Лајчак: Сметам на Финска


Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина денеска ги пофали напорите на Хелсинки во контекст на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина.
Лајчак се сретна со министерот за внатрешни работи на Финска, Пек Хависта, по што на Твитер објави заедничка фотографија со него и порача дека и во иднина смета на поддршката на Финска за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
„Финска има историја на нормализирање на односите меѓу Косово и Србија и е многу заинтересирана за унапредување на напорите на Европската унија. Како таква, секогаш е задоволство да се разговара за актуелната ситуација со министерот за надворешни работи на Финска, Хависта. Сметам на континуираните иницијативи на Финска за поддршка на дијалогот“, напиша Лајчак на Твитер.
