„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анита Буховски

media-library8kga55jjm1pr4aANDEw

За скопската градоначалничка фотелја копјата ќе се кршат меѓу Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ

Скопјани в недела ќе бираат градоначалник во втор изборен круг. Во Град Скопје право на глас имаат 474 394 гласачи кои треба да бираат меѓу Орце Ѓорѓиевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Амар Мециновиќ од Левица.Според официјалните резултатите од ДИК во првиот круг Ѓорѓиевски освои 91 663 гласови, а Мециновиќ 30 665 гласови.Уште во 4 скопски општини ќе има втор изборен круг. Ќе се гласа во Карпош, Центар, Аеродром и во Шуто Оризари.Во Карпош, 56 856 избирачи ќе одлучуваат меѓу Стевчо Јакимовски од ГРОМ, подржан од Коалицијата „Искуство за успех“ и кандидатот поддржан од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, кој на 19 октомври освои 10 284 гласови, а Јакимовски 8 761. Во првиот круг имаше уште тројца кандидати кои на свое конто имаа околу 3 000 гласови.Во Аеродором изборот е меѓу Дејан Митески поддржан од ВМРО-ДПМНЕ кој во првиот круг од изборите имаше 16 357 гласови, и Александар Трајановски од СДСМ со 6 881 глас. Тука право на глас имаат 68 772 избирачи.Очите на партиите се вперени и во скопски Центар.Горан Герасимовски од СДСМ во првиот круг освои 8.535 гласови, а Мирослав Лабудовиќ ЗНАМ 5707 гласови. Тука има 44 109 гласачи.За Шуто Оризари битка ќе има меѓу Курто Дудуш од Унија на Ромите кој во првиот круг освои 3 223 гласови и Ерџан Демир поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 1 841 глас.Во Шуто Оризари, според Избирачки список, гласаат 23 893 избирачи.

Скопје | пред 3 месеци

grip-12

Годинава поголем број на болни од грип отколку лани во истиот период

Според извештајот на ИЈЗ од 20 до 26 октомври, во земјава се евидентирани  56 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грипот, што претставува намалување од 32,5 отсто во споредба со минатата недела. Сепак, како што е наведено во извештајот, бројот на заболени од грип годинава е поголем, за разлика од ланската година во истиот периодЗа споредба, во 43. недела од минатата сезона, регистрирани беа 42 заболени лица - зголемување од 33,3 проценти, додека во однос на моделот за последните 15 сезони, се регистрира намалување од 10,5 отсто, појаснија од ИЈЗ.Најмногу има во Гостивар - 20 и Куманово - 15, а потоа во Прилеп - 7, Тетово и Радовиш - по 5, Струмица и Македонски Брод - по 2.Во однос на возраста, од 15-64 години се регистрирани 48 лица, лица над 65 години - 5, од 5-14 години - 2 лица и од 0-4 години - едно лице. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=22,03/100.000), односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип - заболувања слични на грипот изнесува 244, според податоците на ИЈЗ. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи бил зголемен за 64,9 проценти, а во однос на моделот од последните 15 сезони се регистрирало зголемување од 21,9 отсто.Според ИЈЗ, вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот препорачува вакцинација на целото население, особено на лица од ризичните групи, а тоа се постарите лица над 65 години, деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести, бремени жени, здравствени работници.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryh28f3fh6sv3vdCf0K0c

Продолжуваат апсењата за грабежот во Лувр, скапоценостите сè уште не се пронајдени

Француската полиција уапси уште пет лица во рамки на истрагата за спектакуларниот грабеж што се случи на 19 октомври во музејот Лувр во Париз, потврди париската обвинителка Лаура Бекуо за RTL, според француските медиуми.Еден од уапсените бил главната цел на истражителите. Бекуо соопшти дека постои „ДНК што, според нашето мислење, го поврзува со извршената кражба“. Од другите четворица се очекува да обезбедат клучни информации за текот на грабежот. Апсењата биле извршени на различни локации во и околу Париз, вклучувајќи го и Сен Дени.Осум украдени парчиња накит од колекцијата на француската круна сè уште не се пронајдени. „Претрестите што се случија во текот на вечерта и ноќта не дозволија да се најде пленот“, изјави Бекуо, изразувајќи жалење поради тоа.Во меѓувреме, двајца осомничени уапсени на 25 октомври сè уште се во притвор. Едниот од нив е обвинет за „кражба во организирана група“ и „здружување за извршување кривично дело“, додека обвиненијата против другиот сè уште не се објавени.Според истрагата, четири маскирани крадци украле скапоцен накит од галеријата „Аполон“ во Лувр, каде што се сместени кралските скапоцености на Франција. Тие влегле во музејот рано наутро на 19 октомври, за време на работното време, искористувајќи слабост во безбедносниот систем на еден од најпознатите музеи во светот.Минатиот викенд, двајца мажи беа приведени под сомнение дека влегле во музејот преку прозорец на горниот кат. Едниот од нив, според обвинителството, „делумно признал“ вмешаност во грабежот.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryk2if3mtiecqs4dV0uaV

Средба Трамп-Ши: Царините за Кина намалени, Пекинг мора да извезува ретки метали, а да увезува соја од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Ши Џинпинг на денешната средба се договориле САД да ги намалта царините за Кина, но земјата ќе треба да продолжи со увоз на соја од САД и извезува ретки метали.Според Трамп средбата во јужнокорејскиот град Бусан, била многу успешна.„Мислам дека средбата беше неверојатна“, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион, откако замина од Бусан.Тој рече дека царините наметнати на кинескиот увоз за фентанилот ќе видат намалени од 20 на 10 отсто. Двајцата лидери разговарале и за пристап на Кина до чиповите на Енвидија, но американскиот претседател нагласил дека нема да дозволи извоз на најнапредниот чип Блеквел.„Ши ќе работи многу напорно за да го запре протокот на фентанил, смртоносен синтетички опиоид кој е водечка причина за смртни случаи од предозирање во Америка“, рече Трамп.Светските берзи од Волстрит до Токио достигнаа рекордни максимуми пред состанокот, со надеж за пробив во трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот, која ги преврте синџирите на снабдување и ја потресе довербата во глобалниот бизнис.Состанокот меѓу Трамп и Ши, кој се одржа на маргините на самитот на АПЕК), траел речиси два часа.Трамп постојано зборуваше за можноста за постигнување договор со Ши, откако американските преговарачи во неделата изјавија дека се договориле за рамка со Кина што ќе избегне 100 отсто американски царини за кинески стоки и ќе постигне одложување на ограничувањата на Кина за извоз на ретки метали, сектор во кој таа доминира.

Свет | пред 3 месеци

media-library8549n93v2pjefs3eepe

Само седум земји беа ЗА продолжување на санкциите кон Куба, меѓу нив и Македонија

Генералното собрание на ОН повторно ѝ даде силна поддршка на Куба, усвојувајќи резолуција со која се повикува на укинување на американското ембарго што е во сила повеќе од шест децении. За документот гласаа 165 земји, против беа седум, меѓу кои и Македонија, а 12 беа воздржани.Против гласаа:САД, Израел, Украина, Унгарија, Македонија, Аргентина, ПарагвајВоздржани беа:Албанија, Босна и Херцеговина, Коста Рика, Чешка, Еквадор, Естонија, Латвија, Литванија, Мароко, Полска, РоманијаРезолуцијата, со ознака A/80/L.6, ја нагласува потребата од „итно запирање на економската, трговската и финансиската изолација на Куба“, воведена од Вашингтон во 1962 година. Иако документот секоја година добива речиси едногласна поддршка, тој има симболично, но не и обврзувачко значење, бидејќи само Конгресот на САД може да ја укине блокадата што е утврдена со федерални закони (Cuban Democracy Act и Helms–Burton Act).Повеќето членки на ОН сметаат дека санкциите се анахронизам од Студената војна и дека го загрозуваат цивилното население, а не власта во Хавана. Куба оцени дека резултатот од гласањето претставува „јасна и гласна порака“ до Вашингтон дека светот бара крај на блокадата и поддршка за правото на Кубанците на економски и социјален развој.

Свет | пред 3 месеци

izbori-makedonija-Copy

Почна диструбицијата на гласачките ливчиња

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи во недела. Утрово ќе започне дистрибуцијата на 1.013 .357 избирачки ливчиња.Според резултатите од ДИК се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје.Во сабота, според законот гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор.На 2 ноември в недела прегласување за членови на Совет ќе има на три избирачки места во општината Шуто Оризари, каде што е можно прегласувањето теоретски да се влијае за избор на мандатите за советници.Во четирите општини за избор на градоначалник не беше постигнат цензус од минимум една третина излезеност на гласачите, а тоа се Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, изборната постапка се повторува со распишување нови избори од страна на претседателот на Собранието.

Македонија | пред 3 месеци

kasami-2

Касами: Дехари на Кичево и кичевци им донесе само дегенерирање, рушење и ништо добро, не можам да поддржам таков кандидат

Кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на Тетово, Билал Касами, во интервју за ТВ Алсат-М изјави дека нема намера да го поддржи кандидатот на ДУИ за Кичево, Фатмир Дехари, обвинувајќи го дека му нанел штета на градот и дека за време на неговото владеење немало ниту еден проект од корист за граѓаните.Тој потоа ја појасни позицијата на својата коалиција кон кандидатот на ДУИ:„Сите знаат за моралните вредности кои ги застапувам, а еден таков кандидат како Дехари е најслабиот кандидат на ДУИ. Тој, додека владееше во Кичево, не им донесе ниту едно добро на кичевци. Напротив, е придружуван од снимки и прислушувања што се појавија на социјалните мрежи и покажуваат дека тој на Кичево и кичевци им донесе само дегенерирање, рушење и ништо добро. Иако во принцип би поддржале кандидат Албанец, бидејќи сметаме дека би бил подобар за сите граѓани, во овој случај не можеме да застанеме зад кандидат кој му наштети на градот. ДУИ, уште кога го извади Дехари, го извади за да го изгуби Кичево,“ изјави Касами.На прашањето дали неговата изјава е продолжение на онаа дадена во Албанија, тој одговори дека не се работи за тоа, туку за принципиелен став кон сите граѓани:„Не. Јас велам дека, додека сум градоначалник на Тетово, за мене сите граѓани се исти. Јас го побарав гласот и на Албанците, и на Македонците, Турците, Ромите – и работев за сите нив. Тетово е космополитски град, а сè што е реализирано во него го уживаат сите граѓани. Од таа позиција сметам дека Албанец може да биде добар градоначалник, исто како и било кој друг граѓанин, за било кој град – па и за Кичево. Тоа е принципиелен став. Но, конкретно за случајот со господинот Дехари – знаејќи што направил, или поточно што не направил за Кичево, и имајќи ги предвид прислушувањата за неговото минато во однос на моралот – не можеме да го поддржиме само затоа што е Албанец. Ќе беше подобро ДУИ да избере друг кандидат. Сакам да ѝ објаснам на јавноста дека Движењето Беса имаше свој кандидат, и Кичево и кичевци имаа можност да застанат зад човек кој жртвуваше сè за Кичево и за Албанците. Но, во првиот круг тие избраа поинаков кандидат, и знаат како ќе гласаат во вториот. Јас не можам да поддржам кандидат кој му наштети на Кичево – поради тоа денес половина од Кичево е надвор од градот и од општината,“ изјави Касами.Со оваа изјава, лидерот на Беса ја заостри реториката кон ДУИ и дополнително ги дефинираше линиите на поделба меѓу албанските политички партии во пресрет на вториот изборен круг.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryehf3h2vbmp7o215OBUi

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи

Во урнатините по уривањето на зградата во градот Гебзе загинаа две лица, а спасувачките екипи се обидуваат да стигнат по уште тројца заробени станари кои се уште се живи.Додека државната агенција Анадолија соопшти дека причината за уривањето не е позната, градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз, изјави дека тоа би можело да биде поврзано со работите на блиското градилиште на метрото, пренесе Бета.Според турските медиуми, само петчленото семејство било во зградата во моментот на уривањето, додека брачната двојка што живеела на средниот кат не била дома во моментот на инцидентот.Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, вели дека спасувачката операција ја координираат гувернерот и градоначалникот на Гебзе, а учествуваат 147 спасувачи, вклучувајќи 80 од AFAD, како и членови на волонтерски организации и општината. Се користат две обучени кучиња-трагачи, осум уреди за откривање на заробени лица, два дрона и 52 возила.

Скопје | пред 3 месеци

Toploten-bran

СЗО предупредува: Смртноста од високите температури драстично се зголемува, климатската неакција веќе убива милиони луѓе годишно

Нов глобален извештај на Lancet Countdown on Health and Climate Change 2025, изработен во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), предупредува дека продолжената зависност од фосилни горива и неуспехот да се адаптираме на потоплиот свет веќе имаат разорни последици по здравјето на луѓето.Светската здравствена организација и нејзините партнери повикаа заштитата на човечкото здравје да стане централниот двигател на климатската акција. Новиот извештај на Lancet Countdown 2025 покажува дека 12 од 20 клучни индикатори за здравствени ризици достигнале рекордни нивоа, што укажува дека климатската неакција веќе чини човечки животи, ги оптоварува здравствените системи и ја поткопува глобалната економија.„Климатската криза е и здравствена криза. Секој дел од степенот на затоплување носи загубени животи и егзистенции“, изјави д-р Џереми Фарар, помошник-директор на СЗО за унапредување на здравјето и превенција на болести.„Овој извештај јасно покажува дека неакцијата убива луѓе сега, во сите земји. Но, климатската акција е и најголемата можност за здравствен напредок – почист воздух, поздрава исхрана и поотпорни здравствени системи можат да спасат милиони животи денес и да ги заштитат идните генерации.“Меѓу клучните наоди:Зголемен број жртви од топлотни бранови: смртноста поврзана со високи температури е зголемена за 23 отсто од 1990-тите, со просечно 546 000 смртни случаи годишно.Глад и несигурност: сушите и топлотните бранови во 2023 година оставиле дополнителни 124 милиони луѓе со умерена или тешка прехранбена несигурност.Економска загуба: изложеноста на топлина во 2024 година предизвикала губење на 640 милијарди работни часови, што е еквивалентно на 1,09 трилиони американски долари.Фосилните субвенции ја надминуваат климатската поддршка: владите потрошиле 956 милијарди долари на субвенции за фосилни горива – трипати повеќе од годишната сума ветена за поддршка на климатски ранливите земји.Извештајот нагласува дека брзото укинување на фосилните горива во корист на чиста енергија и ефикасна потрошувачка останува најмоќниот механизам за забавување на климатските промени и спасување животи.

Свет | пред 3 месеци

kosovo-sobranie

Дали се на повидок предверемни парламентарни избори во Косово?

Политички аналитичари предупредуваат дека по неуспешниот обид на косовскиот премиер, Албин Курти да формира влада, се зголемува шансата за предвремени парламентарни избори во Косово.Според European Western Balkans обидот за формирање нова Влада на 26 октомври, под водство на Курти, не успеал, што остава отворен пат кон можни предвремени избори во Косово.Иако можеби иако изборите се сè поблиску, нема гаранција дека тие ќе ја прекинат долгогодишната политичка блокада.Во интервју за „Дојче веле“, претседателката на Косово Вјоса Османи изјави дека ќе ги повика сите партии на консултации, но доколку не се постигне договор, ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.Аналитичарката Доника Емини, извршна директорка на платформата CiviKos од Приштина и членка на групата BiEPAG, за порталот European Western Balkans оцени дека повторувањето на изборите е малку веројатно да донесе значителна промена во однос на резултатите од февруари.„Загрижувачки е што изборите се организираат главно затоа што партиите не се задоволни од претходниот резултат и се надеваат на малку подобар исход. Политичката сцена не се промени суштински, па разликата ќе биде минимална“, истакнува Емини.Таа додава дека организирањето избори во вакви околности е „губење време и ресурси“ и „показател за политичка неодговорност во критичен момент за Косово“.

Свет | пред 3 месеци

Marija-Miteva-14.06.2022

ВМРО-ДПМНЕ со прашања до Јакимовски: Како семејството за една година купило парцели во елитната населба Жданец?

Членката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, на денешната прес-конференција побара јавни и транспарентни одговори од градоначалникот на Општина Карпош во заминување, Стевче Јакимовски, во врска со стекнување имот во елитниот дел на општината.Митева изјави дека прашањата кои ги упатуваат до Јакимовски не се само политички, туку и морални и институционални по својата природа, бидејќи, како што рече, се однесуваат на довербата што граѓаните му ја дале, а која, според неа, очигледно е злоупотребена.– Како е возможно, за период од една календарска година, градоначалникот Јакимовски да се најде во ситуација каде со неговото семејство стануваат сопственици на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош, во местото Жданец, токму таму каде што и тој лично живее? Јавноста има право да знае од каде и со кои финансиски средства се обезбедени ваквите имоти во најскапата урбана зона на Скопје – изјави Митева.Таа праша и како е можно парцели кои, според претходниот Детален урбанистички план, биле означени како зеленило, по нивната купопродажба од страна на семејството Јакимовски да станат градежно земјиште, со веќе уцртана урбанистичка маркица во планот.– Дали за овие парцели, кои од зеленило станале градежно земјиште, е поднесено барање за техничка градежна документација? Доколку да, кој го поднел тоа барање, кога и до каде е постапката? – праша Митева.Дополнително, таа праша дали е вистина дека во изминатата година, покрај домашните парцели, семејството Јакимовски се стекнало и со вила во едно од туристичките места во Грција.– Време е прашањата да добијат одговори. Време е да се утврди дали во Карпош владее јавен или приватен интерес и како се успева да се заработи толку за купување на сите овие недвижности што се напоменати претходно – изјави Митева.

Скопје | пред 3 месеци

media-library5ite69jturg27Ci5fFS

Парите ги дала на рака и никогаш не отишла на патувањето: Жена од Куманово измамена од туристички агент за 2.000 евра

Жена пријавила дека била измамена од вработен во туристичка агенција во Скопје, кој ѝ земал пари за патување што никогаш не било реализирано.-На 28.10.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од кумановско пријави дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, кон крајот на февруари 2025, таа отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што лицето кое работело, побарало парите да ги даде на рака веднаш, а сметката за извршена уплата да ѝ биде дадена во наредните денови.Како што е пријавено, неколку пати се обидела да го контактира телефонски, при што лицето ѝ кажало дека не може да ги обезбеди потребните документи за патување, а откако побарала парите да ѝ бидат вратени, лицето не одговорило на повиците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Скопје | пред 3 месеци

brza-pomos-nokje-3

Прегазил девојче на пешачки и избегал, девојчето со тешки повреди е пренесено на скопските клиники

Девојче на 11-годишна возраст е тешко повредено во сообраќајка на улицата „Перо Наков“ во Скопје, по што возачот избегал од местото.-На 28.10.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Перо Наков“ во Скопје, патничко возило удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 месеци

media-library4ii8npfr8982et6AkGV

(Видео) Растат заканите кон Турците во Црна Гора, граѓаните вандализираат возила и објекти

Растат заканите кон Турците во Црна Гора. Во насилните инциденти голем број граѓани повикуваа „Турци надвор“ додека маршираа низ претежно турската населба во Подгорица.Продавниците и објектите во сопственост на турски државјани беа цел на напади во и во Подгорица и во Бар во текот на изминатите два дена, а рано утрово околу 2 часот избувнал пожар во продавница за сувенири во Стариот град на Херцег Нови.Инцидентите следеа по тепачката за време на викендот во која еден Црногорец беше избоден со нож, а беа уапсени осомничени Турчин и Азербејџанец. Потоа беа приведени уште 45 лица за проверка на нивниот престој.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryehf3h2vbmp7o215OBUi

(Видео) Се урна шесткатница во близина на Истанбул, екипите се обидуваат да ги спасат луѓето кои останале заробени

Најмалку пет-шест лица се заробени под урнатини откако утринава се урнала висока зграда во градот Гебзе во покраината Коџаели во близина на Истанбул.Според наводите на турските медиуми, трагедијата се случила утрово околу 7:30 часот, но засега не се споменуваат причините.Посочуваат дека во тек е спасувачка акција за извлекување на луѓето, а бројни екипи се на терен.„Се верува дека шест лица се заробени под урнатините. Нашите пребарувања и спасувања интензивно продолжуваат“, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Свет | пред 3 месеци

media-library19pitv55ru2h9qrvkaL

(Видео) Јакимовски до Лукровски: „Што правиш, бе човек, рекламирањето на „Систина“ е предизборен поткуп“

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, преку објава на ФБ го обвини кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, дека со рекламирање на приватна болница „Систина“ врши предизборен поткуп и користи нечесен маркетинг во кампањата.Што правиш, бе човек?Втор ден по ред ја рекламираш Систина! Толку ли сте во паника?Не е фер према јавното здравство.Не е фер према останатите приватни клиники.А тоа што го правиш е чист предизборен поткуп.Кога нема идеи - се делат попусти.Кога нема визија - се нудат проценти.А кога се губи - се фаќа сламка за спас.Народот не се купува со попуст!Карпош заслужува чесна кампања, а не евтин маркетинг, вели Јакимовски во обраќањето до Лукровски.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryttqv910s75ljfr6UhfK

Пукање, тензии и полициска опсада на Ново Место по убиството на Алеш Шутар

Ново Место повторно е во центарот на вниманието, откако гневот и тензиите не стивнуваат по убиството на познатиот угостител Алеш Шутар, кој од група роми беше претепан до смрт.Словенечката полиција добила повеќе пријави синоќа околу 20:30 часот дека во делот на ромската населба Брезје – Жабјак се слушнале неколку поединечни и рафални истрели.На местото веднаш биле испратени полициски екипи, како и припадници на специјалната единица. Полициската управа од Ново Место соопшти дека според првичните информации нема повредени лица, но истрагата е во тек и засилените контроли продолжуваат.Директорот на полицијата во Ново Место, Игор Јурич, за емисијата „24 часа“ изјави дека паралелно било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир во ромската населба во Шмихел. Припадниците на специјалната единица излегле на терен и утврдиле дека нема сериозен инцидент, туку дека неколку канти за ѓубре биле поставени преку патот.Пред неколку дена полицијата уапси 20-годишен осомничен за убиството, припадник на ромската заедница, а според словенечките медиуми, потрагата по останатите учесници продолжува.По овој трагичен настан, премиерот на Словенија, Роберт Голоб, свика итен кризен состанок. По состанокот, министерката за правда Андреја Катич и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар поднесоа оставки, кои Голоб веднаш ги прифати.Советот за национална безбедност донесе одлука за засилено присуство на полицијата во Ново Место, испраќање дополнителни сили од други делови на земјата и активирање на специјални единици доколку ситуацијата ескалира.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryanijnftjg5gm8ot87pi

Масакр во Судан, паравојската убила над 2.000 цивили - повеќето жени и деца

Повеќе од 2.000 цивили се масакрирани во Судан, откако паравоените Сили за брза поддршка (RSF) ја презедоа контролата врз градот Ел-Фашер, главниот центар на регионот Дарфур. Според бројни извештаи од теренот, борците на RSF извршиле напади врз невооружени жители, при што се бележи етничко насилство насочено кон заедниците Фур, Загава и Берти – неарапски народи кои со години се мета на репресија во западниот дел на земјата.Снимки и сведоштва споделени на социјалните мрежи прикажуваат стотици тела и запалени возила, додека медиумската блокада и прекинатите комуникации ја отежнуваат потврдата на бројките. Според Хуманитарната лабораторија на Универзитетот Јејл, ситуацијата во Дарфур потсетува на првите денови од геноцидот во Руанда.Обединетите нации и меѓународните организации за помош предупредуваат на катастрофални хуманитарни последици: повеќе од еден милион луѓе побегнале од областа Ел-Фашер, а околу 260.000 цивили – половина од нив деца – се заглавени без храна и медицинска помош. Во соседниот град Тавила, илјадници бегалци се во критична состојба, а болниците примиле повеќе од 130 повредени лица.Претставници на локалните здруженија за раселени лица ја опишуваат ситуацијата како „последна фаза од геноцидот во Дарфур“, посочувајќи дека постојат случаи каде цели семејства биле избришани.Со падот на Ел-Фашер, паравоените сили на RSF сега ги контролираат сите пет главни градови во Дарфур. Армијата предводена од генерал Абдел Фатах ал-Бурхан се повлекла, оставајќи ја земјата фактички поделена и во состојба на длабока нестабилност.

Свет | пред 3 месеци

media-librarynf9pj8ufjbb8cBNTWAK

Притворениот директор на „Комунална хигиена“ поднесе оставка за време на распитот во Кривичниот суд

За време на распитот во Кривичниот суд, директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми поднел оставка од челната позиција.Ова го потврди неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ.– Она што сакам да го изнесам јавно на барање на директорот е дека тој на записник пред судијата на претходна постапка ја депонира својата оставка. Станува збор за неотповиклива оставка од в.д. директор на јавното претпријатие Комунална хигиена. Тоа е еден морален чин од страна на сега веќе осомничениот, веќе поранешен директор Рустеми кој што не сака јавноста да мисли дека ќе ја попречува истрагата на кој било начин. Тоа е чин кој што ќе овозможи непречено водење на истрагата со цел да докажеме дека директорот нема никаква поврзаност со делото, а во насока дека ниту може да влијае, ниту влијаел, ниту ќе попречи какво било водење на истрагата, вели адвокатот.Тој е длабоко убеден дека ќе докажат дека тоа што им се става на товар на двајцата обвинети нема никаква поврзаност.– Станува збор за едно ретко кривично дело, кое не толку често се појавува во нашиот кривично-правен систем. Станува збор за членот 230 од Кривичниот законик кој со измените од 2023 година добива еден поголем опсег – додава Алиспахиќ.

Скопје | пред 3 месеци

media-library8kga55jjm1pr4aANDEw

Левица: „Ако победи Амар, Орце вети дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го блокира Советот на Град Скопје“

Синоќешната дебата на Канал 5, Левица вели дека ќе остане запаметена по историскиот пресврт, првото директно соочување меѓу нивниот кандидат Амар Мециновиќ и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.Од Левица посочуваат дека дебатата за првпат по повеќе од две децении ја замени традиционалната политичка дихотомија меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а дека највпечатлив момент бил одговорот на Ѓорѓиевски, кој, како што тврдат, признал дека хаосот во Скопје е последица на блокадите што ги спроведувала неговата партија.„Јас сметам дека не е фер што медиумите кои се блиски до вашата партија ревносно ја туркаат приказната дека Скопје повторно ќе биде блокирано и нема да функционира, дека ќе се случи нова Данела ако победи Амар Мециновиќ. Дали вие пред граѓаните на Република Македонија и Скопје можете да кажете дека доколку демократскиот процес нѐ доведе до моја евентуална победа, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конструктивно за јавниот интерес на граѓаните и нема да го блокира градот?“, праша Мециновиќ.На ова прашање, како што пренесуваат од Левица, Ѓорѓиевски одговорил: „Кој и да победи ќе биде конструктивен и ВМРО да победи ќе биде конструктивно“, со што, според партијата, ја побил реториката на сопствената партија која, како што наведуваат, преку наратив дека доколку не биде избран нејзиниот кандидат, Скопје ќе остане нефункционално.Од Левица нагласуваат дека дебатата го отвори прашањето за новиот политички сооднос на силите во земјава, кој, според нив, е резултат на разочараноста на граѓаните од бипартискиот систем и на нивната желба за вистинска промена.„Сега имаме други околности, втор круг каде што за првпат нема да се ВМРО и СДСМ, туку имаме натпревар меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица, и сметам дека со самото тоа што ги живееме првите денови од оваа нова политичка реалност во Македонија, многу граѓани ќе се охрабрат и допрва ќе излезат во вториот круг“, изјави Мециновиќ, реплицирајќи на Ѓорѓиевски, кој, според партијата, оценил дека ниската излезност е причината што не победил во првиот круг.Во остатокот од дебатата, двајцата кандидати, како што наведуваат од Левица, разговараа за темите поврзани со градскиот превоз, решавањето на проблемот со ѓубрето, загадувањето во Скопје и дивоградбите.„Вие говорите за дивоградби, а се сликате со кралот на дивоградбите, Изет Меџити. Вашиот премиер вика дека вашата визија не е да рушите дивоградби, туку да градите“, изјавил Мециновиќ.Во врска со загадувањето, еден од најгорливите проблеми на Скопје, Мециновиќ изјави дека тоа е прашање на политичка волја и дека е време да се престане со префрлање на вината врз граѓаните.Од Левица оценуваат дека дуелот меѓу двајцата кандидати симболично го потврдил крајот на долгогодишниот политички монопол и најавил промена на климата во земјата. „За првпат наспроти ВМРО не стои старата опозиција, туку нов глас на генерацијата израсната надвор од двопартиското милје“, велат од партијата.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryend80ae969gl1MSbXS8

(Видео) „Мелиса“ ја опустоши Јамајка, па премина во Куба!

Ураганот „Мелиса“, најсилниот во историјата, буквално ја опустоши Јамајка и други делови на Карибите. Од петта категорија премина во трета кога помина и низ Куба. Сепак штетите што ги направи допрва ќе се проценуваат.Иако беше окарактеризиран како ураган од трета категодија, ветровите на Куба достигнаа 205 километри на час. Тоа беше еден од најсилните што го погодија островот од ураганот Ирма во 2017 година, посочуваат кубанските власти.Снимките пак од Јамајка се затрашувачки.

Свет | пред 3 месеци

uciliste

МВР: Дојавите за поставени бомби во скопските и кумановските училишта се лажни

По извршените проверки, сите пријави за поставени бомби во училиштата во Скопје и во Куманово биле лажни, соопшти Министерството за внатрешни работи.– Во СВР Скопје и СВР Куманово вчера околу 18 часот пријавено е дека на емаил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави – се наведува во соопштението од МВР.По дојавите за бомби исптатени на е-маил, вчера сите попладневни активности во тие училишта беа прекинати, а децата испратени дома.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryk8odp3o9scjg7wVQu9k

ДИК ги соопшти официјалните резултати од првиот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави конечните резултати од Локалните избори за вкупно 44 општини. Во недела ќе се спроведе втор круг во 33 општини.-Единаесет општини се приклучуваат на 33-те општини за кои во четвртокот објавивме конечни резултати за избор на градоначалници, каде што изборите се завршени во прв круг. Со денешнава објава на 11-те општини за избор на градоначалник во прв круг и претходните 33 од минатиот четврток каде што немаше приговори, вкупно се завршени 44 општини каде што е извршен избор на градоначалник во првиот изборен круг. Остануваат уште 33 општини кои ќе одат во втор круг, рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко.Во однос на изборот за членови на советите на општини и Советот на Град Скопје, Кондарко соопшти дека само во Општина Шуто Оризари ќе се повтори гласањето на 2 ноември за избор на членови на Советот.По спроведеното гласање на 19 октомври, а по истекот на законските рокови за поднесување тужба до Управен суд по приговори во постапка за гласање и во постапка за утврдување и сумирање на резултати од гласање, ДИК ги објавува конечните резултати за општините во кои не се поднесени тужби до Управен суд по приговори за избори на членови на Совет на општините и членови за Совет на Град Скопје.– Остана само една општина со три избирачки места во кои се поништени резултатите од Управниот суд – во Општина Шуто Оризари. По направената симулација, утврдено е дека можно е да има теориско влијание бројот на запишаните гласачи во овие три избирачки места на распределбата на мандатите во Советот. ДИК врз основа на наведеното, согласно одлуките на Управниот суд за поништување на гласањето, одлучи гласањето во овие три избирачки места во Општина Шуто Оризари за избор на членови на Совет да биде повторено на 2 ноември, рече Кондарко.

Македонија | пред 3 месеци

canmathshelp

Скопјанец направил инцидент во казино: нападнал човек, а потоа бил агресивен кон полицајците

Инцидент во казино во Скопје – нападнат човек и полицајциЛид:Маж од Скопје е уапсен откако нападнал лице во казино и се однесувал агресивно кон полицајци, а неговата сопруга го пријавила и за семејно насилство.Текст:На 27.10.2025 во 21:40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Т.Ј.(35) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:30 часот во и пред казино со уште едно лице физички го нападнале Д.М.(53) од Струмица, со престој во Скопје, а потоа агресивно се однесувал и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Исто така, и неговата 29-годишна сопруга пријавила дека физички ја нападнал во домот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 месеци

240646547_996452591177168_8429942148345254552_n

Го натерал девојчето да проси, па ѝ ги земал парите, приведен татко во Струга

Маж од Скопје е уапсен во Струга затоа што ја користел својата малолетна ќерка за просење и ги земал парите што ги собирала.Текст:Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(30) од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 22.10.2025 во Струга, полициски службеници во содејство со Центарот за социјални работи извршиле контрола на ул.„Маршал Тито“, при што го затекнале пријавениот како ја носи неговата малолетна ќерка да проси и потоа ги земал парите од детето. Тој веднаш е лишен од слобода и поднесена му е пријава.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања