„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анита Буховски

media-libraryfef1rg2gp4c75L1NSmi

Помош за Ивица од Охрид, има тешка хронична болест на бубрезите - итно мора на операција во Турција

Апел до сите хумани луѓе за помош за Ивица Попоски од Охрид кој се бори со тешка хронична болест на бубрезите (стадиум 5) и оди на хемодијализа од 2016 год.Поради итна операција и лекување во Турција, потребна му е финансиска помош за да може да ја подобри својата здравствена состојба.Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја донација, без разлика на износот, значи многу за него и неговото семејство.Ве молиме, доколку сте во можност, да му помогнеме на Ивица во неговата борба за живот.Донации може да се уплатат на:Трансакциска сметка Комерцијална Банка 300017121388653Девизна сметка 02-307-0699762.3Број за донација Телеком Мк 143107Број за донација А1 143474

Охрид | пред 3 месеци

media-library136gtnmd6sn367ftCya

Продаден „Мелони Блу“ – дијамантот на пријателката на Жаки Кенеди блесна за 25,6 милиони долари во Женева

Блиска пријателка на Жаклин Кенеди и позната американска филантропка Рејчел „Бани“ Мелон повторно е во центарот на вниманието, откако редок дијамант кој некогаш ѝ припаѓал беше продаден на аукција во Женева за 25,6 милиони долари.Аукциската куќа „Кристи“ го потврди продажбата на беспрекорно изработениот скапоцен камен, кој е дел од престижната колекција „Величествени скапоцености“. Дијамантот, со тежина од 9,51 карат и впечатлива сина боја, е во форма на круша и го носи името „Мелон Блу“ во чест на својата поранешна сопственичка.Мелон била истакната аристократка и љубителка на уметноста, позната и по тоа што ја дизајнирала розовата градина во Белата куќа за време на мандатот на претседателот Џон Кенеди — градина што неодамна повторно беше уредена во времето на администрацијата на Доналд Трамп.По нејзината смрт во 2014 година, „Мелон Блу“ беше продаден за 32 милиони долари, поставувајќи рекорд како најскапо платен обоен дијамант во тоа време. Новата продажба во Женева го потврдува постојаниот интерес за уникатните и историски скапоцености што некогаш биле дел од нејзината лична колекција.

Магазин | пред 3 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.31

(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овојпат поради бизарна изјава за магнетите, дадена за време на настан во Овалната сала, пишува „Индипендент“ (The Independent).Сè се случило вчера, за време на свечената заклетва на новиот американски амбасадор во Индија. Трамп ја искористил приликата за неочекуван монолог за Кина, фокусирајќи се на неодамнешниот договор за извоз на ретки земјени метали.„Кина имаше намера да нè погоди со ретките земјени метали. Сега сите велат: ‘О, што значи тоа?’ Магнети. Ако Кина одбие да ги даде магнетите, бидејќи има монопол врз нив… нема да се произведе ниту еден автомобил во целиот свет“, изјави Трамп.Потоа додал збунувачка тврдeње дека „никој не знае што се магнети“, по што се пофалил со, како што го нарекол, „големиот договор“ што Кина и САД го постигнале минатиот месец.Позадина на трговските преговориИако разговорите не резултирале со формален договор, администрацијата на Трамп се согласила да ги намали царините на одредени кинески производи што влегуваат во САД.Заради тоа, Пекинг се обврзал да ги укине мерките за контрола на извозот на ретките земјени метали, клучни за производството на електроника и други напредни технологии, пренесува „Јаху њуз“ (Yahoo News).Што се магнети?Магнетите, и покрај тврдењето на Трамп дека „никој не знае што се“, всушност се добро познати предмети. Станува збор за материјали што создаваат магнетно поле, кое им овозможува да привлекуваат други метали, најчесто железо.Во современата индустрија тие не служат само за детски експерименти или за прикачување белешки на фрижидер, туку се неопходни во производството на сè — од електромотори и тврди дискови до мобилни телефони и електрични автомобили. Најмоќните, т.н. ретки земјени магнети, се изработуваат од ретки земјени метали — ресурси што Кина речиси целосно ги контролира.

Свет | пред 3 месеци

media-librarynlejvelkffuo03tBu5B

Инфлуенсерка од „ТикТок“ мора да плати 1,75 милиони долари за уништен брак

Ѕвездата на „ТикТок“, Бренеј Кенард, мора да плати отштета од 1,75 милиони долари на жена чиј брак, според судската пресуда, го уништила. Тужбата се темели на контроверзниот закон за „отуѓување на наклонетост“, кој е на сила само во неколку американски држави и им овозможува на напуштените сопружници да тужат трета личност за распад на бракот, пишува „Јунилад“ (Unilad).Бренеј Кенард, инфлуенсерка од Северна Каролина, има речиси три милиони следбеници на „ТикТок“, каде што објавува видеа од секојдневието, совети за шминка и готвење, како и популарни „мукбанг“ снимки (видеа во кои се снима како јаде големи количини храна).Во мај 2024 година, Акира Монтаг поднела тужба против Кенард, тврдејќи дека таа е одговорна за крајот на нејзиниот брак со Тимоти Монтаг. Тужбата се повикувала на законот за „отуѓување на наклонетост“ – стар правен пропис што му овозможува на напуштениот сопружник да бара отштета од лицето за кое смета дека е виновно за разводот. Северна Каролина е една од ретките држави што сè уште го применуваат овој закон.„Бракот им се распаѓал со години“Според тужбата, Кенард имала афера со Тимоти додека тој сè уште бил во брак со Акира, а наводно и се фалела со тоа на социјалните мрежи. Бренеј Кенард и Тимоти Монтаг сега се во брак. По судењето, поротата пресудила во корист на Акира Монтаг.Судијката на Вишиот суд ѝ наредила на Кенард да исплати 1,5 милион долари за отуѓување на наклонетост и дополнителни 250.000 долари за сексуален однос со туѓ сопружник. Кенард, која самата се бранела на суд, во завршниот збор изјавила дека не е таа виновна за распадот на бракот. „Бракот им се распаѓал со години“, рекла таа, додавајќи дека е цел на тужбата единствено затоа што е позната инфлуенсерка.Робонета Џонс, адвокатката на Акира Монтаг, ги отфрлила тврдењата дека Кенард била пијана на снимките на кои танцува со Тимоти. „Алкохолот не е изговор за ‘тверкање’ на маж на друга жена во бања“, рекла Џонс. Како дополнителен доказ, адвокатката ја истакнала објавата од „Снепчет“, каде што Кенард, на прашањето за правните проблеми, одговорила дека „Тимоти вредел“.

Магазин | пред 3 месеци

media-librarygph134rmne6kays8WVH

Адвокатката Јошевска-Анастасовска: Брифингот на судот со обвинителството создава впечаток на нефер постапка

Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска остро реагираше на најавениот брифинг на Основниот кривичен суд Скопје и Јавното обвинителство во врска со предметот за пожарот во Кочани, оценувајќи дека ваквиот чекор остава впечаток на процесна нерамнотежа и нарушување на принципот на независност.„Кога судот и обвинителството настапуваат заедно, правдата останува сама,“ напиша таа на „Фејсбук“. Јошевска-Анастасовска, која е дел од одбраната во случајот, смета дека со тоа што судот организира брифинг на кој е покането само обвинителството, се создава впечаток дека институцијата стои на иста страна со една од страните во постапката.„Судот треба да биде над обвинителството, а не покрај него и да расправа со него за ‘технички предизвици и организациска поставеност’. Ако веќе решил да го покани обвинителството, тогаш требаше да ја повика и одбраната,“ посочува адвокатката.Таа додава дека со вакви потези судот не ја заштитува, туку ја посрамотува правдата и создава услови за нефер постапка.Брифингот, како што претходно соопшти Основниот кривичен суд, е закажан за денеска, во 10:30 часот во судницата на КПУ Идризово, каде што на 19 ноември треба да започне главната расправа за случајот со пожарот во Кочани.

Македонија | пред 3 месеци

media-library5rjtmrhuk3t41S4TH39

Николовски: „Со реконструкција на обиколницата во Крива Паланка безбедуваме побрз транспорт и безбеден сообраќај“

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка која води до соседна Бугарија.Многу значаен проект на Коридор 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин - Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир кој е главна врска со Бугарија.Обиколница на Крива Паланка е проект со кој го поттикнуваме регионалниот развој и соработка, во истовреме обезбедуваме побрз транспорт и безбеден сообраќај" напиша вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryv77gue7m2oj352YzuBE

(Многу вознемирувачко видео) Македонскиот лекар Ненад Цоневски го прегази кучето, го погледна и си замина ладнокрвно: По злосторството доби отказ, а може да добие и затвор!

Јавноста во Бугарија и Македонија згрозена од лекарот кој прегази куче во Софија. Не стивнуваат реакциите по објавувањето на видеото на кое се гледа лекарот, Ненад Цоневски од Македонија, вработен на Воено-медицинската академија во Софија, како прегазува куче излегувајќи со возилото од зграда. На снимките од надзорните камери се гледа како мажот со автомобил го прегазува кучето, излегува од автомобилот, го набљудува повреденото животно, а потоа повторно влегува во возилото и заминува, минувајќи и со задните тркала преку неговото тело.Инцидентот предизвика лавина реакции во јавноста и бурни осуди на социјалните мрежи. Жителите од маалото, кои се грижеле за кучето – старо 12 години и познато како мирно и кротко – организираа протест со барање сторителот да биде најстрого казнет.Според бугарските медиуми, човекот е лекар по потекло од Македонија, кој работи во Военомедицинската академија во Софија. На местото на настанот, соседите испишале натпис „Убиец“ на гаражата во која паркирал. „Како може доктор кој треба да спасува животи да направи нешто толку сурово? Шокирана сум,“ изјави една од жителките во зградата.Очевидци тврдат дека човекот набрзо по инцидентот се иселил од станот во кој живеел под кирија. „Сигурно мислеше дека кучето ќе се тргне, но тоа беше старо, не реагираше брзо. Намерно го прегази,“ сведочи една жена од соседството.Против него е покрената истрага, и привремено нема да работи во Воено-медицинската академија, додека трае истрагата, пренесуваат бугарските медиуми. Според бугарскиот Кривичен законик, доколку се докаже вина, му се заканува казна затвор до пет години за сурово постапување кон животни.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Трамп бара милијарди долари оштета од Би-Би-Си и повлекување на документарецот „Панорама“ до петок

Американскиот претседател Доналд Трамп најави тужба против британската телевизија Би-Би-Си, барајќи милијарди долари оштета и повлекување на нивниот документарец „Панорама“ до петок, 14 ноември. Трамп ја обвини медиумската куќа за, како што рече, „измама на јавноста“ и „уредувачка манипулација“ на негов говор.„Мислам дека имам обврска да реагирам. Тие ја измамија јавноста и самите го признаа тоа. И сето тоа доаѓа од земја која е наш сојузник,“ изјави Трамп во интервју за американската водителка Лори Инграм, додавајќи дека Би-Би-Си „од еден прекрасен и смирувачки говор направил да звучи радикално“.Британските медиуми пренесуваат дека Би-Би-Си сè уште нема официјален одговор, но дека редакцијата стои зад документарецот, оценувајќи го како „новинарско истражување од јавен интерес“.Скандалот предизвика силни реакции и оставки на највисоко ниво во корпорацијата — функциите ги напуштиле генералниот директор Тим Дејви и уредничката на документарниот оддел Дебора Торнтон, кои ја презеле одговорноста за „уредувачкиот пропуст што го нарушил јавниот интерес“.Според британските извори, уште во јуни, веднаш по емитувањето на „Панорама“, независниот советник на редакцијата, Мајкл Прескот, испратил допис во кој предупредувал на проблематичната монтажа, но документот бил игнориран од уредништвото.

Свет | пред 3 месеци

media-library62o1bagt5nfnajCnndA

Скопје конечно ќе ја добие празничната магија што ја заслужува

По неколку бледи зими во кои главниот град изгледаше тажно и речиси без празничен сјај, годинава Скопје ќе ја добие новогодишната атмосфера што ѝ доликува на една метропола. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека со ребалансот на буџетот ќе се обезбедат средства за украсување на улиците и плоштадите, како и за организирање новогодишна прослава за граѓаните.„Со ова Скопје конечно ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани“, изјави Ѓорѓиевски во гостување на МРТВ, нагласувајќи дека целта е градот да ја врати празничната магија.Скопјани која последниве години токму тоа го доживуваа на друго место – во соседните и европските градови, каде што веќе во ноември почнуваат божикните маркети и светлосните украси.

Скопје | пред 3 месеци

media-library4bt49oa1ahj7cX7kavA

Пофалби за западниот сосед и критики за источниот сосед, оценки од Љубчо Георгиевски: Албанија блеска со инфраструктура, а Бугарија три децении тапка во место

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во објава на „Фејсбук“ упати пофалби до Албанија за забрзаниот инфраструктурен развој, нагласувајќи дека автопатите и експресните патишта се градат со завидна динамика и квалитет. Тој посочи дека економскиот напредок на земјата е невиден во последната деценија, додека, според него, Бугарија останува единствениот сосед кој во изминатите триесет години не реализирал ниту еден инфраструктурен проект кон Македонија.Браво за Албанија! Автопатот Блаце-Приштина-Тирана веќе неколку пати го имам поминато но пред некој ден специјално отидов да го поминам автопатот Тирана-Ќафасан кој напредува со невидена брзина и експресниот пат Тирана-Дебар кој посебно ме воодушеви со живописниот предел низ кој минува но и самата изграба со многу тунели и мостови.Економскиот развој на Албанија е невиден во последните десетина години. Бугарија останува единствениот сосед кој триесет години нема никаков инфраструктурен проект изградено према Македонија.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryesbm7s1q8ihqaBgJ5pd

Ѓорѓиевски: Имав средба со Финансиската полиција, барам одговорност за злоупотребите во градските претпријатија

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека веќе имал состанок со претставници на Финансиската полиција, откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вчера побара од него да пријави доколку располага со докази за злоупотреби во градските јавни претпријатија.Ѓорѓиевски изјави за МТВ1 дека не може да открива детали во интерес на истрагата, но нагласи дека стои зад сите информации што досега ги обелодени во јавноста. Тој потсети дека од списоците на вработени биле избришани околу 500 лица кои земале плата без да доаѓаат на работа, што, како што рече, претставува сериозно кршење на Законот за работни односи и на работната дисциплина.„Станува збор за луѓе кои не биле ангажирани на реални работни задачи, туку им било дозволено да ја злоупотребуваат институцијата. Градот се доведе во ситуација да губи по пет милиони евра годишно, што за четири години изнесува околу 20 милиони евра – колку што чини новиот Луна Парк, кој го чекаат генерации скопјани“, рече тој.Градоначалникот посочи дека на средбите со надлежните побарал не само индивидуална, туку и командна одговорност – односно, освен лицата кои земале плата без работа, да одговараат и оние кои ги потпишувале нивните исплати и директорите што го одобрувале таквото постапување.

Скопје | пред 3 месеци

media-library0ruo3hnof3e4aVAg1YK

Домот „Гоце Делчев“ најави санација на лифтовите – по објавата дека студентите живеат без основни услови

Од Државниот студентски дом „Гоце Делчев“ – Скопје информираат дека се работи на санација на лифтовите кои во последниот период се соочија со технички дефекти. Од установата наведуваат дека станува збор за посериозни оштетувања, за кои се веќе порачани резервни делови, а во наредниот период ќе бидат санирани двата нефункционални лифта.Од управата додаваат дека еден од лифтовите во моментов е во функција и дека техничките екипи интервенираат веднаш штом ќе се појави проблем, со цел да не се создаваат дополнителни потешкотии за студентите.„Нашата цел е до Нова година сите осум лифтови во домот повторно да бидат ставени во функција, како што беа во летниот период. Станува збор за посложени дефекти кои бараат подолг рок за целосна санација“, велат од Државниот студентски дом „Гоце Делчев“.Скопје 1“ претходно објави сведоштва од студенти од блок Г, кои со недели се жалат дека живеат во, како што велат, „нехумани услови“, бидејќи лифтовите не функционираат. Тие посочија дека секојдневно се качуваат пеш по 13 и 14 ката, носејќи храна и личен багаж, а дека екипите што интервенираат само привремено ги решаваат проблемите. Студентите апелираа до надлежните институции итно да се најде трајно решение за состојбата.

Скопје | пред 3 месеци

media-library09fu9koi2lkhdYBUasj

Изложбата „In Between“ на Иван Ивановски во Гуанжу го продлабочува културниот дијалог меѓу Македонија и Кина

Во кинескиот град Гуанжу, во саботата, на 8. ноември годинава, беше отворена изложбата „In Between“ на македонскиот визуелен уметник Иван Ивановски, поставена во престижниот Guangdong San Ta Museum of Art. Настанот, кој привлече значително внимание во тамошните уметнички кругови, е дел од програмата за културна размена меѓу Северна Македонија и Народна Република Кина.Куратор на проектот е Александра Ацеска, а изложбата е реализирана во соработка меѓу „Фликер студио“, Зенг Чуан и Чен Хуе Бин, со коорганизатор Жанг Веи. Поддршка пружи и Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија. Уметничката поставка е збогатена со оригинална музика на Андреја Салпе и Оливер Митковски (Поетроника), специјално создадена за оваа прилика.„In Between“ е, според авторот, интимно и концептуално патување – премин помеѓу реалности, култури и емоционални состојби. Делата го истражуваат односот меѓу индивидуата и општеството, менталитетот на масата и границите меѓу објективното и субјективното. Секое дело стои самостојно, но во заеднички контекст тие создаваат визуелна и симболична целина што го преиспитува начинот на кој се доживува идентитетот и перцепцијата.Настанот ја продолжува линијата на културна соработка меѓу двете земји. Минатиот месец, македонскиот пијанист Симон Трпчески одржа маестрален концерт во Хонг Конг, претставувајќи го проектот „Македонисимо“, со кој ја донесе македонската музичка традиција на азиската сцена.Со изложбата на Ивановски, македонската современа уметност добива ново поглавје во своето меѓународно претставување, а соработката со Кина се продлабочува низ културен дијалог што ги спојува двете земји преку уметност, музика и креативност.

Магазин | пред 3 месеци

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Обвинителството подготвено за почеток на судењето за „Пулс“ – 15 обвинители ќе го застапуваат случајот со пожарот во Кочани

Судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, ќе започне на 19 ноември во Скопје. Државниот обвинител Љупчо Коцевски денеска изјави дека обвинителството е целосно подготвено за почетокот на процесот и дека ќе бидат ангажирани доволен број обвинители за ефикасно водење на предметот.„Обвинението во судница ќе го застапуваат обвинителите кои работеа на случајот од самиот почеток. Сепак, на вчерашниот состанок договоривме да се вклучат уште неколку обвинители за да не се оптоварат оние што веќе имаат други предмети. Можеби нема секогаш сите да бидат присутни, но секогаш ќе има обвинител кој ќе го застапува случајот, за постапката да не се пролонгира или одложува по вина на обвинителството,“ изјави Коцевски, додавајќи дека вкупно би можеле да бидат ангажирани и до 15 обвинители.Во однос на предистражната постапка поврзана со службеници на Управата за јавни приходи, Коцевски појасни дека истата се спроведува во Основното јавно обвинителство Кочани. Надлежниот обвинител веќе издал конкретни наредби и насоки до институциите за преземање на неопходните дејствија.Со почетокот на судењето за случајот „Пулс“, се очекува јавноста конечно да добие увид во сите околности што доведоа до една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

Македонија | пред 3 месеци

azir-aliu

Алиу: Ретките болести не се ретки за тие што живеат со нив - годинава обезбедени 58 лека за 430 пациенти

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со Здружението за ретки болести „Живот со предизвици“ одржаа прес-конференција по повод симпозиумот во рамки на кампањата „Ти си редок херој" со заедничка цел да го унапредиме знаењето и практиката во раното препознавање и дијагностицирање на ретките болести.-Ретките болести не се ретки за тие што живеат со нив! Оваа тема е од особена важност, бидејќи матичните лекари, како прва точка на контакт со пациентот, имаат клучна улога за рано откривање и насочување на лицата со сомнеж за ретка болест. Во рамки на Програмата за ретки болести за 2025 година се обезбедени вкупно 58 лека за околу 430 пациенти, меѓу кои и три нови терапии за јувенилен ревматоиден артритис, Фридрајх атаксија и Дравет синдром. Во Регистарот на ретки болести денес се евидентирани повеќе од илјада пациенти, а Министерството останува целосно посветено на унапредување на системот за нивна дијагностика, третман и рехабилитација, истакна на прес-конференцијата министерот Алиу.Во следниот период Министерството ќе работи на неколку приоритети, меѓу кои, проценка и анализа на достапната опрема за дијагностика на ретките болести во јавните и приватните здравствени установи, ажурирање на листата на лаборатории каде се изведуваат биохемиски и генетски тестови, со посебен фокус на континуирана едукација на докторите, особено на лекарите по семејна медицина и специјалистите, за навремено препознавање, дијагностика и превенција на ретките болести, како и воспоставување јасна патека за движење на пациентите на примарно, секундарно и терциерно ниво, согласно медицина базирана на докази и европските протоколи.- До Владата веќе е доставена националната стратегија за ретки болести, која очекуваме да биде усвоена до крајот на годината. Таа стратегија ќе биде основен документ за подобрување на квалитетот на животот на лицата со ретки болести и тоа не само преку терапија, туку и преку психосоцијална поддршка, рехабилитација и инклузија. Наша заедничка заложба како систем, како професионалци и како општество е да обезбедиме навремена дијагностика, современ третман и достоинствен живот за секој пациент, истакна Алиу.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryf5vh7gqst6dgeWI2DLw

ВЛЕН бара местото на Меџити да го преземе Беким Сали, но и ресорот за животна средина да остане во коалицијата

По изборот на Изет Меџити за градоначалник на Чаир, коалицијата ВЛЕН очекува неговите досегашни владини позиции – заменик-премиер и министер за животна средина – да ѝ припаднат на партијата.Вицепремиерот за политики за добро владеење Арбен Фетаи изјави дека Влен ќе предложи Беким Сали за заменик-премиер, а дополнително ќе номинира уште едно лице за министер за животна средина.„Изет Меџити имаше две функции во Владата – министер за животна средина и заменик-премиер. Ние сметаме дека треба да предложиме уште едно име, министер за животна средина. Верувам дека оваа недела ќе седнеме со премиерот како мандатар, најдоцна до утре, и ќе најдеме заедничко решение,“ изјави Фетаи.Тој додаде дека разговорите со премиерот ќе се одвиваат конструктивно и дека очекуваат брзо разрешување на кадровските прашања.

Македонија | пред 3 месеци

42528638_2159192220965800_8350112581788106752_n

Прегазен пешак во центарот на Скопје

Пешак со тешки телесни повреди е пренесен во старата градска болница, откако во центарот на Скопје бил удрен од автомобил кој го управувал 50-годишен скопјанец. На 10.11.2025 околу 18:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“, ул.„Даме Груев“ и ул.„11 Октомври“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ѓ.(50) од Скопје, удрило во пешакот П.Н.(41) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. По наредба на јавен обвинител извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryl9o3dme4gt1d4EKKAGu

Судар кај Кондово, сите повредени се тинејџери и млада жена со двегодишно девојче

Судир на локален пат меѓу „голф“ управуван од 15-годишник и „пасат“ што го возела 27-годишна жителка на Долно Свиларе предизвикува сериозни повреди кај повеќе патници.На 10.11.2025 во 14:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Кондово кон с.Долно Свиларе, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 15-годишник од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(27) од с.Долно Свиларе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач и неговиот 14-годишен сопатник од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле 15-годишник од с.Кондово, 17-годишник од Скопје, сопатници од возилото „фолксваген голф“, како и 27-годишната А.М. и двегодишно девојче од с.Долно Свиларе, сопатнички од возилото „фолксваген пасат“, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 месеци

Opstina_Ohrid_080

Охридски комуналец: „Чисто е убаво!“ – заедничка акција за почист и поодржлив град

Охрид прави важен чекор кон поодржлива иднина. Под мотото „Чисто е убаво – Селектирај“, Општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец“ со поддршка од Шведска преку SALAR International и проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“ ја започнуваат новата иницијатива за селекција на отпад во туристичкиот и угостителскиот сектор.Како што стои во информацијата на нивната официјална страница, „Чисто е убаво!“ претставува нова платформа за соработка меѓу институциите, хотелите, угостителските објекти, маркетите, туристите, граѓаните и граѓанските организации, со една заедничка цел: почист и поубав Охрид.Иницијативата започнува со група девет пилот-партнери, меѓу кои се хотелите „Турист“, „Белви“, „Метропол“, „Конгресен центар“, „Белведере“,„Пела“, „Тино – Св. Стефан“, „Гранит“, “Гарден”, маркетот „Рамстор“, како и основните и средни училишта како дел од програмата “Училишта без пластика”. Во следните месеци, Општината и Ј.П.„Охридски Комуналец“ ќе ја прошират мрежата на партнери со цел до почетокот на туристичката сезона 2026 година значаен дел од градот да биде целосно подготвен со воспоставени системи за правилно управување со отпад.Хотелите и компаниите кои се веќе дел од платформата поставуваат канти за селекција, обучуваат персонал и се подготвуваат за активности за информирање на гостите за придобивките од селекцијата. Во рамки на иницијативата во соработка со маркетот „Рамстор” се планира и специјална локација за одлагање селектиран отпад кое ќе го намали количеството отпад во центарот на градот.„Оваа иницијатива покажува дека туризмот и одржливоста можат да одат рака под рака. Со заеднички напори можеме да создадеме град кој не само што привлекува туристи, туку и се грижи за своето природно и културно наследство“ посочуваат од Општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец“.Целта на иницијативата е едноставна – преку правилна селекција да се зголеми ефикасноста во собирањето на отпадот, да се намали количината на мешан отпад и да се овозможи што е можно повеќе рециклирање. На тој начин,од една страна градот станува почист и попривлечен за жителите и посетителите, а од друга намалуваат оперативните трошоци за управување со отпад. Во овој контекст од SALAR International истакнуваат дека Охрид служи како пример за тоа како локалните заедници можат да создадат вистинска промена преку заедничка акција.Во подготвителниот период, Општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец“ ќе спроведуваат информативна и едукативна кампања на социјалните медиуми, а во соработка со повеќе основни училишта од градот – учесници во едукативната програма на проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“, ќе спроведат и серија јавни и едукативни активности насочени кон граѓаните. Преку игра и практични интерактивни примери, овие настани се очекува да поттикнат поголема свесност и активно учество на Охриѓани во процесот на селекција и одговорно управување со отпад. Настаните ќе се одржуваат на јавни локации каде децата, наставниците и волонтерите ќе демонстрираат едноставни, секојдневни чекори за почист град, покажувајќи дека промената започнува токму од заедницата.Организаторите ги повикуваат и останатите хотели, компании, граѓани и организации да се приклучат кон иницијативата и да помогнат во создавање на поубав и почист Охрид – заедно да покажеме дека чист град е убав град.

Охрид | пред 3 месеци

media-library34nchj1m8nab9Of2WeN

(Видео) Самоубиствен бомбаш ја разнесe влезната порта на судот во Исламабад - 12 загинати, 27 повредени

Во самоубиствен напад пред суд во пакистанската престолнина Исламабад загинале 12 лица, а најмалку 27 се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи на земјата, Мохсин Накви.Накви изјави дека напаѓачот планирал да го нападне окружниот суд, но не успеал да влезе во зградата.Тој додаде дека приоритет на властите е да се идентификува бомбашот и дека сите вмешани ќе бидат изведени пред лицето на правдата.Самоубиствените напади во Исламабад во последните години се ретки. Снимките од местото на настанот, направени во вторникот, покажуваат изгорен автомобил и полициски кордон околу областа.Според министерот, 27-те повредени добиваат медицинска помош.Тој додаде дека напаѓачот го активирал експлозивот во близина на полициски автомобил, откако чекал околу 15 минути.Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари остро го осуди самоубиствениот напад.Во меѓувреме, адвокат кој во моментот на експлозијата го паркирал својот автомобил пред судот изјави дека слушнал „силна детонација“.Рустам Малик изјави за новинската агенција АФП дека „владеело целосен хаос“.„Адвокати и граѓани трчаа во внатрешноста на комплексот“, додаде тој. „Видов две тела на влезната капија, а неколку автомобили беа во пламен.“

Свет | пред 3 месеци

media-librarylgs15knsg4jq8ynqC5M

(Фото) Страотен судар на туристички автобус и камион во близина на Хургада, загинати и повредени странски државјани

Во сообраќајна несреќа што рано утрово се случи во близина на египетскиот град Рас Гариб, во регионот на Хургада, загинаа две лица, а 36 се повредени, соопштија египетските власти. Судирот се случил меѓу туристички автобус и камион на делницата што го поврзува туристичкиот центар со главниот град Каиро.Според првичните информации, меѓу загинатите е возачот на автобусот на локална туристичка компанија, како и уште едно лице. Во несреќата има и повеќе тешко повредени, меѓу кои и странски државјани.Повредените се пренесени со возила на Итната медицинска помош во болниците во Хургада и во околните градови.Руското генерално конзулатство во Хургада потврди за агенцијата ТАСС дека една руска државјанка го загубила животот во судирот, а 27 руски туристи се повредени. Петмина од нив се хоспитализирани поради сериозни повреди.Според податоците од конзулатот, автобусот со туристи патувал од Хургада кон Каиро кога дошло до судирот. Истражните служби во Египет работат на утврдување на причините за несреќата.

Свет | пред 3 месеци

media-librarydgavb81lnehud3WSk1H

Студентите во Белград како жив штит ја бранат зградата на Генералштабот, не дозволуваат изградба на хотелот „Трамп“

Студентите во Белград веќе се пред зградата на Генералштабот и ја блокираат околината, со порака дека тој симбол на градот ќе го бранат со своите тела.На протестот се присутни студенти од неколку факултети и членови на иницијативата „Ансамбл Генералштаб“, а дел од учесниците што тргнаа од Земјоделскиот факултет се поврзуваат со граѓански здруженија од Земун и Нов Белград.Тие гласно повторуваат: „Културното добро не е на продажба. Историјата не е на продажба. Генералштабот останува.“, а професори од Градежниот факултет велат дека реновирањето на објектите на Генералштабот и Министерството за одбрана е возможно и не е прескапо, предлагајќи контролирани интервенции и поделба на оштетените делови во самостојни структурни единици за полесна санација.Овие протести се како одговор на српската влада која со закон сака да му даде приоритет на проектот за изградба на хотел „Трамп“, чиј инвеститор треба да биде неговиот зет Џеред Кушнер.

Свет | пред 3 месеци

klinika-hirurski-kliniki-

Инсулини и медицински помагала 39 милиони евра, реагенси 29 милиони, лекови за ретки болести 19 милиони – здравството троши сè повеќе, а нуди сè помалку!

Трошоците за јавни набавки, во здравството во последните 10 години, се зголемени за два и пол пати, односно тие изнеусвале 126 милиони евра во 2015 година, а лани изнесувале 315 милиони евра, покажа истражувањето насловено како „Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку“, кое го споведе Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).„Најголем раст на вредноста на јавните набавки е воочен кај клиниките и болниците. Но, наместо повеќе услуги и подобра грижа, граѓаните се соочуваат со поинаква реалност, односно, тендерите растат, а работата на болниците и клиниките се намалува. Во периодот од 2015 до 2024 година, бројот на прегледи во вкупно 55 клиники и болници е намален за 14 отсто, а на болнички денови за 24 отсто“, покажало истражувањето.За три години, бројот на специјалистички прегледи паднал за 700 илјадиСпоред истражувачите, инфлаторните фактори не се доволни за да се објаснат огромните скокови во вредноста на набавките, а растечките трошоци за јавни набавки не можат да се оправдаат ниту со специјалистичките прегледи. Во последните три години е евидентиран пад на специјалистичките прегледи за околу 700.000, односно за 19 отсто. Намалувањето на бројот на здравствените услуги во гинекологијата и акушерството, како и во трансфузионата медицина, надминува 60 отсто.„Постои јаз помеѓу зголемената вредност на јавните набавки наспроти падот на дадените услуги во јавните здравствени установи што отвора сериозни сомнежи дека јавните набавки се користат како канал за финансиско извлекување средства, наместо како инструмент за унапредување на здравствената заштита“, оценуваат истражувачите.Големите разлики во вредноста на тендерите наспроти дадените услуги, упатуваат на висок ризик од злоупотреби, односно на тоа лековите и реагенсите да не се искористени за пациентите во јавните здравствени установи.„Големиот раст на вредноста на јавните набавки во здравството е проследен со сè помал број понудувачи на тендерите. Речиси половина од вредноста на договорите се склучуваат во тендерски постапки во кои имало само по еден понудувач. Тендерите за набавка на реагенси и тестови во најголем дел се само формалност бидејќи се спроведуваат за веќе одбран апарат, што значи дека, уште пред да почне постапката, јасно е кој ќе го добие тендерот. Апаратите се претходно добиени како донација, земени на користење од фирми кои продаваат реагенси или, пак, купени. Набавките на реагенси и тестови на годишно ниво достигнуваат и до 29 милиони евра и се зголемиле за 81 отсто во периодот на анализа“, се наведува во истражувањето.Тендерите за набавка на инсулин, глукагон игли и ленти вредат и до 39 милиони евра Двогодишните тендери за набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи и сензори за мерење гликемија, вредни и до 39 милиони евра, се спроведуваат во постапки во кои отсуствува конкуренција, а дополнително склучените договори се анексираат.„За период од 10 години, бројот на пациенти на инсулинска терапија е зголемен за 21 отсто, а вредноста на договорите за 77 отсто. Програмите за обезбедување инсулин од година во година се сè покуси, а извештаите за реализација на програмите не се објавуваат редовно и недостига јавен отчет за потрошеното“, покажало истражувањето.Во него е наведено дека тендерите за вакцинацијата на населението се финансиски сè поголеми, а набавките во одредени години се проследени со слабости – од планирање до неуспех да се склучат договорите навреме.„Трошоците за лекови за ретки болести во последната декада скокнале од 1,5 милион на 19 милиони евра. Овој голем пораст се случува во услови кога Државниот завод за ревизија укажува дека Министерството за здравство нема целосни податоци за тоа дали терапиите навистина ја подобруваат здравствената состојба на пациентите. Причината е што за поголемиот дел од болестите за кои се набавуваат лекови не се спроведува евалуација, како што е предвидено со Програмата за лекување ретки болести“, покажало истражувањето.Истражувањето покажало дека еден од факторите на корупција е и немањето доволно квалификуван кадар за спроведување на набавките.Истражувањето открило дека од 110 здравствени институции, дури во 23 нема ниту едно лице со положен испит за јавни набавки, што е спротивно на Законот за јавни набавки. Без ефикасни механизми за надзор и следење, големи суми јавни пари ризикуваат да се потрошат без да се постигнат пропорционални подобрувања.

Македонија | пред 3 месеци

danela-arsovska

ВМРО-ДПМНЕ: „Колку е поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна“

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека, како што велат, колку поблиску е правдата, толку повеќе поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, ќе биде „бучна и нервозна“.„И посакуваме да се надмине себе си и да ги победи своите стравови и болки. Борбата со таквите демони не е лесна, и и посакуваме среќа. Исто како и со соочувањето со правдата за хаосот што го остави зад себе, кој е неодминлив процес“, се наведува во соопштението на партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека граѓаните виделе дека „подобро и поинакво Скопје може да функционира“ и дека сите надлежни институции треба да се посветат на решавање на, како што велат, „цунамито кое го остави Данела Арсовска“.Оваа реакција на ВМРО-ДПМНЕ следува по нејзината објава на ФБ во која бара од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да ги објави сите фирми со долгови. Таа побара да се објави и списокот на сите 500 вработени, со име и презиме, и податок од кога не оделе на работа.„Три години за корка леб сите што работеа ги избрка, за да направиш место за своите партиски војници“, му порача Арсовска, додавајќи дека наместо соопштенија и „ботови“, Ѓорѓиевски нека собере храброст за јавна дебата – на медиум по негов избор.

Скопје | пред 3 месеци

WPViijiX1E-zapocna-polozuvanjeto-na-cevkite-od-gasovodot-severen-tek-2-vo-vodite-na-danska

Нови детали за експлизијата на „Северен тек“, сите траги водат кон Киев

Врвен тим германски детективи цели три години секое утро се состанувал во Потсдам, обидувајќи се да открие кој стои зад најголемиот чин на саботажа во поновата историја – бомбашкиот напад врз гасоводот „Северен тек“. Нивната истрага, како што пишува „Волстрит џурнал“, сега довела до заклучок што може да го наруши единството во поддршката за Украина, бидејќи сите траги водат токму кон Киев.Последиците од истрагата веќе се чувствуваат. Полска одбила да ѝ го екстрадира на Германија еден од осомничените, сметајќи го за херој затоа што уништил клучен извор на приходи за воената машинерија на Владимир Путин. Полскиот премиер Доналд Туск, долгогодишен критичар на германската зависност од рускиот гас, ја исмеал истрагата со зборовите: „Проблемот не е што гасоводот беше дигнат во воздух – проблемот е што воопшто беше изграден.“Во самата Германија, опозициската партија АфД го користи незадоволството на јавноста поради високите цени на енергенсите за да лобира за намалување на помошта за Киев. Притисок врз Украина се очекува и од Италија, каде наскоро треба да се донесе судска одлука за екстрадиција на уште еден украински осомничен.Германските истражители, обвинители и други извори запознаени со случајот велат дека сега имаат јасна слика. Според нив, нападите ги извела елитна украинска воена единица под директна команда на тогашниот врховен командант на украинската армија, генерал Валериј Залужни, кој денес е амбасадор во Обединетото Кралство.Мукотрпна потрага по извршителитеКомплексниот мозаик на докази почнал да се составува веднаш по експлозиите. Следејќи ги трагите на компании за изнајмување бродови, телефонски разговори и регистарски ознаки, истражителите успеале да соберат доволно материјал за да издадат потерници за тројца војници од специјалната украинска единица и четворица искусни нуркачи.Клучниот доказ бил фотографија со ниска резолуција направена од германска камера за надзор на брзината. На неа се гледало лицето на украински нуркач, кого полицијата го идентификувала со помош на софтвер за препознавање лица. За само неколку минути биле пронајдени неговите профили на социјалните мрежи и поврзаноста со другите осомничени. Но, истрагата не се одвивала без пречки.Нуркачот што го следеле до Полска бил ненадејно префрлен во Украина со црн „БМВ“ со дипломатски таблички, управуван од украински воен аташе. Киев одбил да го коментира инцидентот, а неименуван висок претставник изјавил дека дејствувале по дојава од полската влада.Апсење на командантот во ИталијаПотрагата по командантот на единицата била уште посложена. Во почетокот истражителите располагале само со фотографија од пасош издаден на лажно име. Пресврт се случил кога еден детектив се запрашал: „Каде одат Украинците на одмор?“ По неколку испратени барања до земји надвор од ЕУ, добиле резултат. Граничната полиција на една сојузничка држава идентификувала човек што одговарал на описот и патувал по службена линија.Така откриле дека станува збор за Сергеј К., 46-годишен ветеран на украинската служба за безбедност СБУ. За неговиот пасош била распишана тивка потерница, а системот се активирал на 13 август кога тој ја преминал границата меѓу Украина и Полска. Истражителите го следеле преку Чешка до Италија, користејќи податоци од патарини и хотелски резервации направени од неговата сопруга.Италијанските карабињери го уапсиле во одморалиштето Сан Клементе. На пат кон судот, Сергеј им покажал на новинарите три прста – симбол на украинскиот грб, тризабецот. Неговиот адвокат тврди дека е невин, но и дека доколку бил дел од воена операција, ужива имунитет од кривична одговорност.Одлука што може да ги наруши сојузничките односиСе очекува италијанскиот суд до декември да одлучи дали ќе го екстрадира Сергеј во Германија. Во меѓувреме, осомничениот започнал штрајк со глад, тврдејќи дека затворот не му обезбедува веганска и безглутенска исхрана. Неговото евентуално предавање на германските власти би можело да предизвика дипломатски потреси.Можно судење би ги затегнало односите меѓу Украина и Германија, нејзиниот најголем финансиски поддржувач. Притисок чувствува и германскиот канцелар Фридрих Мерц, иако неговиот кабинет уверува дека владата ќе знае како да се справи со последиците.Се смета дека германската јавност, делумно поради медиумските извештаи, веќе се навикнала на идејата дека Киев стои зад нападот. Сепак, високи функционери признаваат дека дипломатските последици би биле помали – ако германските детективи не биле толку успешни во својата работа.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања