Сонце уште денес, од утре дожд
Времето денеска во претпладневните часови ќе биде со појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде од минус 1 до 7 Целзиусови степени,а дневната ќе се движи од 16 до 23 степени.Во Скопје, времето денеска претпладне ќе биде со појава на слаба маглa. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер
Македонија | пред 10 месеци