ВМРО-ДПМНЕ

media-librarynitnpmtp25v96k9jqwW

Ѓорѓиевски: Скопје се чисти за 72 часа, колку и тоа да не изгледа остварливо за поединци

Во емисијата „Стадион“ на Канал 77 денеска гостуваше кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој на самиот почеток истакна дека градот Скопје за 72 часа ќе биде исчистен колку и тоа да звучи и изгледа неостварливо.„Јас одговорно тврдам и стојам зад тоа дека за 72 часа ќе го исчистам градот, колку и тоа да не изгледа остварливо за поединци или да не сакаат да им изгледа тоа остварливо“, рече Ѓорѓиевски и додаде:„Од надмудрувања граѓаните во 21 век немаат основни хумани услови за живот, тоа нема да го дозволам јас во мојот мандат. Во Кисела Вода можете да ги прошетате сите населби, последната инвестиција ни е водоводна мрежа во населено место Стаклара каде претходно направив канализација, секаде каде недостасуваше подземна инфраструктура ја решив, нема населено место без вода за пиење и без подземна инсталација. Што подразбира тоа, 30 години требало да поминат за да дојдам јас и да го завршам тој процес“.Ѓорѓиевски истакна дека во план е набавка на 50 камиони за чистење отпад, 30 машини за перење на улиците како и 1.000 луѓе коишто ќе бидат приклучени во самиот процес на чистење.„Јас кога ќе влезам во градот Скопје ќе видите какви непродуктивни трошоци имало изминатите четири години, за првите 72 часа она што граѓаните треба да го очекуваат е да има околу 50 камиони за чистење на отпад, триесетина машини за перење на улиците и околу 1.000 луѓе коишто ќе бидат приклучени во процесот. Многу ми е едноставно во оваа кампања аргументирано да говорам затоа што имам нешто сработено позади себе, а тоа нешто е многу сериозен успех за се што сме постигнале четири години во Кисела Вода, еден од тие успеси е транспарентноста“, дециден е Ѓорѓиевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylb4grqvav3s821jfNql

СДС е петта партија во Скопје – граѓаните ја избраа промената, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека резултатите од првиот круг на локалните избори во Скопје претставуваат „убедлива победа и јасна порака за промени“.Според партијата, кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски освоил 91.663 гласа, со што, како што велат, „граѓаните го заокружија бројот 9 и избраа работа, а не флоскули“.„Оваа бројка е доказ дека скопјани сакаат проекти и резултати. Нашиот директен опонент, СДС, освои 26.737 гласови, со што нивната кандидатка Каја Шукова е дури четврти избор на граѓаните во главниот град“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Во Советот на Град Скопје, партијата исто така прогласува апсолутна победа со 81.735 гласа и 18 советници, додека СДСМ, според нив, освоила само 5 советници и 24.612 гласа, со што станува петта политичка сила во Скопје.Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат и на победите во повеќе скопски општини:во Кисела Вода – разлика од над 10.000 гласа,во Бутел – околу 7.500 гласа,во Гази Баба – над 10.000,во Ѓорче Петров – околу 7.500,во Карпош – 6.500,во Аеродром – 9.500 гласа,а во Шуто Оризари, победа со 1.400 гласа разлика.„ВМРО-ДПМНЕ ги слуша граѓаните и ги реализира нивните барања. На овие избори имаме програма која ќе ја спроведеме во сите скопски општини и во градот Скопје. Ние ветуваме работа и дела – наспроти криминалот и неспособноста на СДС“, порачуваат од партијата, повикувајќи на единство и поддршка во вториот круг на 2 ноември, „за вистинскиот избор и бројот 9“.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryf8crv55o063m8aMg0ya

Тентов: Време е во Дојран да ја заокружиме промената што ја започнавме на 19 октомври

„Дојран е скапоценост на Македонија, но таа скапоценост мора повторно да биде препознаена. Ни треба развој, ни треба визија, обединување, а тоа може да го направиме заедно“, вели Илија Тентов, кандидат за градоначалник на општина Дојран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој се обрати од денешниот настан одржан во Дојран.Тентов истакна дека со поддршката од Владата, во Дојран ќе се реализираат проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните.„На 2 ноември гласате за иднината на вашите деца, за нашето вековно езеро, за урбанизиран Дојран, почисти улици, подобар туризам, за поголеми инвестиции, за вистинска шанса младите да останат овде, во својот дом“ рече Тентов.Тентов ги повика граѓаните обединето да излезат на гласање и да го заокружат бројот 9, да го направат вистинскиот избор за сигурна иднина и развој на Дојран.„Време е да ја потврдиме победата, време е да покажеме дека Дојран стои цврсто, обединет и достоинствен. Време е да ја заокружиме промената што ја започнавме. На 2 ноември да излеземе масовно, да ја подигнеме главата гордо и да гласаме за бројот 9. За работа, за сигурност, чесност и достоинство, за иднина. Да гласаме за Дојран што ќе блесне како никогаш досега“, истакна Тентов.

Македонија | пред 3 месеци

media-library418url5l3o1e7Qyydml

Камчев: Реконструкција на водоводната мрежа и изградба на модерни забавни паркови за децата во Валандово

„Ви благодарам на поддршката којашто ја добивме во првиот круг. На 2 ноември одиме на голема победа за Валандово, за целата општина, за сите населени места“, истакна Ѓоко Камчев, кандидат за градоначалник на општина Валандово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој се обрати од денешниот настан одржан во Валандово.Камчев истакна дека во наредните 4 години ќе се реализираат важни проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните во Валандово. Тој најави реконструкција на водоводната мрежа во сите населени места како и изградба на забавни паркови за децата во сите населени места.„Ќе имаме можност да ја реализираме програмата, да го реализираме она што го ветуваме уште пред првиот круг, да ја реконструираме водоводната мрежа во сите населени места, да изградиме модерни забавни паркови за децата во сите населени места, да направиме еден вистински развој на општината, да ја придвижиме економијата“, вели Камчев.Камчев им се заблагодари на граѓаните за постигнатиот резултат во првиот круг и ги повика во вториот круг масовно да излезат на гласање и да го заокружат бројот 9 за развој на општина Валандово.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycu3jqpnduu0a4WoRjlQ

Мицкоски: Важно е да излезете да гласате, ВМРО-ДПМНЕ се бори за подобро утре на секој еден граѓанин, гласајте за 9

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот настан одржан во Конче, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.Мицкоски во својот говор се заблагодари за поддршката во првиот круг каде 33 општини избраа градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата наспроти 3 од СДСМ и ги повика граѓаните да излезат масовно и да гласаат на 2 ноември со заокружување на бројот 9.„Како ВМРО-ДПМНЕ и коалиција сакам да потенцирам и да биде јасно дека ќе се бориме за секој еден човек и дека никој нема да оставиме, дека нашата амбиција на овие избори е да имаме 59 градоначалнички места“, истакна Мицкоски.Мицкоски додаде дека на овие избори има три опции. Првата е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, втората е опцијата за оние кои 7 години ја ограбуваа и уништуваа државата и третата опција која според Мицкоски е најлоша да останат гласачите дома или да го направат ливчето неважечко и затоа ги повика граѓаните да излезат и да одлучат за нивната иднина.„Вие сте тие на кои ви должиме се, ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, доаѓа од народот и затоа поддршката од народот нас ни е најважна кога велам најважна за да ги совладаме предизвиците дома за да победиме и во Конче за да имаме повисока цена на тутунот за да имаме повисока цена на пиперките за да имаме подобар живот, услови но истовремено вашата доверба ја прават нашата позиција многу посилна надвор. Затоа што не е доволно само да победувате дома ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија, организација, и ја има честа да ги штити националните интереси на македонскиот народ. Затоа ни е потребна таа поддршка за да можеме да победуваме како што победуваме во Лондон во Рим, Брисел и насекаде во светот, без тоа се плашам дека ќе се вратиме во времето од пред 2 години кога беше друга влада која имаше две цели како да се наплати во политиката на грбот на народот, која брутално ги ограбуваше македонските граѓани и влада која не бираше средства како да го распродава националниот интерес и како да ја распродава Македонија, тоа беа 7 години, затоа ни е потребна вашата поддршка за да не се случува тоа што се случуваше. Затоа да излеземе и на 2 ноември да гласаме за број 9“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryer1sv307gkdl6XzKmi8

Ристов: Конче продолжува да се гради и развива паралелно со сите големи општини во Македонија

Златко Ристов, кандидат за градоначалник на општина Конче од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во општината, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември 2025 година. Тој се осврна на темите за младите во општината, инфраструктурата, како и неговата програма како кандидат за градоначалник на општината, која како што вели тој е изготвена да одговори на потребите на граѓаните кои живеат во општина Конче.,,Во мојата  работа како градоначалник, секогаш се водев од потребите на месното население, ги слушав вашите предлози, заеднички ги решававме сите проблеми и затоа сега имаме изградени и реконструирани патишта и улици низ сите населени места.  Уредувавме јавни простори, паркови, затоа што сакаме нашите деца да растат во чиста и  уредна средина“, рече Ристов и додаде:,,Конче ја доживеа својата ренесанса во изминатите 4 години. Конче се градеше и развиваше паралелно со сите големи општини во Македонија“.Ристов истакна дека неговата програма е веќе позната на граѓаните, и има за цел да ги реши сите нивни проблеми, а се состои и од проекти кои се од интерес на жителите на општина Конче.,,Во вториот изборен круг да излеземе масовно на избори да го направиме вистинскиот избор, за нашата општина. Нашата програма, мојата и на мојот тим на советник. Се потрудивме да стигнеме до секој еден од вас. Во неа се опфатени проекти од сите сфери“, кажа Ристов.Како што вели тој, младите во општината ќе бидат поддржани преку стипендии и еднократна помош, а во делот на спортот, ќе продолжат да се градат и реконструираат спортски терени.,,Спортот и најмладите, ќе продолжиме да градиме и реконструираме стадиони, културни домови, ќе продолжиме да ги поддржуваме најмладите преку стипендии за најдобрите ученици, еднократна помош за секој ученик кој го завршува основното образование и се запишува во средно, стипендии за најдобри студенти“, истакна Ристов.Ристов се осврна и на делот за инфраструктурата каде кажа дека ќе има реконструкција на системите за водоснабдување, а ќе се унапреди и дел од процесот за одржување на патиштата за време на зимскиот период.,,Водоводните и канализационите системи, ќе се реализираат следните: ќе извршиме реконструкција на системите за водоснабдување, во населените места Лубница, Горни Липовиќ. Дедино, Конче, Ракитец, ќе ги доизградиме системите за фекална канализација во Конче, Горни Липовиќ, Ракитец и Долни Липовиќ. До крајот на годината ќе биде испорачан камионот кипер кој што ќе биде во функција на одржување на патиштата по сите населени места, зимско одржуваме на нашите локални патишта и други потреби кои ќе произлезат од нашите граѓаните“, заклучи Ристов.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryodt12pgnq2d02CR4vGZ

Грозданов: Поддршката од граѓаните ме охрабрува да работам на тоа Кочани повторно да се исправи

Владко Грозданов, кандидат за градоначалник на општина Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во ,,Тема на денот“ на телевизија Сител. Грозданов посочи дека постигнувањето на цензусот е доказ за достоинството и чесноста на граѓаните на Кочани. Грозданов искрено им се заблагодари на своите сограѓани за поддршката, потенцирајќи дека резултатот не го воздигнува, туку го охрабрува да работи уште посилно, посвесно и почесно. Тој порача дека само преку заедништво, отворена комуникација и заедничка одговорност може да се создаде подобра иднина за сите.,,Ова е една од најтешките изборни трки во историјата на Кочани. Една трка со најголем товар, како за мене така и за моите противкандидати. Но, сепак моите кочанчани, моите сограѓани, се одважија и пред се со постигнувањето на цензусот за легитимност на изборите покажаа дека се достојни и чесни и секако со самиот резултат кој го доделија во моментот ја покажаа својата визија за иднината“, вели Грозданов.Грозданов им се заблагодари на сограѓаните за поддршката, истакнувајќи дека таа го охрабрува уште посилно и поодговорно да работи. Тој порача дека само со обединување и заедничка работа може да се обезбеди подобра иднина за Кочани.,,Со овој резултат, моите сограѓани ми дадоа една поддршка, но тоа не ме воздигнува, туку напротив ме охрабрува што посилно, попосветено, почесно да се посветам на ова. Доколку бидам избран за иден градоначалник на Кочани, заедно со нив, сплотени, чесно, одговорно, со комуникациски методи помеѓу нив, едноставно мора да се сплотиме и заедно да продолжиме сите. Претстои иднина за нашите деца, претстои иднина за Кочани. Кочани мора да се исправи“, рече Грозданов.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryo9n706kclgnhaqR9JZM

Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  денешниот настан одржан во Чучер Сандево, во рамки  на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.Мицкоски во својот говор ги повика граѓаните во вториот круг да излезат на гласање, да учествуваат во креирањето на политиките и да го заокружат бројот 9.“Би сакал да упатам неколку политички пораки за да можат граѓаните самите да донесат заклучок и одлука по кој пат ќе ја водиме државата, дали ќе ја водиме државата по патот којшто го нуди коалицијата ВМРО-ДПМНЕ или ќе се вратиме на патот којшто го гледавме 7 години, тоа бешe сосема поинаква коалиција предводена од СДСМ и ДУИ или пак третата група ќе останеме дома па ќе видиме каде ќе не води бранот ние заедно со бранот и ќе немаме можност да одлучуваме, што сметам дека е најпогрешната опција. Затоа што ако се остане дома и не се излезе на избори и не се гласа по сопствено убедување тогаш вие дозволувате друг да одлучува за вас и за вашата општина и насоката во која ќе оди државата. Мојата молба до сите жители на Чучер Сандево и генерално до сите граѓани во Македонија е да излезат првично на овие избори првиот круг таму каде што ќе се гласа и да гласаат по сопствено убедување“ нагласи Мицкоски.Мицкоски ги повика функционерите постојано да бидат достапни на граѓаните и да испорачаат резултати.„Втора работа која сакам да ја кажам е дека на овие избори во првиот круг се донесе одлука за 33 градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и тоа е бројка која е импресивна и уште во 26 општини ВМРО-ДПМНЕ се или на прво место или на второ што значи 59 општини плус Градот Скопје тоа претставува историски резултат политички но и голема обврска во смисла дека очекувањата на граѓаните се големи. Ние сме народна партија, партија која што треба да биде слуга на граѓаните на народот. Тоа значи дека нема одмор и треба да се работи секој ден во неделата бидејќи имаме многу да сработиме нема работно време се почнува рано се завршува доцна секогаш треба градоначалникот да биде достапен. Секој од избраните од народот функционери треба да биде достапен и секогаш да одговара на потребите на граѓаните. Тоа е втората порака која сакам да ја упатам“ кажа Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryns38q26n1pg82WqhqiF

Бајовски: Со нови инвестиции и поддршка од Владата, Чучер Сандево ќе се вклопи во сликата на Скопје

Зоран Бајовски, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес од населеното место Кучевишка Бара. Бајовски нагласи дека со поддршка од Владата и градот Скопје ќе се реализираат проекти за подобрување на животот во општина Чучер Сандево, меѓу кои е и инвестиција од 45 милиони денари во Кучевишка Бара за пречистителна станица, канализациска и водоводна мрежа.„Сега конечно, ги ставивме проблемите и потребите на граѓаните  на ова населено место во програма. Заедно со Владата заедно со градот Скопје, со општина Бутел, бидејќи граничиме и се препокриваме во некои делови, да ја направиме поубаво место за живеење и достојно место за живеење во делот на Скопје“, рече Бајовски.Бајовски истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ издвоила околу 45 милиони денари за проектот во Кучевишка Бара, а како што вели тој,  проектот опфаќа 13 километри примарна и секундарна мрежа, атмосферска канализација и реконструкција на водоводната мрежа, со што конечно ќе се решат клучните инфраструктурни потреби во овој дел од општината.„Тоа го покажа Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Најмногу средства во Чучер Сандево беа доделени токму за Кучевишка Бара, околу 45 милиони денари, средства од унгарскиот кредит за изградба на пречистителна станица“, кажа Бајовски и додаде:„Во тој дел во програмата е токму 13 километри примарни секундарна мрежа заедно со пречистителна станица, но и атмосферска канализација, но и коригирање на делот на водовод конкретно реконструкција на водоводната мрежа улица, и мислам конечно Кучевишка Бара ќе го добие тоа што и е потребно“.Бајовски ги повика граѓаните на Чучер-Сандево масовно да излезат на гласање во вториот изборен круг на 2 ноември и да поддржат кандидат за градоначалник од  редовите на ВМРО-ДПМНЕ со број 9.„Да го дадете гласот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ со реден број 9 и конечно и Чучер Сандево да се вклопи во сликата на Скопје како општина“, заклучи Бајовски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3r08te71nhftclSMcYi

Мицкоски до СДСМ: Предвремени избори се непотребни, но внимавајте што посакувате, може ќе ви се исполни

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето обраќање по повод Денот на македонската револуционерна борба говореше и за актуелни политички теми.Во врска со локалните избори, тој истакна дека резултатите од првиот круг, според бројот на освоени градоначалнички и советнички места го потврдија водството и поддршката за ВМРО-ДПМНЕ. Според него, тоа покажува дека народот има надеж и очекувања што партијата нема да ги изневери.Од друга страна, опозицијата, како што рече, доживеала историски дебакл и сега се охрабрува со нереални пресметки за пратенички места.„На опозицијата ќе и оставаме време да се консолидира и да размисли дали ќе се осмели да оди на предвремени избори, кои да бидам директен јас не ги посакувам и сметам дека се непотребни и дека е време за резултати и голема офанзива на секој план. Но нивната весела математика и оваа упорност со надмудрување и создавање на вештачки теми и блефови треба да добие соодветен одговор. Затоа нека внимаваат што зборуваат и што посакуваат, може и да им се оствари“, рече Мицкоски.Во врска си уставните измени, рече дека главното прашање што се наметнува е: што добиваме ние од тоа, и дали конечно е ова крајот?Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да попушти кога се во прашање интересите за македонскиот идентитет и државата.Мицкоски рече дека опозицијата е подготвена да прифати и да отстапи повеќе и дека токму преку таквите отстапки се обидува да остане дел од политичкиот живот, без да размислува за долгорочната штета по државата и идните генерации. Мицкоски нагласи дека единствената пречка за реализирање на таквите намери е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи, која, според него, ќе продолжи да се спротивставува на сите обиди за загрозување на македонскиот идентитет и државност.

Македонија | пред 3 месеци

IMG_2106ll

ВМРО-ДПМНЕ ја прозва Арсовска да каже која одлука за „Комунална хигиена“ не била изгласана од нивните советници

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ реагираше на тврдењата на градоначалничката Данела Арсовска, која утрово на социјалните мрежи напиша дека одговорноста за состојбата со ѓубрето низ Скопје е кај кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН во Советот на Градот и управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“.Од партијата нагласуваат дека сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со претпријатието биле усвоени од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Ја обвинуваат градоначалничката дека измислува криза за политичка корист.„Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласаа за сите одлуки предложени од страна на Арсовска, а кои беа поврзани со ,,Комунална хигиена”.Апелираме да каже која одлука врзана со тековното работење на претпријатието не е изгласана од советниците?“ стои во реакцијата.Од партијата додаваат дека тврдењето на Арсовска дека проблемот е намерно создаден е површна, неточна и нелогична.„Зошто ВМРО-ДПМНЕ во сред изборна кампања би го ставило Скопје во ѓубре, ако се знае дека товарот и негативата ќе одат на сметка на ВМРО-ДПМНЕ? Арсовска треба да одговори зошто не се собира ѓубрето и што се прави со парите кои граѓаните уредно ги плаќаат“, стои во соопштението од партијата.Тие побараа да се испита и кривичната одговорност на надлежните за хаосот со сметот, оценувајќи дека зад него стои тајна коалиција која четири години ја поддржуваше Арсовска.„Ова го прави некој што сака да наштети на ВМРО-ДПМНЕ во изборна кампања. Ќе дојде крајот на ова и ќе има одговорност“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryg4ljt4m26uod6GExmhs

Милошоски: Победа на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг во 33 општини, поддршката од граѓаните ни е потврдена и на локално ниво

„Во вториот круг секако ќе имаме пораст на гласови, но во секој случај тешко е да се споредуваат локални и парламентарни избори, бидејќи на локалните избори има помал процент на излезеност, а поголема фрагментација по однос на големата бројка на листи за кандидати за советници. На парламентарни избори има поголем процент на излезеност, а истовремено има помала фрагментација и национална униформирана кампања“, вели Антонијо Милошоски, член на ИК и пратеник во македонското собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју на Алсат телевизија.Милошоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо најголема победа на локалните избори досега, како и дека претставува мотив за да се продолжи со посветена работа и во иднина. Пратеникот Милошоски додаде дека во вториот круг очекува уште една голема победа и посветеност за оправдување на довербата којашто ја добиваме од граѓаните.„Ние овие локални избори ги споредуваме со локалните избори во 2021 година. Имаме пораст и во бројот на добиени советници и во бројот на добиени градоначалници. 2021 година освоивме 22 градоначалници, а сега имаме 33 градоначалници, наспроти тоа, ги имаме ДУИ со освоени само 3 градоначалници, СДСМ само 3 градоначалници и ВЛЕН како коалиционен партнер со освоени 5 градоначалници“, рече Милошоски во интервју на Алсат и додаде:„Сметаме дека како владина коалиција ја добиваме повторно поддршката којашто ни е потврдена и на локално ниво“.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryo6l0a0plns8geBmvtIx

Василевска: Гласот за Орце Ѓорѓиевски е глас за достоинство и враќање на урбаниот живот во градот Скопје

Иванка Василевска, пратеник во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисијата Аргумент+ на телевизија 24.Пратеничката Василевска посочи дека процесот на подготовки за локални избори во секоја сериозна политичка структура почнува многу порано затоа што е многу важно  што ќе добијат граѓаните како политичка понуда на претстојните локални избори.„Поддршката кон Орце Ѓорѓиевски не е само поради припадноста во ист политички субјект и иделошка, туку е и суштинска, бидејќи е докажан и којшто помина низ повеќе филтри на докажување и оттаму сум сигурна сум дека многу скоро навистина ќе почнеме да функционираме малку попристојно, нели не може преку ноќ да се случи се, но она што го очекувам  е дека ќе имаме подобрување во тој дел“, вели Василевска.Василевска  ги повика граѓаните масовно да излезат во вториот круг и да му дадат поддршка на Орце Ѓорѓиевски, за уште една голема победа и оправдување на довербата која што ја добиваме од граѓаните.„Македонските граѓани  масовно да излезат на вториот круг и да му дадат поддршка на Орце Ѓорѓиевски во Скопје, гласот за Орце Ѓорѓиевски ќе значи глас за достоинство и враќање на урбаниот живот во градот“, рече Василевска.

Македонија | пред 3 месеци

media-library2nl4kg57j6p9bzAp32I

Партијата со остро соопштение: На Арсовска ѝ посакуваме опоравување, но нејзиното неработење ја доведе Скопје до хаос

ВМРО-ДПМНЕ со остро соопштение реагираше на актуелната состојба во Град Скопје и однесувањето на градоначалничката Данела Арсовска, обвинувајќи ја дека градот се наоѓа на работ на колапс, додека таа „се занимава со театар и инфлуенсерство“.„Додека Арсовска се обидува да биде инфлуенсерка и троши време на јавни настапи, претпријатијата штрајкуваат, а вработените немаат плати“, стои во реакцијата.Од партијата додаваат дека иако нема да ја коментираат лично, посакуваат на градоначалничката добро здравје и „брзо опоравување од состојбата во која се наоѓа“. Според нив, „однесувањето на Арсовска е надвор од нејзината волја“ и покажува дека не се снајде со одговорноста што ја презеде.„Ова не е однесување кое доликува на дама, но веруваме дека ќе успее да се стабилизира. Мандатот, за среќа на сите, ѝ завршува“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението дополнително се нагласува дека Арсовска направила серија грешки, „создавајќи тензии и соработувајќи со најголемите бандити од ДУИ“, за кои, како што велат, „се зборува дека имаат влијание врз нејзиното однесување“.„Направивме грешка во проценката за неа, но тоа нема да се повтори. По нејзиниот мандат ќе следува детална ревизија на работењето во Град Скопје, за јавноста и институциите да видат кои се вистинските причини за проблемите“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 3 месеци

media-library0fva8f94o2gbezIMzHj

ВМРО-ДПМНЕ: Ако утре има избори – би освоиле над 60 пратеници

Доколку утре се одржат парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ би освоила повеќе од 60 пратенички места во Собранието, тврдат од партијата, повикувајќи се на резултатите од локалните избори и споредбата со Донтовиот модел на распределба на мандати.Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека со освоени 550 советнички места низ државата и над 300.000 гласови, партијата е „апсолутен победник“ на локалните избори и дека резултатот е јасен показател за расположението на граѓаните.„Народот го казни СДС и направи да биде на некои места низ државата, како и во градот Скопје, трета, четврта, па дури и петта партија по број на добиени гласови. Времето на работа, одговорност и резултати продолжува. Благодарност до сите кои го направија вистинскиот избор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според пресметките на партијата, ВМРО-ДПМНЕ има 12.000 гласа повеќе отколку на локалните избори во 2021 година, додека СДСМ изгубила над 111.000 гласа. „Ова е пораз кој најдобро ја отсликува недовербата на граѓаните во нивните промашени политики, неспособно владеење и неквалитетни кадри“, стои во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека партијата има најголема поддршка во 59 општини и градот Скопје, а во мнозинството од нив и апсолутно мнозинство во советите, што, како што наведуваат, е доказ дека граѓаните избрале стабилност, развој и чесно работење.„Граѓаните избраа пат на раст и развој, а не застој и пропаѓање. Со оваа поддршка, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е партија на народот, што ги слуша граѓаните и работи за нив“, се наведува во партиското соопштение.Од партијата повикуваат поддржувачите масовно да излезат и во вториот круг од локалните избори и, како што порачуваат, „да ја потврдат волјата на народот со заокружување на бројот 9 – со својот човек, за своето место, за својата иднина“.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања