УКРАИНА

rafinerija-rusija

(Видео) Украина тврди: Погодени стратешки нафтени постројки во Русија

Дронски напади рано утрово погодија две рафинерии на нафта во Русија – во Краснодар и во Самара, при што избувна голем пожар и беше предизвикана значителна штета. Информацијата ја објави Kyiv Post, повикувајќи се на официјални извори.Нападот во Краснодар се случил околу 3:30 часот по локално време, кога градот бил потресен од серија експлозии. Жителите пријавиле десетици детонации и активирање на системите за противвоздушна одбрана. Според сведоци, непосредно пред експлозиите се слушал звук на дронови над градот. На социјалните мрежи брзо се појавија снимки од пожар во нафтената рафинерија.Работниците биле веднаш евакуирани, а на местото пристигнале пожарникари и итни служби. Засега нема информации за жртви. Руските власти потврдија дека остатоци од дрон погодиле дел од технолошкиот сегмент на рафинеријата во Краснодар, при што пожарот зафатил површина од околу 300 квадратни метри.Истовремено, украинскиот Генерален штаб објави дека нивните сили повторно ја погодиле рафинеријата во градот Сизран, во Самарската област. Постројката таму произведува бензин, дизел, авионско гориво, мазут и битумен, а до август 2025 година обработувала до 8,5 милиони тони сурова нафта годишно.

Свет | пред 5 месеци

1681115444_zelenski

Зеленски ја отфрли идејата за 40-километарска тампон-зона во Украина

Идејата за создавање 40-километарска тампон-зона меѓу руските и украинските линии на фронтот како дел од можен мировен договор за завршување на војната во Украина предизвика жестоки реакции, а украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли оценувајќи дека таков предлог не ја одразува реалноста на современото војување.„Само оние кои не го разбираат технолошкото ниво на денешната војна предлагаат тампон-зона,“ изјави Зеленски, нагласувајќи дека во пракса ваква зона веќе постои поради масовната употреба на дронови.Тој појасни дека тешкото вооружување на двете страни веќе се наоѓа на повеќе од 10 километри едно од друго токму поради ризикот од напади со дронови.„Овој тампон – јас го нарекувам ‘мртва зона‘, некои го викаат ‘сива зона‘ – веќе постои,“ рече украинскиот претседател.Зеленски категорично одби можност Украина да се откаже од делови од својата територија во рамки на таков договор: „Ако Русија сака поголема оддалеченост од нас, може да се повлече длабоко во привремено окупираните територии на Украина.“Тој додаде дека Москва не е подготвена за вистинска дипломатија и дека единствено бара начини за одолговлекување на крајот на војната.Во меѓувреме, европските лидери разгледуваат опции за обезбедување безбедносни гаранции за Украина во случај на договор со Русија. Високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, порача дека министрите за одбрана на Унијата се согласиле дека поддршката за Киев мора да биде „робусна и веродостојна“. Зеленски најави продолжување на разговорите веќе следната недела за обврски „слични на НАТО“ кои би обезбедиле сигурност за Украина.Од Москва, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги оцени најновите западни предлози како „еднострани“ и насочени кон обуздување на Русија.

Свет | пред 5 месеци

ukraina-kiev-1

Војната не се приближува кон крај „ако се погледне што прави Путин“, вели висока претставничка на ЕУ

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, остро ги осуди масовните воздушни напади врз Киев, во кои загинаа повеќе од десет лица, меѓу кои и деца. Таа порача дека единствениот одговор на агресијата мора да биде поголем притисок врз Москва.„Овие напади покажуваат дека Путин се потсмева на секој вид мировен напор“, изјави Калас во Копенхаген, каде што започна дводневниот состанок на министрите за одбрана и надворешни работи на ЕУ. „Она што мора да го направиме е да го зголемиме притисокот врз Русија“, нагласи таа, додавајќи дека нови санкции кон енергетскиот сектор и финансиските услуги би ја погодиле Москва најсилно.Калас ги повика членките на Унијата да продолжат со воената поддршка за Киев, истакнувајќи: „На Украина сега ѝ е потребна сета можна воена помош.“Министрите во главниот град на Данска ќе разговараат и за безбедносните гаранции за Украина по завршувањето на борбите. Според Калас, можно е Европската унија да обезбеди поддршка преку продолжување на обуката на украинската војска, зајакнување на домашната одбранбена индустрија и обврски од страна на поединечни земји членки.Таа призна дека војната не се приближува кон крај „ако се погледне што прави Путин“.

Свет | пред 5 месеци

ukraina-kiev-3

Politico: Европа разгледува воена тампон-зона во Украина

Европската унија разгледува поддршка за воспоставување тампон-зона широка 40 километри на украинска територија како дел од напорите за прекин на војната, објави Politico повикувајќи се на пет европски дипломати. Идејата се разгледува како можност за прекин на огнот или како дел од поствоен договор меѓу Украина и Русија, но во овие разговори засега не учествува Вашингтон.Разговорите доаѓаат во време кога американскиот претседател Доналд Трамп ги интензивира напорите за мировен договор. На 15 август тој се сретна со Владимир Путин на Алјаска, а неколку дена подоцна и со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европски лидери во Белата куќа. „Сите се обидуваат што побрзо да обезбедат гаранции за безбедност, за да не се предомисли Трамп“, изјавил еден дипломат. Притоа, предложената тампон-зона најверојатно би значела територијални отстапки од страна на Украина, но засега е неизвесно дали Киев би прифатил ваков план.Дел од европските земји предупредуваат дека вакво решение може да донесе повеќе ризици отколку придобивки и да ги изложи украинските градови на нови руски напади. Источните членки на НАТО, предводени од Полска, се загрижени дека масовно присуство на војници во Украина би можело да ја ослаби одбраната на самиот источен фронт на Алијансата.Според првичните проценки, меѓу 4.000 и 60.000 војници би можеле да бидат распоредени како мировни сили, при што Франција и Велика Британија се разгледуваат како носечки држави во операцијата. Освен обезбедување на зоната, мисијата би вклучувала и обука на украинската армија. САД јасно соопштија дека нема да испратат свои трупи, но се подготвени да дадат техничка поддршка.И покрај дипломатските напори, Русија продолжува со напади. Кремљ го доведува во прашање легитимитетот на Зеленски, а министерот за надворешни работи Сергеј Лавров порача дека Москва нема да прифати негов потпис на правни документи. Само како потврда на таквиот став, во масовен ракетен напад врз Киев во ноќта на четвртокот беа убиени најмалку 23 лица, меѓу кои и четири деца, а повредени се 63 граѓани.

Свет | пред 5 месеци

turcija-696x464

Турција: Русија го сменила условот за крај на војната во Украина

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека Турција не учествувала на последните состаноци за војната во Украина, бидејќи не е страна во конфликтот и настапува како неутрален посредник. „Ние не сме страна во војната. Немавме потреба да бидеме ниту на Алјаска ниту во Вашингтон, бидејќи претседателот Трамп ги собира завојуваните страни“, рече Фидан во интервју за турската телевизија TGRT Haber.Тој изрази надеж дека постои простор за мир меѓу Русија и Украина, потсетувајќи дека дел од ставовите договорени во третиот круг преговори во Истанбул се појавиле и во разговорите на Алјаска. „Имаме доволно причини за надеж“, истакна Фидан.Министерот прецизираше дека Москва ја променила својата првична позиција. „Порано Русија бараше целосна контрола врз четири украински региони. Сега се откажале од тие барања и, освен една област, сè друго би останало на постојните линии на фронтот“, рече Фидан.Според него, Русија бара да ѝ се препушти 25 до 30 проценти од Донечката област кои сè уште не се под нејзина контрола. Оценува дека евентуалното губење на овој регион би ја усложнило одбраната на Украина во случај на нови борби.Да потсетиме, на 23 јули во Истанбул беше одржан третиот круг преговори меѓу делегациите на Украина и Русија, на кој беше постигнат договор за нови разменувања – не само на заробени војници, туку и на цивили. Украинската делегација ја предводеше министерот за одбрана Рустем Умеров, а руската Владимир Медински.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.43

Трамп дозволи продажба на далекуметни ракети за Украина во вредност од 825 милиони долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за продажба на нова класа далекуметни ракети на Украина во вредност од 825 милиони долари, што претставува прв ваков пакет од почетокот на војната. Станува збор за проектили Extended Range Attack Munition (ERAM), со дострел до 400 километри, кои на украинската армија ќе ѝ овозможат да погодува руски цели и инфраструктура стотици километри зад фронтот.Пакетот предвидува 3.350 ракети, соодветна опрема, софтвер за планирање мисии, резервни делови и техничка поддршка. Крајната одлука треба да ја донесе американскиот Конгрес, пренесува Kyiv Post.Финансирањето е предвидено преку меѓународната програма Jump Start, во која учествуваат Данска, Норвешка и Холандија, а дополнителни средства ќе бидат обезбедени преку американската програма Foreign Military Financing. ERAM се смета за ефикасно, но значително поевтино оружје во споредба со класичните крстосувачки ракети, овозможувајќи масовни и прецизни удари по пониска цена.Оваа одлука доаѓа веднаш по новата серија смртоносни руски воздушни напади врз Киев, во кои загинаа најмалку 23 лица, а шест градски квартови останаа во урнатини.

Свет | пред 5 месеци

EU-1

ЕУ министри на дводневен состанок по најжестокиот руски напад врз Украина

Министрите за одбрана и надворешни работи на Европската унија денеска во Копенхаген започнуваат дводневни разговори за поддршката на Украина и за кризата во Појасот Газа. Состанокот се одржува само еден ден по најжестокиот руски воздушен напад од крајот на јули, во кој загинаа најмалку 21 лице, меѓу нив и деца, а најмалку 48 беа повредени.Првиот ден ќе биде посветен на засилување на воената поддршка за Киев и на унапредување на соработката на ЕУ со украинската одбранбена индустрија, особено поради ограничувањата на американската воена помош. Утрешните разговори на министрите за надворешни работи ќе се фокусираат на нови санкции против Русија, насочени кон притисок врз претседателот Владимир Путин да прифати прекин на огнот и да се вклучи во мировни преговори. ЕУ неодамна ги таргетираше т.н. „сенкови флоти“ за извоз на руска нафта, како и приходите на Москва од енергетскиот сектор.Очекувана тема е и идното обезбедување безбедносни гаранции за Украина, како и користењето на замрзнатите средства на руската централна банка во износ од околу 210 милијарди евра. На разговорите ќе им се приклучат и министрите за надворешни работи на Украина, Исланд, Норвешка и Обединетото Кралство.Вториот ден ќе биде посветен на состојбата во Газа, каде што Европа останува поделена околу односот кон Израел. Франција и Шпанија се залагаат за построг став и можно воведување мерки, додека Германија и уште неколку земји се противат на санкции, повикувајќи на внимателен пристап.

Свет | пред 5 месеци

ukraina-kiev-13

Бројот на жртви во Киев порасна на 21, меѓу нив и четири деца

Бројот на загинати по руското ракетирање на Киев синоќа се искачи на најмалку 21 лице, соопшти Државната служба за итни ситуации на Украина, пренесе „Скај њуз“. Меѓу жртвите има и четири деца, вклучувајќи и двегодишно.Нападот предизвика значителна штета, меѓу другото и на просториите на Делегацијата на Европската унија и на Британскиот совет во Киев. Сепак, портпаролката на американскиот претседател Доналд Трамп, Каролин Левит, во воведното обраќање на брифингот во Белата куќа воопшто не го спомена нападот, фокусирајќи се наместо тоа на внатрешни теми од САД.На новинарско прашање дали Белата куќа го смета Владимир Путин за пречка за мирот, Левит изјави дека Трамп не е среќен поради нападот, но не е ни изненаден. „Тоа се две земји кои одамна се во војна. Русија го изврши овој напад врз Киев, а од друга страна, Украина неодамна нанесе удари врз руски нафтени рафинерии,“ рече таа.Портпаролката повтори дел од ставовите на претседателот, истакнувајќи дека Трамп сака крај на војната, но „и лидерите на двете земји мора да покажат волја за прекин на судирот“.

Свет | пред 5 месеци

ukraina-kiev-1

Бројот на жртви во нападот врз Киев се искачи на 12 – меѓу нив и три деца

Бројот на загинати во масовниот руски ноќен напад врз Киев порасна на 12 лица, соопшти градската воена управа. Меѓу жртвите се и тројца малолетници – двајца тинејџери на возраст од 14 и 17 години и едно дете од само две години.Уште 48 лица се повредени, а бројката би можела да расте бидејќи спасувачките екипи и понатаму пребаруваат низ урнатините во потрага по преживеани.Според украинските власти, ова била една од најсилните офанзиви на Москва досега. Русија за една ноќ испалила вкупно 629 проектили и дронови врз 13 локации ширум земјата – 598 беспилотни летала и 31 ракета.Украинските воздушни сили тврдат дека собориле 563 дрона и 26 ракети, но остатоците од нив предизвикале сериозни оштетувања во Киев и уште неколку региони. На главниот град паднале фрагменти на 26 различни места, уништувајќи станбени објекти и предизвикувајќи бројни жртви.„Ова е уште еден брутален напад на Русија, уште едно уништување на цивилни животи – меѓу жртвите се и деца,“ соопштија воздушните сили, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите.Истовремено, украинската армија информира дека нејзини дронови погодиле две руски рафинерии – Афипската во регионот Краснодар и Кујбишевската во Самара. Локалните власти потврдија дека во Афипската рафинерија изби пожар, но засега нема податоци за обемот на штетата.Руското министерство за одбрана, пак, тврди дека во текот на ноќта пресретнало и уништило 102 украински дрона кои целеле најмалку седум региони во земјата.Последните настани уште еднаш ја покажуваат жестината на конфликтот кој трае речиси две години, со сè почести масовни напади врз цивилни цели и значително зголемување на бројот на жртви.

Свет | пред 5 месеци

zgrada-stan

(Фото) Погодено седиштето на ЕУ во Киев по руски напад: загинаа најмалку 10 лица, меѓи кои и дете

Европската унија денеска остро го осуди масовниот руски напад врз Киев, во кој според најновите податоци загинаа најмалку десет лица, а 38 беа повредени. Меѓу погодените објекти е и седиштето на Делегацијата на ЕУ во Украина.Руските сили ноќта изведоа комбиниран напад со дронови и ракети врз украинската престолнина, оштетувајќи станбени и други згради во седум окрузи. Според властите, меѓу загинатите има и едно дете.Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нападот е јасна порака на Москва кон светот во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп вложува дипломатски напори за прекин на војната.„Згрозен сум од уште еден ноќен, смртоносен ракетен напад врз Украина. Моите мисли се со жртвите и со персоналот на Делегацијата на ЕУ, чии простории беа оштетени во овој намерен напад,“ порача претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.Тој нагласи дека Европската унија нема да се заплаши: „Руската агресија само ја зголемува нашата решителност да бидеме покрај Украина и нејзиниот народ.“И еврокомесарката за проширување, Марта Кос, остро ја осуди агресијата. „Силно ги осудуваме овие брутални напади – јасен знак дека Русија го одбива мирот и избира терор. Изразуваме целосна солидарност со персоналот на ЕУ, нивните семејства и со сите Украинци кои страдаат од оваа агресија,“ напиша таа на платформата Х.Нападот врз цивилна населба и европската делегација во Киев дополнително ја заостри меѓународната осуда кон Кремљ, кој и по речиси две години од почетокот на војната продолжува со масовни воздушни офанзиви врз Украина.

Свет | пред 5 месеци

c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

Украинските бранители предупредуваат: „Зад Донбас е отворен терен, таму нема одбрана“

Украинските сили во источниот фронт се соочија со едно од најголемите руски пробивања оваа година – напредување од околу 10 километри во близина на Покровск. Малата група снајперисти од 93. механизирана бригада добила наредба итно да се врати на боиштето за да помогне во одбрана на градот, кој бил на чекор до опколување.„Погледнав на картата и не можев да поверувам,“ изјави Стојников, наредник познат под прекарот Шепард. Украинците сепак успеале да ја стабилизираат ситуацијата и да повратат неколку населени места северно од градот. „Можеше да заврши многу лошо,“ додаде тој.Рускиот напад повторно ја истакна важноста на утврдените градови во Донбас. Според воениот портпарол Дмитро Запорожец, северниот дел на Донецката област е заштитен со „појас на тврдини“ – 45 километри урбани центри и мали населби, кои ја прават последната голема линија на одбрана.„Зад тоа има само отворен терен, без индустриски комплекси и без услови за изградба на стабилна одбрана,“ вели Запорожец.Русија постепено се приближува кон Костјантивка, град со 65.000 жители пред војната, и веќе се наоѓа на помалку од 10 километри од него. Доколку падне, ќе биде отворен патот кон Краматорск и Словјанск – најголемите украински упоришта во регионот.Хуманитарците опишуваат драматични сцени. „Последниве недели е многу поопасно,“ изјави Евгениј Ткачев, кој организира евакуации од Костјантивка. Руски дронови и лизгачки бомби редовно ги гаѓаат улиците и возилата, што го прави секое движење ризик.Слична е состојбата и во Краматорск, каде што живеат околу 100.000 цивили. Таму украинските инженери ископуваат длабоки противтенковски ровови и ги подготвуваат урбаните квартови за отпор. „Секоја куќа, секоја зграда може да стане точка на одбрана,“ нагласуваат од армијата.Локалната жителка Тетјана Лухова, која избегала од Донецк уште во 2014 година, повторно ја преживеа трагедијата – нејзината зграда во Краматорск беше погодена, а таа остана повредена од експлозијата. „Што значи да се предаде Донецката област? Не разбирам. Веќе еднаш избегав од Донецк. Не се вратив 11 години,“ изјави таа.И покрај притисокот и растечките загуби, украинските војници и цивили остануваат решителни. За нив, предавањето на Донбас не е само воено прашање, туку прашање на опстанок, идентитет и право на сопствен дом.

Свет | пред 5 месеци

SLIKA-UKRAINA

(Видео) Експлодира главниот нафтовод што ја снабдува Москва

Главниот нафтовод што ја снабдува Москва со нафтени производи експлодираше во Рјазанскиот регион на Русија, дознава Укринформ од извор во Службата за одбранбено-разузнавање на Украина (ДИУ).Според нив, вчера се случила силна експлозија на нафтоводот Рјазан-Москва, еден од главните правци за снабдување на рускиот главен град со нафтени производи.„Силна експлозија на дел од нафтоводот“Пожарникари и амбулантни возила биле испратени во рок од неколку часа за да го изгаснат пожарот, објавува Укринформ.Жителите пријавиле дека полицијата и други екипи се во областа на селото Божатково во Рјазанскиот регион, работејќи на отстранување на последиците од експлозијата и пожарот.Според украинските медиуми, од 2018 година, овој нафтовод е пренаменет за снабдување со бензинско гориво на Транснефт, кој исто така обезбедува гориво за руската армија.Поради инцидентот, протокот на нафтени производи кон Москва е суспендиран на неодредено време.

Свет | пред 5 месеци

1f8d93fe-192e-4557-b4a9-3992096b9087

Украинскиот блогер Сергеј Стерненко: „Ако Зеленски предаде територија, ќе стане политички – а потоа и буквален – мртовец“

Украинскиот воен блогер, активист и снабдувач со дронови Сергеј Стерненко преживеал четири обиди за атентат во последните седум години. Последниот напад, на 1 мај оваа година во Киев, го извршила 45-годишната Људмила Чимерска, која испукала најмалку три куршуми кон него. Еден куршум му го пробил бедрото, но тој успеал да преживее благодарение на телохранителите и брзата интервенција.Стерненко, кој има повеќе од два милиони следбеници на YouTube и над 850 илјади на Телеграм, е едно од најпознатите имиња меѓу младите Украинци. Тој е националист, поранешен лидер на улични протести, адвокат и клучен недржавен снабдувач на украинската армија со дронови. Од почетокот на руската инвазија, преку донации собрал над 100 милиони евра за набавка на беспилотни летала.„Знаев дека Русите ќе се обидат да ги убијат познатите Украинци. Да сум на нивно место, би направил исто,“ изјави тој за Times.Стерненко остро ја отфрла можноста Украина да отстапи територија како дел од мировен договор со Москва.„Ако Зеленски даде земја што не е окупирана, тој ќе биде леш – најпрво политички, а потоа и вистински. Тоа би била бомба под нашиот суверенитет,“ тврди блогерот.Според него, компромис со Русија е невозможен: „Ќе има само еден победник – Русија или Украина. Ако руската империја опстане во сегашна форма, таа секогаш ќе сака да се шири. Борбата ќе трае сè додека Русија не ја напушти украинската земја.“Иако е меѓу најпопуларните гласови во Украина, Стерненко често е во судир и со украинскиот политички естаблишмент, критикувајќи ја корупцијата во институциите. Неговите противници го обвинуваат дека избегнува фронтова служба, што тој решително го негира.Руски служби, пак, го гледаат како приоритетна цел, пред сè поради дроновите што ги обезбедува за армијата.Стерненко се вклучил во протестите на Мајдан уште како 18-годишник. Бил сведок на убиствата и насилството во Киев во 2013–2014 година, по што се приклучил на уличните судири во Одеса. Како лидер на локалната подружница на „Десен сектор“, бил сведок на крвавите настани на 2 мај 2014 година, кога во пожар во Домот на синдикатите загинаа 42 луѓе.„Главната цел тогаш беше да ја ослободиме Одеса од корупцијата и од прорускиот криминален уплив,“ вели Стерненко.Во мај 2018 година бил нападнат пред својот стан во Одеса. За време на тепачката, со нож убил еден од напаѓачите. Судиите пет години ја испитуваа неговата верзија за самоодбрана, а тој тврдеше дека е жртва на политички прогон од проруското судство. Во декември 2023 случајот беше затворен, а судот дури му го врати и ножот.„Свесен сум дека мојот животен век е ограничен. Затоа морам да направам нешто корисно за својот народ и за Украина,“ порачува Стерненко, човекот што во Украина важи за симбол на отпорот, но и за мета – и дома, и во Москва.

Свет | пред 5 месеци

ukraina-tenk-pukanje

Русија навлегла во четвртиот по ред најголем град – Украина официјално потврди борби

Украинските власти за прв пат официјално потврдија дека руските сили влегле во Днипропетровска област, административен регион во централна Украина кој досега беше поштеден од интензивни копнени борби.„Да, влегоа и борбите се во тек“, изјави Виктор Трегубов, портпарол на украинските сили во Днипро, четвртиот по големина град во земјата.Според независниот воен монитор DeepState, селата Запоришке и Новогеоргијивка паднале под руска контрола, а Москва таму „консолидира позиции и собира пешадија за понатамошен напад“. Нивната карта покажува дека и селото Дачне, за кое досега се водеа жестоки борби, сега е во таканаречената „сива зона“ без јасна контрола.Днипропетровска област се граничи со регионот Донецк, кој уште од 2014 година е под удар на руската агресија, а од 2022 година и полната инвазија на Украина претставува една од најкрвавите боиштa. Иако не е меѓу областите што Москва формално ги прогласи за анектирани, регионот со месеци е подложен на напади.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-10.43.09

Москва бара предавање на целиот Донбас, Киев одбива компромис, Вашингтон притиска за мировен договор

На денот кога Украина ја одбележа 34-годишнината од независноста, од Источна Европа стигнаа две спротивставени пораки. Додека Киев славеше опстанок и волја за отпор, Москва испрати јасен сигнал дека Украина може да постои само ако се откаже од Донбас и остане неутрална.Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во интервју за NBC изјави дека Русија нема да застане додека не ги оствари своите цели – елиминација на безбедносните закани од Украина, заштита на етничките Руси и рускојазичното население и гаранција дека Киев ќе остане надвор од воени сојузи. Според него, Москва формално го признава Зеленски само како „лидер на режим“, но не и како легитимен претседател за потпишување договори.Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, порача дека привремената окупација не може да ја промени вистината и дека Украинците повторно ќе бидат заедно. „Украина никогаш повеќе нема да биде принудена на срамота што Русите ја нарекуваат компромис. Потребен ни е праведен мир. Каква ќе биде иднината зависи само од нас, а светот тоа го знае и го почитува“, изјави Зеленски.Вашингтон во меѓувреме бара начин да го прекине војувањето. Американскиот претседател Доналд Трамп, по средбата со Владимир Путин на Алјаска, изјави дека „размена на територии“ е неизбежна цена за мир. Во разговор со Зеленски, Трамп користел мапа со обележани окупирани региони, нагласувајќи дека петина од земјата е изгубена и дека Киев мора да преговара за да го спаси остатокот. За Зеленски, Донбас не е само стратегиска или економска област, туку симбол на идентитетот и историската жртва на Украина.Путин бара предавање на целиот Донбас, вклучувајќи територии под украинска контрола со повеќе од 200.000 жители. Тоа би ги исполнело територијалните цели на Кремљ, но и сериозно би го ослабело Зеленски. Украинскиот устав забранува предавање на територии, а мнозинството граѓани остро се противат на тоа.Според аналитичарите, единствениот начин украинската јавност да прифати ваков исход би бил доколку добие силни западни безбедносни гаранции, со американско и европско воено присуство – што Москва категорично го одбива. Бившиот директор на ЦИА, Дејвид Петреус, вели дека токму Путин е најголемата пречка за мир: „Нема многу причини да веруваме дека би седнал со Зеленски или би прифатил компромис“.На теренот, борбите во Донбас продолжуваат со жесток интензитет. Москва тврди дека зазела две села во регионот, што би можело да отвори пат кон Костјантиновка, клучно логистичко средиште на украинската армија. Киев, пак, известува дека во контранапад повторно презел село во истата област.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања