„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анита Буховски

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-34-9420PM

Ноќна стража за ѓубрето, во Скопје се воведува нов режим - по 22 часот не смее да се фрла отпад

Од денеска во главниот град започнува да важи новото правило со кое се ограничува фрлањето отпад после 22 часот – мерка што Град Скопје ја воведува со намера да се стави ред во одлагањето на сметот и да се спречат нерегуларностите околу користењето на контејнерите.Спроведувањето на забраната ќе го надгледуваат комуналните инспектори и редарските служби, кои од утре преминуваат на работа во три смени, покривајќи го теренот непрекинато, 24 часа дневно. На располагање се вкупно 20 комунални инспектори и исто толку редари, кои ќе патролираат низ сите делови на градот.Како што посочуваат од надлежните служби, фокусот ќе биде ставен на проверка на тоа каде и како угостителските објекти и фирмите го оставаат својот отпад.„Штом утре одлуката биде објавена во Службен весник, службениците ќе добијат ново распоредување во тросменска работа. Вклучени ќе бидат сите инспектори и редари, а казните ќе се изрекуваат непосредно на терен“, изјави новиот директор на „Комунална хигиена“, Драги Митковски за Сител.Тој додаде дека доколку се затекне поголема количина несоодветно одложен отпад, ќе се спроведува детална контрола кај фирмите. Казните остануваат непроменети – 50 евра за граѓаните, а од 1.300 до 1.800 евра за правните субјекти.Мерката има за цел да ги спречи угостителските и деловните субјекти да ги полнат контејнерите што се наменети за домаќинствата и да придонесе кон поорганизирано и навремено собирање на сметот низ градот.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarybu4e53r4dcbq73NP25b

Беџети возвраќа: „Пријавата за 1,7 милиони евра е политичка конструкција на Мицкоски за притисок врз ДУИ“

Пратеникот од ДУИ и поранешен градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, денеска остро ја отфрли кривичната пријава што Управата за финансиска полиција ја поднесе против него и уште неколку лица. На прес-конференција во Собранието тој оцени дека целиот случај е „монтиран, политички мотивиран и без правна основа“.Според пријавата, Беџети се товари за наводна проневера од 108 милиони денари преку измислена постапка за урбанизација, лажна дозвола за градба и спроведување „технички преглед“ на бесправно подигнат објект во селото Глумово.Беџети возврати дека ова е дел од, како што ја нарече, координирана офанзива под режија на премиерот Христијан Мицкоски, со цел да се врши притисок врз пратениците на ДУИ за промена на парламентарното мнозинство.„Не постои пратеник од ДУИ што ќе се исплаши од притисоци. Пријавата е неоснована и политички мотивирана“, изјави тој.Тој објави дека ќе поднесе кривични пријави против директорот на Финансиската полиција Слободан Ивановски, заменик-директорот Илбер Имери и уште двајца вработени во институцијата, обвинувајќи ги дека се дел од „организирана група која спроведува политичка хајка“.Беџети ги негираше и наводите дека дозволата за градба била издадена без валиден Детален урбанистички план. Според него, ДУП-от бил донесен во време кога тој ја водел општината Сарај, а во владата и Град Скопје раководните позиции ги имале претставници од ВМРО-ДПМНЕ.„Има важечки ДУП. Законот за градење дозволува одобрение врз основа на урбанистички план или урбанистички проект. Тука нема ниту штета, ниту еден денар загуба за општината. Станува збор за политички конструирана приказна за медиумски ефект,“ додаде тој.На крајот Беџети упати порака до власта:„ДУИ нема да биде скршена. Ниту еден наш пратеник нема да премине во ВЛЕН. А најмалку јас.“

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygb1krvgfnl0e7HvwsVY

СДСМ: „Ако е утврдена одговорност – зошто се кријат имињата на клиниките и лекарите?“

На прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, упати силна критика кон министерот за здравство Азир Алиу, обвинувајќи го дека начинот на кој го презентирал прелиминарниот извештај за непотребни кардиоваскуларни операции во приватни клиники создава сериозни сомнежи за прикривање на одговорност.Кузеска потсети дека самиот министер јавно изјавил оти комисијата „утврдила“ најмалку десет случаи на непотребни интервенции, но истовремено тврдеше дека извештајот не е финален – токму поради тоа имињата на клиниките и лекарите не се соопштуваат.„Како може нешто да биде утврдено, а да не биде финално? Што се чека за ’финалната фаза‘? Што ќе се менува и што се договара додека јавноста чека?“ – праша портпаролката, додавајќи дека таквото однесување остава простор за манипулации и можни договори зад затворени врати.СДСМ смета дека со тоа се испраќа погрешен сигнал дека можни виновници се штитат, а не се обезбедува транспарентност во исклучително сериозен скандал кој ја потресе јавноста.„Ако има лица кои погрешиле – мора да се именуваат. Ако има клиники што вршеле непотребни операции – мора да бидат објавени. Сѐ друго значи сомнеж, сенка, амнестија,“ рече Кузеска.Партијата нагласи дека огромното мнозинство медицинари работат чесно и професионално, но дека министерот, со тоа што не ги објавува наодите, всушност ги става сите под сомнеж и го руши угледот на здравствениот систем.СДСМ бара итно и целосно објавување на извештајот во фазата во која се наоѓа, без селекции и преправки, вклучително и:имињата на клиниките што ги извршувале спорните операции,сите членови на комисии, консилиуми и управители кои носеле одлуки за упатување и оперирање пациенти,активација на Јавното обвинителство, ДКСК и Финансиската полиција поради сомнежи за коруптивни практики и незаконско профитирање,како и обезбедување правна и психолошка поддршка за пациентите и нивните семејства.„Само целосна транспарентност може да ја зачува довербата во здравството. Сѐ друго е удар врз системот,“ заклучи Кузеска.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylji58mrugom84ezNBQj

Директорот на Царина: запленети 2.500 инфузиски сета – годинава Царината заплени 10 илјади парчиња лекови ризични по здравјето на граѓаните

Запленети 2.500 инфузиски медицински сета - игли, шприцеви, канили и системи за инфузија, ризични по здравјето на граѓаните. За случајот информираше директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, во интервју на Алфа телевизија, при што истакна дека годинава се запленети над 10 илјади парчиња лекови.„Последен случај каде јасно се гледа нашата заложба во заштита на здравјето на граѓаните е заплената на 2.500 инфузиски сета во царинска испостава Скопје 3. Случајот е откриен при детална контрола на инфузиски медицински материјал – игли, канили и системи за инфузија, при што е констатирано е дека истите се кинеска стока, а не германска која била предмет на дозвола за увоз. Со оглед на тоа дека сетовите за инфузија не се во согласност со медицинските стандарди во државата, не се безбедни за употреба и за нив не е издадено одобрение за увоз, стоката е запленета и истата ќе биде уништена, а против увозникот е поведена соодветна постапка“, истакна Николовски.Директорот воедно информира дека минатата година се спречени два меѓународни канали за нелегална трговија со анаболични стероиди при што запленети се 600 илјади килограми супстанци штетни по здравјето на граѓаните.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-12-02-at-09.03.48

Коцевски предупредува: „Едно вештачење за мазут чини 1.500 евра, а обвинителството останува без пари и во 2026“

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски им порача на пратениците дека предлог-буџетот за 2026 година повторно го става обвинителството во ситуација да работи без елементарни услови, иако трошоците за сложени истраги драматично растат.Говорејќи од собраниската говорница, Коцевски потсети дека токму оваа година се отворени низа предмети поврзани со еколошки криминал кои бараат специјализирани анализи, а најскапиот пример е постапката за увезениот мазут за ТЕЦ „Неготино“. За тој случај, обвинителството се сомнева во квалитетот на горивото, а секое поединечно вештачење — кое мора да се изврши во странство — чини 1.500 евра. За целата постапка, потребно е да се испитаат стотици примероци.Според Коцевски, проблемот не е само финансиски. Обвинителството веќе работи на граница на можностите: бројот на вработени во службата е едвај една третина од потребниот, а во следните три и пол години нема да биде примен нов јавен обвинител.Тој нагласи дека Македонија заостанува и зад земјите од соседството, каде обвинителствата функционираат со дигитализирани системи и целосно опремени канцеларии. И покрај барањата, во буџетот за 2026 повторно не се обезбедени средства за модернизација на системот за управување со предмети, иако тој требаше да биде поддржан преку ИПА-фондовите. Планираната државна сума за опрема за сите обвинителства во земјата изнесува помалку од 30 илјади евра.Коцевски потсети и на резултатите. Истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани била завршена за кратко време, а обвинителството обезбедило целосна документација. Во судска фаза веќе се и други комплексни предмети, меѓу кои „Онкологија“, случајот „Адитив“ и неколку групи обвинети за трговија со дрога и тешки кривични дела.Според државниот обвинител, сите овие процеси покажуваат дека вложувањето во обвинителството не е трошок, туку предуслов за ефикасна правда.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

При влез во автобус паднал 85-годишен патник, му се затворила вратата

Инцидент во Центар, постариот маж се здобил со тешка повредаНа 13.11.2025 во 14:30 часот во СВВР Скопје, В.П. – возач на автобус во ЈСП Скопје, пријави дека на подрачјето на Центар, при затворање на вратите на автобусот, Р.У.(85) од Скопје кој влегувал во автобусот, паднал на коловозот и се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-46-0730PM

Тешка сообраќајна несреќа кај Арачиново: Повредени пешаци и 3-годишно дете

Возач удрил паркирано возило, па влетал во пешациНа 13.11.2025 околу 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на регионалниот пат Скопје-Куманово, кај с.Арачиново, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(29) од с.Арачиново, удрило во паркирано возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Н.С.(38) од с.Арачиново, а потоа и во пешаците Џ.К.(30), 35-годишната А.С. и тригодишно дете, сите од с.Арачиново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., додека со телесни повреди се здобиле Џ.К. и тригодишното дете, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 месеци

media-library0elaa7q5s0t3aJaRqhq

„Господине Премиер, ја преминувате границата“ – судиите остро му возвраќаат на Мицкоски

Правосудните институции денеска со заедничка и необично остра реакција излегоа против Премиерот, обвинувајќи го дека неговите јавни коментари за судството одамна излегле надвор од рамките на коректната критика и преминале во, како што велат, „паушални, неаргументирани и штетни напади“. Соопштението е потпишано од Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии.Во писмото, упатено директно до премиерот, се наведува дека преку таквите изјави се создава атмосфера во која „општествената апатија и незадоволството на граѓаните се префрлаат врз судовите“, наместо државниот врв да понуди реални решенија за системските проблеми.Институциите категорично ги отфрлаат тврдењата дека судството е финансиски товар на државата, нарекувајќи ги ваквите перцепции неточни и опасни.„Судскиот систем никогаш не создал долгови. Нејасно е зошто се поврзува со државниот долг од 2 милијарди евра“, се вели во реакцијата.Правосудните органи потсетуваат дека токму судовите секоја година генерираат значителни приходи за буџетот преку наплата на казни и судски такси, додека за возврат не добиваат ниту основна поддршка – ниту за нови вработувања, ниту за дигитализација, ниту за опремување на судниците.Како клучен аргумент, Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии се повикаа и на последниот извештај на Европската комисија. Во документот, како најголем проблем на македонското правосудство се нотира „мешањето на извршната и законодавната власт“ во работата на судството, како и финансиската зависност од државниот буџет.Тие истакнуваат дека ова се теми што државата мора да ги адресира без одлагање, бидејќи се суштински за европската интеграција на земјата.Правосудните институции го предупредуваат Премиерот дека со неговите настапи директно се нарушува уставната поставеност на одвоените власти.„Судската власт е уставна категорија. Уставот и независноста на судството мора да се почитуваат“, стои во заедничката реакција, која завршува со порака дека судиите нема да молчат кога независноста на правосудството е доведена во прашање.

Македонија | пред 3 месеци

kucinja-kuce

Градоначалник парично казнет за неовластено заловување и дислокација на бездомни кучиња

Тања Оловолска Ристевска, која често објавува содржини поврзани со третманот на бездомните животни, информираше преку својот Фејсбук-профил дека Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрекла парична казна за градоначалник поради неовластено заповедање и дислокација на бездомни кучиња.Според нејзината објава, инспекциските служби реагирале по појавувањето на видео и фотографии на социјалните мрежи, кои предизвикале бројни реакции кај граѓаните. АХВ спровела вонреден инспекциски надзор, при што било утврдено дека заловувањето и преместувањето на кучињата се извршувале спротивно на Законот за заштита и благосостојба на животните, без одобрување на Агенцијата и од страна на неквалификувани лица.За сторениот прекршок изречена е мерка забрана за вршење активности кои не се одобрени од АХВ.Ристевска пренесува дека, по поднесена иницијатива од граѓани, минатата недела бил направен и вонреден надзор во објект за сместување и чување кучиња во приватна сопственост. Инспекторите утврдиле неправилности спротивно на Законот за заштита и благосостојба на животните, по што е изречена парична казна за одговорно лице, како и посебна инспекциска мерка — одземање животни.Агенцијата за храна и ветеринарство најавува дека ќе продолжи со инспекциските активности и контролите поврзани со третманот на бездомните животни.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryco5096cgdn8559yQEKd

Брутален напад на дете Скопје, маж со тупаници, клоци и нож го тепал 12-годишното момче: Обвинителството итно бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201а од Кривичниот законик.Осомничениот 53-годишник на 11 ноември извршил насилство врз 12-годишно дете.Додека детето се движело со велосипед по булеварот “Крсте Мисирков”, осомничениот го пресретнал со електричен мотор и без повод и причина агресивно го нападнал со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото.Во еден момент извадил и нож со кој замавнал кон детето, а потоа со дршката го удрил по главата.Детето успеало да се оттргне и да побара помош од случајни минувачи. Осомничениот го зел велосипедот од оштетеното дете, му ги исекол двете гуми и го фрлил кон булеварот со намера да го оштетат возилата кои поминувале. Потоа со моторот го напуштил местото на настанот, додека пак оштетеното дете било пренесено во Ургентниот центар.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryjkbqofj7207ufC5sX9w

Пожарот во домот за стари лица во Тузла почнал од приклештен кабел на радио, бројот на загинати достигна 15

Новите наоди на експертите за електрична и противпожарна заштита ја разјаснуваат почетната причина за катастрофалниот пожар во домот за стари лица во Тузла, во кој животите ги загубија 15 лица, а повеќе од 30 беа повредени. Обдукциите потврдија дека сите жртви, освен едно лице чие тело било зафатено од оган, починале од задушување. Телата на уште две жени кои починаа синоќа наскоро ќе бидат ексхумирани.Според мислењето на електричниот експерт, пожарот започнал поради краток спој на кабелот на радио-приемник кој бил приклештен меѓу душек, ѕид и метален дел од креветот во собата на еден од корисниците на домот. Кабелот бил изложен на механички притисок, а подоцна и на термичко оптоварување, што според наодите претставува директен причинител на запалувањето.Овие првични технички наоди се само почетокот на обемната истрага што ја води Кантоналното обвинителство во Тузла. Целта е да се утврди дали трагедијата можела да биде спречена и дали постоеле пропусти во безбедносните и противпожарните мерки.Обвинителството формираше истражен тим составен од двајца обвинители и истражители од Министерството за внатрешни работи. Тие веќе спроведуваат активности за прибирање докази, а истрагата ќе опфати проверки на сите околности: причинско-последични врски, одговорни лица, пропусти во работата и евентуално неправилно постапување со безбедносните протоколи.„Истрагата ќе биде широка и детална, со проверка на секој сегмент — од околностите на пожарот до мерките што биле преземени или не биле преземени“, соопшти Обвинителството на Тузланскиот кантон.Истражителите ќе побараат дополнителни стручни процени од експерти по противпожарна заштита, градежништво и архитектура, со цел да се анализираат безбедносните механизми на објектот. Во тек се и сослушувања на сведоци, а ќе биде запленета и сета релевантна документација од домот за стари лица за да се добие целосна слика за условите и можните пропусти.Обвинителството истражува постоење елементи на тешки кривични дела против општата безбедност, предизвикување општа опасност со смртен исход и несовесно работење во служба.Од институцијата нагласуваат дека случајот е ставен меѓу „апсолутните приоритети“, а сите неопходни наредби и истражни дејствија ќе се издаваат без одлагање.

Свет | пред 3 месеци

media-library1fauttldgpqs3R34WIw

Каде биле извршени непотребните операции на срце и кој е одговорен? СДСМ за скандалот во здравството

СДСМ реагира со остар став по обелоденувањето на податоците дека 10 пациенти биле подложени на операции на срце без медицинска потреба. Од партијата велат дека скандалот е крајно загрижувачки и бараат итна и целосна транспарентност — вклучително и објавување на тоа во кои клиники и од кои лекари биле направени спорните интервенции.Од СДСМ потсетуваат дека министерот за здравство Азир Алиу веќе утврдил дека станува збор за десет случаи на непотребни операции или непотребно упатување на операции, но сè уште не објавил кои здравствени установи и кои доктори се одговорни за ваквите постапки. Според партијата, тоа е „апсолутно недозволиво“.Тие оценуваат дека објаснувањето на министерот — дека имињата нема да се откриваат затоа што извештајот не е конечен — отвора простор за манипулација со факти, како и за промена на наодите под притисок. Во реакцијата се поставува прашањето дали министерот намерно одложува соопштување за да може да „преговара или разговара“ со оние што ги извршиле интервенциите.СДСМ предупредува дека е нелогично истовремено да се тврди оти е докажано дека операциите биле непотребни, а извештајот да се означува како „прелиминарен“. Ако наодите се веќе утврдени, велат од партијата, нема ниту една причина тие да не бидат објавени — додека истрагата може да продолжи понатаму.Во писмената реакција се оценува дека однесувањето на Алиу е „крајно несериозно“ и дека создава сомнеж дека нешто се прикрива, што дополнително ја нарушува довербата во здравството и ги става здравствените работници под неоправдан притисок.СДСМ бара итно објавување на досегашниот извештај на комисијата, како и прецизно објавување на:клиниките каде се извршени спорните операции,сите поединечно инволвирани во донесување одлука за операција на пациентите,наодите за секој случај за кој, според министерот, е веќе утврдено дека не требало да биде опериран.Партијата смета дека секое понатамошно одложување ќе создаде сомнеж дека се врши манипулација со конечната верзија на извештајот, со што неоправдано се етикетира целиот здравствен систем, наместо да се лоцира индивидуалната одговорност.Реакцијата е потпишана од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycaqmud47561318wlDOB

(ФОТО) Се урива игротеката на на пица-барот „Дежаву“: Општина Аердром најави изградба на ново игралиште и зелени повтршини

Тревник и ново игралиште на местото на игротеката на пица-барот „Дежаву“ кај Капитол Мол. Општина Аеродром почна да го урива објект, за кој велат дека со години работи на диво.Утринава започна отстранувањето на објектот кој со години беше поставен на тревникот покрај булеварот „Јане Сандански“. Овој објект функционираше врз основа на Решение за поставување урбана опрема, издадено пред десетина години од Град Скопје, но чија важност е истечена. Бидејќи објектот нема важечко одобрение, тој ќе биде целосно демонтиран и просторот конечно ќе се ослободи за користење. По отстранувањето, Општината ќе пристапи кон уредување на локацијата со современа урбана опрема, зелени површини и ново, модерно детско катче.Со овој чекор, тревникот повторно ќе стане пријатно, безбедно и заедничко место за рекреација, игра и дружење - токму онака како што заслужуваат жителите на Аеродром, објави на ФБ Општина Аеродром.

Скопје | пред 3 месеци

Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Десет пациенти биле ставени „под нож“ за операции на срце без медицинска индикација, што друго открива Комисијата на МЗ

Нов алармантен извештај на Комисијата формирана од Министерството за здравство го тресе македонското најчувствителниот сектор повторно. Од 25 пријавени случаи за сомнителни кардиолошки и кардиохируршки интервенции, десет пациенти биле оперирани или упатени на операција без оправдана медицинска индикација. Ова го утврди специјалната комисија што ја формираше Министерството за здравство по јавните обвинувања за злоупотреби во кардиохирургијата.Контроверзите почнаа уште во август, кога кардиологот проф. д-р Сашко Кедев во гостување на „Канал 77“ предупреди дека во приватниот сектор се вршат непотребни операции на срце — исклучиво за профит. Министерот за здравство Азир Алиу веднаш по изјавата назначи интерна комисија, но таа одлучи да ги испита сите болници што вршат кардиохируршки интервенции — и приватни и државни.Иако извештајот потврди дека дел од пациентите навистина биле погрешно водени, комисијата денеска не кажа во кои болници се случиле спорните операции. Не се откри ни дали интервенциите претставувале ризик по живот, ниту дали имало компликации, ниту колку чинеле за државниот буџет.Претставниците на комисијата најавија дека следниот чекор е ангажирање тројца странски експерти, кои ќе ги разгледаат сите предмети пред да биде составен финален извештај.„Досегашните наоди покажуваат неправилни упатувања и неправилно изведени операции. Ќе продолжиме да работиме по утврдената методологија“, изјави кардиологот д-р Ненси Лозанче.Министерот Алиу нагласи дека ова е само прелиминарен документ и дека конечниот извештај ќе биде основа за креирање нови здравствени политики.Комисијата започна со работа откако во Фондот за здравство пристигнаа 25 пријави од болници и физички лица за сомнителни интервенции поврзани со коронарни и периферни васкуларни болести. Од нив, 19 случаи биле анализирани, а шест се препратени до Државниот здравствен и санитарен инспекторат за понатамошна постапка.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarydgavb81lnehud3WSk1H

Таен договор исплива на површина: Србија со огромна концесија за проектот на Кушнер во срцето на Белград

Голем градежен мегапроект во Белград повторно ја разгори јавноста, откако независното српско списание „Радар“ објави документи што откриваат долгорочна заедничка компанија меѓу Владата на Србија и фирмата на Џаред Кушнер — зетот на Доналд Трамп — за развој на луксузен хотелски и станбен комплекс на просторот на поранешниот Генералштаб.Според договорот склучен во 2024 година, компанијата на Кушнер, „Атлантик Инкубашн Партнерс“, добива 77,5% од заедничкото вложување, додека Србија задржува 22,5%. Документите покажуваат и дека државата презема обврска до мај следната година да ги урне постојните објекти на локацијата — во спротивно, американската страна може да го раскине договорот и да побара значителни средства како компензација.Избраниот простор не е било кој: станува збор за руинираните згради на Генералштабот, симболичен и историски обележан комплекс разурнат во бомбардирањето на НАТО во 1999 година. Плановите за претворање на местото во хотелско-станбен центар предизвикаа масовни протести во центарот на Белград.Иако владата не ја демантира автентичноста на објавените документи, договорот беше целосно таен до минатата недела, кога српското собрание усвои специјален закон што го прогласува проектот за „инвестиција од посебно значење“. Законот ѝ овозможува на владата да ги заобиколи регулаторните процедури кои претходно го стопираа проектот, вклучително и истрагата дали документите за отстранување на заштитениот статус на комплексот биле фалсификувани.„Радар“ открива дека Србија се обврзала да го симне статусот на културно наследство и да обезбеди урнување на постојните згради во форма што ѝ одговара на компанијата на Кушнер. Договорот дава и исклучително поволен услов — бесплатен закуп на земјиштето на 99 години, со можност закупот да се трансформира во полна сопственост.Министерот за финансии Синиша Мали јавно го бранеше проектот, тврдејќи дека станува збор за развојна инвестиција и дека земјиштето не се продава, туку се издава под долгогодишен закуп. Но „Радар“ наведува дека во самиот договор експлицитно стои дека закупот е „без надомест“.Контроверзниот закон ги засили протестите предводени од студентските групи, кои со месеци излегуваат на улица борејќи се против корупцијата и нетранспарентните јавни проекти. Оваа недела демонстрантите формираа човечки синџир околу комплексот, цртајќи „црвена линија“ за да го блокираат започнувањето на уривањето.Според експертите и активистите, локацијата има исклучително културно значење — тоа е единственото дело во Белград на познатиот југословенски модернист Никола Добровиќ и симбол на еден од најдраматичните периоди од поновата историја.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryekcindac4m3g1C2akTh

Битиќи: Владата нема капацитет за реализација на капитални инвестиции

Ова е потрошувачки Буџет затоа што 90% од буџетот е наменен за тековните расходи а само 10% се за капитални инвестиции кои треба да се двигатели на развојот, направен е преседан со намалување на капиталните инвестиции, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емсијата „Вин Вин“ на телевизија Телма.„Ако оваа година, 2025-та, која е чиста година на владеачкото мнозинство, покажа дека има капацитет за 50 отсто спроведување на капиталните расходи, тоа значи дека овие 10 отсто ќе останат 5 отсто на крај на годината во 2026. Толку е капацитетот. И ако 90 отсто отидат во тековни расхови, затоа што таму не можеш да не ги трошиш, оти на секој први ќе дојде некој, ќе тропа и ќе рече „треба да се плати ова, сакал ти или не сакал“. Прашањето е за пет години од денеска каде ќе бидеме“, рече Битиќи.Загрижува тоа што во тековната година има само 48% реализација на капиталните инвестиции, но вистинското прашање е зошто ги нема толку озборуваните проекти, додаде тој.„Дури и направивме меморандум за соработка со Велика Британија во која што ќе ни отворат финансиска рамка од 6 милијарди, а тоа се да не заборавиме проектите во здравство, клинички центар Штип и Скопје. За нив се се издвоени само 3,5 милиони денари“, рече Битиќи.Пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер за еконоски прашања додаде дека со оваа власт задолжувањето на граѓаните и на државата оди во опасна насока, дека власта се обудува тоа да го прикрива и запраша дали се ова реални проекции во буџетот?Пршање е дали ова е вистина предлог буџет за 2026 или е предбуџет за 2026, увертира во реалниот буџет кој што ќе ни стигне на сите на маса во април - мај или јуни, рече Битиќи.„Дали бројките за проекциите за следната година се вистинити? Дали дефицитот на буџетот е вистина 3,5% или 7% или е многу повисок? Дали во проекциите за јавниот долг во 2026 навистина ќе бидат под 60% или вистинскиот јавен долг ќе биде над 70%? Затоа што ако задолжувањето од 1,9 милијарди дојде веќе наредната година во април- мај не може да се скриете дека тоа не е дел од јавниот долг во нашата држава. А 1,9 милијарди на проценет бруто домашен производ е 12%. Владата може да купува време, да не го пријави одеднаш задолжувањето за коридорот 10 од 1,9 милијарди евра, но во 2028 ќе има буџетска дупка од две милијарди, која ќе ја плаќаат нашите деца.“  рече пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емсијата „Вин Вин“ на телевизија Телма.

Македонија | пред 3 месеци

media-library2mvnrjjjvcas2UKAsns

Карлајл потенцијален купувач на странските операции на „Лукоил“ додека санкциите го притискаат рускиот енергетски гигант

Американската инвестициска група „Карлајл“ разгледува потенцијално преземање на деловните активности на „Лукоил“ надвор од Русија, јавува Ројтерс повикувајќи се на три независни извори кои се запознаени со разговорите.Еден од изворите вели дека постапката е во многу рана фаза и дека компанијата анализира повеќе можни модели за купување. Според него, во игра е опција „Карлајл“ да аплицира за специјална американска лиценца што би ѝ овозможила да започне преговори и детална длабинска проверка на бизнисите на рускиот нафтен гигант. Изворот додава дека и покрај интересот, компанијата во секој момент може да се повлече.Втор извор потврдува дека „Карлајл“ веќе го информирал „Лукоил“ за својата намера да ги разгледа можностите за преземање. И „Карлајл“ и „Лукоил“ одбија да дадат коментар на информациите.Настаните се одвиваат во време кога САД воведоа строги санкции против „Лукоил“ со цел да извршат притисок врз Кремљ и да го натераат да влезе во преговори за прекин на огнот во Украина. Вашингтон го спречи и последниот обид на компанијата да ги продаде своите странски средства на мултинационалната „Гунвор“ пред санкциите да станат активни на 21 ноември.„Лукоил“, кој учествува со околу 2 отсто во глобалното производство на нафта, веќе подолго време бара потенцијални купувачи за своите операции надвор од Русија. Според проценките од 2024 година, тие странски капацитети произведуваат повеќе од 0,5 отсто од светската нафта и имаат пазарна вредност од околу 22 милијарди долари.Компанијата со години важи за најприсутниот руски енергетски играч на меѓународната сцена. Нејзиното портфолио вклучува три рафинерии во Европа, удели во нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Ирак и Мексико, како и проекти во Гана, Египет и Нигерија. „Лукоил“ управува и со стотици бензински пумпи на различни континенти, вклучително и во САД.Американските санкции веќе оставија ефект, нарушувајќи дел од операциите на компанијата во Ирак, Финска и Бугарија.Од друга страна, „Карлајл“ — една од најголемите глобални корпорации за инвестиции и управување со алтернативни финансиски средства — моментално раководи со портфолио од 474 милијарди долари, што ја прави доволно силен играч да влезе во евентуална трансакција од вакви размери.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Би-би-си во историска криза: Се извини на Трамп, но рече дека не може да ги тужи

Голема медиумска бура ја тресе британската јавна телевизија Би-би-си, која испрати лично извинување до американскиот претседател Доналд Трамп, но истовремено соопшти дека нема правна основа неговиот тим да покрене тужба за клевета поради документарец емитуван во емисијата „Панорама“ само неколку дена пред изборите во САД во 2024 година.Контроверзниот документарец содржел погрешно монтиран сегмент од говорот на Трамп од 6 јануари 2021 година, денот кога толпа поддржувачи го упадна во Капитол. Начинот на кој бил споен материјалот создавал привид како претседателот директно да повикува на насилство. Телевизијата призна „грешка во проценката“ и изрази жалење за монтажата, но категорично одби дека постои основ за клевета.Адвокатите на Трамп претходно побараа од Би-би-си до недела да го повлече документарецот, да се извини јавно и да исплати до една милијарда долари отштета поради, како што тврдат, „финансиска и репутациска повреда“. На барањата уследи одговор: претседателот на Би-би-си, Самир Шах, испратил лично писмо до Белата куќа, со официјално извинување и признание дека телевизијата „погрешила во проценката“.Ситуацијата дополнително се влоши кога „Телеграф“ откри дека и другата позната информативна програма, „Њузнајт“, користела слично монтирана снимка од истиот говор. Скандалот доведе до оставки на двајца високи раководители, отворајќи ја најголемата институционална криза за јавниот сервис во последните неколку децении.Би-би-си, кој се финансира главно преку радиодифузната такса во Велика Британија, моментално функционира без постојан генерален директор. Владата на Кир Стармер паралелно води дебата за идниот модел на финансирање. Премиерот, и покрај контроверзиите, повтори дека поддржува „силен и независен Би-би-си“ кој, како што рече, претставува значаен столб на британската мека моќ во светот.

Свет | пред 3 месеци

EU-1

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

Евтините пакетчиња од Тему, Шеин и Али Експрес наскоро би можеле значително да поскапат за европските потрошувачи, бидејќи Европската унија започна постапка за промена на царинските правила која целосно ќе го укине сегашното ослободување од давачки за пратки до 150 евра.Советот за економски и финансиски прашања на ЕУ иницираше измени на Регулативата за царини, со кои би се елиминирало долгогодишното правило што им дозволува награници да пропуштаат мали пратки од трети земји без наплата на царини. Финансиските министри на земјите членки го поддржаа предлогот и побараа од Европскиот парламент измените да се усвојат „во најкраток можен рок“, за да стапат во сила уште во 2026 година.Доколку регулативата биде финализирана, секоја онлајн нарачка од Кина — без разлика дали станува збор за облека, додатоци или електроника — ќе биде предмет на стандардните царински тарифи што важат за сите увезени стоки во Европската унија.Во моментов, пакетите со вредност до 150 евра нарачани преку големите кинески платформи се пуштаат на територијата на ЕУ без наплата на царина, што им овозможува на европските купувачи евтин пристап до огромен број производи.Првично беше предвидено ова правило да се укине дури по целосното ставање во функција на идниот Царински центар на ЕУ — голема дигитална платформа што треба да ги обедини националните царински служби и да ја засили контролата на увозот. Центарот е дел од пошироката реформа на царинската рамка и се очекува да почне да функционира во 2028 година.Но Советот сега смета дека нема време за чекање. Во образложението се наведува дека моменталниот систем создава „нефер услови“ меѓу европските и странските продавачи, бидејќи голем дел од увозот од Кина пристигнува без никакви давачки.Според податоците на Европската комисија, само во 2024 година во ЕУ пристигнале 4,6 милијарди пратки, од кои 65 проценти биле ослободени од царина. Огромни 91 отсто од тие пратки се однесувале токму на нарачки од кинеските е-трговски платформи.Европските трговци со години укажуваат дека оваа пракса им создава нелојална конкуренција, а властите дополнително посочуваат и дека масовниот прилив на евтини стоки носи и еколошки импликации поради зголемениот обем на транспорт и отпад.Доколку мерката биде усвоена, европските купувачи ќе мора да се навикнат дека „евтините“ Тему и Шеин ќе станат доста поскапи.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryurc23bpihup23TfWOHv

(Видео) Згради во пламен, сирените не стивнуваат – Киев ја преживеа една од најтешките ноќи од почетокот на инвазијата

Силни експлозии ја растресоа украинската престолнина во текот на ноќта, оставајќи зад себе запалени згради, урнатини и уплашени жители кои со часови се криеја во засолништа. Русија изведе масовен ноќен воздушен напад врз Киев во ноќта меѓу 13 и 14 ноември, користејќи стотици дронови и повеќе типови ракети, јавуваат украинските власти.Според најновите податоци, една личност загинала, а најмалку 24 се повредени – меѓу нив и бремена жена. Петмина од повредените се хоспитализирани. Првите детонации одекнале околу 00:45 часот по локално време, а уште два нови бранови удари следеле до околу 1:30 часот, придружени со силни воздушни сирени.Во текот на нападот, шефот на Воената управа на Киев, Тимур Ткаченко, предупреди дека „руските сили удираат директно по станбени објекти“, нагласувајќи дека високи згради биле погодени во речиси сите делови на градот.Според градоначалникот Виталиј Кличко, најмалку 11 повеќекатници се оштетени во ракетирањето. Пожар избувнал и во висок станбен блок во Десњански, зафаќајќи го просторот од петти до осми кат, каде што животот го загуби едно лице.Спасувачките тимови, кои работеле под постојани аларми, успеале да евакуираат повеќе од 40 лица од урнатините и горечките згради, соопшти Државната служба за вонредни ситуации. Извештаи за удари, пожари и евакуации пристигнувале од повеќе општини – Подилски, Дњипровски, Десњански, Соломјански, Свјатошински и Оболонски.Нападот не ги поштеди ниту јавните установи: оштетена е болница, уништени се делови од училиште и дрвени структури во спортски комплекс. Кличко соопшти и дека делови од градската грејна мрежа се тешко погодени, а екипите за итни интервенции продолжуваат со процена на целокупната штета во услови на ниски температури и висок ризик од нови удари.Ноќта зад себе остави слики какви Киев одамна не видел – чад што се издига над градските блокови, скршени прозорци, запалени кровови и граѓани кои се обидуваат да закрепнат од шокот на уште една масовна агресија.Актуелните власти предупредуваат дека воздушната закана останува висока и дека следните денови ќе бидат критични за стабилизација на инфраструктурата.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryd6umtqh77367a677S8w

СДСМ тврди: „Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, вмешан кумот на Мицкоски“

На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека аферата со корупција во ИПАРД-фондовите не е изолиран случај, туку дел од системска злоупотреба што, според неа, води директно до врвот на власта и до луѓе блиски до премиерот Христијан Мицкоски.Кузеска посочи дека, според информации добиени од свиркачи во Министерството за земјоделство, поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Илија Стоилев, бил активен функционер на ВМРО-ДПМНЕ и близок пријател на Игор Миќев, познат како „Панкерот“, за кого тврди дека е во кумовска врска со Мицкоски.„Свиркачите укажуваат дека токму кумот на Мицкоски, преку својата позиција и влијание, вршел притисоци врз службеници за распределба на субвенции и концесии, а неговата сопруга – кумата на премиерот – вработена во Агенцијата, давала одобрение за исплата на средствата од ИПАРД-програмата,“ изјави Кузеска.Таа побара од Обвинителството итно да ја прошири истрагата и да утврди дали, како што вели, дел од провизиите завршувале кај лица поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.„Мицкоски треба директно да одговори дали неговите кумашини Игор и Цветанка Миќеви се под истрага, и дали постоела шема за испумпување пари преку Агенцијата за финансиска поддршка. Земјоделците, кои се најголемите жртви на овие злоупотреби, заслужуваат одговори,“ порача Кузеска.Од СДСМ потсетија дека партијата и претходно укажувала на, како што рекоа, рекет, мито и злоупотреби во институциите надлежни за распределба на европските средства, барајќи од надлежните органи да утврдат дали ИПАРД-фондовите биле користени и за партиско финансирање.

Македонија | пред 3 месеци

media-library0elaa7q5s0t3aJaRqhq

Одбројувањето започна: до крајот на годината мора да се донесе новиот Кривичен законик

Две години по контроверзните измени на Кривичниот законик, со кои беа ослободени од одговорност бројни функционери, државата повторно се соочува со рокови и правна неизвесност. Наместо да ги поправи старите одредби, Министерството за правда најави дека до декември ќе биде усвоен сосема нов Кривичен законик, кој треба да ја замени постојната верзија.Од Министерството велат дека текстот на новиот закон е финализиран, преведен на англиски јазик и се изработуваат техничките табели што треба да ја подготват земјата за усвојување. Како што објаснуваат, станува збор за темелна ревизија на кривичните дела и нивната класификација, со цел да се воведе поголема правна прецизност и ефикасност.„Новото решение треба да овозможи полесно докажување на делата и праведна примена на законот. Особено внимание е посветено на делот за злоупотреба на службена положба и корупција, каде што воведуваме усогласеност со европските стандарди“, наведуваат од Министерството за правда за Фокус.Од таму појаснуваат дека новите правила нема да ги засегнат веќе завршените случаи – односно нема да важат ретроактивно, што значи дека функциoнерите кои се извлекоа со старите измени нема да бидат повторно предмет на кривична одговорност.На потребата за итно делување веќе укажа и претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, кој потсети дека Судот уште во август дал рок од шест месеци за измени, но до денес Собранието не презело конкретни чекори.„Во државата владее неказнивост и неодговорност, а вака донесените измени направија сериозна штета. Ако Парламентот не постапи, ќе мораме да ја отвориме постапката и да одлучиме. Доколку Судот го укине целиот закон, тогаш во сила би се вратило старото решение,“ рече Костадиновски во гостување на Телма.Тој предупреди дека евентуално целосно укинување на законот би можело да создаде правен вакуум и уште поголем простор за злоупотреби, нагласувајќи дека ваквите системски закони не смеат да се носат „преку ноќ“ и без јавна расправа.Според најавите, Министерството за правда планира до крајот на годината законот да биде ставен на владина и потоа на собраниска процедура. Новиот Кривичен законик, доколку навремено биде донесен, треба конечно да воспостави појасна рамка за гонење на корупцијата и злоупотребите во јавниот сектор – тема која со години е меѓу најболни во македонското општество.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryttiderlk9qgkcz4vYLV

Скопје ќе го добие првото „подземно чудо“ - Ѓорѓиевски најави изградба на подземна сообраќајница од Лимак до Кисела Вода

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ја потпиша одлуката за јавна набавка за изградба на почетната фаза од првата подземна сообраќајница во Скопје која ќе биде реализирана од потегот од под „Лимак“ до влезот на Кисела Вода, односно на булеварот „Македонија“.„Со пуштањето во употреба на подземната сообраќајница под ‚Лимак‘, Скопје ќе го добие своето прво подземно сообраќајно чудо“, истакна Ѓорѓиевски, додавајќи дека ова е еден од најзначајните проекти за градот и симбол на новото време за Скопје.„По завршувањето на правната постапка, веднаш започнуваме со работа“, соопшти градоначалникот, нагласувајќи дека оваа инвестиција ќе го растовари сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и ќе донесе нова динамика во срцето на градот. Проектот предвидува изградба на шест ленти, од кои четири се за двосмерен автомобилски сообраќај, две за јавен превоз, како и дополнителни пешачки патеки.Дополнително, ќе бидат изградени нов кружен тек кај „Нова Македонија“ и двата кружни тека на потегот кај булевар „Кочо Рацин“ и улица „Железничка“.Според Град Скопје, со завршувањето на подземната сообраќајница, централниот дел на градот ќе стане побезбеден, покомфорен и поуреден, а сообраќајот ќе се одвива непречено.

Скопје | пред 3 месеци

kocevski1111

И понатаму неизвесно за обвинителот Коцевски: „Почекајте, ќе видите“ – порача Мицкоски

Смената на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски веќе подолго време е во фокусот на јавноста, но и денеска премиерот Христијан Мицкоски не даде конкретен одговор за тоа дали ќе има разрешување. На новинарско прашање што ќе се случува со Коцевски, премиерот кусо одговори:„Почекајте, ќе видите.“Говорејќи за реформите во судството и обвинителството, Мицкоски изјави дека е подготвен да ја донира својата плата на судиите и обвинителите – но само под услов тие навистина да судат согласно закон. Тој нагласи дека не може да се согласи со зголемувања на плати во систем што, како што рече, нема никаква доверба меѓу граѓаните.Премиерот потсети дека државата се соочува со тешка економска состојба и дека следната година ќе треба да врати долг од две милијарди евра – износ кој, според него, претставува една третина од вкупниот буџет од шест милијарди.„Од тие пари треба да се исплатат пензии, плати, социјални трансфери и комунални обврски, а во исто време мора да вратиме над две милијарди евра. Некој неодговорно ја задолжил државата и идните генерации“, изјави Мицкоски, алудирајќи на претходната влада.Во однос на судските реформи, тој посочи дека ако сето тоа се сведува само на зголемување на платите во судството и обвинителството – тогаш таква реформа нема да ја направи. „Не можеме да одвојуваме повеќе средства за независно финансирање на судството и обвинителството отколку што тоа го прават најразвиените земји во ЕУ“, додаде тој.Премиерот истакна дека суштински промени нема, иронично забележувајќи дека единствените реформи се „за повисоки плати“, а не за вистински системски подобрувања. Како пример ја посочи измената на Кривичниот законик што, според него, била направена под притисок на Уставниот суд и овозможила политички амнестии.„Претходната влада го измени законикот и овозможи политичка амнестија за многумина. Сега, кога ние ќе поведеме постапка против некој од нив, тие ќе се повикуваат на тој закон донесен шверцерски, под европско знаме“, изјави Мицкоски, додавајќи дека дел од меѓународните извештаи тогаш „срамежливо премолчале“ за ваквите случувања.Во продолжение, премиерот се осврна и на европскиот пат на земјата, потсетувајќи на ветувањата дека промената на името ќе ја приближи Македонија до ЕУ. „Нè убедуваа дека сме ‘фронтранери’ и дека за три-четири години ќе станеме членка на Унијата. Тоа време одамна помина, а ние сè уште сме таму каде што бевме пред 25 години,“ рече Мицкоски, додавајќи дека Македонија не треба да прифаќа нови условувања што, според него, ја загрозуваат националната идентитетска позиција.

Македонија | пред 3 месеци

velosiped

Несреќа на скопска „Партизанска“: Велосипедист удрил во пешак, но тешко е повреден токму велосипедистот

Скопјанец е тешко повреден откако со велосипед удрил во пешак.На 12.11.2025 околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информираа од полицијата.Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања