„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ВМРО-ДПМНЕ

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Предлогот за Адамовиќ е од амбасадорот именуван од СДС

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на СДСМ во врска со назначувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул на Република Северна Македонија во Србија, тврдејќи дека предлогот потекнува од амбасадорот во Белград.Од партијата наведуваат дека амбасадорот на Македонија во Србија, кој го предложил Адамовиќ, бил именуван уште во времето на владата на СДСМ и ДУИ.„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата порачаа дека СДСМ треба да разбере дека е опозиција во Македонија и дека не сакаат да се вклучуваат во, како што наведуваат, дневно-политички настани во соседна Србија.Во реакцијата се истакнува и дека споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за почесен конзул.Од СДСМ претходно отворија прашања околу изборот на Адамовиќ и побараа одговори од Владата.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryo2c9frlogitqfdH5bpC

(Видео) Според ВМРО-ДПМНЕ, сведоштвото на Катевеновски потврдува политички притисоци во правосудството

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изјави дека за време на владеењето на СДС и ДУИ судии биле разрешувани во рок од еден ден под партиски притисоци.Тој се повика на сведоштвото на поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, кој тврди дека бил разрешен откако одбил да даде позитивно мислење во судски предмет поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.Според наводите што ги изнесе Манасиевски, Катевеновски на судско рочиште посочил дека нема да даде позитивно мислење во конкретниот предмет и дека ќе разговара со своите колеги за понатамошното постапување. Само еден ден подоцна, како што тврди, Судскиот совет свикал итна седница и донел одлука за негово разрешување.Манасиевски истакна дека, според сведоштвото на Катевеновски, разрешувањето било резултат на притисоци од тогашните владејачки партии СДС и ДУИ, односно од нивните лидери Зоран Заев и Али Ахмети.Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека ваквите наводи претставуваат доказ за селективна правда и политичко влијание врз правосудниот систем во тој период. Според партијата, сведоштвата потврдуваат дека институциите биле партизирани и дека постоеле притисоци врз судии и обвинители.Манасиевски порача дека, како што рече, вакви практики повеќе нема да бидат дозволени и дека е неопходно утврдување одговорност за сите случаи на евентуални политички притисоци врз правосудството.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryt73vp3jp96ab3vWPj34

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за политички прогон и монтирани случаи во време на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ обвини за политички прогон на поранешни функционери и за, како што наведува, злоупотреба на институциите во периодот на владеење на СДСМ и ДУИ.Од партијата тврдат дека тој период бил одбележан со политички монтирани случаи, кои, според нив, се спроведувале преку обвинителството и судството, наместо врз основа на правото. Во соопштението се наведува дека одлуки се носеле по политичка нарачка, а оние што одбивале да постапуваат на таков начин биле разрешувани.Како пример се посочува поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, кој во интервју изјави дека бил разрешен откако одбил да даде позитивно мислење за предмет поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Според неговите тврдења, не постоела правна основа за поинакво постапување, а разрешувањето следувало по неговото одбивање.Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека овие наводи ја доведуваат во прашање независноста на судството во тој период и упатуваат на системски притисоци врз носителите на правосудни функции.Партијата бара сеопфатен и суштински реформски процес во правосудството, со цел враќање на довербата на граѓаните, обезбедување владеење на правото и гарантирање еднаквост пред законите, нагласувајќи дека, како што велат, одговорност мора да има.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrqjpne45cuhaewP9JM0

(Видео) Петрушевски: Да се истражи поврзаноста на Филипче и Заев со фирмата од која беа запленети 30 тони дрога

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека на виделина излегла поврзаноста на поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев со бизнисот со марихуана, по заплената на 30 тони дрога од фирмата „ЦБД Медплант“ ДОО од село Борисово, во сопственост на Тони Котев.Според Петрушевски, компанијата добила одобрение за одгледување марихуана за медицински цели во 2020 година, во период кога Филипче бил министер за здравство и кога, како што посочи, лично ги одобрувал лиценците за оваа дејност.„Во тој период Филипче е министер за здравство и тој лично ги одобрува лиценците за одгледување на марихуана, што значи дека не само што се знае и соработувал со Тони Котев, туку и му помогнал да го почне и работи овој бизнис“, изјави Петрушевски.Тој додаде дека Филипче и Заев активно се залагале за проширување на употребата на канабисот, вклучително и за лична употреба, како и за извоз на цвет од канабис. Според него, во 2023 година била изменета регулативата за одгледување канабис, што, како што тврди, отвора сомнежи за можни политички и бизнис-интереси.„Зошто во 2023 година беше променет Правилникот за одгледување канабис? Дали за да им врви бизнисот на Заев и Филипче?“, праша Петрушевски, повикувајќи го Јавното обвинителство да ја испита целокупната поврзаност на поранешните функционери со случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спинови, СДС да одговори за релацијата со фирмата од која се запленети 30 тони марихуана

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека наместо, како што наведува, „спин и манипулација“, Венко Филипче и СДС треба да одговорат за поврзаноста со сопственикот на фирмата „ЦБД Медплант“, од која, според партијата, потекнувале околу 30 тони од вкупно 40 тони запленета марихуана.Во соопштението се посочува фотографија на која, според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче е во друштво на Тони Котев, сопственик на фирмата поврзана со случајот. Од партијата тврдат дека јавноста заслужува објаснување за оваа релација, како и за, како што наведуваат, наводните партиски врски на основачите на компанијата.ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев дека во 2020 година иницирале легализација на марихуаната, а по неуспехот, според нив, се пристапило кон масовно издавање лиценци за медицински канабис. Во тој контекст, како што тврдат, струмичкиот регион станал „жариште“ на производство.Партијата се повикува и на измените на Правилникот за одгледување канабис од 2023 година, со кои била овозможена можноста за одгледување на отворено, оценувајќи дека таквата одредба е во колизија со законските решенија и со стандардите за добра производствена пракса. Според нив, доколку производот не ги исполнува тие стандарди, тој не може да се користи како легален медицински производ.ВМРО-ДПМНЕ прашува каде завршувала марихуаната која, како што наведуваат, не можела да се пласира како легален медицински производ и дали во случајот станува збор за лични или партиски интереси. Партијата го повика Јавното обвинителство, како што наведува, итно и темелно да ја испита целосната релација меѓу Заев, Филипче и фирмата „ЦБД Медплант“, како и сите околности поврзани со запленетите 30 тони марихуана, истакнувајќи дека јавноста има право на целосна транспарентност и еднаквост пред законот.

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја изработил спецификацијата за модуларните без електро-елаборат

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче ја изработил техничката спецификација за модуларните болници без соодветен елаборат за електрична енергија и без целосно почитување на безбедносните стандарди, оценувајќи дека со тоа била загрозена безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал.Партијата се повикува на, како што наведува, сведоштва на поранешната обвинителка Лејла Кадриу, за кои тврди дека „ја отвораат вистината“ за модуларната болница во Тетово, каде во пожар загинаа 14 лица. Според ВМРО-ДПМНЕ, наводите укажуваат на низа пропусти во процесот на изградба, а причинско-последичната врска со трагедијата, како што тврдат, води кон „лошо инсталирана електрична енергија“.Во соопштението се отвора и прашањето за финансирањето. ВМРО-ДПМНЕ наведува дека проектот бил финансиран со средства обезбедени преку Светска банка и посочува на тврдење дека модуларните болници чинеле околу 300.000 евра, додека за таа намена биле обезбедени 30 милиони евра. „Каде завршиле останатите пари?“, прашуваат од партијата, додавајќи дека јавноста заслужува одговори за расходувањето на средствата.ВМРО-ДПМНЕ поставува и низа прашања поврзани со документацијата и контролата, меѓу кои и зошто е составена техничката спецификација без електро-елаборат, зошто не биле почитувани безбедносните стандарди и што би покажало градежно вештачење доколку тогаш било извршено, по барање на обвинителката Кадриу.Од партијата бараат темелна истрага и целосно расчистување на сомнежите поврзани со случајот, нагласувајќи дека мора да има одговорност за пропустите што доведоа до трагедијата со 14 жртви. „Законите мора подеднакво да важат за сите. Време е правдата да излезе од фиока“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydtb5lmdv6kfj5GCo6Bg

ВМРО-ДПМНЕ: Кадриу сведочи дека била суспендирана за да не заврши „пола Влада во затвор“

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изјави дека поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, била суспендирана поради истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, при што, како што тврди, „пола Влада ќе завршела во затвор“.Манасиевски посочи дека пред поставувањето на модуларните болници бил изменет Законот за градење по итна постапка, со што овие објекти биле третирани како урбана опрема, а одобрението за нивно поставување го издавало Министерството за здравство. Според него, со ваквите измени биле заобиколени построги стандарди за градба.Тој обвини дека наместо панели со камена волна, биле користени панели со пур-пена, како и дека немало соодветен елаборат за електрична инсталација и разводна табла, што, според неговите тврдења, довело до експлозијата и пожарот во кој животот го загубија 14 лица.Манасиевски наведе и дека според изјавите на Кадриу, од предвидените 30 милиони евра за модуларните болници, за конкретниот објект биле потрошени околу 300.000 евра, поставувајќи прашање каде завршиле останатите средства.Дополнително, тој тврдеше дека модуларната болница била поставена над резервоар на бензинска пумпа, што, како што рече, можело да предизвика уште поголема трагедија.Според Манасиевски, суспензијата на обвинителката следела откако таа побарала градежно вештачење. Тој ја обвини тогашната власт за притисоци врз обвинители и судии, оценувајќи дека случајот отвора сериозни прашања за одговорноста и функционирањето на институциите во тој период.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi6vkq33n9h0ucy6tYzd

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за релацијата Заев–Филипче во случајот со 30 тони марихуана

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, тврди дека фотографија на која, според него, се гледа Венко Филипче во друштво на сопственикот на фирмата „ЦБД Медплант“, Тони Котев, упатува на директна вмешаност на Филипче во шверц со нелегална марихуана.Петрушевски посочува дека телевизискиот настап на Филипче, во кој ја негирал поврзаноста со поранешниот функционер на СДСМ и сопственик на компанијата, претставува, како што наведува, обид за манипулација на јавноста. Според него, фотографијата на која двајцата стојат заедно укажува на блиско познанство и соработка.Тој прашува зошто СДСМ и Филипче, како што вели, се вознемирени по заплената на 30 тони марихуана и дали зад тоа стои страв од евентуална инволвираност во наркотрговија. Дополнително, отвора прашања за измените на Правилникот за одгледување канабис од 2023 година и дали тие, според него, биле направени со цел олеснување на незаконски активности.Петрушевски ги повикува надлежните институции, особено Јавното обвинителство, да ја истражат поврзаноста меѓу Зоран Заев и Венко Филипче во случајот со запленетата марихуана, нагласувајќи дека јавноста има право на одговори и еднаква примена на законот за сите.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryak15htu5rbsccjBORE1

Ковачки најави генерален реизбор во ВМРО-ДПМНЕ: Отворен повик до членството

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, информира дека на првата седница на Извршниот комитет е донесена одлука за генерален реизбор на претседатели на 76 општински комитети, како и на претседателите на Унијата на ветерани, Унијата на жени и Унијата на млади сили.Во обраќање до членството, Ковачки посочи дека партијата е „жива структура“ која континуирано се развива и е отворена за нови идеи и енергија. Според него, реизборот претставува можност за илјадници членови и активисти кои имаат визија, знаење и желба да придонесат во развојот на организацијата и во креирањето политики.Тој повика на вклучување на лица со интегритет, кои ќе го обединуваат членството и ќе работат одговорно и посветено. На јавниот повик можат да се пријават сите членови на партијата најдоцна до 19 февруари, а повикот е објавен на официјалната интернет-страница на ВМРО-ДПМНЕ.„Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува“, порача Ковачки, повикувајќи на активно учество во организациските процеси и во донесувањето одлуки во партијата.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycippd0svfb8bcOjtJ44

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија на чекор до историски трговски договор со САД

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Владата ја зацврстува меѓународната позиција на државата преку заедничка изјава и рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија со Соединети Американски Држави.Од партијата наведуваат дека Македонија е на чекор до потпишување, како што го оценуваат, историски трговски договор со својот стратешки партнер. Посочуваат дека Белата куќа објавила заедничка изјава со која двете држави се согласиле да работат на договор што ќе ги зајакне билатералните економски односи и ќе обезбеди проширен пристап на извозниците до пазарите.Според ВМРО-ДПМНЕ, договорот ќе ги продлабочи трговските врски, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси и ќе поттикне економски раст, со тарифи кои не би биле повисоки од 15 проценти, а за одредени производи и нула проценти.Партијата оценува дека станува збор за значајна дипломатска придобивка и потврда за стратешкото партнерство со САД, што, како што наведуваат, претставува сигнал за стабилност, доверба и подобрени економски перспективи за државата.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi6vkq33n9h0ucy6tYzd

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања: Филипче фотографиран со сопственик на фирма поврзана со запленета дрога

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче бил во блиски односи со Тони Котев, кого го посочуваат како сопственик на фирма поврзана со случајот со запленети над 30 тони дрога.Од партијата наведуваат дека Филипче претходно изјавил дека не ги познава лицата поврзани со фирмата „ЦБД Медплант“, како и дека нема никаква врска со Котев, но тврдат дека фотографии објавени во јавноста покажуваат дека тие се познавале.ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека случајот отвора сомнежи за можна политичка поврзаност со поранешниот премиер Зоран Заев и, како што велат, „кланот Заеви“. Поставуваат прашања дали во 2023 година бил променет правилникот за одгледување канабис со цел некој да оствари финансиска корист.Партијата побара од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија да ја истражи евентуалната поврзаност на Филипче и Заев со случајот на запленета дрога, нагласувајќи дека очекуваат целосно расчистување на сите сомнежи.Од СДСМ и од посочените лица засега нема реакција на обвинувањата.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarygcjh5i2evrit5hoDSGk

Нов Извршен комитет, нови огласи и именувања во ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, информира дека вечерва се одржала првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на партијата, на која биле донесени повеќе одлуки во насока на кадровско освежување и внатрепартиска консолидација.Како што соопшти Мицкоски, Извршниот комитет одлучил да се распишат огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени и Унијата на ветерани, како и да се спроведе генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката, според него, е дел од процесот на отворање на партијата и слушање на гласот на членството.На седницата биле донесени и кадровски решенија за повеќе партиски комисии. За претседател на Комисијата за здравство е избран Сашо Клековски, за претседател на Кадровата комисија Благоја Ташаминов, за Комисијата за безбедност и одбрана Панче Тошковски, додека за претседател на Комисијата за туризам е именуван Аккан Махмут.Во рамки на истата седница, Извршниот комитет донел одлука за избор на Златко Перински за претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.Мицкоски порача дека промените се резултат на заложбата партијата да се развива, да се обновува и да гради структури кои ќе одговорат на очекувањата на членството и граѓаните, нагласувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со процесот на внатрешно јакнење како предуслов за, како што рече, „вистински избор за заедничка иднина“.

Македонија | пред 2 седмици

sjo

СЈО наместо институција за спроведување на закон, главно било собиралиште на раководството на СДС, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Ништо ново на политичката сцена кога е СДС во прашање, само информации за трошење пари на граѓаните, расипништво, непочитување на законите и Уставот, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Што е деновиве актуелно од расипништвото на СДС на кое сведочеа деновиве граѓаните?Згаснатото СЈО работеше на раб на законот, најчести гости биле Зоран Заев, Радмила Шекеринска, советници на Оливер Спасовски, главна обвинителска двојка биле Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски, буџетот се трошел за кафиња, лешници, за договори на роднини и пријатели на обвинителите од СЈО, како и на лица од СДС.Овие информации во јавноста ги пренесе, Лејла Кадриу поранешна обвинителка од згаснатото СЈО, актуелен адвокат која пак пред СЈО работела во јавното обвинителство во Тетово.Деталите говорат за тоа дека СЈО непотребно трошело милиони евра на граѓаните. За само два месеци во 2015 година биле потрошени милион евра, а за што очигледно треба да се отвори истрага.Оттука главната обвинителка на СЈО, Катица Јанева која по згаснувањето на СЈО заврши со пресуда 7 години затвор за земање мито, а минатата година доби условен отпуст со обврска да се јавува во Кривичниот суд Скопје до завршување на казната, за себе велела дека е девојка од милион долари.Главни во СЈО, според сведоштвото на Кадриу, биле Ленче Ристоска, претендент за државен јавен обвинител, и Гаврил Бубевски кој сакаше уште еден мандат во скопското јавно обвинителство.Ристоска и Бубевски во СЈО биле познати како лица кои не го почитуваат законот. Двајцата се радувале на присуството на Заев и Шекеринска во СЈО и примале од нив предмети не правејќи никаков записник. Во превод во овие предмети можел секој да земе документ и да додаде нов во секое време.Или кратко кажано, Ристоска и Бубевски само глумат професионалци.Политичкото влијание освен по присуството на лица од раководството на СДС, се гледало и преку присуство на нивни советници. Оттука СЈО наместо институција за спроведување на закон, главно било собиралиште на раководството на СДС.Не само диктати во СЈО, имало обиди и за контрола врз судството кој да биде обвинет, колку лица да бидат во обвинение и кои. А според сведоштвото на Кадриу, на Владимир Панчевски тогашниот претседател на Кривичниот суд во Скопје му креирале лажен предмет.Сега на чело на СДС е другарот на Заев, Венко Филипче кој самиот вели дека е во контакт со учителот.Дали ова СДС со Филипче ја има истата стратегија непочитување на закон и Устав, влијание врз правосудство, кражба на пари на граѓаните како што командуваше Заев?Едно е јасно, ВМРО-ДПМНЕ ќе стави крај на ваквата пракса“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykdobgsm4jilr9zopxjB

Над две третини од запленетата дрога во Струмица поврзани со фирми блиски до СДС и Заев, тврди ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска изнесе сериозни обвинувања во врска со големата заплена на дрога во струмичкиот регион, оценувајќи дека случајот по своите размери и начинот на функционирање потсетува на најмрачните периоди од светската криминална историја. Според партијата, над две третини од вкупно 27 тони запленета марихуана се поврзуваат со фирма блиска до СДС и до поранешниот премиер Зоран Заев.„Струмица како Колумбија, над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма блиска на СДС и Зоран ЗаевСкандалот со запленетата дрога во Струмица, потсетува на најмрачните периоди од светката криминална историја.Над две третини од вкупно 27 тони дрога се поврзуваат со фирма која директно води до кадри и блиски соработници на СДС и кланот Заеви.Станува збор за фирмата „ЦБД Медплант“, формално заведена на името на Христијан Котев, а фактички контролирана од неговиот татко Тони Котев -М’гчев, поранешен претседател на ОО Ново Село на СДС и човек со длабоки бизнис-врски со Вице Заев и Гидан Колев. Според наводите, во период од 30 јуни до ноември 2025 година, оваа фирма има „испорачано“ дури 19 тони марихуана кон скопска фабрика.Лиценцата за одгледување марихуана за медицински цели на овие фирми во 2020 годинија ја дава владата на Зоран Заев и Филипче. Тогаш, владата на Заев и Филипче доделила лиценци на 2 фирми, „Еко Енерџи-Космос” од Ново Село и „Лајтинг Лукс” од Струмица, во сопственост на синот на Боро Малборо и Христијан Котев гореспоменатиот.Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери.ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш предупредуваше дека лиценците не се делат по закон туку по семејна и партиска блискост со Заеви.Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа денес е тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.Која е улогата на Зоран и Вице Заев во овој случај?Зошто Заев лично се јавувал на телефони во Царинската управа и се интересирал за овој случај?Колкав процент од овој скандал профитирале кланот Заеви?Она што со години функционирало во Струмица очигледно било нарко картел со политичка заштита од СДС и Заев, по начинот на делување и однесување овој скандал потсетува на најмрачните периоди од светката криминална историја, но секој картел без разлика колку долго е заштитуван, на крај паѓа.ЈО итно да отвори целосна истрага“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryak15htu5rbsccjBORE1

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание, Драган Ковачки, вечерва гостуваше во Тема на денот на Сител телевизија при што одговори на лиферуваните лаги и манипулации со клевети изнесени во јавноста од страна на опозициската СДС, која тој ја оцени како полу распадната партија и воедно со јавноста сподели и прикажа дека го поседува највисокиот национален безбедносен сертификат – државна тајна, кој патем е издаден во времето на СДС и ДУИ.„Во делот на НАТО сертификатот она што го цело време потенцираат, јас го носам домашниот односно националниот безбедносен сертификат, ова е безбедносен сертификат државна тајна, којшто е издаден во време на СДС и на ДУИ, не е издаден во време на ВМРО-ДПМНЕ. Значи ова е највисокиот степен што постои во државата”, појасни Ковачки.Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки во продолжението обзнани дека го поседува и највисокиот НАТО сертификат, како и фактот дека е предводник на македонската делегација на седниците на НАТО парламентарното собрание и дека учествува на затворени седници на истото.„Поседувам и највисок НАТО сертификат значи учествувам и на затворени седници на НАТО парламентарното собрание каде што ја предводам македонската делегација. Така да, сите овие лаги и прават штета не само на партијата, туку и прават штета и на Македонија и мислам дека треба да престанат со вакви ад хоминем напади затоа што ако сакаат да бидат државотворна и одговорна партија мора да почнат да се занимаваат малку со креирање на политики коишто одговараат на нивното портфолио“, беше дециден Ковачки.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања