„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Анита Буховски

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

ВМРО-ДПМНЕ: Криминал од 100 милиони денари со куќен притвор – судството на СДС охрабрува криминалци

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на одлуката сопственикот на компанијата „Марковски“, Борче Марковски, осомничен за криминал тежок 100 милиони денари, да биде испратен во куќен притвор, оценувајќи дека ова е доказ за „купено и уценето судство“ под контрола на СДС.„Филипче вчера викаше дека судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор“, стои во реакцијата на партијата, која потсетува дека уште пред две години предупредувала на сомнителни тендери доделени на оваа компанија.Според ВМРО-ДПМНЕ, фирмата „Марковски“ во период од две години заработила околу 200 милиони евра преку државни договори, а сега е осомничена дека тендерите биле местени. Финансиската полиција го уапсила сопственикот Борче Марковски, кој се товари дека го оштетил буџетот на државата за 100 милиони денари.„Тендерите за кои предупредувавме дека се местени за омилената компанија на СДС да си ќари уште некој денар плус, излегоа вистинити. Денес сме повторно сведоци како СДС излегува во пресрет и преку нивното купено и уценето судство, на сопственикот на компанијата Марковски му се досудува куќен притвор“, се наведува во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека „100 милиони денари се еднакви на куќен притвор“ и додаваат дека „тоа е судството како пупка отворено од Заев, Филипче и СДС“.„Наместо да ги казнува криминалците, судството им дава кураж да продолжат со криминалот и да не одговараат. Реформи се повеќе од потребни во судството. Потребни се и правда и одговорност“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryt938mk5g06pj2zVh9XL

Д-р Трајановски ветува капитални проекти за Аеродром: Кино, театар, затворен базен, катни гаражи...

Изградба на две градинки, катни гаражи, кино и театар, како и затворен базен и општинска зграда се дел од капиталните проекти кои ќе го направат Аеродром подобро и модерно место за живеење, истакна денеска во гостување во утринската програма на Сител телевизија кандидатот за градоначалник на Аеродром од СДСМ, Д-р Александар Трајановски.- „Има неколку капитални проекти кои ги планираме за Аеродором, на пример изградба на две градинки, една во Лисиче, една во Мичурин. Претходната година имаше повеќе од 600 деца на листа на чекање за упис во градинка, замислете каков притисок имаат родителите.Втор капитален проект е изградба на мултифункционален центар, нешто што Општина со 100.000 жители не е дозволено да нема, кино и театар.Трета работа е зградата на Општината, не може да немате општинска зграда, ние плаќаме месечни кирии околу 10.000 евра, тоа се 120.000 евра на годишно ниво, пари на граѓаните. Зошто да нема  имаме општинска зграда во која би можеле да се сместат и други деловни објекти, која ќе генерира приход.На Аеродром му фали затворен базен, затворен пазар, знаеме на што личи пазарот зад Бисер. Тоа се проекти на кои ќе дадеме фокус“, истакна Трајановски.Според него, Општината мора да се фокусира на Лисиче, бидејќи граѓаните таму се соочуваат со проблеми кои не доликуваат на 21 век.- „Аеродром е урбанистички средена Општина, фокусот треба да го дадеме на Лисиче. Сите претходни избори Лисиче се користи за црпење гласови за ВМРО-ДПМНЕ, а што добија лисичани? Секој дожд им тече во подрумите, затоа Лисиче мора да се урбанизира, а делот кој е среден треба да се одржува. Треба да запре изградбата на згради, каде може да се изградат катни гаражи, имаме план за изградба на две катни гаражи, да се види каде може да се изградат монтажни паркинзи, објасни Трајановски.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryqcsp9d18hgk46KWtHZ1

(Видео) Киев претрпе жесток руски напад со дронови, гори цела зграда!

Киев рано утрово беше во целосна темнина по големиот напад во кој Русија ја нападна инфраструктурата на главниот украински град, прекинувајќи го снабдувањето со вода и енергија и предизвикувајќи пожар во висока станбена зграда.Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко рече дека руските сили ја таргетирале критичната инфраструктура и дека девет лица се повредени, а пет од нив се префрлени во болница. Кличко, исто така, рече дека прекините во снабдувањето со електрична енергија и водоснабдувањето ги погодиле областите на источниот брег на реката Днепар, која тече низ градот.Сликите објавени на интернет покажаа станови во пламен додека пожарникарите се преместуваа на позиции. Фрагменти од соборени беспилотни летала, исто така, погодија неколку делови од градот.„Главниот град на земјата е под непријателски балистички ракетен напад и масовен напад од страна на непријателските беспилотни летала“, соопштија украинските воздухопловни сили, повикувајќи ги луѓето во Киев да останат во засолништа.Министерката за енергетика, Свитлана Гринчук, рече дека руските сили нанесуваат голем удар врз мрежата.„Експертите за енергетика ги преземаат сите потребни мерки за да ги минимизираат негативните последици. Штом безбедносните услови дозволат, експертите за енергетика ќе почнат да ги разјаснуваат последиците од нападот и да спроведуваат реставраторски работи,“ објави таа на Фејсбук.Москва ги засили воздушните напади врз украинските енергетски објекти и железнички системи во последните недели.Плашејќи се од дојдовна хиперсонична ракета Кинжал – која е потешка за откривање и пресретнување – Украина денеска ја стави целата земја во состојба на готовност. Русија, исто така, го погоди југоисточниот регион Запорожје со најмалку седум напади со дронови во текот на ноќта, при што загина седумгодишно дете и беа повредени најмалку три лица.

Свет | пред 2 месеци

media-librarynmlnfst642n65Y6D0E6

(Видео) Први снимки од силниот земјотрес на Филипините, паника меѓу жителите

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени денеска го погоди крајбрежјето на јужните Филипини, соопшти државната сеизмолошка агенција, а Цивилната одбрана соопшти дека најмалку едно лице загинало. Веднаш беа издадени предупредувања за цунами во неколку земји. Луѓето во блиските крајбрежни области беа повикани да се евакуираат во внатрешноста или на повисоки места.Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами издаде ажурирање околу пладне по локално време во кое се вели дека заканата од цунами на Филипините поминала, откако претходно соопшти дека се можни бранови високи од 1 до 3 метри, иако предупредувањата од други агенции остануваат на сила.Нема други извештаи за жртви од службите за катастрофи во регионот, но имало првични извештаи за штети на домови, згради и мостови.Земјотресот беше меѓу најсилните во последните години што ги погодија Филипините, кои се наоѓаат на Тихоокеанскиот „Огнен прстен“ и доживуваат повеќе од 800 земјотреси секоја година.Земјотресот се случи две недели откако Филипините го доживеаја својот најсмртоносен земјотрес, за повеќе од една деценија, со 74 жртви на островот Себу. Тоа беше магнитуда од 6,9 степени и исто така го погоди крајбрежјето.Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос помладиот рече дека властите ја проценуваат ситуацијата на терен и рече дека екипите за пребарување и спасување ќе бидат распоредени кога ќе биде безбедно да се стори тоа.

Свет | пред 2 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-44-2130PM

Сибирски студ во октомври, следната недела ќе имаме вистинска зима

Нов ладен бран од Сибир ќе го зафати Балканот на почетокот на следната недела, прогнозира Славчо Попски, нагласувајќи дека не очекува невообичаено ладно време за октомври. Ќе има услови за минусни температури и за појава на утрински мразеви. Продорот од Сибир може да доведе повторно до врнежи од снег, особено на повисоките  и на планинските места, па дури и во пониските области.„Што се однесува до времето во ноември месец, исто така очекувам чести продори на ладен воздух од Сибир кон Балканот и Македонија како и температури кои ќе бидат околу, повремено и потпросечни за ноември. Ла Ниња е доста активна на Пацификот па токму поради ова имаме вакво невообичаено ладно време уште од октомври месец и со појава на врнежи од снег.“Судејќи според моменталнитепрогнози, појава на врнежи од снег на повеќе пониски места може да очекуваме уште од месец ноември. Инаку, месец ноември на Балканот ќе биде поврнежлив со натпросечно количество на врнежи“, напиша тој.До недела 12 октомври. под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна  и сува воздушна маса времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Особено во Повардарието и во источните предели од нашата Македонија повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. И во Скопје и околината следува период на стабилно, суво и на претежно сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Македонија | пред 2 месеци

motor-18-

Почина момчето кое со мотор удри во џипот на Сашко Јанчев од Левица

Момчето од Идризово кое со мотор удри во џипот на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, починало вчера како последица на повредите од сообраќајката.Сообраќајката се случи во Марино - Општина Илинден, а во неа со тешки телесни повреди се здобија 16 годишното момче кое беше возач на мотоциклот и неговата 13-годишна сопатничка. Јанчев со сопатникот исто така се здобија со телесни повреди.Полицијата изврши увид на местото на несреата а околу 04:00 часот по наредба на јавен обвинител, возачот беше лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од кривичниот законик.Од партијата на Јанчев тогаш информираа дека малолетникот возел неисправен мотор, без светло и дека моторот се забил во вратата од автомобилот.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryi4sk3lm47e2gaRPpUQ7

Удар за Тему, разочарување за граѓаните: Се укинува даночниот праг за нарачки до 22 евра – сите пратки ќе имаат ДДВ

Евтините онлајн-нарачки од странство наскоро ќе станат поскапи. Владата предложи измени со кои се укинува даночното ослободување за пратки до 22 евра. Според податоците на Царинската управа, само во јуни граѓаните од Македонија нарачале околу 250 тони стока од „Тему“ (Temu), од кои речиси 95 илјади килограми биле без ДДВ.Со измените на Законот за данок на додадена вредност, сите производи што се нарачуваат од странство – без оглед на нивната вредност – ќе подлежат на плаќање данок. Тоа значи дека секоја пратка, од игла до јакна, ќе поскапи за 18 проценти, колку што е стапката на ДДВ.Предлогот веќе е доставен во Собранието, а доколку биде усвоен, ќе стави крај на досегашната пракса граѓаните да купуваат по пониски цени преку странски е-платформи како „Тему“, „Али експрес“ (AliExpress) и други. Владата очекува со оваа мерка да се зголемат буџетските приходи.

Македонија | пред 2 месеци

media-library1fj4btv1dc9b9Ogj8Oe

Иван Ивановски -Македонецот кој ја претвори дисциплината во најдобрата инвестиција

Кога пред седум години Иван Ивановски ја купил својата прва акција, вели дека не знаел ништо за берзите, индексите или трендовите. Денес, неговото лично инвестициско портфолио вреди над еден милион долари, а преку платформата PrimeClass (поранешен MasterClass.mk) инспирира илјадници луѓе да го направат првиот чекор кон финансиска слобода.„Не постои подобро чувство од тоа кога ќе видите дека со знаење и трпение можете да изградите нешто што работи за вас дури и кога спиете“, вели Ивановски, кој во последните години стана едно од најпрепознатливите имиња кога станува збор за инвестирање и финансиска едукација во Македонија.Сега, тој подготвува бесплатен вебинар со цел да им помогне на луѓето да го направат токму тоа да ја купат својата прва акција и да разберат како функционира реалниот свет на инвестирањето. Настанот ќе се одржи во живо на 20 октомври 2025 на неговиот youtube канал , а сите заинтересирани можат да се пријават преку kupiakcija.mk.Како дополнителен поттик, Иван ќе додели по 1.000 долари во акции од компанијата „Tesla“ на тројца учесници, за да им овозможи симболичен, но вистински почеток во светот на инвестициите.Во последните две години, преку PrimeClass, повеќе од 3.000 студенти веќе ја поминаа неговата програма и остварија значителни резултати. Со пристап заснован на реални примери и практични насоки, PrimeClass денес претставува најкомплетната едукативна програма за инвестирање во Македонија.„Инвестирањето не е привилегија тоа е вештина што секој може да ја научи. Јас само го покажувам патот,“ завршува Ивановски.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryvgor12uov2j54rVjFhJ

(Видео) Децата повеќе нема да патуваат во Белград на дијализа - Јанчев со Кожувчанка го решија најтешкиот детски здравствен проблем

Митко Јанчев и неговата компанија Кожувчанка, за 8 години имаат донирано повеќе од 4 милиони евра на ниво на цела Македонија, од кои речиси 40 отсто се во Општина Кавадарци.Јанчев вели дека со вакви донации почнал кога лично се нашол во сериозна семејна ситуација. Вели дека сите негови три деца се предвреме родени на Клиниката за гинекологија, заради што таму прв пат донирал повеќе илјади евра за посебна соба за предвреме родени деца, како и простории каде што мајките можат да бидат со нив.-Последната донација е апарат за хемодијализа, со кој за првпат во Македонија ќе се направи Оддел за хемодијализа за деца кои се со помала тежина од десет килограми. Тие деца кои досега беа итно тренспортирани во Белград, и таму беа третирани со недели, а Фондот тоа го чинеше околу 50.000 евра, нема да мора повеќе да патуваат, услугата ќе биде достапна и кај нас.Ние го купивме апаратот, со тоа и Фондот заштедува и децата и родителите нема да има потреба да се малтретираат надвор од земјава. Ќе биде пуштен во употреба околу 15-ти ноември, после изборите, вели Јанчев во „Претрес“ со Ландов.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryti42sjtni8iu7J4roMs

(Видео) Момчето и девојката кои го поставуваат куферот пред ВМРО-ДПМНЕ се „фатени “ на надзорната камера

Во Скопје вчера, на плоштадот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, беа забележани двајца странски државјани кои оставија сомнителен празен куфер.Според МВР, швајцарскиот државјанин Рафаел С. (роден 1987) и женското лице Вивиан С.Х. (родена 1985), влезени во Македонија на 1-ви октомври со летови од Цирих, се идентификувани како лицата од видеонадзорот.Од МВР соопштија дека куферот бил оставен пред канцелариите на ЈП „Државни патишта“ на плоштадот „ВМРО“.По пријавата се преземени сите потребни мерки, а проверките покажале дека куферот бил празен.

Настани | пред 2 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ е згрозен од потегот на Ердоган: Во Приштина пристигнаа дроновите од Турција

Српскиот претседател Александар Вучиќ го осуди новото вооружување на приштинските власти од Турција, нагласувајќи дека е згрозен од однесувањето на Анкара и од бруталното кршење на Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.Сега е сосема јасно дека Турција не сака стабилност на Западен Балкан и дека сонува повторно да ја обнови Отоманската империја. Србија е мала земја, но ние добро ја разбравме пораката!“, напиша Вучиќ на Твитер.Претходно денеска во Приштина беше објавено дека пристигнале турските беспилотни летала „Skydagger“, а според премиерот на привремените приштински институции, Албин Курти, се набавени „илјадници беспилотни летала“. Приштина претходно купила и турски TB2 „Bayraktar“ и американски „Puma“ беспилотни летала.

Свет | пред 2 месеци

izbori-makedonija-Copy

По смртта на Панчо Минов, носителка на независната листа во Кавадарци ќе биде неговта ќерка

На веб страницата на Државната изборна комисија се направени измени, имено по смртта на носителот на независна листа за Кавадарци, Панчо Минов, носител на независната листа за советници ќе биде неговата ќерка Лимба Минова Златевска.Според Изборниот законик, во случај на смрт на кандидат на советник, се предлага нов кандидат во период до десет дена пред денот на одржувањето на изборите. Ако кандидатот што починал е носител на листа, како што додава, носител ќе стане кандидатот од кандидатската листа предложен од предлагачот на листата.Поранешниот градоначалник на Кавадарци, Панчо Минов беше носител на независна кандидатска листа за советници во Општина Кавадарци за претстојните локани избори кои ќе се одржат на 19. октомври.

Македонија | пред 2 месеци

nino

Ново рочиште за „Онкологија“, ќе бидат сослушани сведоци предложени од Обвинителството

Судскиот процес против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти, денеска треба да продолжи во Основниот кривичен суд во Скопје.На минатото рочиште, одбраната на Васев поднесе барање државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе случајот или да го делегира на друго обвинителство. Поради потребата јавниот обвинител да донесе одлука, судот ја одложи расправата. Предметот го води судијката Снежана Марковска, додека јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска го застапува обвинението.Предметот се наоѓа во доказна постапка и денеска треба да продолжи со сослушување на сведоци предложени од страна на Обвинителството.Васев, заедно со онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, се обвинети за несовесно лекување, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со неправилно дозирање и без соодветна здравствена проценка.Претходно, друг онколог, Мери Пешевска, призна вина и беше осудена на две години условна казна затвор.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryacao9b5pmte89Zc9phn

Шаини е пуштен на домашно лекување, порачува да не се политизира инцидентот

Д-р Зекерија Шаини кој завчера во Куманово се здоби со прострелни рани на раката и ногата веќе е пуштен на домашно лекување. По успешната интервенција, лекарите потврдиле дека тој е во стабилна состојба и може да продолжи со закрепнување дома.„Кукавички бев нападнат од маскирани лица. Сакам да ве уверам дека немам непријателство со никого, ниту пак сум ја допрел нечија чест или семејство – за тоа ми е сведок само Бог. Во изборна кампања сме, но не сакам оваа случка да добие политичка конотација. Немам политичко непријателство со никого. Ги молам органите на редот да го расветлат случајот што е можно побрзо“, изјави доктор Шаини.Полицијата во меѓувреме ја лиши од слобода 43-годишната А.А. од Тетово, која се сомничи дека е поврзана со обидот за убиство на својот сопруг. Се трага и по Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој е осомничен дека директно учествувал во нападот и сè уште е во бегство.По целосното документирање на случајот, против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Македонија | пред 2 месеци

gaza44

Историски договор меѓу Хамас и Израел, ќе почне спроведува првата фаза од мировниот план на Трамп

Израел и Хамас имаат договор за спроведување на првата фаза од мировниот план на Трамп за прекин на вбојната во Газа.Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на социјалните мрежи дека е договорена првата фаза од мировниот план за Газа.„Многу сум горд што објавувам дека Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од нашиот мировен план“, рече Трамп. „Ова значи дека СИТЕ заложници наскоро ќе бидат ослободени, а Израел ќе ги повлече своите трупи на договорената линија како прв чекор кон силен, траен и вечен мир. Сите страни ќе бидат третирани праведно! Ова е ПРЕКРАСЕН ден за арапскиот и муслиманскиот свет, Израел, сите околни земји и Соединетите Американски Држави, и им се заблагодаруваме на медијаторите од Катар, Египет и Турција кои работеа со нас за да се случи овој историски и без преседан настан. БЛАГОСЛОВЕНИ ДА БИДАТ МИРОТВОРИТЕ!“Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху подоцна изјави дека договорот е „голем ден за Израел“.Рече дека ќе ја свика владата во четврток за да го одобри договорот и да ги врати дома, како што рече, „сите наши сакани заложници“.Хамас потврди дека се согласил со предложениот мировен договор со Израел, велејќи дека го сторил тоа „со цел да се стави крај на војната на истребување на палестинскиот народ и да се повлече окупацијата од Појасот Газа“.Во соопштението за медиумите, тие им се заблагодарија на медијаторите од Катар, Египет и Турција и на американскиот претседател Доналд Трамп за нивните напори.Тие ги повикаа Трамп и другите земји да обезбедат Израел да ги исполни своите обврски според договорот: „Окупациската влада треба да биде принудена целосно да ги спроведе барањата од договорот и да не ѝ биде дозволено да го избегнува или одложува спроведувањето на она што е договорено“.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryvh5un24vqnrqerRfsHY

Лишена од слобода сопругата на лекарот во кој вчера беше пукано во Куманово

На 07. 10. 2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско.Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес. По целосно документирање на случајот, против А.А ќе следува соодветна пријава, додека против Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој се сомничи за обид за убиство и се уште е во бегство,  по консултација со Основното јавно обвинителство, исто така  ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти МВР.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarybp51a73sbks98jJfdHH

(Видео) „Актив“ и „Арија“ се домовите на ужасот кои се истражуваат, тие сега се под клуч

Македонската јавност е длабоко вознемирена по откритието за шокантни злоупотреби и малтретирање на стари лица во два приватни дома во Скопје. Според добро упатени извори на „Скопје1“, станува збор за домот за стари лица „Актив“ во Центар и за „Арија“ кој се наоѓа во Бутел. „Скопје1“ проба да исконтактира со одговорни лица преку оставените телефонски броеви – но никој не одговори на повиците.Токму на адресите „Козара“ во Центар, поконкретно во Капиштец и „Рудо“ во Бутел, каде Министерството за внатрешни работи извршило претрес, се наоѓаат овие домови. „Арија“, има и своја официјална веб-страница и со години се рекламира како квалитетна установи за згрижување на стари лица.Обвинителот кој го води случајот тврди дека имаат докази дека внатре во домовите се случувало физичко и психичко насилство, во целосно нехумани услови. Во домовите биле сместувани повеќе лица од дозволениот капацитет, дел од нив биле заклучувани во посебни простории, а други добивале лекови што не биле препишани од лекар. Некои спиеле на троседи во дневните простории, а по две лица делеле еден единечен кревет, додека им биле служени оброци со храна со изминат рок. Наместо грижа и човечност, штитениците на домовите биле изложени на суров третман и запоставување. Овие домови, не исполнувале ниту еден критериум за работа, тврди и Обвинителството, но функционирале од 2022 година.Кривична пријава за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лицаМинистерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Н.Ј.(47) и Т.И. (58), двете од Скопје поради основано сомнение за сторени кривични дела „продолжена злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 и „малтретирање во вршење на службата“ од член 143 од Кривичниот законик.„МВР во координација со ОЈО во изминатите два дена обезбеди докази со кои се потврдува основано сомнение дека двете осомничени, во својство на сопственички и овластени лица на две приватни установи за социјална заштита на стари лица во Скопје, постапувале спротивно на Законот за социјална заштита и со намера да прибават за себе имотна корист потешко ги повредиле правата на згрижените лица. Двете приватни установи, во периодот од 2022 година до денес, не ја вршеле дејноста во рамки на издадените дозволи, односно сместувале корисници над дозволениот капацитет, неуредно ја воделе пропишаната евиденција за корисници на социјална услуга, не поседувале досие со стручна документација за сите корисници, не воделе евиденции за одржување на личната хигиена на корисниците, немале вработено соодветен број стручни кадри во смена, а имале вработено лица без соодветна документација за вработување и немале обезбедено четири дневни оброци со соодветна спецификација за дистрибуираните оброци, како што налагале правилата за нивно работење и условите од решенијата издадени од Министерството за социјална политика, демографија и млади“, велат од МВР.Дополнително, има и недоследности во делот со финансиското работење, кои се испитуваат.При извршените претреси во двете установи, од кои едната на улицата „Рудо" во Бутел, а другата на улица „Козара" во Центар, утврдено е дека двете осомничени, како лица што постапуваат во службено својство, вршеле физичко и психичко насилство со цел да им нанесат физичка и душевна болка, односно страдање на корисниците и ги изложувале на сурово, нечовечко и понижувачко однесување. Првообвинетата во домот во Бутел сместила 27 корисници – стари лица, иако имала дозвола само за 21 лице, а заедно со второобвинетата во установата во Центар сместиле 33 корисници – стари лица, иако имале дозвола само за 17 лица. За грижа и нега на лицата немале обезбедено соодветен број редовно вработени стручни кадри.Спротивно на сите правила, во собите сместувале женски и машки лица заедно. Немале обезбедено кревети за сите корисници, па дел од корисниците спиеле на троседи во дневната соба или по две лица спиеле на ист единечен кревет. На сите корисници во двете установи им биле служени оброци со производи со изминат рок, за што се земени и мостри од храна, производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна. Дел од корисниците биле постојано заклучувани во посебни простории, а на еден дел им била давана терапија со лекови кои не биле препишани од лекар.По наредба на јавен обвинител, на сите згрижени лица им е извршен лекарски преглед и анализи од страна на стручни лица од Институтот за судска медицина. Установите се затворени, а со координација на надлежните државни органи за корисниците е обезбедено соодветно сместување.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryga57ac9t188e9dTEIQd

Тешка сообраќајка кај Кочани, едно лице загина, а петмина се повредени

Едно лице загина, а уште петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила на експресниот пат Штип–Кочани, во близина на селото Горни Подлог. Во судирот меѓу автомобил „рено“ со регистарски ознаки од Македонски Брод и „фолксваген поло“ со бугарски таблички животот го загубил 33-годишен патник од Љуботен, а повеќемина повредени се пренесени во скопските клиники.На 07.10.2025 во 09:18 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на експресниот пат Штип- Кочани, во близина на с.Горни Подлог, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Х.М.(32) од с.Трубарево, скопско и патничко возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки, управувано од 22-годишната И.М. од Кочани.Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи и Б.Д.(33) од с.Љуботен, скопско, Д.З.(36) од с.Трубарево и И.М.(21) од с.Трубарево, сопатници во возилото „рено“, и по укажаната помош во болницата во Кочани, 22-годишната И.М. е пренесена во приватна болница во Скопје, додека останатите се пренесени  во Комплексот клиники „Мајка Тереза" во Скопје. Од здобиените повреди Б.Д. починал, а кај Х.М. се констатирани тешки телесни повреди. Додека, кај останатите се констатирани телесни повреди. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Штип– ОВР Кочани.

Македонија | пред 2 месеци

media-library9bn8e5675st74xxHRP0

Небезбедна храна и валкани кујни во неколку градинки и училишта, што открија инспекторите на АХВ

Дваесет и четири килограми небезбедна храна од три детски градинки биле уништени, откако инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство констатирале дека таа не била соодветно чувана. Директорите се казнети парично, а освен во градинките, поради погрешно декларирање, уништени се и други 59 килограми храна во едно училиште.„Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територија на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта. За утврдени недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните“, се наведува во соопштението од АХВ.Оттаму информираат дека парични казни изречени се за три градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.„Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна. Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекоа 1 парична казна и донесоа 5 решенија за нивно отстранување“, се додава во соопштението.

Македонија | пред 2 месеци

makron-3

На Макрон, господарот на часовниците, сега му истекува времето: Што е следно за Франција?

По осум години на власт, позицијата на претседателот Емануел Макрон е под зголемен притисок, бидејќи политичката криза во Франција се продлабочува.Макрон, кој претходно се нарекуваше себеси „maître des horloges“, господар на часовникот, повеќе нема контрола врз времето како порано, објавува Би-Би-Си.По трет пат за една година, неговиот премиер поднесе оставка, а анкетите покажуваат дека речиси три четвртини од гласачите веруваат дека претседателот треба да го стори истото.Доколу денес би се одржале претседателски избори во Франција, кандидатите на екстремната десница би имале голема предност во првиот круг, особено на Националниот сојуз, Марин Ле Пен, покажува најновото истражување на компанијата Толуна Харис Интерактив.Долгогодишниот сојузник Едуар Филип, кој беше прв премиер на Макрон од 2017 до 2020 година, го повика да назначи технички премиер и да распише претседателски избори на „уреден начин“.Но, Макрон е многу посклоен кон распуштање на парламентот отколку кон оставка.Како Макрон стигна до тука?Премиерот Себастијан Лекорну ја објави својата оставка во понеделникот, по само 26 дена на функцијата. Неколку часа подоцна, тој објави дека го прифатил барањето на Макрон да остане уште 48 часа за да одржи финални разговори со политичките партии „заради стабилноста на земјата“.Сè се врти околу францускиот долгГлавниот предизвик со кој се соочија Лекорну и неговите двајца претходници беше како да се справат со огромниот национален долг на Франција и да ги надминат идеолошките поделби меѓу центристичките партии што би можеле да ја формираат владата.На почетокот на оваа година, јавниот долг изнесуваше 3,4 трилиони евра, или речиси 114 проценти од БДП, трет најголем во еврозоната по Грција и Италија. Се предвидува дека буџетскиот дефицит на Франција ќе достигне 5,4 проценти од БДП оваа година.Мишел Барние и Франсоа Бајру издржаа само три и девет месеци, соодветно, пред да бидат соборени со гласања за доверба, бидејќи се обидуваа да се справат со дефицитот со буџети за штедење.Лекорни дури и не успеа да го презентира буџетскиот план. Критиките се слеваа од сите страни штом го претстави својот кабинет во неделата попладне, а до понеделник наутро одлучи дека неговата позиција е неодржлива.Сите партии ги имаат предвид следните претседателски избори во 2027 година, а се подготвуваат и за можноста за предвремени парламентарни избори во случај Макрон повторно да го распушти парламентот.Кои се клучните фигури во оваа криза?Лидерите кои со месеци повикуваат на оставка од Макрон се од крајната десница и радикалната левица.Марин Ле Пен и нејзиниот млад сопартиец во крајно десничарското Национално собрание, Жордан Бардела, се подготвени за избори и ја одбија поканата на Лекорну за разговор.Жан-Лук Меланшон од радикалната левица „Франција Непобедлива“ (LFI) водеше кампања за импичмент на Макрон, иако тоа изгледа малку веројатно. Тој е поддржан од Зелените.Оливие Форе и неговите социјалисти беа сојузници на радикалната левица за време на последните избори, но разговараа со Лекорну под услов тој да формира левичарска влада.Потоа е Габриел Атал, кој ја предводи центристичката партија Ренесанса на Макрон, но рече дека повеќе не ги разбира одлуките на претседателот.А од централнодесничарскиот е Бруно Ретаило, чии републиканци беа дел од таканаречената „сокле комуна“ (заедничка платформа) со центристите.Дали Макрон стигна до крајот на патот?Откако неговиот трет премиер за една година ја објави својата оставка, Макрон отиде на долга прошетка покрај реката Сена, со мобилниот телефон на увото.Дали тоа беше игра за камерите? Можеби, но беше симболично за осамената природа на неговата позиција, бидејќи се соочува со некои од најтешките избори на неговото претседателствување, а некои од неговите поранешни сојузници се чини дека го напуштаат.Претседателот е свесен за политичките предизвици што претстојат веќе некое време и не е од оние што се откажуваат без борба или уште еден обид да ја стабилизираат Франција. Чувството дека времето истекува за господарот на часовниците незапирливо се шири меѓу јавноста.Четири опции за Макрон и ниту една од нив не изгледа добро1. Ако Лекорну успее да ги убеди центристичките партии да формираат некаков вид влада, тогаш Макрон ќе може да назначи нов премиер, кој и да е тој. Лекорну навести дека не сака да ја прифати работата, иако тоа не е дефинитивно не. Знаците не се добри. Кога поднесе оставка во понеделник, Лекорни рече:„Бев подготвен за компромис, но сите партии сакаа другата страна да ги усвои нивните програми во целост“.Франција мора да донесе некаков буџет за 2026 година за да се ослободи од својот национален долг, а фракциите го знаат тоа.2. Доколку Лекорну не успее да го стори тоа, Елисејската палата посочи дека Макрон ќе „преземе одговорност“. Тоа веројатно би значело нови парламентарни избори, што би значело лоши вести за неговите центристички сојузници и социјалистите, но особено би било од корист за крајно десничарскиот Национален собир на Марин Ле Пен. Изборите би требало да се одржат најдоцна 40 дена по распуштањето на парламентот - што би значело гласање во ноември.3. Претседателството на Макрон завршува за 18 месеци, но тој се соочува со растечки повици да се повлече. Тој постојано ги отфрлаше предвремените претседателски избори, но тоа не е исклучено. Поранешниот министер на Макрон, Бенџамин Хадад, тврди дека неговата оставка нема да има смисла бидејќи следниот претседател ќе се соочи со истиот проблем.4. Дури и без договор за влада, партиите би можеле да ги остават настрана своите разлики во парламентот и да постигнат компромис за ограничен буџет. Но, француската политика не е позната по својата култура на компромис.

Свет | пред 2 месеци

gruevski-nikola-543

Од бизнисот во Унгарија, експремиерот Никоа Груевски си исплатил дивиденда од 5.000 евра

Поранешниот премиер Никола Груевски се чини дека далеку од дома се пронајде во улогата на бизнисмен, бидејќи сè уште дава консалтинг услуги на Унгарците, а неговата фирма бележи заработувачка, пишува денеска Фокус.Компанијата I.C.I.C. Kft. екс премиерот ја регистрираше летото во 2021 година, на 14 јули, во селото Пецел, на 20-тина километри од Будимпешта. Седиштето е во напуштена куќа на улицата Бошкаи број 9, а тој е наведен како единствен сопственик и извршен директор.Фирмата на Груевски е активна веќе четири години, и иако врти милиони, но само како унгарски форинти, сепак неговата заработувачка пресметана во евра се брои во неколку илјади. Но, важно е дека добивката, иако не тече, сепак „капнува“ секоја година, бидејќи досега не пријавил загуби.Според поднесениот годишен извештај за минатата година, тој остварил продажба од 4,1 милиони форинти (10.500 евра), за разлика од 2023, кога имал 9.700 евра. По одбивањето на трошоците и даноците, 6.860 евра му останале како чиста добивка, од кои нешто над 5.000 евра ги подигнал како дивиденда.Извештајот, исто така, открива дека осудениот бегалец е прогласен за кредитоспособен, бидејќи во билансот на состојба се појавил и долг од 2,5 милиони форинти или околу 6.500 евра.Главниот фокус на компанијата е бизнис-консалтинг, но, исто така, е лиценцирана и за трговија на големо со порцелан и производи за чистење, трговија на големо со храна, пијалаци и тутун, управување со средства, рекламирање, односи со јавност и комуникација.За Груевски сè уште нема информација, дали, освен компанијата, поседува имот во Будимпешта. И понатаму е тајна адресата на која живее, бидејќи како лична адреса во Унгарија, тој при формирањето на компанијата ги навел податоците на неговиот адвокат во Будимпешта.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryg1fh67dop6rfbiLOumk

Билал Касами се гордее со синот: Младиот фудбалер ќе игра за албанската репрезентација против Ирска

Актуелниот градоначалник на Тетово и кандидат за нов мандат од коалицијата Вреди, Билал Касами, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук сподели радосна вест поврзана со неговото семејство.„На врвот на кампањата, најубавата вест која неизмерно ме воодушеви дојде од Тирана. Мојот син, Љавдрим, доби покана од албанската фудбалска репрезентација У19 за два пријателски натпревари против Ирска. Ви благодарам!“, напиша Касами.Со ова, тој изрази гордост за успехот на својот син, кој добил шанса да го облече дресот на младинската репрезентација на Албанија.

Македонија | пред 2 месеци

izbori-makedonija-Copy

Починатиот Минов беше носител на советничка листа, ОИК чека насоки за промени во гласачките ливчиња

Поранешниот градоначалник на Кавадарци, Панчо Минов, кој почина денеска, беше носител на советничката листа за Локалните избори 2025 на независни избирачи.Од Општинската изборна комисија Кавадарци информираат дека добиле информација дека Минов починал за што ќе ја известат Државната изборна комисија.– Има законски пропишана постапка, во случај на смрт на еден од кандидатите, особено носител на советничка листа. Мислам дека сѐ уште не се отпечатени ливчињата. Натаму, ќе ни кажат што, како да постапиме. Ваков случај првпат сега имаме – рече Емилија Петровска, претседател на ОИК.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryear6n5v5r7sjb9cK93X

„Би сакала Обвинителство да нема милост, оваа приказна се развива во ужас“: Ина Многуфина за ужасот во домовите за стари лица во Скопје

Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина, реагираше на вознимирувачката вест за малтретирањето на стари лица во два дома во Скопје.„Ова со домовите ќе се развива во приказна на ужас ама треба да дознаеме што се случува. Буквално оние језиви приказни од серии ни се случувале тука кај нас и би сакала обвинителство да нема милост. Во два дома, еден во Бутел и еден во Капиштец каде семејствата на старите и немоќни лица плаќале високи сметки, луѓето добивале храна со изминат рок, спиеле на троседи или две лица спиеле на единечен кревет, заедно мажи и жени, биле заклучувани во посебни простории, а на дел од нив им давале терапија со лекови кои не биле препишани од лекар“, вели Ина во нејзината објава на Фејсбук.Истрагата е во тек, газдариците во притвор, а Ина, како што вели, се надева дека нема да „игра“ условна тука.„Тоа што мене ми е чудно и малце језивко е како ние имаме толку психопатишта на толку малку луѓе? Кој малтретира немоќни луѓе, само тие што се со одреден дизордер. Вие можете да малтретирате немоќен човек? Не можете, не ви иде природно, ви иде да му помогнете ваљда. Кај нас треба психијатри да поминуваат по дома да не проверуваат, ова веќе е лудо. Не знам ова дали го праеле само за пари, ќе си покаже истрагата ама мислам за вакви работи да ти текнат треба да си малку нетокму. Јас да имам некој во тие домови па не знам, 4 пара чевли ќе излижат од што ќе ги шетам по судски ходници“, напиша Ина во објавата.

Коментари | пред 2 месеци

media-libraryss1ti5uvnqtndRvfcPR

СДСМ: „На улиците се пука како да сме Див Запад“: Партијата бара одговорност од министерот Панче Тошковски

СДСМ во денешното соопштение остро го критикуваше министерот Панче Тошковски и побара одговорност поради, како што велат, „колапсот на безбедносниот систем“ и растот на вооружените инциденти во земјата. Во реакцијата партијата го обвинува министертвото за партизација на полицијата.Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад.Последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните.До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.За тоа мора да има одговорност.Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност и да поднесе оставка?

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања