Македонија

Гостиварец осуден за силување, наместо во затвор се шетал низ град – вчера бил уапсен

На 12.03.2025 во 19.50 часот на улица ,,Бане Вељаноски“ во Гостивар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка Скопје го привеле И.Б.(34) од Гостивар.

“Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 186 став 2 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната“, велат од МВР, а делото е силување со тешка телесна повреда, смрт или други последици.

На почеток