ВМРО-ДПМНЕ

Нема фотографија

Јаневска: Финансиска помош за основците и средношколците нема од декември

,,Со оглед на тоа дека се ближат избори и веројатно изјавата на Пендаровски дека офицерите не смеат да реагираат и на штипење и изјавата на Ковачевски дека го нема Артан Груби да го крене микрофонот многу повеќе ја брануваат јавноста од настаните во образованието. Но она што се случува во образованието секако е многу поважно од гафовите или смислените изјави на овие двајца политичари во заминување.Ќе почнам со информацијата дека финансиската помош за учениците од основно образование е исплатено за декември, а денес е 13-ти март, а за средношколците не е исплатена ниту за декември.Студентите бараат навремени исплати на стипендиите, дигитализација на универзитетите и замислете лифтовите да функционираат.Во Тетово токму сега им текнало да го преименуваат текстилното училиште од „Гоце Стојчевски“ во „Кард Гега“.Одредени училишта со одредени директори токму сега одлучија да ги одведат учениците во посета на претседателот Пендаровски иако имаат можност да ги одведат и во Собрание. Злоупотреба? Одлучете сами.Наставници реагираат дека ученици не одат на настава поради рамазанските пости. Во секуларна држава ученици не одат на настава заради верски обврски? Министре, претпоследни се на ПИСА, сакате да бидат последни?Родители се жалат дека учениците со попреченост и посебни образовни потреби се занемарени и дискриминирани во регуларните паралелки. Ниту се интегрирани во одделението, ниту поедини наставници им обрнуваат внимание. Ги обучивте наставниците, колку пари потрошивте?Регионалниот центар за средно стручно образование во Куманово 4 години спроведува онлајн настава. На пример фармацевт годинава завршува средно стручно образование во Регионален центар за средно стручно образование кој нема клупи, столчиња и табли, а не пак лаборатории. Министре знаете?Дополнително Ви ја споделувам информацијата која вели дека едно училиште од Куманово дозволило 6 дневна екскурзија на наставничките по повод 8 Март. Шест дена децата губат настава и нормално е родителите да реагираат. Се прашувам по кој закон и кој дозволил вакво нешто. На 8 Март во 12 часот јас лично ги видов вработените од МОН како со куферчиња и патни торби чекаат автобус да ги носи на прослава. Го прашувам министерот Шаќири кој ја плати екскурзијата во Струга и дали со тие средства, дури и да биле спонзорство не можеше да докупи барем уште една смарт табла, а според бројот на дамите кои ги видов пред МОН можел да купи многу повеќе од една.После се министре Шаќири, Ве прашувам дали е вистина дека висок службеник во МОН (патем кадар на СДСМ) ги повикува вработените и ги прашува за кого ќе гласаат. Ако е вистина што преземавте во врска со тоа?Повторувам, висок службеник прашува вработени за кого ќе гласаат, шеф свои подредени. Вистина ли е?Доволно е, нема повеќе да набројувам.Навистина се ближат избори и добро е, зошто со вакво образование не последни во регионот и во Европа, ќе станеме последни во светот.Министре се уште сте министер и наближувањето на изборите не Ве амнестира од одговорноста. Уште малку почитувани, само уште малку.Важно е да имаме силно образование и ќе го имаме", изјави Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Стоилковски: Во неполни 20 дена Филев директор на ЦСР Радовиш, два пати е апсен, сега пијан нападнал полицајци

,,Директорот на ЦСР од Радовиш, Александар Филев кој што е од СДС, и којшто пред 20 дена во Штип беше уапсен заради трговија со дрога, на 8 март бил уапсен заради алкохолизам и насилство врз полицајци среде полициска станица.Според полициски извори, на 8 март во 19.45 во полицијата во Радовиш е приведен Александар Филев, директор на ЦСР Радовиш, видно алкохолизиран, заради нарушување на јавен ред и мир, а во полициската станица се заканувал на двајца полицајци и кон нивните семејства, па е лишен од слобода заради дело Загрозување на сигурност по член 144 став 3 од КЗ.Истиот дирекот на ЦСР Радовиш, истиот Филев од Радовиш, пред само 20 дена во Штип беше уапсен од полиција за недозволена трговија со дрога, а кај него била најдена опојна дрога.Почитувани Александар Филев е директор на ЦСР од декември 2023-та година, по избор на Јована Тренчевска функционер од СДС и по избор на СДС чијшто член и поддржувач е Филев.Ова е втор тежок инцидент на Филев, Директор на ЦСР Радовиш за два месеци. Во неполни 20 дена, Александар Филев директор од СДС, е апсен, прво заради дрога, втор пат алкохолизиран и нападнал полицајци среде полициска станица.Ова е срамно. Едно е дали СДС има потреба од ликови како Филев со кои можеби сака да врши изборен поткуп и злоупотреба на ЦСР, но ЦСР е пресериозна институција и со неа да раководи човек апсен со дрога или алкохолизиран насилник, па дури и да е од СДС и во предизборен период.Оттука, во интерес на зачувување на дигнитетот на Центрите за СР, во интерес на лицата коишто користат услуги на ЦСР, но и во интерес на Македонија, го повикуваме Министерството за труд и социјални работи, под итно да преземе соодветни мерки и да го разреши и отстрани Александар Филев од ЦСР Радовиш до расчистување на случаите.Ниеден процес како Техничка влада или изборни правила не смее да е над правата на корисниците на услугите на Ц-те за СР, но и вработените во ЦСР, да бидат водени и одлуки за нив да носи лице со проблеми со зависности од дрога и алкохол како што е можно да е Александар Филев од СДС Радовиш.Никогаш не било полошо, време е за промена", вели Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Ставот на Пендаровски е како пластелин, под притисок се менува

,,Ставот на Пендаровски Стево е како пластелин, малку бугарски притисок и одма се смени.Ај што велеше дека „ван памет“ било да се менува Уставот, па уште и тврдеше дека ставот на Бугарија за промена на Уставот е мешање во внатрешните работи на Македонија.Пораките од Софија да се смени Уставот, па да почнат разговорите, според Пендаровски едно време беа преседан од невидени размери.Арно ама пластелин ставот на Пендаровски се смени, за жал на штета на македонските национални и државните интереси. Според неговите лични оценки, Пендаровски дозволи невиден преседан и мешање во внатрешните работи на Македонија. Тој беше избран и зема плата за да ги штити интересите на Македонија и суверенитетот и интегритетот на државата како негови уставни надлежности, ама ги заборави.Стево Пендаровски го погази достоинството на Македонија и на граѓаните. Брзо заборави што говореше и го смени ставот за 180 степени. Одеднаш стана главен поборник за промена на Уставот по барање и притисок на Бугарија. Со право народот вели дека немаме држава, со Пендаровски како претседател секој ден ја губиме, време е да ја вратиме", изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Активистот на СДС и директор од Радовиш Александар Филев, овој пат, во алкохолизирана состојба нападна полицајци

,,Александар Филев, директор на меѓуопштинскиот центар за социјални работи, кој минатиот месец, во Штип беше фатен и приведен од полицијата, за недозволена трговија со дрога, повторно со нов испад, овој пат со напад на полицајци, во алкохолизирана состојба, во полициската станица во Радовиш.На 08.03.2024 година во 19:15 часот во ПС Радовиш, е приведено лицето Филев Александар, актуелен директор на ЦСР Радовиш, во врска со пријавен настан за нарушен јавен ред и мир, кој бил видно под дејство на алкохол и во ПС Радовиш, упатил закани, кон двајца полициски службеници, како и кон нивните фамилии и во 20:00 часот е лишен од слобода, за кривично дело, загрозување на сигурноста, по член 144, став 3 од КЗ.Александар Филев е учесник и поддржувач на партиските активности на СДС, а како доказ за тоа, се многуте фотографии, на кој Филев е заедно со највисоките функционери на СДС, на социјалните мрежи.Ова ли се кадрите на СДС, со кои Македонија ќе ја внесува во ЕУ?Со помош на вакви кадри, СДС направи хаос во последните 7 години, каде Македонија ја направија бесправна и нефункционална држава.Народот ќе си ја врати државата на 8-ми мај, кој народ, со право во моментов мисли дека ја нема.Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Митева: Нов концепт за образованието, нови наставни програми и инвестиции за развој

,,Погрешната и девастирачка политика на СДС и ДУИ во овој момент води само до избори. А, за избори покрај реалноста која потврдува дека во Македонија никогаш не било полошо, ВМРО-ДПМНЕ нуди нова шанса за подобра иднина.Новиот концепт за развој на образованието е нов развоен модел кој подразбира инвестиции во основното, средното и високото образование.Во процесот на реорганизација на Владата каде што планираме фундаментални реформи кои ќе одговорат на современите текови, претшколската едукација односно градинките ќе ги вратиме онаму каде што припаѓаат, во рамките на министерството за образование и наука. Понатаму, новиот концепт за развој на образованието предвидува мотивација на наставниот кадар односно за секој оној наставно образовен кадар на високо образовните институции кој што ќе објави труд во списание со фактор на влијание, тогаш следната година државата ќе одвои дополнителни 50% секој месец за неговата плата. Дополнително, како идна влада ветуваме дека политиките во ресорот образование ќе овозможат Македонија да има најмалку еден универзитет на Шангајска листа меѓу првите илјада, како и секое дете да има учебник. Исто така, ќе воведеме нови наставни програми за учениците, а ќе отвориме и три регионални центри за средно стручно образование. Конечно ќе ги изградиме ФИНКИ и ФФК и ќе ги подобриме условите во студентските домови кои со власта на СДС и ДУИ станаа симбол на нехуманост и катастрофални услови.СДС и ДУИ го урнисаа образованието. Затоа важно е да ги поразиме, и време е за промени", вели Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема решавање на статусот на вработените со договор на дело во здравството

„Почитувани колеги како што сте информирани до сега не ја добивме согласноста за договорите на дело. Треба да ги известите вработените со договор на дело од утре да не доаѓаат на работа”, оваа „честитка“ упатена од Владата на СДС и ДУИ е пратена до директорите на здравствените установи кои добиле задолжение да ги информираат своите вработени,,Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по помпезните најави за вработување кадар со договор на дело предупреди дека се предизборно и манипулативно најавени и се уште едно во низата лажни ветувања кон здравствениот кадар дадени од оваа Влада.Па така, деновиве здравствени работници со договор на дело во Здравствениот дом Скопје и на скопските клиники останаа без своите работни места, како заслуга за пожртвуваноста и нивните натчовечки напори да се справат со секојдневните предизвици во здравствениот систем.ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже што значи вистинска грижа за медицинскиот кадар давајќи фокус на унапредување на статусот на здравствените работници и нивно задржување во Македонија", велат од ВМРО-ДДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не можат фабрика за пластични детски автомобили да донесат, а не пак за електрични

,,СДС не можат фабрика за пластични детски автомобили да донесат, а не пак за електрични, се покажа колку се кадарни.Лагата за фабриката за електрични возила во Тетово испука како пренапумпан балон.Ниту фабрика, има, ниту автомобили, само потрошени народни пари за промоција за некаков инвеститор.Од фабриката за автомобили покрај најавите, бината и лопатите остана и ветената државна помош, која власта во неколку наврати ја ветува, и за која ако е исплатена ќе следи одговорност.СДС се што правеше 7 години е само уназадување на државата, една инвестиција не донесоа, државата со нив само тоне. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Економска катастрофа, раст од само 1%, а јавниот долг надмина 62% од БДП

,,Државниот завод за статистика ги објави податоците за бруто домашниот производ за 2023 година и резултатите се катастрофални.Владата на СДС/ДУИ во 2023 година:·Оствари само 1% економски раст, а планираа од 2,9%. Три пати понизок. Црна Гора (6,6%), Албанија (3,5%), Хрватска (2,8%) и Србија (2,5%) забележаа значајно повисоки стапки на економски раст.·Остварија пад од 17% на бруто-инвестициите, а планираа раст од 5%.·Остварија огромен буџетски дефицит од 4,9% од БДП, а планираа 4,6% од БДП. Длабоко го прекршија фискалното правило за буџетски дефицит од 3% од БДП кое стои во Закон и тоа втора година по ред.·Јавниот долг со новите податоци на БДП изнесува 62,1% од БДП на крајот од 2023 година, и ја надмина психолошката и прифатлива граница од 60%.Македонија е во стагфлација, а оваа власт не фрли во должничко ропство.Оставаат опасна економска катастрофа.Оставаат и 1,8 милијарди евра обврски за плаќање на камати во наредните 5 години, или 360 милиони евра годишно, пари со кои можеа да се изградат патишта, училишта, градинки, да се зголемат плати, пензии. Оставаат јавен долг за 8,5 милијарди евра (за 3,8 милијарди го зголемија). А, просечниот економски раст за нивно владеење од 2017-2023 година е само 1,6%. За што се потрошија парите на граѓаните и бизнисите? Допрва ќе има одговори и одговорности", изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека директорот хармоникаш пее и лумпува по кафани во РЕК Битола се случува тотален колапс

,,Тотален колапс на енергетскиот систем во Македонија со оваа криминална власт на ДУИ и СДС. Трите блока во РЕК Битола се надвор од мрежа и не произведуваат електрична енергија.Наместо производство на струја од РЕК Битола, државата е доведена да увезува скапа струја, се со цел да не дојде до поголема хаварија на постројките без внатрешно напојување.Додека се случуваа оваа хаварија во РЕК, директорот си ја работи својата вистинска професија свирејќи на хармоника и лумпувајќи по кафани. Ова е вистинската слика во енергетскиот систем - кога музикант ќе го поставите за директор на најголемиот енергетски субјект во државата - колапс.Криминалната власт на ДУИ и СДС треба да им одговори на граѓаните:Дали на повидок е нов криминален тендер за санација на штетите во РЕК Битола?Колку ќе платат граѓаните за набавената скапа интервентна електрична енергија за да функционира енергетскиот систем, додека се вон функција се Блок 1,2,3?Колку чини неработењето на аматерскиот менаџерски тим дојден во РЕК Битола ако се знае дека во последните 20 дена имало повеќе од 5 вклучувања, а едно вклучување е околу 500.000 евра?Дали свесно, власта на ДУИ и СДС сака да го уништи РЕК Битола?За ваквиот хаос и колапс во енергетскиот систем, за целиот криминал направен во РЕК Битола, за минимумот во хидро - потенцијалот, за хакерските напади во МЕПСО, за нефункционалноста и лошото ремонтирање на другите производствени капацитети за производство на електрична енергија, многу скоро ќе има одговорност.Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски пред избори викаше дека ќе го слуша народот

,,Стево Пендаровски пред да го изберат за претседател говореше дека имал обичај да го слуша народот, оти од народот сакал да чуе што треба да се прави. Но Стево не би бил Стево ако сам себе не се демантира или ако не прави обратно од тоа што го кажува. Откако стапи на функцијата претседател тој заборави да го слуша народот, па уште и отиде до таму што почна арогантно да му наредува.Имено тој јавно кажа дека ги игнорира сигналите од електоратот, и посочи дека функционерите меѓу кои и тој самиот треба да му кажуваат на народот и не треба да се прашуваат граѓаните. Ова скандалозно гледиште на Пендаровски говори за неговиот демократски капацитет, но во исто време и за хипокризијата. Само не знаеме со кој образ сега повторно ќе излезе на избори да ја бара довербата од граѓаните.Пендаровски со ваквите изјави го изгуби целосно својот кредибилитет и интегритет. Тој во исто време со своите политики и однесување го погази достоинството на народот и на Македонија. Време е за промени", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Од денес во РЕК Битола не се произведува електрична енергија

„Надвор од мрежа се трите блокови по тешка хаварија во котелскиот дел на БЛОК 3 која се случила вечерва, а веќе подолг период по тешките хавари надвор од мрежа се Блок 1 и Блок 2.Денес, најголемиот производител на електрична енергија, стожерот на македонската енергетика е паднат на колена и наместо да произведува, троши скапа увозна струја со цел да не дојде поголема хаварија на постројките кои остануваат без внатрешно напојување! Во текот на ноќта испаднал БЛОК 3 по хаварија во котелскиот дел од електраната , кој подолго време бил експлоатиран со технички проблеми поради несоодветниот скап увозен јаглен. Дали повторно станува збор за огромна хаварија по која Блокот беше забетониран и надвор од мрежа повеќе месеци? Дали повторно ќе плаќаме милионски суми за санација на последиците се само дел од одговорите кои ги чекаме од менаџерскиот тим, кој вчера вечер се забавуваше во хотелот Молика пеејќи песни. Дали ваквото дилетанско, неодговорно, клептоманско и мафијашко управување со енергетските објекти е дел од планираното сценарио на СДСМ најавено како зелена енергетска стратегија и престанок на работа на РЕК Битола? Дали СДС успеа во својот план конечно да го запре производството во РЕК Битола со тоа што ги уништи 3 блока?!Колку ќе ги чини граѓаните увозот на електрична енергија, колку чини секој испад, поради нестручноста при санацијата? Колку чини неработењето на аматерскиот менаџерски тим дојден во РЕК Битола ако знаеме дека во последните 20 дена имало повеќе од 5 вклучувања, а едно вклучување е околу 500 000 евра? Бидејќи повеќе од 50% од домашното производство на електрична енергија во земјава доаѓа од РЕК Битола, повеќе од јасно е дека по најновата хаварија ќе мора да се изврши интервентен увоз на електрична енергија, а цехот на крајот ќе го платат граѓаните.Сериозноста на состојба е уште поголема ако знаеме дека надвор од функција се и другите производствени капацитети поради лошо ремонтирање и одржување, а хидро-потенцијалот речиси на минимум. Згора на сѐ, МЕПСО е под хакерски напад и не знаеме како ги управува постројките во електроенергетскиот систем. Раководствата на Електрани на Македонија, РЕК Битола и МЕПСО мора да понесат одговорност!Во интерес на навремено информирање, бараме Владата во заминување веднаш да го разреши најнеспособното раководство на ЕСМ, да се поведе истрага и да се казнат виновниците со цел да не се дозволи прикривање на доказите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

vmro-1

ВМРО-ДПМНЕ: Стратешката инвестиција на Ковачевски и екипата за фабрика за електрични автомобили пукна како балон

„Димитар Ковачевски, Јован Деспотовски, Али Ахмети, Талат Џафери, Артан Груби, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими и речиси цела влада беа наредени со лопати во рака во август месец 2022 година во Тетово и на фанфари најавуваа стратешка инвестиција- фабрика за електрични автомобили. Две години потоа, силно најавуваната инвестиција со 900 високо платени работни места издиша како балон. Официјално пропадна проектот на Некст.Е.Го Мобиле која има партнер во Македонија, а тоа е фирмата „Еколог“, чиј менаџмент јавноста го смета за близок до ДУИ.Најавуваа почеток на градба на фабриката во рок од 6 до 8 недели, а производството требаше да почне оваа година со 30.000 автомобили на годишно ниво. Па зборуваа за ефект на снежна топка кој требало да донесе други инвеститори. Не 8 туку 80 недели поминаа, а фабриката никаде ја немаше. Истите што фрлаа лопати и се фалеа, почнаа невешто да се вадат дека се спојуваат парцели, па урбанистички планови, па катастарски лавиринти, за на крај сега да стане јасно дека ја лажеле јавноста. Оваа власт е неспособна да привлече инвеститори, ама тоа наместо да го признаат, се обидуваат да го прикријат со вакви потемкини села. Државата дури и се обврза да ги помогне со народни пари, а според информациите во јавноста во извештајот на Комисијата за заштита на конкуренцијата било нотирано одобрување на државна помош од 42.585.856 милиони евра.Ај што нема ни инвестиција, ни бутур, ај што потрошија пари за помпезна прослава за фрлање лопати во една дупка, туку барем оваа одобрена државна помош барем да не ја изело помрачина. Премногу лажеше оваа власт на ДУИ и СДС за овој случај за да им се верува на „чесен збор“. Впрочем Власта треба да одговори зошто на толкаво одложување пред само два месеци, на пет дена пред Новата 2024 година Владата на ДУИ и СДС дала согласност Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони да потпише анекс кон договорот за доделување државна помош склучен со инвеститорот „Некст.е.ГО мобиле“ во август 2022 година? Кога веќе цели две години нема ништо друго освен едната дупка на ливадата близу Тетово, зошто бил склучуван овој анекс?ВМРО-ДПМНЕ не е финансиска полиција ниту било која друга надлежна институција која треба да испитува сомнежи за криминал. Ако СДС како партија прават и правеле увиди во документи и експресно судат врз основа на методи на преки суд, тогаш тоа говори за нивното познавање на правната држава и владеењето на правото. Ние ги повикуваме органите на државата детално и суштински да се позанимаваат со овој случај, а не само површно, и да проверат дали и колку е оштетена Македонија од оваа „голема инвестиција“ која пукна како меур од сапуница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски срамно му припиша бугарско етничко потекло на Гоце Делчев

„Нема кој не ја слушна срамната изјава на Стево Пендаровски дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин. Тој тоа го направи на своја рака, без никаква консултација со експертите и историчарите. Правејќи се голем авторитет, лекомислениот и кусогледиот Пендаровски им наштети на македонските позиции. Неговата изјава експресно се прошири во Софија, особено во негаторските кругови и истата беше користена како аргумент.Пендаровски постапи како да е член на историската комисија, ама од бугарската страна. Неговата катастрофална изјава нанесе невидена штета. Оваа изјава со која Пендаровски си зема право да му дава бугарско етничко потекло на Гоце Делчев по ништо не се разликува од ставовите на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Овој човек кој важи за еден од најголемите негатори на македонскиот идентитет му давал политичка поддршка на Стево Пендаровски во 2019 година (според личното признание на Пендаровски).Дали Пендаровски за да му се заблагодари на Ковачев за политичката поддршка ја даде оваа штетна изјава дека Гоце Делчев е Бугарин?Дали Пендаровски овој став за Гоце Делчев го стекнал контактирајќи со Андреј Ковачев ? Знае ли Пендаровски дека оваа изјава е една од многуте негови стратешки грешки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе обезбедиме учебник за секој основец

„Во областа на образованието ВМРО-ДПМНЕ има неколку приоритети, меѓу кои главно е учебник за секој ученик во основното образование навреме. Оваа влада на СДС и ДУИ наместо конкуренција на концепти за образование, правеше натпревар кој поголема провизија да земе од печатењето на учебници, а резултат беше учениците да немаат учебник.Освен што не обезбедија учебници за секој ученик го урнисаа образовниот систем, па така немаме мотивирани наставници кои имаат трудови со импакт фактор, немаме ни универзитети меѓу првите илјада на Шангајска листа. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ова ќе го промени.Прво, потребно е да се поработи на мотивација на наставно образованиот кадар. Тоа ќе се направи на тој начин со тоа што секој оној наставно образовен кадар на високо образовните институции кој што ќе објави труд во списание со фактор на влијание, а тоа списание е дел од индексираната база „Томсон Ројтерс“ позната во науката како „web of science“ тогаш следната година државата ќе одвои дополнителни 50% секој месец за неговата плата.Второ, ќе направиме се за да има универзитет меѓу првите илјада на Шангајската листа. За ова потребни се два столба, еден државата да инвестира на пример во околина, услови за научно функционирање, опрема и слично, втор столб е обврска за наставниот кадар е да објавуваат трудови индексирани со висок фактор на влијание“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пешевска за 8ми март со порака до жените: Не застанувајте и не се откажувајте

„Ние – жените сме непоколебливо решителни кога треба да се надминат пречките, затоа што умееме да се прилагодиме, иновативни сме во сите животни ситуации, посветени и секогаш подготвени да се подобруваме самите себе.Солидарноста, отворениот дијалог, меѓусебната поддршка и соработка се одлични можности за да го промениме светот во кој живееме.Мојата порака до секоја една жена е:Пред да зачекорите кон животните цели, имајте на ум дека ќе наидете на многу пречки, проблеми и неуспеси.Не застанувајте и не се откажувајте, туку на секој неуспех гледајте како на нова можност утре да бидете подобри.Никогаш не се сомневајте во вашите способности!Вие сте родени за да успеете, затоа што сте ЖЕНИ!Следете го сопствениот инстинкт и чекорите храбро и одлучно кон промените.Да го славиме секој наш успех, да си бидеме инспирација едни на други и заедно да ја градиме иднината во која еднаквоста и еднаквите можности ќе бидат реалност.Среќен меѓународен ден на жените“ , изјави Пешевска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања