Свет

„Мајката е виновна за се“; Момчето убиец откри што му претходело на масакрот: „Да не беше пиштолот на татко ми, немаше да го сторам ова“

Момчето-убиец кое на 3 мај минатата година го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“, денеска, како што пренесе „Блиц“, за масакрот ја обвини неговата мајка Милјана Кецмановиќ.

„Мајка ми постојано бараше да бидам најдобар. Се лутеше и викаше кога не бев најдобар. Бидејќи постојано бараше повеќе од мене, и јас бев лут на неа. Нејзиното однесување влијаеше на мене да го направам тоа што го направив. Да не ги имав пиштолите на татко ми, немаше да го сторам ова“, кажа момчето, објави Блиц.

Ова, според неофицијални информации, денеска пред Специјалниот суд во Белград го изјавил малолетниот убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“, за време на сведочењето во судската постапка против неговите родители Владимир и Милјана Кецмановиќ.

На почеток