Партијата со остро соопштение: На Арсовска ѝ посакуваме опоравување, но нејзиното неработење ја доведе Скопје до хаос
ВМРО-ДПМНЕ со остро соопштение реагираше на актуелната состојба во Град Скопје и однесувањето на градоначалничката Данела Арсовска, обвинувајќи ја дека градот се наоѓа на работ на колапс, додека таа „се занимава со театар и инфлуенсерство“.„Додека Арсовска се обидува да биде инфлуенсерка и троши време на јавни настапи, претпријатијата штрајкуваат, а вработените немаат плати“, стои во реакцијата.Од партијата додаваат дека иако нема да ја коментираат лично, посакуваат на градоначалничката добро здравје и „брзо опоравување од состојбата во која се наоѓа“. Според нив, „однесувањето на Арсовска е надвор од нејзината волја“ и покажува дека не се снајде со одговорноста што ја презеде.„Ова не е однесување кое доликува на дама, но веруваме дека ќе успее да се стабилизира. Мандатот, за среќа на сите, ѝ завршува“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението дополнително се нагласува дека Арсовска направила серија грешки, „создавајќи тензии и соработувајќи со најголемите бандити од ДУИ“, за кои, како што велат, „се зборува дека имаат влијание врз нејзиното однесување“.„Направивме грешка во проценката за неа, но тоа нема да се повтори. По нејзиниот мандат ќе следува детална ревизија на работењето во Град Скопје, за јавноста и институциите да видат кои се вистинските причини за проблемите“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје | пред 3 месеци