„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анита Буховски

media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Се расправале, па со автомобил се обидел да удри сограѓанин, кривична пријава против жител на Виница

Инцидентот се случил по расправија на булеварот „Маршал Тито“ во Виница.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против A.Г.(36) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 26.06.2025 на бул.„Маршал Тито“ во Виница, по претходна расправија, пријавениот со патничко возило се обидел да удри 28-годишен маж од с.Лаки, виничко.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryt938mk5g06pj2zVh9XL

Филипче го зајакнува тимот, д-р Александар Трајановски е предлог за нов потпретседател на СДСМ

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од редовите на СДСМ, трауматологот д-р Александар Трајановски, ќе биде номиниран за нов потпретседател на партијата, најави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче.Филипче ја соопшти оваа одлука пред вечерашниот состанок на Извршниот одбор, на кој, како што истакна, ќе бидат презентирани дел од плановите за кадровски и политички промени во рамките на партијата. Тој повика на трпение и разбирање од членовите и симпатизерите, нагласувајќи дека процесот се спроведува внимателно и со јасна стратегија.– Д-р Трајановски е човек исклучително посветен на партијата, имаше одлична и препознатлива кампања и привлече големо внимание во јавноста. Сметам дека ова е значајно кадровско зајакнување на раководното ниво на СДСМ – изјави Филипче.Александар Трајановски е специјалист ортопед и трауматолог, поранешен директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Тој е актуелен член на Извршниот одбор на СДСМ и долги години активен во партиските структури.Оваа кадровска промена следува по оставката на дотогашната потпретседателка Ана Чупеска, која ја поднесе пред вториот круг од локалните избори.На денешната прес-конференција, Филипче ги отфрли шпекулациите дека нудел функции на поранешни градоначалници и бил одбиен, нарекувајќи ги „кафански муабети“ без основа.– Во партијата нема никакво раслојување. Напротив, постои силно чувство на единство и заедничка цел – нагласи лидерот на СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Зеленски: Русија подготвува нова голема војна во Европа до 2030 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува нова, голема офанзива на европскиот континент, која, според украинските проценки, би можела да започне во периодот меѓу 2029 и 2030 година. Тој како доказ го посочи интензивираното производство на оружје во Русија, што, според него, покажува дека Москва нема намера да ја прекине војната против Украина.Во објава на „Телеграм“, Зеленски истакна дека Москва значително ја зголемува воената индустрија, што јасно укажува дека целта на Кремљ е продолжување, а не завршување на конфликтот.„Состојбата на фронтот ни покажува дека Русија не е подготвена да сопре. Кога ги гледаме нивните фабрики, складишта и производни капацитети, станува јасно дека тие се подготвуваат за долгорочна војна,“ изјави украинскиот лидер, пренесе агенцијата „Укринформ“.Зеленски нагласи дека само здружениот меѓународен притисок може да ја принуди Русија да ја прекине агресијата, повикувајќи ги земјите-сојузници да дејствуваат сега, додека војната сè уште може да се сопре во рамките на Украина.Во меѓувреме, Министерството за финансии на САД соопшти дека воведува нови санкции против руските енергетски гиганти „Роснефт“ и „Лукоил“, барајќи од Москва итно да прифати прекин на огнот. Според проценките на Киев, овие санкции ќе ѝ нанесат на Русија загуби од најмалку 50 милијарди долари годишно.И Европската унија продолжува со притисокот врз Кремљ – високата претставничка за надворешна политика Каја Калас објави дека Унијата го усвоила 19-тиот пакет санкции насочен кон руската економија и нејзините воени капацитети.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryvhn15cfevs3k1aLXkNf

Косата ѝ се заплеткала во машина за месење тесто, 49-годишна жена загина на работното место во Лариса

Бизарна трагедија се случи утринава во местото Дамаси, во близина на Лариса, каде што 49-годишна жена го загуби животот на своето работно место во локална пекарница. Според информациите на „tirnavospress.gr“, несреќата се случила кога косата на жената се заплеткала во индустриската машина за месење тесто, што довело до смртоносна повреда.Колегите веднаш притрчале да ѝ помогнат, а набрзо пристигнала и екипа на итната медицинска помош. И покрај брзата интервенција, лекарите не успеале да ја реанимираат, а смртта била констатирана на самото место.Полицијата веднаш почна истрага за да утврди како дошло до несреќата и дали биле почитувани сите пропишани безбедносни мерки при работа со машината.Жителите на малата заедница се во шок по трагедијата. Починатата, идентификувана со иницијалите Л.З., била позната и почитувана во Дамаси, каде што со години ја водела својата пекарница. Мештаните велат дека зад себе оставила силен печат во локалната заедница и дека сите се потресени од нејзината ненадејна и ужасна смрт.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryrb7b9k5daim68mpV57f

Турција ги приземји сите 18 авиони Ц-130 по трагедијата во Грузија

Турција донесе одлука привремено да ги запре сите летови на своите воени транспортни авиони Ц-130, по трагичната несреќа што се случи во Грузија, при која загинаа сите 20 турски војници што биле во леталото. Од Министерството за одбрана соопштија дека летовите ќе останат суспендирани сè додека не се заврши целосната истрага и не се утврдат причините за падот, јавува „Си-ен-ен Турк“.Во известувањето се наведува дека сите 18 авиони од овој модел се повлечени од употреба и подложени на детални технички проверки. Во меѓувреме, експертски тимови во Анкара ја анализираат црната кутија на авионот со цел да се открие што точно довело до катастрофата.Министерството нагласува дека во оваа фаза е прерано да се изведуваат заклучоци за причините за падот, но потсетува дека авионот бил купен од Саудиска Арабија во 2012 година и редовно одржуван, при што последниот сервис бил извршен пред само еден месец.Исто така, е потврдено дека авионот немал превоз на муниција во моментот на несреќата.Несреќата се случила во вторникот, кога леталото тргнало од Азербејџан кон Турција и се урнало на територијата на Грузија, оставајќи зад себе дваесет загинати припадници на турските вооружени сили.

Свет | пред 3 месеци

media-librarysk2psehhojvi4xzmWCN

(Видео) Глувци на таванот во студентските тоалети во „Пелагонија“: Од управата на домот добиле отров за да ги истребат глодарите

Повеќе глувци се движат по таванот на тоалетот во студентскиот дом „Пелагонија“ во центарот на Скопје, покажува видео-снимка што вечерта ја испратија неколку студенти до порталот „Студентарија“.Снимката уште еднаш го отвора прашањето за условите во кои живеат студентите во државата, откако пред некој ден беше објавено дека не работат лифтовите во „Гоце Делчев“, па студентите до највиските катови на раве носта, торби, куфери, храна.Во овој случај, според студентите, проблемот со глодарите бил пријавен кај службите во домот, но наместо интервенција, тие добиле несоодветен и понижувачки одговор. „Од глувци ли се плашите?“ – им било речено од страна на управата, откако пријавиле дека во тоалетот има глувци кои слободно се движат по таванот.По повторно поднесените жалби, студентите тврдат дека им бил предаден отров со објаснување дека самите треба да го постават во просториите каде што се движат глодарите.Настанот повторно го актуелизира прашањето за студентскиот стандард и грижата на институциите за младите кои живеат во домовите во Скопје и низ државата – простори што треба да обезбедуваат достоинствени и безбедни услови за живеење, а не сцени што потсетуваат на запуштени подруми.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarybu4e53r4dcbq73NP25b

Кривична за Блерим Беџети и вработени во Сарај и Град Скопје - ги сомничат за злоупотреби со градежни документи

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против девет лица, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Општина Сарај, Блерим Беџети, поранешни секретари, раководители на сектори и еден надзорен инженер.Тие се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување или уништување на деловни книги, според членовите 353, 353-в и 280 од Кривичниот законик.Според информациите на Финансиската полиција, во групата се наоѓаат и поранешните секретари на Општина Сарај – С.Ш. и Ќ.К., раководителите на секторот за урбанизам А.С. и Ќ.А., помладиот соработник А.Ш., раководителот на секторот за планирање и уредување на просторот во Град Скопје И.Б.Ш., како и надзорниот инженер Љ.Т.Финансиската полиција утврдила дека службените лица во Општина Сарај, иако знаеле дека за катастарската парцела КП 10405/6 КО Сарај нема донесен детален урбанистички план, сепак изготвиле и одобриле извод од план и одобрение за градба со невистинита содржина.Дополнително, изработиле пресметки за надоместок за уредување на градежно земјиште, спротивно на законските прописи. Надзорниот инженер, пак, спровел технички преглед на објектот и изготвил завршен извештај со лажни податоци, со што се овозможило незаконско користење на објектот.Со ваквото постапување, како што наведува Управата за финансиска полиција, пријавените му овозможиле на правниот субјект „Азра Идриз“ ДООЕЛ од село Глумово – Сарај, да се стекне со противправна имотна корист во износ од 108.638.840 денари.Во соопштението се нагласува дека службените лица свесно ги пречекориле своите овластувања и извршиле акти спротивни на јавниот интерес и законските обврски.Кривичната пријава е доставена до Основното јавно обвинителство – Скопје, кое треба да ја утврди одговорноста на сите пријавени и да одлучи дали ќе отвори официјална истрага.Од Финансиската полиција посочуваат дека предметот е резултат на долга финансиска и документациска анализа, а постојат сомнежи и за поширок систем на злоупотреби во урбанистичките оддели на Општина Сарај во изминатите години.

Скопје | пред 3 месеци

media-library0d0s4fhds6olcvhYAf2

Црни мајки, бели споменици: „Нема вода што ќе ви ја измие вината“ - повик преку пораки за Кочани

Неколку дена пред најавениот марш за правда што ќе се одржи во сабота, на 15 ноември, во Скопје, иницијативата „Кој е следен“ спроведе герила акција со моќни пораки насочени кон јавноста и институциите.На повеќе локации низ центарот на градот, меѓу кои и кај спомениците во близина на „Ибни Пајко“, утринава беа поставени транспаренти и пораки:„Нема вода што ќе ви ја измие вината“,„Правда за Кочани“,„Кога мајките се завиени во црно, совеста нема избор“,„Мајките завиени во црно се огледало на нашата тишина“.Со оваа симболична акција, иницијативата уште еднаш повика на масовна поддршка за родителите на 63-та млади животи изгубени во трагедијата во дискотеката „Пулс“.„Плачат мајки в црно преврзани,бели градој лежат ограбени,чадат села в оган запалени...“— цитираше иницијативата стихови од поетот Ванчо Николески во својата објава, додавајќи дека молкот е најголем соучесник во неправдата.Маршот, кој ќе започне во 12:05 часот од Плоштад Македонија, ќе продолжи покрај Собранието до Основниот кривичен суд, четири дена пред почетокот на судскиот процес за пожарот во Кочани.Родителите на загинатите деца повторно ќе побараат одговорност, транспарентност и правда, а граѓаните преку иницијативата „Кој е следен“ се повикуваат да им се придружат во борбата „за совеста на целата држава“.

Скопје | пред 3 месеци

media-library9qk79ujne3gbdjMs4Mq

Путин има три идентични кабинети на различни места: Кремљ со години ја лажел јавноста за неговата локација

Истражување на Радио Слободна Европа откри дека Кремљ со години ја доведува во заблуда јавноста за вистинската локација на рускиот претседател Владимир Путин, користејќи три речиси идентични кабинети во различни делови на Русија. Истражувачката единица „Система“ утврдила дека бројни средби, за кои официјалните извори тврделе дека се одржале во близина на Москва, всушност биле снимени во Сочи или Валдај – местата каде што Путин сè почесто престојува од почетокот на војната во Украина и засилените напади со дронови, објави Радио Слободна Европа.Тајната на трите кабинетиВо телевизиски прилог од октомври 2020 година, се прикажува снимка на која Путин приоѓа кон вратата од својот кабинет во Ново Огарјово, главната претседателска резиденција. Токму овој детал ја разоткрил измамата – истрагата покажала дека положбата на рачката на вратата и уште неколку други елементи докажуваат дека снимката не е направена во близина на Москва, туку повеќе од 1.500 километри јужно – во речиси идентичен кабинет во Сочи.Единицата „Система“ открила дека не постои само еден, туку уште два верни дупликати на кабинетот од Ново Огарјово – еден во Сочи и друг во Валдај. Последниот е мал град покрај езеро, на половина пат меѓу Москва и Санкт Петербург, кој Путин го претпочита откако ја започна целосната инвазија врз Украина. Истрагата посочува дека тајновитиот Кремљ со години систематски ја прикривал вистинската локација на претседателот.Истовремено, се поставува и прашањето за времето кога навистина се одржале средбите што Кремљ ги објавува. „Система“ претходно открила дека од август наваму Кремљ објавил најмалку седум стари снимки на состаноци на Путин, претставувајќи ги како нови.Детали што ја откриваат вистинатаДо сознанијата за трите кабинети се дошло по детална анализа на околу 700 видеа и фотографии објавени од Кремљ, како и преку преглед на протечени патни податоци на лица од најтесното опкружување на Путин – обезбедувањето и новинарите на државната телевизија кои го следат.Посебно бил примерот од 2020 година: во кабинетот во Ново Огарјово, рачката на вратата покрај бирото на Путин е поставена нешто пониско од спојот меѓу ѕидните панели – што се гледа на повеќе снимки и фотографии. На снимката од 2020 година, пак, рачката е неколку сантиметри повисока, што одговара на распоредот во кабинетот во Сочи.Меѓу останатите детали што откриваат разлики меѓу наведените и вистинските локации се: шарите на Путиновите вратоврски, формата на постаментот за телевизорот, нијансата на површината на масата и структурата на дрвената кутија за документи.Патувањата како доказОва го потврдуваат и патните документи. Електронска карта набавена преку туристичка агенција поврзана со Кремљ покажала дека новинарот Сергеј Брилјов, на денот кога бил емитуван интервјуто на 27 август, летал од Сочи за Москва. Протечените документи откриле дека новинарот Павел Зарубин, кој редовно го следи Путин, често патувал во Сочи и таму снимал материјали што потоа Кремљ ги претставувал како направени во Ново Огарјово. Во еден случај, член на претседателското обезбедување преноќил во Сочи токму во времето кога е сниман материјал за кој официјално било наведено дека е снимен во близина на Москва.Резиденцијата во Сочи – „Бочаров ручеј“ – се користи уште од советскиот период, а Путин таму низ годините има примено бројни светски лидери. За време на пандемијата од ковид-19, приближно една третина од средбите што Кремљ ги прикажувал како одржани во Ново Огарјово, всушност биле во Сочи. Путин често престојува и во Валдај, каде што има кабинет речиси идентичен со оние во Москва и Сочи.Изолација и безбедностПоследниве години, особено по почетокот на инвазијата врз Украина во февруари 2022 година, Путин сè повеќе ја претпочита изолираната резиденција во Валдај. Од февруари 2023 година практично се повлекол од „Бочаров ручеј“, а анализата на снимките што ги собра „Система“ покажува дека речиси сите средби за кои Кремљ тврдел дека во 2025 година се одржале во Ново Огарјово, биле снимени токму во Валдај.Визуелните детали – положбата на ѕидните панели зад неговата фотелја, термостатот поставен во средината на ѕидот, формата на постаментот за телевизорот и шарата на дрвената кутија за документи – јасно го разликуваат кабинетот во Валдај од оние во Ново Огарјово и Сочи. Во Валдај во 2016 година бил изграден и павилјон за состаноци на местото на поранешен тениски терен, а работите ги изведувала истата компанија што ги реновирала другите претседателски резиденции.Истражувањето утврдило и дека некои постари средби, како седницата на владата три дена по пожарот во трговскиот центар во Кемерово во 2018 година, кога загинаа повеќе од 60 луѓе, исто така биле снимени во Валдај.Во неделите пред инвазијата во 2022 година, Путин преку видеоврска разговарал со тогашниот американски претседател Џо Бајден од Сочи, по што се преместил во Валдај, каде што во првите недели од војната одржал најмалку 12 состаноци. Од јануари до крајот на септември годинава, 29 од 30 негови појавувања биле снимени во Валдај.Сателитски снимки на компанијата „Максар“ покажуваат распоредени противвоздушни системи околу резиденцијата – вкупно 12, претежно „Панцир-С1“.Сoциологот Константин Гаазе, кој го проучува рускиот авторитаризам, објаснува дека причината за повлекувањето на Путин е очигледна: безбедноста. „Тоа е, секако, прашање на заштита“, вели Гаазе. Засилените мерки околу елитното предградие Ново Огарјово би привлекле премногу внимание, додека резиденцијата во Сочи е изложена поради положбата на рид. Валдај, напротив, е поскриен и полесен за обезбедување.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги прочитал прашањата што му ги испратила „Система“ пред објавувањето на истражувањето, но не одговорил. Уште во 2020 година ги негирал извештаите дека Путин има два речиси идентични кабинети, а администрацијата никогаш не ги коментирала доказите дека јавноста со години била доведувана во заблуда за локациите на стотиците средби на рускиот претседател.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryg00bvbfghsidfFgc3s0

Градоначалникот Ѓорѓиевски со порака за 13 Ноември: „Нашата должност е да ја чуваме жртвата на хероите“

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски утрово одржа традиционална средба со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, каде што им оддаде признание за зачувувањето на споменот на хероите што го донесоа слободниот град.Утрово ја одржавме традиционалната средба по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.Им се заблагодарив за нивната пожртвуваност и храброст да го чуваат жив споменот на борците кои го положија животот пред олтарот за слободно Скопје.На денешен ден, Скопје ја дочека слободата донесена од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор.Тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина, за Скопје какво што денес го имаме. Нашата должност е да ја чуваме нивната жртва жива, со тоа што ќе го градиме Скопје како град на слободни, горди и обединети луѓе.Вечна слава на хероите кои го донесоа 13 Ноември!Слава на борците за слободно Скопје!, напиша градоначалникот.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryv77gue7m2oj352YzuBE

Лекарот Ненад Цоневски, кој го прегази кучето Маја, е обвинет за екстремна суровост кон животно

Македонскиот лекар Ненад Цоневски, кој работи во Софија, е обвинет за екстремна суровост кон животно, откако со автомобил го прегазил кучето Маја – маалски миленик на жителите од соседството. Случајот предизвика голем револт во јавноста, откако видеоснимка од настанот се прошири на социјалните мрежи, пишува 24 часа.бг.На видеото се гледа како автомобилот управуван од Цоневски излегува од гаража и го удира кучето со предните гуми. Потоа тој излегува од возилото, го погледнува животното кое лежи на тротоарот, се враќа во колата и заминува оставајќи го кучето на улица.Според Обвинителството во Софија, Цоневски е обвинет за „намерна суровост кон животно што резултирало со сериозни повреди“, но не и за убиство, бидејќи кучето било еутаназирано подоцна. Ветеринарната експертиза покажала дека кучето имало сериозни повреди на рбетот и сигурно немало да може да ги движи задните нозе, но имало шанси да преживее. Животното, кое било од расата хаски, било чипувано, но без сопственик, па ветеринарот по консултација решил да го еутаназира.Ако судот го прогласи за виновен, Цоневски се соочува со затворска казна од една до пет години. Додека трае истрагата, тој е суспендиран од работното место во Военомедицинската академија во Софија.Оттаму велат дека „не толерираат никакви облици на агресија или насилство, независно кон кого се насочени“ и потврдија дека соработуваат со органите на истрагата, меѓу кои и Воената полиција.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryb94jh16u27413SGCtCF

Дијана Хрка примила инфузија, но продолжува со штрајкот со глад

Мајката на Стефан, момчето кое загина во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, Дијана Хрка била однесена во болница каде примила инфузија поради влошување на нејзиното здравје како последица од штрајкот со глад.Сепак, само по еден час изминат во здравствената установа, таа повторно се вратила назад за да, како што вели, ја продолжи нејзината борба за правда.Српскиот претседател Александар Вучиќ и вчера упатил апели да го прекине штрајкот со глад кој трае веќе 12 дена.„Од голема важност е што таа прими терапија и сите ние, кои бевме загрижени за нејзиното здравје, можеме да бидеме спокојни. Луѓето околу неа покажаа одговорност. Како претседател на Републиката, им сум благодарен за нивната одговорност и сериозност, а нивна работа е да помогнат во спасувањето на животот на една жена. Ја донесоа во болница. Моите апели ќе бидат упатени до г-ѓа Хрка секој ден да го прекине штрајкот. На нејзиното здравје и на нејзиното тело им е дадена шанса да продолжат да живеат и да се опорават, и би рекол дека ова е добра вест за сите наши граѓани“, рече Вучиќ.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryg6492ifplqgt8SkohXz

Николовски за ИПАРД програмата: 130 милиони евра блокирани, загрозени 3.000 бизниси и 10.000 вработувања

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагираше на интервјуто на министерот Цветан Трипуновски кој, како што вели, иако призна дека ИПАРД програмата е суспендирана, ниту презеде одговорност ниту понуди решенија.„Министерот Трипуновски видно нервозен излезе на телевизија и наместо да понуди решение сам потврди дека ИПАРД е суспендиран– без да каже колкава е штетата, без да каже колку ќе трае проверката за корупција и криминал на неговите најблиски соработници, една од тие и негова посебна советничка“ вели Николовски.Тој предупредува дека се загрозени 130 милиони евра европски средства, пари што требало да донесат над 3.000 нови бизниси и 10.000 нови работни места.„Овие пари не се бројка на хартија, тоа се грантови за реални луѓе, за млади земјоделци, за семејства кои вложиле сопствени средства и надеж дека државата и Европа стојат зад нив. Денес се изневерени,“ истакнува Николовски.Николовски го осуди и нападот на министерот врз претходните успешни програми што создадоа над 4.000 нови мали производители и илјадници семејства кои денес живеат од сопствен труд.„Наместо да превземе одговорност, министерот нападна и претходни програми кои донесоа реални резултати, тој нападна над 4.000 нови мали производители, нови семејства кои денес живеат од сопствен труд. Програми што беа симбол на успех, сега се цел на безмислени критики.“Јас денес понудив конкретни решенија, транспарентно и одговорно, за доброто на земјоделците и државата. Тој ги одби и избра да обвинува без никакви докази, додаде Николовски.„Мојата борба не е против никого лично, туку за секој земјоделец кој денес чувствува дека е изневерен. Нудам помош и конкретни решенија и ќе ги понудам и на неговиот наследник, на секој што мисли добро за државата,“ порачува Николовски.

Македонија | пред 3 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-0010PM

Скопје го слави ослободувањето од фашизмот - Честит 13-ти Ноември!

Скопје денеска го чествува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна. По тој повод, во текот на денот ќе бидат оддадени почести на сите кои ја донесоа слободата, со положување венци пред Споменикот на ослободителите на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани каде почива генерал Михајло Апостолски, како и пред Споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.Од Град Скопје најавија дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи традиционалната свеченост на која ќе бидат врачени годинешните награди „13 Ноември“, што се доделуваат за особени остварувања во различни општествени области.Пред точно 81 година, на 13 ноември 1944 година, скопјани ја дочекаа слободата по неколкудневни жестоки борби со фашистичкиот окупатор. Во операцијата за ослободување учествувале 42. и 50. народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по големи загуби успеале да го ослободат градот.Според сведоштвата, борбите се воделе на повеќе локации низ градот – на улицата „Илинденска“, кај главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, а многу цивили, невооружени, го чувале Камениот мост од минирање, со што зачувале симбол кој и денес е еден од најпрепознатливите белези на градот.Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани – херои чие дело останува вечно врежано во колективното сеќавање на градот.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryhjj5u5j30m031uhfjtd

(Видео) Потписот на Трамп означи крај на блокадата на владата на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп го потппиша законт кој го означи крајот на најдолгата блокада на владата на САД. Претставничкиот дом на Конгресот изгласа повторно активирање на прекинатата помош за храна, исплата на стотици илјади федерални работници и обновување на системот за контрола на воздушниот сообраќај, со што.Гласањето во Претставничкиот домДомот, под контрола на републиканците, го усвои пакетот со 222 гласа „за“ и 209 „против“. Поддршката од Трамп во голема мера ја одржа неговата партија обединета, и покрај силното противење на демократите кои се револтирани затоа што 43-дневната блокада, иницирана од нивните колеги во Сенатот, не успеа да донесе договор за продолжување на федералните субвенции за здравствено осигурување.Со потписот на Трамп на законот, кој Сенатот го одобри претходно оваа недела, федералните работници ќе се вратат на своите работни места веќе од четврток, иако не е јасно колку брзо ќе се обноват сите владини услуги и операции.Финансирањето на владата со ова ќе се продолжи привремено до 30 јануари, додека државниот долг на САД, кој моментално изнесува 38 билиони долари, ќе продолжи да расте за околу 1,8 билиони долари годишно.

Свет | пред 3 месеци

avion

Голема промена воведува Рајанер

Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ (Ryanair) од денес целосно ги укинува своите шалтери за пријава на летови и преминува на систем со 100% дигитални карти за чекирање. Патниците отсега ќе мора да се пријавуваат преку интернет и да поседуваат дигитална карта на својот мобилен телефон – печатените карти повеќе нема да бидат прифатени.Нови правилаСпоред новите прописи, сите патници се должни да ја извршат пријавата преку мобилната апликација на „Рајанер“ или преку официјалната веб-страница пред пристигнување на аеродром. По успешната пријава, картата за влез на лет треба да биде зачувана во дигитална форма на паметниот телефон.Печатените карти повеќе нема да важат и нема да бидат прифатени при влез во авионот – со исклучок на летовите кон Мароко, каде што локалните регулативи сè уште бараат физичка, печатена карта.Патниците кои патуваат кон Мароко и натаму ќе можат да ја подигнат својата печатена карта директно на аеродромот.

Свет | пред 3 месеци

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Судењето за кочанската трагедија ќе се одржува двапати неделно, првото рочиште на 19 ноември

Судењето за трагедијата во дискотеката во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а беа повредени над 200, ќе почне следната недела на 19. ноември и ќе се одвива во судницата во Казнено-поправната установа Идризово.Како што соопштија од Основниот кривичен суд во Скопје и Јавното обвинителство, процесот ќе има по две рочишта неделно, со засилени безбедносни мерки и присуство на медицински тим. Првите три рочишта се закажани за 19, 25 и 26 ноември.Оштетените сведоци ќе можат да присуствуваат дури по нивното сослушување.Случајот го застапуваат 15 јавни обвинители, а обвинети се 35 физички и три правни лица. Трагедијата се случи на 16 март оваа година.

Македонија | пред 3 месеци

media-library8galdj3qt84meG8BSDm

Дијана Хрка е во тешка здравствена состојба по 11 дена гладување, одбива медицинска помош и јго продолжува штрајкот

По 11 дена штрајкување со глад пред српскиот Парламент, мајката на младиот човек кој загина при уривањето на настрешницата во Нови Сад, Дијана Хрка, се наоѓа во многу лоша здравствена состојба. Таа продолжува со протестот барајќи одговорност за трагедијата, а околу нејзиниот шатор сè повеќе се собираат граѓани, студенти и универзитетски професори кои ѝ даваат поддршка. Неколку стотици луѓе денеска се околу местото на протестот, а Хрка попладнево, во 16 часот, треба да ѝ се обрати на јавноста.Инцидент и вознемиреност се случија претпладнево пред парламентот, кога медицински тим пристигна на лице место по, наводно, анонимен повик од граѓанин. Лекарите побарале да ја прегледаат Хрка, но таа одбила медицински третман, објави Н1. Ветераните кои се со неа изјавиле дека никој од нив не повикал брза помош и дека протестот продолжува.Околу 12:30 часот, медицинскиот тим се обидел да влезе во шаторот, но барањето било одбиено. Според снимките на српските медиуми, Хрка веќе е во инвалидска количка, видливо исцрпена и ослабена. Еден од присутните ветерани изјавил дека таа е „свесна, но преморена и исцрпена“, додавајќи дека моментално не е во животна опасност.Некои медиуми јавуваат дека лекар и понатаму е во нејзина близина и дека се очекуваат официјални информации за нејзината состојба. Хрка вчера потврди дека се чувствува слабо, но решително порача дека нема да се откаже од штрајкот со глад што го започна на 2 ноември.

Свет | пред 3 месеци

klinikimajka-tereza

Нападнатo 12-годишнo дете центарот на Скопје, осомничениот го исекол со остар предмет

Полицијата трага по напаѓачот.На 11.11.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје, Г.М.(39) од Скопје пријави дека околу 15:50 часот на подрачјето на Центар, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од Б.Љ., кој потоа со остар предмет му нанел расекотина и му го оштетил велосипедот. Малолетникот е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryoddoa0kee75u0yQILBd

Евгениј Поп Ацев добитник на наградата „13 Ноември“ за спортист на годината

Познатиот македонски пливач Евгениј Поп Ацев е добитник на престижната награда „13 Ноември“ во категоријата спортист на годината, која традиционално ја доделува Сојузот на спортови на Скопје. Признанието му беше врачено на свеченоста организирана по повод Денот на ослободувањето на главниот град, како дел од 55-тото издание на оваа спортска манифестација што се одржа во Спортскиот центар „Јане Сандански“.Поп Ацев, кој минатата година го преплива Ла Манш за 9 часа и 43 минути, стана петтиот Македонец што го совладал овој светски познат предизвик, со што уште еднаш ја потврди својата посветеност и упорност, но и ја збогати богатата ризница на македонски спортски успеси.Наградата за тренер на годината ја доби македонската ракометна легенда Кире Лазаров, за успехот со РК „Алкалоид“, кој под негово водство ја освои титулата во машкиот ЕХФ Европски куп за сезоната 2024/25. Истиот клуб беше прогласен и за најуспешна спортска екипа.Признанијата за животно дело ги добија поранешната атлетичарка и тренерка Божурка Ѓошевска, која долги години работеше во Атлетскиот клуб „Работнички“ и на Факултетот за физичка култура „М.М. Брицо“, како и Кирил Михаилов, спортски фоторепортер и организатор на автомобилистички трки кој повеќе од четири децении е активен во спортот преку АМСМ.Меѓу наградените се и спортскиот работник Мр. Горан Мицкоски од Џудо федерацијата, Јордан Тасевски – претседател на Македонската федерација за спортско стрелаштво, спортскиот новинар Владимир Булатовиќ од порталот „Екипа“, професорот по физичко образование Александар Аргироски од ООУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје и професорката Ана Јакимовска Стричевиќ од Факултетот за физичка култура „М.М. Брицо“.Свеченоста, на која беа доделени вкупно десет награди, уште еднаш ја потврди важноста на традицијата започната во 1970 година – да се вреднува трудот, талентот и пожртвуваноста на луѓето кои го градат и унапредуваат македонскиот спорт.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryael533us9cdh8r9pbbN

„Сатанизиравте нормален човек, ќе му ја земете професијата“: Поддршка за лекарот Цоневски кој го прегази кучето во Софија

Покрај силните осуди и бурните реакции во јавноста, за доктор Ненад Цоневски пристигнуваат и пораки на поддршка од негови сограѓани, колеги и јавни личности, и од Македонија и од Бугарија. Група граѓани во писмо до медиумите истакнуваат дека Цоневски е млад и посветен лекар кој својата професија ја извршува со исклучителна хуманост и одговорност, а трагичниот инцидент со уличното куче во Софија го оценуваат како несреќен случај што може да му се случи на секој возач.„Неправедно е ваков несреќен настан да се користи за јавна осуда и навреди кон човек кој целиот свој живот го посветил на помагање на другите,“ се наведува во писмото на групата „Поддршка за д-р Ненад Цоневски“. Тие потсетуваат дека докторот бил меѓу првите кои понудиле помош за време на трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани – од транспорт на повредените и информирање на нивните семејства, до донации на крв и финансиски средства за лекување на повредените македонски деца во Бугарија.„Иако имаше голем придонес, од скромност никогаш не бараше признание. Затоа апелираме до јавноста да се воздржи од навреди и да се потсетиме дека човечноста се покажува токму кога некој ненамерно ќе направи грешка,“ стои во писмото.Поддршка за Цоневски изразија и неколку бугарски јавни личности кои, според нивните изјави, веруваат дека снимките од безбедносните камери ја прикажуваат вистинската, ненамерна природа на настанот. Според нив, Цоневски останува посветен, совесен и чесен млад човек кој не заслужува јавен линч, туку разбирање и фер постапка.„Фактите се следниве:1. Удирање со многу мала брзина2. По ударот, тој се симнува, гледа и не тргнува. Мислам, збунет е. Ако сакал да тргне, зошто би слегол да погледне?3. Влегува во колата, го врти воланот и се обидува да го заобиколи кучето. Т.е. нема цел да го прегази. Инаку ќе одеше право напред.4. Откако беше ослободено – Докторот се обидува да го заобиколи, но кучето завршува под колата. Но, не под задните гуми, туку меѓу нив – т.е. под задниот мост.Тоа е, имаме многу јасна случајност и искуство на докторот за да ја минимизира штетата. Нема „намера“ и злоба, нема причина да се сатанизира.Но бидејќи Ѓаволот е во нашите глави, бараме изговор да ги демонизираме другите.Тука слушам глупости како носење на ветеринар, давање прва помош итн. Ова е апсолутно несоодветно. 99 отсто од луѓето ќе се однесуваат исто како докторот. Никој нема да троши пари на ветеринари, а камоли да го извалка својот автомобил со улично куче“ се вели во постот на Бугарин кој вели:„Сатанизиравте нормален човек. Ќе му ја земете професијата. Човек студирал за лекар, оценуван од пациенти и колеги и вие – некои сложени измамници, ќе кажете што нема да функционира.

Македонија | пред 3 месеци

media-library5r1nb72a2ijfeZdOQWc

Николај Павловски се повлекува од „Движење ЗНАМ“ поради несогласувања со раководството

Поранешниот член на Советот на Општина Куманово, Николај Павловски, објави дека се повлекува од политичката партија „Движење ЗНАМ – За наша Македонија“, наведувајќи дека одлуката ја донел поради сериозни несогласувања со политиките и начинот на кој раководството ја води партијата. Павловски истакна дека причините за напуштањето се принципиелни и политички, а не лични, додавајќи дека пријателските односи со семејството на лидерот Максим Димитриевски остануваат непроменети.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryilec84k529dkdfkZoIX

Важно известување од МВР: Во Ѓорче ќе се уништуваат гранати

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 14.11.2025 (петок) во 07:00 часот во кругот на Полицискиот центар во Ѓорче Петров во Скопје ќе бидат уништени гранати, за кои според стручна анализа е утврдено дека не може да се транспортираат надвор од полицискиот центар. Гранатите ќе бидат уништени според предвидените безбедносни стандарди.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarybde59lr0ui4g88f0U1z

Манасиевски: „Познат доктор одбил функцијата во СДСМ – не го смета Филипче за релевантен политичар“

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција изјави дека партијата добила информации оти познат доктор и поранешен градоначалник одбил да прифати функција во раководството на СДСМ, бидејќи, како што рече, не го смета актуелниот партиски лидер Венко Филипче за релевантен политичар.Според Манасиевски, состојбата во СДСМ е крајно нестабилна по, како што ја нарече, „катастрофалната загуба“ на локалните избори, на кои партијата освоила околу 120.000 гласови и само шест општини.„СДСМ е во тежок политички нокдаун, а процесот на консолидација никако да му појде од рака на Филипче,“ рече Манасиевски, додавајќи дека поранешни активисти, функционери и поддржувачи веќе јавно се дистанцираат од раководството и не ги поддржуваат неговите политики.Тој нагласи дека од сите страни во партијата се бараат реформи, како и оставка и одговорност од сегашниот лидер, но, според него, „само Филипче ја игнорира таа реалност“.„Изгледа дека Филипче е задоволен од целата ситуација и сака да го доведе СДСМ до ниво на статистичка грешка,“ изјави Манасиевски, повикувајќи ја најголемата опозициска партија „итно да спроведе внатрешни реформи, бидејќи на Македонија ѝ е потребна силна опозиција“.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Кејт Бланшет, Виго Мортенсен, Спајк Ли – Холивуд во Ватикан на покана од папата Лав XIV, вљубеник во филмот

Папата Лав XIV, познат по својата страст кон филмската уметност, ќе ја отвори вратата на Ватикан за некои од најпознатите имиња на современото кино. На 15 ноември, американскиот папа ќе биде домаќин на посебен настан на кој ќе присуствуваат ѕвезди како Кејт Бланшет, Адам Скот, Виго Мортенсен, Крис Пајн и славните режисери Спајк Ли и Џорџ Милер, авторот на сагата „Лудиот Макс“.Меѓу гостите ќе бидат и актерите Алисон Бри и Дејв Франко, како и режисерите Гас Ван Сент и Тони Кеј. Настанот, што го организира Ватиканската канцеларија за култура, е дел од Светата година на Католичката црква и има за цел да ја продлабочи врската меѓу духовноста и уметноста.Од Ватикан соопштуваат дека папата сака „да го продлабочи дијалогот со филмскиот свет и да ги истражи можностите што уметничката креативност ги нуди за мисијата на Црквата и промовирањето на човечките вредности“.Ова не е првпат поглаварот на Римокатоличката црква да се приближи до холивудските имиња. Во јуни, легендарниот Ал Пачино имаше приватна аудиенција со папата Лав XIV, а само неколку дена пред најавениот настан, тој го пречека и Роберт Де Ниро со неговите деца. Де Ниро изјави дека средбата била „многу лична и емотивна“, особено откако папата примил слика од неговиот покоен внук Лео.Папата, кој потекнува од Чикаго, во неколку наврати ја сподели својата љубов кон филмот, откривајќи дека негови омилени наслови се класиците „Прекрасен живот“, „Моите песни, моите соништа“, „Обични луѓе“ и „Животот е прекрасен“.Настанот наречен Холивуд во Ватикан претставува редок културен дијалог меѓу духовноста и светот на филмот – нешто што, како што наведуваат од Ватикан, папата Лав XIV го смета за „мост меѓу верата и уметноста“.

Магазин | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања