Сончево и многу топло: Температурите до 40 степени, во Скопје до 39
Македонија ја очекува уште еден многу топол ден, со температури кои на места ќе достигнат до 40 степени. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а долж Повардарието повремено ќе дува засилен северен ветер.Минималните температури ќе се движат од 14 до 20 степени, додека максималните ќе достигнат од 35 до 40 степени.Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 21 до максимални 39
Македонија | пред 1 месец