Промени тема
Контакт

Советот на Кочани едногласно „за“: ќе се гради спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library4097e5t1147h6PuE8ww

Со порака дека сеќавањето мора да добие трајна форма, Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба и уредување на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“. Предлогот беше усвоен со 19 гласа „за“ и произлегува од иницијатива на Здружението „16 март 2025 Кочани“.

— реклама —

Со одлуката, градоначалникот е овластен да го формира работното тело во најкраток можен рок, со оглед на тоа што целта е меморијалот да биде реализиран навреме за едногодишното одбележување и оддавање почит на жртвите од трагичниот пожар во клубот „Пулс“.

— реклама —

Работното тело ќе биде составено од градоначалникот, претставник на Советот, претставник на Здружението – предлагач, член од општинската администрација, како и надворешен експерт со соодветна стручност. Целта, како што беше образложено, е процесот да се води транспарентно, координирано и без простор за пропусти.

— реклама —

Според усвоениот план, спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ ќе биде изградено во Стариот парк, во централното градско подрачје, на локацијата меѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“.

— реклама —
media-library4097e5t1147h6PuE8ww

(Фото) Стар парк во Кочани можна локација за меморијал центар за 63-те жртви од „Пулс“, идејата е да се изгради патека на бесконечноста

Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ поднесе официјална граѓанска иницијатива до Општина Кочани со барање да се определи локација за изградба на спомен-обележје во чест на жртвите од трагедијата што ја одбележа 2025 година. По разгледувањето на иницијативата, Советот на Општина Кочани побара локалната самоуправа да организира јавна трибина, на која граѓаните, а особено жителите што живеат во непосредна близина на предложената локација, ќе можат јавно да го изнесат своето мислење.Во таа

Македонија | пред 9 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 1 месец

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања