„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анита Буховски

Screenshot-2025-08-10-at-10.07.22

Русија регрутира криминалци за саботажни акции низ Европа

За потребите на својата хибридна војна против Европа, Русија создала мрежа на агенти во која државните институции се тесно поврзани со криминалното подземје, пишува „Дојче веле“ (DW). Според заедничката студија на невладината организација „Глобсек“ (GLOBSEC) и Меѓународниот центар за борба против тероризмот (ICCT), се регрутираат и лица со криминално минато кои зборуваат руски јазик, за изведување саботажи низ цела Европа.Резултатите биле претставени во Брисел, на седницата на Посебниот комитет на Европскиот парламент за заштита на демократијата (EUDS). Студијата ја поврзува оваа тактика со војната против Украина, истакнувајќи дека „хибридните операции не се спореден, туку клучен столб на руската стратегија“. Истражувачите ја споредуваат оваа тактика со методите на Исламската држава (IS), која порано регрутирала криминалци во Европа. „Овојпат не станува збор за терористичка организација, туку за државен актер кој ја води регрутацијата и операциите“, се наведува во студијата.Криминалците како саботериОд јануари 2022 до јули 2025 година во Европа се забележани 110 обиди за саботажи и напади поврзани со Русија, најмногу во Полска и Франција. Од нив 89 биле успешни, а 21 напад бил спречен. Авторите на студијата сметаат дека бројот на спречени напади веројатно е поголем, бидејќи разузнавачките служби не ги објавуваат сите податоци.Идентификувани се 131 лица поврзани со инцидентите, од кои најмалку 35 претходно биле осудувани и регрутирани во затвори или преку криминални организации. Кремљ најчесто регрутира мажи на возраст од околу 30 години, од постсоветски земји, кои зборуваат руски и се наоѓаат во тешки животни околности. Регрутацијата често се одвива преку интернет, преку „Телеграм“, но и со помош на роднини и пријатели.Главен мотив за учество во саботажите е паричната корист — од неколку евра за делење проруски летоци, до значителни суми за напади врз критична инфраструктура.Одмазда кон Европската унија поради поддршката за УкраинаЗа финансирање на овие активности Москва користи и незаконски методи за да ги заобиколи санкциите на Западот. „Тие канали му овозможуваат на Кремљ да ги избегне ограничувањата и подлабоко да ги вклучи криминалните мрежи во стратегијата на хибридно војување“, се наведува во студијата.„Незаконските парични текови, криминалот и хибридните операции не се одвоени, туку делови од единствен план на дејствување.“ Дополнително: „Руската воена кампања, бомбашките напади, подметнувањата пожари и обидите за атентати треба да се гледаат како казна за поддршката што Европската унија ѝ ја дава на Украина, но и како подготовка за можен поголем судир.“Доминика Хајду од „Глобсек“ објаснува дека користењето на криминалци од страна на руските власти не е новост. Граѓаните кои живееле „источно од Железната завеса“ се сеќаваат дека недостигот на стоки во СССР создал зависност од сивата економија. По распадот на Советскиот Сојуз, за разлика од другите посткомунистички земји, борбата против корупцијата во Русија не била приоритет. Наместо тоа, корупцијата станала норма и метод на работа на државните институции.Според Хајду, во 1994 година во Русија биле активни повеќе од 500 криминални групи кои контролирале околу 40.000 претпријатија. На почетокот на 2000-тите, поранешни припадници на КГБ ја зацврстиле контролата врз државата, а нивните врски со подземјето станале дел од државниот систем.Европската унија мора да реагираПолскиот политичар Бартломеј Сенкевич, пратеник во Европскиот парламент од редовите на Европската народна партија (EPP), смета дека Кремљ одамна ги користи криминалните методи и подземјето за регрутација на агенти во Европа.„Проблемот е како да се реагира“, изјавил тој за „Дојче веле“, наведувајќи го примерот со дроновите кои ги парализираа аеродромите. „Ниту еден не беше соборен. Сакаме да дејствуваме против регрутираните лица, но активностите на Телеграм сè уште не се запрени, иако Европската унија треба да ги контролира таквите платформи“, предупредува Сенкевич.Авторите на студијата предлагаат низа мерки за одговор на Европската унија, меѓу кои подобар надзор на интернет-платформите, особено „Телеграм“. Исто така, предлагаат проширување на дефиницијата за „хибридни закани“, бидејќи многу национални стратегии не ја земаат доволно предвид улогата на „неформалните актери, како што се криминалните групи, идеолошките посредници или поединци кои дејствуваат од лични интереси“.Токму таа правна празнина ѝ овозможува на Русија да ја негира одговорноста за нападите и саботажите.Доминика Хајду ја нагласува важноста на соработката меѓу јавниот и приватниот сектор: „Тие мора да бидат партнери, бидејќи приватните компании во Европа имаат пософистицирани механизми за откривање руски криминални активности.“ Поради тоа, таа се залага за создавање координациска платформа за спречување на руските хибридни напади врз европските земји.

Свет | пред 3 месеци

s54b7vgfhqaugivjmmok

Промени во популарната „Грин карта“ лотарија, процесот на пријавување одложен

Популарната американска лотарија за „Грин карта“ (Diversity Visa – DV) повторно е во фокусот, откако американскиот Стејт департмент соопшти дека роковите за регистрација за програмата DV-2027 ќе бидат познати во наредните месеци. Прв пат годинава процесот не почна на почетокот на октомври, но официјалното објавување ќе има на веб-страницата travel.state.gov.Во соопштението што се појави во ноемврискиот Visa Bulletin се наведува дека пријавувањето наскоро ќе биде отворено, при што Стејт департментот уверува дека сите информации ќе бидат достапни навремено и единствено преку официјалните канали.Неочекуваното доцнење предизвика бројни прашања кај потенцијалните учесници, бидејќи оваа глобално позната лотарија традиционално започнува секоја есен. Иако американските власти не прецизираат зошто процедурата е одложена, се најавува дека во новиот циклус ќе има промени во начинот на пријавување.Според адвокати кои се занимаваат со имиграциско право, најверојатната причина за одложувањето е воведувањето на нова електронска такса од еден американски долар, која првпат ќе се плаќа при поднесување на пријавата. Мерката има цел да обезбеди правична распределба на административните трошоци и да го намали бројот на невалидни или фиктивни апликации.Оваа одредба беше објавена во Federal Register на 16 септември 2025 година и стапи на сила веднаш. Проценките на Стејт департментот укажуваат дека само оваа промена би можела да донесе околу 25 милиони долари приходи годишно.Паралелно со најавите за DV-2027, американските власти објавија и технички исправки во врска со претходниот циклус – DV-2026. Имено, при селекцијата била откриена грешка поради која во процесот привремено биле вклучени и кандидати од Куба и Велика Британија, иако тие земји не се подобни за учество. По проверката, потврдено е дека апликантите од Куба остануваат неелигибилни, бидејќи во последните пет години во САД имигрирале повеќе од 50.000 лица од оваа земја, што е лимитот утврден со правилата на програмата.Во рамки на DV-2026 биле избрани вкупно 129.516 лица (заедно со нивните брачни партнери и деца), од над 20,8 милиони поднесени пријави во периодот од 2 октомври до 7 ноември 2024 година.За учество во новиот циклус DV-2027, апликантите мора да исполнат два основни критериуми – завршено средно образование или еквивалент, или најмалку две години работно искуство во занимање кое бара посебна стручна обука. Избраните кандидати ќе мора строго да ги следат упатствата што ќе ги добијат при известувањето за селекција и навремено да ја достават целата потребна документација.Иако точниот датум за почеток на пријавувањето сè уште не е одреден, Стејт департментот потенцира дека сите информации ќе бидат објавени исклучиво на официјалните страници travel.state.gov и Federal Register. Вакви одложувања не се првпат – во 2017 година, на пример, лотаријата DV-2019 беше поништена и повторно отворена поради технички пропуст.Милиони луѓе ширум светот, кои го сонуваат американскиот живот, со нетрпение го очекуваат стартот на DV-2027, надевајќи се дека новите правила ќе донесат пофер, појасен и поедноставен процес за добивање на зелената карта.

Македонија | пред 3 месеци

ursula-1

Нова разузнавачка единица на Европската комисија, ќе биде предводена од Урсула фон дер Лајен

Европската комисија работи на формирање нова разузнавачка структура, со која лично ќе раководи претседателката Урсула фон дер Лајен, објави „Фајненшл тајмс“. Иницијативата има за цел да ја подобри размената и користењето на податоците што ги собираат националните разузнавачки служби на земјите-членки на Унијата.Новата единица, која ќе биде сместена во рамките на Генералниот секретаријат на Комисијата, треба да обедини експерти и персонал од различни европски безбедносни институции, за да обезбеди подобра координација и заеднички пристап во анализата на чувствителни информации, велат извори запознаени со проектот.„Европските шпионски служби располагаат со огромно знаење, исто како и Европската комисија. Но сега е време тоа да се поврзе и организира поефикасно“, изјави еден од соговорниците на весникот, додавајќи дека разузнавањето „се темели на размена – мора да дадеш за да добиеш“.Идејата, сепак, предизвика отпор во рамките на Европската служба за надворешно дејствување, која веќе располага со сопствен разузнавачки центар – Intcen. Некои функционери стравуваат дека новата структура може да ја потисне или дуплира улогата на постојната единица.Портпаролот на Комисијата потврди дека се разгледува модел за зајакнување на безбедносните и разузнавачките капацитети на ЕУ, нагласувајќи дека процесот е во почетна фаза и дека засега нема утврден временски рок. Новата единица, според него, ќе се потпира на досегашното искуство на Комисијата и ќе соработува со дипломатската служба на Унијата.Споделувањето доверливи информации останува чувствителна тема во ЕУ. Земји како Франција, кои имаат развиени разузнавачки системи, со резерви ги делат податоците со помалите партнери, а политичките насоки на поединечни влади – особено оние наклонети кон Москва, како во Унгарија – дополнително ја усложнуваат соработката.Некои членки веќе изразиле загриженост дека плановите на Комисијата може да доведат до преклопување на надлежностите и создавање паралелни структури во Брисел. Сепак, повеќе европски претставници признаваат дека моменталниот систем има ограничувања, особено во однос на хибридните закани што доаѓаат од Русија.

Свет | пред 3 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Излажале 88-годишна битолчанка дека нејзиниот синот прегазил дете, ѝ земале 72.500 денари

Расчистен е случај со лажна сообраќајка при што се лишени од слобода две лица, а поднесена е кривична и пријава.СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од Прилеп и С.И.(31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 25.08.2025 во Битола, пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја известиле дека нејзиниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која прегазил осумгодишно дете, а нејзиниот син и неговата сопруга биле повредени, а доколку сака да го спаси синот од кривичен прогон, требала да им даде 72.500 денари. Откако ги зеле парите, пријавените заминале, а оштетената подоцна сфатила дека е измамена. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и измамниците се пронајдени и лишени од слобода, по што е поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryip88k79f06hq0Pw92j0

Во „Комунална хигиена“ биле затекнати само 16 исправни камиони: Ѓорѓиевски во „офанзива“, ќе има казни, надминување на долгoвите и санација на депониите

Серија проблеми ја притискаат метрополата – натрупани долгови во јавните претпријатија, нефункционална механизација, загаден воздух и диви депонии кои со години го гушат градот. Новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски најави решителни чекори за воспоставување ред и дисциплина во сите сектори под ингеренција на Град Скопје.По 72-часовната акција за чистење, тој изјави дека веќе се изречени над 40 казни и најави дека санкциите ќе продолжат „сè додека не се искоренат девијантните појави“.Ѓорѓиевски во гостување на ТВ Сител, откри дека при увид во ЈП „Комунална хигиена“ биле затекнати само 16 исправни камиони, бидејќи претпријатието имало долгови за сервисирање. Со интервенција на сервисерите, бројот на оперативни возила се зголемил на 40, а во наредните денови се очекува да достигне 60. Во координација со премиерот се разговара и за набавка на нова механизација.Градоначалникот најави дека по зимата ќе стартуваат градежните активности, додека во меѓувреме фокусот ќе биде насочен кон средување паркови и чистење на депониите. Вардариште е во процес на расчистување и одгаснување, а иден третман ќе добијат и жариштата во Визбегово, Шуто Оризари и покрај Лепенец.Во соработка со општествено одговорни компании ќе бидат поставени заштитни мрежи по должината на Вардар, а Ѓорѓиевски очекува и централните институции да се вклучат во инспекциски надзор, бидејќи, како што рече, „не е доволно само Градот да санкционира“.Што се однесува до јавниот превоз, тој најави дека во март треба да пристигнат 80 нови еколошки автобуси за Скопје и уште 70 за другите градови. Во меѓувреме, ЈСП располага со само 160 возила од потребните 270, додека долгот кон приватните превозници изнесува околу 3 милиони евра.Во петок ќе се одржи седница на Советот на Град Скопје за буџетот. Ѓорѓиевски очекува поддршка за реализација на планираните проекти и порача дека советниците треба да соработуваат, „зашто граѓаните очекуваат резултати, а не препукувања“.

Скопје | пред 3 месеци

media-library57086u3553pje5f7Ula

САД ги укинаа санкциите кон Сирија, Дамаск ѝ се приклучува на меѓународната коалиција против ИД

САД привремено ги суспендираа санкциите кон Сирија, воведени според Законот „Цезар“, за период од 180 дена, соопшти американското Министерство за финансии по средбата меѓу претседателот Доналд Трамп и сирискиот лидер Ахмед ал Шара во Белата куќа. Во соопштението се наведува дека дел од рестрикциите остануваат во сила, особено оние што се однесуваат на трансакции поврзани со Русија и Иран.Истовремено, Сирија ќе се приклучи на меѓународната коалиција против Исламска држава (ИСИС) предводена од САД, потврди сирискиот министер за информации Хамза ал-Мустафа. Со тоа, Сирија станува 90-та членка на коалицијата што има за цел елиминирање на последните упоришта на ИСИС и запирање на приливот на странски борци.Министерот ал-Мустафа изјави дека потпишаниот документ се однесува на политичка соработка со коалицијата и не содржи воени компоненти.Законот „Цезар“, донесен во 2020 година, беше насочен против режимот на Башар ал Асад и сите што соработуваат со него, особено во секторите на енергетика, градежништво и финансии. Новата одлука на Вашингтон го заменува претходниот шестмесечен прекин на санкциите воведен во мај.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryluhijvanncm80C0omI0

Почина д-р Христијан Писевски, специјалист по гастроентерохепатологија во „Жан Митрев Клиник“

Приватната клиника „Жан Митрев“ денеска соопшти дека починал д-р Христијан Писевски, специјалист по гастроентерохепатологија и долгогодишен член на нивниот медицински тим.По долго боледување почина д-р Христијан Писевски-специјалист гастроентерохепатолог. Тој беше посветен лекар и голем професионалец во својата област. Како драг колега ќе остане во нашите сеќавања.Д-р Писевски беше ценет лекар со повеќе од една деценија професионален ангажман во областа на гастроентерохепатологијата. Колегите и пациентите го паметат по неговата стручност, пристапност и исклучителна грижа за секој пациент.

Македонија | пред 3 месеци

benziska-guzva-goriva

Поскапуваат горивата: Цените и на бензините и на дизелот се зголемуваат од вечерва на полноќ

Од вечерва на полноќ поскапуваат горивата откако РКЕ донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29% во однос на одлуката од 3.11.2025 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 ден/кг и сега ќе изнесува 36,427 ден/кг.Од 11.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 36,427 (денари/килограм)

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryh7vljlt4o53rdOVEwZw

Герасимовски: Отстрануваме 10 диво поставени објекти, нема толеранција за кршење на законите

Инспекциските служби на Општина Центар спроведоа вонредни инспекциски надзори на плоштадот „Филип Втори“ и на влезот на Старата скопска чаршија.При контролата беше утврдено постоење на повеќе диво поставени и заградени објекти.За истите се донесени решенија за нивно отстранување, во рок од 5 дена.Доколку сопствениците не ги отстранат објектите во наведениот рок, Општина Центар ќе пристапи кон нивно отстранување.Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека општината останува посветена на одржување на јавниот ред и достоинствениот изглед на строгиот центар на градот.„Општина Центар нема да дозволи узурпирање на јавен простор. Ќе продолжиме со континуирани контроли за да го зачуваме редот, безбедноста и автентичниот изглед на просторот,“ посочи Герасимовски.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarytti8s1tr1gup5bgZbym

Мајка нападнала шестмесечно бебе во Скопје, пренесено е на скопските клиники

23-годишна жена од Кавадарци е уапсена откако физички го нападнала своето бебе.Денеска (10.11.2025) во 06:10 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 23-годишна жена од Кавадарци. Таа се сомничи дека околу 00:37 часот во семејниот дом физички го нападнала нејзиното шестмесечно бебе, кое е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош. Се преземаат за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryd2an0i9opmr1fJPZDaH

Транспортот во Скопје приоритет за градоначалникот: „Главниот град има потреба од нов план“

Скопје го развиваме заедно!, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.Денес, во просториите на Град Скопје, Ѓорѓиевски оствари конструктивна средба со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.Разговаравме за заедничките проекти кои ќе ги реализираме и што ќе донесат вистински бенефит за сите жители на нашиот град, истакна Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски посочи дека главни теми на состанокот беа подобрувањето на транспортниот систем преку реализација на проектот Градски воз, набавката на нови, еколошки автобуси за градскиот превоз, како и модернизацијата на инфраструктурата во Скопје.Министерот Николоски ја потенцираше силната заложба на Владата за реализација на капитални инвестиции во главниот град како темел на неговиот иден развој.„Заеднички заклучивме дека Скопје има потреба од нов план за трансформација на градскиот сообраќаен систем, кој ќе донесе поголема ефикасност, економичност и подобар квалитет на живот за граѓаните.По започнувањето на изградбата на првата од трите линии на Градскиот воз, следен приоритет ќе биде подготовката на другите две линии кон Ѓорче Петров и кон Миладиновци“, потенцираше Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски нагласи дека Градот Скопје е веќе во комуникација со Владата на Република Македонија за набавка нови еколошки автобуси кои значително ќе го подигнат јавниот превоз на едно високо ниво.Ѓорѓиевски изрази благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски, министерот Александар Николоски и целата Влада за нивната постојана поддршка и визија.„Скопје ќе го развиваме заедно, со работа, со посветеност и со јасна цел – да изградиме модерен и функционален град во кој сите ќе живееме подобро“, истакна Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Жена од Кратово се обидела да нападне вработена во Центарот за социјални работи

Жена со дрвен предмет се обидела да нападне вработена во Центарот за социјални работи во Кратово.ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Е.М.(38) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”. На 03.10.2025 во Кратово, пријавената со дрвен предмет се обидела да нападне вработено лице во Јавна установа „Центар за социјални работи”- Кратово, а упатувала и закани кон други вработени во установата, додека извршувале работни задачи.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryaj99k1kr0989awWUisg

Остра реакција на Пендаровски до Фрчкоски: „Немам задкулисни маневри и кафеански извори како некои“

Поранешниот претседател и универзитетски професор, Стево Пендаровски во објава на ФБ му одговори на поранешниот министер за внатрешни работи, професорот Љубомир Фрчковски кој синоќа во емисијата „Во Центар“ го прогласи за „мешетар во СДСМ“.- Во врска со изјавата на Љубомир Фрчковски дадена во емисијата "Во Центар" во која во негативен контекст го споменува моето име, сакам да го дадам следново појаснување:Изјавата е проблематична минимум на две нивоа: македонската јавност добро знае дека во моето 30-годишно бавење со јавните работи никогаш не сум "мешетарел" како многу други во чии кариери нема ништо друго освен задкулисни маневри и кафеанско озборување.Меѓутоа, многу поголем проблем е што изјавата е целосно одлепена од реалноста и фактите, што, за жал, се случува кај некои луѓе поради "квалитетот" на изворите со кои се дружат, напиша Пендаровски.Инаку, синоќа Фрчковски го обвини Пендаровски дека „мешетари внатре во СДСМ“.– Ме чуди тоа што мешетари Стево Пендаровски. Нема потреба од тоа. А мешетари без везе…

Македонија | пред 3 месеци

manasievski

Манасиевски: „До нас стигнаа информации дека Филипче има проблем со формирањето на тимот“

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денес на прес-конференција рече дека лидерот на СДС, Венко Филипче, дека по изборниот пораз не успева да формира ново партиско раководство.„Измина една недела од изборниот дебакл на Филипче и СДС, со којшто партијата спадна на 120.000 гласови и стана трета политичка сила во Македонија, а петта во Скопје“, изјави Манасиевски, додавајќи дека, иако Филипче најавил реформи, досега ништо не е реализирано.Според него, причина за тоа е што „никој не сака да му се нафати“ на Филипче и да прифати функција во новото раководство на СДС.„До нас стигнаа информации дека Филипче има проблем со формирањето на тимот, бидејќи луѓе кои важеле за големи поддржувачи и активисти на СДС одбиваат да бидат дел од неговото раководство“, рече Манасиевски.Тој праша дали дел од поранешните истакнати членови не сакаат да соработуваат со Филипче затоа што не го сметаат за свој претставник.„Ова што му се случува на СДС не му го посакуваме никому. Партијата имаше историја, кредибилитет и квалитетен кадар, но Заев, Ковачевски и Филипче ја доведоа до колапс поради ароганцијата и предавствата што ги направија“, изјави Манасиевски.Тој порача дека се потребни итни реформи во СДС и оставка на Венко Филипче. „На ВМРО-ДПМНЕ ѝ е потребна силна опозиција, а не партија без кредибилитет со Филипче на чело“, додаде Манасиевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryilec84k529dkdfkZoIX

МВР алармира за измамници: Граѓаните да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.Во пораките се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен е-маил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа кривични дела, како што се детска порнографија, педофилија и трговија со дрога.- МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажни пораки кои не се испратени од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР.Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните, со цел нивна понатамошна злоупотреба.Покани до граѓаните за истражни постапки од страна на МВР не се испраќаат преку е-маил адреси - потенцираат од МВР во соопштението испратено до медиумите.Апелираме до граѓаните да не отвораат ваквите пораки, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци кои ги бараат измамниците. Исто така, апелираме граѓаните да не ги отвораат линковите и датотеките кои се испратени во прилог на било која електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.

Македонија | пред 3 месеци

media-library9l1acsq71kmc9M0eyV3

(Видео) „Марш на ангелите“ во Скопје, родителите со порака со сите граѓани

В сабота на 15. ноември, родителите на жртвите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ најавија дека уште еден протестен „Марш на ангелите“, кој наместо во Кочани ќе го одржат во Скопје.Почетокот на маршот е закажан за 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што ќе продолжи пред Собранието и пред Основниот кривичен суд Скопје.Во видео објавено на инстаграм-профилот на иницијативата „Кој е следен“, неколкумина од родителите на загинатите во пожарот порачаа дека болката е нивна, но борбата мора да биде заедничка.„Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три деца кои никогаш повеќе нема да ги видиме. Не бараме од вас милост, бараме да ни се придружите во борбата за правда, затоа што нашите деца го заслужуваат тоа. Маршираме за вистината. Болката е наша, но борбата е за сите нас. Ни треба ваша поддршка“, порачаа родителите во видеопораката.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarybbnjia0dbp9r1AKuhri

(Видео) Вучиќ им се јавил на Дијана Хрка и Угљеша Мрдиќ: „Се надевам дека ќе го прекинат штрајкот со глад“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово телефонски разговарал со Дијана Хрка и Угљеша Мрдиќ – двајцата активисти кои веќе со денови штрајкуваат со глад во зградата на српското Собрание.„Разговарав со Дијана и со Угљеша. Ги замолив да го прекинат штрајкот и ја поканив госпоѓата Хрка на состанок во претседателството. Сите добри луѓе во Србија се загрижени за нивното здравје, се молам и се надевам дека ќе донесат одлука да запрат“, изјави Вучиќ.Од неговиот кабинет засега не откриваат дали Хрка го прифатила повикот, ниту кога би можел да се одржи состанокот. Според српските медиуми, состојбата на штрајкувачите е влошена, а медицински екипи се во постојана готовност пред парламентот.Како што пишуваат, пак, српските медиуми, можно е средба меѓу нив и претседателот да се одржи во текот на денот.

Свет | пред 3 месеци

manu

МОН: Повеќе од 12 милиони евра од буџетот за науката во Македонија

Министерството за образование и наука оваа календарска година преку три повици за распределба на средства ја стимулираше реализацијата на научно – истражувачки проекти на јавните универзитети, факултети и научни установи, на МАНУ и бизнис заедницата, кои се во корелација со целите од Стратегијата за паметна специјализација на Македонија. Проектите успешно се реализираат, се наведува во денешното соопштение.Науката е столб на општествениот развој и затоа во 2026 година буџетот за наука ќе изнесува 773 милиони денари со кои продолжува финансирањето на научно – истражувачки проекти, за развој на лабораториските ресурси, за учество на меѓународни научни конференции и организирање на домашни, објавување на научни трудови во списанија со импакт фактор, доделување стипендии за млади научници, стипендии за втор и трет циклус на студии во државата, како и организирање на научни и студиски престои во странство.Велат дека посебно радува зголемениот интерес кај младите да се занимаваат со наука и иновации, што се огледува преку искористување на мерките кои МОН ги става на располагање, така што, заедно со другите надлежни владини институции продолжуваме да ги поддржуваме во реализација на личните амбиции.

Македонија | пред 3 месеци

media-library57086u3553pje5f7Ula

Историски потег: Сириски лидер во Белата куќа за првпат по 80 години, Трамп го пречека претседателот Ал-Шараа

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шараа денес пристигна во Вашингтон, каде што ќе има средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа – историски настан, бидејќи ова е прва официјална посета на сириски лидер во САД откако земјата ја стекна независноста во 1946 година.Главната тема на разговорите, според медиумите, ќе биде укинувањето на преостанатите санкции кон Сирија, која се обидува да закрепне по тринаесетгодишната граѓанска војна. Весникот The Guardian објави дека Дамаск ќе побара целосно укинување на економските ограничувања што останаа на сила и по падот на поранешниот претседател Башар ал-Асад.Ал-Шараа, кој дојде на власт минатата година откако неговите сили го соборија режимот на Асад, се обидува да го убеди Вашингтон дека санкциите го забавуваат закрепнувањето на земјата и дека повеќе немаат оправдување. Неговиот советник Ахмад Зејдан за саудиската телевизија „Ал Арабија“ изјави дека приоритет на преговорите е укинувањето на Законот Цезар од 2019 година, со кој беа воведени строги санкции за кршење на човековите права од страна на поранешниот режим.Трамп, кој со сирискиот претседател се сретна првпат во мај во Ријад, уште тогаш го опиша како „млад и привлечен човек, цврст борец со силно минато“. По таа средба, американскиот претседател укина дел од санкциите, што беше голем пресврт во американската политика кон Сирија.Сепак, Законот Цезар останува во сила и неговото трајно укинување ќе бара одобрение од Конгресот. САД минатата недела предводеа иницијатива во Советот за безбедност на ОН со која беа укинати и санкциите против самиот ал-Шаара.Поранешниот командант на бунтовничките сили, кој некогаш беше на американската потерница со награда од 10 милиони долари, во последните месеци се обидува да ја претстави својата влада како отворена и подготвена за соработка со Западот. Во септември тој се обрати пред Генералното собрание на ОН – прв сириски лидер што го направил тоа по повеќе децении.„Имаме огромна задача – да ја изградиме економијата одново“, изјави тогаш ал-Шараа. „Сиријците сакаат да работат, тоа им е во природата. Само укинете ги санкциите и резултатите ќе ги видите сами.“ Според проценките на Светската банка, обновата на земјата ќе чини најмалку 216 милијарди долари.Портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, потврди дека владата на ал-Шараа ги исполнува барањата на САД – меѓу кои соработка во потрагата по исчезнатите американски државјани и елиминација на преостанатото хемиско оружје. „Овие чекори се доказ за напредокот што го постигна новото раководство по повеќе од половина век репресија“, рече Пигот.

Свет | пред 3 месеци

media-library8galdj3qt84meG8BSDm

Нов бран студентски протести се подготвува, но фокусот сега е на Дијана Хрка

Студентските блокади низ Србија продолжуваат да бидат симбол на отпорот против власта, но и покрај плановите за нов бран протести, акциите засега се одложени. Причината, велат студентите, е поддршката што во моментов ѝ ја даваат на Дијана Хрка, мајката на трагично загинатиот Стефан Хрка, која веќе неколку дена штрајкува со глад пред Собранието во Белград.„Имаме подготвен план за нови протести и ништо не е стопирано, само сме се пренасочиле на нешто што сега е поважно – да ѝ помогнеме на Дијана и да ја поддржиме во нејзината борба“, велат студентите од Универзитетот во Нови Сад.Иако за ноември биле предвидени неколку поголеми собири, тие се одложени до понатамошно известување. Како можен датум за следниот протест се споменува 29 ноември – денот кога минатата година започнаа блокадите на факултетите.Покрај барањето за предвремени парламентарни избори, студентите веќе подготвуваат и политичка програма и заеднички настап. „Списокот е готов, а сега ја оформуваме платформата која ќе ги обедини сите универзитети“, појаснуваат тие.Претставниците од Белград и Нови Сад истакнуваат дека конечна изјава или потврда за следните акции ќе има дури откако сите пленуми ќе се усогласат. „Нема одмор, нема пауза, само внимателно ги координираме чекорите. Хоровите се состануваат секојдневно, а наскоро ќе излеземе со заеднички план“, велат студентите.„Ќе има протести – тоа е сигурно. Само сакаме сите да застанеме зад ист датум и ист настап. Нашите барања остануваат исти, борбата продолжува“, додаваат тие.Последниот голем собир се одржа на 1 ноември во Нови Сад – датум што студентите го избраа во спомен на уривањето на настрешницата на железничката станица. На митингот учествуваа студенти од сите делови на Србија, меѓу кои и група од Нови Пазар кои пешачеа 16 дена за да пристигнат.Веднаш по митингот, Дијана Хрка започна штрајк со глад, што повторно ги обедини студентите, средношколците и граѓаните пред Собранието – во време кога Српската напредна партија одржуваше свој паралелен собир.

Свет | пред 3 месеци

european-brown-bear-1477814960720-620x350

Мечка нападнала маж додека собирал печурки кај Рилево

Возрасен маж од селото Рилево, во општина Долнени, вчера утрината бил тешко повреден откако бил нападнат од мечка додека собирал печурки во атарот на селото.Инцидентот се случил околу 10 часот, а брзо по нападот човекот бил забележан од група ловџии кои веднаш му притрчале на помош.Повредениот бил пренесен во прилепската болница, а поради сериозноста на повредите, подоцна бил транспортиран на скопските клиники.Според првичните информации, ова е редок инцидент во овој регион, а локалните жители велат дека мечки во последно време сè почесто се спуштаат во близина на населените места во потрага по храна.

Македонија | пред 3 месеци

tramp

„Корумпирани новинари“: Трамп го нападна раководството на Би-Би-Си по скандалот со фалсификуван говор

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ги нападна новинарите на британската телевизиска мрежа „Би-Би-Си“, нарекувајќи ги „корумпирани“, откако двајца од највисоките функционери на медиумот поднесоа оставки поради контроверзна монтажа на еден од неговите говори.Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп напиша дека „највисоките луѓе во Би-Би-Си, вклучувајќи го и директорот Тим Дејви, сите си заминуваат бидејќи беа фатени како го ‘фалсификуваат’ мојот совршен говор од 6 јануари“. Тој им се заблагодари на новинарите од весникот „Телеграф“ за, како што рече, „разоткривањето на корумпираните новинари“, обвинувајќи ги дека се обиделе да влијаат врз претседателските избори во САД. „Тоа се нечесни луѓе од странска земја што многумина ја сметаат за наш најголем сојузник. Ужасна работа за демократијата!“, додаде Трамп.Скандалот што го откри британскиот весник „Дејли телеграф“ се однесува на документарецот на „Би-Би-Си“ емитуван само една недела пред претседателските избори во ноември 2024 година. Телевизијата била обвинета дека во прилогот „Панорама“ направила монтажа на делови од говорот што Трамп го одржа на 6 јануари 2021 година, така што се добивал впечаток дека тој директно ги повикува своите приврзаници да маршираат кон Капитол и да „се борат како ѓаволи“.По бурните реакции во јавноста, генералниот директор на „Би-Би-Си“ Тим Дејви и извршната директорка на информативната програма Дебора Тернес поднесоа оставки. Тие се соочија со жестоки критики дека прилогот ги довел гледачите во заблуда и дека направената монтажа сериозно ја нарушила довербата во уредувачката политика на медиумот.Во својата писмена оставка, Дејви нагласи дека одлуката ја донел сам, по две децении работа во јавниот сервис, и дека останува благодарен на Управниот одбор за поддршката што ја добивал во текот на мандатот.„Размислував за големите лични и професионални предизвици што ги носи оваа позиција, особено во овие турбулентни времиња. Би-Би-Си има посебна улога во британското општество — ја поттикнува толеранцијата, љубопитноста и отвореноста. Секако, не сме совршени и мора да бидеме транспарентни и одговорни“, напиша тој.Дејви додаде дека иако дебатата околу уредувањето на вестите не е единствената причина, таа несомнено влијаела врз неговата одлука. „Би-Би-Си во целина работи добро, но имаше и грешки. Како генерален директор, должност ми е да ја преземам крајната одговорност“, заклучи тој.

Свет | пред 3 месеци

media-librarydpbir4jhsmc7eSI1tss

Ќе заврши ли конечно најдолгата блокада на САД, сенаторите постигнаа привремен договор

Американските сенатори во неделата постигнаа привремен договор за прекин на рекордната блокада на буџетот што ги парализираше дел од јавните служби цели 40 дена, пренесуваат неколку американски медиуми.Според информациите на телевизиите CNN и Fox News, републиканците и демократите во Сенатот се усогласиле за финансирање на федералната влада до јануари. Предлогот веднаш бил ставен на гласање, очигледно со доволна поддршка од демократските сенатори, по што ќе биде испратен до Претставничкиот дом. Доколку таму биде одобрен, документот ќе оди на потпис кај претседателот Доналд Трамп.Со овој договор, според оценките, се прави важен чекор кон нормализирање на состојбата, имајќи предвид дека воздушниот сообраќај и исплатите на социјалните надоместоци се сериозно нарушени, а стотици илјади државни службеници од 1 октомври се на принуден одмор или работат без плата.„Можеме да кажеме дека се приближуваме кон крајот на блокадата на владата“, изјави Трамп, кој се врати во Белата куќа по викендот минат во неговата приватна резиденција во Флорида.Договорот треба да овозможи повторно исплаќање на социјална помош за 42 милиони граѓани, враќање на работа на илјадници државни службеници и исплата на нивните плати, како и гласање за продолжување на програмата за здравствено осигурување која истекува на крајот на годината.Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, изрази жалење што прашањето за здравствената заштита било само делумно разгледано, а не целосно одобрено. „Таа борба ќе мора да продолжи“, рече тој во обраќањето пред Сенатот.Поради буџетската парализа што го погоди системот за контрола на летање, во неделата во САД беа откажани над 2.700 летови, а околу 10.000 беа одложени, според податоците на FlightAware. Најмногу проблеми имале аеродромите Њуарк и Ла Гвардија во Њујорк, О’Хара во Чикаго и Хартсфилд-Џексон во Атланта.Министерот за транспорт Шон Дафи предупреди дека доколку блокадата продолжи, состојбата би можела дополнително да се влоши со приближувањето на Денот на благодарноста. „Авионските патувања ќе бидат сведени на минимум бидејќи сите ќе сакаат да отпатуваат за да ги посетат своите семејства“, рече Дафи.И по завршувањето на блокадата, ќе бидат потребни неколку дена за целосна стабилизација на воздушниот сообраќај и обновување на редовното финансирање, вклучително и исплатата на платите на федералните вработени.

Свет | пред 3 месеци

vrnezi-dozd-vreme

Обилни дождови, но топло, температурта во Скопје до 17 степени

Целата територија на Македонија денеска ќе биде во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни и поројни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Локално ќе наврне поголемо количество на воден талог за 24 часа (над 30 литри на метар квадратен дожд). Токму поради ова можни се  и локални поројни поплавувања.Според УХМР во за изминатите 24 часа до 07 часот во најмногу дожд наврнало:42 литри на метар квадратен во Струмица, 36 Гевгелија, 30 Пожар-Радовиш, 29 Претор, 26 Битола, 24 Крушево, 23 Тополчани, 18 Попова Шапка, Маврови Анови, 17 Прилеп, 16 Демир Капија, 15 Берово, 14 Пожаране, Виница, 12 Тетово, 10 Штип, Ѓуриште, 9 Лазарополе, Кавадарци, Крива Паланка, Кавадарци, Велес, 8 Скопје–Петровец, Куманово, 6 Скопје-Зајчев Рид.Сето ова е поради влијанието на серијата на влажни воздушни бранови од Медитеранот кои кај нас условуваат да имаме обилни и поројни врнежи од дожд.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС):6 Крушево, Маврови Анови, Лазарополе, 8 Претор, 9 Берово, Крива Паланка, Прилеп, Битола, 10 Тетово, 11 Скопје–Петровец, Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, Виница, Куманово, 12 Велес, Штип, 13 Гевгелија, Струмица, 14 Демир Капија.ВРЕМЕТО ДЕНЕСКАПретежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени.Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Скопје | пред 3 месеци

IMG_4314

Со воз од Драчево до центарот на Скопје само за 11 минути - проект на градските власти на Скопје

Со реализација на проектот за градски превоз, од Зелениково до центарот на Скопје ќе се патува 25 минути, а од Драчево само 11 минути.Овој проектот, чии градежни активности почнаа денеска, предвидува синхронизација на возниот ред со автобусите на ЈСП за побрз и поефикасен превоз на патниците низ градот.На настанот присуствуваа директорот на „Железници транспорт“, Синиша Ивановски, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за транспорт, Александар Николоски, при што Ивановски изјави дека ремонтот на градскиот воз е од суштинско значење за Скопје и најави дека следната година ќе се обноват линиите до Волково, Илинден и Миладиновци.Тој го истакна и значењето на делницата од Драчево до Илинден за товарниот железнички превоз

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања