(Видео) Судски совет не виде проблем во снимката за судијата каде соговорничката двапати му вика „твоја парија“, коментира адвокатката Јошевска
Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска ја искоментира вчерашната одлука на Судски совет, за претседател на Граѓанскиот суд да го избере Бесник Авдија, во јавноста познат по секс-скандал, за кој се пишуваше дека се одвивал во судски канцеларии. Таа цитираше извадоци од снимката, каде соговорничката укажува дека тој е член на партија.
„Судски совет не виде апсолутно никаков проблем во видеото за судија за чие напредување расправаше иако во видеото соговорничка два пати му вика “твојата партија” и како тој плачел кога “неговата партија” изгубила. Добро утро од земјата “без напредок” во правосудството!“, напиша Јошевска-Анастасовска.
Со 11 гласа „за“, Бесник Авдија беше избран за претседател на Граѓанскиот суд-Скопје, и покрај секс-скандалот за кој пишуваа медиумите пред четири години, а по изнесените сомнежи како положил тест за интегритет. Сепак, бидејќи нема постапка, кривична одговорност, дисциплинска повреда – членовите сметаа дека нема зошто тој да не биде избран. Ја коментираа и снимката која беше објавена, а за која медиумите тврдеа дека е снимена во Граѓанскиот суд.