УКРАИНА

Screenshot-2025-08-22-at-10.43.09

Москва бара предавање на целиот Донбас, Киев одбива компромис, Вашингтон притиска за мировен договор

На денот кога Украина ја одбележа 34-годишнината од независноста, од Источна Европа стигнаа две спротивставени пораки. Додека Киев славеше опстанок и волја за отпор, Москва испрати јасен сигнал дека Украина може да постои само ако се откаже од Донбас и остане неутрална.Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во интервју за NBC изјави дека Русија нема да застане додека не ги оствари своите цели – елиминација на безбедносните закани од Украина, заштита на етничките Руси и рускојазичното население и гаранција дека Киев ќе остане надвор од воени сојузи. Според него, Москва формално го признава Зеленски само како „лидер на режим“, но не и како легитимен претседател за потпишување договори.Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, порача дека привремената окупација не може да ја промени вистината и дека Украинците повторно ќе бидат заедно. „Украина никогаш повеќе нема да биде принудена на срамота што Русите ја нарекуваат компромис. Потребен ни е праведен мир. Каква ќе биде иднината зависи само од нас, а светот тоа го знае и го почитува“, изјави Зеленски.Вашингтон во меѓувреме бара начин да го прекине војувањето. Американскиот претседател Доналд Трамп, по средбата со Владимир Путин на Алјаска, изјави дека „размена на територии“ е неизбежна цена за мир. Во разговор со Зеленски, Трамп користел мапа со обележани окупирани региони, нагласувајќи дека петина од земјата е изгубена и дека Киев мора да преговара за да го спаси остатокот. За Зеленски, Донбас не е само стратегиска или економска област, туку симбол на идентитетот и историската жртва на Украина.Путин бара предавање на целиот Донбас, вклучувајќи територии под украинска контрола со повеќе од 200.000 жители. Тоа би ги исполнело територијалните цели на Кремљ, но и сериозно би го ослабело Зеленски. Украинскиот устав забранува предавање на територии, а мнозинството граѓани остро се противат на тоа.Според аналитичарите, единствениот начин украинската јавност да прифати ваков исход би бил доколку добие силни западни безбедносни гаранции, со американско и европско воено присуство – што Москва категорично го одбива. Бившиот директор на ЦИА, Дејвид Петреус, вели дека токму Путин е најголемата пречка за мир: „Нема многу причини да веруваме дека би седнал со Зеленски или би прифатил компромис“.На теренот, борбите во Донбас продолжуваат со жесток интензитет. Москва тврди дека зазела две села во регионот, што би можело да отвори пат кон Костјантиновка, клучно логистичко средиште на украинската армија. Киев, пак, известува дека во контранапад повторно презел село во истата област.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-02-14-at-08.12.00

Амбасадорот на Украина одбил разговор со американскиот потпретседател Ванс по инцидентот во Белата куќа

Валериј Залужни, амбасадор на Украина во Обединетото Кралство и поранешен командант на вооружените сили, одбил телефонски разговор со американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс, објави Guardian.Според пишувањата, Ванс се обидел да стапи во контакт со Залужни три дена по жестоката расправија што ја имал со претседателот Володимир Зеленски во Овалната сала кон крајот на февруари. Целта на обидот била да се испита теренот околу можни алтернативи за Зеленски на лидерската позиција во Украина.Залужни, кој ужива голема доверба и во армијата и меѓу граѓаните поради неговата улога во одбраната од руската агресија, по консултации со шефот на кабинетот на претседателот Андриј Јермак, одлучил да не го прифати повикот.Анкетите на агенцијата Rating покажуваат дека доколку се кандидира, Залужни би бил втор во претседателската трка со 25 проценти поддршка, веднаш зад Зеленски, додека неговата потенцијална политичка партија би освоила прво место на парламентарни избори со 22 проценти.Во меѓувреме, поранешната новинарка на Би-Би-Си, Оксана Тороп, ги демантираше шпекулациите дека Залужни во Лондон формира тим за претседателска кампања. Таа истакна дека генералниот став на Залужни останува ист: додека трае војната, приоритет мора да биде опстанокот на државата, а не изборите.Слични контакти, како што пишува Guardian, имале и лица блиски до поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кои во периодот по конфликтот во Белата куќа разговарале со поранешниот украински претседател Петро Порошенко и со поранешната премиерка Јулија Тимошенко – двајцата најистакнати опозициски лидери во Украина.

Свет | пред 5 месеци

ukraina-tenk-pukanje

Украинската армија ја презеде контролата врз Новомихајливка

Украинските вооружени сили соопштија дека успешно ја спровеле операцијата за протерување на руските трупи и воспоставување целосна контрола врз селото Новомихајливка. Акцијата ја реализирале Одделението за активни операции на Одделот за украинска одбрана, специјалната единица „Артан“ и 2. јуришен баталјон од 3. јуришна бригада.Според извештајот, операцијата била изненадувачка за руската армија, а пресретнатите комуникации покажуваат дека непријателот изгубил една чета војници и бил принуден да префрли резерви од други делови на фронтот.Украинските сили велат дека со координираната работа на разузнавачките служби, јуришните единици, тешката техника и беспилотните летала го подобриле својот тактички положај и ја зајакнале одбранбената линија во регионот.„Нашите знамиња се враќаат на своето вистинско место“, порачаа од украинската армија.Со оваа победа, Новомихајливка за првпат по подолго време е под целосна контрола на украинските сили.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-11.10.40

Украински дронови предизвикаа принудно слетување на авион со руски туристи во Естонија

Патнички авион со руски туристи кој летал од египетското летувалиште Шарм ел Шеик кон Санкт Петербург бил принуден да слета во Талин, Естонија, поради украински напади со дронови врз руска инфраструктура.Според информациите од аеродромот во Талин, летот бил пренасочен бидејќи аеродромот Пулково во Санкт Петербург бил привремено затворен. „Заради затворањето, авионот беше пренасочен во Талин“, изјави Маргот Холц, раководителка за комуникации и маркетинг.Авионот, со кој управувала египетската авиокомпанија AlMasria Universal Airlines, слетал во Талин во 5:33 часот наутро по локално време. Патувањето кон Санкт Петербург било продолжено речиси шест часа подоцна. За време на престојот, патниците и екипажот не смееле да го напуштат авионот.Нападите се случиле во ноќта меѓу сабота и недела, кога украински дронови погодиле терминал за течен природен гас во Ленинградската област и нафтена рафинерија во Самарската област. Извор од украинската служба за безбедност (СБУ) потврдил дека зад нападот на гасниот терминал стојат украинските разузнавачки структури.Овие удари се дел од пошироката стратегија на Украина за нарушување на руската логистика далеку зад линијата на фронтот. Според украинските и западни извори, само во првите месеци од 2025 година ваквите напади довеле до тоа Русија да прекине со работа на своите аеродроми повеќе од 200 пати.Настанот дополнително ја покажува ранливоста на руската инфраструктура на долг дострел и влијанието на конфликтот врз цивилниот воздушен сообраќај во регионот.

Свет | пред 5 месеци

1681115444_zelenski

Украина нема да биде принудена на срам кој Русите го нарекуваат компромис, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во обраќање од плоштадот Независност во Киев, по повод одбележувањето на Денот на независноста, порача дека секој симбол на тоа место зборува за независноста на државата.„На овој плоштад, под нашите знамиња, нашите деца и внуци го слават Денот на независноста. Во мир и со почит, со вера во иднината и благодарност кон сите што ја бранеа Украина во оваа војна за независност“, истакна Зеленски, пренесе „Укринформ“.Тој нагласи дека Украина никогаш повеќе нема да биде принудена на „срам што Русите ја нарекуваат компромис“. Според него, нацијата заслужува праведен мир и иднина која зависи исклучиво од самата Украина.„Светот ја почитува и ја гледа Украина како рамноправен партнер. Украина стекна независност, таа не е жртва, туку борец. Украина не бара, туку нуди – сојузништво и партнерство, најдобрата армија во Европа со напредни одбранбени технологии и искуство во отпорност“, рече тој.Зеленски потенцираше дека на Украина ѝ е потребна Европската унија, но и дека на Унијата ѝ е подеднакво потребна Украина – не како „сиромашен роднина“, туку како силен сојузник.Тој додаде дека земјата ќе добие траен мир со силни безбедносни гаранции: „Тие гаранции ќе бидат толку силни што никој во светот нема ни да помисли да ја нападне Украина. Тоа е нашата цел и нешто што мора да им го пренесеме на нашите деца и внуци – силна и рамноправна Украина, европска и независна.“Украина денес ја одбележува 34-годишнината од прогласувањето на независноста, кога на 24 август 1991 година, Врховната Рада го усвои Актот за независност од Советскиот Сојуз.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Зеленски: Подготвен сум за секаков формат на средба со Путин, но Москва одложува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека е подготвен за секаков формат на средба со рускиот лидер Владимир Путин, но дека, како што оцени, „Москва повторно се обидува да одложи сè“.Во телефонски разговор со јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса, Зеленски ги повика земјите од Глобалниот Југ да апелираат до Русија да започне мировни преговори.„Важно е глобалниот Југ да испрати соодветни сигнали и да ја охрабри Русија на мир“, напиша Зеленски на платформата X, по телефонскиот разговор.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.21

Од ова Украина може да има проблем, САД воведоа нова контрола врз користењето на ракетите со долг дострел

Американското Министерство за одбрана во тишина спроведе ревизија со која министерот за одбрана Пит Хегсет добива овластување да забрани употреба на американски ракети со долг дострел против цели во Русија. Според „Wall Street Journal“, оваа практика е на сила од доцна пролет и фактички го оневозможила користењето на системите ATACMS за напади врз руска територија.Новиот механизам на надзор е развиен од заменикот за политики во Пентагон, Елбриџ Колби, и се темели врз американските разузнавачки податоци. Покрај ракетите ATACMS, под контрола влегуваат и британските ракети со долг дострел „Storm Shadow“. Ниту канцеларијата на украинскиот претседател, ниту Министерството за одбрана на Украина, како и Белата куќа и Пентагон, не ги коментираа наводите.Американскиот претседател Доналд Трамп на 21 август изјави дека Украина „нема шанси за победа“ ако не ѝ се дозволи да возврати врз Русија, а ја критикуваше и политиката на неговиот претходник Џо Бајден. Сепак, Трамп порано кажа дека не се согласува целосно со одлуката за дозволување напади врз Русија со американско оружје.Фрустрациите околу тригодишниот војна го натерале Трамп да разгледува нови чекори – од воведување економски санкции кон Москва, па сè до можност за откажување од мировниот процес. „Ќе донесам одлука што ќе направиме и тоа ќе биде многу важна одлука, можеби санкции, можеби царини, а можеби ништо – и ќе кажеме: тоа е ваша борба,“ изјави Трамп.Руските власти, пак, предупредија дека Украина не може да користи високопрецизно оружје без директно учество на офицери од НАТО. „Тоа значи директна вклученост на Западот во војната,“ изјави претседателот Владимир Путин, пренесува „NBC“.Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека состанок Путин – Зеленски не е извесен, бидејќи сè уште нема договорена агенда за евентуален самит.

Македонија | пред 5 месеци

nuklearna-elektrana

(Видео) Украински дронови погодија нуклеарна електрана во Курск и нафтен терминал во Уст Луга

Украина во текот на ноќта извела масовни напади со дронови врз неколку руски енергетски објекти, меѓу кои и нуклеарната електрана во Курск и нафтениот терминал во пристаништето Уст Луга во Ленинградската област, потврдија руските власти.Во нападот врз нуклеарката во Курск, сместена недалеку од границата со Украина, бил оштетен помошен трансформатор, поради што оперативниот капацитет бил намален за 50 проценти. Според официјалните информации, нема повредени, пожарот бил брзо изгаснат, а нивото на радијација во електраната и околината е во дозволени граници. Во исто време, на терминалот на компанијата „Новатек“ во Уст Луга изби голем пожар како последица од удар на украински дронови. Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко, соопшти дека околу десет дронови биле соборени над пристаништето и дека пожарникарските екипи работат на локализација на пожарот. Според него, резервоарите со гориво не биле зафатени.Министерството за одбрана на Русија објави дека во текот на ноќта уништиле вкупно 95 украински дронови во 13 региони, вклучувајќи ја Ленинградската област, Самара и Курск.Нападите предизвикаа прекин на летови во повеќе аеродроми, меѓу кои и Пулково во Санкт Петербург, соопшти руската агенција за цивилна авијација. Украина, пак, потврди дека цел на нејзините напади биле и индустриски комплекси во јужна Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата во градот Сизран во Самарската област.

Свет | пред 5 месеци

ukraina-tenk-pukanje

Неуспешен руски пробив во Донецк: украинските сили вратија шест села под своја контрола

Руските сили на 11 август успеале да ги пробијат украинските одбранбени линии во источниот регион Донецк и да навлезат повеќе од десет километри во украинска територија. Меѓутоа, украинската армија го открила планот уште пред почетокот на операцијата, што довело до брз и решителен одговор.Картите од бојното поле покажувале руски продор низ неколку села, што предизвикало загриженост дека целта се стратешките градови Костјантинівка и Покровск. Но, само неколку дена подоцна, единиците на полкот „Азов“ ги опколиле руските сили и ја стабилизирале ситуацијата.До 14 август украинската армија објави дека Русите биле протерани од шесте села кои накратко ги држеле под контрола. Според „Азов“, во борбите биле елиминирани 385 руски војници, а уништени 37 возила, меѓу кои и едно оклопно возило и еден тенк.Експерти истакнуваат дека Русија во нападот користела тактика со мали групи војници на мотори и електрични скутери – акција која многумина ја опишуваат како „самоубиствена мисија“. Војниците се криеле во подруми и урнатини, чекајќи засилување, но поради масовната употреба на украински дронови надзорот бил речиси непробоен. Главната цел на Москва, според воените аналитичари, била да се обезбеди контрола врз автопатот Добропоља–Краматорск, една од клучните линии за снабдување на украинската армија. Иако нападот не успеа, украинските војници предупредуваат дека состојбата на фронтот останува променлива, а во последните денови имало извештаи дека Русите повторно се обиделе да повратат дел од изгубените позиции.

Свет | пред 5 месеци

ukraina76878967

Руски ракети погодија американска фабрика во Украина – пораката на Путин до Трамп е јасна

Политичките пораки ретко се појасни од руските проектили што во ноќта меѓу среда и четврток удрија врз американска фабрика во западна Украина, далеку од фронтот на војната што нема крај.Овој напад е дел од една од најжестоките руски офанзиви со дронови и ракети во последниот месец и јасно покажува што рускиот претседател Владимир Путин мисли за мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува CNN.Минатата недела Трамп на Алјаска го пречека Путин со црвен тепих, а Белата куќа говореше за „историски помак“ во мировниот процес. Но, руските бомбардирања продолжуваат, цивили умираат, а Путин не покажува намера да го заврши војувањето. Најавуваниот самит меѓу украинските и руските лидери сè уште е само празно ветување.Според аналитичарите, Москва води стратегија на одложување, надевајќи се дека војската ќе оствари нови добивки на фронтот. Главниот тактичар е министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, познат по советските опструкции, кој повторно се обиде да внесе раздор меѓу САД и Европа.Претседателот Володимир Зеленски останува на ставот дека нема да се откаже од Донбас, бидејќи тоа би ја оставило Украина ранлива за идни напади кон Киев. Иако настојува да му угоди на Трамп и да покаже подготвеност за разговори, тој не може да прифати капитулација под маска на компромис.Трамп останува единствениот светски лидер кој може да зборува со двете страни, но неговите пораки често се контрадикторни. На социјалните мрежи најави дека е невозможно да се победи во војна без удари врз земјата-агресор, но само неколку дена претходно избегна да зборува за вклучување на американски сили. Снимен е и како на францускиот претседател Емануел Макрон му вели дека Путин „сака договор за него лично“.Додека Белата куќа зборува за „светло на крајот од тунелот“ и го величи Трамп како „претседател на мирот“, реалноста е дека Русија во новите напади уби девет цивили и рани 19 лица, меѓу кои и во напад на американската фабрика Flex Ltd. „Руските сили точно знаеја каде удираат“, рече Зеленски, истакнувајќи дека целта била американска инвестиција во Украина.Една недела по самитот на Алјаска, ситуацијата е јасна: Путин сака продолжување на борбите, Зеленски не може да попушти, а Европа е немоќна без Америка. Сè зависи од Трамп – дали навистина ќе го отвори патот за мир или ќе остане заробен во сопствените контрадикции.

Свет | пред 5 месеци

naftovod-napad

(Видео) Украинците повторно нападнаа клучен руски нафтовод, Унгарија бесна: „Немаме нафта“

Украина изведат нов напад врз најголемата руска пумпна станица за нафта – дел од системот на нафтоводот „Дружба“, лоцирана во градот Унеча, Брјанска област. Информацијата ја потврди Роберт Бровди, познат како „Маѓар“, командант на украинските Сили за беспилотни системи, објави „Кијив Пост“.Според него, нападот бил изведен со дронови од 14. полк на украинските беспилотни сили. „UNECHA NPS – заврши во пепел“, напиша Бровди на „Телеграм“, објавувајќи и видео со пожарот по експлозиите. Постројката Унеча, сместена четириесетина километри од украинската граница е систем долг 9.000 километри снабдува со нафта руски воено-индустриски капацитети и претставува клучна извозна рута за Москва.На нападот веднаш реагираше унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој соопшти дека „снабдувањето на Унгарија со сурова нафта повторно е запрено“. Тој го нарече ударот „нов напад врз енергетската безбедност на Унгарија“ и предупреди на „уште еден обид земјата да се вовлече во војната“.Ова не е прв случај на напад врз истата станица. На 13 август украински дронови исто така погодија дел од постројката, по што беа пријавени повеќекратни експлозии и голем пожар.Според податоците на Генералштабот на Украина, нападите врз руските компании и инфраструктура во 2025 година предизвикале штети од 74,11 милијарди долари, што е околу 4% од рускиот БДП. Речиси 80% од метите биле нафтени и гасни капацитети – рафинерии, складишта и логистички центри како што е Унеча.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-10.41.43

Ова се воените опции на Западот за Украина: „Европа ќе го даде лавовскиот дел од силите“

Војните команданти на САД и повеќе европски земји изминатите денови им претставија опции на своите советници за национална безбедност за тоа како да ѝ се обезбедат безбедносни гаранции на Украина, потврдија американски и европски функционери за „Ројтерс“.Средбата следеше откако американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе помогне во заштитата на Украина како дел од секој можен договор за завршување на руската војна, која трае веќе три и пол години.На состанокот што се одржа од вторник до четврток во Вашингтон учествуваа началниците на генералштабовите на САД, Финска, Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство и Украина.Американскиот државен секретар Марко Рубио, кој воедно е и советник на Трамп за национална безбедност, одржал видео-конференција со своите европски колеги – меѓу нив британскиот советник за безбедност Џонатан Пауел, шефот на кабинетот на претседателката на Европската комисија Бјорн Сајберт и претставници од НАТО, Франција, Германија, Италија и Финска.Конечните детали допрва треба да се доработат, но според изворите, европските земји би дале „лавовски дел“ од силите во рамките на безбедносните гаранции за Украина. Тоа го потврди и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.Трамп изјави дека нема да распоредува американски копнени сили во Украина, но остави отворена можност за други форми на воен ангажман – како воздушна поддршка или дополнителни системи за противвоздушна одбрана.Меѓу разгледуваните опции е и испраќање европски сили во Украина под американско командување. Американската воздушна поддршка би можела да вклучува воведување зона на забрането летање, која би ја спроведувале американски борбени авиони.Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кеир Стармер изразија подготвеност за учество во ваква „коалиција на подготвените“, а и германскиот канцелар Фридрих Мерц сигнализираше отвореност. Во Германија, претставници на воениот синдикат предупредија дека за долгорочни мировни сили во Украина ќе бидат потребни „десетици илјади војници“.Во меѓувреме, извори од Кремљ тврдат дека рускиот претседател Владимир Путин бара Украина да се откаже од амбициите за НАТО и да се повлече од целокупниот Донбас. Москва, според наводите, би прифатила замрзнување на фронтовите во Запорожје и Херсон, а дури и предавање на мали делови од регионите Харков, Суми и Дњепропетровск кои ги контролира.Путин останува цврст во барањето западните сили да не бидат распоредени во Украина – дури ни како мировни сили.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-10.43.09

Трамп со нова географска „лекција“: Крим е „среде океан“ и „голем колку Тексас“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја изненади јавноста со своите изјави за Украина. Во интервју за конзервативниот радио-водител Марк Левин, Трамп изјави дека Крим е „парче земја среде океан“ и „голем колку Тексас“.„Прекрасен е. Знаете, тој огромен дел земја што вирее среде океан, среде Црното Море. Толку е убав, навистина прекрасен,“ рече Трамп, додавајќи дека поранешниот претседател Барак Обама наводно ѝ порачил на Украина „да го препушти Крим на Русија“.Фактите се сосема поинакви. Крим не е „среде океан“, туку полуостров во Црното Море, кој со копното е поврзан преку украинската област Херсон. Со Русија е споен единствено преку 19-километарскиот Керчки мост, изграден по руската незаконска анексија во 2014 година – мост кој редовно е цел на украинските напади.Површината на полуостровот изнесува околу 27.000 квадратни километри, што е приближно еднакво на американската сојузна држава Масачусетс или на Хаити. Тексас, пак, е 26 пати поголем и дури нешто поширок од цела Украина.Во февруари 2014 година Русија распореди околу 30.000 војници на Крим, во време кога во Киев траеја крвавите денови на Евромајдан. За кратко време Москва ја презеде контролата и организираше нелегитимен референдум, без меѓународни набљудувачи и со вооружени војници на избирачките места. Кремљ тогаш објави дека 97% од гласачите наводно поддржале припојување кон Русија. Анексијата на Крим претставуваше најголемо насилно прекројување на границите во Европа по Втората светска војна – сè до целосната руска инвазија врз Украина во 2022 година.Ова не е првпат Трамп да даде конфузни изјави за Крим. Во април годинава тој на сопствената мрежа Truth Social напиша: „Зошто не се бореа за него пред 11 години, кога беше предаден на Русија без испукан куршум?“Фактите, сепак, јасно покажуваат дека Москва со години пред анексијата ја зголемуваше својата воена присутност на полуостровот преку договори со прорускиот претседател Виктор Јанукович. Русија тајно внесуваше ново оружје на Крим, а потоа го искористи политичкиот хаос во Киев за да ја преземе територијата.Со последната изјава, Трамп уште еднаш демонстрираше површно разбирање на географијата и на историјата на конфликтот. За Москва, пак, ваквите зборови од американски лидер се дипломатски подарок – бидејќи индиректно ја релативизираат најголемата повреда на меѓународното право во современа Европа.

Свет | пред 5 месеци

f_37272129_1280

(Видео) Хиперсоничните ракети – „супероружје“ што може да ја смени војната

Хиперсоничните ракети, новата генерација на офанзивни оружја што летаат со брзини повеќекратно поголеми од звукот и можат да маневрираат во лет, стануваат централна точка на глобалната трка во вооружувањето. Русија и Кина предничат во развојот, додека САД и сојузниците настојуваат да ја достигнат технолошката рамнотежа.Кина уште во 2019 година на парадата во Пекинг ја претстави ракетата DF-17, додека Русија се фали со системите „Авангард“ и „Орешник“. Вашингтон последниве години инвестира во сопствени програми како „Dark Eagle“, но заостанува поради деценискиот фокус врз антитерористички операции.Хиперсоничните ракети летаат најмалку пет пати побрзо од звукот (Mach 5), на ниски височини и со можност за нагли промени на насоката, што ги прави речиси невидливи за радарите. За разлика од класичните балистички проектили, овие оружја се појавуваат на сензорите дури во последната фаза на летот, оставајќи многу малку време за одбрана и пресретнување.Постојат два вида:Хиперсонични „glide“ проектили, кои се истрелуваат и потоа клизаат кон целта.Хиперсонични крстосувачки ракети, што користат scramjet мотори и летаат блиску до земјата.Според експерти, нивната најголема закана не е само разорната моќ, туку фактот што е речиси невозможно навреме да се откријат.Рускиот претседател Владимир Путин редовно ја истакнува оваа предност, со тврдења дека „можат да претворат градови во прашина“. Минатата година Москва тестираше нов модел „Орешник“ над украинскиот град Днипро, кој достигнал брзина од Mach 11 и се распаднал во повеќе боеви глави што погодија различни цели. Стратезите предупредуваат дека вакво оружје може за неколку минути да стигне до било кој европски град.Покрај Русија, Кина и САД, и други држави вложуваат во оваа технологија: Иран тврди дека располага со хиперсонични ракети, Израел развива системи за пресретнување, а Северна Кореја демонстрира редовни тестирања. Франција и Јапонија, исто така, инвестираат во истражувања.Иако експертите предупредуваат на потенцијалот за стратешка надмоќ, дел од воените аналитичари сметаат дека заканата е делумно пренагласена. „Нападот и одбраната уште немаат совршено решение,“ вели поранешниот британски адмирал Том Шарп.Едно е сигурно – кој прв ќе успее да создаде ефикасен хиперсоничен арсенал, ќе стекне клучна предност во геополитичките судири на иднината.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-23.29.18

Трамп со нов ултиматум, Путин има две недели рок за мир во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе знае во рок од две недели дали ќе се постигне мир во Украина, предупредувајќи дека ако не, тој ќе „заземе поинаков пристап“. Оваа изјава е последна во низата рокови што Трамп ги постави за завршување на војната, кои досега поминаа без конкретни акции, пишува The Kyiv Independent.„Во рок од две недели ќе знаеме дали ќе има мир во Украина. После тоа, можеби ќе мора да заземе поинаков пристап“, рече Трамп. Неговите коментари следеа по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, која се одржа само неколку дена по средбата на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, но без никаков напредок во преговорите.Владимир Путин бара Украина да се откаже од целиот источен регион Донбас, да се откаже од амбициите за членство во НАТО, да остане неутрална и да ги држи западните трупи надвор од земјата, изјавија за Ројтерс извори запознаени со размислувањата на високо ниво на Кремљ.Рускиот претседател кој се сретна со Трамп во Алјаска минатата недела дека се надева дека средбата ќе го отвори патот кон мир во Украина – но ниту еден лидер не даде детали за тоа што разговарале.Во суштина, руските извори велат дека Путин направил компромис во врска со територијалните барања што ги изложи во јуни 2024 година, а кои бараа од Кијив да ги отстапи сите четири провинции што Москва ги смета за дел од Русија: Донецк и Луганск во источна Украина – кои го сочинуваат Донбас – плус Херсон и Запорожје на југ.Путин, исто така, се држи до своите претходни барања Украина да се откаже од своите амбиции за НАТО и за правно обврзувачка обврска од воениот сојуз предводен од САД дека нема да се шири понатаму кон исток, како и за ограничувања на украинската армија и договор дека нема да бидат распоредени западни трупи на теренот во Украина како дел од мировните сили.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања