Костова по документарецот за модуларната: Нема да ме изненади Венко да го вратат на министерска позиција и никој да не примети
Документарецот на ИРЛ предизвика лавина реакции во јавноста, а на социјалните мрежи својот став го искажа и Миа Костова.„После сторијата на ИРЛ, знаејќи со кого си имаме работа а богами сме свесни и за тоа какви овци сме со помнење на златна рипка, нема да ме изненади Венко да го вратат на министерска позиција и никој да не примети за едно две недели од сега.Останува само да се чекаме на аеродром и да се најде некој да изгасне светло во нивната северна.Какви амеби сме, малку ни е“, вели Костова.
Коментари | пред 2 години