(Видео) Митко Чавков почна да го растура МВР, Оливер Спасовски го дорастури, вели ексначалникот и командантот Станковски


„Митко Чавков почна да го растура МВР, Оливер Спасовски го дорастури“, вели Антонио Станковски, поранешен командант на Воена полициа и ЕБР, ексначалник на специални единици, поранешен втор човек на „Волци” во поткастот „Претрес со Ландов“. Тој за првпат и ексклузивно сподели нечуени информации и антитерористичките акции во Македонија.
„Директорот Чавков бил во Струмица, крикот на војната не го осетил. И доаѓа во МВР, после акцијата ‘Бродец’ и е началник на Секторот за субивање на организиран криминал. За по одредено време, станува шеф, над мене. Тие непријатели кои јас ги направив луѓе, за да мене ми ја скратат моќта, тие мене ме обвинија дека сум крадел кашкавал. Јас ако правам нешто командант, јас ќе правам станови и дуќани. Чавков има бизниси, јас немам“, рече Станковски.
Откако ќерката на Чавков, Зорица, искоментира за време на поткастот, Станковски и посочи да го повика на кафе, за да и каже што правле татко и. Според Станковски, тој со Чавков имал одлична соработка, додека тогашниот директор на БЈБ, не почнал да брка вработени од МВР.
„Хеликоптерот што пaдна во Струмица, кој е крив? Погинаа четири пилоти, 10 милиони хеликоптер, кој не можеш да го купиш, чекаш на ред со години. А сега и не можеш, со комлетна опрема од Израел. Кој е крив? Не бев јас директор, беше Митко Чавков. Дали нешто му фалеше? Бидејќи екипата што ме нападна кај Мијалков а тој ја водеше, ме направи дека местам тендери, крадам кашкавали, али сите муабети кај Мијалков, кај Јанкулоска, кај Радникот, што јас сум кажал, што ми одговориле, ги имам запишано“, додаде Станковски.
За војната во 2001: упад Арачиново, „Планинска бура” во Бродец, „Монструм” ка Смилковското Езеро, „Диво Населье” во Куманово, Планот за расформираье на ЕБР, нечуени детали за безбедносниот систем:
