„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анита Буховски

tramp-putin

Путин: „Она што Трамп го најави е е сериозно, принудени сме да реагираме

Русија располага со најсовремена нуклеарна тријада во светот, изјави во средата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.Тој нагласи дека е направена огромна работа за да се гарантира сигурноста на земјата, пренесува агенцијата ТАСС (TASS).„Нашата нуклеарна тријада е обновена. Тоа е, всушност, најновата нуклеарна тријада во светот. Направена е голема работа за сигурно да се обезбеди нашата безбедност,“ изјави Песков пред новинарите.Путин наложи анализа на можни подготовки за нуклеарни тестирањаПретседателот на Русија, Владимир Путин, претходно денеска разговарал со постојаните членови на Советот за безбедност за тоа како Москва треба да одговори на американските нуклеарни вежби одржани во октомври.Според рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов, вежбата опфаќала симулација на превентивен ракетно-нуклеарен напад врз Русија, а САД воедно планираат да распоредат ракети во Европа и азиско-пацифичкиот регион, кои би можеле да стигнат до централна Русија за шест до седум минути.Путин изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за обновување на нуклеарните тестирања ги нарече сериозни, потенцирајќи дека Русија ќе биде принудена да реагира доколку која било држава-потписничка на Договорот за целосна забрана на нуклеарни тестирања повторно ги започне. Тој нагласи дека Москва нема намера да се повлече од договорот, но ќе делува „соодветно“ ако другите го прекршат.Путин му наложил на Советот за безбедност да собере информации, да ја анализира ситуацијата и да подготви предлог за можен почеток на руските подготовки за нуклеарни тестирања.Белоусов смета дека Русија треба веднаш да започне со подготовки за тестирања во целосен обем и предупреди дека САД активно го зголемуваат своето стратешко офанзивно вооружување.Директорот на ФСБ, Александар Бортников, побарал дополнително време за изработка на предлозите, наведувајќи дека ситуацијата е „многу сложена“.Во исто време, Вашингтон денеска спроведе тестно лансирање на невооружена интерконтинентална балистичка ракета „Минитмен III“ (Minuteman III) од базата Ванденберг во Калифорнија, напоменаа руските власти.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryiam8t3uoadrucCUHmIG

(Видео) Со шишиња и петарди нападнат Немања Шаровиќ во Белград

Немања Шаровиќ, поранешен истакнат член на шешељевата Српска радикална партија и долгогодишен соработник на Воислав Шешељ, а денес новинар на КТВ Зрењанин, познат по исмејувањето на поддржувачите на Српската напредна партија (СНС), вчера бил нападнат во Белград за време на собир што го организирале приврзаниците на Александар Вучиќ.Шаровиќ со години беше едно од најпрепознатливите лица на Српската радикална партија, пратеник во Собранието на Србија и еден од најблиските луѓе на Шешељ. По расколот со него, го формираше движењето „Љубов, вера, надеж“, а потоа се посвети на медиумски активизам.Во последните години привлече големо внимание со видеата во кои со микрофон ги посетува митинзите на СНС и редовно ги исмејува приврзаниците на Вучиќ. Ваквата содржина, истовремено пофалена и критикувана во Србија, го направи една од највпечатливите фигури на антирежимската сцена.Како што објави Н1 Србија, Шаровиќ и екипата на КТВ биле на терен кога собирот на СНС станал агресивен. На снимките се гледа како насобраните го навредуваат, го напаѓаат и го гаѓаат со различни предмети. Во еден момент, еден од поддржувачите на Вучиќ силно му го избил микрофонот од рака.Според зборовите на Шаровиќ, кон него летале шишиња, петарди и други предмети. На снимката се слуша и извик: „Пи*ко усташка!“

Свет | пред 3 месеци

media-libraryv3imonvq8g2o9eQixTK

Хартиените билети за парискиот метро заминуваат во историјата

Хартиените билети за париското подземје стануваат минато, а ќе бидат заменети со дигитални билети и картички, соопшти компанијата „РАТП“ (RATP) која управува со овој јавен превоз во француската престолнина.Продажбата на хартиени билети официјално заврши во средата, што претставува дел од постепеното укинување на продажните места за еднократни билети, од кои годишно се продаваа повеќе од 500 милиони.Оваа промена е дел од повеќегодишната транзиција кон дигитални решенија и поголема употреба на картички за превоз, пренесува агенцијата ДПА (dpa).Крај на една ераПред две години во историјата замина и познатиот „Carnet de 10“ – десет билети по намалена цена, многу популарно меѓу туристите.Сите кои сè уште поседуваат хартиени билети ќе можат да ги искористат до следната година, по што ќе можат да ги заменат со други форми на билети.Од „РАТП“ објаснуваат дека укинувањето на хартиените билети, воведени со отворањето на париското метро пред 125 години, има за цел намалување на влијанието врз животната средина преку напуштање на нивното производство и рециклирање.Со оваа промена компанијата сака да го забрза протокот на патници, да го подобри корисничкото искуство и да го олесни пристапот до метрото за сите патници.

Свет | пред 3 месеци

media-librarytq9r1brts74h697dUC3

Повеќе од тон и пол ореви и кикирики без потекло ќе бидат уништени, АХВ заплени небезбедна храна во Чучер-Сандево

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло, на подрачјето во општина Чучер-Сандево.При извршениот надзор пронајдени се 1.060 килограми кршени ореви и 581 килограми кикирики во зачинета обвивка, во рефус состојба, без идентификација и без потребни информации за потрошувачите. Во рамки на истата пратка со надзорот најдени се и 900 килограми индиски ореви, со декларација, извести АХВ.Бидејќи производите биле без соодветна документација за потекло и квалитет, согласно Законот за безбедност на храна, затекнатите количини се прогласени за небезбедни и истите ќе бидат нештетно уништени. Против лицето затекнато при контролата, поведена е прекршочна постапка за пуштање во промет на небезбедна храна, односно, заради пуштање во промет на храна од страна на нерегистриран оператор и немање на потребни информации за потрошувачите.На сторителот изречена му е глоба од 600 евра во денарска противвредност“, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство и додаваат дека ќе продолжат со спроведување засилени контроли на терен, со цел спречување на пласман на небезбедна храна и заштита на здравјето на потрошувачите.

Македонија | пред 3 месеци

media-library5cf4itaetdqu8yr74GI

Блокадата на САД ги приземји авионите, откажани 4.000 летови

Се очекува американскиот министер за транспорт Шон Дафи да нареди намалување од 10 отсто на воздушниот сообраќај на 40-те најголеми аеродроми во Соединетите држави почнувајќи од петок, доколку не биде прекината блокадата на владата, соопштија извори запознаени со ова прашање.Намалувањата ќе се спроведуваат постепено почнувајќи од петок, а денеска ќе биде објавено кои аеродроми ќе бидат засегнати од оваа мерка, известува CBS.Речиси 13.000 контролори на летање и 50.000 службеници на Администрацијата за безбедност на транспортот (TSA) се принудени да работат без плата поради затворањето на владата, а десетици илјади летови се одложени, пишува Reuters.Министерот Дафи предупреди во вторникот дека доколку затворањето на владата продолжи уште една седмица, тоа би можело да предизвика голем хаос и тој би можел да биде принуден да затвори дел од воздушниот простор.Авиокомпаниите бараат крај на блокадата на владата, предупредувајќи на ризици за безбедноста на воздухот.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryu8c3abp0b8rv7UIsyxF

Ден на жалост во БиХ и во Црна Гора по трагедијата во Тузла

Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина синоќа донесе Одлука со која 6 ноември се прогласува за ден на жалост во Федерацијата Босна и Херцеговина.„Со одлуката се прогласува 6 ноември 2025 година за Ден на жалост во БиХ поради трагичниот настан и загинувањето на жителите во Домот за стари лица во Тузла “, соопшти Канцеларијата за односи со јавноста на Владата.Сосема иста одлука донесе и Владата на Црна Гора.Знамињата на сите државни згради, згради на локалната самоуправа и јавни институции ќе бидат спуштени на половина копје, објави во среда Владата на Црна Гора.Во пожарот што избувна во вторник вечерта на седмиот кат од Пензионерскиот дом во Тузла, каде што престојуваа неподвижни лица, загинаа 12 лица, а повеќе од 30 од нив побараа медицинска помош во Општинскиот центар во Тузла, од кои петмина се во критична состојба.Владата на Тузланскиот кантон, исто така, го прогласи 6 ноември за ден на жалост.

Свет | пред 3 месеци

policiska-lenta

Мистериозна смрт во Тетово - безживотно тело на млада жена пронајдено меѓу згради, истрагата во тек

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело. Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините, соопшти обвинителството.Безживотно тело на младо женско лице е најдено синоќа помеѓу зградите спроти Центарот за социјални работи во Тетово. По пријавата до СВР Тетово, беше почнат е увидот од страна на полицијата, а на местото беше и јавен обвинител.Според првичните неофицијални информации, станува збор за девојка од Косово, која студирала во Тетово.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryv61rahd3eaugcnHdlCL

(Видео) Тајфунот на Филипините односе 114 животи, повеќето жртви се удавиле во поплавите: И Виетнам се подготвува за ударот

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор денеска прогласи вонредна состојба откако тајфунот Калмаеги во централните покраини однесе најмалку 114 животи, а повеќе од 100 лица се водат како исчезнати. Според „АП њуз“ (AP News), ова е најсмртоносната природна катастрофа што ја погоди земјата годинава.Повеќето жртви се удавиле во надојдените поплави, а по 127 лица сè уште се трага, најмногу во тешко погодената централна покраина Себу. Тропската бура вчера го напушти филипинскиот архипелаг и се упати кон Јужното Кинеско Море. Тајфунот зафатил речиси два милиони луѓе, а над 560.000 жители биле раселени, од кои речиси 450.000 евакуирани во привремени засолништа, соопшти Канцеларијата за цивилна одбрана.Прогласувањето на „состојба на национална катастрофа“, кое Маркос го објави на состанок со службите за итни ситуации, ќе ѝ овозможи на владата побрзо да исплаќа средства за помош и да спречи создавање залихи на храна и неоправдано зголемување на цените.Виетнам се подготвува за ударотВо меѓувреме, властите во Виетнам започнаа подготовки за пристигнувањето на тајфунот Калмаеги. Финансиското средиште на земјата, градот Хо Ши Мин, се соочува со зголемен ризик од тешки поплави, бидејќи се очекува високите плими да се совпаднат со обилните дождови што ги носи бурата, предупредија метеоролозите. Очекувано е зголемување на нивото на реката Сајгон, а во пониските делови на градот би можеле да паднат и до 100 милиметри дожд, што може да предизвика поплави.Шокантни сцени од покраината СебуНа Филипините, тајфунот Калмаеги само во вторникот во областа Себу предизвикал количина на врнежи што обично паѓа во период од еден и пол месец, изјави државниот метеоролог Бенисон Естареја. Тоа предизвикало надојдени поплави и излевање на реките и потоците во градот Себу и околните населби.Поплавите ги зафатиле станбените населби, принудувајќи ги жителите да се искачуваат на покривите, од каде очајно повикувале на помош додека водата брзо надирала. Бурните потоци потопиле или однеле десетици возила, а шокантните сцени ги снимиле самите жители заробени на покривите.Најмалку 71 лице починало во покраината Себу, најчесто од давење, додека 65 се водат како исчезнати, а 69 се повредени. Во соседната покраина Негрос Оксидентал се трага по уште 62 лица.„Направивме сè што можевме“„Направивме сè што можевме околу тајфунот, но, знаете, секогаш има неочекувани работи како надојдени поплави,“ изјави гувернерката на Себу, Памела Барикатро, за „Асошиејтед прес“. Таа додаде дека проблемот можеби бил влошен поради долгогодишното вадење камен, што довело до затнување на блиските реки, како и поради неквалитетни проекти за заштита од поплави.Покраината Себу сè уште се опоравуваше од земјотрес со јачина од 6,9 степени што на 30 септември однесе најмалку 79 животи и расели илјадници луѓе. Меѓу жртвите на тајфунот Калмаеги се и шест лица кои загинале во вторникот при пад на хеликоптер на филипинските воздухопловни сили во јужната покраина Агусан дел Сур. Екипажот бил на пат кон доставување хуманитарна помош, соопшти армијата.Додека земјата сè уште се соочува со последиците од Калмаеги, филипинските служби предупредуваат дека нов тропски циклон од Пацификот би можел да се засили во супертајфун и да го погоди северот на земјата на почетокот од следната недела.Филипините годишно ги погодуваат околу 20 тајфуни и бури, а честопати се соочуваат и со земјотреси и вулкански ерупции, што ги прави една од земјите најизложени на природни катастрофи во светот.

Свет | пред 3 месеци

media-library8u6r26053e18cefUoOA

(Видео) Почина познатиот фудбалски тренер Младен Жижовиќ, колабирал за време на натпревар во Србија

Босанскиот фудбалски тренер Младен Жижовиќ почина во понеделникот вечерта откако се онесвестил на клупата за време на натпревар од Суперлигата на Србија.Според српските медиуми, тренерот на Радник Крагуевац се почувствувал лошо за време на натпреварот од 14. коло на Суперлигата против Младост во Лучани, по што починал.Жижовиќ ја изгубил свеста во 22. минута од натпреварот и веднаш бил пренесен во амбуланта.Четириесет и четиригодишниот тренер се срушил крај теренот, по што натпреварот бил прекинат за да му биде укажана медицинска помош.Младен Жижовиќ е роден на 27 декември 1980 година во Рогатица, Босна и Херцеговина.Во текот на својата играчка кариера настапувал за неколку клубови, меѓу кои Радник Бијељина, Рудар Угљевик, Зрински Мостар, Тирана, Борац Бања Лука и Младост Рогатица.Во 2008 година одиграл четири натпревари за фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина.Како тренер, кариерата ја започнал во Радник Бијељина (2017–2019), а потоа ги водел Зрински Мостар (2019–2020), Слобода Тузла (2021–2022) и Борац Бања Лука.Жижовиќ пристигнал во Крагуевац на 23 октомври годинава.

Свет | пред 3 месеци

media-library1fauttldgpqs3R34WIw

Филипче: Реформите не зависат од уставните измени и мора да се спроведуваат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека институционалните реформи се суштинска обврска што мора да се спроведе без разлика на политичките пречки и неизвесноста околу уставните измени. Според него, државата не може да си дозволи застој на реформскиот процес поради недостиг на политички договори или дневнопартиски калкулации.„Кажавме уште лани дека ја поддржуваме владата да најде добро решение и гаранција дека нема понатаму да имаме блокади. Но тоа е едно прашање. Друго е реформите – тие се одвоен процес и мора да се тераат. А гледаме дека нема ниту еден чекор напред. Нема никакво поместување во тој дел“, изјави Филипче.Тој нагласи дека СДСМ останува на ставот дека е неопходна широка дебата и национален консензус околу стратешките приоритети на државата. Како чекор во таа насока, СДСМ предложи резолуција што е веќе доставена до сите парламентарни и политички партии со цел да се добие повратна реакција и конкретен став.„Нашата предлог-резолуција е добра основа да седнеме и да дебатираме. Потенцирав неколку пати – тоа е предлог верзија, не е финална. Очекувам фидбек, но сè уште немам добиено официјален одговор од ниту една партија“, изјави Филипче.Тој додаде дека сè што се однесува на стратешки национални интереси, вклучително и реформите, мора да биде предмет на консензус, а не на конфронтација. Повикувајќи на зрел политички дијалог, Филипче потенцираше дека е време сите актери да седнат на маса и да покажат дека реформите се над партиските калкулации.„Тоа е процес што подразбира национален консензус. Мислам дека е редно да седнеме и да видиме како ќе се движиме понатаму. Ова не е момент за калкулации, туку за зрелост“, заклучи тој.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4biah9u83u2k9nFXORy

(Видео) Терористички напад во Франција? Извикувал „Алаху Акбар“, па со возилото намерно удрил во група пешаци и велосипедисти

Француската јавност е силно вознемирена, откако денеска на Францускиот остров Олерон е маж, извикувајќи „Алаху Акбар“ намерно удрил со своето возило во група пешаци и велосипедисти, повредувајќи најмалку десет лица.Неколкумина од повредените се во критична состојба.Полициските сили реагирале брзо и го уапсиле осомничениот на лице место, кој и при апсењето извикувал „Алаху акбар“.Кристоф Сиор, градоначалник на Сен-Пјер-д’Олерон, се обрати до јавноста на BFMTV:Ова е шок што не се опишува со зборови за целата наша заедница. Невини луѓе кои само пешачеле или возеле велосипед беа нападнати. Нашите мисли се со повредените и нивните семејства.Обвинителството во Ла Рошел отвори истрага за обид за убиство, додека Националното обвинителство за борба против тероризмот (ПНАТ) го презеде случајот, што укажува на можна терористичка позадина. Идентитетот на осомничениот сè уште не е официјално објавен, а мотивите за нападот остануваат непознати. Меѓу повредените има и возрасни и деца, а неколку жртви во тешка состојба се однесени во болниците во блиските градови Ла Рошел и Поатје.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

По 500 евра за секоја доза од лекот, толку давале мито! Продолжи судењето за „Онкологија“

Во Кривичниот суд денеска продолжи постапката против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.Пред Судот сведочеа повеќе оштетени лица и законски застапници на починати пациенти, кои говореа за начинот на лекување и конкретната терапија што се давала на Клиниката за онкологија.Во одговор на прашање на јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска за проблеми со обезбедување терапија, еден од сведоците изјави дека имале потешкотии: најпрво оделе во Турција, но трошоците биле високи, по што се обратиле на Клиниката, каде, како што рече, морале да дадат мито од 500 евра за секоја доза. Лекот, според истиот исказ, се земал од фрижидер во канцеларијата на Васев и му се предавал на медицинска сестра за апликација. Сведокот додаде: „Немам документи, немам докази зошто не мислев дека ќе ми требаат. Ги исфрлив, но верувам ги има во досиејата“, и појасни дека наводно парите не биле давани пред медицинската сестра: влегувале во кабинетот на докторот, „се почастувале за кафе како што бил договорот“, по што лекот бил предаван на сестрата. На прашање од одбраната дали случајот бил пријавен, сведокот одговори дека не знаел/а каде да пријави.Уште една од сведоците раскажа за лекувањето на својата мајка кај онкологот Симонида Црвенкова: не наведе дека ѝ биле барани средства, но рече дека давалa пари „со срце и душа“ бидејќи спасот го гледала во докторката, додаде дека немала намера да пререкува што дала, но била изреволтирана од тоа што подоцна дознала.На ова реагираше обвинетата Симонида Црвенкова, истакнувајќи дека никогаш не побарала ниту примила средства за својата работа:„Целиот мој живот сум го посветила на себеобразување и доброто на пациентите и никогаш во животот ниту сум побарала, ниту сум добила, средства. Тоа е многу тешко обвинение за мене. Мене ми е многу жал, јас работам 30 години со оваа болест и јас знам што значи,“ изјави Црвенкова.Предметот е во доказна постапка и го води судијката Снежана Марковска. Освен Васев, обвинети се и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје. Постапката првично беше поведена и против онкологот Мери Пешевска, која призна вина пред Судот и беше осудена на две години условна казна затвор.Според обвинението, лекарите се товарат за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба. Дополнително, против Никола Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со настанета штета над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

Македонија | пред 3 месеци

IMG_6897

Продавачка била нападната среде бел ден во скопски Карпош

Жена нападната на работно место од 34-годишна Скопјанка, случајот се документира.На 04.11.2025 во 14:40 часот во СВР Скопје, В.Д.(55) од скопско, пријави дека на 03.11.2025 околу 16:00 часот на работното место во продажен објект на подрачјето на Карпош, била нападната од 34-годишната Е.С. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryoqq6ienmaa83dqG1TCs

Наскоро нови имиња во врвот на СДСМ, Филипче најавува и поширок опозициски фронт

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, потврди дека наскоро ќе следат промени во раководството и дел од политиките на партијата, но нагласи дека идеолошките принципи на социјалдемократите остануваат непроменети.На денешната прес-конференција во партиското седиште, Филипче истакна дека опозициската платформа ќе се прошири и ќе биде отворена за сите граѓански организации и политички субјекти кои сакаат да придонесат кон заедничка стратегија против власта.„Сметам дека ние сме единствената политичка сила која што може да парира и да се соочи со ВМРО-ДПМНЕ. Потребен ни е поширок, посилен и поорганизиран фронт. Тоа е еден дел од лекциите кои ги научивме од локалните избори и сум сигурен дека тоа ќе го спроведеме во периодот кој што претстои,“ изјави Филипче.Тој додаде дека во партијата засега нема нови оставки, и дека се работи на комплетирање на тимот по претходно поднесените оставки на дел од членовите на раководството.„Ја разбирам негативната емоција. Сметам дека се должи на неисполнети очекувања во очи на изборите и ги разбирам луѓето. Сметам дека кога емоциите ќе спласнат, ќе може да се дебатира поразумно и пофер и поотворено бидејќи сите се потребни во партијата. Не сакам да се брзам со процесот, но навремено ќе информираме,“ изјави претседателот на СДСМ.Со ова, Филипче најави период на консолидација и отворање на партијата кон поширока соработка, како дел од стратегијата за зајакнување на опозицискиот блок.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-03-15-at-09.56.38

Почнува блокадата за Србија: Шведска e прва во ЕУ што ја скрати помошта поради корупција и непочитување на правото

Шведска стана првата европска земја што го ограничува финансискиот ангажман кон Србија, оценувајќи дека Белград не презема доволно чекори за борба против корупцијата и за почитување на владеењето на правото.Во соопштението на шведската влада се наведува дека дел од поддршката за државните институции ќе биде укината, а идната помош ќе биде насочена кон граѓанското општество и организациите што промовираат демократија и транспарентност.Од Стокхолм појаснуваат дека веќе подолг период ја следат ситуацијата во Србија и дека се забележува недоволна посветеност на реформите, особено во делот на почитувањето на основните слободи, меѓу кои слободата на изразување и независноста на медиумите.Шведска, како што додаваат, ќе продолжи да ги поддржува демократските процеси и невладините организации во Србија, но државните институции ќе се соочат со ограничен пристап до идните форми на меѓународна помош.Одлуката доаѓа по серијата настани што ја разнишаа српската јавност, меѓу кои и трагедијата во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога при уривање на бетонски покрив на железничката станица загинаа 16 лица, меѓу кои и две деца.Овој трагичен настан прерасна во едно од најголемите протестни движења во поновата историја на Србија, а за противниците на претседателот Александар Вучиќ стана симбол на корупцијата и злоупотребите што, како што тврдат, ја следат изградбата на големите државни проекти.„Ситуацијата во Србија се движи во погрешна насока – особено кога станува збор за растечката корупција и слабеењето на владеењето на правото,“ изјави Бенџамин Дуса, министер за меѓународна соработка и надворешна трговија на Шведска.Тој додаде дека земјите не можат да очекуваат поддршка од Стокхолм доколку не спроведуваат реални реформи.„Овие промени ги воведуваме токму затоа што не гледаме напредок во областите каде што тоа најмногу е потребно,“ нагласи Дуса.Реакција од БелградСрпското Министерство за надворешни работи соопшти дека „со жалење ја примило одлуката на Шведска“, тврдејќи дека земјата постигнала „мерлив напредок во многу области“.Во реакцијата се наведува дека оценките за реформските напори треба да се засноваат на факти и реални показатели, а не на, како што наведуваат, „политички наративи или медиумски толкувања“.

Свет | пред 3 месеци

brza-pomos-nokje-3

Загинати се возачот и сопатникот на пасатот во сообраќајката на Плетвар, МВР соопшти детали

МВР утринава соопти детали до страшната соображајна несреќа на Плетвар што се случи вчера, а во која има две жртви со смртни последици и уште тројца се тешко повредени.На 04.11.2025 во 16:40 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај с.Радобил, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од О.О.(31) од с.Тополница, радовишко и патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(35) од с.Дреново, кавадаречко.Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот Ѓ.П. и неговиот сопатник Б.П.(56) од с.Дреново, кавадаречко.Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „киа“ и неговиот сопатник С.О.(24) од с.Тополница, радовишко, како и сопатниците од патничко возило „киа“ Н.П.(28), Т.П.(53) и С.П.(31) сите од с.Дреново, кавадаречко, констатирани во Градска болница Прилеп и Општа болница Кавадарци.Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Прилеп, соопшти МВР

Македонија | пред 3 месеци

media-library4boiha3trns99cQ4vtv

Трамп не дава „Томахавк“ ракети – аналитичар: Украинците веќе имаат нешто подобро

Украина со недели интензивно лобира во Вашингтон за добивање ракети со голем дострел „Томахавк“, а според Sky News, Пентагон наводно дал зелено светло за нивна испорака кон Киев. Американските претставници процениле дека тоа нема да влијае негативно врз американските резерви, па конечната политичка одлука останала во рацете на претседателот Доналд Трамп.Сепак, американскиот претседател категорично ја отфрли таа можност. На прашањето на новинарите дали размислува за испраќање на „Томахавк“ ракети во Украина, Трамп во неделата кусо одговори: „Не, всушност не.“Руски страв од прецизни ракетиВоениот аналитичар Мајкл Кларк смета дека Трамп е убеден во исправноста на својата одлука, но нагласува дека Русија е очигледно загрижена поради „Томахавк“ ракетите. „Загрижени се поради нивниот дострел и прецизност,“ објаснува Кларк.Тој додава дека испораката на поголем број вакви ракети би можела значително да го промени текот на војната.„Доколку САД беа подготвени да испратат доволно ракети ‘Томахавк’ – а под тоа мислам околу 200 – Украина ќе можеше да ги погодува руските рафинерии и воени цели. Тоа, според мене, ќе го променеше размислувањето на Русија за продолжување на војната,“ вели аналитичарот.Кларк верува дека страхот од такво сценарио бил причината за неодамнешниот повик на Владимир Путин до Трамп, со кој наводно се обидел да го одврати од одлуката за испорака на ракетите. Сепак, тој не очекува Трамп да го смени ставот и смета дека американскиот претседател бара начин да се дистанцира од војната.Алтернатива за „Томахавк“Ова, сепак, не значи крај на надежта за Украина, бидејќи постојат алтернативи на американските ракети. Меѓу нив се британските ракети „Сторм Шадоу“ и украинските домашно произведени ракети „Фламинго“.Според Кларк, доколку Украина успее да ја зголеми производството на „Фламинго“, тие би можеле да ја преземат улогата што моментално се очекува од „Томахавк“.„Украина може да издржи ако војната продолжи и следното лето. Украинците би можеле да откријат дека имаат значителна предност во способноста за производство на ‘Фламинго’. Но, можете да бидете сигурни дека Русите веќе ги бараат производствените локации со своите воздушни напади. Поради тоа, дел од компонентите сега се произведуваат во Европа за да се помогне на Украина. Русите, меѓутоа, очајнички ќе се обидат да ја спречат масовната продукција на ‘Фламинго’,“ заклучува Кларк.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryrn34dogp31dr79t8FqL

(Видео) Путин: Започна сериското производство на ракетата „Орешник“

Русија започна сериско производство на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“, објави рускиот претседател Владимир Путин. Оваа најава доаѓа речиси една година по неговото ветување од декември 2024 година дека ќе започне масовно производство на ова оружје „во блиска иднина“, пишува Kyiv Independent.Говорејќи на свеченоста за доделување награди на развивачите на руската ракета „Буревјесник“ и подводниот дрон „Посејдон“, Путин ја пофали состојбата на руската одбранбена технологија и потврди дека сериското производство на „Орешник“ е веќе во тек.„Го развивме и распоредивме ракетниот систем со среден дострел ‘Орешник’, започнавме со негово сериско производство и ги опремивме нашите интерконтинентални балистички ракети и ракетите што се лансираат од подморници со модерни противбалистички системи,“ изјави Путин.Што е „Орешник“?Русија ја употреби експерименталната ракета „Орешник“ за првпат во нападот врз украинскиот град Днипро на 21 ноември минатата година, што, според Путин, било одмазда за украинската употреба на американски и британски ракети со голем дострел против руска територија.„Орешник“ е дизајнирана да носи нуклеарно вооружување, иако Путин потврди дека во нападот на Днипро не била користена нуклеарна боева глава. Тој уште во 2024 година изјави дека оваа ракета (чие име на англиски значи hazel) е ново оружје што може да лета десетпати побрзо од звукот, и дека западните системи за противвоздушна одбрана не можат да ја пресретнат — тврдење што го негираше украинскиот претседател Володимир Зеленски.Иако досега се објавени малку детали, одбранбените аналитичари сметаат дека „Орешник“ е надградена верзија на рускиот систем РС-26 „Рубеж“, развиен во 2011 година.Украинската перспективаЗеленски неодамна изјави дека Русија има капацитет да произведе до шест ракети „Орешник“ годишно. Тој, исто така, соопшти дека украинските сили уништиле една балистичка ракета „Орешник“ на руска територија во текот на летото 2024 година.Путин се пофали и со способностите на другите таканаречени „супероружја“, меѓу кои системите „Буревјесник“, „Посејдон“, „Авангард“ и „Сармат“. Тој тврди дека крстосувачката ракета „Буревјесник“ со нуклеарно вооружување има „неограничен дострел“ и „ги надминува сите познати ракетни системи во светот“.Путин додаде дека при недавното тестирање на „Буревјесник“ на 21 октомври, Русија „не го попречила“ извидничкиот брод на НАТО што се наоѓал во областа — што, според него, ја покажува прецизноста на руските системи за насочување.Тој, исто така, најави дека интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“ ќе биде борбено тестирана оваа година и ќе стапи во активна служба во 2026 година.„Сите наши планови за создавање напредни вооружени системи, развој на одбранбено-индустрискиот комплекс и модерно опремување на руската армија и морнарица се реализираат,“ рече Путин, додавајќи дека Русија ‘не претставува закана за никого’.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryu8c3abp0b8rv7UIsyxF

(Фото) Расте бројот и на загинати и на повредени во пожарот во домот во Тузла: Условите во кои живееле штитениците биле катастрофални

Според најновите официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожарот што синоќа го зафати дел од зградата на Домот за стари лица во Тузла, додека 35 лица побарале лекарска помош во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.Голем пожар избувнал на седмиот кат од зградата, а градоначалникот на Тузла, Зијад Луговиќ, потврди за Klix.ba дека загинале 11 лица, додека 35 се здобиле со повреди и биле згрижени во болница.Меѓу загинатите – тешко болни и неподвижни лицаСпоред информациите со кои располага Klix.ba, меѓу загинатите се корисници на домот кои биле сместени на седмиот кат. Станува збор за неподвижни и тешко болни лица, со сериозно нарушено здравје.Луговиќ изјави дека меѓу повредените кои побарале лекарска помош има штитеници и вработени во домот, како и полицајци, пожарникари и медицински техничари. Неофицијално, тројца од повредените се во критична состојба.„Во осум часот ќе се одржи вонреден колегиум на Градскиот совет на Тузла, а потоа и состанок на градоначалникот со службите за цивилна заштита. Понатамошните активности ќе ги планираме откако истражните органи ќе го завршат својот дел од работата,“ изјави Луговиќ за Klix.ba.Утрово зградата на Домот за стари лица ја обезбедува полицијата на Тузланскиот кантон, а дел од штитениците се сместени на безбедни катови што не биле зафатени од пожарот.Зошто најранливите биле сместени на највисоките катови?Трагедијата е уште поголема поради шокантната околност дека токму на катовите каде што избувнала огнената стихија биле сместени најранливите корисници – лица со деменција и со тешки форми на карцином, пишува Klix.ba.Вознемирената јавност оправдано поставува прашање кој и според каква логика донел одлука најтешко болните лица да бидат сместени на петтиот, шестиот и седмиот кат, со што нивните шанси за евакуација биле драстично намалени.Корисниците на домот и нивните семејства, како и поединечни политичари во Тузла, со години предупредувале на лошите услови во Домот за стари лица, но надлежните институции останале глуви на нивните апели и укажувања.И покрај бројните предупредувања, раководството на установата, предводено од директорот Мирсад Бакаловиќ (СДП), во јануари донело одлука за зголемување на цената на сместувањето за дури 30 проценти.Пред неполни два месеца, советничката на партијата „Нашата странка“ во Градскиот совет на Тузла, Драгана Гагро Берберовиќ, ја алармираше јавноста за условите во кои живеат штитениците на домот. Објавените видеа и фотографии ја вознемирија јавноста, а наместо подобрување на состојбата, раководството на домот покрена постапка против Берберовиќ.

Свет | пред 3 месеци

media-librarybpuqtoov1sgc3UFfXOw

Д-р Ненад Лазаров сведок на страшната сообраќајка на Плетвар - помагал на повредените, а сцените ги опиша како ужас

Доктор Ненад Лазаров на социјалните мрежи сподели информација дека бил сведок на страшната сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот по Плетвар кон Кавадарци. Вели дека запрел со возилото за да им помага на повредените, а сцените кои ги видел, како што вели, не може да ги опише со зборови.Некои хорори е добро што е невозможно да се прераскажатПред 2 часа како случајни минувачи на патот помагавме на тешка сообраќајка после Плетвар кон Кавадарци, 2ца загинати и 4 души тешко повредени, најстариот околу 40 години.Ве молам и апелирам да возите нормално и внимателно, јас сум лекар 15 години вакво нешто немам видено до сега.Не сакам ни да видам, шокантно беше и вечерва да се молиме сите останатите 4ца сите млади да ги преживеат повредите. Сеа ми треба ракија..., пишува Лазаров

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Планирал љубовна вечер со две жени, но добил ќотек и останал без 200 илјади денари: Поведена истрага против две жени и двајца мажи

Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи четворицата во група, со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице.На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил и осомничената ја повикала другата жена, па заедно го убедиле оштетениот да одат во “поубав и поевтин хотел”.Излегувајќи од собата, во темниот двор на мотелот, ги пречекале двајцата мажи кои биле во договор со жените и заедно му се нафрлиле на оштетениот. Го удирале со боксови по главата и телото додека не паднал на земјата, а од џебовите му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени, поради опасност од бегство и можност да го повторуваат делото. За една од осомничените жени која е во бегство откако го извршила делото, притворот ќе започне да се применува од нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода.

Скопје | пред 3 месеци

municija-1

Вучиќ нуди муниција на Европа, Москва предупредува на можни последици

Српскиот лидер во интервју за германското списание „Цицеро“ објасни дека домашните залихи на муниција се големи и дека производството расте, особено кога станува збор за минофрлачки гранати. Тој посочи дека Србија може да понуди дел од таа продукција на европските пазари и дека нема да ја ограничува волјата на купувачите по понатамошната судбина на испорачаното оружје.Вучиќ истакна и дека официјална Белград останува формално воено неутрална, но нагласи дека економските интереси во одбранската индустрија доведуваат до зголемено производство и извози. Споменувајќи споредби, тој рече дека Србија произведува повеќе одредени видови муниција отколку некои западни земји.По неговата изјава стигна реакција од Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изрази загриженост и рече дека не сакаат оружјето произведено во „братска“ Србија да завршува против руски војници. Тој, истовремено, ја опиша ситуацијата во Србија како тешка поради надворешните притисоци и рече дека треба да се води сметка за проблемите со кои се соочува земјата.Аналитичари велат дека ваквата понуда ја отвора дилемата меѓу економските придобивки од одбранската индустрија и дипломатските ризици што произлегуваат од тргување со вооружување во регионот. Продажбата на муниција кон ЕУ би можела да предизвика политички реакции и да го сврти вниманието кон прашањата за контрола на дестинацијата на испораките.Во контекст на овие изјави, останува неизвесно дали и кои европски купувачи би го искористиле ваквиот потенцијален извор на муниција и какви гаранции или контролни механизми би побарале за да направат разлика помеѓу легални набавки и ризик од пренасочувања.

Свет | пред 3 месеци

media-librarytmg7b0d3qp518VjJyOx

Зохран Мамдани извојува историска победа: Прв пат во четиривековното постоење, Њујорк го има најмладиот социјалистички градоначалник

Зохран Мамдани, роден во Уганда и преселен во САД на седумгодишна возраст, е првиот муслиман и најмладиот во последните 100 години кој избран за градоначалник на Њујорк. Тој го победи Ендру Куомо со убедлива предност.За Мамдани, гласале 50,4 проценти од избирачите, додека Куомо добил 41,6 проценти од гласовите, републиканецот Кертис Слива освоил само 7,1 процент од гласовите.Неговата визија за социјален и подостапен град му ја донесе големата победа, најавувајќи замрзнување на кириите во Њујорк, како и бесплатен јавен превоз, универзална грижа за децата, попристапни цени во продавниците и прогресивно оданочување на најбогатите. Во неговата кампања учествуваа 100.000 волонтери кои тропнале на повеќе од 3 милиони врати.Во текот на кампањата Зохран Мамдани отворено ја критикуваше бруталната војна на Израел во Газа. Неговиот став за надворешна политика, се разликува од оној на мејнстрим Демократската партија, отворено ги поддржува Палестинците и ги критикува израелските политики.Тој често го истакнува своето имигрантско потекло како основа на неговите политички ставови:„Пораснав во систем каде што многу рано научив што значи да се биде сиромашен, невидлив и погрешно разбран“.Неговата мајка е познатата индиска режисерка Мира Наир, а неговиот татко е истакнат професор и научник на Универзитетот Колумбија.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryjkbqofj7207ufC5sX9w

(Видео) Голема трагедија во Тузла, во страотен пожар во дом за стари лица загинаа 10 луѓе, 20 се повредени

Во големиот пожар што се случил синоќа во дом за стари лица во Тузла, загинаа 10 луѓе, а повеќе од 20 се повредени.Според наводите на босанските медиуми, пожарот се проширил на седмиот кат од зградата на домот за стари лица, каде што се наоѓале станови со лица со попреченост, кои не можеле да избегаат. Тие се задушиле.Околу 20 луѓе се примени во болница и меѓу кои и штитеници на домот и припадници на спасувачките екипи, објави полицијата.„Според првичните информации, во пожарот настрадаа десетмина штитеници на домот. Целосна истрага ќе биде спроведена откако условите ќе бидат безбедни“, соопшти министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон.Се уште не е соопштена причината за избувнување на пожарот, велат босанските власти, кои најавија детална истрага.

Свет | пред 3 месеци

pari-1

Осуденик и велешанка со украдени податоци на жена од Штип земале седум кредити

СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С.(34) од Струга, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Идризово и Т.К.(46) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, додека Т.К. е пријавена и за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.Пријавените довеле во заблуда лице од Штип и неовластено ги прибавиле нејзините лични податоци, по што во текот на април и мај 2025 ги искористиле така што во име на лицето аплицирале за седум потрошувачки кредити во седум финансиски друштва за вкупен износ од 227.500 денари. После тоа, второпријавената неовластено ги обезбедила, а подоцна и употребила податоците од банкарската картичка на лицето и извршила 11 успешни трансакции на банкомати на банки во Велес и Штип во износ од 214.000 денари.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања