УКРАИНА

thumbs_b_c_f218f15555346570cc9780f320fca65b

Реакции од Украина: „Ако има размена на територии, дајте ни мапа на Русија“

Кога европските лидери се собраа во Белата куќа за да ја вратат иницијативата по самитот на Доналд Трамп во Алјаска со Владимир Путин, тие се потпираа на аналогија: отстапувањето на украинскиот суверенитет над делови од источна Украина на Русија би било како САД да ја предадат Флорида.„Руското барање Украина да отстапи делови од Донбас би било, едноставно кажано, споредливо со барањето САД да се откажат од Флорида“, рече германскиот канцелар Фридрих Мерц на прес-конференција по состанокот.За да го зајакнат аргументот на Украина, помошниците на Володимир Зеленски донесоа мапа во Овалната соба што Трамп ја опиша како „брилијантна“, објави Фајненшл тајмс.Мапата требаше да послужи како проверка на реалноста за американскиот претседател, покажувајќи фронтова линија од 1.300 км што минува низ Украина и процентот на секој од петте региони окупирани од Русија. Но, во Украина, сликата на Трамп и Зеленски како разговараат пред мапата ги зголеми загриженостите за територијалните отстапки.„Гледајќи го тоа, се чувствував крајно загрижена“, рече Дарија Каленјук, директорка на Центарот за борба против корупцијата со седиште во Киев: „Доналд Трамп зборуваше за територијална размена, па се прашував зошто не е прикажана мапа на Русија ако има територијална размена“.Претседателот на САД инсистираше пред самитот во Алјаска дека завршувањето на војната може да бара „некаква територијална размена“. Во Анкориџ, Путин потоа побара Украина да се повлече од целиот регион Донецк и Луганск како услов за мир. Тоа предизвика тревога во Украина, иако Зеленски и други политичари брзо негираа дека некогаш би се согласиле на такви отстапки.„Имаме црвени линии: никакво ограничување на нашиот суверенитет, никакво признавање на која било украинска територија како дел од Русија и одбивање да се отстапи територија што Русија сè уште не ја окупирала“, рече Јехор Черњов, пратеник од партијата на Зеленски и заменик-претседател на Комитетот за одбрана и разузнавање на парламентот.За украинското раководство, отстапувањето на нова територија не е само политички експлозивно; тоа се смета и за подготовка на сцената за понатамошна руска агресија. Повлекувањето од утврдениот дел од Донецката област што украинските сили сè уште го држат би имало широки воени последици, велат аналитичарите и војниците.„Тоа би било катастрофа“, рече Павло Нарозни, воен аналитичар и раководител на организацијата „Реактивна пошта“, која поддржува артилериски единици. Руската војска, рече Нарозни, би можела веднаш да фрли лизгачки бомби врз Дњепропетровската област и да го загрози индустрискиот центар Запорожје и од исток и од југ.

Свет | пред 5 месеци

orban-tramp1

Bloomberg: Трамп го притиснал Орбан да го повлече ветото за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп, по средбите со украинскиот лидер Володимир Зеленски и со европските челници во Белата куќа, имал телефонски разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан, јавува Bloomberg.Според изворите на агенцијата, Трамп извршил притисок врз Орбан да го повлече својот вето за започнување на преговори за приклучување на Украина кон Европската Унија.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп ќе зборува со Путин по средбата со Зеленски, можен е нов состанок

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски пред новинарите заврши по нешто помалку од половина час.На последното новинарско прашање – дали очекува нешто повеќе од неодамнешниот самит со Владимир Путин – Трамп изјави:„Токму разговарав со претседателот... Всушност, неформално веќе разговарав со претседателот Путин, а ќе имаме телефонски разговор веднаш по овие средби денес.Можно е да имаме трилатерален состанок – а можно и да не. Ако го нема, борбите продолжуваат. Но ако го има, мислам дека шансите се добри, дека можеби токму со таков состанок може да се стави крај на војната. Тој очекува мој повик веднаш штом ја завршиме оваа средба,“ рече Трамп.Претходно во разговорот, претседателот Зеленски изјави дека е подготвен за трилатерален состанок меѓу него, Путин и Трамп.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.43

Трамп вети поддршка за Украина по завршување на војната

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по завршување на војната, Украина ќе може да смета на силна поддршка и заштита од европските партнери, со помош на САД.На новинарско прашање дали би прифатил американски војници да бидат дел од „НАТО-слична“ заштита со цел да се охрабри украинскиот претседател Володимир Зеленски да прифати мировен договор, Трамп одговори:„Имаме луѓе кои токму сега чекаат во друга просторија. Сите се од Европа – најважните луѓе од Европа – и тие сакаат да ѝ пружат заштита на Украина. Многу им е важно тоа, и ние ќе им помогнеме“.Тој додаде дека смета оти е од суштинско значење да се постигне договор за мир, оценувајќи дека стабилноста на Украина по завршувањето на конфликтот е клучна за регионот и пошироко.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-02-19-at-18.12.15

„За време на војна нема избори“ – Зеленски за можноста за гласање во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека избори во Украина нема да се одржат сè додека трае војната со Русија. Одговарајќи на новинарско прашање, тој нагласи дека е отворен за изборен процес, но единствено во услови на безбедност.„За време на војна не можете да организирате избори“, рече Зеленски, додавајќи дека за тоа би било потребно примирје. Според него, тоа би требало да опфати копно, море и воздушен простор за да се овозможи „демократски“ и „законит“ изборен процес.На ова реагираше американскиот претседател Доналд Трамп со саркастична забелешка: „Значи, велите дека за време на војна не може да има избори? Па ако за три и пол години ние случајно бидеме во војна со некого – значи нема да има избори?“Зеленски се насмевна, а и Трамп возврати со насмевка додека еден на друг си упаѓаа во збор. Украинскиот претседател му возврати: „Ви се допаѓа таа идеја?“Коментарот на Трамп индиректно се однесува на следниот американски изборен циклус, во кој според важечките закони тој не би можел повторно да учествува како кандидат.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-09-at-10.27.31

Трамп е уверен дека ќе заврши војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е уверен оти војната во Украина ќе заврши наскоро, бидејќи – според него – „целиот свет е веќе уморен од тоа“.На прашање дали разбира кои се „темелните причини“ за конфликтот – фраза што често ја користи рускиот претседател Владимир Путин за да ја оправда својата инвазија – Трамп одговори:„Војната ќе заврши. Овој господин (Зеленски) сака да заврши, Владимир Путин сака да заврши, мислам дека на целиот свет му е доста и ние ќе го прекинеме“.Трамп повторно се пофали со својата улога како „мировен лидер“:„Јас завршив шест војни. Мислев дека оваа ќе биде најлесна, но не е така – тешка е и има многу причини за тоа. За тоа ќе се зборува уште долго.“Тој додаде дека има „самодоверба“ и верува дека решението е достижно, иако не откри детали околу можните договори или услови.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.15.54

Трамп: Украина ќе добие безбедносни гаранции

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Украина ќе добие одреден вид безбедносни гаранции од САД.Говорејќи во Белата куќа, Трамп изјави: „Ќе има многу помош кога станува збор за безбедноста. Ќе има многу помош. Ќе биде добро. Тие се првата линија на одбрана затоа што се таму, но и ние ќе им помогнеме. И ние ќе бидеме вклучени“.Изјавата доаѓа во пресрет на серијата разговори што украинскиот претседател Володимир Зеленски ги има во Вашингтон, а кои се оценуваат како клучни за иднината на американско-украинската соработка и за исходот од војната со Русија.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-17.59.16

Зеленски ѝ се заблагодари на Меланија Трамп за писмото до Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешниот самит во Вашингтон се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп, но упати и посебна благодарност до првата дама, Меланија Трамп.Зеленски откри дека Меланија потпишала писмо упатено до рускиот претседател Владимир Путин, кое ѝ било предадено минатиот петок.„Ви благодарам многу, господине претседателе. Пред сè, благодарам за поканата и за вашите напори да се прекинат убиствата и да се стави крај на овој војна. Сакам да ја искористам оваа прилика да ѝ се заблагодарам и на вашата сопруга, првата дама на САД. Таа потпиша писмо до Путин во врска со нашите киднапирани деца,“ изјави Зеленски седејќи до Трамп во Овалната соба.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.13.53

Украинската делегација во Белата куќа – со мапа во рака?

Украинската делегација денеска пристигна во Белата куќа на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп.Како што забележа BBC, заменик-шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Сергиј Палица, бил фотографиран додека влегувал во Белата куќа носејќи свиткан лист хартија.Од далечина, документот изгледал како мапа, што веднаш предизвика шпекулации во медиумите дали станува збор за карта со бојни линии, територијални предлози или дипломатски белешки што треба да се презентираат на денешните разговори.Детали околу содржината на документот засега не се познати.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Зеленски: Усогласивме заеднички ставови со ЕУ и НАТО пред средбата со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека непосредно пред состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, одржал координациска средба со европските лидери и генералниот секретар на НАТО во амбасадата на Украина.„Мора да ги запреме убивањата и им се заблагодарувам на нашите партнери кои работат на тоа, и на постигнување сигурен и достоинствен мир“, напиша Зеленски на „Телеграм“.Тој појасни дека со лидерите на Финска, Велика Британија, Италија, претседателката на Европската комисија и со генералниот секретар на НАТО, биле усогласени заедничките ставови пред средбата со Трамп.„Украина е подготвена за вистинско примирје и за воспоставување нова безбедносна архитектура. Мирот ни е потребен“, додаде Зеленски.Оваа средба доаѓа во моменти кога растат тензиите околу барањата на Трамп за територијални отстапки и неговите пораки дека членството на Украина во НАТО не доаѓа предвид.

Свет | пред 5 месеци

zelenski-pregovori

Зеленски: Трамп има сила да ја натера Русија на мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека учествувал на состанок во Вашингтон, организиран на покана од американскиот претседател Доналд Трамп. Станува збор за прв ваков собир во кој, покрај Украина, учествуваа и повеќе европски лидери.„Кога се разговара за мир за една земја во Европа, тоа значи мир за цела Европа. Подготвени сме да продолжиме да работиме со максимален напор за да го завршиме војната и да обезбедиме сигурност. Тоа се клучните прашања“, напиша Зеленски.Тој додаде дека заедно со американскиот генерал Кит Келог и Трамп разговарал за состојбата на фронтот и за можностите за заеднички дипломатски настап на Украина, Европа и САД.„Русија може да се принуди на мир само со сила, а претседателот Трамп ја има таа сила. Мораме да направиме сè за да оствариме мир“, порача Зеленски.Во истата објава се осврна и на синоќешните руски напади. Според него, погодени биле неколку градови во кои загинале и две деца, а десетици луѓе биле ранети. „Луѓето едноставно спиеја кога руската армија изврши удари“, додаде украинскиот претседател.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Трамп: Голема чест за Америка! Ќе видиме какви ќе бидат резултатите?

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалните мрежи дека денешниот ден е „голем ден во Белата куќа“.„Америка никогаш не имала толку европски челници овде во исто време“, напиша Трамп на својот профил на Truth Social.Тој додаде: „Голема чест за Америка!!!! Ќе видиме какви ќе бидат резултатите???“Во меѓувреме, според извештајот на агенцијата „Укринформ“, украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна во Вашингтон со американскиот изасланик Кит Келог, во пресрет на разговорите со претседателот Трамп.

Свет | пред 5 месеци

5d16f6f8-d25c-425d-9884-d8a8e6c2837d

Руски преговарач го поддржа планот на Трамп, објавувајќи ги условите за крај на војната

Клучниот помошник на Владимир Путин и главен руски преговарач, Кирил Дмитриев, повторно сподели објава на американскиот претседател Доналд Трамп во која тој ги изнесува своите услови кон Украина за ставање крај на војната.Во објавата стои дека Украина би можела да стави крај на конфликтот доколку прифати неколку клучни руски барања: одрекување од Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година, и обврска дека никогаш нема да стане членка на НАТО.„Трамп и неговиот тим се залагаат за вистинско решение. Нека надвладее решавањето на проблемот и мирот за време на Големиот ден“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа X, алудирајќи на средбата во понеделник помеѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.„Трамп и неговиот тим се обидуваат да најдат реално решение за конфликтот во Украина,“ изјави Дмитриев, специјален изасланик на Путин, пренесе агенцијата ТАСС.Со оваа изјава Москва јасно сигнализира дека очекува Зеленски да се соочи со најтешкиот притисок досега – прифаќање на услови што значат откажување од дел од територијата и трајно дистанцирање од НАТО.

Свет | пред 5 месеци

ukraina-zaporiska

Руски напад врз село во Запорожје: загина тинејџер, повредено цело семејство

Русија денеска го нападна селото Новојаколивка во Запорожката област, при што животот го загуби тинејџер, а најмалку шест лица беа повредени, соопштија украинските власти.Меѓу повредените се и сестрата и братот на загинатиот, како и нивните родители. Во експлозијата беа уништени и оштетени повеќе семејни куќи.„Русија од првиот ден на војната не ги промени своите цели. Нејзините вистински постапки – убивање и ранување цивили, разурнување на семејства, уништување на домови и цивилна инфраструктура – зборуваат погласно од сите зборови. Убиствата мора да престанат. САД, Европа и останатите партнери на Украина имаат моќ еднаш засекогаш да ја принудат Русија да ги прекине нападите“, порача украинското Министерство за надворешни работи.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.03

Зеленски од Брисел: Европа мора да остане обединета, Уставот не дозволува тргување со територии во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Брисел им се обрати на европските лидери со серија клучни пораки за единството на континентот, мировните напори, прашањето за територијалниот интегритет и безбедносните гаранции за Украина.„Европа мора да остане обединета како во 2022 година. Тоа единство е предуслов за вистински мир“, порача Зеленски, додавајќи дека убивањата мора веднаш да престанат.Тој повика на прекин на огнот и почеток на реални преговори „онаму каде што е линијата на фронтот“, нагласувајќи дека токму таа контактна линија може да биде основа за политичко решение. Зеленски потсети и на фактот дека Русија веќе 12 години не успева целосно да го освои Донецк.Во врска со територијалниот интегритет, украинскиот лидер беше дециден: „Уставот не дозволува тргување со територии. Тоа прашање може да се дискутира само во директен формат Украина–Русија, со посредство на САД.“ Доколку Москва одбие, според него, мора да следуваат нови санкции.За безбедносните гаранции, Зеленски ја поздрави американската иницијатива да се создаде механизам сличен на член 5 од НАТО: „Тие мора да функционираат во пракса – на копно, во воздух и на море.“ Тој додаде дека и пристапувањето во ЕУ го смета за дел од тие гаранции, и предупреди дека раздвојување на процесот со Молдавија би било сериозно ослабување на европското единство.Зеленски побара и помош од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за програмата за училишни оброци за украинските деца во војна, со цел сите ученици да имаат барем еден топол оброк дневно.На крајот, тој побара нов, 19-ти пакет санкции против Русија: „Стратешката ориентација на Кремљ е анти-европска. Мора да продолжиме да го ограничуваме тој потенцијал.“

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања