„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анита Буховски

media-librarydkr5r948g2408jVN3Zo

Револуција во здравството: Вештачката интелигенција помага во раното откривање на агресивен карцином на дојка

Нов алгоритам заснован на вештачка интелигенција покажал ветувачки резултати во предвидувањето на ризикот од развој на агресивен, таканаречен интервален карцином на дојка – вид на рак кој се јавува меѓу два рутински мамографски прегледи и обично има полоша прогноза.Алатката е развиена од истражувачи на Универзитетот во Кембриџ, наведува извештајот на глобалната ИКТ и здравствена платформа. Во студијата, објавена во списанието Radiology, биле анализирани повеќе од 134.000 мамографски снимки направени во рамките на британскиот национален скрининг-програм.Професорката Фиона Џ. Гилберт, коавторка на истражувањето и раководителка на Катедрата за радиологија при Универзитетот во Кембриџ, објасни дека интервалните тумори имаат тенденција да бидат поагресивни и потешки за лекување.Персонализирано предвидување на ризикотИстражувачите користеле алгоритам наречен Mirai, базиран на длабоко машинско учење, за да го анализираат секој мамограф и да создадат персонализиран трогодишен резултат за ризик, заснован на густината на ткивото и суптилни карактеристики што не можат да се забележат со човечко око.Моделот успеал да предвиди до 42 отсто од сите интервални карциноми кај жените кои припаѓале на групата од 20 отсто со највисок ризик – што претставува значаен напредок во персонализираниот скрининг на рак на дојка.Истражувањето опфатило жени на возраст од 50 до 70 години во Обединетото Кралство, чии мамографи биле направени меѓу 2014 и 2016 година. Главниот автор на студијата, професорот Џошуа В. Д. Ротвел, изјавил дека прегледот на 20 отсто од мамографите со најголем ризик, идентификувани со помош на вештачката интелигенција, може да помогне во порано откривање на речиси половина од интервалните случаи.Овој пристап би можел да им овозможи на лекарите да понудат дополнителни снимања, како што се магнетна резонанца или мамографија со контраст, за пациентките со зголемен ризик.Висока прецизност на моделотПрецизноста на предвидувањата била највисока во првата година по скринингот, што ја прави алатката особено корисна за подобрување на стратегиите за следење и зачестеноста на прегледите. Иако моделот бил нешто помалку ефикасен кај жените со исклучително густо ткиво на дојката, сепак ги надминал традиционалните методи за проценка на ризик.Следната фаза на истражување ќе се фокусира на споредување со комерцијални алатки, анализирање на економските ефекти и клинички тестирања за проценка на реалната примена на технологијата.Истражувачите веруваат дека интегрирањето на предиктивната вештачка интелигенција во националните програми за скрининг би овозможило премин кон персонализиран и на податоци заснован пристап во превенцијата на рак на дојка, со што би се овозможило порано откривање и избегнување непотребни прегледи.Технологија со статус „револуционерен уред“Пред неколку месеци, Американската администрација за храна и лекови (FDA) ѝ додели на новата технологија Prognosia Breast, која предвидува ризик од развој на рак на дојка со помош на вештачка интелигенција, статус „револуционерен уред“, што овозможува забрзана клиничка примена.Развиена на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Вашингтон, а лиценцирана од компанијата Prognosia Inc., оваа алатка користи 2D и 3D мамографски снимки за пресметување на петгодишниот ризик од развој на рак на дојка, врз основа само на снимките и возраста на пациентката.Анализирајќи десетици илјади архивирани мамографи од Центарот за рак „Сајтман“, системот успеал да препознае суптилни промени невидливи за човечкото око и да предвиди ризик со повеќе од двојно поголема точност во однос на традиционалните методи.Преку рана идентификација на пациентките со висок ризик, системот може да овозможи навремено откривање, персонализирана превенција и поефикасно лекување на ракот на дојка, наведува Radiological Society of North America (RSNA).

Магазин | пред 3 месеци

siluvanje-1-640x432-163518

Ја силувал малолетната поќерка, полицијата уапси 46-годишен скопјанец

Полицијата го привела осомничениот, а по документирање на случајот ќе следува пријава.На 03.11.2025 во 22:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 46-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз неговата малолетна поќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР

Скопје | пред 3 месеци

media-library3j784da4mmm6epYsOAt

Од „ептен голема грешка“ до повлекување: Мемов по критиките кон ВРЕДИ, сега тврди дека зборувал во лично име

Портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов, денеска појасни дека неговата вчерашна објава на Фејсбук за поддршката меѓу партнерите во владата на локалните избори претставува негов личен став, а не официјален став на партијата. Мемов нагласи дека изборниот успех на ВМРО–ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на меѓусебната поддршка и дека владините партнери треба да продолжат заеднички во ист политички правец и по завршувањето на изборите.Вчерашната објава на мојот фејсбук профил во однос на поддршката помеѓу партнерите во владата на локалните избори е мој личен став  и не изразува став на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија.Гледам дека оваа моја лична објава предизвика внимание, но и негативни реакцииПобедата на овие локални избори што ја остварија ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на нашата  взаемна поддршка во сите општини во Македонија, што е потврда на имплементацијата на конзистентните политики на владата во изминатиот период.По локалните избори владините партнери треба да продолжат во ист правец, затоа што зацртаните политички цели за овие избори се остварени, појаснува Мемов.Во претходната објава Мемов упати остра критика кон коалициониот партнер ВРЕДИ. Ги обвини дека тие ја изиграле ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не го поддржале Орце Ѓорѓиевски.,,ВРЕДИ го изигра ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце. Ептен голема грешка.

Македонија | пред 3 месеци

Sokol

Одложено судењето за поранешниот директор на затворот во Шуто Оризари, Филип Андов – Сокол

За 12. ноември е одложено денешното рочиште против поранешниот директор на Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов – Сокол, како и против неколкумина вработени во установата, поради здравствени причини на јавниот обвинител, но и поради тоа што од затворот пристигнало известување дека дел од обвинетите треба да присуствуваат на погреб.Обвинителството ги товари за злоупотреба на службената положба, а дел од нив и за несовесно постапување во службата. За еден од обвинетите, постапката е издвоена поради здравствени причини.Според обвинителниот акт, во периодот од март до јули 2024 година, обвинетите со умисла извршиле повеќе поврзани дејствија во рамките на службените овластувања, при што на петмина осудени лица им овозможиле погодности што не им следувале според судските одлуки.Со тоа, според обвинителството, биле прекршени законските правила за извршување на казнено-поправни мерки, а обвинетите се сомничат дека со своето однесување му нанеле сериозен удар на угледот на институцијата. Следното рочиште е закажано за 12 ноември, кога се очекува процесот да продолжи.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryhbdf8seq1cet8SSGr5w

(Фото) Кога ќе заврне, кал до глуждови – маки за родителите пред градинкa во Аеродром

По секој обилен дожд, делови од Општина Аеродром се претвораат во вистинска каллива патека. На фотографијата е прикажан влезот пред една од детските градинки во населбата, каде што родителите со чадори и колички се обидуваат да се пробијат низ калта и локвите вода за да ги донесат децата на време.Нерамен и неасфалтиран терен, раскопани патеки го отежнуваат движењето, особено за мајките со колички и за децата што мораат да газат низ калта за да стигнат до вратата на градинката.Жителите на Аеродром со години реагираат дека пристапот до јавните установи за деца е срамно запоставен и бараат од општината конечно да преземе мерки за уредување и поплочување на овие приоди.Жителите апелираат до локалните власти да не го чекаат следниот дожд за да сфатат дека калта пред вратите на најмладите одамна е прашање на основна грижа и хигиена.

Скопје | пред 3 месеци

media-library4gd043m8cgmdaFkVzJZ

Евростат: Секој десетти работник во Грција живее во ризик од сиромаштија

Податоците на Евростат за сиромаштијата покажуваат дека Грција се наоѓа меѓу првите пет земји во Европската унија со најголем ризик од сиромаштија кај вработените. Според најновите статистички податоци, 10,7 отсто од лицата кои имаат работа, односно еден од десет работници, се во опасност да живеат под прагот на сиромаштија.Кога станува збор за машката популација, ситуацијата е уште потешка – дури 13 отсто од мажите се во ризик од сиромаштија, што ја поставува Грција на второто најлошо место во Европа, заедно со Бугарија, веднаш зад Романија која има 14,4 отсто.Кај жените, состојбата е нешто подобра. Грција се наоѓа на 14-тата позиција со 7,6 отсто, што е подобар резултат во споредба со Италија, Швајцарија и Франција.Публикацијата на Евростат „Клучни факти за условите за живот во Европа 2025“, објавена во септември, дава поширока слика за тоа како живеат Европејците денес. Најголем раст на приходите е забележан во Романија – дури 162,2 отсто, а значително зголемување имале и Бугарија, Полска, Хрватска, Унгарија и балтичките земји.Спротивно на тоа, три земји бележат пад на приходите во истиот период: Грција со намалување од 25,8 отсто, Италија со 2,8 отсто и Франција со 1,7 отсто.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2024-12-10-at-15.24.35

Разрешен судијата од Апелација кој е на американската црна листа поради корупција

Судскиот совет го разреши судијата на Апелациониот суд во Скопје, Енвер Беџети, кој се наоѓа на американската црна листа поради сомневања за корупција поврзани со предметот за масовното прислушување.Одлуката е донесена поради „потешка дисциплинска повреда“ и утврдена недостојност за вршење судиска функција.По спроведена постапка за утврдување одговорност, Судскиот совет на седницата одржана на 26 мај 2025 година утврдил дека Беџети се однесувал недолично и го нарушил јавниот ред и мир. Тој е разрешен од функцијата поради ваквото однесување, откако претходно беше критикуван затоа што девет месеци го држел во фиока предметот „Тврдина–Таргет“ за незаконското прислушување, каде обвинет беше Сашо Мијалков, дозволувајќи предметот да застари.Иако за оваа злоупотреба на функцијата претходно беше казнет само со намалување на платата за шест месеци, Судскиот совет сега оцени дека се исполнети условите за негово разрешување.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2022-09-22-202659

Голем успех на македонскиот кардиолози: Извршена сложена интервенција кај пациент со срцева аритмија

Аблација за коморна тахикардија прват во Македонија е извршена на Клиниката за кардиологија.Министерот за здравство Азир Алиу, изјави дека тимот од Кардиологија покажал дека во македонското здравство има знаење, храброст и визија за врвни резултати. Според него, ова е голем чекор напред во здравството.Директорката на Клиниката Даница Петкоска Спирова рече дека ова претставува значаен чекор во развојот на електрофизиологијата и потврда за високата стручност и посветеност на тимот од Клиниката.– Со оваа процедура овозможуваме навремено и ефикасно лекување на пациентите со сите видови аритмии за кои досега дел од нив беа упатувани на третман во странство на товар на ФЗО, рече Петкоска Спирова.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3ggn23nrove70a2CCvA

Убиениот Никола Тимев бил тепан со метална шипка половина час, имал десетина скршеници на рацете, нозете и на черепот: Осомничен за неговото убиство е жител од Сретеново

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 1 ноември попладнето, во близина на угостителски објект во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла лишил од живот едно лице. Сега починатиот Никола Тимев инаку претходно бил негов пријател со кого заедно седеле на скалите и пиеле, но во еден момент меѓу нив настанала вербална расправија која преминала во физичка пресметка.Осомничениот најпрво го удирал оштетениот со раце и нозе, а потоа и со метална шипка, нанесувајќи му повеќе од десетина скршеници на раце, нозе и на черепот. Од ударите кои траеле речиси половина час, оштетениот не успеал да се одбрани и се здобил со тешки телесни повреди и обилно крварење, а осомничениот го оставил на скалите и побегнал. Повредениот го забележале случајни минувачи кои повикале итна медицинска помош и тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, но починал како резултат на здобиените повреди.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да ја попречува постапката со влијание врз сведоците кои треба да бидат испитани во текот на истрагата.

Македонија | пред 3 месеци

EU-1

Црна Гора „одлична“, Албанија со „шестка“, а Македонија со „тројка“ во новиот извештај на Европската комисија

Црна Гора повторно го задржа статусот на „најнапреден ученик“ во процесот на проширување на Европската унија, добивајќи „одлична оценка“ во најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати. Албанија е оценета со „шест минус“, Молдавија со „пет плус“, а Украина доби стабилна „петка“ за своите реформи и напредок во усогласувањето со европските стандарди.Црна Гора дури се споменува како потенцијална нова членка на ЕУ уште во 2027 година.Македонија, пак, е оценета со „тројка“ – резултат што покажува ограничен напредок и задржување на речиси исто ниво како минатата година. Во документот, според бриселскиот портал „Политико“, земјата е ставена во групата на држави кои се „задржани на час“, заедно со Србија и Босна и Херцеговина, оценети со „двојка“.Иако Северна Македонија во 2019 година го постигна историскиот договор со Грција и го промени името, процесот на преговори со Европската унија останува блокиран поради нерешениот спор со Бугарија и барањето за уставни измени – односно вклучување на бугарската заедница во Преамбулата на Уставот.Во извештајот се очекува да се констатира одреден економски напредок и целосно усогласување со надворешната и одбранбената политика на Унијата, но генералната оценка останува непроменета – „без значителен напредок во споредба со минатата година“, пренесува „Политико“, повикувајќи се на извори од Европската комисија.Според извештајот, Турција и натаму е опишана како „ученик кој бега од часови“, со оглед дека преговорите со неа се замрзнати уште од 2018 година поради проблеми со владеењето на правото и човековите права.Косово, кое сè уште не е официјален кандидат за членство, останува на маргините на процесот додека не биде признаено од сите земји-членки на ЕУ.Еврокомесарката за проширување Марта Кос треба попладнево да го претстави целиот пакет извештаи пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. По презентацијата ќе следи расправа посветена на резултатите и предизвиците на земјите кандидати и потенцијални кандидати во нивниот пат кон Европската унија.Европската комисија во документот уште еднаш ја нагласува својата подготвеност да го продолжи процесот на проширување и визијата за „обединета Европа“, но воедно укажува на пропустите и слабостите во спроведувањето на реформите во секоја од државите кандидати.

Македонија | пред 3 месеци

media-library5cf4itaetdqu8yr74GI

Можно е затворање на целиот воздушен простор во САД, тотален хаос на американските аеродроми - доцнат летовите бидејќи нема контролори!

Повеќе од 3,2 милиони патници во САД се погодени од доцнења и откажувања на летови, бидејќи нема доволен број на контролори на летање, додека сојузната влада е блокирана веќе 34 дена, соопштија во понеделникот авијациските власти и авиокомпаниите.Сојузната управа за авијација (FAA) информира дека поради недостиг на контролори се воведени доцнења на летовите во Далас и Остин, а слични мерки може да ги погодат и аеродромите во Хјустон и Вашингтон. Само во понеделникот биле забележани речиси 2.900 доцнења на летови.Околу 13.000 контролори на летање и 50.000 службеници на Управата за безбедност во сообраќајот (TSA) се принудени да работат без плата, откако републиканскиот претседател Доналд Трамп и демократите во Конгресот не успеале да постигнат договор за буџетот, што довело до блокада на работата на владата. Поради изостаноци на службениците на TSA последните денови се забележани повеќечасовни редици на безбедносните проверки, особено во Хјустон и Сан Диего.„Ако оцениме дека безбедноста на патувањата повеќе не е загарантирана, ќе го затвориме целиот воздушен простор. Засега станува збор само за значителни доцнења“, изјави министерот за сообраќај Шон Дафи.Здружението Airlines for America, кое ги обединува најголемите американски авиопревозници, предупреди дека од почетокот на застојот на 1 октомври, поради недостиг на персонал, повеќе од 3,2 милиони патници биле погодени од доцнења или откажувања на летови и повика Конгресот итно да ја прекине буџетската блокада.FAA претходно предупреди дека ѝ недостигаат околу 3.500 контролори на летање и дека продолжувањето на блокадата може да предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај за време на празничната сезона.

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Србија „во лов“ по двајца снајперисти: „Знаеме дека се во Белград“, тврди Вучиќ

Безбедносните служби во Србија трагаат по двајца снајперисти во Белград. Претседателот Александар Вучиќ изјави дека изминатите денови и недели во Србија имало разни безбедносно-разузнавачки податоци за кои тој вели дека „не се наивни“.„Во моментов сме во потрага по двајца снајперисти во Белград за кои знаеме дека се во градот и не можеме да ги најдеме веќе три дена. Се надевам дека ќе успееме. Кои се тие и кои им се целите – ќе видиме. Но, знаеме дека пристигнале, знаеме и од каде дојдоа парите, верувам дека надлежните служби ќе успеат да го решат тоа“, изјави Вучиќ.Во овој контекст, тој рече дека постои „само еден начин на кој можат да го победат“, додавајќи дека за каква било промена на власта „нема друг начин“, бидејќи нема да прифати „сила, насилство, надворешно влијание“.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryq6htibl4jliaaYgxcjO

По поразот во Брвеница, Рамадани е разрешен од функцијата директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа поради „коалициска непослушност“

Хаким Рамадани потврди дека е разрешен од функцијата директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа. По неуспешниот резултат на локалните избори за градоначалник на Брвеница, и откако беше разрешен од функцијата директор, Рамадани од ВЛЕН вели дека останал невработен и дека бара работа во приватниот сектор.Од денес сум невработен. Јас сум дипломиран економист. Барам работа само во приватни компании!, напиша Рамадани на социјалните мрежи.Премиерот Христијан Мицкоски рече дека тој ќе биде сменет од функција поради коалициска непослушност, откако со кандидатот на ДУИ заминале заедно во странство да бараат гласачи-иселеници за локалните избори во Брвеница.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryrvivl9ufqndmbu5Rp8o

Ексдиректорот на „Охис“, Јорго Ќука е прегазениот велосипедист на мостот „Гоце Делчев“

Човекот кој вчера беше прегазен на „црната точка“ на мостор „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје е поранешниот директор на хемискиот гигант ОХИС, Јорго Ќука.78-годишникот Ќука возел велосипед кога во него удрил автомобилот „фолксваген пасат“, по што возачот го оставил автомобилот и избегал од местото на настанот, но полицијата го пронајде неколку часа подоцна.Јорго Ќука беше еден од најпознатите директори во македонската економија во 1990-те. Подоцна тој беше уапсен и осуден во 2007 година на четири и пол години затвор за злоупотреба на служебата должност и незаконско работење.

Скопје | пред 3 месеци

media-library37le303imqeu0N25MsF

Тифус во Босна! Студентка од Индија е заразена со „заборавената“ болест

Тифусот, кој се смета за одамна искоренета болест е потврден кај студентка од Индија која студира на Медицинскиот факултет во Фоча, во Босна и Херцеговина.Како што објави порталот „Капитал“, идентитетот на пациентката е познат на редакцијата. Истовремено, „Капитал“ пишува дека таа е ставена во изолација, а главна причина за инфекцијата се сметаат катастрофалните хигиенски услови во кои живеела.За „Независне“ е потврдено дека надлежните институции презеле сите мерки за да се спречи ширењето на инфекцијата, во согласност со протоколите во вакви случаи.Сите контакти кои се тестирани се негативни. Утврдено е дека студентката веќе била болна кога пристигнала во Босна и Херцеговина, објавува „Независне“.

Свет | пред 3 месеци

media-librarycmfdu82ve4ui33Vr7Fr

ЕК: Северна Македонија мора да ги забрза реформите и уставните измени за вклучување на Бугарите

Во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија се наведува дека Северна Македонија сè уште не ги усвоила неопходните уставни измени со кои во Уставот би се вклучиле заедниците што не се мнозинство, меѓу кои и Бугарите, иако тоа претставува преземена обврска на земјата.Во документот се потсетува дека сите билатерални договори, меѓу кои Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, мора да се спроведуваат со искрена волја од сите страни.Комисијата наведува дека властите продолжиле да работат на реформските патокази во областите на владеење на правото, јавната администрација и демократските институции, како и на акционен план за заштита на малцинствата. Сепак, земјата треба значително да ги засили напорите во делот на зајакнување на независноста на судството и борбата против корупцијата, бидејќи во областа на правдата е забележан само „ограничен напредок“.Како позитивен пример се наведува тоа што Северна Македонија целосно ги усогласила своите надворешни и одбранбени политики со оние на Европската унија, како и приклучувањето кон Конвенцијата за заеднички транзит, која овозможува побрз проток на стоки преку границите.ЕК го поздравува активирањето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, но забележува дека земјата бележи помал напредок во делот на медиумскиот плурализам, слободата на медиумите и изразувањето.Во извештајот се потсетува дека Северна Македонија е меѓу земјите за кои Европската комисија одобри дополнителни средства во рамките на Планот за раст на Западен Балкан – како признание за напредокот во спроведувањето на реформите.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3j784da4mmm6epYsOAt

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Потпаролот на движењето ЗНАМ и директор на ПИОМ, Никола Мемов, преку социјалните мрежи упати остра критика кон коалициониот партнер ВРЕДИ. Ги обвини дека тие ја изиграле ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не го поддржале Орце Ѓорѓиевски.,,ВРЕДИ го изигра ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце. Ептен голема грешка.ВМРО, го знае тоа и премиерот јавно им кажа – ние чесно ве поддржавме, плативме огромна цена за таа поддршка и за возврат не побаравме ништо. Само почит. Таа почит не ја добивме. И тоа не го забораваме”, напиша Мемов.Мемов го напиша ова по сумирањето на резултатите од локалните избори, од кои се гледа меѓусебната поддршка меѓу коалициските партнери.Мемов од ЗНАМ во постот се осврнува само на поддршката која е евидентни дека Ѓорѓиевски не ја добил од ВРЕДИ во неколку скопски општини, како Чаир и Сарај, но не пишува дека од коалициските партнери добиле многу мала поддршка за нивните кандидати во Центар и Куманово.

Македонија | пред 3 месеци

media-library57ko4iji91rrbFJmH47

Неверојатен инцидент на Задушница на гробишта во Ѓорче Петров: човек со мантија глумел поп на гробишта

На гробиштата во Ѓорче Петров, во саботата на задушница, лицето Б.П. се претставувало како поп и пеело за душа на успокоените. Од МВР инсидентот го потврдија.Кога пристигнала полицијата, неколкумина полицајци го привеле, а посетителите на гробиштата останале збунети.Од МВР велат дека случајот се расчистува.„На 01.11.2025 на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје, постапувајќи по претходна пријава, од страна на полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров легитимиран е Б.П., кој извршувал верски активности. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР…

Скопје | пред 3 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

На едно избирачко место во Сарај ниту еден граѓанин не отишол да гласа

Овие локални избори во Македонија ќе останат забележани по најниската излезност на гласачите, бидејќи за првпат, одѕивот на граѓаните не ја надмина границата од 50 проценти ниту во првиот, ниту во вториот изборен круг.Најниска е излезноста во скопски Сарај, каде гласале само 11,45 отсто од избирачите, а посебно карактеристично е ИМ број 2444 во основното училиште во село Раовиќ.Таму биле запишани 214 гласачи, но ниту еден од нив не го искористил своето право на глас. Сарај, како дел од територијата на Град Скопје, гласаше за градоначалник на главниот град. Во вкупното броење за општината, кандидатот на ВМРО‑ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, освои 3.589 гласови (85,15 отсто), додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, доби 446 гласа (10,58 отсто).На ниво на држава, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), во првиот круг одѕивот на гласањето за градоначалници изнесуваше 48.30 отсто. Од вкупно 1.832.415 регистрирани избирачи, гласале 885.085 граѓани.

Скопје | пред 3 месеци

bolnica-tetovo

Прегазено 7-годишно дете на пешачки премин на булеварот во Тетово, возачот избегал

Седумгодишно дете било прегазено на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, а возачот избегал од местото на несреќата.На 02.11.2025 во 16:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул. „Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило удрило во седумгодишно дете-пешак од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР

Македонија | пред 3 месеци

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Почна вакцинацијата против грип со комерцијалните вакцини, чини 700 денари

Почна вакцинацијата со комерцијалните вакцини во ЦЈЗ Скопје, а во текот на неделата ќе отпочне вакцинација и во другите центри за јавно здравје низ државата, информира Министерството за зцдравство.-Екипите на Центарот за јавно здравје - Скопје вршат вакцинација секој работен ден од 07:30 до 14:30 часот. Цената на комерцијалните вакцини изнесува 700 денари, се наведува во соопштението.Комерцијалните вакцини се наменети за граѓаните кои сакаат да се заштитат од сезонската вирусна инфекција, односно од грипот, а не припаѓаат во некоја од ризичните групи.Како што информира МЗ, за вакцинација против сезонски грип досега пријавени се над 76 илјади граѓани, а вакцинирани се повеќе од 43 илјади лица низ државата.-Заинтересираните граѓани сѐ уште имаат можност да се пријават за вакцинација против сезонски грип преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Певентивни тимови продолжуваат и со теренска вакцинација во домашни услови за повозрасни и неподвижни лица, како и за лица со попреченост, изјави министерот за здравство, Азир Алиу.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryrvivl9ufqndmbu5Rp8o

(Фото) Страшна сообраќајка во Центар: Усмртен велосипедист, мостот затворен

На мостот “Гоце Делчев” попладнево имаше страшна сообраќајка, каде возач прегази велосипедист и го усмрти.“Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот. Во тек е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот”, велат од МВР за “Скопје1”.Сообраќајка каде пешак беше прегазен на пешачки имаше и вчера во Центар. На истиов мост, сообраќајка со смртен исход имаше и во 2022 година.

Скопје | пред 3 месеци

235800648_425771962195307_1037075062295838406_n

Нови цени на горивата од полноќ: Поскапуваат и бензините и дизелот

РКЕ донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03 отсто во однос на одлуката од 30.10.2025 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,856 ден/кг и сега ќе изнесува 36,913 ден/кг.Од 4.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 36,913 (денари/килограм).

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryk5a97mjudjf6bobVBPP

Мисајловски: Македонија во црвено – историска победа и голема одговорност за ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, ја оцени изборната победа на партијата како историска и порача дека следува период на работа и исполнување на ветувањата кон граѓаните.„Македонија е обоена во црвено. Од Кичево до Кочани, од Брвеница до Валандово – граѓаните го направија вистинскиот избор“, изјави Мисајловски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ освоила 54 општини и градот Скопје, а заедно со коалиционите партнери вкупно 66 од 81 општина.Тој ја нарече оваа победа „голема одговорност“ и порача дека фокусот на новоизбраните градоначалници ќе биде транспарентност, чесност и резултати. „Нашиот образ мора да остане чист, а тоа ќе го направиме со работа и проекти,“ рече Мисајловски.Во обраќањето, тој се осврна и на победите во неколку општини, меѓу кои Кичево, Брвеница, Карпош и Скопје, истакнувајќи дека токму таму се покажало „обединувањето меѓу сите етнички заедници“.„Историска е победата во Кичево, каде што граѓаните од сите етнички заедници гласаа за Александар Јовановски. Тоа е пример како ќе се гради Македонија – преку обединување, а не преку поделби,“ нагласи Мисајловски.Тој додаде дека СДСМ и ДУИ доживеале тежок пораз и повика на нивна реформа, со оценка дека граѓаните „веќе ги прочитале нивните политики“.Мисајловски им се заблагодари на сите што гласале, но и на оние што останале дома, уверувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи да го промени нивното мислење преку дела, а не зборови.„Доста е Македонија да биде апатична. Време е да покажеме дека народот заслужува повеќе. Веќе сега, премиерот Христијан Мицкоски во Брисел се бори за нашите заложби за членство во Европската унија,“ рече потпретседателот на партијата, завршувајќи со порака дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да делува со „гордост, достоинство и интегритет“.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryta0m327eceb93h8AEnz

(Видео) По Чупеска, оставка поднесе и Костадин Ацевски: „Потребно е оставка да поднесе и Филипче и целото раководство на СДСМ“

Од функцијата претседател на општинската организација на СДСМ на Ѓорче Петров, кој беше и кандидат за градоначални, Костадин Ацевски поднесе оставка. Во видео објавено на ФБ, Ацевски вели дека е исправо оставки да поднесат и лидерот на партијата Венко Филипче, но и целото раководство.Иако се вложив целосно, без калкулации, сепак резултатот е лош. Поднесувам неотповиклива оставка од претседател на општинската организација. Верувам дека е исправно и потребно оставка да поднесат и претседателот Филипче и целото раководство на СДСМ. Не само заради лошите резултати туку и заради начинот на дејствување на СДСМ во изминатиот период – порача Ацевски.Тој додава дека и понатаму останува член на СДСМ, без разлика што се повлече од функцијата.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања