Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Пет држави го блокираа планот на НАТО за помош на Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
Screenshot-2022-02-26-at-23.58.02

Велика Британија и Франција биле меѓу земјите што го блокирале предлогот членките на НАТО да издвојуваат 0,25 проценти од својот БДП за воена помош за Украина, објави „Телеграф“.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оваа недела призна дека неговиот план нема да добие поддршка од сите сојузници, но не ги именува државите што се спротивставиле.

— реклама —

Според британскиот весник, покрај Лондон и Париз, против предлогот биле и Шпанија, Италија и Канада.

Планот требало да биде разгледан пред претстојниот самит на НАТО во Вашингтон, а Руте сакал тој да стане јасен сигнал за засилена поддршка за Киев.

— реклама —

Извор од Алијансата изјавил дека најмалку седум членки го поддржале предлогот, но за усвојување на одлуките во НАТО е потребен консензус од сите држави.

— реклама —

Според податоците на Институтот Кил, земји како Холандија, Полска и нордиските и балтичките држави веќе издвојуваат најмалку 0,25 проценти од БДП за Украина.

Марк Руте изјавил дека помошта за Украина „не е рамномерно распределена“ и дека дел од сојузниците не придонесуваат доволно.

Во текстот се наведува и дека Велика Британија се соочила со критики откако делумно ги ублажила санкциите за руска нафта и гас поради состојбата на Блискиот Исток.

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, според написот, ја намалил директната американска помош за Украина и се насочил кон продажба на оружје што би го финансирале европските сојузници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2022-02-26-at-23.58.02

НАТО го предупредил Зеленски: Трамп може да ги запре испораките на американско оружје

Свет | пред 3 дена

— реклама —
nato-zastava

НАТО ја започна годишната нуклеарна вежба „Steadfast Noon“ со учество на 17 земји

Свет | пред 1 седмица

eTBu5c0GVL-haos-vo-nato-amerika-im-zabrani-na-turskite-piloti-da-letaat-so-borbenite-f-35-odmazda-za-kupuvanjeto-na-ruskiot-protivraketen-sistem-s-400

Дрон од правец на Белорусија крена борбени авиони на НАТО, затворен аеродромот во Вилнус

Свет | пред 3 седмици

nato-mrezi

НАТО под притисок: Европа го зголемува буџетот за одбрана и гради поголема воена независност

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања