УКРАИНА

1681115444_zelenski

Зеленски: Ова е историска одлука – САД подготвени за безбедносни гаранции за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави иницијативата што денес ја изнесе специјалниот пратеник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, дека Русија се согласила Украина да добие безбедносни гаранции од своите сојузници, вклучително и од САД.„Ова е историска одлука – дека САД се подготвени да учествуваат во безбедносните гаранции за Украина. Како резултат на нашата заедничка работа, тие мора да бидат многу практични, да обезбедат заштита на копно, во воздух и на море и да се развиваат со учество на остатокот од Европа,“ објави Зеленски на социјалната мрежа Х.Според Виткоф, Москва прифатила да дозволи сојузниците на Киев да понудат гаранции „слични на член 5 од НАТО“, што би значело дека напад врз Украина ќе се смета за напад врз сите потписнички држави.

Свет | пред 5 месеци

makron

Макрон: Путин не бара мир, туку капитулација на Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека целта на средбата во понеделник во Вашингтон, меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски, е претставување на заеднички фронт на Украина и европските сојузници.„Ако денеска покажеме слабост пред Русија, всушност поставуваме основа за идни конфликти“, рече Макрон по видеоконференцијата на Коалицијата на волни, каде што западните сојузници на Киев повторија дека се залагаат за траен мир и почитување на територијалниот интегритет на Украина.Францускиот претседател нагласи дека нема да има разговори за украинските територии без учество на Украина, ниту пак може да се зборува за безбедноста на Европа без самите Европејци. Тој побара Украина и европските лидери да бидат директно вклучени во сите идни мировни самити.„Утре одиме во Вашингтон не само да го следиме претседателот Зеленски, туку и да ги браниме интересите на Европејците“, додаде Макрон.Во однос на Русија, Макрон беше јасен: „Мислите ли дека претседателот Путин сака мир? Ако ме прашувате мене – не. Тој сака капитулација на Украина. Тоа е она што го предложи“.Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, порача дека заедничкиот настап на Европа и САД е клучен за одржлив мир.„Ако не се договори прекин на огнот, ЕУ и САД мора да го зголемат притисокот врз Русија“, напиша Кошта на платформата Х.

Свет | пред 5 месеци

makron-tramp

И Макрон со Зеленски во Вашингтон, потврденo и доаѓањето на шефот на НАТО

Францускиот претседател Емануел Макрон и финскиот претседател Александар Стаб потврдија дека утре ќе бидат во Вашингтон на средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп.Според најавите, на состанокот ќе присуствува и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.Веќе е објавено дека во Вашингтон ќе дојдат и германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, како и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-10.42.36

„Ужасно, нож во грб“ – Украина во шок по сигналите дека Трамп ги прифаќа условите на Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој пред само неколку дена му најави на Володимир Зеленски дека ќе изврши притисок врз Владимир Путин заради војната, по самитот на Алјаска со рускиот лидер изненадувачки ја смени реториката и се доближи до позициите на Кремљ.Трамп: Сакам директен мировен договорНа својата мрежа Truth Social, Трамп порача дека сака „директно да се оди кон мировен договор, а не само кон примирје кое често се покажува како неодржливо“. Тој најави и дека нема намера да воведува нови санкции кон Русија – остар пресврт во однос на досегашната американска политика.Путинови услови: повлекување од Донецк и ЛуганскСпоред извори на Financial Times, Путин од Трамп побарал Украина целосно да се повлече од Донецк и Луганск, како предуслов за крај на војната. Во замена, Москва наводно би ја замрзнала линијата на фронтот на останатите делови од боиштата.Украински функционери реагираа жестоко.„Ова е нож во грб“, изјавил висок државен претставник за FT.Претседателот на собранискиот комитет за надворешна политика, Олександр Мережко, изјавил: „Ужасно.“„Трамп практично се усогласи со Путин, а сега двајцата можат да почнат да ја принудуваат Украина на мировен договор кој во суштина значи капитулација,“ предупреди тој.Украина: нема предавање на источните територииОфицијален Киев соопшти дека Зеленски нема да прифати откажување од Донецк и Луганск, иако е подготвен за преговори за територијалните прашања во Вашингтон и на евентуален трилатерален состанок со Трамп и Путин.Пратеничката и поранешна вицепремиерка Ивана Климпуш-Цинцадзе праша:„Како ќе го спречи тоа Путин да се прегрупира и повторно да нападне?“Граѓанската активистка Олга Ајвазовска предупреди дека предавањето на територии кои Русија никогаш реално не ги зазела би предизвикало огромна напнатост: „Тогаш ќе се отвори прашањето – зошто воопшто се браневме сите овие години?“„Голема победа за Путин“Според аналитичарот Александар Хара од Центарот за одбранбени стратегии во Киев, самитот бил „голема грешка и голема победа за Путин“. Тој предупредува дека ако преговорите пропаднат, Трамп би можел да ја префрли вината врз Зеленски.„Русија уште од 2014 смета дека секоја украинска влада е нелегитимна и верува дека целите може да ги постигне со воена сила,“ додаде тој.На боиштето: крвава реалностИ додека дипломатијата бара решение, на теренот продолжува жестоката војна. Русија изминатиот викенд се пробила 10 километри кај рударскиот град Добропиље, но украинската армија ги запрела со елитни единици – како Азов и 79. воздушно-десантна бригада.Зеленски изјави дека има „успеси на некои од најтешките делови од Донецкиот регион“, но предупреди дека Москва ќе продолжи со офанзиви за да обезбеди подобри позиции пред преговорите.Во близина на Покровск, украински командант на единица за дронови напиша на Телеграм:„Преговорите се преговори, но борбите продолжуваат. Ако не победиме на бојното поле – никаков договор нема да не спаси.“Во Киев, подготовките за самитот се одвиваа во необична тишина: неколку дена немаше напади со дронови-камикази врз главниот град, но денес повторно се огласија сирените за воздушна опасност.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-02-19-at-18.11.52

Кабинетот на Зеленски: Долг разговор со Трамп, се вклучија и европски лидери

Кабинетот на украинскиот претседател потврди дека Володимир Зеленски утрово остварил долг телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.„Разговорот беше долг – најпрво меѓу претседателите Зеленски и Трамп, а потоа во него се вклучија и европски лидери“, соопштија од кабинетот на Зеленски.Потсетуваме, украинскиот претседател не учествуваше на разговорите меѓу Трамп и Владимир Путин на Алјаска, но американскиот лидер претходно најави можност за нова средба, овојпат и со Зеленски, доколку првиот состанок помине успешно.Од кабинетот на британскиот премиер, пак, потврдија дека Киер Стармер по самитот на Алјаска разговарал и со Трамп и со Зеленски. Утрово, тој се приклучил на заедничкиот повик со лидерите на други европски членки на НАТО.Во соопштението се додава дека Стармер наскоро повторно ќе разговара со европските лидери.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-10.42.36

Зеленски во понеделник во Вашингтон на средба со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека во понеделник ќе отпатува во Вашингтон, каде што ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.Зеленски рече дека претходно разговарал со Трамп повеќе од час и половина по телефон, откако американскиот претседател синоќа се состана со рускиот лидер Владимир Путин на Алјаска.„Во понеделник ќе разговараме за сите детали што се однесуваат на запирањето на убивањата и војната“, изјави Зеленски, додавајќи дека е „благодарен за поканата“.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.26

Трамп од „Ер форс уан“: Долг повик со Зеленски, па разговори со НАТО лидерите

Претседателскиот авион „Ер форс уан“ на Доналд Трамп се врати од Анкоридж и слета во Вашингтон околу 02:00 часот по локално време (07:00 BST), јавуваат новинарите кои патуваа со американскиот претседател.Според портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, за време на летот Трамп остварил долг телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.По слетувањето, Трамп веднаш стапил во контакт и со лидерите на НАТО, информираат од Белата куќа.

Свет | пред 5 месеци

ukraina

Русија напаѓала со 85 дронови: нов бран воздушни удари, целни региони Суми, Донецк, Чернихив и Днипропетровск

Русија ноќеска изврши масовен напад врз Украина, користејќи 85 ударни дронови и една балистичка ракета, соопшти украинското воено воздухопловство.Според официјалните податоци, целите биле области долж фронтот во регионите Суми, Донецк, Чернихив и Днипропетровск. Украинската противвоздушна одбрана успеала да собори 61 дрон.Генералштабот на украинската армија додаде дека во последните 24 часа се регистрирани вкупно 139 борбени судири по должината на фронтот.Паралелно, руското министерство за одбрана објави дека ноќеска урнало 29 украински дронови над неколку руски региони, меѓу кои и 10 над Ростовската област.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-21.55.57

ВО ЖИВО: Следете го самитот Путин-Трамп, двајцата слетаа во Алјаска

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретнат вечерва во Алјаска.Трамп веќе слета во Алјаска, придружуван од своите најблиски соработници. Во меѓувреме, на пистата се спушти и руски владин авион.Состанокот, кој се смета за еден од најважните во обидите за завршување на војната во Украина, ќе може да се следи во живо.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-21.20.08

Протести во Алјаска за поддршка на Украина пред стартот на самитот Трамп–Путин

На маргините на денешниот самит во Анкориџ, Алјаска, каде што американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин треба да разговараат за можностите за ставање крај на војната во Украина, се одржуваат протести во знак на поддршка на Киев.Демонстрантите, носејќи украински знамиња и транспаренти, порачаа дека иднината на Украина не смее да се решава без директно учество на украинските претставници.Како потсетување, украинскиот претседател Володимир Зеленски не беше поканет на денешниот состанок и повеќепати нагласил дека „никакви одлуки за Украина не смеат да се носат без Украина“.

Свет | пред 5 месеци

1681115444_zelenski

Зеленски: „На денот на преговорите, Русите исто така убиваат“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро реагираше на новите руски напади низ земјата, кои се случија токму додека американскиот претседател Доналд Трамп патува за средбата со рускиот лидер Владимир Путин на Алјаска, јавува Reuters.На својот канал на „Телеграм“, Зеленски објави дека пристигнуваат извештаи за „намерни руски удари“ врз Сумската, Днепропетровската, Запорожката, Херсонската и Донецката област.„Војната продолжува,“ порача тој. „Продолжува токму затоа што не постои само наредба, туку и сигнали дека Москва се подготвува да го заврши овој војна.“Неговата порака беше јасна: „На денот на преговорите, тие исто така убиваат. А тоа зборува многу.“Зеленски нагласи дека Украина е подготвена да работи што е можно поефикасно за да го заврши конфликтот и изрази надеж во цврста американска позиција:„Сè ќе зависи од тоа – Русите сметаат на американската моќ,“ заклучи украинскиот претседател.

Свет | пред 5 месеци

thumbs_b_c_f218f15555346570cc9780f320fca65b

Украинци пред самитот Трамп–Путин: помеѓу надежта за мир и стравот од празни ветувања

Во пресрет на клучниот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, граѓаните на Киев имаат поделени очекувања – од голема надеж за мир до длабок скептицизам, јавува CNN.ОптимиститеМеѓу оние што гледаат со оптимизам е Олесандра, која се надева на позитивен исход: „Се надевам на најдоброто. Сакам да се вратам во мирен Киев и да продолжам да живеам безбедно. Искрено верувам дека светските лидери ќе обрнат внимание на Украина, па имам големи надежи,“ вели таа.Гласови на скепсаМарја, пак, со тага зборува за состојбата на фронтот: „Сакам мир и тишина – тоа е најважно. Но гранатираат цели сиромашни области на првата линија. Толку луѓе умираат за ништо, за ништо.“Слично размислува и Оксана, која од самитот очекува само „празни ветувања“: „По неколку дена, нападите ќе продолжат како и обично. Искрено, ништо не очекувам.“Услови за мирКатерина нагласува дека приоритет е запирање на убивањата, „но под услови што се прифатливи за Украина и украинскиот народ“.ПесимиститеКостјантин изразува целосен песимизам:„Ништо не очекувам. Прво, затоа што ставот на Трамп се менува побрзо од тоа што тој може да го изговори. Второ, Путин треба да им покаже на своите граѓани дека може сè, дека знае сè и дека може да го надмудри секого. И секако, не мислам дека ќе се откажеме од нашите територии.“

Свет | пред 5 месеци

rusija

Руски војници за преговорите: Едни сакаат крај, други инсистираат на победа

Иако е невозможно да се спроведат независни анкети меѓу активни воени лица, во редовите на руската армија се издвојуваат две доминантни расположенија, пишува BBC.Војниците на првите линии на фронтот покажуваат јасни знаци на исцрпеност и фатализам.„Чув дека многу се зборува за состанокот и можниот мировен договор. Расправи со убави графики, карти и стрелки, прекрасни презентации,“ вели еден војник за BBC. „Но искрено, мене не ми е гајле што ќе договорат. Јас и моите пријатели во рововите само сакаме сè ова да заврши.“Поголемиот дел од војниците кои денес се борат во Украина биле цивили пред инвазијата во 2022 година. Некои потпишале договори со армијата привлечени од високите плати и бенефиции, а други биле мобилизирани со указот на Владата во септември истата година. Многумина се на боиштето со години, често без соодветна ротација, што довело до тешка физичка и психичка исцрпеност.Има и војници кои јавно зборуваат под свое име и испраќаат поинаква порака. Иако го признаваат заморот, тие ја нагласуваат решеноста на Русија да се бори до „конечна победа“.„Горчливо сме лути и длабоко страдаме гледајќи ги монструозните грешки и загуби што можеа да се избегнат, се обидуваме сè да поправиме и да живееме и покрај неправдата,“ вели Никита Третјаков, поранешен новинар кој сега е падобранец. „Но во суштина се приклучивме на овој војна за да ја завршиме со победа – не да ја одложуваме или да ја оставиме во наследство на нашите деца.“

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-22.09.34

Трамп: Верувам дека Путин и Зеленски можат да постигнат мир

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски можат да постигнат договор за мир, додавајќи дека утрешниот негов состанок со Путин во Алјаска е „голем и важен“ и би можел да спаси многу животи.Одговарајќи на новинарско прашање дали е подготвен да му понуди на Путин пристап до ретки минерали во замена за прекин на војната, Трамп рече дека утрешната средба е само прв чекор, а уште поважен би бил потенцијалниот втор состанок на кој би присуствувале и Путин, Зеленски, тој самиот и, можеби, европски лидери.„Ќе видиме дали можат да се договорат“, изјави Трамп, нагласувајќи дека состаноците не треба да се гледаат како „награда“ за агресорите. Тој повторно истакна дека војната никогаш немаше да започне доколку тој останеше на функцијата во 2020 година.Трамп посочи дека неговата цел во Алјаска е да постави темели за можен директен дијалог меѓу Путин и Зеленски. По изјавите, делот со прашања и одговори беше прекинат, а новинарите беа замолени да го напуштат Овалниот кабинет.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-02-19-at-18.12.15

Загриженост во Украина пред средбата Трамп–Путин: „Стравуваме од договор на наша сметка“

Претстојниот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, закажан за 15 август на Алјаска, предизвикува силни реакции и загриженост во Украина. Претседателот Володимир Зеленски во видео-обраќање порача дека „секоја одлука донесена без Украина е одлука против мирот“ и нагласи дека таквите договори нема да донесат трајно решение.Анкета на Киевскиот меѓународен институт за социологија покажува дека 76% од Украинците одлучно го одбиваат рускиот „мировен план“ и сите отстапки кон агресорот, додека 49% се против американска верзија на планот која би значела признавање на Крим како дел од Русија, задржување на окупираните територии под руска контрола и укинување на санкциите.Аналитичарите предупредуваат дека разговорите без учество на Киев и европски претставници би можеле фактички да значат капитулација на Украина. Политикологот Володимир Горбач вели дека Москва нема да ја смени својата преговарачка позиција без сериозни воени и политички порази, а преговори без притисок врз Русија се „осудени на пропаст“.Дмитро Левус од Центарот „Украински меридијан“ потсетува дека Трамп и порано се обидувал да наметне брз мир преку капитулација на Украина, но дека санкциите против Русија не можат едноставно да се укинат, бидејќи поголемиот дел од нив се воведени од Европа.Опозициската пратеничка Ирина Херашченко предупредува дека прифаќање на руска окупација би било „црвена линија“ и сигнал за неказнивост на агресијата, што би отворило пат за нови конфликти.Од владејачката партија „Слуга на народот“, пак, дел од пратениците гледаат позитивна страна – можност конечно да се види вистинската позиција на Москва, а во случај на неуспех, потенцијално воведување построги американски санкции.Експертите, сепак, сметаат дека средбата на Алјаска најверојатно ќе заврши со „разговори заради разговори“ и евентуална заедничка изјава за продолжување на дијалогот, без суштински пробив во војната меѓу Украина и Русија.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања