„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анита Буховски

301161724_590774289354954_6823866186930323195_n

Пороен дожд утрово во Скопје, најавени обилни врнежи и силен јужен ветер низ државата

Утринава делови од Скопје беа зафатени од поројни дождови, по што продолжува периодот на нестабилно и влажно време што ќе ја погоди целата држава во текот на денот и ноќта. Во Скопје ќе биде облачно со повремени поинтензивни врнежи, а низ котлината ќе дува умерен, на моменти и засилен јужен ветер.Според најавите на метеоролозите, на повеќе локации ширум земјата врнежите ќе бидат пообилни и во едно деноноќие може да надминат 30 литри на квадратен метар. Можно е и формирање на краткотрајно невреме проследено со засилен јужен ветер, кој локално ќе достигнува над 60 km/h, како и повремена појава на грмежи.Температурите ќе варираат во широк опсег: минималните ќе се спуштаат до околу 6 степени, а максималните во појужните и пониските региони ќе достигнуваат и до 18 степени Целзиусови.Метеоролозите апелираат на внимателност, особено во сообраќајот, поради можни локални поројни врнежи, засилен ветер и привремено отежнати услови на патиштата.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarypqkun93musegeDkEOee

(Видео) „Вјесник“ во Загреб уште гори - пожарникарите цела ноќ се обидуваат да го изгаснат пожарот што го зафати облакодерот

Дека и утринава облакодерот „Вјесник“ во Загреб сè уште е зафатен од оган, потврдува големата интервенција што трае од синоќа, кога напуштената зграда на Славонска авенија беше зафатена од пожар малку пред полноќ.Пламените јазици се проширија брзо по горните катови, а околу 7 часот утрово огнот сè уште не беше ставен под целосна контрола. На терен работат повеќе од 30 противпожарни возила и речиси стотина пожарникари, а на местото пристигнаа и засилувања од дополнителни единици.Поради сложеноста на интервенцијата, затворени се делови од Славонска авенија и околните улици. Од противпожарната служба појаснуваат дека огнот се шири низ конструктивни отвори и празнини во објектот, што го отежнува пристапот. Пожарникарите морале да се повлечат од внатрешноста и гаснењето се изведува претежно однадвор.Командантот Синиша Јембрих наведува дека материјалната штета ќе биде значителна: иако зградата не била во употреба, внатре имало стара опрема и документација.„Пријавата стигна околу 23 часот, и интересно е што имавме само една пријава од граѓани, што е невообичаено за ваков обемен пожар“, изјави тој.Причината за пожарот сè уште не е утврдена, а полицијата ќе изврши увид штом условите на терен го дозволат тоа.

Свет | пред 3 месеци

apasiev

Апасиев најави: Ќе закажам комисиска седница во Собранието за трагедијата во Кочани

Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи соопшти дека планира следната недела да закаже седница на Постојаната анкетна комисија во Собранието, со која тој претседава. Ова следува откако родителите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани испратиле претставка.„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша Апасиев во објавата.Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на ФБ соопшти дека неговата СДСМ и Коалицијата денеска во Собранието ќе поднесат предлог за одржување на седница на Анкетната комисија посветена на целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“.

Македонија | пред 3 месеци

toskovski

Министерот Тошковски имал успешна операција на скопските клиники: „МВР функционира без застој“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски објави дека бил подложен на успешна операција во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и дека се чувствува стабилно, уверувајќи дека МВР функционира непречено и без последици од неговото кратко отсуство.Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување.Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи продолжува непречено и ефикасно да функционира согласно утврдените процедури. Целиот тим професионално си ги извршува обврските и моето привремено отсуство нема да има никакво влијание врз тековните процеси и активности, ниту пак врз безбедноста на граѓаните.Веднаш по завршувањето на периодот на опоравување, се враќам на редовно извршување на моите обврски во полн капацитет.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarytk77ee7bl84j4d84e9l

Рама пресече торта во Брисел – Албанија го отвори последниот преговарачки кластер со ЕУ

Албанија во Брисел го одбележа почетокот на последниот преговарачки кластер со Европската Унија – земјоделство и кохезија – на седмата Меѓувладина конференција, каде премиерот Еди Рама симболично пресече торта во чест на напредокот. Со тоа, Тирана за нешто повеќе од една година ги отвори сите шест кластери, што европските претставници го оценија како напредок постигнат со „невидено брзо темпо“.Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, порача дека денот е историски и за ЕУ и за Албанија, бидејќи покажува дека европската политика на проширување дава реални резултати.Таа нагласи дека напредокот се должи на „упорната политичка волја на албанските власти, поддршката од земјите-членки и силното учество на граѓанското општество“, додавајќи дека албанските граѓани се тие што ја туркале земјата напред со своите очекувања за промени.Премиерот Еди Рама оцени дека Албанија денес постигнува нешто што до неодамна делувало недостижно.„Пред само една година ова беше незамисливо. Поминавме низ години на разочарувања и одбивања, но токму тоа нè зацврсти и ни даде јасна слика за важноста на процесот. Денес стоиме пред нешто што некогаш беше само сон“, изјави тој.Тирана сега влегува во завршната фаза од евроинтеграциите со амбиција да ги затвори преговорите до крајот на 2027 година. По тоа би следела ратификацијата на договорот во сите земји-членки, а целта на Албанија е полноправно членство во ЕУ во 2030 година.Албанија стана кандидат за членство во 2014 година. Во меѓувреме, Македонија – која кандидатски статус доби девет години претходно – годинава ги одбележува 25 години во европската „чекална“.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryglestvlcvj867txpgmY

Сузбиена група што криумчарела мигранти: откриени кампови на граница, петмина пријавени

На 16.11.2025, по претходно добиени оперативни сознанија, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции и Одделот за криминалистичка полиција,  под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал, спроведоа координирана полициска операција за сузбивање на криминална група инволвирана во вршење на кривично дело криумчарење мигранти.Имено, при преземање на мерките, во место викано Ресуљка во близина на граничната линија помеѓу Македонија и Србија беа откриени два импровизирани кампови во кои се пронајдени осум илегални мигранти, од кои двајца од Пакистан и шест од Авганистан, меѓу кои и две деца.Истиот ден, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против З.Х.(20), Џ.Д.(31), В.Х.(34),  А.Ш.(37) и 15-годишник., сите од Авганистан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Криумчарење мигранти“  по член 418 -а и  418-б од Кривичниот законик.Имено, пријавените во неколку наврати прифатиле, во улога на водичи илегално пренеле и засолниле група од  илегални мигранти од Грција до камповите. Откако ги сместувале во импровизираните кампови, З.Х. и Џ.Д. со употреба на сила и закана од лицата изнудувале парични средства со цел да им овозможат нивно понатамошно префрлување на територија на Србија, а со крајна дестинација земјите од Европската унија.

Македонија | пред 3 месеци

296165897_758644842021009_8011557410898836559_n

Бензинот и дизелот поскапуваат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата, кои стапуваат на сила од полноќ.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,806 ден/кг и сега ќе изнесува 35,621 ден/кг.Од 18.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 35,621 (денари/килограм)

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryagq418rjagdc0EcRz8T

Одбиен од македонската амбасада – примен во словенечкиот парламент: искрена приказна на студентот Филип Трајковски

Филип Трајковски, млад Македонец кој минатата година заминал на магистерски студии во Словенија, ја сподели својата лична приказна која на најдобар начин ја покажува разликата меѓу институционалната култура дома и надвор од државата.„Во Љубљана затекнав функционален и организиран град со култура и хигиена на завидливо ниво. Ме потсети на тоа што нашите места би можеле да бидат, но не се. Сепак, наместо да барам причини, ќе споделам пример,“ започнува тој во својата објава.Како дел од условите за магистерските студии, Филип требал да одработи задолжителна пракса. Со искрена желба да стекне искуство во рамки на македонските институции, се упатил до Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана.„Исполнет со ентузијазам и желба за работа, заѕвонив на вратите на амбасадата и се претставив како студент заинтересиран за пракса – без надомест, без барања, само со желба да научам,“ раскажува тој.Но одговорот бил демотивирачки. „Бев информиран дека не знаат дали воопшто е можно такво нешто, а дури и да може – постапката трае пет до шест месеци,“ пишува Филип. Разочаран, но не и изненаден, заминал со мислата дека можеби нема да има можност за пракса.Сѐ се променило кога посетил саем за практиканти на неговиот факултет, каде што единствено словенечкиот парламент нудел пракса соодветна на неговите студии. „Со својот несовршен словенечки се пријавив и разговарав со генералниот секретар Уршула Зоре Тавчар, која го препозна мојот труд и ме покани на прием.“По неколку средби, Филип добил едномесечна пракса во словенечкиот парламент. „Без разлика што сум странски студент, добивам еднаков третман и големо трпение од сите. Никој не ме гледа како помал од себе,“ додава тој.„Сѐ што беше потребно беа валидни документи, неколку средби и желба за соработка. Објавата ја споделувам за да направам споредба – не како критика, туку како потсетник дека можеби не бараме многу, туку премалку очекуваме. Македонија вечна,“ завршува Филип Трајковски.

Македонија | пред 3 месеци

policija-2457

Работел во нивниот двор, па по расправија го нападнале: Скопјанец пријавил напад од две жени во Аеродром

Работел во нивниот двор, по што настанала расправија и физички напад.На 16.11.2025 во 19:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 15.11.2025 околу 13:00 часот во општина Аеродром, Р.З.(65) од с.Трубарево бил физички нападнат од две жени, во чиј двор извршувал работни задачи. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 месеци

mkd-355369

Трамп безмилосен кон сите што купуваат руска нафта: Најавените 500-процентни американски царини ја тресат српската економија

Србија се соочува со сериозен економски шок откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп најави воведување казнени царини од 500 отсто за секоја држава што посредува во купување или препродажба на руска нафта. Новиот американски пакет, оценуваат економистите, може значително да го наруши трговскиот модел на Белград и да создаде притисок што земјата одамна го нема почувствувано.Во своето обраќање, Трамп повтори дека Вашингтон сака да ги пресече сите финансиски канали што, според САД, му помагаат на Кремљ да ја продолжи војната во Украина.„Чув дека го прават тоа, и тоа е во ред за мене. Можеби ќе го додадеме и Иран, јас тоа го предложив“, порача тој во неделата, оставајќи простор за дополнително проширување на санкциите.Мерката, предложена од сенаторите Линдзи Греем и Ричард Блументал, предвидува 500-процентно оптоварување за сите секундарни трансакции со руска нафта и веќе собра поддршка од дури 85 сенатори. Во американските политички кругови се оценува како најостра економска алатка предложена во последните десет години.Иако примарно таргетира поголеми купувачи како Кина и Индија, сигналите се дека последиците неизбежно ќе ја погодат и Србија, која и понатаму има тесна енергетска и трговска врска со Москва.Посебна неизвесност создава и ситуацијата со Нафтната индустрија на Србија (НИС), по тоа што Белград го одби американскиот предлог за реструктуирање на компанијата. Според првичните процени, евентуалниот удар врз енергетскиот сектор може да се почувствува до крајот на годината. За сега, официјална реакција од српските власти нема.

Свет | пред 3 месеци

ubistvo-noz

Ѝ го скршил черепот со тврд предмет, пресечени делови од телото ги сокрил, а трупот го закопал во дворот: ОЈО бара притвор за 74-годишникот што ја уби жената во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Осомничениот 74-годишник, при вршење семејно насилство, лишил од живот жена со која биле во блиски лични односи, така што со тврд предмет и задал повеќе удари во главата, кршејќи и го черепот. Потоа, со остар предмет пресекол делови од телото и ги сокрил на непознато место, а трупот го закопал во дворот од куќата. Јавниот обвинител процени дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, но и можност осомничениот да ги сокрие трагите од кривичното дело, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 3 месеци

240646547_996452591177168_8429942148345254552_n

Биле затекнати како питачат со нивните малолетни деца, приведени четворица од Куманово и Скопје

Приведени четворица од Куманово и Скопје поради злоупотреба на деца за питачењеНа 16.11.2025, според план и во координација со Центарот за социјални работи Куманово, полициски службеници ги лишија од слобода С.А.(28), Т.Џ.(42), С.Б.(33) од Куманово и С.С.(27) од Скопје затоа што биле забележани како питачат со малолетни деца. Следуваат пријави за „запуштање и малтретирање на дете“.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryu9okj8sr8gqo3j8tK6Q

Навивач оштетил возила и нападнал полицајци по кошаркарски натпревар во Куманово

Приведен кумановец по тепачка на кошаркарски натпреварНа 16.11.2025 во 21:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода К.Ж.(23) од Куманово. По завршување на кошаркарскиот натпревар во спортска сала во Куманово меѓу МКК Куманово и КК Пелистер од Битола, настанала физичка пресметка помеѓу навивачите на двете екипи, а биле нападнати и полициски службеници. К.Ж. бил забележан како оштетува возила на гостинскиот тим. По документирање ќе следува пријава. Се работи на идентификација на сите учесници.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryn3fliu542sl9aZ6euwP

Повторно глсање во Гостивар, Врапчиште, Маврово–Ростуше и Центар Жупа на 11 јануари, Гаши ги распиша изборите

Во четирите општини — Гостивар, Врапчиште, Маврово–Ростуше и Центар Жупа — на 11 јануари повторно ќе се гласа, откако претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска официјално ги распиша локалните избори за овие општини.Овој потег следува затоа што во првиот круг на 19 октомври не беше достигнат потребниот праг на излезност, па гласањето мора да се повтори.Одлуката на Гаши не се совпадна со барањата на дел од албанската опозиција. Од партијата на Арбен Таравари реагираа дека изборите требало да бидат закажани пред новогодишните празници, со образложение дека во тој период во земјава се враќа значителен дел од дијаспората, што би помогнало да се постигне повисока излезност.Тие предупредуваат дека по Нова година многу иселеници повторно ќе заминат и дека изборниот резултат можеби повторно ќе биде условен со мала излезност.Според правилата за повторено гласање, во вториот обид не е потребен цензус од една третина гласачи, што значи дека изборите ќе важат без оглед на бројот на излезени.

Македонија | пред 3 месеци

media-library9q3igu1tb4e86Rtm9Wj

Мицкоски за случајот „Пулс“: „Болката на семејства е огромна и должност ни е да ја ублажиме колку што можеме„

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека институциите ќе останат максимално ангажирани околу трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани и дека поддршката за семејствата на загинатите нема да изостане.Во врска со иницијативата да се формира собраниска анкетна комисија која би го разгледала случајот, Мицкоски посочи дека одлуката е во рацете на пратениците.„Тоа прашање треба да им се постави на народните избраници. Сметам дека јавноста многу скоро ќе има можност да ги слушне сите детали кога ќе започне судската постапка“, изјави премиерот.Тој се осврна и на барањето за еднократен финансиски надомест за семејствата на жртвите, по примерот на трагедијата во модуларната болница во Тетово.„Целосно ги разбирам барањата. Како Влада, досега правевме сѐ што е во наша моќ, и ќе продолжиме да го правиме истото. Болката на овие семејства е огромна и должност ни е да ја ублажиме колку што можеме“, истакна Мицкоски по поставувањето на камен-темелник за нова детска градинка.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryl2ltdphhtosqaDTSwh9

Мојсоска: „Власта веќе нема изговори - надзорна расправа и анкетна комисија за Кочани мора да има“

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, денеска, на нејзиниот Фејсбук профил, порача дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема повеќе ниту еден аргумент да го одлага одржувањето на надзорна расправа за трагедијата во Кочани, имајќи предвид дека обвинителниот акт е поднесен пред повеќе од еден месец:„Власта е на потег... Надзорна расправа за трагедијата во Кочани мора да се одржи, а тоа го ветуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Во сите нивни изјави и медиумски настапи пред неколку месеци, пратениците од власта тврдеа дека надзорна расправа ќе има штом се поднесе обвинителниот акт (наводно за да не се попречува истрагата).Кога ВМРО-ДПМНЕ во Собрание ја саботираше иницијативата за надзорна расправа поднесена од Левица, пратеничката Дафина изјавуваше дека ,,истрагата се уште не е завршена, да почекаме да биде формиран тој обвинителен акт, па потоа како пратеници да расправаме на тема трагедијата во Кочани." И пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ - Драгана Бојковска (во изјава за ИРЛ) тврдеше дека сами ќе иницираат расправа за Кочани штом заврши истрагата. Поминаа повеќе од месец дена од поднесувањето на обвинителниот акт, а пратениците од власта молчат.Власта веќе нема изговор да не поддржи надзорна расправа и формирање анкетна комисија за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија. Сега вие сте на потег” - напиша Мојсоска од Левица.

Македонија | пред 3 месеци

media-library8g9i55tfq5atfoyLa6A

„Алдина можеше сѐ“! Фудбалскиот судија ѝ го одзеде животот на младата економистка од Босна

Алдина Јахиќ (32), економистка и истражувачка од Калесија, е жената што беше убиена во Мостар од нејзиниот поранешен партнер, фудбалскиот судија Анис К. (33). Трагедијата се случи во саботата вечер, во момент кога Алдина се обидувала да избега во угостителски објект во центарот на градот.Според истрагата, Анис ја следел од автобуската станица, го паркирал автомобилот на околу педесетина метри од ресторанот и влегол по неа. Девојката се засолнила во тоалетот, но тој ја пронашол и пукал кон неа од непосредна близина. Полицијата пристигнала за две минути, но веќе било предоцна.Обвинителката Весна Прањиќ потврди дека Алдина претходно добивала закани од поранешниот партнер, но не поднесла пријава, верувајќи дека заканите нема да преминат во насилство.Во моментот на нападот, таа била на пат кон фитнес-салата. „Тој ја пресретнал, физички ја нападнал и ѝ вперил пиштол. Таа избегала кон хотелот и се обидела да се сокрие, но тој ја следел и ја усмртил“, рече Прањиќ.Анис К., активен судија во Првата лига на Федерацијата БиХ и син на поранешен фудбалер на „Вележ“, неодамна легално регистрирал пиштол, тврдејќи дека добивал закани поради судиската работа. По убиството се обидел да се самоубие, но оружјето закочило. Приведен е веднаш на местото на злосторството.На социјалните мрежи продолжуваат емотивни пораки за Алдина. Економистот Адмир Чавалиќ напиша:Тешко е да се најдат зборови за нечија смрт. Уште потешко е кога таа личност е помлада од тебе, студентка, некој што те нарекувал ментор. Од првите едукации, организирање на настани, меѓународни патувања, читање една, две, три, педесет книги, па сѐ до пишување заеднички научни трудови и глобални проекти. Деценија работа и раст. Кога гледаш како студент учи, работи, се развива во силна личност. Таа личност беше Алдина Јахиќ, „филозоф“, како што ја нарекував.Филозофот вечерва се обиде да побегне од насилникот, будалата, некаква кревка сенка без кичма. Но безуспешно — куршумот беше побрз.Алдина можеше да организира настан за 1.000 луѓе, да напише десетици трудови, да говори пред преполна сала во странство, течно на англиски, да зборува за БиХ и да се шегува. Можеше сѐ. Така ја гледав. Но вечерва не успеа да избега.Оди понатаму, драга филозофке.Рахмет на босанската душа. Искрено сочувство до семејството Јахиќ.

Свет | пред 3 месеци

w_56736105

Студенти, аплицирајте веднаш! Стартува доделувањето ваучери за таблети и лаптопи

Државата денес го активираше новиот повик преку кој студентите ќе можат да добијат вредносни ваучери за купување електронски уреди. Пријавувањето се одвива исклучиво онлајн, преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk, каде што услугата е веќе достапна.Рокот за поднесување на барања е 20 декември 2025 година, а уредите купени со ваучер мора да се подигнат најдоцна до крајот на годината – до 31 декември 2025.Како се аплицира?Студентите кои веќе постојат во евиденцијата на МОН само треба да се најават на порталот и да ја изберат услугата „Јавен повик за доделување вредносен ваучер за студенти“. Системот сам ги проверува личните податоци, без потреба од документи. По одобрувањето, студентот потпишува изјава за искористување и го подига уредот кај избраниот економски оператор.Студентите кои не се заведени во базата на МОН добиваат автоматско известување со линк до посебната услуга, каде што мора да прикачат потврда за редовен или вонреден студентски статус. По позитивното решавање на апликацијата, ваучерот им се издава на ист начин.Каде се подигнуваат уредите?Списокот на трговци кај кои може да се искористи ваучерот е објавен на порталотuslugi.gov.mk/services/ustanovi/rzppk-nacionalniot-portal-za-e-uslugi-lte-p7c-rfМинистерството ги повикува студентите навремено да аплицираат и да ја користат можноста за набавка на нов електронски уред преку Националниот портал.

Македонија | пред 3 месеци

media-library2a51rmq3iie0bXjOAUc

(Видео) Прошетка покрај Вардар, чист град и нови ветувања: Луна Паркот конечно добива зелено светло, најави Ѓорѓиевски

Синоќа премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски направија ненадејна вечерна прошетка низ центарот на градот, за да видат како изгледа главниот град по најновото големо миење на улиците и кејот на Вардар. Според градоначалникот, резултатот бил „видлив од прв поглед“.Ѓорѓиевски истакна дека главните градски зони, плоштадите и кејот биле полни со луѓе, чисти и уредени, што – како што рече – е слика која, според него, треба да биде секојдневие, а не исклучок. „Скопје изгледа како вистинска метропола“, нагласи тој.Дел од обиколката била и локацијата предвидена за долгоочекуваниот Луна Парк. Ѓорѓиевски најави дека постапката за реализација ќе започне многу скоро, откако подолго време проектот стои во место.„Поминавме низ плоштадот и Градскиот парк – сè беше уредено како што доликува на Скопје. Бевме и кај локацијата на Луна Паркот, за кој се подготвуваат потребните процедури,“ додаде градоначалникот.Ѓорѓиевски откри и дека градот ќе добие донација од 9 милиони денари од една турска општина, средства кои ќе бидат наменети за комплетно осветлување на Камениот мост. За проектот се чека зелено светло од министерот за култура и туризам Зоран Љутков.Во своето обраќање тој се осврна и на проблемот со контејнерите, велејќи дека честите дефекти им создаваат големи трошоци за поправки.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarydfkam57lpukgcPvMJ06

(Видео) Јанков од Левица: Скопјани ќе платат 40 милиони дури и да нема снег

Советникот од Левица, Андреа Јанков, на седницата на Советот на Град Скопје предупреди дека предложената Програма за зимско одржување на магистралните и собирните улици за 2025 и 2026 година содржи сериозни нелогичности и финансиски ризици по градскиот буџет.Имено, во програмата се појавува измислен параметар од 4,8 ефективни часа, кој не постои во ниту еден технички стандард и овозможува да се плаќа механизација дури и во услови кога нема би немало снег. Овој модел, како што истакна тој, ќе доведе до трошење на 40 милиони денари за неактивност.Предвидената механизација е недоволна, исто како и количината на сол и не би издржала ни до половина зима.Дополнителен проблем претставува и ангажманот на приватни фирми, кој е опишан без наведени имиња, цени или конкретни обврски, што претставува неприфатливо ниво на непрецизност за документ што треба да гарантира јавна безбедност, па оттука Програмата не нуди безбедност, туку претставува само декларативен текст.Поради овие недостатоци, советничката група на Левица гласаше против програмата, оценувајќи ја како нелогична, паушална и ризична за граѓаните и буџетот на Град Скопје.

Скопје | пред 3 месеци

lisici

Во скопски трговски центар: Го следеле, го нокаутирале и му украле 8.800 денари, ојо бара притвор, но едниот избегал

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 од Кривичниот законик.Делото го извршил заедно со уште едно лице по кое се трага. На 15 ноември, спроти еден трговски центар во Скопје, двајцата следеле еден оштетен. Во еден момент осомничениот со тупаница го удрил оштетениот по главата, а другиот напаѓач му се заканил со боксирач.Претурајќи по јакната на нападнатиот пронашле и одзеле 8.800 денари. Го турнале на земја, го удирале со клоци и се обиделе да му го скршат мобилниот телефон, по што избегале.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 43-годишник.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryv3sunro02up8erHSeMq

(Видео) Атмосферата во Каракас: Мадуро ја пее „Imagine“ на Џон Ленон, а САД распоредуваат воени бродови

Во Каракас викендов се одржа голем митинг на кој претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, се обрати пред своите поддржувачи во момент на зголемени тензии со Вашингтон. Американската морнарица распореди носач на авиони и повеќе воени бродови во Карибите, неколку десетици километри од венецуелскиот брег, што во Каракас го толкуваат како можна најава за ескалација.Мадуро, во обид да испрати порака дека Венецуела не сака конфликт, но е подготвена на одбрана, ги повика граѓаните на смиреност и го нагласи своето залагање за мир. За да ја засили својата порака, тој изненадно почна да ја пее легендарната „Imagine“ на Џон Ленон, обраќајќи им се на присутните со зборовите: „Една од нашите најважни цели е мирот. Како што велеше Ленон, нели?“Претседателот се сврте кон својот министер за комуникации, Алфред Назарет, и го праша како точно започнува песната, по што се пушти музиката и толпата се приклучи во пеењето. Мадуро им порача на младите да го разгледаат текстот на композицијата, опишувајќи ја како „универзална химна за мир и надеж“ и оддавајќи почит на Ленон.„Imagine“ е дел од истоимениот албум од 1971 година и денес се смета за една од највлијателните песни во историјата на модерната музика, создадена под силно влијание на идеите на Јоко Оно, која, според Ленон, била коавторка на концептот.Во меѓувреме, тензиите меѓу Каракас и Вашингтон продолжуваат да растат. САД тврдат дека мисијата во Карибите е насочена кон борба против криумчарењето на дрога, но венецуелската влада смета дека тоа е само параван за политички притисок и обид за дестабилизација. Како одговор, Венецуела прогласи највисоко ниво на готовност и нареди мобилизација на своите вооружени сили.Претседателот Доналд Трамп рече дека „деновите на Мадуро се избројани“ и не ја исклучи можноста за воена интервенција, обвинувајќи го венецуелскиот лидер дека дозволува криминалци да преминуваат во САД. Мадуро возврати со порака упатена директно кон американските граѓани: „Војна во Карибите? Не. Војна во Јужна Америка? Не. Мир? Да — мир и стабилност.“Во говорот, тој остро ги осуди и заедничките поморски вежби меѓу американските сили и Тринидад и Тобаго, оценувајќи ги како закана за мирот во регионот.

Свет | пред 3 месеци

1680676725_Tramp-5-696x464

Конгресот кон обелоденување на досиејата за Епштајн: Трамп ја промени позицијата и даде зелено светло

Напорите на група американски конгресмени да го забрзаат отворањето на документите поврзани со истрагата за сексуална трговија на финансиерот Џефри Епштајн се во завршна фаза и оваа недела се очекува предлог-законот да добие широка поддршка во Претставничкиот дом. Републиканци кои претходно се спротивставуваа, сега масовно се приклучија зад иницијативата, спротивно на првичниот став на раководството на партијата – и на претседателот Доналд Трамп.Но, Трамп во меѓувреме направи целосен пресврт и јавно ги повика републиканците да гласаат за објавување на документите, откажувајќи се од првичната резерва.Со усвојување на законот, Министерството за правда ќе биде задолжено да ги декласифицира сите материјали поврзани со Епштајн, вклучувајќи ги и комуникациите и документите од истрагата за неговата смрт во федералниот притвор. Информациите што се однесуваат на жртвите или на тековни федерални постапки ќе останат заштитени.„Обезбедивме најмалку сто гласови“, изјави републиканецот Томас Маси. „Се надевам дека ќе собереме мнозинство што нема да може да биде сопренo со вето.“Маси и демократот Ро Хана уште во јули поднесоа специјална петиција што овозможува заобиколување на раководството на Домот и директно ставање на предлог-законот на гласање доколку го поддржи мнозинството пратеници.Трамп ја промени својата позиција откако претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, изјави дека гласањето за објавување на документите би ставило крај на тврдењата дека Трамп имал каква било врска со Епштајн.„Републиканците треба да гласаат за откривање на досиејата за Епштајн – немаме што да криеме“, напиша Трамп на „Трут Соушл“, додавајќи дека демократите „селективно шират лаги“ за да го намалат ефектот од успесите на Републиканската партија.Интересот околу случајот повторно се разгори поради нови материјали објавени во јавноста, меѓу кои и имејл од 2019 година во кој Епштајн тврдел дека Трамп „знаел за девојките“. Белата куќа возврати дека станува збор за политички мотивирано селективно пуштање документи.Иако двајцата во минатото биле фотографирани заедно, Трамп тврди дека нивните односи се прекинале години пред обвинувањата против финансиерот. Тој дури побара Министерството за правда да ги испита контактите меѓу видни демократи и Епштајн.Трамп никогаш не бил обвинет во врска со случајот, а Епштајн во 2019 година почина во притвор, официјално со самоубиство, додека го чекаше судењето. Финансиерот остави долга листа на влијателни познанства од политиката, бизнисот и светот на славните.

Свет | пред 3 месеци

skolo-4

АХВ затвори 15 локали до училиштата, учениците купувале небезбедна храна

Во засилената инспекциска акција што Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја спроведе во последните десетина дена, затворени се 15 продажни места кои продавале храна со нарушена безбедност, претежно на ученици. Во истиот период биле извршени 445 контроли.Инспекторите заплениле и уништиле 696 килограми производи со сомнително потекло и квалитет, кои биле оценети како небезбедни за употреба.Според АХВ, контролите биле насочени кон дуќани, пекари, мини-маркети и други оператори со храна што се наоѓаат во близината на основни и средни училишта, бидејќи токму овие објекти се најчеста дестинација за учениците.Проверените состојби покажале сериозни неправилности: кај 19 оператори била пронајдена небезбедна храна во продажба, 30 работеле во несоодветни хигиенски услови, а дури 26 воопшто не биле регистрирани во АХВ.Дополнително, 16 оператори немале воспоставено процедури за добра хигиенска и производствена практика, а 32 не ги подложиле вработените на задолжителни здравствено–санирани прегледи. Тројца субјекти не спровеле дезинфекција, дезинсекција и дератизација, седум работеле без исполнети технички услови, а кај уште седум била пронајдена неправилно означена храна.За прекршувањата биле изречени парични казни за 77 оператори, во вкупен износ од 36.470 евра, а издадени биле 103 решенија со задолженија за корекција на состојбите и 23 опомени.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryv2rneohk19i98zyWTod

Фудбалски судија од Мостар ја застрелал партнерката, па се обидел да се самоубие

Во центарот на Мостар вечерва се случи шокантно убиство што го вознемири целиот град. Жената била застрелана од нејзиниот партнер по драматична потера што започнала во близина на автобуската станица. Од Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретванскиот кантон потврдија дека полициските екипи излегле на терен и во моментов го обезбедуваат местото на настанот.Убиецот се обидел да се самоубие, но пиштолот му се заглавил. Набрзо бил уапсен на лице место, а истрагата траела со часови.Напаѓачот, кој е син на познат фудбалер и фудбалски судија, прво ја ранил жената кај автобуската станица, но таа успеала накратко да избега. Во паника се упатила кон блиско кафуле, каде се обидела да побара помош и да ја извести полицијата. Напаѓачот продолжил да ја следи и ја стигнал по неколку десетици метри, по што повторно пукал и ѝ нанел фатални повреди.Потоа, според сведоштва од терен, мажот се обидел да си го одземе животот, но неговото оружје закочило. Полицијата пристигнала многу брзо и го уапсила непосредно покрај телото на жртвата.Неофицијалните информации упатуваат дека осомничениот е Анис Калајџиќ, фудбалски судија со долгогодишна кариера во Првата лига на Федерацијата БиХ и син на поранешен фудбалер и тренер на ФК Вележ. Истите извори тврдат дека дозвола за носење оружје добил неодамна — пред околу еден месец — и дека тогаш го купил и пиштолот што го употребил при убиството.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања