ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

ТРАМП

Screenshot-2025-08-24-at-11.16.09

(Видео) Колекцијата на MAGA која ја има Трамп капи предизвика потсмев: Излезот од Белата куќа е преку сувенирницата

Состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп со украинскиот лидер Володимир Зеленски и францускиот претседател Емануел Макрон во Белата куќа доби необична завршница – наместо класичен дипломатски протокол, гостите добија „приватна тура“ низ колекцијата на MAGA капи на Трамп.По разговорите за иднината на Украина и војната со Русија, Трамп ги повел Зеленски и Макрон во просторија чиј ѕидови се преполни со негови препознатливи црвено-бели капи и промотивен материјал. Моментот го овековечи Мерго Мартин, специјална асистентка на Трамп, објавувајќи фотографија која на интернет беше наречена „водич низ претседателскиот музеј на капи“. На сликата се гледа Зеленски како со изненадување гледа кон капите, додека Трамп му покажува модел со натпис „уште 4 години“, иако 22. амандман на американскиот устав забранува претседател да служи повеќе од два мандати.Необичниот потег предизвика низа саркастични реакции на социјалните мрежи. „Замислете Черчил да отпатувал во САД во текот на Втората светска војна за да бара поддршка – и домаќинот да направи пауза за да му покаже мерч!“, напиша еден корисник. Друг додаде: „Изминувате океан само за да ви покажат ормар со црвени капи“. Трети пак се пошегуваа: „Излезот од Белата куќа е преку сувенирницата.“Ова не е првпат странски лидери да се најдат пред колекцијата на Трамп – претходно и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев бил „почестен“ со слична тура. Според New York Post, на посетителите им се нуди да понесат сувенири, а дел од нив заминуваат „со цели торби работи“. Иако настанот беше протолкуван со доза на хумор, експертите предупредуваат дека ваквите сцени отвораат прашања за сериозноста на американската дипломатија во време на активни глобални кризи.

Магазин | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп издаде наредба за мобилизација на Националната гарда

Околу 1.700 припадници на Националната гарда се мобилизирани во 19 американски сојузни држави за да ѝ помогнат на Службата за имиграција и царина (ICE) и на Министерството за внатрешна безбедност, објави „Фокс њуз“. Овој потег претставува продолжение на политиката на претседателот Доналд Трамп да користи федерални сили за справување со криминалот и нелегалната имиграција, откако претходно оваа недела распореди Национална гарда во Вашингтон.Војниците ќе бидат мобилизирани од август до средината на ноември, а Тексас, како клучна држава на границата, ќе има најголемо присуство. Гардијанците ќе дадат поддршка во управување со кризни ситуации, транспорт, логистичка помош и административни задачи, но ќе служат и како фактор на одвраќање од криминал. Процесот може да вклучи собирање на лични податоци, отпечатоци од прсти, ДНК и фотографирање на лица кои се во притвор на ICE.Државите каде што се активира гарда се: Алабама, Арканзас, Флорида, Џорџија, Ајдахо, Индијана, Ајова, Луизијана, Небраска, Невада, Ново Мексико, Охајо, Јужна Каролина, Јужна Дакота, Тенеси, Тексас, Јута, Вирџинија и Вајоминг.Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, одобри војниците во Вашингтон да носат оружје и да вршат полициски задачи. Трамп изјави дека е задоволен од распоредувањето во главниот град и најави дека Чикаго и Њујорк би можеле да бидат следни. „Чикаго е хаос, со неспособен градоначалник. Ќе го средиме тоа. Граѓаните бараат интервенција,“ рече тој.Трамп најави и федерализација на полицијата во Вашингтон, што е привремено овозможено со Законот за самоуправа на федералниот дистрикт. Тој потенцира дека неговите потези имаат поддршка од граѓаните, посебно, како што тврди, од афроамериканските жени.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Путин: Со Трамп се гледа „светло на крајот на тунелот“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека гледа „светло на крајот на тунелот“ во односите меѓу Русија и САД, притоа изразувајќи надеж дека лидерските квалитети на американскиот претседател Доналд Трамп ќе помогнат во обновувањето на врските меѓу двете земји.„Со доаѓањето на претседателот Трамп, мислам дека конечно се појави светло на крајот од тунелот. Сега имавме многу добар, значаен и искрен состанок на Алјаска“, рече Путин, одговарајќи на новинарски прашања за време на неговата посета на центар за нуклеарни истражувања.Тој додаде дека следните чекори ќе зависат од американското водство, но нагласи дека е убеден оти лидерските квалитети на Трамп се „добра гаранција“ за обновување на односите.

Свет | пред 5 месеци

sad

Администрацијата на Трамп ги проверува сите 55 милиони носители на визи во САД

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна обемна проверка на сите 55 милиони носители на странски визи во САД, со цел идентификување можни случаи за отповикување или депортација поради прекршувања на имиграциските правила.Претходно, Стејт департментот соопшти дека досега се одземени повеќе од 6.000 студентски визи поради различни причини – од пречекорување на дозволениот престој до случаи кога носители на визи биле фатени во возење под дејство на алкохол.„Ги разгледуваме сите достапни информации како дел од нашата проверка, вклучувајќи евиденции за спроведување на законот или имиграцијата, како и други податоци кои стануваат достапни по издавањето на визата и кои може да укажуваат на потенцијална неподобност“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.Според портпаролот, „огромното мнозинство“ од одземените визи се поврзани со кривични дела како напад, провала, возење под дејство на алкохол, но и со „поддршка на тероризам“. При тоа, околу 4.000 лица изгубиле визи поради кршење на законот, додека од 200 до 300 визи биле одземени поради поврзаност со терористички активности или поддршка на терористички организации.Во јавноста потсетуваат дека државниот секретар Марко Рубио и администрацијата на Трамп веќе беа во центарот на вниманието на почетокот на 2025 година, кога беше притворен и депортиран студентот од Колумбија, Махмуд Калил, поради неговиот пропалестински активизам. Калил подоцна беше ослободен и поднесе тужба против федералната влада.Сегашното преиспитување на сите носители на визи претставува значително проширување на иницијалниот процес на повторна проверка, кој во почетокот беше насочен главно кон студентите инволвирани во пропалестински или антиизраелски активности.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-10.43.09

Трамп со нова географска „лекција“: Крим е „среде океан“ и „голем колку Тексас“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја изненади јавноста со своите изјави за Украина. Во интервју за конзервативниот радио-водител Марк Левин, Трамп изјави дека Крим е „парче земја среде океан“ и „голем колку Тексас“.„Прекрасен е. Знаете, тој огромен дел земја што вирее среде океан, среде Црното Море. Толку е убав, навистина прекрасен,“ рече Трамп, додавајќи дека поранешниот претседател Барак Обама наводно ѝ порачил на Украина „да го препушти Крим на Русија“.Фактите се сосема поинакви. Крим не е „среде океан“, туку полуостров во Црното Море, кој со копното е поврзан преку украинската област Херсон. Со Русија е споен единствено преку 19-километарскиот Керчки мост, изграден по руската незаконска анексија во 2014 година – мост кој редовно е цел на украинските напади.Површината на полуостровот изнесува околу 27.000 квадратни километри, што е приближно еднакво на американската сојузна држава Масачусетс или на Хаити. Тексас, пак, е 26 пати поголем и дури нешто поширок од цела Украина.Во февруари 2014 година Русија распореди околу 30.000 војници на Крим, во време кога во Киев траеја крвавите денови на Евромајдан. За кратко време Москва ја презеде контролата и организираше нелегитимен референдум, без меѓународни набљудувачи и со вооружени војници на избирачките места. Кремљ тогаш објави дека 97% од гласачите наводно поддржале припојување кон Русија. Анексијата на Крим претставуваше најголемо насилно прекројување на границите во Европа по Втората светска војна – сè до целосната руска инвазија врз Украина во 2022 година.Ова не е првпат Трамп да даде конфузни изјави за Крим. Во април годинава тој на сопствената мрежа Truth Social напиша: „Зошто не се бореа за него пред 11 години, кога беше предаден на Русија без испукан куршум?“Фактите, сепак, јасно покажуваат дека Москва со години пред анексијата ја зголемуваше својата воена присутност на полуостровот преку договори со прорускиот претседател Виктор Јанукович. Русија тајно внесуваше ново оружје на Крим, а потоа го искористи политичкиот хаос во Киев за да ја преземе територијата.Со последната изјава, Трамп уште еднаш демонстрираше површно разбирање на географијата и на историјата на конфликтот. За Москва, пак, ваквите зборови од американски лидер се дипломатски подарок – бидејќи индиректно ја релативизираат најголемата повреда на меѓународното право во современа Европа.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-23.29.18

Трамп со нов ултиматум, Путин има две недели рок за мир во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе знае во рок од две недели дали ќе се постигне мир во Украина, предупредувајќи дека ако не, тој ќе „заземе поинаков пристап“. Оваа изјава е последна во низата рокови што Трамп ги постави за завршување на војната, кои досега поминаа без конкретни акции, пишува The Kyiv Independent.„Во рок од две недели ќе знаеме дали ќе има мир во Украина. После тоа, можеби ќе мора да заземе поинаков пристап“, рече Трамп. Неговите коментари следеа по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, која се одржа само неколку дена по средбата на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, но без никаков напредок во преговорите.Владимир Путин бара Украина да се откаже од целиот источен регион Донбас, да се откаже од амбициите за членство во НАТО, да остане неутрална и да ги држи западните трупи надвор од земјата, изјавија за Ројтерс извори запознаени со размислувањата на високо ниво на Кремљ.Рускиот претседател кој се сретна со Трамп во Алјаска минатата недела дека се надева дека средбата ќе го отвори патот кон мир во Украина – но ниту еден лидер не даде детали за тоа што разговарале.Во суштина, руските извори велат дека Путин направил компромис во врска со територијалните барања што ги изложи во јуни 2024 година, а кои бараа од Кијив да ги отстапи сите четири провинции што Москва ги смета за дел од Русија: Донецк и Луганск во источна Украина – кои го сочинуваат Донбас – плус Херсон и Запорожје на југ.Путин, исто така, се држи до своите претходни барања Украина да се откаже од своите амбиции за НАТО и за правно обврзувачка обврска од воениот сојуз предводен од САД дека нема да се шири понатаму кон исток, како и за ограничувања на украинската армија и договор дека нема да бидат распоредени западни трупи на теренот во Украина како дел од мировните сили.

Свет | пред 5 месеци

zelenski-putin

Кремљ „ладен“ кон идејата за самит Путин–Зеленски, додека веќе се договара средбата

Кремљ се обиде да ги ублажи очекувањата околу можен директен состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски, иако американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистира двете страни да седнат на маса и да разговараат за прекин на војната во Украина, јавува Би-би-си.Повикот на Трамп следува по неговата средба со Путин минатата недела на Алјаска, како и по понеделничките консултации во Белата куќа со Зеленски и лидерите на седум европски држави.Трамп призна дека конфликтот е „тежок за решавање“ и предупреди дека Путин можеби нема намера да постигне договор. „Можно е да не сака да направи договор,“ рече тој, додавајќи дека во таков случај Русија би се нашла во „тешка ситуација“.Иако Путин наводно изразил подготвеност за идејата за директни преговори, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров порача дека секоја средба мора внимателно да се подготви „чекор по чекор“.Во меѓувреме, НАТО генералите денеска одржуваат виртуелен состанок, а британскиот воен командант, адмирал Тони Радакин, отпатува во Вашингтон за разговори околу можноста за распоредување на „сила за уверување“ во Украина.Според медиумските извештаи, Путин дури му предложил на Трамп Зеленски да отпатува во Москва – нешто што Киев речиси сигурно нема да го прифати.Иако Трамп првично зборуваше за примирје, сега инсистира на траен мировен договор. Европските лидери и Зеленски во разговорите нагласиле дека за Украина се неопходни силни безбедносни гаранции. Трамп најави дека САД би можеле да обезбедат воздушна поддршка доколку Европа испрати војници на терен, но исклучи испраќање американски трупи.Европските сојузници, сепак, се многу поскептични. Францускиот претседател Емануел Макрон го нарече Путин „предатор“ и изрази „огромно сомневање“ во неговата волја за мир, додека финскиот претседател Александар Стуб порача дека Путин „ретко може да се смета за доверлив“.Последниот директен состанок меѓу Зеленски и Путин се одржа во 2019 година.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-22.09.34

„Вруќ микрофон“ во Белата куќа: Трамп откри што мисли за Путин и се шегуваше со европските лидери

Американскиот претседател Доналд Трамп не знаеше дека микрофонот е вклучен додека разговараше со европските лидери, чекајќи почеток на заедничката прес-конференција во Белата куќа за Украина.На снимката се слуша како Трамп му вели на францускиот претседател Емануел Макрон дека рускиот лидер Владимир Путин „сака да направи договор поради мене – колку и да звучи лудо“. Коментарот се однесувал на нивниот состанок на Алјаска.Ситуацијата потсети на долга историја на „вруќи микрофони“ во политиката – моменти кога лидерите забораваат дека се снимени, откривајќи искрени мисли или непланирани шеги. Експертот за комуникации Бил Мекгован објасни: „Луѓето ги обожаваат овие моменти затоа што нема ништо поавтентично од она што ќе се изговори без филтер“.Ова не е првпат високи политичари да се најдат во незгодна ситуација.Роналд Реган во 1984 година за време на проба изјави „за пет минути почнуваме да ја бомбардираме Русија“, што предизвика критики од СССР.Барак Обама во 2012 година беше снимен како му вели на Дмитриј Медведев дека ќе има „повеќе флексибилност“ по изборите – изјава што неговиот ривал Мит Ромни ја нарече „подарок за Кремљ“.Џасинда Ардерн, тогашна премиерка на Нов Зеланд, во 2022 беше снимена како во парламент својот противник го нарекува „арогантна пи*ка“.Дури и кралот Чарлс III беше фатен пред микрофон како пцуе на налив-перо кое не работеше.Во Белата куќа, освен коментарите за Путин, Трамп направи и низа лежерни забелешки. Го пофали тенот на Макрон, рече дека финскиот претседател Александар Стуб е „добар голфер“ и праша кој е подготвен за новинарите „кога ќе влетат во просторијата“. Џорџа Мелони одговорила дека не сака да зборува со италијанските новинари, додавајќи низ смеа: „А тој (Трамп) тоа го сака, нели?“

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп: Помагам на Украина и затоа што сакам да одам во рајот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека еден од неговите лични мотиви за ангажманот околу Украина е „желбата да оди во рајот“. Изјавата предизвика бројни реакции во јавноста, особено откако беше потврдена и од Белата куќа.Во интервју за Fox News, Трамп изјави: „Ако можам да спасам 7.000 луѓе неделно од смрт, мислам дека тоа е доста… Сакам да се обидам да одам во рајот ако е можно, слушам дека не ми оди најдобро. Навистина сум на дното на листата. Но ако можам да стигнам до рајот, ова ќе биде една од причините.“Белата куќа: „Претседателот беше сериозен“На новинарско прашање околу изјавата, портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, одговори:„Мислам дека претседателот беше сериозен. Тој сака да оди во рајот – како што, се надевам, сите овде исто така сакаат“.Администрацијата на Трамп во последните денови води интензивни разговори со Русија, Украина и европските сојузници за можни мировни договори и безбедносни гаранции за Украина. Иако Трамп постојано повторува дека американски војници нема да бидат испратени на терен, Левит денеска отвори можност за американско воздушно присуство како дел од идните безбедносни аранжмани.

Свет | пред 5 месеци

orban-tramp1

Bloomberg: Трамп го притиснал Орбан да го повлече ветото за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп, по средбите со украинскиот лидер Володимир Зеленски и со европските челници во Белата куќа, имал телефонски разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан, јавува Bloomberg.Според изворите на агенцијата, Трамп извршил притисок врз Орбан да го повлече својот вето за започнување на преговори за приклучување на Украина кон Европската Унија.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.56

Се огласи Зеленски по средбата во Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека се започнати подготовки за состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски.Трамп на својата мрежа Truth Social средбата со Зеленски и европските партнери ја оцени како „многу добра“.На разговорите во Белата куќа присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони, германскиот канцелар Фридрих Мерц, финскиот претседател Александар Стуб, британскиот премиер Кир Стармер, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.„Вчера во Вашингтон се одржаа важни разговори со претседателот на САД и европските лидери. Тоа беше значаен чекор кон завршување на војната и обезбедување сигурност за Украина и нашиот народ,“ напиша Зеленски на X.Тој додаде дека веќе се работи на конкретна содржина на безбедносните гаранции и дека координацијата на лидерите продолжува: „Ќе има дискусии, подготвуваме формати, советниците за национална безбедност се во постојан контакт. Ќе има безбедносни гаранции. Украина ја чувствува таа сила. Благодарни сме на сите наши партнери за решителноста и поддршката. Ќе направиме сè патот до мирот да стане реалност – преку партнерство, гаранции и храброста на украинскиот народ.“

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.13.40

Axios: Трамп бил на чекор да ги прекине преговорите со Путин на Алјаска

Американскиот претседател Доналд Трамп бил блиску до прекин на преговорите со рускиот лидер Владимир Путин на средбата на Алјаска, јавува Axios. Причината, според порталот, била инсистирањето на Путин за анексија на целата Доњецка област.Путин на преговорите поставил услов Русија да добие целосна контрола врз Доњецката област, од која моментално контролира околу 75% територија. Тој бил толку цврст во ставовите што, според извори на Axios, Трамп во еден момент бил подготвен да ја напушти средбата.Неименуван извор го цитира Трамп кој му рекол на Путин:„Ако е Доњецк тука клучен и ако нема попуштање, тогаш нема смисла да го продолжуваме ова.“По таа изјава, Путин наводно се откажал од својот максималистички услов.Проценките во САД се поделени: едни предвидуваат дека Русија може целосно да ја заземе Доњецката област до октомври, додека други предупредуваат дека таквата операција би била тешка и неизвесна.Според Reuters, во нацрт-условите на Москва за прекин на војната се барало и повлекување на украинските сили од Доњецката и Луганската област.Во меѓувреме, државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Вашингтон нема да врши притисок врз Украина да отстапи територија на Русија како дел од евентуален мировен договор.Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот порача дека преговорите мора да ја земат предвид актуелната линија на фронтот. Тој нагласи дека Уставот на Украина не дозволува никакво отстапување или размена на територија.

Свет | пред 5 месеци

marinci-karibi-karteli

Трамп испрати 4.000 маринци во Карибите – целта се нарко-картелите

Соединетите Американски Држави започнаа голема воена операција во Латинска Америка и Карибите, насочена кон сузбивање на нарко-картелите. Според информациите на CNN, распоредени се над 4.000 маринци и морнари, како дел од стратегијата на претседателот Доналд Трамп за борба против криминалните групи што се прогласени за глобални терористички организации.Во наредните 36 часа, пред брегот на Венецуела треба да пристигнат три американски разорувачи опремени со ракетниот систем „Егис“ – „УСС Грејвли“, „УСС Џејсон Данам“ и „УСС Сампсон“.Покрај воените бродови, во поширокиот регион ќе бидат распоредени и шпионски авиони П-8, дополнителни морнарички единици и најмалку една нападна подморница. Процесот ќе трае неколку месеци, а акциите ќе се спроведуваат во меѓународни води и воздушен простор. – Поморските сили може да се користат не само за разузнавачки и надзорни мисии, туку и како основа за насочени напади, доколку биде донесена таква одлука – изјавил висок функционер за американските медиуми.Администрацијата на Трамп ја истакнува борбата против нарко-клановите како еден од своите приоритети, поврзувајќи ја и со намалување на миграцијата и зајакнување на јужната граница на САД.Во последните неколку месеци, Вашингтон веќе испрати дел од своите воени бродови во регионот и го засили воздушниот надзор врз мексиканските картели, собирајќи информации за нивното делување со цел нивно потиснување.фото: Х

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп ќе зборува со Путин по средбата со Зеленски, можен е нов состанок

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски пред новинарите заврши по нешто помалку од половина час.На последното новинарско прашање – дали очекува нешто повеќе од неодамнешниот самит со Владимир Путин – Трамп изјави:„Токму разговарав со претседателот... Всушност, неформално веќе разговарав со претседателот Путин, а ќе имаме телефонски разговор веднаш по овие средби денес.Можно е да имаме трилатерален состанок – а можно и да не. Ако го нема, борбите продолжуваат. Но ако го има, мислам дека шансите се добри, дека можеби токму со таков состанок може да се стави крај на војната. Тој очекува мој повик веднаш штом ја завршиме оваа средба,“ рече Трамп.Претходно во разговорот, претседателот Зеленски изјави дека е подготвен за трилатерален состанок меѓу него, Путин и Трамп.

Свет | пред 5 месеци

viber_image_2025-08-18_21-44-19-495

Трамп се смее со костумот на Зеленски во Белата куќa

Среде интензивните разговори за војна и мир во Овалната соба, се случи еден смешен момент.Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше забележан облечен во црно одело, привлекувајќи го вниманието и на новинарите и на американскиот претседател Доналд Трамп.„Изгледаш одлично во тоа одело“, рече новинарот Брајан Глен од „Гласот на Америка“, кој постави прашања за изборот на облека на Зеленски за време на неговата посета на Белата куќа во февруари.„И јас го кажав истото“, извика Трамп.„Ти си во иста облека. Јас се пресоблеков, ти не“, му одговори Зеленски на Глен.Според европски функционер, облеката на Зеленски била дискутирана меѓу американските и украинските претставници пред состанокот во понеделник, и се подразбирало дека тој не треба да доаѓа во вообичаената облека.Во февруари, Трамп беше незадоволен кога Зеленски пристигна во Белата куќа облечен во воена униформа, што сугерираше дека е „целосно облечен“.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања