ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

ТРАМП

putin-4124

Кремљ: Путин е благодарен на Трамп, но разговорите не се лесни

Гласноговорникот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, на Источниот економски форум во Владивосток изјави дека Владимир Путин високо ги цени напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на конфликтот во Украина. Тој нагласи дека Кремљ го гледа Трамп единствено како претседател на САД, без дополнителни атрибути.„Путин е благодарен на претседателот Трамп за неговите мировни напори и конструктивната природа на односите што ги имаат. Но разговорите не се лесни, затоа што секој од нив ги брани интересите на својата земја,“ рече Песков, пренесе ТАСС.Тој потврди дека Путин го поканил украинскиот претседател Володимир Зеленски во Москва „на разговор, а не на капитулација“. Според Песков, процесот на решавање на конфликтот напредува, но сè уште е прерано да се зборува кога би можел да заврши. „Путин кажа дека постои светлина на крајот од тунелот,“ додаде тој.Во однос на односите со Вашингтон, Песков истакна дека засега нема детали за можен нов состанок меѓу Путин и Трамп. „Моментално нема развој на настаните,“ изјави тој. Песков нагласи дека контактите меѓу Русија и САД се одвиваат на повеќе нивоа – меѓу Кремљ и Белата куќа, како и меѓу разузнавачките служби – но тоа сè уште не довело до „сеопфатно оживување на односите“.Тој оцени дека билатералните односи претрпеле сериозни оштетувања за време на претходната американска администрација и дека ќе биде потребно време за нивна обнова. „Процесот на извлекување на нашите односи од целосна ошамуќеност ќе трае извесен период. Постојат негативни инерции. Преголема штета е нанесена на целата архитектура на нашите билатерални односи,“ рече Песков.Тој додаде дека Русија и САД сè уште не стигнале до точка на обновување на соработката во областа на културата и спортот.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Вашингтон го тужи Трамп за „воена окупација“ на престолнината

Главниот државен обвинител на Дистрикт Колумбија, Брајан Швалб, поднесе тужба до федералниот суд со која бара да се запре распоредувањето на Националната гарда во американската престолнина, што, според него, претставува неуставен потег и кршење на повеќе федерални закони.„Наоружани војници не треба да ги надгледуваат американските граѓани на американска територија. Присилната воена окупација на Вашингтон е прекршување на нашата локална автономија и на основните слободи. Тоа мора да престане“, напиша Швалб на платформата Х.Од јануари, кога повторно ја презеде функцијата, претседателот Доналд Трамп се обидува да ја прошири улогата на војската на американска почва, што критичарите го сметаат за опасно ширење на извршната власт кое може да предизвика судири меѓу армијата и граѓаните.Минатиот месец Трамп распореди трупи на Националната гарда во Вашингтон, нагласувајќи дека тие ќе ја „вратат законитоста, редот и јавната безбедност“. Притоа, тој ја стави и Метрополитенската полиција на Дистрикт Колумбија под директна федерална контрола.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-23.29.18

Трамп го обвини Си за заговор против САД заедно со Путин и Ким!

Американскиот претседател Доналд Трамп се налути на Си Џинпинг, обвинувајќи го за заговор против САД заедно со рускиот лидер Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.„Пренесете ги моите најтопли поздрави на Владимир Путин и Ким Џонг-ун додека заговорнички делувате против Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп на својата мрежа „Трут соушал“.Изјавата на Трамп доаѓа во момент кога Си Џинпинг, пред 26 светски лидери, вклучувајќи ги Путин и Ким, зборуваше за „незапирливата“ Кина, која „никогаш нема да дозволи да биде заплашена од насилници“.На парадата беа прикажани новата генерација оружја, вклучувајќи нуклеарни проектили, ласерски системи и поморски дронови.Кина се обидува да се позиционира како можна противтежа на САД откако царините на Трамп го потресоа глобалниот економски и политички поредок.Иако некои набљудувачи присуството на Путин и Ким го толкуваат како порака до Западот кој ги изолираше, Трамп изјави дека не гледа на парадата како предизвик за САД.Истовремено, Трамп рече дека е „многу разочаран“ од Путин, бидејќи не успеале да постигнат мировен договор за Украина за време на нивната средба во Алјаска минатиот месец. - Ќе преземеме нешто за да им помогнеме на луѓето да живеат во Украина, најави тој, без детали.Кина, иако не ја осуди руската инвазија, е обвинувана од Западот дека ѝ помага на Москва преку набавка на нафта и испорака на материјали со двојна намена. Пекинг ги отфрла овие обвинувања.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Аxios: Белата куќа ја обвини Европа дека ја продолжува војната во Украина

Според пишувањето на американскиот портал Axios, високи претставници на Белата куќа сметаат дека дел од европските лидери го продолжуваат војната во Украина, убедувајќи го украинскиот претседател Володимир Зеленски да почека подобар договор со Москва.Фрустрацијата во Вашингтон расте поради отсуство на напредок од разговорите меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп што се одржаа пред две недели на Алјаска. Американските претставници веруваат дека некои европски државници ја поттикнуваат Украина да очекува нереални територијални отстапки од Русија.„Европјаните не смеат да го продолжуваат овој војна и да поттикнуваат неразумни очекувања, а истовремено да очекуваат Америка да ја сноси цената,“ изјавил висок претставник на Белата куќа за Axios.Медиумот не прецизира кои земји се на мета на критиките, но наведува дека тоа не се Обединетото Кралство или Франција, кои заедно ја предводат таканаречената „коалиција на подготвените“, лабаво партнерство на западни земји што и ветуваат поддршка на Украина.

Свет | пред 4 месеци

bela-kuka

Белата куќа во жесток напад врз „Politico“: „Операција на странско влијание“

Белата куќа денеска остро го нападна американскиот медиум „Politico“, обвинувајќи го за спроведување „операција на странско влијание“. Повод за ваквата реакција е текст во кој се критикуваат преговорите на специјалниот претставник на претседателот Доналд Трамп за Украина, Стив Виткоф.Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс беше предводник на нападите врз „Politico“, кој од 2021 година е во сопственост на германскиот медиумски гигант „Аксел Шпрингер“. Во спорниот текст се цитираат неименувани функционери кои тврдат дека кај Виткоф, во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, „јасно се гледа неискуство“.„Оваа сторија на Politico е новинарски пропуст. Но тоа е повеќе од тоа: ова е операција на странско влијание со цел да се наштети на администрацијата и на еден од нашите најефикасни членови“, порача Венс преку социјалната мрежа X.Кон него се придружија и други претставници на Белата куќа. Заменик-шефот на кабинет Џејмс Блер текстот го нарече „операција на странско влијание водена преку интернет-медиум под германска контрола“.Иако обвинувањата беа тешки, официјални лица не понудија докази кои би ја поткрепиле тезата дека е вмешана странска влада или друга организација.Ова не е првпат администрацијата на Трамп да застане во одбрана на Виткоф, бизнисмен во областа на недвижности, кој беше именуван за специјален изасланик за мировните преговори во Украина и Газа, и покрај тоа што нема дипломатско искуство.Текстот на „Politico“ е само дел од низата критички написи, вклучително и во „The Atlantic“, каде се наведува дека преговорите на Виткоф со Русија предизвикале конфузија.Нападите врз медиумите доаѓаат во момент кога Берлин и Париз изразуваат сомнежи за успехот на мировните напори на Трамп. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека очекува војната да трае „уште многу месеци“.Самиот Виткоф, кој неодамна повеќепати патуваше во Москва на средби со Путин, а во петок во Њујорк се сретна и со украински претставници, кусо изјави: „Изјавата на нашиот неверојатен потпретседател зборува сама за себе.“

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.43

Трамп дозволи продажба на далекуметни ракети за Украина во вредност од 825 милиони долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за продажба на нова класа далекуметни ракети на Украина во вредност од 825 милиони долари, што претставува прв ваков пакет од почетокот на војната. Станува збор за проектили Extended Range Attack Munition (ERAM), со дострел до 400 километри, кои на украинската армија ќе ѝ овозможат да погодува руски цели и инфраструктура стотици километри зад фронтот.Пакетот предвидува 3.350 ракети, соодветна опрема, софтвер за планирање мисии, резервни делови и техничка поддршка. Крајната одлука треба да ја донесе американскиот Конгрес, пренесува Kyiv Post.Финансирањето е предвидено преку меѓународната програма Jump Start, во која учествуваат Данска, Норвешка и Холандија, а дополнителни средства ќе бидат обезбедени преку американската програма Foreign Military Financing. ERAM се смета за ефикасно, но значително поевтино оружје во споредба со класичните крстосувачки ракети, овозможувајќи масовни и прецизни удари по пониска цена.Оваа одлука доаѓа веднаш по новата серија смртоносни руски воздушни напади врз Киев, во кои загинаа најмалку 23 лица, а шест градски квартови останаа во урнатини.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Во Белата куќа: разговори за Газа со учество на поранешниот британски премиер Блер

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа состанок посветен на ситуацијата во Газа, на кој учествуваа неговиот зет и поранешен изасланик за Блискиот Исток, Џеред Кушнер, како и поранешниот британски премиер Тони Блер. Белата куќа соопшти дека на средбата биле разгледани повеќе аспекти од кризата, меѓу кои испораката на храна, судбината на таоците, плановите за периодот по завршувањето на конфликтот и други релевантни прашања.Висок претставник на администрацијата за „Ројтерс“ изјави дека станува збор за „едноставен политички состанок“, какви што Трамп и неговиот тим редовно организираат. Посебниот американски изасланик Стив Виткоф претходно најави дека администрацијата подготвува „сеопфатен план кој ќе ја отсликува хуманитарната заложба на претседателот Трамп“.Трамп во својата предизборна кампања вети дека ќе стави брз крај на војната во Газа, но и по седум месеци од неговиот втор мандат решението сè уште не е реализирано. Вториот мандат започна со примирје кое траеше два месеца, до израелските напади на 18 март, кога загинаа околу 400 Палестинци.Светската јавност во последниве недели беше потресена од слики на изнемоштени и изгладнети цивили, меѓу кои и деца, поради што Израел се соочува со критики за влошувањето на хуманитарната состојба во појасот Газа. „Претседателот Трамп јасно порача дека негов приоритет е крајот на војната и обезбедување мир и просперитет за сите во регионот,“ изјави уште еден претставник на Белата куќа, без дополнителни детали за содржината на состанокот.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-22.09.34

Трамп предлага ограничување на престојот во САД за странски студенти и новинари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предложи ново правило со кое значително ќе се скрати времетраењето на престојот за странски студенти и новинари во САД, како дел од построгата имиграциска политика. Според предлогот, на носителите на студентски визи нема да им биде дозволено да останат во земјата подолго од четири години. За странските новинари престојот ќе биде ограничен на 240 дена, со можност за продолжување за ист период, додека за новинарите од Кина лимитот ќе биде само 90 дена.Досега студентските визи важеле за времетраењето на програмата за која се издаваат, што им овозможуваше на студентите да останат во земјата сè додека трае нивното образование. Предлогот е објавен во официјалниот весник на федералната влада – Federal Register, со што започна краток период за јавни коментари пред тој да стапи во сила.Министерството за внатрешна безбедност во образложението наведе дека претходните влади дозволувале странците да остануваат речиси неограничено, што според нив носело безбедносни ризици, трошоци за американските даночни обврзници и неповолна положба за домашните граѓани.Сепак, статистиките покажуваат поинаква слика. Според податоците на Министерството за трговија, меѓународните студенти во 2023 година придонеле со повеќе од 50 милијарди долари во американската економија. Во академската 2023/2024 година, САД примиле над 1,1 милион странски студенти – повеќе од која било друга земја – при што тие најчесто плаќаат целосна школарина и претставуваат значаен извор на приходи за универзитетите.„Ова предложено правило испраќа порака до талентираните поединци ширум светот дека нивниот придонес не се цени во САД,“ изјави Миријам Фелдблам, раководителка на организација што ги застапува лидерите на американските високообразовни институции.Последниве недели администрацијата на Трамп го засили спроведувањето на имиграциските закони. Средината на август Стејт департментот објави дека од јануари поништил 6.000 студентски визи, а околу 55 милиони носители на визи биле предмет на зголемени проверки.

Свет | пред 5 месеци

ursula

Европа во нов „нерамноправен договор“ со Трамп – опасност од економска и политичка зависност

По поразот во Првата опиумска војна, династијата Ќинг во 1842 година беше приморана да потпише договор што ја вовлече Кина во повеќе од еден век странско угнетување и колонијална контрола врз трговската политика. Тој документ влезе во историјата како првиот од таканаречените „нерамноправни договори“. Денес, скоро два века подоцна, сè поголем број европски политичари и аналитичари стравуваат дека Европската унија се наоѓа во слична позиција – пред нова рунда принудни договори со САД, под палката на Доналд Трамп.Минатиот месец, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пристигна во голф-резортот на Трамп во Шкотска за да потпише трговски договор кој предизвика шок во европските престолнини. Со прифаќањето на 15-процентна царина на поголемиот дел од европската стока, критичарите предупредија дека Брисел направил „политички пораз“, „чин на подреденост“ и „идеолошка капитулација“. Наместо дистанца од непредвидливиот американски претседател, Европа се соочи со грубо будење.Додека мастилото на договорот едвај се исуши, Трамп повторно го зголеми притисокот – најави нови царини поради европските дигитални регулативи што ги тангираат американските технолошки гиганти.„Ако ЕУ не се усогласи, САД ќе престанат да извезуваат витална технологија за микрочипови“, порача тој. Ова предупредување дојде само неколку дена по уверувањата дека дигиталниот суверенитет на ЕУ е загарантиран.Ситуацијата потсетува на 19. век: Трамп располага со воена и технолошка моќ што Европа нема. Унијата е длабоко зависна од американската технологија и од воената поддршка во соочувањето со Русија, па Вашингтон може да диктира услови.„Не станува збор само за трговија, туку за безбедност и за Украина,“ изјави еврокомесарот за трговија Марош Шефчович, јасно алудирајќи дека договорот е резултат на европската слабост.Експертите предупредуваат дека Европа две децении не вложувала во сопствената безбедност и сега ја плаќа цената.„Игнориравме сигналите уште од првата администрација на Трамп и се вративме на спиење. Се надевам дека тоа не е повторно случај,“ изјави Сабине Вејанд, главната директорка за трговија во Европската комисија.Јасно е дека царинската стратегија на Трамп не е завршена и дека Унијата ќе се соочи со нови понижувања и нерамноправни исходи во преговорите оваа есен. Единствениот начин Европа да го намали ризикот од трајна зависност е да изгради сопствен капацитет во одбраната, технологијата и финансиската стабилност – пред „неррамноправните договори“ да станат новата реалност на 21. век.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп воведе 50% царини за увоз од Индија, обвинувајќи ја за финансирање на руската војна

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 50% на поголемиот дел од увозот од Индија, обвинувајќи ја владата во Њу Делхи дека со купување евтина руска нафта индиректно го финансира воениот ангажман на Москва во Украина.Новата мерка, која стапи во сила во средата на полноќ, ќе погоди извоз на Индија вреден 87,3 милијарди долари годишно. Иако дел од клучните производи, како паметните телефони, засега се изземени од тарифите, индустрии како текстилот, накитот и морските плодови се соочуваат со драматичен пад на нарачките и обемот на производство.Индиската влада останува решителна во намерата да продолжи со увоз на руска нафта. Премиерот Нарендра Моди ги повика граѓаните да купуваат домашни производи, додека шефот на дипломатијата, Субраманијам Џајшанкар, оцени дека барањата од Вашингтон се „неоправдани и лицемерни“.Економските аналитичари предупредуваат дека царините би можеле да го намалат економскиот раст под 6%, а индиските берзи веќе бележат значителни падови. Федерацијата на извозници од Индија соопшти дека бројни производители на облека и текстил за американскиот пазар веќе ја стопирале производството.Трамп претходно воведе идентични мерки и кон Бразил, но не презеде слични чекори против Кина, иако и таа во големи количини увезува руска нафта. Во меѓувреме, Индија ги зајакнува врските со Москва и најавува приближување кон Пекинг.„Трамп ги загрози годините напорно градено партнерство,“ изјави висок индиски трговски функционер за британскиот Guardian. „Најголемата жртва е довербата, а обновата на односите тешко дека ќе се случи додека тој е на власт.“Според експертите, најголеми добитници од новите царини ќе бидат конкурентите од југоисточна Азија – особено Виетнам и Камбоџа – кои веќе ги преземаат американските купувачи со поевтина стока.

Свет | пред 5 месеци

indija-odbelezhuva-75-godishnina-od-nezavisnosta

Моди оди во Кина по пет години: економската политика на Трамп ја приближува Индија кон Пекинг

По повеќе од половина деценија од смртоносниот судир на Хималаите, индискиот премиер Нарендра Моди оваа недела ќе патува во Кина за да присуствува на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), домаќин на кој е кинескиот претседател Си Џинпинг. Посетата се случува во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп воведе 50% казнени царини на увоз од Индија, што дополнително го турка Њу Делхи кон стабилизација на односите со Пекинг.Самитот во Пекинг, кој ќе собере лидери од Русија, Пакистан, Иран и централноазиските држави, ќе биде најголемиот досега во рамките на ШОС. Присуството на Индија се смета за најјасен сигнал дека односите меѓу двете азиски сили повторно се затоплуваат. Според аналитичарите, политиката „Америка на прво место“ на Трамп и неговите закани со дополнителни царини заради индиската куповина руска нафта го натерале Моди да бара нов баланс во надворешната политика.Иако Вашингтон со години гради стратешко партнерство со Индија, вклучувајќи воени вежби и трансфер на технологии, приближувањето кон Кина може да ги наруши овие односи. „Индија повеќе не може да се преправа дека има силна американска поддршка“, оценува аналитичарката Јун Сан од тинк-тенкот „Стимсон“.Сепак, индиските власти нагласуваат дека ова не е оддалечување од САД, туку практична политика на „стратешка автономија“ – стабилизирање на односите со најголемиот сосед без да се напушти сојузништвото со Западот.Затоплувањето доаѓа по состанокот на Моди и Си на самитот на БРИКС во Русија минатата година, кога двете страни се согласија да се обноват директните летови и визите за туристи. Иако длабокото недоверие поради судирите во долината Галван од 2020 година останува, обете земји испраќаат сигнал дека ескалацијата не е во ничиј интерес.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп се закани со царини од 200 проценти ако Кина не испорачува магнети од ретки метали

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе царини од 200 проценти на увозот на кинеска стока доколку Пекинг не обезбеди сигурни испораки на магнети од ретки земни метали во САД.„Мора да ни ги дадат магнетите. Ако не ни ги дадат, ќе мора да воведеме царина од 200 проценти или нешто слично“, изјави Трамп во Белата куќа на средба со јужнокорејскиот претседател Ли Џае Миунг.Тој додаде дека ваквата мерка практично би ја сопрела трговијата со Кина, но дека тоа е прифатлив сценарио доколку биде потребно.Ретките земни метали се клучна суровина за современата технологија – се користат во производство на мобилни телефони, ветерници, електрични возила и воена опрема. Најважна улога имаат токму магнетите од овие метали. Кина е глобален лидер во производството и обработката на ретки земни метали, додека САД речиси целосно се потпираат на увоз.Во услови на трговски тензии, Пекинг претходно веќе го ограничи извозот на ретки метали и магнети. Новата закана на Трамп доаѓа спротивно од неговиот помирлив тон на почетокот на август, кога најави 90-дневно продолжување на трговското примирје со Кина.Двете земји во мај се согласија да ја прекинат размената на високи царини за да поттикнат дијалог околу трговијата, снабдувањето со ретки минерали и пристапот до чипови за вештачка интелигенција. Според „Волстрит журнал“, кинеска делегација предводена од главниот преговарач Ли Ченганг оваа недела ќе отпатува во Вашингтон за продолжување на преговорите.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Ќе стави ли Трамп крај и на војната во Газа, вели дека мора да заврши во рок од 2–3 недели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната на Израел против Газа треба да заврши во следните две до три недели, пренесе „Ал Џазира“.„Мислам дека во наредните 2–3 недели ќе има доста добар, конечен крај,“ изјави Трамп во понеделникот пред новинарите.Изјавата доаѓа во момент кога расте меѓународниот револт поради масакрите врз цивили, убиствата на новинари и медицински лица, како и гладот предизвикан од израелската блокада на опколената и постојано бомбардирана палестинска територија.Американскиот претседател претходно повеќепати најавуваше дека ќе стави крај на војната, но неговите зборови досега не резултираа со прекин на огнот или со олеснување на протокот на хуманитарна помош за населението во Газа.Администрацијата на Трамп продолжува да ѝ обезбедува на Израел милијарди долари во оружје и се противи на меѓународните иницијативи за признавање на палестинска држава.„Мора да заврши зашто помеѓу гладот и сите други проблеми – полошо од глад, смрт, од чиста смрт е тоа што луѓето се убиваат,“ додаде Трамп.Во февруари тој предложи иселување на сите Палестинци од Газа – план кој би претставувал етничко чистење и злосторство против човештвото.Истовремено, Трамп изгледаше како да не е запознаен со израелскиот напад врз болницата „Насер“ во кој загинаа 21 лице, меѓу кои и петмина новинари. На новинарско прашање за тој случај, одговори: „Не сум среќен за тоа. Не сакам да го видам тоа. Но мора да заврши целиот тој кошмар.“Потоа додаде дека се залага за ослободување на преостанатите израелски заробеници во Газа.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Трамп откри дека со Путин разговарал за нуклеарно разоружување - кои се ставовите на Русија и Кина?

Американскиот претседател Доналд Трамп откри дека за време на неодамнешната средба на Алјаска со рускиот лидер Владимир Путин разговарале за нуклеарно разоружување. Информацијата тој ја сподели со новинарите во Белата куќа, пренесува Kyiv Independent.„Мислам дека денуклеаризацијата е многу голема игра“, изјави Трамп. „Но, Русија е подготвена тоа да го направи, а мислам дека и Кина ќе биде подготвена. Не смееме да дозволиме ширење на нуклеарното оружје. Мораме да го запреме нуклеарното оружје“, додаде, без да навлегува во детали од разговорите. Кремљ засега не се огласил во врска со неговата изјава.Според извештај на Федерацијата на американските научници (FAS) од март 2024 година, Русија располага со најголем нуклеарен арсенал во светот – вкупно 5.580 боеви глави, од кои околу 1.200 чекаат на демонтажа. Арсеналот опфаќа тактичко оружје за употреба на бојното поле, но и стратешко оружје со дострел до територијата на САД.Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Москва повеќепати упатуваше нуклеарни закани кон Киев и Западот. Иако тие закани не се реализираа, загриженоста останува, а преговорите за контрола на вооружувањето меѓу Москва и Вашингтон не донесоа напредок.Состанокот меѓу Трамп и Путин на 15 август се одржа по период на засилени тензии. Неколку недели претходно, Трамп нареди преместување на две американски нуклеарни подморници во „соодветни региони“ како реакција на заканите на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој предупреди дека поактивното вклучување на САД во војната може да доведе до директен судир со Москва.Трамп возврати нарекувајќи го Медведев „пропаднат поранешен претседател“ и предупреди дека „влегува на многу опасна територија“.

Свет | пред 5 месеци

garda-sad

Ќе носат пиштоли М17 или пушки М4: Националната гарда во Вашингтон доби дозвола да носи оружје

Гардистите на американската Национална гарда, кои веќе две недели патролираат низ улиците на Вашингтон по налог на претседателот Доналд Трамп, од неделата навечер почнаа да носат оружје, потврдија двајца американски функционери за „Ројтерс“.Според информациите, дел од војниците ќе бидат вооружени со пиштоли М17 или пушки М4, но не е наведено колкумина ќе имаат оружје. Одлуката следува откако минатата недела министерот за одбрана Пит Хегсет даде зелено светло за вооружување на гардистите. Во заедничко соопштение на Командата на Националната гарда за Вашингтон беше нагласено дека употребата на сила е дозволена „само како последна опција и единствено во случај на непосредна закана по живот или тешки повреди“.Трамп најави дека може да ја прошири својата кампања против криминалот и во други градови под раководство на демократите, конкретно споменувајќи ги Чикаго и Балтимор, со можност таму да биде испратена војска.Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, оцени дека претседателот нема уставна основа да ја распореди војската во Чикаго, додека Пентагон веќе започна со изработка на сценарија за евентуална интервенција. Претставници од Министерството за одбрана, кои зборуваа анонимно, нагласија дека станува збор за рутинско планирање без конкретна одлука. Џефрис ги нарече чекорите на Белата куќа „вештачко создавање криза“, потсетувајќи дека бројот на убиства во Чикаго минатата година бил во опаѓање.Слична позиција имаше и гувернерот на Илиноис, демократот Џ.Б. Прикер, кој изјави дека нема потреба од распоредување на Националната гарда.Трамп, сепак, продолжи со критики кон демократските гувернери, меѓу кои и Вес Мур од Мериленд, нагласувајќи дека е подготвен да испрати војска и во Балтимор. Официјалните податоци од таму, пак, покажуваат двоцифрен пад на вооруженото насилство и најмал број убиства во последните пет децении.Иако Трамп тврди дека благодарение на војската и федералните агенти криминалот во Вашингтон е „исчистен“, статистиките укажуваат дека трендот на намалување почнал уште пред неговите мерки. За разлика од американската престолнина, каде што претседателот има директни овластувања, неговата моќ во градови како Чикаго и Балтимор е ограничена.Претседателот се повика на член 12406 од федералниот Закон за вооружени служби, кој дозволува испраќање на Националната гарда во случај на инвазија, немири или потреба од примена на закон. Но, експертите предупредуваат дека секој обид за активирање на оваа одредба во градови управувани од демократите речиси сигурно би отворил правни спорови.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања