„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анита Буховски

media-libraryfhv7j8at9d2ff2H863r

(Видео) Големи немири и инциденти во Белград, се шири снимката од апсењето на кошаркарот Владимир Штимац

Во Белград синоќа беше приведен поранешниот српски кошаркар и граѓански активист Владимир Штимац, јави N1 Srbija. На видеоснимките што се појавија на социјалните мрежи се гледа моментот кога полицијата го уапсила пред зградата на Радио-телевизија Србија (РТС).Според соопштението на српското Министерство за внатрешни работи, издадено околу два часот по полноќ, биле приведени вкупно 37 лица осомничени за нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување инциденти пред Парламентот во Белград. Од МВР соопштија дека потрагата по останатите учесници продолжува.Домашните медиуми објавија дека апсењето на Штимац било по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, поради наводно повикување на насилство во текот на денот пред Парламентот.Главниот град синоќа повторно беше сцена на немири. На снимките од социјалните мрежи може да се види хаотична атмосфера и полициско присуство пред законодавниот дом. До судири дошло меѓу групата наречена „ќаци“ и граѓаните кои протестираа против власта на Александар Вучиќ. Протестот беше организиран како поддршка за Дијана Хрка, мајката на едно од загинатите деца во несреќата во Нови Сад, која започна штрајк со глад.Пред овие настани, Штимац јавно реагираше на нападот врз млад човек кој дошол да ја поддржи Хрка. Според nova.rs, младиот човек бил нападнат од членови на кампот „Ќациленд“, кои му го одзеле знамето со натпис „Трчам за студентите“.Неколку часа подоцна, поранешниот репрезентативец на социјалните мрежи упати остар коментар кон претседателот Вучиќ, пишувајќи: „Дали, лигав, дали се извинуваш вака! Фолирант!“.Вучиќ во изјава за Информер ги нарече демонстрантите „кукавици“ и најави дека државните органи ќе реагираат на сите инциденти.„Кога видоа дека одговорот е подготвен, избегаа. Користеа шишиња, петарди и факели, обидувајќи се да запалат луѓе,“ изјави Вучиќ, додавајќи дека ситуацијата е последица на, како што рече, „дебаклот во Нови Сад“.Сепак, снимките објавени на интернет не ги потврдуваат тврдењата на претседателот дека демонстрантите нападнале студенти во Пионирски парк.

Свет | пред 3 месеци

media-librarycq6h6eorhu8ccSUJ7Os

Лимани по изборите во Кичево: Време е за обединување, не за триумфализам

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, по изборниот резултат во Кичево упати апел за смиреност и обединување, порача дека градот нема потреба од триумфализам и поделби, туку од дијалог, развој и помирување меѓу сите етнички заедници.Моментот е да разбереме дека триумфализмот води кон уште подлабоки поделби во меѓуетничките односи нешто што му е непотребно на градот, кој веќе е речиси без надеж, испразнет и разрушен.На градот, општината, населените места и населението им е потребно обединување, за да се третираат и излечат траумите предизвикани низ годините од злосторниците, кои денес им припаѓаат на горчливото минато.Ни треба развој, помирување, мир и движење во вистинската насока на евроинтеграциите.Им упатувам повик и на моите сонародници: не ја наведнувајте главата, затоа што никој не е вишок во оваа земја.Дојде време за нов сојуз, меѓу сите етнички заедници и народи.Гледајќи само напред, кон иднината на децата, на нашата општина ѝ се потребни соработка и обединување!Дијалог во рамки на општината, дијалог на републичко ниво; за да кажеме доста на јазикот на поделбите и да му отвориме пат на јазикот на развојот и европската интеграција!Акторот, резултатот и победата ќе му припаѓаа на друг доколку се извинувавте, го повлековте кандидатот од првиот круг и искрено го поддржувавте следбеникот...Кампањата заврши, воздржете се од навредливи зборови, бидејќи деновите на големото чудо ќе завршат, пишува Лимани на ФБ

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryfvs3ko4ojui4eDcDRAJ

„Пит бул” се здобил со тешки повреди од „американски стафорд“ во безмилосна борба со кучиња - Постапка против осомничени за „брутална забава“ во битолско

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Осомничените се 44-годишен посредник во организација на борби со кучиња и 43-годишник кој во дворот на семејна куќа во битолското село Црнеец подготвил заграден ринг каде се организирале борбите.Со постапката за истото кривично дело се опфатени и еден грчки и еден косовски државјанин кои во моментот се во бегство. Сите заедно, на 1 ноември во вечерните часови, заради користољубие, грубо злоупотребувале и изложиле на непотребни маки куче од расата „пит бул”, сопственост на осомничениот грчки државјанин, наведувајќи го да се бори со куче од расата „американски  стафорд“, сопственост на осомничениот косовски државјанин.Во борбата кучето од расата „пит бул” се здобило со повреди – угризи од другото животно. Борбата ја следеле други лица од Косово, Грција и од Македонија, кај кои полициските службеници пронашле парични средства во различни апоени на евра и денари, а двајцата сопственици на кучињата во рингот веднаш по пристигнувањето на полицијата избегале од местото на настанот. Тие се идентификувани и по нив се трага.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за македонските државјани инволвирани во организација на забранетите борби. Сепак, Судот донесе решение со кое им определи мерка куќен притвор. Битолското обвинителство ќе вложи жалба на одлуката.

Македонија | пред 3 месеци

media-library1atnt0iucfcgcBJzRkI

„СДСМ не е целосно згасната партија, но мора да помине сериозен филтер“, порача Костадин Костадинов

Поранешниот градоначланик на Струмица Костадин Костадинов, кој го „замрзна“ членството во неговата партија, во објава на ФБ посочува дека СДСМ не е „целосно згасната партија“, но дека СДСМ мора да помине низ „сериозен филтер, реформи и ребрендирање кои ќе му овозможат да остане втората најсилна партија во Македонија“.Да, СДСМ изгуби. Честитки за победата на ВМРО ДПМНЕ и секако за демократскиот капацитет на нацијата, секаде но особено во Кичево.Драги мои, не се согласувам со тезата дека СДСМ е целосно згасната партија. Напротив, СДСМ може и мора да помине низ сериозен филтер, реформи и ребрендирање кои ќе му овозможат да остане втората најсилна партија во Македонија.Нашиот фокус не треба и не може да биде исклучиво, брзо менување на власта. Нашиот фокус мора да биде зајакнување на улогата на СДСМ во рамките на опозицијата,СДСМ отворена за сите, СДСМ платформа во која ќе се најдат што поголем број на помали групи, па дури потоа да стреми кон нешто повеќе.Време е за длабински анализи, тешки промени, тешки одлуки,дебати и многу, многу работа.Честитам на сите кои учествуваа на овие избори. Честитам на победниците кои ќе бидат градоначалници, но и на сите кои се најдоа во советите на градовите.

Македонија | пред 3 месеци

media-library6k7rp66dkp1obvvF5rB

Ревизија и одговорност од Арсовска, најави Ѓорѓиевски

Победникот во вториот круг од локалните избори за Град Скопје, новоизбраниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, најави дека ќе има целосна ревизија и одговорност за работата на неговата претходничка Данела Арсовска, но и за сите функционери кои, како што рече, „се огрешиле пред законот“.„Апсолутно – и ревизија и одговорност, не само за Арсовска, туку за сите кои се огрешиле пред законот,“ изјави Ѓорѓиевски по завршувањето на изборите, нагласувајќи дека новата градска администрација ќе воведе „транспарентност и ред во институциите на Скопје“.Тој додаде дека граѓаните очекуваат отчетност и резултати, а не празни ветувања.

Скопје | пред 3 месеци

media-library733l7eiofjshe9b3UlD

(Фото) „Кичево испиша историја“ - Мицкоски ја славеше победата на Јовановски на градскиот плоштад

Лидерот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја прослави победата на својата партија во Кичево, каде што нивниот кандидат Александар Јовановски во вториот изборен круг го победи Фатмир Дехари од Националната алијанса за интеграција. Јовановски освои повеќе од 14.000 гласови, околу 2.000 повеќе од својот противкандидат, а излезноста на изборите во Кичево надмина 50 отсто.Мицкоски објави и дел од атмосферата преку фотографии на својот ФБ профил:Кога единството е посилно од поделбите, кога желбата за правда е посилна од криминалот и кога сите граѓани имаат силна волја за иднина, посилна од хаосот и безредието. Јасно е дека се работи за Кичево. Вечерва во градот кој испиша историја!Во обраќањето пред граѓаните, Мицкоски истакна дека оваа победа претставува пример за обединување и соживот, нагласувајќи дека „победила вербата во вредности“.„Триумфираше идејата дека Македонија е заеднички дом за сите – Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други. Победи надежта дека иднината се гради со почит и заедничка работа, а не со поделби. Оваа победа не е само локална, туку и симболична – таа покажува дека Македонија созрева, дека народот не се плаши да се обедини околу вредностите“, порача Мицкоски.Тој истовремено се осврна и на дел од граѓаните кои не излегле на гласање, нагласувајќи дека нивната одлука е дел од демократскиот процес.„Тоа е дел од демократијата. Но, сакам искрено да им порачам – и вашиот глас, и вашата тишина ги слушнавме“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarya5gdo3q0q3m387S59ga

(Фото) Крунисување на Курто Дудуш -„Другите општини добија градоначалници, само Шутка - император“

По уште една победа на Курто Дудуш на локалните избори, со што добива уште еден градоначалнички мандат во Шуто Оризари, бројни се реакциите на социјалните мрежи. На Фејбук објавена е и фотографија со коментар:„Другите општини добија градоначалници, само Шутка - император.“

Скопје | пред 3 месеци

WhatsApp-Image-2021-10-09-at-20.58.45

Герасимовски обезбеди уште еден мандат во Општина Центар, прогласи победа

Денеска победи прогресивното, слободното, модерното, чесното работење на фер демократски и слободни избори, изјави Горан Герасимовски кои вечерва прогласи победиа и уште еден градоначалнички мандат.Рече да се биде градоначалник е чест и признание.Да те изберат два пати за мене е најголема чест, а воедно и огромна обврска, победивме зошто работивме 4 години а не само 30 дена, комунициравме со граѓаните, обединувавме најважно од се имавме јасен пат, се водивме од принципи, а не од дневни политики, се водевме од чесност и правичност, постоиме заради граѓаните, рече Герасимовски. Се заблагодарувам на сите Вас, носители на победата, на нашиот Штаб, на сите членови и симпатизери на СДСМ, на сите волонтери, кои макотрпно и вредно, учествуваа во секоја минута од оваа кампања.Направивме голема, направивме огромна работа! Да се биде градоначалник е врвна чест и признание. Да те изберат двапати, за мене значи најголемо признание и чест. Уште повеќе, тоа за мене е највисока одговорност и обврска, која целосно ја прифаќам и која целосно ќе ја исполнам, заедно со нашиот тим.  Како победивме на овие тешки избори? Победивме, затоа што работевме четири години, а не 30 дена. Затоа што ветувавме тоа што е потребно и реално, а не измислени прииказни, филмови и лаги. Затоа што тоа што го ветивме го исполнивме.Затоа што знаевме да слушаме, да комуницираме, да слушаме од паметните, затоа што обединувавме, а не делевме, затоа што говоревме со јазикот на народот, и не навредувавме и не се каравме. Најважно од се, имавме јасен пат. Знаевме каде, зошто и за кого работиме и се движиме.Се водевме од принципи, а не од дневна политика. За нас слободата, еднаквоста, солидарноста, правичноста се највисоки вредности и принципи, како жива сила, а не зборови на хартија. Се водевме од чесност и праведност, и секогаш знаевме дека постоиме заради граѓаните, а никако обратно. Е ако така се работи, а ние така работевме, поддршката од граѓаните сигурно доаѓа. Тоа е потешкиот, но единствениот пат.Во оваа кампања се соочивме со нефер противници. Ако ние водевме фер и конструктивна кампања, тие правеа се спротивно.Ме навредуваа, ме клеветеа, лажно ме обвинуваа и си ги припишуваа резултатите себе си. И тоа луѓе, наши довчерашни соборци и соборки, кои од нивни, целосно промашени и лични, ефтини, мотиви, решија да бидат на страната на фотељашите, на кариеристите, на властољупците, на неработниците, на профитерите. И како што бива, изгубија. Исчезнаа, пропаднаа, останаа тивки вечерва. Граѓаните ги победија, им пратија трајна порака. Бидејќи Центар е паметен, мудар, искусен, ги препознава лажните ликови и нивните интереси, тие во Центар не поминуваат. Се покажа дека доброто со добро се враќа, работата со признание се враќа, а успехот од сето тоа е заеднички. Уште еднаш се покажа дека силата е во заедништвото, во вистината, во правдата...Ние ќе продолжиме понатаму како и досега, со силен мотив, со моќна работа да ги спроведуваме ветените Проекти. Затоа што тие им помагаат на граѓаните.Центар го подигаме на ново, повисоко ниво. Продолжуваме да ја пишуваме нашата заедничка нова приказна. Вечер ќе славиме, а од утре наутро, продолжуваме со силна работа.

Скопје | пред 3 месеци

kasami-4

ДУИ изгуби и во Тетово, ВРЕДИ прогласи победа на Билал Касами со предност од 5.000 гласа

Коалицијата ВРЕДИ вечерва ја прогласи победата на актуелниот градоначалник на Тетово, Билал Касами, кој по вториот круг од локалните избори го обезбеди вториот мандат.На прес-конференцијата беше соопштено дека според последните прелиминарни резултати Касами е во убедливо водство со 5.000 гласа пред противкандидатот Бајрам Реџепи.Податоците, ажурирани во 20:30 часот, покажуваат дека се обработени 116 од вкупно 117 избирачки места, односно 99,15% од гласовите.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryartn7f7j3a3d1yGcnDo

„Завршена е работата“ - Јовановски прогласи победа во Кичево

Водиме со голема предност и веќе почнуваме да славиме победа, ги повикувам сите на градскиот плоштад, да видат што е Кичево, изјави вечерва Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ кој од својот штаб прогласи победа.Тој се заблагодари на сите граѓани кои го дадоа гласот за него, нагласувајќи дека иако има уште мал број избирачки ливчиња кои треба да се допребројат, нема место за калкулации.„Работата е завршена“, рече тој.Негов противкандидат беше Фатмир Дехари од ДУИ.

Македонија | пред 3 месеци

media-library0h3e56972igs7cu4dfh

Мисајловски веќе го прогласи Орце за градоначалник на Скопје

Владо Мисајловски од ВМРО-Дпмне рече дека ВМРО-ДПМНЕ води насекаде и прогласи историска победа на овие локални избори.Во град Скопје веќе имаме градоначалник, Орце Ѓеорѓиевски е новиот градоначалник, но и во најголем број од останатите градови ВМРО-ДПМНЕ е во голема предност, ова е навистина голема победа на граѓаните. Резултатите кои само што ги погледнав покажуваат дека сме во огромна предност насекаде, рече Мисајловски од седиштето на ВМРО-ДПМНЕПред зградата на ВМРО-ДПМНЕ се собираат симпатизери, а се очекува да пристигне и Орце Ѓеоргиевски кој, како што беше речено од таму и официјално ќе ја прогласи победата.

Скопје | пред 3 месеци

media-library1j8t4ogb2sgfb5zwKaU

На Фејсбук објавено заокружено избирачко ливче

На Фејсбук е забележано прекршување на изборниот молк, односно е објавено заокружено гласачко ливче од Општина Тетово, што претставува отворена агитација.На профилот преку кој е објавено избирачкото ливче нема име и презиме.Со цел почитување на изборниот молк, Скопје1 ја замагли фотографијата за да не може да се види и за кого било гласано.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-21.00.48

Осумина домашни набљудувачи останаа без акредитации, ДИК им ги одзеде и ги соопшти нивните имиња

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ги објави имињата на осум домашни набљудувачи на кои им се одземаат акредитациите поради прекршување на Изборниот законик и Кодексот за набљудување.Според претседателот на Комисијата, Борис Кондарко, станува збор за лица кои во Општина Шуто Оризари биле затекнати во агитација во училиште, во непосредна близина на гласачките места. Меѓу нив се и кандидати во изборниот процес, меѓу кои Елвис Бајрам – кандидат за градоначалник во првиот круг, како и кандидатите за советници Сеат Исмаил, Решад Сокол и Алмир Сали.Во списокот се и Валентина Бајрам, сестра на Елвис, како и Шабан Бајрам, Габриел Бајрам и Ќамуран Реунаред.Кондарко истакна дека набљудувачите го пречекориле своето овластување и го прекршиле Кодексот со непристрасно однесување и агитирање. ДИК го известила Министерството за внатрешни работи за случајот, а Општинската изборна комисија во Шуто Оризари ќе биде задолжена да им забрани влез во објектите каде што се одвива гласањето.Покрај ова, ДИК денеска разгледуваше и два приговори поврзани со остварување на правото на глас. И во двата случаи – на Трајче Камчев од Центар и Ќемал Исмаилоски од Кичево – беше утврдено дека лицата се запишани во Избирачкиот список и можат да гласаат до 19 часот.Претседателот Кондарко додаде дека досега не е забележано ниту едно избирачко место каде на гласачите им било оневозможено правото на глас.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryhdj4dudj0foc8gBH9uS

(Видео) Двајца уапсени по масовниот напад со нож во возот во Британија - полицијата го исклучи тероризмот

Две лица се уапсени по масовен напад со нож во воз кој сообраќал кон Кембриџшир, во кој беа повредени десет патници, од кои деветмина имаат животозагрозувачки повреди. Британската полиција соопшти дека инцидентот не се третира како терористички.Нападот се случил во саботата вечер, околу 19:42 часот по локално време, додека возот патувал од Донкастер кон лондонската станица Кингс Крос. Полицијата реагирала за неколку минути, а осомничените биле приведени осум минути по првиот итен повик.Началникот на британската транспортна полиција, Џон Лавлес, изјави дека засега нема индикации дека се работи за терористички напад, додавајќи дека е рано да се шпекулира за мотивите. Истрагата ја поддржуваат и единици за борба против тероризмот.Меѓу уапсените се двајца британски државјани – 32-годишен маж и 35-годишен маж со карипско потекло, родени и двајцата во Обединетото Кралство.Британскиот министер за одбрана Џон Хили го опиша инцидентот како „изолиран напад“, нагласувајќи дека полицијата продолжува со интензивна истрага за расветлување на сите околности.

Свет | пред 3 месеци

klinikimajka-tereza

МВР со детали за смртта на Кире Ѓорѓиевски кој беше осуден на 13 години затвор за настаните на 27 Април

МВР денеска соопшти детали за смртта 47 годишниот Кире Ѓорѓиевски чија здравствена состојба во затворот во Штип му се влошила. Починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ без траги на насилство.На 01.11.2025 во 09:30 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип е пријавено дека на осуденикот К.Ѓ.(47) од Скопје на 31.10.2025 му се влошила здравствената состојба и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што на 01.11.2025 починал. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа, соопшти МВР

Магазин | пред 3 месеци

media-librarydmmcm9t54pk96OLzJPD

ДИК со податоци за излезноста до 15 часот

На прес конференцијата на Државната изборна комисија која заври пред малку беше соопштена излезноста од гласањето на граѓаните до 15 часот во вториот круг.Според ДИК, досега правото на глас го искористиле вкупно 208.571 попладнево, односно 30,26 отсто.За градоначалник на Скопје, процентот е нешто помал и изнесува 29,94 отсто, односно правото на глас го искористиле 104.182 гласачи.Најголема излезност има во Пробиштип со 49,04 отсто, а најмала во Сарај со 6 отсто и во Чаир со 8 отсто.Во Скопје најголема излезност има во општините Центар и  Карпош.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarybbnjia0dbp9r1AKuhri

Мајката на загинатиот Стефан: Ќе штрајкувам со глад до крај, ако треба да умрам, ќе умрам чесно

Мајката на трагично загинатиот Стефан Хрка, Дијана Хрка, која вчера започна штрајк со глад пред Собранието, спроти „Чациленд“ во Белград, изјави дека нема намера да се премисли.,,Кој го уби моето дете.Ако треба да умрам, ќе умрам чесно,“ порача Дијана.Бара од надлежните да го завршат случајот, сите да бидат процесуирани, сите да бидат сослушани.,,Не сум терорист, не сум криминалец, јас сум мајка која бара правда. Три дена ме прогонуваа, денес ме бркаа по автопат, но нема да се откажам. Сакам сите студенти кои се уапсени да бидат ослободени”, изјави мајката на Стефан кој загина пред една година при падот на настрешницата во Белград.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryb1t1ppvr1imp5uxSesL

Вака пресуди турскиот суд: доживотен затвор за 11 лица по пожарот во хотелот „Гранд Картал“ со 78 жртви

Единаесет лица добија казна доживотен затвор откако турскиот суд денеска донесе пресуда за трагедијата во хотелот „Гранд Картал“, во која во јануари загинаа 78 лица, меѓу нив и околу 30 деца. Меѓу осудените се сопственикот и менаџерот на хотелот, неколку членови на управниот одбор, како и заменик-градоначалникот на градот Болу и локалниот началник на противпожарната служба.Истрагата утврдила дека пожарот, кој избувнал во раните утрински часови во луксузниот ски-центар Карталкаја на северот од Турција, е последица на грубо прекршување на безбедносните прописи. Противпожарниот аларм не работел, а дел од опремата за гасење не ги исполнувала стандардите. Обвинителството утврди дека сопственикот на хотелот ги игнорирал претходните предупредувања и препораки од инспекциите, додека локални функционери издавале дозволи без соодветна контрола.„Имавме редовни инспекции, не сум виновен“, изјави пред судот сопственикот Халит Ергул, обидувајќи се да ја префрли вината врз добавувачот на гасната опрема. Сепак, судот оцени дека негрижата и свесното игнорирање на безбедносните обврски се директна причина за катастрофата во која беа повредени уште 137 лица.Пожарот започнал во хотелскиот ресторан нешто пред 3:30 часот наутро и за неколку минути го зафатил целиот објект. Преживеаните сведочеле дека немало никакво предупредување и дека гостите се буделе од чад и паника.Роднините на загинатите, кои една година го следеа судењето, ја поздравија пресудата како делумна правда. „Ова не беше несреќа, туку резултат на алчност и небрежност“, изјави мајка на една од жртвите, додека други побараа строга државна контрола врз хотелите и туристичките капацитети.Трагедијата во „Гранд Картал“ ја потресе Турција и ја откри длабоката слабост на системот за безбедност во туристичкиот сектор. Владата најави дека ќе воведе нови прописи и почести инспекции, особено во зимските центри и сместувачките објекти. Случајот останува потсетник дека профитот никогаш не смее да биде поважен од човечките животи.

Свет | пред 3 месеци

sef

Украден сеф со пари од филијала на фирма во Бит Пазар

Непознат сторител провалил во филијала на правно лице на подрачјето на Бит Пазар и со употреба на сила и алат одзел сеф со пари. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.На 30.10.2025 во 09:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 29/30.10.2025 во филијала на правно лице на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со употреба на физичка сила и алат одзело сеф со пари. Се преземат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Скопје | пред 3 месеци

media-library1pdo1kqdmme42k26EdY

Мециновиќ најавува тужби и кривични: Страшна злоупотреба е објавувањето на мојот ЕМБГ

Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, најави поднесување тужби и кривични пријави поради, како што вели, невиден инцидент во кој бил јавно објавен неговиот Единствен матичен број на граѓанин (ЕМБГ) за време на изборната трка. Тој оцени дека станува збор за сериозна злоупотреба и повреда на човековите права.„Во овие избори се случи преседан кој досега не се забележал. Во моментот кога целата јавност беше насочена кон изборната трка за Скопје, беше обелоденет мојот ЕМБГ – податок кој е длабоко класифициран. Тоа е страшна злоупотреба и кривично дело во отежнати околности“, изјави Мециновиќ.Тој додаде дека не станува збор само за личен случај, туку за поширок проблем што го засега секој граѓанин. „Можеби мене тоа не ми значи ништо, но на сите други треба да им значи. Утре истото може да им се случи и на вас. Каде беа институциите да реагираат и да го спречат ова?“, праша Мециновиќ, нагласувајќи дека се работи за прашање на заштита на основните човекови права.Кандидатот од Левица истакна и дека е задоволен од изборната кампања и поддршката што ја добил, иако, како што рече, бил мета на бројни шпекулации, напади и лични дискредитации. „Имаше измислици, напади по семејството, притисоци… но ова е маратон. Кога ќе победам, моите соборци во Собранието ќе продолжат уште посилно да се борат за интересите на граѓаните“, додаде тој.Мециновиќ порача дека ваквите случаи не смеат да останат неказнети и најави дека уште од понеделник ќе започне со конкретни правни постапки.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryq7fp4lqkaanl3DZpWbW

(Видео) „Ја замолувам колешката да не седи во скутот на министерот“ - Во БиХ прекината седницата за буџетот

Пратениците во Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ расправаат за буџетот, но седницата беше прекината откако реагираше пратеникот од Демократскиот фронт (ДФ), Златан Бегиќ.Имено додека тој ја критикуваше работата на владата, пратеничката од СНСД, Сања Вулиќ, му се приближи на министерот за финансии Срѓан Амиџиќ, го прегрна и предизвика жестоки реакции во салата со своите гестови.-Ова навистина никаква смисла, ја замолувам колешката да не седи во скутот на министерот за финасии додека ние разговараме за буџетот.

Свет | пред 3 месеци

apteka-kvoti-lekovi

Клексан на рецепт, ќе се зема во аптека, најави Клековски!

Два лека антикоагуланси, кои се употребуваат во третмани против згрутчување на крвта, од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека.Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.Тој по брифингот со новинарите изјави дека станува збор за двата антикоагуланси Еноксапарин и Надропарин, кои досега беа на болничката позитивната листа и за домашно лекување граѓаните мораа да користат рефундации.– Граѓаните веќе не мора да се малтретираат по шалтерите на Фондот за да ги рефундираат средствата за овие лекови, ќе има полесен пристап до лековите, а ние ќе имаме помал протисок за работа и ќе можеме да се концентираме на други прашања – рече Клековски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library8jppvk34n1m19ztxOaq

Филипче: Во општините каде немаме кандидат членовите да гласаат по сопствено убедување и вредностите

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека во општините каде што СДСМ нема кандидат за градоначалник во вториот круг, нема да има калкулации, членовите да гласаат според сопственото убедување и за вредности кои се  блиски до социјалдемократијата.„Ние нема да навлегуваме, ниту навлеговме, во калкулации или во некакви задкулисни договори. Секој граѓанин, секој член, секој симпатизер има целосно право да одлучи согласно сопственото убедување според тоа кој кандидат носи вредности блиски до социјалдемократската идеја и до социјалдемократските вредности за чесно владеење, за почит, за еднаквост и за развој“, рече Филипче.На прес-конференцијата Филипче посочи дека на втори ноември, во недела секој глас може да направи разлика и ги повика граѓаните да гласаат за локална власт која ќе биде секогаш отворена за нив и нивните потреби.„Гласајте и изберете локална власт која е вистински сервис за граѓаните, за кандидати што нема да ја затворат вратата. После изборите таа врата ќе биде отворена за секој, кога било кој граѓанин ќе има потреба и кога некој граѓанин ќе сака да биде слушнат. Тоа е глас за луѓе кои ги исполнуваат ветувањата и кои интензивно и силно и посветено ќе работат да живееме подобри општини и градови во иднина“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryfgb860p510ea3aRYzwH

„Во случај ако сте заборавиле во сето утринско брзање – гушнете си ги блиските денес“

Новинарката Мери Јордановска на својот профил објави емотивен статус кој за кратко време привлече големо внимание на социјалните мрежи. Иако текстот започнува со приказна за изгубеното маче Тајсон, всушност претставува длабока лична и општествена рефлексија за современото отуѓување, брзото темпо на живот и загубата на емпатијата.Јордановска раскажува дека речиси 24 часа не забележала дека нејзиното маче, „слепиот дебел господин Тајсон“, исчезнало од станот. Подоцна дознала дека комшија, чиј идентитет не го знае и покрај тоа што живеат во иста зграда 16 години, го пронашол исплашен и го спасил.„24 часа не сме забележале дека живо суштество, од крв и од месо, го нема во станот. Отсутно сме влегувале и излегувале, не приметувајќи дека дебелиот господин кој секогаш е прв на врата, го нема. Оти само физички сум била во својот дом, а со мислите некаде далеку“, напиша Јордановска, опишувајќи ја својата апатија и умор од секојдневните грижи и притисоци.Таа признава дека мислите ѝ биле „во расипаната кола, во крпењето до крајот на месецот, во иднината, во стравовите, во социјалните мрежи, во разочараноста од себе и во локалните избори што патем нема да ѝ сменат ништо во животот“.Во текстот, Јордановска ја користи приказната за Тајсон како метафора за духовното и емоционалното губење на луѓето во ерата на постојана брзина и материјална трка.„Ова не е статус за изгубено маче. Ова е порака, од Тајсон. За тоа колку станавме отуѓени, пред сѐ од себе, а потоа од блиските... И за тоа како џвака ова проклето капиталистичко секојдневие што понекогаш знае да парализира до степен на целосно отсуство од фокусот на сегашноста“, напиша таа.Статусот завршува со едноставна, но моќна порака:„Во случај ако сте заборавиле во сето утринско брзање – гушнете си ги блиските денес.“

Коментари | пред 3 месеци

novi-sad-nesreka3

Илјадници се собираат во Нови Сад – една година по трагедијата на железничката станица

Илјадници студенти од различни градови во Србија се упатуваат кон Нови Сад, каде што утре ќе се одржи комеморативен собир во чест на 16-те жртви загинати при падот на бетонската настрешница на железничката станица пред една година.Дводневниот марш, кој започна вчера од Белград, го предводат студенти и граѓани што веќе една година се во блокада и организираат протести со барање за одговорност од властите. Дел од учесниците пешачат десетици километри за да стигнат до Нови Сад, нагласувајќи дека нивниот марш не е само пат меѓу два града, туку пат меѓу неправдата и одговорноста – симболичен чин на совест, солидарност и достоинство.Утре ќе се одржи централниот комеморативен собир, на кој студентите и граѓаните ќе им оддадат почит на загинатите. Засега не е познато како точно ќе изгледа собирот, но медиумите јавуваат дека се очекува масовно присуство на луѓе од целата држава.И покрај една година протести, никој сè уште не е повикан на одговорност за трагедијата во која загинаа 16 лица. Јавното обвинителство за организиран криминал поднесе обвинение против 13 лица поради штета на буџетот од 115 милиони долари при реконструкцијата на пругата Нови Сад–Келебија, но без значителен напредок. Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, сè уште не е сослушан, поради, како што се наведува, здравствени причини.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања