ТОП

brza-pomos-54

21 пациент со корона починаа, 674 се новозаразени

Направени се 3.156 тестови, а регистрирани се 674 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 352, Битола – 44, Велес – 33, Прилеп – 31, Кавадарци – 27, Куманово – 22, Гевгелија – 21, Кичево – 17, Струмица – 16, Тетово и Гостивар – по 12, Охрид – 11, Неготино – 10, Ресен – 9, Радовиш – 8, Штип – 6, Кочани, Струга, Свети Николе , Валандово и Крушево – по 5, Македонски Брод и Демир Капија – по 3, Крива Паланка, Делчево, Берово , Дебар и Богданци – по 2, Кратово и Демир Хисар – по 1.Од вкупниот број на позитивни (674), регистрирани се 98 реинфекции.Регистриран сe 978 оздравени пациенти од: Скопје – 569, Велес – 53, Куманово – 49, Битола – 47, Кавадарци – 39, Прилеп – 33, Тетово – 26, Гостивар, Струмица и Гевгелија – по 19, Неготино – 18, Кичево – 17, Радовиш – 12, Дебар – 9, Кочани и Ресен – по 8, Штип – 7, Охрид – 5, Кратово – 4, Свети Николе и Крива Паланка – по 3, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Виница, Демир Капија и Дојран – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (55г, 66г,74г, 74г и 78г), 2 починати лица од Тетово (69г и 78г) и по едно починато лице од Прилеп (88г), Охрид (88г), Струга (75г), Битола (85г) и Кочани (74г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 9 починати лица од: Скопје (2), Крива Паланка (3), Битола (1), Тетово (1), Струга (1), и Пробиштип (1). Починатите лица се на возраст од 48г. до 92г. Лицата за починати се пријавени во период од 31.01. до 20.02.2022. Од починатите лица, 5 се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.Од вкупниот број на починати лица, кај 20 лице се регистрирани коморбидитети.Направени се 3.156 тестови преку: ИЈЗ-417, ЦЈЗ Скопје-56, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-58, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-67, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–133, Жан Митрев (Филип Втори)-89, Авицена-83, Биотек-121, Систина-89, лабораторија Лаор-97, Синлаб-19, Ремедика-16, Плодност-36, Генеа-6, Никоб Лаб-233, ВФВ Медикал-48, Ели Медика-24, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-14, Рапид Лаб–14, Жан Митрев Струмица–13, Нова Лаб Дијагностика–12, Рамус-26, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.374.Досега во земјата се направени вкупно 1.878.073 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 295.082, бројот на оздравени пациенти е 280.675, на починати е 8.958 а бројот на активни случаи изнесува 5.449.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 136776, Активни 2971Куманово 16075, Активни 222Битола 14144, Активни 296Прилеп 13497, Активни 201Тетово 13327, Активни 168Кавадарци 10078, Активни 208Велес 9360, Активни 224Гостивар 9351, Активни 83Охрид 8471, Активни 133Струмица 7889, Активни 123Штип 7880, Активни 56Кичево 5368, Активни 102Кочани 4926, Активни 52Струга 4637, Активни 69Гевгелија 4196, Активни 89Неготино 3609, Активни 84Свети Николе 2618, Активни 26Ресен 2573, Активни 61Радовиш 2499, Активни 60Крива Паланка 2355, Активни 25Делчево 1883, Активни 15Берово 1709, Активни 14Дебар 1612, Активни 32Валандово 1526, Активни 25Виница 1361, Активни 8Пробиштип 1282, Активни 4Богданци 991, Активни 25Кратово 927, Активни 15Крушево 880, Активни 17Демир Хисар 814, Активни 13Македонски Брод 689, Активни 12Демир Капија 547, Активни 9Македонска Каменица 520, Активни 1Пехчево 457, Активни 6Дојран 255, Активни 0

пред 3 години

sobranie-6

90 пратеници изгласаа покачување на минималната плата

Со 90 гласа „за“ Собранието на Република Северна Македонија едногласно ги усвои измените на Законот за минимална плата со кои минималната плата ќе се покачи од 15 на 18 илјади денари.Со законските измени, се очекува околу 80 илјади работници да земат покачена плата веќе од април. Во првата година државата ќе ја покрива разликата помеѓу досегашниот и новиот износ на придонеси, за што од Буџетот ќе се издвојат околу 16 милиони евра.„Минималната плата од 18.000 денари која ја ветивме, денес е реалност. Честитки за нашите сограѓани кои со изгласаниот Закон за минимална плата веќе со мартовската плата ќе можат да го зголемат својот домашен буџет за најмалку 45 евра месечно. Минималната плата од 18.000 денари ќе придонесе кон подигнување на животниот стандард што е наша врвна цел. Сега веќе ќе може платите да растат без дополнителна интервенција, ќе се подига квалитетот на живот на граѓаните и во иднина“, напиша премиерот Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

ivona-talevska-man

Ивона Талевска раскажа за односите меѓу Камчев, Груевски и Мијалков: Не е едноставно да се биде премиер

Новинарката Ивона Талевска беше сведок на рочиштето за предметот „Плацови на Водно“. Таа раскажуваше за текст кој го пишувала пред скоро десет години, а бил за преземањето на просториите од државната кардиохирургија. Преку ова, сакаше да ги објасни кои биле релациите меѓу бизнисменот Орце Камчев и експремиерот Никола Груевски.Па така, таа кажа дека барала информации од тогашниот министер за здравство, но бидејќи тој не бил во земјата, добила средба кај тогашниот премиер Никола Груевски. Со него разговарала за темата за која пишувала, па добила впечаток дека тој бил во лоши односи со Камчев, обвинет во предметот „Плацови на Водно“.Таа се присети на периодот, па објасни дека објавила наслов: „Камчев ја лути Владата“. По ова, Талевска посочи дека имала контакт и со Камчев, кој и бил многу лут. Прашања до Талевска имаше и самиот бизнисмен. Тој низ прашање, посочи дека имал докази дека во тој период, Груевски нарачувал текстови против него.На крајот, Талевска беше испрашувана и од судијата Илија Трпков. Него го интересираше какви биле односите меѓу обвинетиот Сашо Мијалков и Орце Камчев во истиот период, кога веќе знаела какви се односите меѓу Груевски и Камчев. На Талевска прво не и беше јасно прашањето, па судијата го повтори. Па така, таа оцени дека не биле многу добри.Судијата Трпков потоа ја праша Талевска и за односите на Груевски со Мијалков, а таа во одговорот додаде и: „Не е едноставно да се биде премиер“, објаснувајќи како работел Груевски.

Македонија | пред 3 години

274462507_4923526814392963_5369604431059778002_n-800x500-1

Синот на таткото кој го уби зетот: Пријавувавме, залудно беше

Денеска во 12 часот пред битолскиот суд се одржa мирен протест поради притворот на битолчанецот Тони Ѓ. (62), кој завчера со пиштол го уби зетот за ќерка Стојанче С. (44) откако тој со мачета насилно му упаднал во домот и се заканувал.Тој е осомничен за убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, а семејството тврди дека делото го сторил во самоодбрана и бара да биде пуштен дома, да се брани од слобода.-Татко ми го стори делото во самоодбрана, спаси шест животи заедно со неговиот, за ,,Фокус” раскажува Јове, син на Тони.Вели дека цели 20 години нивното семејство тргало маки со поранешниот зет.-Пријавувавме во полиција, социјални служби, ама се беше залудно… Ние не криеме ништо, ќе ја кажеме целата вистина. Татко ми си ја бранеше фамилијата – вели Јове.

Македонија | пред 3 години

9B92F095-9234-4B59-B045-873C83E45004

Тигрите влегоа во скопско Никиштане: Паднаа 10 лица - меѓу нив и луѓе од Грчец

На 22.02.2022 од страна на полициски службеници од Бирото за јавна безбедност - Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во содејство со Одделот за специјални полициски операции со САЕ„Тигар“, Единицата за брзо распоредување, како и Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал, Оперативен тим потраги, Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, по насоки од надлежен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, на подрачјето на Скопје беше спроведена заедничка координирана полициска акција, во која се лишени од слобода 10 лица и запленети се околу 40 килограми марихуана со вредност над 200.000 евра. Со ова е сузбиена меѓународна криминална група во која покрај наши државјани, учествувале и албански и косовски државјани, кои биле инволвирани во недозволена трговија и продажба на наркотични дроги, така што организирале транспорт на марихуана од Албанија преку Косово во нашата држава, со цел понатамошен транспорт за Турција.Имено, по преземени мерки и активности, во вечерните часови, на локалниот пат за село Сопиште од страна на полициските службеници биле запрени две патнички возила, и тоа „рено флуенс“, управувано од С.Ф.(36) и „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ф.(30), двајцата од с.Никиштане. Првото возило имало задача да биде „чистач“, односно да известува за присуство на полициски патроли, а при извршениот преглед во багажникот од второто возило била пронајдена вреќа во која биле спакувани 27 пакувања со марихуана.Истовремено, на крстосницата кај трговски центар на подрачјето на Бит Пазар, од страна на полициски службеници од Интервентна полиција биле лишени од слобода М.Л.(49) од Ѓирокастро, Р.Албанија, Љ.Н.(59) од Скопје и И.Е.(41) од Тетово, кои се превезувале со патничко возило „пунто“, а координирано, во населбата Ѓорче Петров, бил лишен од слобода А.П.(57) од с.Грчец.Од страна на полициски службеници од оперативен тим Потраги заедно со Единицата за брзо распоредување биле извршени претреси на две локации во с.Патишка Река. Притоа, од слобода биле лишени две лица, и тоа М.А.(19) од с.Патишка Река и К.К.(31) од Скопје. За М.А. биле распишани три Централни потерници, по три судски наредби, веќе осуден на 2 години казна затвор и дополнителна мерка притвор, додека К.К. се барала по Централна потерница и судска наредба со определена мерка притвор, а при претресите биле пронајдени уште 26 пакувања марихуана.Претреси биле извршени и на повеќе локации во Скопје, и тоа во с.Никиштани, кај С.Ф.(36), при што биле пронајдени машини за копање на биткоини, со кои се вршела кражба на електрична енергија, како и на подрачјата на Карпош и на Бит Пазар, при што биле пронајдени предмети поврзани со кривични дела, а на излез на Граничен премин Долно Блаце, од страна на гранична полиција при Регионален центар Север бил лишен од слобода и косовскиот државјанин Ф.Т.(32), при обид да побегне од државата.Во текот на денешниот ден од страна на СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против 10 лица за извршено кривично дело по член 215 став 3 и истите ќе бидат спроведени пред Судија на претходна постапка до Основен кривичен суд – Скопје.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Герасимовски: Центар мора да се развива и Треска и Холидеј Ин

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, утринава гостуваше во „Утрински Брифинг“,  на Слободна ТВ, каде со водителот Сашо Ордановски дискутираа за урбанизмот и урбанистичкото планирање во општината.„Центар мора да се развива и Треска и Холидеј Ин, јас на самиот почеток на предизборната кампања говорев, а сега и така ги спроведуваме сите ветувања, за хуман урбанизам ќе го почитуваме прво јавното добро и интересот на граѓаните, а потоа бизнис интересите и нивните профити. Тоа го спроведуваме“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.Четири години ја имаме топката имаме празен терен и гол, вели Герасимовски, требале само да дадат гол. После четири години имаме идејно архитектонско решение. Прво нешто што го направивме е го раскинавме договорот со планерската куќа која што ги правеше ДУП-овите Буњаковец 1 и 2, а таму е и „Треска“. Според Герасимовски, решението е измена на ДУП-от, нешто што требало да се направи многу одамна. Во гостувањето нагласи дека веќе е во тек барањето за нова планерска куќа и спроведување на нов ДУП, во кој влегува и „Треска“ во Буњаковец 2.„Ако било спроведено пред две години и се изменил ДУП-от, сега таму ќе сме имале идејно архитектонско решение, кое ќе сме можеле сега да го спроведуваме. Секако дека ќе дадеме и ние насоки, но сепак треба да имаме предвид дека тоа е и приватно земјиште. Дека е изминат голем период каде што луѓето купиле некои парцели, се задолжиле во банки, плаќаат камати. Имаме можности за тужби, значи седнуваме и се договараме за да немаме тужби. Утре ќе се блокира општината, кој ќе го плати ‘цехот’ на крај?“, прашува Герасимовски.Прво јавниот интерес после бизнис интересите, додаде Герасимовски. Во Центар останаа уште многу малку парцели и тие се тие што ги говориме: „Холидеј Ин“ и Треска“, кои се поголеми, другите се помали парцели. За секоја дозвола дури и излегуваме на терен да видиме за каква парцела станува збор дали има дрва, на која позиција е и сѐ останато. Има закони и сите мораме да ги почитуваме, вклучувајќи ја и „Треска“. Таму луѓето купиле имот, бараат дооформување, утре ќе бараат дозволи и така натаму, ние како општина законски не смееме да ги сопреме.Според градоначалникот Герасимовски, идејното решение не е идеално, имало време да се направи многу убаво. Беше побарано од партиципативното тело да се презентира тоа идејно решение и ние ќе го направиме тоа. Закочивме во делот на побрзо спроведување бидејќи сакавме да ги сослушаме сите страни, да седнеме на заедничка маса како општина, како архитекти, сопственици и да поразговараме за најдобро идејно решение коешто ќе биде прифатливо за сите.„Верувам дека ќе се најде заеднички јазик, дополнително и во текот на следната недела пак повторно ќе седнеме и со инвеститорите и со Комисијата за урбанизам за да говориме на таа тема и да најдеме едно заедничко најдобро решение“, додава Герасимовски.Градоначалникот Герасимовски вели дека граѓаните гледаат, граѓаните сфаќаат што е правилно, а што не е правилно што е правно издржано, а што не е правно издржано.„Бараме начини јавното добро да го заштитиме целосно. Во ‘Холидеј Ин’ има издадено една дозвола, се намалуваат другите катови на останатите две згради за кои уште не се побарани дозволи. Како граѓанин и жител на Центар, сопруг, родител, активист, зошто кај нас сите сме активисти, треба да видиме кој стои позади и колкава маса на луѓе го подржуваат тоа. Искрено сметам дека сега и таму е бетонизација. Имаме бетон, имаме трошни куќи, од кои половина се распаднати. За жал немаме ни канализациона мрежа и се останато, треба да се урбанизира, час поскоро“, заклучува градоначалникот Герасимовски.

Скопје | пред 3 години

mmf-1

Обид за хакерски напад во системите на Народна банка

Вчеравечер, кус временски период беше отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците на Народната банка и домашните банки, како резултат на ДДоС напад.„Ова беше надминато во најкус рок преку мерките кои беа преземени од страна на Народната банка, банките и веб-провајдерите. Безбедноста, односно доверливоста и интегритетот на податоците, во ниту еден момент не беше доведенa во прашање. ДДоС е напад на веб-страниците, во кој огромен број на фиктивни клиенти од различни локации се преправаат дека сакаат да добијат информации од страницата, поради што серверот се преоптоварува и му треба повеќе време за да одговори на барањата од реалните корисници. Но, во ваков случај ниту се исклучува сервисот, ниту пак се менува содржината на веб-страницата“, велат од НБРМ.Во согласност со глобалните трендови, Народна банка, заедно со банките, постојано работи на зајакнување на отпорноста на информативните системи, ги следи новите закани поврзани со дигиталниот простор и континуирано презема мерки во насока на унапредување на сигурносните заштити, потенцираат оттаму.

Македонија | пред 3 години

20220222183654

Апасиев до Тачи: Нека дојде кој сака

Првиот човек на Левица, Димитар Апасиев се огласи откако претседателот на ДПА, Мендух Тачи упати критики кон оваа партија.„ТАЧИ ќе ме тепа, ТЕЧЕ ќе ме брани“ – вака Апасиев реагира на заканите од лидерот на ДПА.Тачи претходно изјави дека не се појавува на дискусии во Собранието, затоа што ќе треба да го истепа Апасиев.„Левица не ја прифаќа независноста на Косово. Левица го искина документот на кој што пишуваше на албански јазик“, рече Тачи на ТВ Клан.Заедно со кусата реакција на Фејсбук, Апасиев објави и фотографија, во чија позадина пишува: „Нека дојде кој сака“. Тачи смета дека Левица е антиалбанска партија.

Коментари | пред 3 години

toni-deskoski

Дескоски: Не го одобрувам потегот на Русија, но неконзистентноста се плаќа

Професорот по меѓународно право Тони Дескоски на социјалните мрежи ја објави изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен која изјави дека потегот на Владимир Путин да ги признае Доњецк и Луганск го прекршува меѓународното право, а потоа додаде свој коментар.„Со голема горчина ги примам актуелните изјави на нашите Сојузници за кршење на меѓународното право од страна на Русија.Ми иде на ум народната поговорка: “со свој камен по глава”.Истите овие ликови ни се потсмеваа во лице откако на Суд докажавме дека Грција ја крши Времената спогодба спрема нас. Или можеби Меѓународниот суд на правдата не пресуди дека има повреда на меѓународен договор?Не го одобрувам потегот на Русија, но неконзистентноста се плаќа. Изненадувачки брзо.А од вчера натаму, животите на сите нас ќе ни се влошат. Барем за некое време. Се плашам дека ова ќе биде долг и исцрпувачки судир, во кој никој нема да има корист“, вели тој.

Коментари | пред 3 години

Screenshot_100-2

Апсење сред раскрсница кај Мавровка

Во моментов на раскисницата кај Мавровка, интервентната полиција изврши апсење на 4 лица, кои беа застанати од полицијата среде раскрницата, објави Вечер.мк.Предмалку им беа ставени лисици и беа спроведени. Предмалку им беа ставени лисици и беа спроведени.ФОТО: Вечер.мк

Скопје | пред 3 години

274462507_4923526814392963_5369604431059778002_n-800x500-1

Семејството бара слобода за битолчанецот кој го уби поранешниот зет

Семејството на Тони Ѓоргиевски Фердо кој е обвинет за убиство со умисла, затоа што го застрела поранешниот зет за ќерка кој со нож насилно му упадна во домот, бара да се укине мерката притвор и осмничениот да се брани од слобода. Нему денес му е определена мерка притвор од 30 дена, а синот повика на мирен протест кој ќе се одржи утре во 12 часот пред Основниот суд во Битола„Драги пријатели, добро намерници и сите што ја знаете вистината за мојот ТАТКО кој што си ја бранеше својата фамилија од 20 годишните маки. Ве повикувам утре на ден 23.02.2022 г. во 12:00ч. заедно со мене и мојата фамилија на мирен протест пред Основниот суд во Битола поради одлуката на судот за притвор на мојот ТАТКО и истиот да биде пуштен дома за да се брани од слобода за дело кое што го направи во самоодбрана и нужна одбрана и спаси пет други животи, заедно со неговиот шест.Протестот е уредно пријавен во Полиција. Ве молам споделете и Ви благодарам за поддршката на сите!“, напиша Јове Ѓоргиевски, син на Тони Ѓоргиевски – Фердо

Македонија | пред 3 години

taci

Не се појавувам во Собрание, ќе треба да го истепам Апасиев, вели Тачи

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи во вчерашаната дебата на Клан ја критикуваше соработката на албанските партии со партијата Левица. Според него, дискурсот на оваа партија покажува колку е антиалбанска.- Левица не ја прифаќа независноста на Косово. Левица го искина документот на кој што пишуваше на албански јазик, потсетува Тачи.Потоа додаде дека не се појавува на дискусии во Собранието бидејќи ќе треба да го истепа лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Македонија | пред 3 години

0-04-05-59644dc452bf43e50d6a3efc09062b78d6bc2d7a55348a1f764aacdbbfb01b49_26fc4b4ff64

(ФОТО) Излизгани возила, замрзнати патишта: Нов хаос на Стража и Ѓавато со минусните температури и снегот

Неколку возила се излизгани на превојот Стража. Сообраќајот кон Кичево и обратно е во застој. Според првичните информации, неколку автомобили имаат материјална штета. И од фотографиите кои ги доби „Скопје1“ се гледа дека патот е лизгав и со снег.„Ова е катастрофа. Стоиме во место, патот не е исчистен, снег и мраз има, премногу е лошо“, вели возач за „Скопје1“.Слична е состојбата и на Ѓавато. И таму, коловозните ленти не се гледаат од снегот. Тешки товарни возила кои доаѓаат од двата правци, не можат да се искачат.„Внимателно, патот е замрзнат“, вели истотака возач кој патува на овој патен правец.„ Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка. Намалена видливост поради појава на магла од 10 – 20м. има на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка“, велат од АМСМ.

Македонија | пред 3 години

17012022_VRSM_1vaSednica-1

Се прошири листата на производи со замрзнати цени, донесени нови одлуки од Владата

Владата на Република Северна Македонија на денешната 16-та седница ја донесе Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки со која се замрзнуваат цените на дополнителни продукти како што се овошјето, зеленчукот и пченицата и се определува највисоката трговска маржа за да се елиминираат можностите за раст на цените по други основи.Со оваа одлука се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата со следните производи: леб, шеќер, сол, брашно – тип 400, сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца, тестенини, пченица, овошје и зеленчук.На трговските друштва и трговците поединци кои учествуваат во трговскиот ланец на наведените стоки се утврдува трговска маржа до 5% на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно во вкупен износ до 10% на продажната цена пресметана во трговијата на мало.Кај трговците на големо, трговската маржа до 5% се однесува за сите учесници кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо.Кај трговците на мало во вкупниот износ на трговската маржа до 10% се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици (примарни и секундарни позиции).Оваа одлука ќе се применува од 1 март 2022 година до 31 мај 2022 година, заради потребата да се ограничи растот на цените во следните три месеци, односно трговската маржа да нема значајно влијание во растот на цените по престанувањето на важењето на одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало.На оваа своја седница Владата донесе измени и дополнување на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година, со цел на сите баратели да им се овозможи еднаков третман при примањето на финансиската поддршка на месечно ниво по корисник во времетраење од 12 месеци.Според овие промени најголем дел од вкупните буџетски средства за оваа намена ќе бидат определени за категоријата самец, со 2767 барања, а потоа соодветно намалени за категоријата двочлено домаќинство со 2105 барања, за тричлено домаќинство со 602 барања, за домаќинствата со четири члена со 612 барања, и за домаќинство со пет и повеќе члена за којашто стигнаа 453.Владата на Северна Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за безбедносната ситуација во и околу Украина и го задолжи Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции, да ги преземе сите потребни мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Република Северна Македонија при Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина.На денешната седница е разгледан и прифатен Извештајот за првата меѓународна конференција во рамки на проектот Преспа форум за дијалог, а Владата го задолжи Министерството за надворешни работи да ги спроведе сите активности за организирање на втората меѓународна конференција Преспа форум за дијалог во текот на 2022 година.Вториот Преспа форум за дијалог начелно се планира да биде одржан, во форма на меѓународна конференција, во Охрид, во јуни 2022 година со учество на највисоките политички претставници на државата, на претседатели на држави или влади, политичари и дипломати од висок ранг од државите од регионот и од други европски и воневропски држави, како и на претставници на меѓународни и регионални организации - ООН, ЕУ, НАТО, Советот на Европа, ОБСЕ, Советот за регионална соработка, ЦЕИ и други.На предвидените панели предвидено е присуство и на видни личности од академската, бизнис и медиумската заедница, граѓанскиот сектор и младинските организации.На денешната седница е разгледана и усвоен усогласениот текст на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за основање на Културно-информативни центри во Скопје и во Белград која треба да ја потпише министерот за надворешни работи, Бујар Османи.Владата на оваа седница ја усвои информацијата според која февруарските пензии ќе бидат предвреме подготвени за готовинска исплата во четири групи почнувајќи од 24 февруари 2022 година до 01 март 2022 година, а средствата за пензиите преку банкомати и трговска мрежа да бидат достапни од 24 февруари 2022 година.Готовинската исплата на пензиите ќе се спроведе во четири групи (во 4 денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред:За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 24.02.2022 година (четврток);За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2022 година (петок);За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2022 година (понеделник); иЗа пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.03.2022 година (вторник).

Македонија | пред 3 години

IMG_0078

22 лица починаа, 848 се новозаразени од корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.506 тестови, а регистрирани се 848 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 451, Кавадарци – 50, Битола – 43, Велес – 39, Прилеп – 37, Куманово – 33, Кичево – 30, Тетово – 23, Радовиш – 18, Струга – 15, Гостивар и Неготино – по 13, Гевгелија – 11, Кочани и Ресен – по 10, Дебар – 9, Охрид, Крива Паланка и Валандово – по 6, Струмица – 5, Штип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Делчево, Берово и Демир Капија – по 2, Свети Николе, Богданци, Кратово, Македонцка Каменица и Пехчево – по 1.Од вкупниот број на позитивни (848), регистрирани се 116 реинфекции.Регистриран e 1.369 оздравени пациенти од: Скопје – 920, Куманово – 49, Велес – 48, Битола – 43, Струмица – 41, Кавадарци – 36, Тетово – 35, Штип – 22, Прилеп и Кичево – по 21, Гостивар – 20, Дебар – 17, Неготино – 14, Струга – 13, Кочани и Свети Николе – по 10, Охрид – 9, Гевгелија – 8, Ресен – 6, Крива Паланка и Берово – по 5, Радовиш – 4, Пехчево – 3, Валандово, Делчево и Демир Капија – по 2, Македонски Брод , Кратово и Виница – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починати лица: 4 починати лица од Скопје (72г, 78г, 79г и 80г), 3 починати лица од Штип (77г, 84г и 90г) и по едно починато лице од Битола (69г), Куманово (52г), Кочани (70г) и Струга (83г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 11 починати лица од: Скопје (3), Штип (2), Битола (1), Велес (1), Богданци (1), Демир Хисар (1), Крива Паланка(1) и Охрид (1). Починатите лица се на возраст од 64г. до 87г. Лицата за починати се пријавени во период од 10.02. до 19.02.2022. Од починатите лица, 5 се починати во домашни услови, а 6 лица во болнички услови.Од вкупниот број на починати лица, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети.Направени се 3.506 тестови преку: ИЈЗ-417, ЦЈЗ Скопје-92, ЦЈЗ Битола-112, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-86, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–2, Жан Митрев (Филип Втори)-117, Авицена-134, Биотек-161, Систина-110, лабораторија Лаор-99, Синлаб-49, Ремедика-19, Плодност-27, Генеа-14, Никоб Лаб-272, ВФВ Медикал-59, Ели Медика-20, Ројал Медика–19, Спектра-ММ-22, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–8, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-36, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.549.Досега во земјата се направени вкупно 1.874.917 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 294.407, бројот на оздравени пациенти е 279.695, на починати е 8.937 а бројот на активни случаи изнесува 5.775.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 136376, Активни 3156Куманово 16060, Активни 256Битола 14100, Активни 301Прилеп 13468, Активни 204Тетово 13323, Активни 191Кавадарци 10053, Активни 223Гостивар 9341, Активни 92Велес 9333, Активни 247Охрид 8460, Активни 128Штип 7877, Активни 59Струмица 7874, Активни 128Кичево 5356, Активни 108Кочани 4919, Активни 54Струга 4634, Активни 66Гевгелија 4177, Активни 89Неготино 3599, Активни 94Свети Николе 2615, Активни 26Ресен 2564, Активни 61Радовиш 2491, Активни 64Крива Паланка 2356, Активни 31Делчево 1881, Активни 13Берово 1707, Активни 12Дебар 1609, Активни 39Валандово 1522, Активни 23Виница 1362, Активни 10Пробиштип 1282, Активни 5Богданци 992, Активни 27Кратово 927, Активни 18Крушево 875, Активни 12Демир Хисар 814, Активни 15Македонски Брод 685, Активни 9Демир Капија 544, Активни 7Македонска Каменица 520, Активни 1Пехчево 457, Активни 6Дојран 254, Активни 0

пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања