ТРАМП

media-librarytsi3bud86af22v3NMfG

(Фото) Трамп објави фотографија за која тврди дека го прикажува Мадуро на американски воен брод

Aмериканскиoт претседател Доналд Трамп објави фотографија на својата социјална мрежа Truth Social, за која тврди дека го прикажува венецуелскиот претседател Nicolás Maduro на бродот „USS Iwo Jima“, со кој, според неговите наводи, Мадуро бил пренесуван кон Соединетите Американски Држави.На фотографијата се гледа лице кое наликува на Мадуро, со маска преку очите, слушалки на ушите и облечено во сива тренерка. Трамп не објави дополнителни детали за тоа кога и каде е направена фотографијата, ниту пак достави официјална потврда од американските институции за нејзината автентичност.Објавата следува откако Трамп претходно изјави за американски медиуми дека венецуелскиот претседател бил заробен и транспортиран со американски воен брод, тврдење кое сè уште не е потврдено од Белата куќа или од владата на Венецуела. Венецуелските власти, пак, соопштија дека немаат официјални информации за местоположбата на Мадуро и побараа доказ дека тој е жив.До овој момент, американските институции не дадоа официјален коментар за фотографијата што ја објави Трамп, а нејзината автентичност и контекст остануваат предмет на шпекулации.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Мадуро се упатува кон строг федерален затвор – САД со сериозни безбедносни предизвици

Иако сè уште не е познато каде точно американските власти ќе го држат Николас Мадуро до почетокот на судскиот процес, обвиненијата против него се подигнати во Њујорк, што отвора можност тој да биде сместен во строго чуваниот Metropolitan Detention Center (MDC) во Бруклин.Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Мадуро моментално се наоѓа на воениот брод USS Iwo Jima, кој плови кон Њујорк. Според американските медиуми, токму поднесувањето на обвиненијата во овој федерален округ овозможува негово задржување во еден од најобезбедените затвори во земјата.Metropolitan Detention Center е познат како објект во кој, пред да биде осуден на доживотен затвор, престојувал и озлогласениот водач на картелот Синалоа, Хоакин „Ел Чапо“ Гузман. Во истиот затвор привремено биле сместени и Шон „Диди“ Комбс, Гислејн Максвел, Р. Кели, како и Сем Бенкман-Фрид.Иако MDC е специјално опремен за притвореници со висок безбедносен ризик, тој денес е единствениот федерален поправен центар во Њујорк, откако Бирото за затвори го затвори комплексот на Менхетен по самоубиството на Џефри Епстин. Токму тој случај ја насочи јавноста кон сериозните проблеми во американскиот затворски систем.За сместувањето на Ел Чапо, кој претходно успеа да избега од затвор во Мексико, биле преземени исклучително строги безбедносни мерки. Во истиот објект бил притворен и Исмаел „Ел Мајо“ Замбада Гарсија, коосновач на картелот Синалоа.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryu5bjh34t1pku3VCqBcG

(Видео) Неизвесност околу судбината на Мадуро: Венецуела бара доказ за живот

Соединетите Американски Држави со години го обвинуваат венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека е на чело на меѓународна мрежа за трговија со дрога, обвинувања кои тој постојано ги негира. Американските власти претходно понудија и награда од 50 милиони долари за информации што би довеле до негово апсење, потег што во регионот беше протолкуван како охрабрување за внатрешно свртување против него, особено во услови на значително зголемено американско воено присуство во последните месеци.Американскиот претседател Доналд Трамп не соопшти детали за начинот на кој Мадуро бил приведен, ниту каде бил однесен по акцијата.Трамп преку платформата Truth Social најави дека во 11 часот по источко американско време ќе одржи прес-конференција во неговата резиденција Мар-а-Лаго, каде се очекува да изнесе повеќе информации за воената операција и за судбината на венецуелскиот лидер.Во меѓувреме, остануваат бројни непознати околу утринските напади. Не е јасно колкава штета е нанесена врз погодената воена инфраструктура, ниту колкав е бројот на загинати и повредени. Министерот за одбрана на Венецуела, Владимир Падрино, изјави дека властите собираат податоци за жртвите и тврди дека дел од ударите погодиле и цивилни подрачја. Тој порача дека земјата ќе се спротивстави на присуството на странски војници.Дополнителна неизвесност внесе и изјавата на потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, која соопшти дека владата не располага со информации за тоа каде се наоѓаат претседателот Мадуро и првата дама Силија Флорес. Таа нагласи дека венецуелските власти бараат „итен доказ за живот“ за двајцата, додека меѓународната јавност со внимание го следи развојот на ситуацијата.

Свет | пред 3 седмици

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Трамп тврди дека Мадуро е заробен и изведен од Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави извршиле „голем напад“ врз Венецуела, потврдувајќи ја ескалацијата на воените активности што утринава го потресоа Каракас и поширокиот регион.Во своето обраќање, Трамп тврди дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро бил заробен за време на операцијата и дека, заедно со неговата сопруга, бил изведен надвор од земјата. Американскиот претседател не соопшти детали за локацијата каде Мадуро е префрлен, ниту под кои услови е извршено неговото приведување.Засега нема официјална потврда од венецуелските власти за овие тврдења, ниту независна потврда од меѓународни институции или медиуми. Претходно, владата во Каракас соопшти дека земјата е изложена на „американска воена агресија“ и прогласи состојба на надворешна закана, повикувајќи на целосна мобилизација.Развојот на настаните дополнително ја зголеми неизвесноста во регионот и предизвика силни реакции на меѓународната сцена, при што повеќе држави и политички актери повикаа на итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации и побараа разјаснување на фактите околу наводното апсење на венецуелскиот претседател.

Свет | пред 3 седмици

media-library5snerhcu18q0aEwaOS7

Американски сенатори ја оспоруваат законитоста на ударите врз Венецуела

Набргу по воените удари што Соединетите Американски Држави ги извршија врз цели во Венецуела, во американскиот Конгрес се појавија сериозни критики од двете политички партии. Демократскиот сенатор Рубен Галего од Аризона јавно порача дека станува збор за „незаконска војна“, оценувајќи дека интервенцијата нема уставна основа.Галего, кој е ветеран на Американскиот марински корпус и учествувал во војната во Ирак, напиша на социјалните мрежи дека ова е „втората неоправдана војна“ што ја доживеал во својот живот. Неговата изјава предизвика силни реакции во јавноста и повторно го отвори прашањето за законитоста на американските воени интервенции без формално одобрение од Конгресот.Слични сомнежи изрази и републиканскиот сенатор Мајк Ли од сојузната држава Јута, кој нагласи дека со интерес очекува објаснување што, доколку воопшто постои, би можело уставно да ја оправда оваа акција во отсуство на официјална објава на војна или одобрение за употреба на воена сила.Во изминатите месеци, демократите во Конгресот, но и дел од републиканците, отворено се спротивставуваа на зголемувањето на американското воено присуство во регионот. Како резултат на тие несогласувања, во Претставничкиот дом и во Сенатот беа иницирани гласања за мерки со кои на САД ќе им се забранат напади врз Венецуела без претходна согласност од Конгресот. Сепак, овие предлози на крајот не добија доволна поддршка и беа отфрлени.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Извори на CBS: Нападот врз Каракас се разгледувал и за Божиќ, Трамп дал зелено светло денови претходно

Претседателот Доналд Трамп ѝ дал зелено светло на американската војска за спроведување воздушни удари врз Венецуела неколку дена пред самата операција, тврдат двајца американски функционери кои за CBS News зборувале под услов на анонимност.Според нивните наводи, воени претставници дури разгледувале можност нападот врз Каракас да се изведе за време на Божиќ. Сепак, приоритет во тој период имале американските воздушни напади во Нигерија, насочени кон цели на Исламската држава.Како што потсетија изворите, токму на Божиќ Трамп објави дека САД извршиле воздушни удари врз милитанти на Исламската држава во северозападна Нигерија, поради напади врз христијанското население во регионот. Американската команда за Африка тогаш соопшти дека операцијата била изведена на барање на нигериските власти и дека биле убиени повеќе припадници на екстремистичката група.По Божиќ, според CBS, се појавиле повеќе потенцијални можности за напад врз Каракас, но операцијата била одложена поради неповолни временски услови. Истите извори нагласуваат дека американската војска инсистира на временски услови кои ќе обезбедат максимален успех и безбедност на мисијата.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryh4spsbo1659r9wIfcFu

Клуни му возврати на Трамп по потсмевот за француското државјанство

Холивудскиот актер Џорџ Клуни остро реагираше на критиките од американскиот претседател Доналд Трамп, откако Трамп му се потсмеваше поради одлуката на Франција да му додели државјанство на славниот актер и на неговото семејство.Трамп го нарече 64-годишниот оскаровец и неговата сопруга Амал „двајцата најлоши политички прогнозери на сите времиња“, откако на почетокот на месецов им беа врачени француски пасоши. Семејството Клуни веќе со години живее на својот имот на југот од Франција, пишува „Гардијан“.На својата социјална мрежа Truth Social, Трамп – чија администрација поддржуваше антимиграциски партии во Европа – порача дека Франција е „добредојдена“ да ја прими ѕвездата на филмот „Ocean’s Eleven“, долгогодишен поддржувач на демократите и гласен критичар на претседателот.„Добри вести! Џорџ и Амал Клуни, двајцата најлоши политички прогнозери на сите времиња, официјално станаа државјани на Франција, која, за жал, се соочува со голем проблем со криминалот поради апсолутно ужасното справување со имиграцијата“, напиша Трамп.Тој додаде дека Клуни добил „повеќе публицитет за политика отколку за своите многубројни и целосно просечни филмови“, тврдејќи дека „воопшто не бил филмска ѕвезда“.Клуни му одговори преку „Hollywood Reporter“, осврнувајќи се и на американските избори закажани за 3 ноември: „Целосно се согласувам со актуелниот претседател. Мораме повторно да ја направиме Америка голема. Почнуваме во ноември.“Контроверзии во ФранцијаВеста за доделувањето француско државјанство на семејството Клуни доаѓа непосредно пред стапувањето во сила на построгите јазични услови за натурализација според новите имиграциски правила од 1 јануари. Слабото познавање на францускиот јазик од страна на Клуни предизвика критики дури и во редовите на владата на францускиот претседател Емануел Макрон.„Лично, го разбирам чувството на некои Французи за двојни стандарди. Мора да бидеме внимателни со пораката што ја испраќаме“, изјави за радио France Info Мари-Пјер Ведрен, помлада министерка за внатрешни работи.Министерот за внатрешни работи Лоран Нунец и Министерството за надворешни работи, пак, ја бранеа одлуката, повикувајќи се на Граѓанскиот законик, според кој француското државјанство може да се додели со натурализација на странци кои зборуваат француски, го побарале државјанството и со својот истакнат придонес влијаат врз меѓународниот углед и економските односи на Франција.Клуни и самиот призна дека францускиот јазик сè уште не му оди најдобро. „Ја сакам француската култура и вашиот јазик, иако и по 400 дена курсеви сè уште сум слаб“, изјави тој за радио RTL во декември – на англиски јазик. За разлика од него, неговата сопруга Амал, меѓународна адвокатка за човекови права, течно зборува француски.Официјалното објаснување од ПаризСемејството Клуни во 2021 година го купи имотот Domaine du Canadel, поранешно лозје во близина на провансалскиот град Брињол. Клуни изјави дека тоа е местото каде неговото семејство е „најсреќно“, пофалувајќи ги француските закони за приватност и можноста децата да ги расте далеку од Холивуд.Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека доделувањето пасоши „ги исполнува условите пропишани со закон“ и дека постапката поминала низ „ригорозна процедура“, вклучувајќи безбедносни проверки и интервјуа за натурализација. Министерството додаде дека семејството Клуни со својот придонес го зголемува меѓународниот углед и културниот престиж на Франција.Во текот на 2024 година, француско државјанство добиле околу 48.800 лица. Очигледно, Клуни не е единствениот Холивудец што посакува француски пасош – режисерот Џим Џармуш објави дека и тој аплицира, велејќи дека сака „место каде може да побегне од Соединетите Американски Држави“, пренесе агенцијата Франс-прес.

Свет | пред 3 седмици

media-librarysc773bl7kjr7aqKN48G

Трамп го одложи зголемувањето на царините за мебел и кујнски елементи

Американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука да го одложи најавеното зголемување на царините за тапациран мебел, кујнски елементи и елементи за бањи за период од една година. Одлуката е потпишана само неколку часа пред истекот на 2025 година, со што примената на повисоките царински стапки, кои требаше да стапат во сила денеска, се поместува за почетокот на 2027 година, соопшти Белата куќа.Со оваа одлука се стопира планираното поскапување на увезените производи, кое требаше директно да влијае врз увозниците и потрошувачите во Соединетите Американски Држави. Потсетување дека во септември минатата година беа воведени царини од 25 проценти за овие производи, со план тие од почетокот на 2026 година да се зголемат на 50 проценти за кујнските елементи и на 30 проценти за тапацираниот мебел. Со одложувањето, царините засега остануваат на постојното ниво од 25 проценти.Од Белата куќа како причина за одлуката ги наведуваат тековните трговски преговори со меѓународните партнери. Во официјалното соопштение се посочува дека Соединетите Држави продолжуваат со продуктивни разговори со трговските партнери со цел решавање на прашањата поврзани со трговскиот реципроцитет и националната безбедност во контекст на увозот на дрвни производи. Сепак, не е прецизирано зошто одлуката за одложување е донесена токму во последните часови од годината.Одлуката доаѓа во чувствителен момент за администрацијата на Трамп, која се соочува со зголемени критики поради растот на цените и неможноста да се стабилизира инфлацијата. Дел од јавноста и економските аналитичари зголемувањето на цените го поврзуваат токму со царините воведени за широк спектар увозна стока откако Трамп ја презеде функцијата на почетокот на 2025 година. Цените на мебелот веќе претходно пораснаа поради царините за производи од Кина и Виетнам, кои се меѓу најголемите светски извозници во оваа индустрија.И покрај загриженоста кај американските домаќинства, претседателот Трамп и понатаму за инфлацијата ја обвинува претходната администрација на Џо Бајден, тврдејќи дека неговата царинска политика на долг рок ќе доведе до намалување на трошоците за граѓаните.При воведувањето на царините во септември, Трамп како главни аргументи ги наведе заштитата на домашната дрвна индустрија и националната безбедност. Одлуката следеше по истрага спроведена од американското Министерство за трговија за увозот на дрвна граѓа. Во месеците пред тоа, Трамп повеќепати ја критикуваше Канада поради големиот извоз на дрвни производи во САД, оценувајќи дека таквата трговска пракса може да претставува ризик за националната безбедност.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryu1clcrvhovklcvJPgRt

(Видео) Зеленски во неверување од зборовите на Трамп:Русија сака Украина да успее, Путин понуди помош

Средбата меѓу украинскиот и американскиот Володимир Зеленски и Доналд Трамп, според официјалните информации не донесе конкретен напредок кон решение на војната во Украина.Сепак, дури и тоа може да се смета за еден вид победа, особено со оглед на досегашните недоразбирања меѓу двајцата претседатели и познатиот конфликт и понижувачкото однесување на Трамп кое беше регистрирано од медиумите.Сепак, имаше моменти за време на состанокот кога фрустрацијата на Зеленски беше видлива, напиша Скај њуs.Еден од тие моменти беше кога Зеленски накратко „ја спушти маската“. Тој се намурти, па се насмеа кога Трамп рече дека „Русија сака Украина да успее, Путин понуди помош со енергија и електрична енергија по ниски цени”.Главниот камен на сопнување останува регионот Донбас. Предлогот оваа територија да стане демилитаризирана зона сè уште е без конечно решение.„Дел од таа земја е окупирана. Дел од таа земја може да биде спорна, но би можела да биде окупирана во следните неколку месеци. Тоа е многу тешко прашање, прашање што ќе се реши“, изјави Трамп по состанокот.

Свет | пред 4 седмици

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Трамп сака да биде покровител на европската десница, но Европа не го сака

Американскиот претседател Доналд Трамп отворено ја гради својата амбиција да стане политички покровител на европскиот десничарски популизам, но најновите податоци покажуваат дека тој план наидува на сериозна и неочекувана пречка – самите европски гласачи. Дури и меѓу симпатизерите на партии кои Трамп ги смета за природни сојузници, неговата популарност е ограничена и често поделена.Според новата анкета спроведена во пет земји на повеќе од 10.000 испитаници, Трамп останува генерално непопуларен во Европа, што директно ги доведува во прашање неговите обиди да се наметне како симбол и инспирација за европската десница. Истражувањето покажува дека најголема наклонетост кон Трамп постои во Велика Британија, каде околу 50 проценти од поддржувачите на партијата „Реформ“ имаат позитивно мислење за него. Сепак, континенталната Европа ја раскажува сосема поинаква приказна.Во Франција и Германија, само околу една третина од гласачите на десничарските партии изјавуваат дека го гледаат Трамп во позитивно светло. Кај пошироката јавност, бројките се уште понеповолни – две третини од Французите и Германците имаат негативен став кон американскиот претседател, додека во Велика Британија негативно мислење изразуваат 55 проценти од испитаниците. Најлошо поминува во Канада, каде 72 проценти од граѓаните имаат негативен став кон него.Овие резултати доаѓаат во момент кога администрацијата на Трамп јавно најави стратегија за поддршка на, како што ги нарекува, „патриотските европски партии“. Но, анкетата испраќа јасно предупредување – приближувањето до Трамп може да ги чини европските десничари пошироката поддршка, особено меѓу потенцијалните нови гласачи, кои често имаат понегативен став кон него од нивното јадро на симпатизери.Поддршката за Трамп не е безрезервна ниту во рамките на самата европска десница. Во Франција, гласачите на Националниот собир на Марин Ле Пен се речиси рамномерно поделени – 38 проценти имаат негативно мислење за Трамп, а 30 проценти позитивно. Слична слика има и во Германија, каде симпатизерите на Алтернатива за Германија се речиси идентично поделени меѓу поддршка и отфрлање.Токму затоа, раководството на Националниот собир во Франција внимателно се дистанцира од отворена поврзаност со Трамп. Партиските лидери јавно ги отфрлија обидите за поддршка од Белата куќа, со пораки дека не прифаќаат „вазален однос“ и дека Европа не смее да се третира како политичка или економска колонија.Истражувањето открива и поширок парадокс: европските десничарски гласачи силно инсистираат нивните лидери да ја стават сопствената држава на прво место, вредност која во голема мера ја препознаваат кај Трамп. Но токму тој национален инстинкт може да стане точка на судир со движењето МЕГА, кое отворено ги фаворизира исклучиво американските интереси.Иако многу од поддржувачите на десницата сметаат дека политиките на Трамп се корисни за САД, истовремено веруваат дека тие штетат на европските држави. Тоа јасно се гледа и во односот кон царините што ги воведе неговата администрација – иако дел од гласачите ги сметаат за штетни, не постои силна поддршка за возвратни мерки, што дополнително укажува на резервираноста кон неговата политика.Сѐ на сѐ, анкетата покажува дека Трамп можеби инспирира дел од европската десница, но не ужива широка доверба, ниту пак автоматска поддршка. Неговите обиди да стане централна фигура на европскиот популизам засега се соочуваат со студен прием, што сугерира дека европската политичка сцена, дури и на десницата, останува значително поавтономна отколку што тој очекува.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Трамп: Подготвен сум да зборувам во украинскиот парламент заради мир

„Во следните неколку недели ќе знаеме дали оваа војна ќе заврши. Но може да се случи и сѐ да пропадне поради некоја мала тема за која воопшто не сме размислувале. Една војна траеше 37 години, а јас ја решив за еден ден“, изјави Трамп.Тој додаде дека неговото заминување во Украина не му е приоритет, туку дека главната цел му е постигнување мировен договор.„Понудив да одам и да зборувам во нивниот парламент. Ако тоа би помогнало – не знам. Можеби би помогнало“, рече Трамп.Зеленски му одговори дека е добредојден во Украина, а Трамп условно одговори дека би го направил тоа „доколку може да помогне да се спасат 25.000 животи месечно“.

Свет | пред 4 седмици

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Кремљ: Трамп и Путин разговарале 75 минути

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин оствариле телефонски разговор кој траел еден час и 15 минути. Разговорот бил инициран од американска страна и, според Кремљ, поминал во пријателски тон, со размена на божиќни честитки.Информациите за разговорот ги пренесе советникот на Кремљ за надворешна политика, Јуриј Ушаков. Тој изјави дека Трамп сакал директно да го слушне рускиот став за конфликтот во Украина, непосредно пред неговата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.„Претседателот Трамп внимателно ја сослуша проценката на руската страна за состојбата на теренот и за можностите за постигнување мировен договор“, изјави Ушаков.Според него, во разговорот било нагласено дека ситуацијата околу регионот Донбас останува клучно прашање и дека, според заедничкото мислење на двајцата лидери, Киев треба без понатамошно одложување да донесе одлука за иднината на овој регион.Ушаков додаде дека и Путин и Трамп се согласиле оти натамошното одложување на решавањето на прашањето за Донбас може дополнително да ги усложни мировните напори.„Двајцата лидери сметаат дека е неопходно украинската страна во најкраток можен рок да донесе јасна одлука за иднината на Донбас“, наведе советникот на Кремљ.Дополнително, Ушаков најави дека Доналд Трамп и Владимир Путин ќе имаат уште еден телефонски разговор во текот на вечерта, веднаш по завршувањето на средбата меѓу американскиот и украинскиот претседател.Од Кремљ засега не соопштуваат дополнителни детали за содржината на разговорот, ниту за тоа какви конкретни предлози биле разгледувани, наведувајќи дека прерано изнесување информации би можело да влијае врз натамошниот тек на дипломатските контакти.

Свет | пред 4 седмици

media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Трамп до Зеленски: Последниот збор е мој

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека Украина во моментов работи на пет документи што треба да обезбедат мир во Украина, а билатералниот договор меѓу Украина и САД за безбедносни гаранции е „скоро готов“ и блиску до потпишување.Сепак одлуката за потпишување ќе зависи од форматот на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп.Тојизјави дека мировниот план од 20 точки, на кој работеа Украина, САД и Европската Унија, може да се потпише само со согласност на сите страни, вклучително и Русија.Американскиот претседател Доналд Трамп, во интервју за „Политико“, беше јасен дека тој е врховниот арбитер за каков било договор меѓу Русија и Украина, истакнувајќи дека судбината на планот зависи исклучиво од неговото одобрение. Оваа изјава доаѓа во пресрет на средбата со Володимир Зеленски во Флорида, каде украинскиот лидер ќе претстави нов мировен план кој вклучува демилитаризирана зона и безбедносни гаранции од САД.Средбата ќе биде фокусирана на најжешките прашања: контролата врз Донбас и управувањето со нуклеарната централа Запорожје, додека Вашингтон врши притисок врз Киев за поголема флексибилност.

Свет | пред 1 месец

media-libraryuacelb8f5lonbsxg20I

Трамп: Им дадовме „божиќен подарок“ на ИСИС, секој камп беше уништен

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американскиот воен напад насочен кон милитантите на Исламска држава во Нигерија првично бил планиран за среда, но по негова одлука бил одложен за еден ден.„Требаше да го направат тоа порано“, изјави Трамп во разговор за „Политико“. „А јас реков: ‘Не, дајте им божиќен подарок’. Не очекуваа дека ќе се случи, но ги погодивме силно. Секој логор беше десеткуван“, рече американскиот претседател.Трамп во четвртокот соопшти дека Соединетите Американски Држави извеле воздушни напади врз милитантите на Исламска држава на северозападот на Нигерија, како одговор на нападите на оваа група врз христијанското население во регионот.„Вечерва, по моја наредба како врховен командант, Соединетите Американски Држави изведоа силен и смртоносен удар против терористичкиот олош на ИСИС на северозападот на Нигерија, кој ги таргетира и брутално ги убива, првенствено, невините христијани, на нивоа какви што не се видени со години, па дури и со векови“, напиша Трамп во објава на платформата „Трут соушл“.Командата на американската војска за Африка соопшти дека нападот бил изведен на барање на нигериските власти и дека во него биле убиени повеќе милитанти на Исламска држава.

Свет | пред 1 месец

media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Откриени над милион нови документи поврзани со случајот Џефри Епстин

Американските власти откриле повеќе од еден милион дополнителни документи кои можат да бидат поврзани со случајот на починатиот сексуален престапник Џефри Епстин, соопшти Министерството за правда на САД.Како што информира Министерството во објава на платформата X, Обвинителството за јужниот округ на Њујорк и федералната истражна служба ФБИ идентификувале „повеќе од еден милион дополнителни документи кои можеби се поврзани со случајот Џефри Епстин“. Адвокатските тимови, според соопштението, работат „деноноќно“ на нивно разгледување и на законски задолжителното цензурирање на чувствителни делови со цел заштита на жртвите.Од Министерството најавуваат дека документите ќе бидат објавени „што е можно побрзо“, но поради обемот на материјалот процесот може да потрае уште неколку недели.Според Законот за транспарентност на досиејата Епстин (Epstein Files Transparency Act – EFTA), сите поврзани досиеја требаше да бидат објавени најдоцна до 19 декември. Законот беше речиси едногласно усвоен од Конгресот во ноември и потпишан од претседателот Доналд Трамп, но рокот не беше испочитуван. Заменик-министерот за правда Тод Бланш го оправда одложувањето со потребата од внимателно отстранување на идентитетите на жртвите, додека опозициските демократи ја обвинија администрацијата за кршење на законот.Џефри Епстин, финансиски советник и милионер со врски во највисоките кругови во САД, беше пронајден мртов во својата затворска ќелија во Њујорк во 2019 година. Според официјалните информации, тој извршил самоубиство. Пред неговата смрт беше обвинуван дека злоупотребил повеќе од илјада девојчиња и жени, а дел од нив наводно ги проследувал на познати личности.Меѓу неодамна објавените документи се појави и наводно писмо на Епстин во кое се тврди дека Доналд Трамп „сакал да допира млади, атрактивни девојки“. Американското Министерство за правда го оцени писмото како „фалсификувано“ и предупреди на ширење „невистинити“ тврдења за претседателот.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања