Македонија

СДСМ: Ги заштитивме граѓаните со покачување на платите и пензиите и ја намаливме инфлацијата

СДСМ: Ги заштитивме граѓаните со покачување на платите и пензиите и ја намаливме инфлацијата

СДСМ ги зголеми платите и пензиите и тоа минималната плата за 100%, просечната плата за 63,5%, минималната пензија за 52.9%, а со антикризните мерки го заштити стандардот на граѓаните, истакнуваат од оваа партија.

Според нив, минималната плата во јануари 2016 година изнесуваше 10.000 денари, а сега е 20.175 денари, што е зголемување за 100% зголемување, односно за 10.095 денари.

„Просечната плата е зголемена за 63,5%, односно за 14 136 денари, од 22.254 денари, колку што изнесуваше во јануари 2016 година на сегашните 36.290 денари.

Просечната пензија во јануари 2016 година изнесуваше 13.076 денари, а денес е 19.062 денари, што е зголемување за 6 000 денари или за 52,9%.

СДСМ со навремени и ефикасни мерки го заштити стандардот на граѓаните и обезбеди помош за компаниите, а истовремено ја намали инфлацијата“, се потенцира во соопштението.

Појаснуваат дека стапката на инфлација од највисоката вредност од речиси 20% минатата година е во постојан надолен тренд и во последниот месец од годината ќе биде на ниво од 5%.

На почеток