нема никакви траги од детето. Упатувам апел секој кој го познава теренот да дојде и да помогне во потрагата. Оваа вечер можеби е пресудна за детето, бидејќи надвор е екстремно ладно, а детето заминало само по една блуза. Тука во близина е и реката Црна“, вели Чакрески.

Македонија | пред 3 години

274881663_6986372804768458_1431412093413784311_n

(ФОТО) Пожар на Водно

Пожар вечерва избувна на планината Водно.На социјалните мрежи беа објавени фотографии на кои се забележува огромен пожар.„Ѓорче поглед кон Водно“, стои под описот на фотографијата.За сега нема информации која е причината за пожарот, ниту дали истиот е изгаснат.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-02-25-at-15.20.55

(ВИДЕО) „Путин убива деца“, од Скопје се бара да прекине војната, а Европа да се разбуди

„Путин фашист!, Путин фашист!“, „Стопирајте ја војната во Украина“, „Путин убиец“, „Путин убива деца“. Украинци во Македонија бараа да се стопира војната во Русија.„Тука сум повеќе од пет години, дојдовме тука да започнеме бизнис. Во Украина имам мои пријатели, блиски. Кога видов што се случи, тоа беше шок за мене. Не можев да сфатам што се случува во 21 век. И сега ги гледам сите овие чекори на Русија. Мислам дека 99 проценти од светот не може да разбере што се случува. Европа разбуди се, Русија што правиш?! Во Украина имам мајка, татко, внуци, многу блиски роднини. Јас сум на протестов за сите мои Украинци. Ова е минимум што можам да го направам. Јас нема друг избор, јас сакам да ја одбранам државата. Ако треба ќе одам да се борам. Ние никого не напаѓаме, само се браниме. Путин е убиец“, рече Андреј Х. државјанин на Украина кој живее во Македонија.„Ние сме принудени да дојдеме во 21 век, да дојдеме до Амбасада на агресор и да им кажеме дека не е нормално да гинат луѓе за Путин да остане на власт. Нашата војска е спремна да даде отпор, ама целта е да има мир на Балкан, Украина, Европа. Путин убива невини луѓе. Семејството во Украина е загрижено, ако треба ќе дадат и отпор. Ако има протести низ цел свет, ќе запре војната. Ќе пробаме на мирен начин. Ние сме спремни да помогнеме на Украинците за било која помош“, Александар Убановиќ, претседател на здружението на Украинци во Македонија.„Денеска ме прашаа како се чувствувам за случувањата во Украина, тоа како да имаш неизлечива болест. Кај мене настанаа по овие фази, следната, гнев. Јас сум преполна со гнев. Во сегашноста некој може да нападне држава, поради нереални причини. Ние бараме ослободување, ние сме слободни и го избравме патот. Знам дека денешниот протест нема да смени многу. Но секојслободен човек може да изрази протест на овој начин“, рече украинката Камила Велковска, која во Македонија живее повеќе од 25 години.

Македонија | пред 3 години

lugje-karpos-esen-korona-1

13 починаа, 517 се новозаразени од корона

Почитувани,Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.669 тестови, а регистрирани се 517 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 261, Битола – 31, Кавадарци – 24, Прилеп и Велес – по 22, Куманово – 18, Тетово – 16, Кичево – 14, Гостивар и Штип – по 13, Охрид – 12, Крива Паланка – 11, Струмица – 10, Струга и Неготино – по 8, Кочани, Гевгелија, Свети Николе и Ресен – по 5, Дебар и Демир Хисар – по 4, Радовиш, Делчево, Валандово, Богданци, Кратово и Демир Капија – по 1.Од вкупниот број на позитивни (517), регистрирани се 72 реинфекции.Регистриран сe 1.022 оздравени пациенти од: Скопје – 557, Тетово – 51, Велес и Куманово – по 45, Струмица – 32, Прилеп – 31, Кавадарци – 30, Охрид – 26, Гостивар – 25, Неготино – 21, Битола – 20, Кичево – 19, Дебар – 15, Гевгелија и Ресен – по 14, Штип – 13, Кочани – 11, Струга – 10, Радовиш – 8, Крушево – 5, Демир Хисар, Делчево, Богданци и Кратово – по 4, Крива Паланка, Свети Николе, Валандово, Демир Капија и Пехчево – по 2, Берово, Виница, Пробиштип и Дојран – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (65г, 72г, 83г и 86г) и по едно починато лице од Струмица (78г), Кавадарци (42г), Македонски Брод (45г), Штип (81г) и Гевгелија (65г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (1), Струмица (1), Крушево (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 72г. до 79г. Лицата за починати се пријавени во период од 18.02. до 21.02.2022. Од починатите лица, 2 се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 2.669 тестови преку: ИЈЗ-328, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-89, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово-4, ЦЈЗ Куманово-75, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–119, Жан Митрев (Филип Втори)-58, Авицена-81, Биотек-109, Систина-67, лабораторија Лаор-58, Синлаб-15, Ремедика-10, Плодност-29, Генеа-9, Никоб Лаб-204, ВФВ Медикал-44, Ели Медика-20, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–16, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-23, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.177.Досега во земјата се направени вкупно 1.883.560 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 296.229, бројот на оздравени пациенти е 282.604, на починати е 8.981 а бројот на активни случаи изнесува 4.644.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 137382, Активни 2507Куманово 16126, Активни 190Битола 14207, Активни 296Прилеп 13542, Активни 186Тетово 13363, Активни 126Кавадарци 10126, Активни 187Велес 9424, Активни 206Гостивар 9371, Активни 63Охрид 8497, Активни 114Струмица 7917, Активни 99Штип 7896, Активни 46Кичево 5396, Активни 95Кочани 4934, Активни 43Струга 4646, Активни 49Гевгелија 4208, Активни 70Неготино 3620, Активни 64Свети Николе 2624, Активни 19Ресен 2583, Активни 49Радовиш 2503, Активни 43Крива Паланка 2373, Активни 37Делчево 1889, Активни 15Берово 1709, Активни 8Дебар 1624, Активни 27Валандово 1524, Активни 15Виница 1362, Активни 4Пробиштип 1284, Активни 4Богданци 994, Активни 21Кратово 929, Активни 11Крушево 881, Активни 11Демир Хисар 818, Активни 11Македонски Брод 690, Активни 12Демир Капија 551, Активни 10Македонска Каменица 521, Активни 2Пехчево 458, Активни 4Дојран 257, Активни 0

пред 3 години

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Црна Гора и Македонија не се следни по оваа војна во Украина, вели Пендаровски

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски во гостувањето во Утрински бригинф на Слободна ТВ говореше за војната која започна во Украина вчера утрото.„Очигледно е дека Путин одамна го планирал ова. Тој има намера комплетно да ја освои Украина уште од пред пет месеци. Русија има 500 милијарди долари резерви и мислам дека ваква војна може да издржи две години, така говорат разузнавачките информации. Експертизите на социјалните мрежи говореа дека Црна Гора и Македонија се следни по оваа војна, не се точни“, рече Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

20220224224848

Македонското МНР обоено во боите на украинското знаме

Како гест на поддршка и солидарност со Украина и украинскиот народ, зградата на македонското Министерство за надворешни работи вечерва е осветлена во боите на украинското знаме.Ова го објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој пишува дека 24 февруари е тажен ден за Украина и мрачен ден за Европа.„Со нападот врз Украина, Кремљ уште еднаш грубо го прекрши меѓународното право со кое им донесе страдање и уништување на своите непосредни соседи и го прекрши суверенитетот и границите на Украина. Истовремено, ваквите дејствија го доведоа до прашање и мировниот поредок на нашиот континент. За ништо од ова нема оправдување. Војната и огнот не се шега, а употреба на сила и принуда нема место во 21 век. Вечерва, го осветливме Министерството за надворешни работи во боите на украинското знаме со што сакаме да пратиме силна порака на поддршка и солидарност со Украина и пријателскиот украински народ, во овие тешки моменти. Нашите народи се добро познати по подавањето рака на оние на кои таа им е потребна, нешто што е запишано и во историјата. Ние ќе вложиме напори да запрат вашите страдања“, напиша Османи во објава на Фејсбук.Уште еднаш ја повтори нашата недвосмислена поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина. Русија утрово ја нападна Украина.

Македонија | пред 3 години

274462507_4923526814392963_5369604431059778002_n-800x500-1

Синот на битолчанецот кој го уби зетот до судиите: Како вие би реагирале

Семејството на Тони Ѓоргиевски Фердо кој е обвинет за убиство со умисла, затоа што го застрела поранешниот зет за ќерка кој со нож насилно му упадна во домот, бара да се укине мерката притвор и осмничениот да се брани од слобода.„Само едно сакам обвинителството и судиите и све останато да застанат на местото на мојот татко како би постапиле да дојде некој дома во 5 часот сабајле и да те нападне и убие тебе и фамилијата, како би реагирале?? и дали е тоа убиство со умисла“, напиша Јове Ѓоргиевски, син на Тони Ѓоргиевски – Фердо

Коментари | пред 3 години

IMG_0038

631 новозаразен со ковид

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.818 тестови, а регистрирани се 631 нов случаj на КОВИД-19:Скопје – 337, Велес – 45, Битола – 32, Куманово – 30, Кавадарци – 26, Прилеп – 24, Тетово и Охрид – по 18, Струмица – 17, Кичево – 15, Гостивар – 8, Неготино и Дебар – по 7, Гевгелија, Ресен и Крива Паланка – по 6, Штип и Делчево – по 5, Кочани, Струга и Радовиш – по 3, Пробиштип и Богданци – по 2, Свети Николе, Виница, Кратово, Македоснки Брод, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.Од вкупниот број на позитивни (631), регистрирани се 102 реинфекции.Регистриран сe 910 оздравени пациенти од: Скопје – 504, Битола – 43, Куманово, Кавадарци и Велес – по 37, Прилеп – 28, Тетово – 27, Охрид – 21, Струмица и Струга – по 18, Кичево и Гевгелија – по 16, Гостивар – 15, Радовиш – 13, Штип – 12, Свети Николе – 11, Неготино – 10, Ресен – 8, Валандово – 6, Кочани и Берово – по 5, Виница – 4, Крива Паланка и Богданци – по 3, Делчево, Дебар, Кратово и Демир Хисар – по 2, Пробиштип, Крушево, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (75г и 91г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Кавадарци (70г), Струга (81г) и Прилеп (67г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (2), Свети Николе (1), и Радовиш (1). Починатите лица се на возраст од 74г. до 92г. Лицата за починати се пријавени во период од 15.02. до 21.02.2022. Од починатите лица, 3 се починати во домашни услови, а едно лице во болнички услови.Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 2.818 тестови преку: ИЈЗ-383, ЦЈЗ Скопје-96, ЦЈЗ Битола-94, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-74, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–129, Жан Митрев (Филип Втори)-56, Авицена-82, Биотек-101, Систина-52, лабораторија Лаор-61, Синлаб-15, Ремедика-15, Плодност-20, Генеа-10, Никоб Лаб-264, ВФВ Медикал-36, Ели Медика-18, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.196.

пред 3 години

ukraina-1-610x400-1

Сведоштво на Македонец во Украина: Ноќеска може да биде поопасно

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот започна воена операција во Украина со експлозии кои се слушнаа низ целата земја, а министерот за надворешни работи предупреди дека е во тек „целосна инвазија“.Во селото Зазимија кое спаѓа во Киевската област, се наоѓа и Игор Ангелов од Македонија кој е оженет за Украинка од 2014 година. Во продолжение го пренесуваме сведоштвото кое тој го даде за портал Струмица Денес:„Ќе гориме во пеколот. Утрово свиреа сирени. Живееме на 23 км од центарот на Киев и се слушнаа два силни удари. На работа не одиме, леб не успеавме да купиме…купив брашно и квасец и неколку литри млеко. Струја и плин засега имаме, ќе видиме само до кога. Додека го пишувам ова пред малку слушнавме уште еден удар, прозорците се затресоа. По мое ноќеска би можело да биде поопасно.“Игор Ангелов за Струмица Денес вели дека неговите во Македонија се многу исплашени. Тој изјави дека до аеродромот нема опција како да се стигне, бидејќи е блокиран патот помеѓу Бровари-Киев. Ова се најтемните часови за Европа после Втората светска војна.Извор: Струмиц Денес

Македонија | пред 3 години

Foto-2

Свикан Совет за безбедност, Пендаровски со став за инвазијата Русија-Украина

Во прилог го проследуваме ставот на претседателот Стево Пендаровски по повод инвазијата на Украина од страна на Русија:„Изразувам силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, што неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета. Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа.Како НАТО членка, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина.Во име на граѓаните на Северна Македонија, изразувам солидарност со украинскиот народ во овие тешки времиња.“Претседателот Стево Пендаровски за денеска (24 февруари 2022 година) свика седница на Советот за безбедност на која ќе се дискутира за руската агресија врз Украина.Седницата ќе се одржи во Кабинетот на претседателот со почеток во 14:00 часот.Соопштение за заклучоците на Советот за безбедност, како и фото и видео инсерти од седницата ќе бидат дистрибуирани од страна на Кабинетот на претседателот по завршувањето на седницата.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања