Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО-ДПМНЕ

Нема фотографија

Китески: Владеењето на СДС и нивната коалиција во Охрид е синоним за криминал и корупција

,,Во текот на вчерашниот ден од страна на ЈП Градски Гробишта против блискиот оперативец на Зечевиќ и Крлеска-Деспотоска и соработник на СДС, советник во Советот на општина Охрид и претседател на ВМРО НП, Ванчо Костоски како претходен директор на ЈП „Градски гробишта, врз основа на ЗКП на РМ поднесена е кривична пријава до ОЈО Охрид и СВР Охрид, поради основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело согласно чл. 353 од КЗ на РМ ,,Злоупотреба службена положба и овластувања.Костоски како директор на ЈП „Градски гробишта“ во повеќе наврати со склучување на договори за давање на 8 ( осум ) гробни места под старателство со трговско друштво ИВИРЕ ДООЕЛ од с. Лескоец, во 2019 година му овозможил да стекне противправна имотна корист на наведеното друштво, притоа нанесувајќи штета на претрпијатието со кое раководел.Со вака овозможеното добивање старателство на гробните места на правното лице ИВИРЕ ДООЕЛ му се пружила можност да истите ги препродава, односно да ги отстапува за финансиски надомест кој согласно сознанијата кои ги имаме е многу повисок од оној по која цена стопанисува ЈП „Градски Гробишта, а истовремено овозможено му е на правното лице и да ги подарува истите, секако како би се избегнале било какви трансакции согласно законот за платен промет. Согласно Законот за гробишта и погребални услуги ваквото постапување на пријавениот е недозволено и поради фактот што законот јасно укажува и утврдува дека гробно место може да се пренесе во старателство во оној момент кога на странката ќе му треба, односно во оној момент кога ќе има смртен случај.За овие незаконски дејствија постои документацијата од која јасно може да се утврди претходно наведеното и очекуваме во најскоро време да биде постапено по истата.Покрај ОЈО Охрид го повикуваме и началникот на Економски криминал во СВР Охрид Сашо Јанкоски, кој незаконски е поставен на тоа место во СВР Охрид без да ги исполнува условите согласно Законот за внатрешни работи и за кого во текот на вчерашниот ден слушнавме како ги партизирал институциите со негови блиски луѓе како благодарност за послушноста спрема Зечевиќ, наместо да се занимава со правење измислени оперативни извештаи лично да ја земе и сработи оваа кривична пријава.Исто така, ги повикувам и инспекторите во Економски криминал при СВР Охрид, да не подлегнуваат на притисокот од криминално поставениот началник, и да не се потпишуваат на неосновани кривични пријави само со цел да се наштети на лица кои не припаѓаат на криминалната структура на СДС, затоа што за секоја неоснована пријава поднесена од криминално поставениот началник ќе дојде време за одговорност.Наредните денови од страна на ЈП Градски Гробишта против Ванчо Костоски ќе бидат поднесени нови кривични пријави за сторена злоупотреба на службената положба и овластувања, за што јавноста ќе биде информирана.Време е во Македонија да завладее правдата и правото, а со тоа на пријавениот да му биде изречена казна според законот. Ова нека биде само почеток на тоа што следува затоа што не единствен случај и ќе го бараме истото за сите останати случаи за кои ќе биде јавноста информирана. Ваквото криминално владеење го унуштија Охрид, ги уништија јавните претпријатија и ја уништија Македонија.Никогаш не било полошо. Време е за промени, време е за ред во државата!", изјави Китески, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски едно кажува, заборава што рекол па зборува спротивно-велеше

,,Пендаровски едно кажува, па заборава што рекол, па после зборува сосема спротивно. Тоа е неговата главна карактеристика. Некои тоа го нарекуваат лажење, но во неговиот случај ние ќе речеме дека е колизија со вистината.Огромен е бројот на изјави во кои Пендаровски го негирал Стево.Еднаш велеше дека нема видено Француски предлог, за после некое време да рече дека Францускиот предлог е всушност изработен од него.Можеби Пендаровски заборава што зборувал вчера, ама граѓаните, медиумите и интернетот паметат. Ние само го соочуваме со вистината за тоа дека ставовите ги менува почесто од краватите. Можеби за Пендаровски тоа е болна вистина, но тука ние не можеме да му помогнеме. Одговорите за сите овие спротивставености Пендаровски ги должи пред себе, но и пред граѓаните и јавноста.Пендаровски го погази достоинството на функцијата, достоинството на народот и достоинството на државата. Време е за промени.", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачки: Во изборната единица 3 очекуваме масовна излезеност на граѓаните и голема победа на ВМРО-ДПМНЕ

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во своето гостување во радио Лидер зборуваше дека тој како носител на изборната единица 3 очекува голема победа, масовна излезност на граѓаните и голем пораз на власта.Да, носител на листа ќе бидам на изборната единица 3, тоа е една од поголемите изборните единици, имаме 22 општини, практично се протега од скопските општини Зелениково, Петровец, Илинден па се до крајниот исток до Берово. Сериозна изборна единица во која што очекуваме голема победа, очекуваме една масовна излезеност на граѓаните, со цел да ги поразиме овие што се на власт, рече Ковачки.Тој во текот на своето гостување порача дека понудата која ќе ја даде ВМРО-ДПМНЕ на престојните парламентарни избори ќе бидат проекти, економски развој, правда односно се она кое што го немаат граѓаните во изминатиот период.За секои избори се подготвува стратегија, се проучува противникот. Тука оружјето е зборот и понудата која што ќе ја имаме да ја дадеме на граѓаните, тоа се нови проекти, економски развој, правда, ред, поредок, практично се она што во изминатиов период го немаме, кажа Ковачки.Ковачки потсети дека власта на СДС е толку неспобна што со години не успеа да го изгради и автопатот до Охрид.Погледнете ги црните листи, погледнете го правосудството, погледнете го степенот на корупција кој што постои во Македонија и по тие параметри ќе видите кој е за ЕУ, а кој против ЕУ и направете споредба со изминатиот период. Ако некој не е во состојба да изгради еден автопат толку и толку години, јас веќе заборавив колку години се прави тој автопат до Охрид, тоа е врв на неспособноста. Она што тие го нудат во моментот е токму тоа, порача Ковачки.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева и уценетиот Јакимовски не се спасија од црната листа

,,Железната тупаница на СДС и ДУИ за политички прогон врз неистомислениците Катица Јанева стана фабрика за рекет. Проектот на СДС-СЈО се претвори во најкриминалната лакрдија овие над 3 децении независност.Ја редеа на маици СЈО, сега таа заврши на црната листа за криминал на САД.Од друга страна неформалниот коалиционен партнер на СДС, Стевчо Јакимовски кој требаше да прави политички конфликти само за да се спаси од судските случаи кои ги отворија против него, на крај спасувајќи се од судските процеси, не се спаси од црнста листа за криминал на САД.Овие две лица се вмешани во високата корупција во Македонија.Нема дилеми дека СДС заедно со ДУИ е фабрика за криминал, корупција и производство на манипулации.Сите кадри на оваа коалиција завршуваат на црнста лица на срамот и криминалот.Од друга страна симтоматично е што за овие луѓе нема сериозни процеси затоа што власта им го амнестира криминалот.Јасно е дека време е за промени.", велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: За кампањата на Пендаровски се користат државни ресурси

,,Стево Пендаровски го погази зборот по којзнае кој пат. Велеше дека нема да се користат државни ресурси во неговата кампања, за сега да бидеме сведоци дека вицепремиерот Маричиќ со службено возило дојде да се потпише за кандидатурата на Пендаровски, па дури и самиот Пендаровски се појави на промоција на проект кој нема никаква врска со неговите досегашни надлежности и искористи службено возило за да оди на отворање на штаб на СДС.Дали ова не е злоупотреба на државата за партиски цели? Дали народните пари се трошат за партиските и изборните цели?Дали и колку државни ресурси се потрошени за ангажирање на анкети и стратези за кампањата на Пендаровски?Еднаш кога веќе не си отстои на зборот, зошто јавноста би верувала на чесен збор дека не се трошени државни ресурси во претсрет на кампањата на Пендаровски и во други случаи?! Надлежните институции треба внимателно да ги следат активностите на Пендаровски, СДС и ДУИ во пресрет и за време на кампањата.Дали Пендаровски заборави за тоа што го зборуваше кога објаснуваше дека не треба да се мешаат државата и партијата?Можеби Пендаровски заборавил што зборувал, ама јавноста гледа што прави и како си ги погазува своите зборови. Пендаровски го девалвираше достоинството на народот и на Македонија. Затоа време е за промени.", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

ok-vmro-dpmne

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид: СДС треба да се сокрие и да се срами од народот

,,СДС како кумови на непотизмот, нема право да зборува за тоа, затоа што нивните огромни дрва со вработени се толку испреплетени што човек не знае од каде да почне.Во духот на чесноста и денешниот празник Прочка, читајте сега вие по ред за целосната вистина:Билјана Аврамоска, вработена во време на СДС и преземена од средно училиште во Скопје од страна на директор поставен од СДС во Охрид како дефицитарен кадар електроинженер хардвер и електроника.Споменатиот роднина Китески е Китевски и воопшто не е прв братучед на секретарот Китески.Елена Китеска со промена на власта избркана од работа по налог на Жаклина Лазаревска, 9 месец бремена и како сите останати кои беа избркани во 2017 година од образование со промена на власта во 2022 се враќани постепено на работни места.Кристина Блажеска е вработена на конкурс објавен во јуни 2021 од директорот Грданоски, кадар на СДС во време на нивната локална самоуправа.Ана Србиноска, пријавена на конкурс за 11 работни места, на кој конкурс за нејзиното работно место нема други пријавени и единствен кандидат кој исполнува услови.Тео Андоновски е вработен од 2013 година во ЈП ,,Билјанини Извори”, исто така долги години во структурите на партијата.Кирил Илоски и Катерина Илоска, исто така се вработени уште во 2013 година.Саше Најдески, претседател на статутарна правна комисија од 2017 година во ВМРО-ДПМНЕ и застапник на партијата во ОИК и ДИК и како кадар на партијата станува директор на ЈП ,,Охридски Комуналец”.Оливера Попоска, Ангела Арнаудоска и сопругата на секретарот Трифуноски е правилно, со сите законски процедури се избрани за своите позиции.Илија Арнаудовски ниту бил, ниту е претседател на било каква задница, ниту пак Месен Комитет во Велгошти.Душко Устијаноски, како што е правилно, не е шеф туку шофер на камион за подигање смет.Господо криминалци и ширачи на лажни вести од СДС.Многу имиња и презимиња погрешно ви ги кажале, но и погрешно ве информирале.Во наредните денови ќе биде запознаена јавноста со пајажините и стеблата на СДС во Охрид, по принципот не само на вработување, туку и на доделувањето на фотоволтаична централа од господинот Таче на својата сопруга.СДС денес е голем празник Прочка и убаво ќе беше да побарате извинувања и простување од народот, но вие решивте на тежок празник да ги сквернавите чувствата на народот и да изнесувате лаги и клевети.СДС треба да се сокрие и да се срами од народот, кој со години со ограбува и да знае дека за нив кои постојано грешат ќе има одговорност!", велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Охрид | пред 1 година

vmro-1

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски пола од мандатот потроши да им се допадне на бугарските негаторски кругови

,,Пендаровски Стево половина од времето потроши да им се допадне на официјалните лица во Софија. Бојко Борисов го поздравуваше со “как си љубави“, на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев јавно му се заблагодаруваше за политичката поддршка што му ја дал, а дното го достигна со изјавата “ Гоце Делчев се декларирал како Бугарин“.Очигледно на Пендаровски му беше поважно да го пофалат во Бугарија, отколку да ги заштити интересите на граѓаните во Македонија. „Љубави“, поддршката од “евродепутатот Ковачев“ и изјавата “ Гоце Делчев се декларирал како Бугарин“ нека си ги стави во отчетот за тоа што сработил во овие 5 години мандат, па може ќе му речат браво бугарските функционери и негатори на македонскиот идентитет.Пендаровски треба да знае дека беше избран за претседател и земаше плата од народните пари за да биде заштитник на македонските позиции, а не на странските. Сега пак бара мандат од оние граѓани кои ги заборави и изневери.За жал освен понижувања, менувања ставови и погазување на достоинството на народот, не видовме ништо позначајно од Пендаровски.Тој го изгуби својот кредибилитет и интегритет.Време е за промени.", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: АРМ треба да се модернизира, но набавка од 250 милиони евра пред избори не смее да има

,,АРМ треба да се модернизира, но набавка од 250 милиони евра пред избори не смее да има, идната влада треба да одлучува по тоа прашање.Купувањето на опрема за АРМ е работа која СДС и ДУИ имаа 7 години да ја прават, а не на два месеци пред избори да трошат 250 милиони евра.Набавката на хеликоптерите е процес за кој треба да одлучува новата влада по изборите, а не истрошената влада на СДС и ДУИ кои немаат план за државата.Власта не кажува како се одбрани токму тие хеликоптери и зошто транспортни, а не борбени?За набавка на опрема за АРМ треба да има јасна постапка за потребите и долгорочните цели.Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ вистински ќе вложува во Армијата, а не како СДС и ДУИ 7 години.Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски сам призна во јули 2022 година дека доколку не се прифати бугарскиот историски наратив во мешовитата комисија следи ново вето и блокада

,,Стево Пендаровски е симбол за конфузија и промена на ставови. Едно време Пендаровски уверуваше дека Kопенхашките критериуми, а не билатералните прашања и историјата ќе бидат условите за влез во Европската Унија. Но наместо тоа, тој и СДС прифатија понижувачки позиции за Македонија во кој историските толкувања на Бугарија ќе бидат клучни во детерминирањето на македонските евроинтеграции.Имено, како што и сам коментира Пендаровски, доколку членовите на мешовитата историска комисија со Бугарија не се договорат за одредена личност или настан од македонската историја, тогаш следи вето и нова блокада. Оваа изјава е дадена во јули 2022 година. Ако Пендаровски е свесен за ова, тогаш се поставува прашањето зошто прифаќа Македонија да влезе во бескрајни преговори во кои ќе биде уценувана со историската Комисија со Бугарија?Пендаровски и СДС во континуитет прифаќаат кукавички јајца во македонските евроинтеграции. Тоа е недозволиво. Со право народот вели дека немаме држава, немаме претседател и немаме институции кои ќе ги штитат националните интереси. Пендаровски го изгуби својот интегритет и кредибилитет. Тој го погази достоинството на народот и на Македонија. Затоа време е за промени", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-11-15-at-13.20.27

ВМРО-ДПМНЕ: Подизведувачи на деструктивните политики на СДС беа против точките на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

,,Денес коалицијата на Данела Арсовска, Александар Трајановски и Ирина Витина беа против градбите на градинки и спортско игралиште. Таквите подизведувачи на деструктивните политики на СДС беа против точките на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за ослободување на комуналии за градба и дограба на:1.ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром;2.Надградба на детска градинка „Изворче“ во Општина Аеродром;3.Доградба на ЈДГ „Весели Цветови“ на општина Кисела Вода во Град Скопје, објект КОКИЧЕ;4.Затворено спортско игралиште на ул.„Саса 2“ бр. бб, населба Пинтија – Општина Кисела Вода;5.Уредување на градежно земјиште за изградба на ООУ „Крсте Мисирков“ во општина Гази Баба.Ваквите деструктивни политики на пиунот на СДС и ДУИ Арсовска се продолжение на погубните политики во Град Скопје. Тие беа против парите на граѓаните да стигнат таму каде се наjпотребни, но и покрај противењето на Арсовска, Витина и Трајановски точките од мнозинството советници беа донесени", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 1 година

Igor-Nikolov

Николов: Владата на СДС и ДУИ ги изигра вработените со договор на дело во здравство и ги остави на улица

,,Владата на СДС и ДУИ на заминување, на улица остава околу илјада вработени во јавните здравствени установи.Станува збор за лица специјализирани од сите области, односно за здравствени работници кои професионално и пожртвувано биле посветени и имаат дадено огромен придонес во јавното здравство и во третманот на пациентите.Токму континуираната негрижа за кадарот и несоодветните услови за работа во комбинација со лажните и манипулативни ветувања придонесе во одредени здравствени институции да се затворат цели оддели да елементарни примери за негрижа за кадарот бидат затворање на пунктови на Итната медицинска помош, намалување на капацитетот на лабораториите, намалување на капацитет и кај вакциналните пунктови и низа други служби со што значително се отежнува пристапот до здравствените услуги.Истите овие лица се известени од менаџерите на јавните здравствените институции повеќе да не доаѓаат на работа.Пораката од Владата на СДС и ДУИ испратена до директорите на здравствените установи гласи отприлика вака: „почитувани колеги како што сте информирани до сега не ја добивме согласноста за договорите на дело, треба да ги известите вработените со договор на дело повеќе да не доаѓаат на работа”.Така, како што веќе објавија и медиумите деновиве здравствени работници со договор на дело во Здравствениот дом Скопје и на повеќе клиники и болници останаа на улица, останаа без своите работни места.Јавно прашуваме:1. Кој конкретно со име и презиме е тој што со една порака ги остава на улица здравствените работници?2. Зошто се чекаше последен момент предизборно да се најави решавање на статусот на вработените со договор на дело иако беше јасно и предупредивме дека овие ветување се нереални и манипулативно најавени?3. Како се дозволи душегрижниците од власта за се друго да изнајдат средства, освен за тие кои спасуваат човечки животи за кои што се тактизираше до последен момент. Во пет минути до дванаесет и во последен момент со една вибер порака ги оставаат луѓето на улица?Едно е јасно, оваа е пораката која им ја праќаат СДС и ДУИ на медицинските лица условно кажано како заслуга за пожртвуваноста и нивните натчовечки напори да се справат со секојдневните предизвици во здравствениот систем.Уште кога ветуваа предупредувавме дека станува збор за манипулација на овие лица и дека е една од многуте предизборни лаги сега се потврди.Многу скоро ќе ставиме крај на ваквите лоши практики и во соработка со здруженијата на здравствените работници, ќе преземеме конкретни мерки со кои на дело ќе покажеме што значи грижа за здравствените работници и за нивниот статус. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на задржување на здравствените работници во земјата, и ќе ја зајакне основата на здравствениот систем, а тоа е јавното здравство", изјави Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто царина молчи за скандал од стотици илјади евра?

Дали Богоев дозволил шверц на 1.200 кг скапи телефони? Зошто царина молчи за скандал од стотици илјади евра?Наместо Царинската управа да ја извести јавност дека полицијата во акција спречила шверц на телефони, кои поминале на нивна контрола, тоа се дознава од медиумите.Имено комбе полно со скапи телефони, т.е. со пакети тешки 1.200 кг е фатено на автопатот Петровец - Скопје откако веќе ја поминало Царината која евидентирала дека истото превезува друга стока, а не телефони.Да не била акцијата на полицијата 1.200 кг скапи телефони ќе завршеле на црниот пазар.Доколку се направи едноставна математика и се земе дека во комбето имало само 1.200 телефони, кои би се продавале по цена од 500 до 1.000 евра се доаѓа до сума од над половина милион до еден милион евра. Тоа е сериозен криминал, кој очигледно е правен во содејство со власта.Дали Царинската управа го овозможила ваквиот криминал и дали зад сето ова стои Стефан Богоев, потпретседател на СДС?Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски велеше дека не смее да се користи државен ресурс во кампањата, а користи службени коли за партиски цели

,,Стево Пендаровски е докажан во тоа, едно да зборува, а друго да прави.Тој говореше дека не смее да се меша државата со партијата и најдобар доказ за тоа било да не се користи ни најмалиот државен ресурс во кампањата за претседател.Но како што бива најчесто, Стево го демантира Пендаровски.Пред само неколку дена Стево Пендаровски беше на промоција на проектот брана Конско, проект почнат во време на ВМРО-ДПМНЕ, а завршен сега. Со други зборови овој проект нема никаква врска со Пендаровски и неговата функција претседател. Но злоупотребата не е само во тоа. По завршувањето на настанот, како што регистрирале медиумите, тој со службеното возило се упатил во Струмица на партиски настан на СДС.Знае ли Стево што е мешање на партија и држава?Дали за Стево Пендаровски сега е нормално тоа што вицепремиерот Маричиќ дојде со службен автомобил да се потпише за поддршка на неговата кандидатура за претседател? Ако Пендаровски заборавил ние ќе го потсетиме што зборувал порано, а што прави сега.Наместо параноично тој и СДС да бараат виновници и да се пресметуваат со критичари, најдобро би било да почнат да даваат одговори на јавноста. Не треба да бегаат од вистината. Граѓаните гледаат и можат да проценат сами.Пендаровски го погази достоинството на народот и на Македонија. Затоа време е за промени", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ прво ги бркаа медицинските лица од државава, а сега од работа дома

,,И последните денови на владеењето на СДС и ДУИ поминуваат во лаги, манипулации, како и брутална негрижа за здравството и здравствените работници.Пред Нова година им ветуваа вработување на сите лица во здравството кои беа со договор на дело, па ги оставија во неизвесност на почеток на годинава, за сега во март да им кажат „седете дома, нема согласност за вашите вработувања“.ВМРО-ДПМНЕ за ова предупредуваше уште минатата година, Владата на СДС и ДУИ си поигруваше со здравствените работници, за сега во март да им се заблагодари со наредба „седете дома“.Народски кажано овие здравствени работници Владата на СДС и ДУИ ги остави на улица, за сега лажно да им ветува дека по избори ќе им го решеле статусот, ќе ги вработеле на неопределено. Што правеа СДС и ДУИ седум години освен што го опустошија здравството, избркаа голем дел од медицинските лица надвор од државава?!ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе стави крај на ваквата лоша пракса и ќе покаже што значи грижа за здравствените лица и здравствениот систем воопшто", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Стоилковски: Со право народот вели дека со Пендаровски како претседател немаме држава

Нападите на СДС се секојдневни, но се празни флоскули бидејќи немаат што да понудат, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање запрашан за секојдневните напади кои што Социјалдемократскиот сојуз ги упатува кон кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.Стоилковски посочи дека единствено што СДС можат да кажат е за нивниот претседателски кандидат, Стево Пендаровски да го повторат ставот на ВМРО-ДПМНЕ, но и на пошироката јавност, дека во неговиот претседателски мандат ги погази достоинството на Македонија и на македонските граѓани.„Она што тие можат да го кажат за Стево Пендаровски е да го повторат нашиот став кој е познат на јавноста и кој што го доживува јавноста, а тоа е дека Стево Пендаровски го погази достоинството на Македонија и на граѓаните. Забораваат колку брзо менуваше ставови и по однос, да речеме, за промена на уставот или за прифаќањето на бугарскиот договор. Со право народот вели дека немаме држава со Пендаровски како претседател со кој што секој ден, Македонија ја има се помалку и помалку“, рече Стоилковски.И затоа, додаде Стоилковски, време е промени, време е да ја вратиме Македонија

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања