„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анита Буховски

media-library4f4gkq3t8lrlaT1hzjI

Ја заклучил во просторија, кршел предмети и ја испрскал со хемикалија: Велешанец нападнал колешка во здравствена установа

Маж од Велес, вработен во здравствена институција, е приведен откако нападнал повозрасна колешка. -На 27.10.2025 во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.П.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 55-годишна велешанка дека на работното место во здравствена установа во Велес ја заклучил во една од просториите, кршел предмети, физички ја нападнал, ѝ се заканил со остар предмет и со средство за чистење ја испрскал во очите. Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението на МВР.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynf9pj8ufjbb8cBNTWAK

(Фото) Директорот на „Комунална хигиена“ Рустеми и раководителот Саити со лисици спроведени во Кривичниот суд, обвинителството бара притвор

Директорот на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, и раководителот Аки Саити денеска беа спроведени во Основниот кривичен суд поради сомнение за кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, казниво според член 230 од Кривичниот законик.Од Обвинителството претходно потврдија дека во тек е постапката за утврдување на степенот на одговорност и дека ќе се предлагаат мерки.Обвинителството веќе најави дека и за директорот Рустеми и за раководителот Аки Саити бараат мерка притвор.Според првичните информации, предметот се однесува на незаконито постапување со комунален отпад со што, како што се товари, е предизвикано загадување на околината и ризик по здравјето на граѓаните

Скопје | пред 3 месеци

media-librarymmabq3v150mj0Q0lZiu

Истрага против директорот Рустеми и раководителот Саити за загрозување на животната средина со отпадот во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради сомненија за сторено кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик. -Осомничените, од кои едниот в.д. директор, а другиот управител за отпад во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, заедно постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на својата основна дејност за редовно собирање и транспортирање безопасен отпад на подрачјето на Град Скопје, како и на обврските предвидени во Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад и на Оперативниот план за одржување на јавната чистота во Градот. Со пропуштање на целосниот надзор над собирањето и транспортирањето на комунален отпад, како и со непрописно управување со отпадот тие овозможиле во текот на месецов да се создадат мали депонии на јавни и сообраќајни површини, во близина на предвидените садови за собирање комунален отпад, со што предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот и водата и го довеле во опасност животот и здравјето на луѓето од предизвикување заразни или други болести, наведува ОЈО во соопштението.Ваквите сомненија, како што информираат, се утврдени и констатирани со вонредните инспекциски надзори од овластените локални инспектори за животна средина кои излегоа на терен по насоки на јавното обвинителство, како и со експертско мислење за влијанието на отпадот врз јавното здравје и можноста за ширење заразни заболувања од ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ.Поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Скопје | пред 3 месеци

media-library9tql4k1po3g60Lkorlq

Тромбот е „тивок убиец“, речиси и да нема симптоми

Пулмоналната емболија е појава на згрутчување на крвта во крвните садови што бара итна медицинска помош, а според фреквенцијата, се рангира на трето место меѓу кардиоваскуларните заболувања.Зошто тромбот се вели дека е тивок непријател, детално појаснува проф. д-р Ѓорѓе Радак, васкуларен хирург.„Тромбот е згрутчување што се јавува во крвен сад. Нашите крвни садови се исполнети со крв што треба да биде течна, но може да се згрутчи во некои состојби и повреди. Проблемот е што во некои ситуации тие се претерано изразени и формираат згрутчувања на крвта во крвните садови“, вели тој„Пулмоналната емболија е многу честа состојба, почесто отколку што можете да замислите. Голем дел од ненадејните смртни случаи се случуваат токму поради белодробна емболија, а дури потоа доаѓаат срцеви причини и руптурирани аневризми.“Симптомите обично не се чувствуваатТромбовите се многу опасни бидејќи ретко се манифестираат преку симптоми.„Ова е можно бидејќи тромбот може да биде артериски или венски и може целосно да го затвори луменот на артеријата или вената или само делумно. Ако делумно се затвори, нема начин да се почувствува, бидејќи циркулацијата останува нормална. Дури и ако целосно се затвори, ретко предизвикува директни симптоми“, објасни проф. д-р Радак, додавајќи:„Доколку се открие тромб што предизвикал емболија, треба да се отстрани, или ако нема, треба да се испита состојбата на системот за коагулација, што одредува кога ќе се појават тромби, а тоа е многу важно. Младите луѓе кои имаат необјаснета тромбоза треба да бидат подложени на дополнителна анализа на системот за коагулација. Треба да се испита и генетиката на коагулацијата, особено ако има случаи во семејната историја.“Доколку се утврди проблем, лекарот истакнува дека е потребно да се воведе терапија.

Магазин | пред 3 месеци

media-libraryvkfqvv44if9m96lrZVh

Кремљ издаде итно соопштение: Алармантно е, ги елиминираме

Информациите на Руската служба за разузнавање дека Франција има намера да испрати легија странци во Украина се алармантни, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.„Нашата армија постојано слуша странски јазици на своите радиостаници. Ова значи дека таму има странци. Ги елиминираме“, им рече Песков на новинарите, коментирајќи го соопштението на СВР, пишува Спутник.Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) претходно објави дека, според информациите што ги добила, Франција има намера воено да интервенира во Украина.Врз основа на упатствата на францускиот претседател Емануел Макрон, францускиот Генералштаб се подготвува да испрати контингент од 2.000 војници и офицери, односно членови на Легијата на странци, во Украина.

Свет | пред 3 месеци

media-library5hegc93e08mtb8uWKBU

Вештачката интелигенција признава: Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат

Повеќе од еден милион корисници на платформата „ChatGPT“ покажуваат знаци на самоубиствени намери секоја недела, објави компанијата „OpenAI“ во извештај за безбедноста на својот четбот.Според официјалниот блог пост, „OpenAI“ проценува дека пораките со „експлицитни индикатори за потенцијално самоубиствено планирање или намера“ сочинуваат значителен дел од вкупните интеракции на корисниците, пишува Гардијан.Тоа е едно од најдиректните признанија на компанијата за потенцијалното влијание на вештачката интелигенција врз менталното здравје.Компанијата, исто така, соопшти дека околу 0,07 проценти од неделните активни корисници - што е приближно 560.000 луѓе од околу 800 милиони корисници - покажуваат можни знаци на психотични епизоди или манично однесување.Во соопштението се наведува дека ваквите проценки се прелиминарни и тешко се квантифицираат прецизно.За да се подобри точноста и етичките стандарди во комуникацијата, OpenAI регрутираше 170 клиничари и експерти за ментално здравје од својата Глобална мрежа на лекари.Тие анализираа повеќе од 1.800 одговори на модели во ситуации кои вклучуваат сериозни кризи на менталното здравје и помогнаа во адаптирањето на содржината поврзана со емоционална поддршка.Експертите за ментално здравје претходно предупредија дека четботовите можат ненамерно да поттикнат опасни мисли со потврдување на заблудите или негативните чувства на корисникот - феномен познат како „лизгање“.Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, изјави дека компанијата „постигнала напредок во намалувањето на ризикот од сериозни проблеми со менталното здравје“ и најави олеснување на одредени ограничувања за работењето на ChatGPT.OpenAI ќе продолжи да развива механизми за побезбедна употреба на своите модели и да соработува со независни експерти и регулатори, така што, како што велат, „алатките за вештачка интелигенција ќе станат поддршка, а не закана, за корисниците во криза“.

Магазин | пред 3 месеци

media-librarydm330gh82fa22tey3aN

Директорот на „Комунална хигиена“ од вчера е во полициска станица, дали ќе се бара притвор зависи од пријавата од МВР

Директорот на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, Сабахадин Рустеми, кој вчера беше приведен заедно со уште едно лице од раководството на претпријатието, и денеска се наоѓа во полициска станица.Според информации од Основното јавно обвинителство – Скопје, двајцата се осомничени за кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ – дело предвидено во член 230 од Кривичниот законик, за кое е пропишана и казна затвор.„Во однос на ова, лицата се задржани и постапката е во тек. Штом имаме повеќе детали, сите ќе бидете известени“, изјавија за Скопје1 од Обвинителството.Приведувањата следуваат по неколкудневни активности на полицијата, која по наредба на Обвинителството обезбедуваше докази поврзани со управувањето со отпад и постапувањето на претпријатието во делот на заштита на животната средина.Од МВР се дознава дека се проверуваат постапки за складирање и транспорт на комунален и индустриски отпад, како и договори со приватни фирми кои се под сомнение дека не биле во согласност со законските процедури.Обвинителството најави дека по документирањето на случајот ќе се одлучи дали ќе се побара притвор за директорот и неговиот соработник.

Скопје | пред 3 месеци

media-library353dmsmr07c52ucOarB

ВЛЕН обвинува: Коалицијата на ДУИ влезе во „срамна зделка“ со Левица во Тетово

Политички скандал ја тресе изборната кампања во Тетово, откако во јавноста се појави фотографија на која се гледа Арди Исмаили, претставникот на коалицијата на ДУИ на средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска.Од коалицијата ВЛЕН во соопштение тврдат дека фотографијата е најјасен доказ дека тие се подготвени да ги жртвуваат националните вредности само за да дојдат повторно на власт.Во реакцијата се наведува дека Левица е партија која, според нив, „отворено ги навреди Албанците, се изјасни против независноста на Косово, се спротивстави на членството во НАТО, бараше затворање на џамиите и ограничување на правата на Албанците“.„И денес НАИ седи на маса со нив за валкан изборен договор. Ова не е политика, туку срамна зделка. Ова не е стратегија, туку морален колапс“, порачаа од ВЛЕН.Оттаму додаваат дека сега е јасно – за да ги зачуваат своите позиции, тие се подготвени на компромиси со сили кои, како што велат, се против Албанците.„Тетово, Дебар, Струга и секоја албанска општина треба да знаат: на 2 ноември, гласот за НАИ е глас за Левица, за антиалбанство и за политички срам. ВЛЕН, преку своите кандидати Билал Касами во Тетово, Фисник Мела во Дебар и целиот тим, претставува достоинство, развој и иднина“, се наведува во соопштението.Коалицијата ВЛЕН заклучува дека „Албанците не тргуваат со своето достоинство и не се продаваат на оние што ги навредиле“.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryc77kv9o20asg14OCsR4

Се вратило од училиште и затекнало празен стан: Дете од Тексас останало само, мајката го напуштила и заминала со нејзиниот партнер

Мајка и нејзиното момче од сојузната држава Тексас се уапсени под обвинение дека го напуштиле нејзиниот 12-годишен син, откако се иселиле од станот додека тој бил на училиште, без да го известат за своите намери. Двајцата наводно го испразниле домот и ги однеле речиси сите работи, па кога детето се вратило дома, затекнало празен стан, објави UNILAD.Случајот бил пријавен во полицијата во градот Копeрас Коув на 17 октомври од директорот на училиштето што го посетувал момчето. Кога полицајците разговарале со детето, тој им рекол дека не знаел ништо за плановите за преселба и дека по враќањето од училиште затекнал стан без мебел и предмети што наутро биле таму. Службениците ја потврдиле неговата приказна, опишувајќи го домот како „празен и целосно опустошен“.Соседите на парот, исто така, разговарале со властите и изјавиле дека тие и претходно знаеле да го избркаат момчето од дома. Детето потврдило дека му спомнале „дека во некој момент ќе се преселат“, но никогаш не му кажале кога тоа ќе се случи.Уапсениот Кевин Двејн Адамс негирал дека неговата девојка, Ерика Рене Сандерс, го напуштила синот. „Ние сега живееме заедно, а нејзиниот син не е добредојден во мојот дом“, изјавил тој. Од друга страна, мајката на момчето рекла дека нејзиниот брат, односно вујкото на детето, требало да го земе по завршувањето на часовите.Сепак, таа не можела да обезбеди никакви контакт-податоци или дополнителни информации за братот. Потоа Адамс дал спротивставена изјава, тврдејќи дека тој самиот требало да го земе 12-годишното дете и да го однесе кај вујкото. Бидејќи поминале неколку часа, а никој не се појавил, властите конечно успеале да стапат во контакт со девојката на вујкото, која потврдила дека тој воопшто не знаел дека треба да го преземе момчето.Детето било привремено згрижено од Службата за заштита на децата, која подоцна, од непознати причини, наложила повторно да му се довери на грижа на Адамс. Тој го презел детето истата вечер околу 21:30 часот, но кратко потоа парот бил уапсен.Мајката и нејзиното момче се обвинети за напуштање и загрозување на дете со намера да не се вратат. Според судските записи, момчето на крај било згрижено кај својот вујко.

Свет | пред 3 месеци

PAKISTAN-POLICIJA-690-x-355-1

Авганистан и Пакистан не постигнаа договор за примирје

Преговорите меѓу Авганистан и Пакистан во Истанбул, чија цел беше постигнување на долгорочно примирје, завршија без договор, изјавија денеска два извора запознаени со ситуацијата, што претставува удар за мирот во регионот по смртоносните судири овој месец.Целта на разговорите беше воспоставување траен мир меѓу двата јужноазиски соседа, откако неколку десетици лица беа убиени долж нивната граница во најжестокото насилство откако талибанците ја презедоа власта во Кабул во 2021 година.Двете страни на 19 октомври во Доха се согласија за прекин на огнот, но не успеаја да постигнат заеднички став за време на вториот круг преговори, со посредство на Турција и Катар во Истанбул, пренесуваат авганистански и пакистански извори. Секоја страна ја обвини другата за неуспехот.Извор од пакистанските безбедносни служби изјави дека талибанците не биле подготвени да се обврзат дека ќе ги ограничат пакистанските талибанци — посебна милитантна група непријателски настроена кон Пакистан, за која Исламабад тврди дека делува неказнето во рамки на Авганистан.Авганистански извор запознаен со разговорите изјави дека тие завршиле по „напрегнати разменети зборови“ околу тоа прашање, додавајќи дека авганистанската страна тврдела оти нема контрола врз пакистанските талибанци, кои последниве недели изведувале напади врз пакистанската војска.Најновите судири избувнаа по пакистанските воздушни напади на почетокот од месецов врз Кабул и други локации во Авганистан, при што цел беа водачи на пакистанските талибанци. Талибанците возвратија со напади врз пакистански воени позиции долж целата граница долга 2.600 километри.Триесетмина загинати во судирите за време на викендотПрекинот на преговорите, кој го привлече вниманието на американскиот претседател Доналд Трамп, може дополнително да го оптовари примирјето меѓу Авганистан под талибанска власт и нуклеарно вооружениот Пакистан. Пред три дена, пакистанскиот министер за одбрана изјави дека верува оти Авганистан сака мир, но дека неуспехот на разговорите во Истанбул би можел да значи „отворена војна“.И покрај примирјето меѓу Пакистан и талибанците, во судирите за време на викендот загинале пет пакистански војници и 25 пакистански талибанци во близина на границата со Авганистан, соопшти војската завчера.

Свет | пред 3 месеци

media-library139nh4j7vqa8edz3p0G

„Лукоил“ планира продажба на странските средства поради санкциите

Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ соопшти дека планира да ги продаде своите средства во странство, откако неколку земји воведоа рестриктивни мерки против компанијата и нејзините подружници.Во известувањето објавено на веб-страницата на компанијата се наведува дека веќе започнало разгледувањето на понудите од потенцијални купувачи. Продажбата, како што се додава, се спроведува согласно лиценца за ликвидација на бизнисот издадена од Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при Министерството за финансии на САД.„Лукоил“ најави дека, доколку биде потребно, ќе поднесе барање за продолжување на лиценцата со цел да се обезбеди непречено работење на неговите средства во странство.На 22 октомври, САД воведоа санкции за повеќе од 30 подружници на руските енергетски компании „Роснефт“ и „Лукоил“, давајќи им рок до 21 ноември за прекин на сите трансакции со руските производители на нафта.

Свет | пред 3 месеци

1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Ќе биде комплицирано за понатамошна помош: Унгарија со Чешка и Словачка сака да формира сојуз на скептици кон Украина

Унгарија настојува да ги обедини силите со Чешка и Словачка за да формира блок на земји скептични кон понатамошната помош за Украина во рамките на Европската унија. Таквиот потег би можел значително да ги искомплицира напорите на Брисел да обезбеди континуирана финансиска и воена поддршка за Киев, пишува „Политико“.Балаш Орбан, главниот политички советник на унгарскиот премиер, изјави дека се надева на здружување со Андреј Бабиш, чија десничарска популистичка партија победи на неодамнешните парламентарни избори во Чешка, како и со словачкиот премиер Роберт Фицо. Според неговите зборови, целта е координација на ставовите пред состаноците на лидерите на ЕУ, што подразбира и одржување средби пред самите самити.Иако сè уште не е постигнат силен политички сојуз, неговото формирање би можело значително да ги отежни напорите на ЕУ за обезбедување финансиска и воена поддршка за Украина, наведува „Политико“.Тројка наместо четворка од Вишеградската група„Мислам дека тоа ќе се случи – и ќе стане сè поочигледно“, изјави Балаш Орбан на прашањето за можноста од формирање блок скептичен кон Украина во рамките на Европскиот совет.Тој потсети на моделот на соработка на таканаречената Вишеградска група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) за време на миграциската криза.„Тоа многу добро функционираше во текот на миграциската криза. Така успеавме да се спротивставиме“, рече тој, алудирајќи на периодот по 2015 година, кога во Варшава беше на власт евроскептичната партија „Право и правда“.Како што наведува „Политико“, новиот сојуз би се состоел од три, а не од четири членки. Сегашниот полски премиер од центар-десницата, Доналд Туск, е цврсто проукраински ориентиран и малку е веројатно дека ќе се приклучи на каков било сојуз со унгарскиот премиер.Унгарскиот премиер, кој е на власт веќе 15 години, следната година ќе се соочи со борба за повторен избор. Според анкетите на јавното мислење што ги наведува публикацијата, партијата „Тиса“ на опозицискиот лидер Петер Мадар во моментов е популарна од владејачката „Фидес“.

Свет | пред 3 месеци

media-library3g7snnpg5fc23SjjbPp

Јамајка е пред голема опасност, ураганот „Мелиса“ ќе удри силно!

Моќна бура од петта категорија и една од најсилните регистрирани во историјата, се приближува кон островот Јамајка. Ураганот „Мелиса“, ќе донесе ветрови со брзина од 282 километри на час, како и катастрофални поплави.Според податоците на Американскиот национален центар за урагани (NHC), максималната брзина на ветерот и многу низок атмосферски притисок, Мелиса е најсилната бура во светот досега во 2025 година.Ураганот предизвика огромни штети уште вчера, но има и четворица загинати во Хаити и Доминканската република.Уште три лица загинаа и на Јамајка, вели министерот за здравство Кристофер Тафтон. Луѓето загинале додека сечеле стебла и поправале покриви, во обид подобро да се заштитат. Тафтон препорачал жителите да бидат внимателни при подготовките, како и да си обезбедат доволно количество питка вода и нерасиплива храна.

Свет | пред 3 месеци

lisici

Хорор во Кавадарци: Го убил сопствениот брат, па го влечел телото од домот во шупата за да го крие

По спроведената истрага, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело- Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.-Обвинетиот 43-годишник, на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат. На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од чувства на гнев и омраза, тој со тапиот метален дел од тесла го удрил брат му по главата, а кога оштетениот паднал, уште два пати го удрил со теслата, нанесувајќи му моментални смртоносни повреди.Потоа обвинетиот си заминал, а следниот ден се вратил во домот на оштетениот и телото го префрлил во бањата. Во следните неколку дена исто така се враќал за да го прикрие делото, ја бришел крвта од подот и од предметите, а телото го пренел во шупата, го затрупал во ров и врз него ставил шперплоча и други предмети, се вели во соопштението на обвинителството.Во периодот од 30 јули до 5 август кога било откриено телото, обвинетиот во повеќе наврати повлекувал пари со банкарската картичка на жртвата.Јавниот обвинител, со поднесеното обвинение, побара продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylebg1ujgj0va9zRLi3F

(Видео) Вардар не се гледа од пластични шишиња!

Водите на реката Вардар носат илјадници пластични шишиња. Видеото објавен на социјалните мрежи предизвика осуда за целосното деградирање на животната средина.

Скопје | пред 3 месеци

media-library1bkr1kqakga17mstby6

По силниот уште 100 последователни потреси во Турција

По синоќешниот земјотрес од 6,1 стеоен во Турција следеле повеќе од 100 потреси.По земјотресот со јачина од 6,1 степен кој го погоди регионот Баликешир најсилниот кој следел бил со јачина од 4,4 степени.Во земјотресот беа повредени најмалку 22 лица.Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја информира дека во Центрите за итни повици биле примени 504 пријави од кои повеќето биле за оштетувања на инфраструктурата.Според соопштението на Канцеларијата на гувернерот на Баликешир, училиштата денеска нема да работат, а исто така беше објавено дека бремените жени и лицата со попреченост кои работат во јавни институции и организации се ставени на административен одмор, објави Хаберлер.Училиштата беа затворени и во пет области на Маниса.Потресот се почувствувал и во Грција.

Свет | пред 3 месеци

media-librarymmabq3v150mj0Q0lZiu

Обвинителството со детали за апсењето на директорот на Комунална хигиена, познато е за кое дело го сомничат

Директорот на Јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“, Сабахадин Рустеми, е приведен утрово по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје.„По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази. Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.Загрозување на животната средина и природата со отпад:Член 230(1) Тој што со оставање, фрлање, собирање, со непрописно транспортирање на една или повеќе поврзани пратки, со преработка или отстранување на отпадот, со создавање на депонии спротивно на прописите за заштита на животната средина, пропуштање на вршење надзор над собирањето, со транспортот и преработката, со непрописно управување со отпадот, или на друг начин ќе предизвика или може да предизвика значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот или водата или опасност за животот или здравјето на луѓето или уништување на растителен или животински свет во поголеми размери, или на ретки видови на растенија или животни, ќе се казни со затвор од една до десет години.(2) Ако делото од ставот (1) на овој член е сторено со опасен отпад што содржи супстанции кои имаат својство на експлозивност, реактивност, запаливост, надразливост, токсичност, инфективност, канцерогеност, мутагеност, тератогеност, екотоксичност или својство на испуштање отровни гасови преку хемиска реакција и биолошко разложување, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку четири години.(3) Ако делото од ставот (1) на овој член е сторено од небрежност, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години, а во случајот од ставот (2) на овој член сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.(4) Тој што неовластено тргува со отпад, ќе се казни со затвор од една до пет години.(5) Ако делото е сторено од организирана група составена од три или повеќе лица сторителот ќе се казни за делото од ставовите (1) и (4) на овој член со затвор најмалку четири години, а делото за ставот (2) на овој член најмалку осум години.(6) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.Според првичните информации, станува збор за сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, а акцијата се спроведува под надзор на јавен обвинител. Од МВР и Обвинителството засега не ги откриваат деталите, но најавуваат дека јавноста ќе биде информирана откако ќе заврши обезбедувањето на доказите.Рустеми во изминатиот период беше во фокусот на јавноста поради состојбите во претпријатието и конфликтите со Управниот одбор, кој обвинуваше дека работата е блокирана и нефункционална, а претпријатието се соочува со намален капацитет за собирање отпад и хаос во координацијата со Градот Скопје.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarydm330gh82fa22tey3aN

Приведен е Рустеми, директорот на Комунална хигиена

Полицајци од СВР Скопје приведоа две лица вработени во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, поради сомнение дека го прекршиле Кривичнот законик, а по хаосот со сметот во Скопје. Еден од приведените е и Сабахaдин Рустеми, директор поставен од градоначалничката Данела Арсовска, дел од партијата ДУИ.„Полициски службеници по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје денеска лишија од слобода две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик“, велат од МВР.Рустеми дојде во „Комунална хигиена“ како петта смена направена од Данела Арсовска. Од неговите објави на социјалните мрежи можеше да се види дека е поддржувач на Блерим Беџети, кадровник на ДУИ.За време на неговиот мандат, Скопје има проблеми со сметот кој доцна се собира, не се собира, или делумно се собира.За ова, Обвинителството отвори случај, а МВР одзела и документација.

Скопје | пред 3 месеци

media-library61dm9nc1gjpfesy2dIq

Благодарение на донација, болницата „8-ми септември“ доби хипербарна комора

Премиерот Христијан Мицкоски изрази благодарност до Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ за донацијата на медицинска опрема на болницата „8 Септември“, оценувајќи ја како значаен придонес за македонското здравство и пример за општествена одговорност.„Да се заблагодарам на Фондацијата ‘Д-р Верица Механџиска’ за оваа донација којашто ја овозможи за болницата ‘8 Септември’. Многу значи, тоа е додадена вредност и единствена од ваков тип во Македонија“, изјави Мицкоски.Тој нагласи дека ваквите иницијативи се доказ дека дел од компаниите не се фокусираат само на своето тековно работење, туку и на придонес кон заедницата.„Директорот кажа која е намената на оваа опрема и навистина јас сум исклучително благодарен што имаме вака општествено одговорни компании коишто на овој начин покажуваат само дека покрај тековното работење на компаниите, тие треба да бидат и општествено одговорни, и со самото тоа да направат подобри услови за живот на граѓаните во Република Македонија. Немам што повеќе да додадам од тоа што го кажаа и министерот и директорот. Јас би сакал помалку пациенти коишто ќе имаат потреба од типот на изгореници, а повеќе пациенти од делот на спортот и слично коишто би ја користеле истата. Но, животот е таков, не знаеме што може да се случи, но сепак да се има една ваква опрема е само додадена вредност за здравствениот систем во Македонија“, истакна Мицкоски.Со оваа донација, болницата „8 Септември“ доби специјализирана опрема што ќе го подобри квалитетот на здравствените услуги, особено во третманот на пациенти со изгореници.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarypnu46f34590u5tTux25

Почина Коста Јаневски, сопственикот на радиото „Антена 5“

Радиото „Антена 5“ на својата официјална ФБ страница соопшти дека по кратко боледување денеска починал Коста Јаневски, основачот и еден од сопствениците на радиото.-Со огромна тага, ве известуваме дека по кратко боледување на 65-годишна возраст почина Коста Јаневски, филмски работник и еден од сопствениците и основачите на радио Антена 5. Учествуваше во основањето, техничкиот развој и креирањето на програмата, а ја извршуваше функцијата Технички директор во Антена 5 од 1994 година.Работеше на техничката и програмска реализација на сите домашни и меѓународни музички и културни настани пренесувани на програмата на Антена 5: Британските музички награди, Ем-Ти-Ви европските музички награди (MTV ЕМА), Зимската музичка конференција во Мајами, Викенд Медиа фестивалот, Егзит, Таксират, Интернационалниот фестивал на филмска камера “Браќа Манаки” и Д Фестивал во Дојран.Пред основањето на Антена 5, беше дел од програмата Радио Микс на Радио УНО и проектот Радио Топ Листа на Македонија.Дипломира на Електротехничкиот факултет. Својата кариера како филмски работник ја започнува во осумдесетите години, како монтажер на тон и тон снимател. Во 1985 година работеше како слободен филмски работник во Друштвото на филмски работници на Македонија, а од наредната година работи во продуцентската куќа “Вардар филм”. Во текот на својата кариера учествуваше во реализација на филмски проекти од домашна продукција и странски копродукции, голем број на играни, документарни, краткометражни и долгометражни филмови како “Македонска сага”, “Среќна Нова ‘49”, “Тетовирање” и многу други. Беше член на Друштвото на филмски работници на Македонија и член на Здружението на тонски сниматели на Македонија.Погребот ќе биде во вторник во 11:30 на Градските Гробишта Бутел во Скопје, соопшти радиото „Антена 5“.

Скопје | пред 3 месеци

benziska-guzva-goriva

Поскапуваат и бензините и дизелот

РКЕ донесе Одлука со која поскапуваат горивата во просек за 0,88 отсто во однос на одлуката од 20.10.2025 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари по литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 денар по литар.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,010 ден/кг и сега ќе изнесува 36,057 ден/кг.Новите цени од полноќ:Моторен бензин 73,50 (денари/литар)Моторен бензин 73,50 (денари/литар)Дизел гориво 75,50 (денари/литар)ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)ЕУРОСУПЕР БС – 98 68,00 (денари/литар)ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 36,057 (денари/килограм)

Македонија | пред 3 месеци

D0D1C6E2-B7E4-41EB-8715-8C735918ECFD_1_105_c

Четворица повредени во несреќа кај Липково, меѓу нив има и осумгодишно дете

Автомобил со швајцарски ознаки излетал од патот, при што четворица биле повредени, а меѓу повредените има и дете.На 26.10.2025 околу 11:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат с.Липково-с.Арачиново, во атар на с.Ропаљце, општина Липково, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Д.С.(29) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со полесни неговите сопатници Н.С.(37), Х.С.(35) и осумгодишно дете. Повредите се констатирани во Општата болница Куманово, соопшти МВР.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Разбојништво среде автопат, кичевец бил ограбен

Жител на Кичево пријавил дека на автопатот „Пријателство“ бил ограбен од група вооружени лица.-На 26.10.2025 во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarytti8s1tr1gup5bgZbym

Пукање и тепачка на Бит Пазар, повреден е скопјанец со остар предмет

По расправија околу сообраќајна незгода, едно лице е рането со остар предмет а напаѓачот испукал неколку куршуми.-На 26.10.2025 во 17:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија во врска со сообраќајна несреќа, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Б.(21) и друго машко лице кое употребило остар предмет и му нанело повреда. Потоа, лицето се вратило на местото и испукало неколку истрели од огнено оружје, но никој не бил повреден. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Скопје | пред 3 месеци

Ramiz-Merko-780x470-1

И Мерко вели дека не се пазарел со ВМРО-ДПМНЕ, веќе не се меша во изборите

Рамиз Мерко остро ги демантира шпекулациите дека се испазарил со ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на Менди Ќира во Струга, велејќи дека нема никакви тајни договори и дека „Мерко веќе не се меша во изборите“.„Лаги и шпекулации. Мерко си седи на страна и не се меша во никакви избори“, вели во изјава за „Слободен печат“, Рамиз Мерко, за кого во изминатите денови се појавија информации дека наводно се испазарил со ВМРО-ДПМНЕ за влез во Владата во замена за поддршка на независниот кандидат Менди Ќура во Струга зад кој застана Вреди, а поддршка за него даде и партијата на Христијан Мицкоски, која не номинираше свој кандидат во градот на поезијата.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања