Британскиот премиер: Постојат реални шанси за примирје меѓу Русија и Украина
Британскиот премиер Кеир Стармер изјави дека постои „реална можност“ за прекин на огнот меѓу Русија и Украина, во пресрет на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, која ќе се одржи утре.Денешната средба меѓу британскиот и украинскиот лидер, во резиденцијата на премиерот, е внимателно координиран гест на поддршка од Обединетото Кралство за Украина, закажан само 24 часа пред самитот на Алјаска, пишува BBC.По вчерашниот заеднички разговор со други европски лидери, Зеленски и Трамп, Стармер нагласи дека мора да се заштити „територијалниот интегритет“ на Украина и дека меѓународните граници „не смеат да се менуваат со сила“.Тој додаде дека „секое примирје мора да биде трајно, а за да биде трајно мора да постојат безбедносни гаранции“, објаснувајќи: „Затоа и ја основавме оваа коалиција на волни.“Оваа коалиција, потсетува BBC, е група главно европски земји кои се обврзаа да ѝ даваат воена поддршка на Украина – вклучувајќи и можност за испраќање војници на терен – за да се спречи Русија да прекрши било кој постигнат мировен договор.Стармер истакна дека коалицијата веќе има „веродостојни“ воени планови подготвени за спроведување во случај на прекин на огнот.
Свет | пред 5 месеци